КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК 600 series AC0651 PHILIPS
Внимателно прочитајте го ова упатство за користење пред да го користите апаратот и зачувајте го за идни потреби.
За да обезбедите најдобри перформанси, проверете дали вашиот
пречистувач е надграден со најновата верзија. Оваа надградба можете да ја
извршите преку апликацијата Air+.
Опасност
- Немојте да го чистите апаратот со вода, некоја друга течност или (запалив) детергент и внимавајте да не навлезат во апаратот за да се избегне опасност од струен удар и/или пожар.
- Немојте да прскате со запаливи материјали како што се инсектициди или парфеми околу апаратот.
Предупредување
- Пред да го приключите апаратот проверете дали напонот наведен на апаратот одговара на напонот на локалната електрична мрежа.
- Во случај на оштетување, кабелот за напојување треба да го замени компанијата Philips, односно сервисен центар овластен од Philips или лица со соодветни квалификации за да се избегне опасност.
- Немојте да го користите апаратот ако е оштетен адаптерот, кабелот за напојување или самиот апарат.
- Користете го само одобрениот адаптер (KA1201A-2400500EU) што се испорачува со апаратот.
- Овој апарат може да го користат деца постари од 8 години и лица со ограничени физички, сензорни или ментални способности или лица со недостаток на искусство и знаење, под услов да се под надзор или да добиле упатства за безбедно користење на апаратот и да ги разбираат можните опасности.
- Децата не смеат да си играат со апаратот.
- Децата не смеат да го чистат и одржуваат апаратот без надзор.
- Немојте да го блокирате отворот за влез или излез на воздух, на пр. со поставување предмети на отворот за излез на воздух или пред отворот за влез на воздух.
- Внимавајте да не паднат надворешни предмети во апаратот преку излезот за воздух.
- Стандарден интерфејс за Wi-Fi врз основа на 802.11b/g/n со 2,4 GHz и максимальна излезна моќност од 100 mW EIRP.
- Bluetooth верзија 5.0 (LE) со фреквенција од 2,4 GHz и излезна RF-
мо́кност помала од 10 mW EIRP.
Внимание
- Овој апарат не го заменува соодветното проветрување, редовното чистење со правосмукалка или користењето на кујнски аспиратор или вентилатор при готвењето.
-
Секогаш поставувајте и користете го апаратот на сува, стабилна, рамна и хоризонтална површина.
-
Оставете најмалку 20 см слободен простор околу апаратот и најмалку 30 см слободен простор над апаратот.
- Немојте да седите или да стоите врз апаратот. Не ставајте ништо врз апаратот.
- Не поставувајте го апаратот директно под климатизер за да спречите капење вода врз апаратот поради кондензацијата.
- Користете само оригинални филтри од Philips што се специјално наменети за овој апарат. Немојте да користите други филтри.
- Согорувањето на филтерот може да предизвика непоправлива опасност за лугето и/или да загрози други животи. Не користете го филтерот како гориво или за слична намена.
- Избегнувајте да го удирате апаратот (особено влезот и излезот за воздух) со тврди предмети.
- Немојте да ставате прсти или предмети во излезот или влезот за воздух за да спречите повреди или дефект на апаратот.
- Немојте да го користите апаратот ако сте користеле димни средства против инскети за внатрешна употреба или на места каде што има остатоци од масло, запален темјан или испарување на хемикалии.
- Немојте да го користите апаратот во близина на плински апарати, уреди за греење или камини.
- Прво исключете го пречистувают на воздух, а потоа извлечете го адаптерот од сидниот штекер кога сакате да го преместите и исчистите апаратот и кога сакате да ги замените филтрите или да извршите друг вид на одржување.
- Апаратот е наменет ислучиво за употреба во домакинства во нормални услови на работа.
- Немојте да го користите апаратот во влажни опкружувања или во опкружувања со висока амбиентална температура како, на пример, во бања, тоалет или кујна или во просторија со големи температурни промени.
- Уредот не отстранува јаглероден моносид (CO) или радон (Rn). Toј не може да се користи како безбедносен уред во случај на нескреки со процеси на согорување и опасни хемикалии.
Поедноставена декларација за усогласеност на ЕУ
Во овој документ, компанијата DAP B.V. изјавува дека радиоопремата од типот AC0651 е усогласена со Директивата 2014/53/EU. Целосниот текст на декларацијата за усогласеност на ЕУ е достапен на следната интернет-адреса: www.philips.com.
Вашиот пречистувач на воздух
Ви честитаме за купувањето и добре дојдовте во Philips!
За да ја искористите целосната поддршка што ја нуди Philips, регистрирајте го вашиот производ на www.philips.com/support.
Преглед на производот

A Отвор за излез на воздух E Адаптер (KA1201A-2400500EU)
В Сензор за квалитет на воздух F Приклучница
C NanoProtect HEPA и претфилтер (FY0611) G Копче за вклучување/исклучување
D Основа Н Контролна табла
I Предупредување за замена на филтерот К Прстен за квалитет на воздух
Подготовка за користење
Поставување на филтерот
Отстранете ја целата амбалажа од филтерот пред употреба.
Забелешка: Проверете дали пречистувачот на воздух е ислучен од штекер пред да го поставите филтерот.
1 Завртете ја основата во спротивна насока од стрелките на часовникот за да ја отстраните од апаратот. Извадете го филтерот од апаратот.

2 Отстранете ја целата амбалажа од филтерот за пречистување на воздух.


3 Вратете го филтерот во апаратот. Повторно поставете ја основата и завртете ја во насока на стрелките на часовникот за да ја прицврстите.
Објаснување за индикаторот за Wi-Fi
Икона за статус на Wi-Fi Статус на Wi-Fi-врската
Трепка со портокалова боја Се поврзува со паметниот телефон
Свети со портокалова боја Поврзан е со паметниот телефон
Трепка со бела боја Се поврзува со серверот
Постојано свети со бела боја Поврзан е со серверот
Исклучено Функцијата за Wi-Fi е оневозможена
Wi-Fi-врска

Прво поставување на Wi-Fi-врската
1 Преземете и инсталирајте ја апликацијата „Air+“ на Philips од App Store или Google Play.
2 Вметнете го приключокот на пречистувачот на воздух во прилучницата и притиснете го копчето за напојување за да го включите пречистувачот на воздух.
- Индикаторот за Wi-Fi 📤 трепка со портокалова боја првиот пат.
3 Проверете дали паметниот телефон или таблетот е успешно поврзан со вашата Wi-Fi-мрежа.
Забелешка: Овозможете ја функцијата Bluetooth на вашиот паметен телефон за да овозможите непречено впарување.
4 Стартувајте ја апликацијата „Air+“ на Philips и кликнете на „Add a device“ (Додај уред) или притиснете го копчето „+“ на екранот. Следете ги упатствата на екранот за да го поврзете пречистувачот на воздух со вашата мрежа.
Забелешка:
Ова упатство важи само кога пречистувачот на воздухот се поставува за прв пат. Ако мрежата е променета или поставувањето треба да се изврши повторно (видете 'Ресетирајте ja Wi-Fi-врската'), погледнете го поглавјето „Ресетирајте ja Wi-Fi-врската".
Ако сакате да поврзете повеќе од еден пречистувач на воздух со вашиот паметен телефон или таблет, ќе мора да ги поврзете еден по еден.
Растојанието помеѓу паметниот телефон или таблетот и пречистувачот на воздух треба да е помало од 10 m и не треба да има никакви пречки.
Ресетирајте ја Wi-Fi-врската
1 Вметнете го приключокот на пречистувачот на воздух во приключницата и притиснете на ☑а да го включите пречистувачот на воздух.
2 Притиснете на во траење од 3 секунди сё додека не слушнете звучен сигнал.
- Пречистувачот на воздух преминува во режим на впарување.
- Индикаторот за Wi-Fi 📤 трепка портокалово.
3 Следете ги чекорите 3-4 во делот „Прво поставување на Wi-Fi-врската“.
Приклучување на напојувањето
Предупредување: Ризик од струен удар! При ислучување на кабелот за напојување со наизменична струја, секогаш влечете го приключокот од приклучницата. Никогаш немојте да го влечете кабелот.

Поврзете го адаптерот за напојување со:
- Прво, приключницата на апаратот.
- Потоа, сидниот штекер.
Користење на пречистувачот на воздух
Вклучување и исклучување
Забелешка: За оптимални перформанси на пречистување, затворете ги вратите и прозорците.
1 Притиснете го копчето за напојување на задната страна од пречистувачот на воздух за да го включите.
- Пречистувачот на воздух работи во автоматскиот режим според зададените поставки.
2 Повторно притиснете го копчето за напојување за да го исключите пречистувачот на воздух.
Можете да изберете Автоматски режим, Турбо режим, Среден режим или Режим на мирување со притиснување на копчето за промена на режим 😊

Светлината на прстенот за квалитет на воздух го означува тековниот режим на работа:
- Автоматски режим:
😊 включено копче, автоматско ниво на осветленост и светлото на белиот прстен е включено
- Турбо режим:
😊 isключено копче, највисоко ниво на осветленост
- Среден режим:
😊 исключено копче, средно ниво на осветленост
- Режим на мирување:
😊 isключено копче, најниско ниво на осветленост
Во Автоматскиот режим, апаратот автоматски ја приспособува брзината на вентилаторот во зависност од квалитетот на амбиенталниот воздух.

Во Турбо режимот, пречистувачот на воздух работи со најголема брзина.

Во Средниот режим, пречистувачот на воздух работи со средна брзина.

Во Режимот на мирување, апаратот работи тивко со мала брзина.
Фабричко ресетирање
Ресетирајте го пречистувачот на воздух за да се врати на зададениот статус.
Ресетирајте ја Wi-Fi-врската кога ће ја промените вашата зададена мрежа или сметка на Philips.
- Притиснете ги копчињата й истовремено во траење од 10 секунди сё додека не слушнете звучен сигнал.
Чистење
Забелешка: Никогаш немојте да ги чистите деловите на апаратот со абразивни, агресивни или запаливи средства за чистење како што се белило или алкохол.
Распоред на чистење
| ЧестотаКога е неопходно | Метод на чистењеИзбришете ја површината на апаратот со мека и сува крпа |
| Исчистете го капакот на отворот за излез на воздух |
Секои четири недели Исчистете ја површината на филтерот
Чистење на куќиштето на пречистувачот на воздух
Редовно чистете ги внатрешниот и надворешниот дел на пречистувачот на воздух за да не се насобере прав.
1 Користете мека и сува крпа за да ги исчистите внатрешната и надворешната површина на пречистувачот на воздух.
2 Со сува и мека крпа може да се чисти и отворот за излез на воздух.
Чистење на сензорот за честички
Чистете го сензорот за честички секои 2 месеци за оптимално работење на апаратот.
Забелешка:
Ако пречистувачот на воздух се користи во правливо опкружување, можеби ке треба почесто да се чисти.
Ако нивото на влажност во просторијата е многу високо, на сензорот за честички може да се појави кондензација и светлото за квалитет на воздух може да покаже послаб квалитет на воздухот иако квалитетот на воздухот е всушност добар. Ако се случи тоа, исчистете го сензорот за честички.
1 Исключете го пречистувачот на воздух и извадете го приклучокот од приклучницата.

2 Отворете го капакот на сензорот за квалитет на воздух.

3 Исчистете го сензорот за честички со влажно стапче со памучен врв.
4 Темелно исушете ги сите делови со суво стапче со памучен врв.
5 Затворете го сензорот за квалитет на воздух.

Чистење на површината на филтерот

Избришете ја површината на филтерот со мека и влажна крпа или исчистете ја површината на филтерот со правосмукалка.
Забелешка: Ако користите индустриска правосмукалка/правосмукалка со голема моїност, филтерот може да се оштети.
Замена на филтерот
Објаснување за функцијата за блокирање на апаратот поради заштита од нечист воздух
Овој апарат има функција за блокирање поради заштита од нечист воздух за да се обезбеди оптимална состојба на филтерот NanoProtect кога работи
апаратот. Кога рокот на траење на филтерот е речиси истечен, предупредувањето за замена на филтерот ( )почнува да свети што означува дека треба да се замени.
Замена на филтерот
Забелешка:
Филтерот не се пере и не е за повеккратна употреба.
Пред да извршите замена на филтерот, секогаш исклучувајте го
пречистувачот на воздух и извлекувајте го адаптерот од сидниот штекер.

1 Завртете ја основата во спротивна насока од стрелките на часовникот за да ја отстраните од апаратот. Извадете го филтерот од апаратот.

2 Фрлете го искористениот филтер.
3 Отстранете ја целата амбалажа од новиот филтер.


4 Вратете го филтерот во апаратот. Повторно поставете ја основата и завртете ја во насока на стрелките на часовникот за да ја прицврстите.
5 Вметнете го приключокот на пречистувачот на воздух во приклучницата.
6 Притиснете го копчето за напојување за да го включите апаратот.
7 Притиснете на и задржете 3 секунди за да го ресетирате бројачот за траење на филтерот.
8 Темелно измијте ги рацете откако їе го замените филтерот.
Ресетирање на филтерот
Филтерот можете да го замените дури и пред да се прикаже
предупредувањето за замена на филтерот ( 📄на екранот. Кога єе го
замените филтерот, потребно е рачно да го ресетирате бројачот за траење
на филтерот.
1 Притиснете го копчето за напојување за да го включите апаратот.
2 Во рок од 10 секунди по включувањето, притиснете го копчето за промена на режим 😊 и задржете го 5 секунди за да го ресетирате бројачот за траење на филтерот.
Складирање
1 Исключете го пречистувают на воздух и извадете го приклучокот од приклучницата.
2 Исчистете ги пречистувачот на воздух и површината на филтерот (видете 'Чистење').
3 Почекајте сите делови потполно да се исушат на воздух пред да ги складирате.
4 Ставете го филтерот во херметички затворена пластична кеса.
5 Складирајте ги пречистувачот на воздух и филтерот на ладно и суво место.
6 Секогаш темелно мијте ги рацете по ракувањето со филтер.
Решавање проблеми
Во ова поглавје се опишани најчестите проблеми со кои може да се соочите при користење на апаратот. Ако не можете да го решите проблемот со помош на информациите наведени подолу, контактирајте со центарот за корисничка поддршка во вашата земја.
| Апаратот не работи иако е приключен во штекер. | Предупредувањето за замена на филтерот трепка, но не сте го замениле соодветниот филтер. Како резултат на тоа, апаратот сега е блокиран. Во тој случај, заменете го филтерот и ресетирајте го бројачот за траење на филтерот. |
Македонски
| Протокот на воздух од отворот за излезна воздух е значително послаб одпретходно. | Површината на филтерот е нечиста. Исчистете јаповршината на филтерот (видете 'Чистење'). |
| Квалитетот на воздух не се подобрува ипокрај тоа што апаратот работи долговреме. | Проверете дали амбалажата е отстранета од филтерот. |
| Проверете дали филтерот е поставен правилно. |
| Просторијата е голема или квалитетот на надворешниотвоздух е слаб. |
| За оптимални перформанси на пречистување, затворегиги вратите и прозорците кога работи пречистувачот навоздух. |
| Постојат внатрешни извори на загадување. На примерпушење, готвење, темјан. |
| Филтерот е на крајот од работниот век. Заменете гофилтерот со нов. |
| Апаратот испушта необичен мирис. При првите неколку употреби, апаратот може да испуштамирис на пластика. Тоа е нормално. Меѓутоа, акоапаратот испушта мирис на изгорено дури и поотстранувањето на филтерот, контактирајте сопродавачот на производи од Philips или со овластенсервисен центар на Philips. Филтерот може да испуштамирис по одреден период на користење порадиапсорбирањето на внатрешните гасови. Випрепорачуваме повторно да го активирате филтерот такашто ће го ставите на директна сончева светлина заповеккратно користење. Заменете го филтерот ако сèуште испушта непријатен мирис. |
| Апаратот е многу гласен. Проверете дали амбалажата на филтерот е отстранета. |
| Кога квалитетот на воздухот е слаб, апаратот ће работи соголема брзина и ће биде погласен. Кога го користитеапаратот во спална соба навечер, изберете ја брзинатаМирување. |
| Ако нешто падне во отворот за излез на воздух, тоа истотака може да предизвика невообичаени гласни звуци.Веднаш исключете го апаратот и свртете го наопаку за даги извадите надворешните предмети од него. |
| Апаратот сè уште покажува дека треба даго заменам филтерот, но јас веке госторив тоа. | Можеби не сте го ресетирале бројачот за траење нафилтерот. Вклучете го апаратот. Потоа притиснете гокопчето за промена на режим ( Tunisia задржете го 3секунди сè додека ☑ не исчезне. |
| Поставувањето на Wi-Fi е неуспешно. Акорутерот со кој е поврзан пречистувачот е двопојасени во моментот не се поврзува на мрежа од 2,4 GHz,промышленете го фреквенцискиот појас на рутерот (2,4 GHz)и обидете се повторно да го впарите пречистувачот. Не сеподдржани мрежи од 5 GHz. |
| Не се поддржани мрежи со веб-автентикација. |
| Проверете дали пречистувачот е во опсегот на Wi-Fi-рутерот. Можете да се обидете да го поставите пречистувачот на воздух поблиску до Wi-Fi-рутерот. |
| Проверете дали името на мрежата е точно. Името на мрежата разликува големи и мали букви. |
| Проверете дали лозинката за Wi-Fi е точна. Лозинката разликува големи и мали букви. |
| Повторете го поставувањето со упатствата во поглавјето „Wi-Fi-врска“. |
| Wi-Fi-врската може да биде прекината од електромагнетни или други пречки. Држете го апаратот подалеку од други електронски уреди кои може да предизвикаат пречки. |
| Проверете дали мобилниот уред е во авионски режим. Не заборавајте да го деактивирате авионскиот режим при поврзување со Wi-Fi-мрежа. |
| Погледнете го делот за помош во апликацијата за опширни и најнови совети за решавање проблеми. |
Известувања
Електромагнетни полиња (EMF)
Овој апарат е усогласен со важечките стандарди и прописи што се однесуваат на изложеноста на електромагнетни полиња.
Рециклирање

Овој символ означува дека производот не смее да се фрла со обичниот отпад од дома Kinствата (2012/19/EU).
Придржувајте се до законите во вашата земја за одделно собирање на електричните и електронските производи. Правилното фрлање помага во спречувањето на негативните последици по животната средина и човековото здравје.
Гаранција и поддршка
Versuni нуди две годишна гаранција по купувањето на овој производ. Таа гаранција не е важечка доколку дефектот се должи на неправилно користење или лошо одржување. Нашата гаранција не ги ограничува вашите законски права како потрошувач. За повеće информации или за
активирање на гаранцијата, посетете ја нашата веб-страница
www.philips.com/support.
Нарачување делови или додатоци
Ако треба да замените дел или сакате да купите дополнителен дел, контактирајте со продавачот на производи од Philips или посетете ја вебстраницата www.philips.com/support.
Ако имате проблеми со набавување на деловите, контактирајте со центарот за корисничка поддршка на Philips во вашата земја.
Важлива інформація