HA70BE 31 X - фрижидер HOTPOINT - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот HA70BE 31 X HOTPOINT во PDF формат.
Преземете ги упатствата за вашиот фрижидер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник HA70BE 31 X - HOTPOINT и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. HA70BE 31 X на марката HOTPOINT.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК HA70BE 31 X HOTPOINT
5. Температура на замрзнувач/
на струја, Индикатор за Аларм за подолг прекин на струја (види во Упатствата за употреба) ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ
2. Зона за чување храна 0°C/
Безбедно одмрзнување*
3. Преграда за шишиња*
4. Комора за замрзнување и чување
6. Полици на извлекување*
- Варираат во зависност од бројот и/или позицијата, достапни само за одредени модели.
ВИ БЛАГОДАРИМЕ ШТО СЕ ОДЛУЧИВТЕ ЗА HOTPOINT-ARISTON ПРОИЗВОДЗа да добиете сеопфатна помош, регистрирајте го Вашиот производ на www . hotpoint . eu/ register Пред употреба на апаратот, внимателно прочитајте ги Упатствата за безбедност. ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА ПОЛИЦА ЗА ШИШИЊАПРВА УПОТРЕБА КАКО ДА ГО АКТИВИРАТЕ АПАРАТОТ По приклучување на апаратот во струја, тој почнува автоматски да работи. По стартување на апаратот, почекајте најмалку 4-6 часа пред да ставите храна во фрижидерот и во комората за замрзнување. Кога апаратот е поврзан во струја, екранот се вклучува и сите икони се појавуваат на екранот за околу 1 секунда. Се вклучуваат функциите на стандардните (фабрички) вредности на фрижидерот - комората за замрзнување. СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА
ИНДИКАТОР/КОПЧЕ ON/STANDBY За да го ставите производот во режим на мирување, притиснете и задржете го копчето 3 секунди. Сите икони ќе се исклучат, освен индикаторот On/Standby. За повторно да го активирате апаратот, еднаш (накратко) притиснете го копчето. ПОДЕСУВАЊЕ НА ТЕМПЕРАТУРАТА НА ФРИЖИДЕРОТ За да ја подесите Температурата на фрижидерот, притиснете
Fridge °C. Температурата на фрижидерот може да се подеси од +2°C до + 8°C, како што е прикажано на LED светлата на екранот за Температура на фрижидер. FAST COOL Со користење на функцијата Fast Cool може да се подобри ладењето во комората за ладење. Оваа функција се препорачува да се користи кога во комората за ладење се става голема количина на храна. Притиснете и задржете го 3 секунди копчето Fridge °C за да ја активирате функцијата Fast Cool. Кога е активирана функцијата Fast Cool, ќе се вклучат LED светлата на екранот за Температура на фрижидер, како што е прикажано. Функцијата автоматски се исклучува по 6 часа, или може рачно да се исклучи со притискање на копчето Fridge °C. ПОДЕСУВАЊЕ НА ТЕМПЕРАТУРАТА НА ЗАМРЗНУВАЧОТ Апаратот е фабрички подесен на препорачана температура од -18°C. За да ја подесите Температурата на замрзнувачот, притиснете го копчето Freezer °C. Температурата на замрзнувачот може да се подеси од -16°C до -24°C, како што е прикажано на LED светлата на екранот за Температура на замрзнувач. БРЗО ЗАМРЗНУВАЊЕ Оваа функција се препорачува да се користи кога во комората за замрзнување се става голема количина на храна. 24 часа пред замрзнување на свежа храна, притиснете и задржете го 3 секунди копчето Freezer за да ја активирате функцијата Fast Freeze. Кога е активирана функцијата Fast Freeze, ќе се вклучат LED светлата на екранот за Температура на замрзнувач, како што е прикажано. По 24 часа ставете ја храната во горната зона на комората за замрзнување. Функцијата автоматски се исклучува по 48 часа, или може рачно да се исклучи со притискање на копчето Freezer °C. СВЕТЛО НА ЛАДИЛНИКОТ Системот за осветлување во внатрешноста на комората за ладење користи ЛЕД светилки, овозможувајќи подобро осветлување како и ниска енергетска потрошувачка. Доколку ЛЕД системот за осветлување не работи, контактирајте го Сервисот за да го замени. РЕЖИМ ЗА ЗАБАВА Користете ја оваа функција за да разладите пијалаци во комората за замрзнување. Притиснете го копчето Party Mode за да ја активирате/деактивирате оваа функција. По 30 минути откако ќе го активирате режимот за забава, алармот ќе Ве потсети да ги извадите пијалаците/ шишињата од комората за замрзнување. За да го исклучите алармот, притиснете го копчето Stop alarm, или деактивирајте ја функцијата со притискање на копчето Party mode. Важно: не ги оставајте шишињата во комората за замрзнување подолго од времетраењето на функцијата (30 минути). АЛАРМ ЗА ПРЕКИН НА СТРУЈА Во случај на прекин на струја, Вашиот производ е дизајниран автоматски да ја следи температурата во замрзнувачот откако повторно ќе се воспостави дотокот на струја. Доколку температурата во замрзнувачот се качи над нивото на замрзнување, иконата за
струја се пали, и иконата за Аларм трепка и се вклучува звучниот сигнал откако повторно ќе се воспостави дотокот на струја. За да го ресетирате алармот, еднаш притиснете на копчето Reset. ПАМЕТЕН ЕКРАН Оваа опционална функција може да се користи за заштеда на енергија. За да го активирате Паметниот екран, истовремено притиснете на копчињата Fridge °C и Freezer °C и задржете ги 3 секунди додека не се емитува звучен сигнал. За да ја деактивирате функцијата, повторете ја истата постапка. Запомнете дека оваа функција не го исклучува апаратот од струја, туку само ја намалува енергијата што ја троши надворешниот екран. ИНДИКАТОР ЗА ТЕМПЕРАТУРА* Индикаторот за температура Ве известува дали температурата во оваа комора е доволно ладна за чување храна со зборот „ОК“.
1. Проверете дали на индикаторот јасно ќе се појави
зборот ОК (види слика подолу). За повеќе детали за функциите на апаратот разгледајте го Прирачникот за користење и заштита / за повеќе информации како да го добиете Прирачникот за користење и заштита разгледајте ја последната страницаМК
2. Доколку зборот „ОК“ не се појави, тоа значи дека
температурата е премногу висока: изберете пониска температура и почекајте околу 10 часа, додека температурата да се стабилизира.
3. Повторно проверете го индикаторот: доколку е
потребно, повторно подесете го следејќи го почетниот процес. Доколку има големи количини на храна или доколку вратата на фрижидерот често се отворала, нормално е индикаторот да не го покаже зборот ОК. Почекајте најмалку 10 часа пред да го подесите копчето за РАБОТА НА ФРИЖИДЕРОТ на пониска температура. ЗОНА ЗА ЧУВАЊЕ ХРАНА 0°C/БЕЗБЕДНО ОДМРЗНУВАЊЕ* Преграда наменета за задржување на свежината на деликатна храна, како месо и риба. Ниската температура во преградата овозможува чување на храната до една недела - тестови извршени на месни производи - без промена на нивните хранливи материи, изглед и вкус. Преградата е исто така многу погодна за здраво одмрзнување на храната, бидејќи одмрзнувањето при ниска температура спречува какво било ширење на микроорганизми, истовремено заштитувајќи го вкусот на храната и нејзините органолептички својства. Не е погодна за овошје, зеленчук и зелена салата. Но, може да се користи за полнети свежи тестенини, па дури и готвена храна или остатоци. КОРПА ЗА ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК* Фиоките за салата што се наоѓаат во внатрешноста на фрижидерот се специјално наменети за задржување на свежината на овошјето и зеленчукот. Отворете го регулаторот за влажност (позиција Б) доколку сакате да чувате храна, како овошје, во помалку влажна средина, или затворете го (позиција А) за да чувате храна, како зеленчук, во повлажна средина.
Поради специјалните инструкции, полиците се вадат, а висината се прилагодува, овозможувајќи лесно складирање на големи садови и храна. ТАБЕЛА ЗА АЛАРМ ТИП НА АЛАРМ СИГНАЛ ПРИЧИНА РЕШЕНИЕ
отворена врата Звучниот сигнал на алармот се активира и индикаторот за аларм
Вратата остана отворена подоллго од 2минути. Затворете ја вратата или притиснете го копчето Stop Alarm за да го исклучите звучниот сигнал.
Внатрешната температура не е
Притиснете го копчето Stop Alarm ; звучниот сигнал на алармот се исклучува, екранот за Температура (°C) трепка и индикаторот за Аларм останува вклучен сѐ додека не се достигне температура од < -10°C. Аларм за режим
Индикаторот за Режим за забава трепка и се активира звучен сигнал. поминаа 30 минути од активирањето на функцијата Режим за забава. Време е да го извадите шишето од замрзнувачот (за повеќе информации, разгледајте ги Упатствата за употреба). Притиснете го копчето Stop Alarm и извадете го шишето од замрзнувачот. Аларм за долг прекин на струја Иконата за Аларм за прекин на струја останува вклучена, индикаторот за Аларм трепка и екранот за Температура (°C)
Продолжениот прекин на струја, може да предизвика покачување на внатрешната температура до 0°C. Притиснете го копчето Stop Alarm ; звучниот сигнал на алармот се исклучува, екранот за Температура (°C) трепка и индикаторот за Аларм останува вклучен сѐ додека не се достигне температура од <-10°C. НЕКОИ ОД ФУНКЦИОНАЛНИТЕ ЗВУЦИ КОИ МОЖЕ ДА ГИ СЛУШНЕТЕ Звук на шуштење при вклучување на апаратот за првпат или по долга пауза. Звук на жуборкање во моментот кога течностите за ладење поминуваат низ
БРРР - звук при работата на компресорот. Звук на зуење кога вентилот за вода или вентилаторот ќе започнат да работат. Звук на крцкање кога компресорот започнува да работи. КЛИКОТ доаѓа од термостатот кој прилагодува колку често треба компресорот да работи.КАКО ДА ЧУВАТЕ ХРАНА
ЗОНА ЗА ЛАДЕЊЕ Наменето за чување пијалаци, млеко и храна како млечна храна, деликатесни производи, јогурт, јајца, путер, сосови, кисели краставички,
ФИОКА ЗА ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК ПОЛАДНА ЗОНА: ЗОНА ЗА ЧУВАЊЕ ХРАНА 0°C/ БЕЗБЕДНО ОДМРЗНУВАЊЕ* Наменето за чување месо, риба, сувомесни производи, полнети свежи тестенини, готвена храна, остатоци. Оваа зона е исто така наменета за одмрзнување
ФИОКА ЗА ЗОНА ЗА БРЗО ЗАМРЗНУВАЊЕ Зона за макс ладење наменета за замрзнување на свежа и готвена храна. ФИОКИ ЗА НОРМАЛНО ЗАМРЗНУВАЊЕ Наменети за чување замрзната храна и
Забелешка: Сивата нијанса на легендата не се поклопува со бојата на фиоките КОМОРА ЗА ЛАДЕЊЕ Користете садови од рециклирачка пластика, метал, алуминиум и стакло и проѕирна фолија за виткање на
Секогаш користете затворени садови за течности и храна која може да испушти или лесно да прими мирис и вкус од другите производи или покријте ги. Доколку имате мало количество на храна во фрижидерот, препорачуваме да ги користите полиците над фиоките за овошје и зеленчук бидејќи ова е најладната површина во комората. Храната што испушта голема количина на етилен гас и храната што е чувствителна на овој гас, како овошје, зеленчук и салата, секогаш треба да се одделуваат или завиткуваат за да не се намали животниот век на чување; на пример не чувајте домати заедно со киви или
За да избегнете паѓање на шишиња, користете го држачот за шишиња (достапен кај одредени модели). Не ги чувајте производите многу блиску еден до друг за да овозможите доволен проток на воздух. КОМОРА ЗА ЗАМРЗНУВАЊЕ Замрзнувачот е идеален за чување на замрзната храна, за правење на коцки мраз и замрзнување на свежа храна во комората. Максималниот број на килограми на свежа храна која може да биде замрзната во рок од 24 часа е наведен на типската плоча (...kg/24h). Доколку имате мала количина на храна за замрзнување, тогаш ви препорачуваме да ја користите средната зона на замрзнувачот која воедно претставува и најладна зона.
Политики, стандардна документација и дополнителни информации за производот може да се најдете со:
- Посета на нашата веб-страница docs . hotpoint . eu
- Користење на QR кодот
- Како алтернатива, контактирајте го нашиот Постпродажен сервисен центар (Видете го бројот во гарантната книшка). При контактирање на нашиот Постпродажен сервисен центар, наведете го кодот од плочката со спецификации на Вашиот производ. Информациите за моделот може да ги добиете со помош на QR-кодот наведен на етикетата за енергетска ефикасност. На етикетата е исто така наведен и идентификаторот на моделот што може да се користи за консултација со базата на податоци на порталот https://eprel.ec.europa.eu.
Notice-Facile