КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК RFNE312E43WN BEKO
Упатство за корисникот
Фрижидер
Упатство за употреба
Фрижидер
Ве молиме, прочитајте го овој прирачник пред да го користите производот!
Почитуван потрошувачу,
Би сакале да го користите најдобро што може нашиот производ, кој е грижливо направен во модерни простории и со строги контроли на квалитетот.
Затоа, Ве советуваме да го прочитате целото упатство за употреба пред да го користите производот. Во случај да му го дадете производот на некој друг, не заборавајте да му го дадете упатството на новиот сопственик заедно со производот.
Ова упатство ќе Ви помогне да го користите производот брзо и безбедно.
- Ве молиме, прочитајте го внимателно упатството за употреба пред да го инсталирате и да го користите производот.
- Секогаш придржувајте се до важечките безбедносни упатства.
- Чувајте го упатството за употреба на дофат за идна употреба.
- Ве молиме, прочитајте ги сите други документи дадени со производот.
Имајте предвид дека ова упатство за употреба може да важи за повеќе модели на производи. Упатството јасно укажува на варијациите на разните модели.
 | Важни информации и корисни совети. |
 | Ризици за животот и за имотот. |
 | Ризик од струен удар. |
 | Пакувањето на производот е направено од материјали што може да се рециклираат, во согласност со националното законодавство за животна средина. |

Информациите за моделот се чуваат во базата на податоци и до нив можете да стигнете ако одите на следнава веб-локација и го побарате идентификаторот на вашиот модел (*) кој се наоѓа на налепницата за енергија.
1. Безбедност и упатства за животната средина 4
1.1. Општа безбедност ..... 4 1.1.1 НС-предупредување 7 1.1.2 За модели со чешма за вода ..... 7 1.2. Наменета употреба.....8 1.3. Безбедност во однос на деца..... 8 1.4. Усогласеност со Директивата за отпадна електрична и електронска опрема и ослободување од отпадни производи . 8 1.5. Усогласеност со Директивата за ограничување опасни супстанции .... 9 1.6. Информации за пакувањето.....9
2 Вашиот фрижидер 10
3 Инсталација 11
3.1. Вистинско место за инсталирање .... 11 3.2. Прицврстување на пластичните делови 11 3.3. Приспособување на садот ..... 12 3.4. Поврзување во струја ..... 12
4 Подготовка 13
5 Употреба на ладилникот 14
5.1. Панел со индикатори ..... 14 5.2. Како да се замрзнува Свежа храна . 16 5.3. Препораки за складирање на смрзната храна.... 18 5.4. Одмрзнување 18 5.5. Длабок замрзнувач ..... 18 Информации 18 5.6. Одмрзнување на смрзната храна .... 18 5.7. Препорачана температура ..... 19 5.8. Предупредување за отворена врата .. 22 5.9. Менување на правецот на отворањето на вратата 22
6 Одржување и чистење 23
6.1. Избегнување на лоши мириси ..... 23 6.2. Заштита на пластичните површини .. 23 6.3. Стаклото на вратата .....23
1. Безбедност и упатства за животната средина
Овој дел дава безбедносни упатства потребни за спречување на ризик од повреда и материјална штета. Непочитувањето на овие упатства ги поништува сите видови гаранции за производот.
Наменета употреба
| ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:Пред отворите за вентилација во затворениот дел на уредот или во вградената структура да нема никакви пречки. |
| ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:Не користете механички уреди или други срества за забрзување на процесот на топење, освен оние препорачани од производителот. |
| ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:Не оштетувајте го разладувачкото коло. |

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Не користете струјни уреди во одделите за складирање на храна на уредот, освен ако не се од вид препорачан од производителот.
Уредот е наменет да се користи во домаќинството и слични средини, како што се:
- кујни за персоналот во продавници, канцеларии и други работни средини;
- фарми и од клиенти во хотели, мотели и други станбени средини;
- пансиони и слични средини;
- кејтеринг и слични немалопродажни примени.
1.1. Општа безбедност
- Овој производ не треба да го користат лица со физички, сензорни и ментални пречки, без доволно знаење и искуство, или деца. Уредот тие лица може да го користат само под надзор и водство на лице задолжено за нивната безбедност. На деца не смее да им се дозволува да играат со овој уред.
Безбедност и упатства за животната средина
- Во случај на неправилно работење, извадете ја приклучницата на уредот од струја.
- Откако ќе ја извадите приклучницата од струја, почекајте најмалку 5 минути пред да ја вклучите повторно.
- Извадете ја приклучницата кога не се користи уредот.
- Не допирајте го кабелот со мокри раце! Не влечете го кабелот за да ја извадите приклучницата, секогаш држете ја.
- Не вклучувајте го приклучокот на фрижидерот во струја ако штекерот е лабав.
- Извадете ја приклучницата на производот во текот на инсталирањето, одржувањето, чистењето и поправањето.
- Ако нема да го користите извесно време производот, извадете ја приклучницата од струја и извадете ја храната однатре.
- Не користете го производот кога е отворен
Одделот со колни картички кој се наоѓа на горниот заден дел од производот (поклопец на кутијата на електричната картичка) (1).

Не користете пара или средства за чистење во облик на пареа за чистење на фрижидерот и за топење на мразот внатре. Пареата може да дојде во контакт со деловите со струја и да предизвика краток спој или струен удар!
- Не чистете го производот со шприцање или истурање вода на него! Ризик од струен удар!
- Во случај на неправилно работење, не користете го производот, може
Безбедност и упатства за животната средина
да предизвика струен удар. Контактирајте го овластениот сервис пред да направите што било.
- Вклучете го приклучокот во приземјен штекер. Приземјувањето мора да го направи квалификуван електричар.
- Ако производот има осветлување LED, контактирајте го овластениот сервис за замена или во случај да има некаков проблем.
- Не допирајте смрзната храна со мокри раце! Може да Ви се залепи за рацете!
- Не ставајте течности во шишиња и лименки во одделот за замрзнување. Може да пукнат и да истечат!
- Ставете ги течностите во исправена позиција откако цврсто ќе го затворите капакот.
- Не шприцајте запаливи супстанции близу производот, може да изгори или да експлодира.
- Не чувајте запаливи материјали или производи со запалив гас (спрејови итн.) во фрижидерот.
- Не ставајте садови со течност врз производот. Прскањето вода на дел во кој има струја може да предизвика струен удар или ризик од пожар.
- Изложувањето на производот на дожд, снег, сончева светлина или ветар ќе предизвика опасност од електричен инцидент. Кога го преместувате производот, не го влечете за рачката на вратата. Рачката може да се извади.
- Внимавајте да не фатете дел од рацете или телото во некој од подвижните делови во производот.
- Не се качувајте или потпирајте се на вратата, фиоките или слични делови од фрижидерот. Ова ќе предизвика производот да падне и ќе предизвика оштетување на деловите.
- Внимавајте да не го згазите кабелот за струја.

1.1.1 НС-предупредување
Ако производот има систем за ладење со Р600а гас, внимавајте да не го оштетувате системот за ладење и цевката додека го користите и движите производот. Овој гас е запалив. Ако е оштетен системот за ладење, чувајте го производот подалеку од извори на оган и извентилирајте ја веднаш собата.

Етикетата на внатрешната лева страна означува каков вид гас е користен во производот.
1.1.2 За модели со чешма за вода
- Притисокот за внес на студена вода треба да биде најмногу 90 psi (6,2 bar). Ако притисокот на водата надминува 80 psi (5,5 bar), користете вентил за ограничување на притисокот во главната мрежа. Ако не знаете како да го проверите водниот притисок, побарајте помош од професионален водоводџија.
- Ако постои ризик од воден удар во инсталацијата, секогаш користете опрема за спречување на воден удар во вашата инсталација. Консултирајте професионални водоводџии ако не сте сигурни дека нема ефект на воден удар во инсталацијата.
- Не инсталирајте на влезот за топла вода. Преземете мерки против ризикот од смрзнување на цревата. Оперативниот интервал на температурата на
Безбедност и упатства за животната средина
водата треба да биде 33°F (0,6°C) минимум и 100°F (38°C) максимум.
- Користете само вода за пиење.
- Производот е наменет за домашна употреба. Не е наменет за комерцијална употреба.
- Производот треба да се користи само за складирање на храна и пијалаци.
- Не користете чувствителни производи на кои им требаат контролирани температури (вакцини, лекови чувствителни на топлина, медицински резерви итн.) во фрижидерот.
- Производителот не презема никаква одговорност за оштетување поради неправилна употреба или неправилно ракување.
- Оригиналните резервни делови ќе ги имате за 10 години по датумот на купување на производот.
1.3. Безбедност во однос на деца
- Чувајте ги подалеку од децата материјалите за пакување.
- Не дозволувајте им на децата да си играат со производот.
- Ако вратата на производот има клуч, чувајте го клучот подалеку од децата.
1.4. Усогласеност со
Директивата за отпадна електрична и електронска опрема и ослободување
од отпадни производи
Овој производ е во согласност со
Директивата на ЕУ за отпадна електрична
и електронска опрема (2012/19/EU). Овој
производ има симбол за класификација за
отпадна електрична и електронска опрема
(Директивата за отпадна електрична и
електронска опрема).

Овој производ е направен со висококвалитетни делови и материјали што може да се користат повторно и што се соодветни за рециклирање. Кога ќе дотрае, не се ослободувајте од отпадниот
производ во нормалниот домашен отпад и други отпади. Однесете го во пункт за собирање за рециклирање на електрична и електронска опрема. Ве молиме, консултирајте ги локалните власти за да дознаете за овие собирни пунктови.
1.5. Усогласеност со
Директивата за ограничување
Опасни супстанции
- Овој производ е во согласност со Директивата на ЕУ за отпадна електрична и електронска опрема (2011/65/EU). Не содржи штетни или забранети материјали наведени во Директивата.
1.6. Информации за пакувањето
- Материјалите за пакување на производот се произведени од материјали за рециклирање според нашите национални регулативи за животната средина. Не се одлободувајте од материјалите за пакување заедно со домашниот или други отпади. Однесете ги во пунктот за собирање материјали за пакување определени од локалните власти.
2 Вашиот фрижидер

- Контролен панел
- Оддели за брзо замрзнување со капак
- Оддел за длабоко замрзнување
- Уред за правење мраз
- Прилагодливи ногарки

Сликите во овој прирачник се дадени како слики за пример и може да не се исти како вашиот производ. Ако вашиот производ не ги содржи релевантните делови, информациите се однесуваат на други модели.
3 Инсталација
3.1. Вистинско место за инсталирање
Контактирајте го овластениот сервис за инсталирање на производот. За да го подготвите производот за инсталирање, погледнете ги информациите во упатството за употреба и проверете дали електричните и водните уреди се како што треба. Ако не се, повикајте електричар и водоводција да ги наместат уредите како што треба.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Производителот не презема никаква одговорност за каква било штета предизвикана со работата која ја изведуваат неовластени лица.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Електричниот кабел на производот мора да е исклучен за време на инсталирањето. Ако не го направите тоа, може да дојде до смрт или сериозни повреди!

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ако ширината на вратата е премногу тесна за да помине производот, извадете ја вратата и свртете го производот странично; ако ова не функционира, контактирајте овластен сервис.
- Ставете го производот на рамна површина за да нема вибрации.
- Ставете го производот најмалку 30 см подалеку од грејачот, шпоретот и слични извори на топлина и најмалку 5 см од електрични грејачи.
- Не изложувајте го производот на директна сончева светлина и не го чувајте во влажна средина.
- На производот му треба соодветна воздушна циркулација за да функционира ефикасно.
- Ако производот се става во вдлабнатина во ѕидот, не заборавајте да оставите растојание од најмалку 5 см помеѓу производот и плафонот и ѕидовите.
- За да функционира ефикасно, на овој производ му треба соодветна циркулација
на воздух. Ако го сместувате производот во ниша, оставете најмалку 5 сантиметри простор помеѓу производот, плафонот и ѕидовите.
- Ако го сместувате производот во ниша, оставете најмалку 5 сантиметри простор помеѓу производот, плафонот и ѕидовите. Проверете дали заштитната компонента за обезбедување оддалеченост од ѕид е на своето место (ако е доставена со производот). Ако компонентата не е достапна или ако се изгубила/паднала, ставете го производот така што ќе има најмалку 5 сантиметри меѓу производот и ѕидовите на собата. Растојанието на задниот дел е важно за ефикасното работење на производот.
3.2. Прицврстување на пластичните делови
Со пластичните делови дадени со производот за да обезбедите доволно простор за воздушна циркулација помеѓу производот и ѕидот.
- За да ги прикачите деловите, извадете ги завртките на производот и користете ги завртките обезбедени со деловите.
- Прикачете 2 пластични делови на поклопецот на вентилацијата, како што е прикажано на сликата.

3.3. Приспособување на садот
Ако производот не е во балансирана позиција, приспособете ги предните приспособливи држачи со ротирање десно или лево.

3.4. Поврзување во струја
 | ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Некористете продолжителни илиповеće штекери при поврзување во струја. |
 | ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:Оштетениот струен кабел мора да го замени овластениот сервис. |
 | Кога ставате два ладилника еден наспроти друг, оставете најмалку 4 см растојание помеѓу двете единици. |
- Нашата фирма не може да преземе одговорност за оштетувања поради користење без заземјување и електрична врска во согласност со националните регулативи.
- Приклучокот на кабелот за струја мора да е лесно достапен по инсталирањето.
- Поврзете го фрижидерот во заземјен штекер со волтажа од 220-240V/50 Hz. Приклучокот мора да е 10-16A осигурувач.
- Не користете групни штекери со или без продолжен кабел помеѓу ѕидниот штекер и фрижидерот.

Предупредување за врела содржина!
Во страничните ѕидови на производот има цевки за разладување што го подобруваат системот за ладење. Разладувачка течност со високи температури може да тече низ овие области, правејќи ги деловите на страничните ѕидови врели. Ова е нормално и нема потреба да се поправа. Ве молиме, внимавајте кога ги допирате овие области.
4 Подготовка
i Самостоен уред; „овој фрижидер не е наменет да се користи како уред за вградување“;
① Ладилникот треба да се постави на најмалку 30 см. оддалеченост од извори на топлина, како што се камини, фурни, централно греење и печки и најмалку 5 см. оддалеченост од електрични печки и не смее да се изложува на директна сончева светлина.
i Амбиенталната температура во просторијата каде што ќе го поставите ладилникот мора да биде најмалку -15°C. Не се препорачува работа на ладилникот под уреди за ладење затоа што ја попречува неговата ефикасност.
i Исчистете ја внатрешноста на ладилникот темелно.
① Ако треба да се постават два ладилника еден до друг, тогаш треба да има најмалку 2 см. растојание меѓу нив.
① Кога ќе го вклучите ладилникот за првпат, почитувајте ги следните упатства во текот на првите шест часа.
- Вратата не треба да се отвора често.
- Мора да се вклучи празен, без храна во него.
- Не исклучувајте го ладилникот од струја. Ако снема струја, видете ги предупредувањата во поглавјето „Препорачани решенија за проблемите“.
Оригиналното пакување и материјалите од пена треба да се чуваат за евентуален иден транспорт или преместување.
① кај некои модели, таблата со инструменти се гаси автоматски по 5 минути после затворањето на вратата. Таблата автоматски ќе се активира повторно после отворањето на вратата или при притискање на некое копче.
- Кондензацијата на вратата/полиците и на стаклените фиоки е нормална појава заради промената во температурата што се должи на отворање/затворање на вратата во текот на работата.
- Бидејќи топлиот и влажен воздух директно не навлегуваат во вашиот производ кога вратите не се отворени, вашиот производ ќе се оптимизира во услови доволни за заштита на вашата храна. Во оваа функција за зачувување енергија, функциите и составните делови како компресор, вентилатор, грејач, замрзнувач, осветлување, дисплеј ќе работат и други, ќе работат во согласност со потребите за трошење минимална електрична енергија и истовремено вашата храна ќе биде свежа.
5 Употреба на ладилникот
5.1. Панел со индикатори

- Индикатор за вклучување/исклучување: Оваа икона (①) засветува кога ќе се исклучи ладилникот. Сите други икони ќе се исклучат.
- Индикатор за економична употреба:
Оваа икона (в) засветува кога
одделот за замрзнувачот е поставен
на -18° С којашто претставува и
најекономичната поставена вредност.
Индикаторот за економична работа
се исклучува кога ќе се избере
функцијата за брзо ладење или брзо
замрзнување.
- Индикатор за поставена температура во одделот на замрзнувачот:
Ја посочува температурата што е поставена во замрзнувачот.
- Снемување струја / Висока температура / Индикатор за статус на грешка
Овој индикатор (!) светнува во случај на снемување струја, висока температура или предупредување за грешка.
Кога температурата на одделот за замрзнување ќе се загрее до критично ниво за замрзната храна, максималната вредност која ја достигнува температурата во одделот за замрзнување трепери на дигиталниот индикатор. Проверете ја храната во одделот за замрзнување.
Не се работи за грешка во работата.
Предупредувањето може да се исклучи
со притискање на кое било копче или на
копчето за исклучување на алармот за висока
температура. (Откажувањето со притискање
на кое било копче не е применливо за сите
модели.)

Сликите во овој прирачник се дадени како примери и може да не се исти како вашиот производ. Ако вашиот производ не ги содржи релевантните делови, информациите се однесуваат на други модели.
Користење на производот
Овој индикатор (!) светнува кога ќе дојде до грешка на сензор. Кога овој индикатор ќе светне, на индикаторот за температура алтернативно се прикажуваат „Е“ и цифри како „1, 2, 3...“. Овие цифри на индикаторот ги известуваат сервисерите за грешката.
5. Индикатор за дополнителна еко-заштита:
Оваа икона (i) засветува кога е активна оваа функција.
Оваа икона (☎) засветува кога е активна функцијата за блокирани копчиња.
Притиснете го копчето за блокирани копчиња и држете го 3 секунди. Иконата за блокирани копчиња ќе засвети и ќе се активира режимот за блокирани копчиња. Копчињата нема да функционираат додека е активен режимот за блокирани копчиња. Притиснете го повторно копчето за блокирани копчиња и држете го 3 секунди. Иконата за блокирани копчиња ќе се изгасне и режимот за блокирани копчиња ќе се исклучи.
8. Прекинување на предупредувањето за висока температура:
Во случај на предупредување за
снемување струја/висока температура,
може да го избришете предупредувањето
со притискање на кое било копче на индикаторот или копчето за исклучување на алармот за висока температура во времетраење од една секунда по проверување на храната во одделот за замрзнување.
Забелешка: Откажување со притискање на кое било копче не е применливо за сите модели.
9. Функција за дополнителна еко-заштита:
Притиснете го копчето за дополнителна еко-заштита (2) 3 секунди за да ја активирате оваа дополнителна еко-функција кога, на пример, одите на одмор. Замрзнувачот ќе започне да работи на најекономичен начин околу 6 часа подоцна и индикаторот за економична работа ќе се вклучи кога ќе се активира оваа функција.
10. Функција за поставување на замрзнувачот:
Оваа функција ви овозможува да ја менувате температурата во замрзнувачот. Притиснете го ова копче и поставете ја температурата во замрзнувачот на -18, -19, -20, -21, -22, -23 и -24 по потреба.
11. Функција за брзо замрзнување:
Индикаторот за брзо замрзнување се вклучува кога ќе се вклучи
Користење на производот
функцијата за брзо замрзнување.
Притиснете го повторно копчето за брзо замрзнување за да ја откажете оваа функција.
Индикаторот за брзо замрзнување ќе се исклучи и нормалните функции ќе се вратат.
Функцијата за брзото замрзнување автоматски ќе се откаже по 3-4 часа ако не ја откажете рачно.
Ако сакате да замрзнете големи количини храна, притиснете го копчето за брзо замрзнување пред да ја ставите храната во одделот на замрзнувачот.
12. Функција за вклучување/исклучување:
Оваа функција ви овозможува да го исклучите ладилникот ако се притисне 3 секунди. Ладилникот ќе се вклучи ако повторно го притиснете копчето за вклучување/исклучување 3 секунди.
13. Индикатор за енергетска заштеда:
Ако вратите на ладилникот се затворени долго, функцијата за енергетска заштеда се вклучува автоматски и засветува симболот за заштеда на енергијата. (☐)
Кога е активна функцијата за штедење енергија, сите симболи на екранот, освен симболот за штедење енергија, ќе се изгасат.
Кога е активна функцијата за штедење енергија и ако се притисне кое било копче или ако се отвори вратата, функцијата за штедење енергија ќе се откаже и симболите на екранот ќе светат нормално.
Функцијата за енергетска заштеда е активирана согласно фабричките поставки и не може да се откаже.
14. Индикатор за брзо замрзнување: Оваа икона (✿) засветува кога ќе се вклучи функцијата за брзо замрзнување.
5.2. Како да се замрзнува свежа храна
- Храната што треба да се замрзне мора да се подели на порции според количеството што ќе се конзумира, а потоа да се замрзне во посебни пакувања. На овој начин ќе се спречи храната да се замрзнува одново откако ќе се одмрзне.
- За да се зачува колку што е можно повеќе хранливата вредност, аромата и бојата на храната, зеленчукот треба кратко да се обари пред да се замрзне. (Обарувањето не е неопходно за намирници како краставички и магдонос.) Времето на готвење на зеленчукот замрзнат на ваков начин се скратува за 1/3 во однос на свежиот зеленчук.
- За да го продолжите времето на складирање на замрзнатите прехранбени продукти, обарениот зеленчук мора најнапред да се филтрира, а потоа херметички да се спакува како и сите други намирници.
- Прехранбените продукти не смеат да се стават во замрзнувачот без да бидат спакувани.
- Материјалот за пакување на храната што ќе се складира мора да биде непропустлив, дебел и траен и не треба да се деформира во студени и влажни услови. Во спротивно, храната што ќе се
Користење на производот
стврдне при замрзнувањето може да ја продупчи амбалажата. Исто така, многу е важно добро да го затворите пакувањето за храната да биде добро складирана.
Следниве видови амбалажа се погодни за замрзнување на храна:
Полиетиленска кеса, алуминиумска фолија, пластична фолија, вакуум кеси и садови со капак отпорни на мраз.
Следниве видови амбалажа не се препорачливи за замрзнување на храна: Хартија за пакување, хартија за печење, целофан, кеса за отпадоци, употребувани кеси и кеси за пазарување.
• Во замрзнувачот не смее да се става жешка храна без претходно да се олади.
- Кога во замрзнувачот ставате незамрзната свежа храна, обрнете внимание да не дојде во допир со замрзнатите прехрамбени продукти. Кул-пакетот (PCM) може да се стави на решетката веднаш под решетката за брзо замрзнување за да не се затопли.
• Додека трае замрзнувањето (24 часа) не ставајте друга храна во замрзнувачот.
- Распоредувајте ги прехрамбените продукти на полиците или решетките за замрзнување на таков начин што нема да бидат натрупани (препорачливо е пакувањата да не се допираат).
- Замрзнатата храна мора да се конзумира кратко време откако ќе се одмрзне и не смее повторно да се замрзнува.
- Не ги блокирајте отворите за вентилација ставајќи ја смрзнатата храна пред отворите за вентилација што се наоѓаат на задната површина на замрзнувачот.
- Препорачливо е да ставите етикета на секое пакување и да напишете кој прехрамбен продукт е во пакувањето и кога е замрзнат.
• Храна погодна за замрзнување:
Риба и морска храна, црвено и бело месо, пилешко, зеленчук, овошје, растителни зачини, млечни производи (како што се сирење, путер и процеден јогурт), печива, готови или готвени јадења, јадења од компири, суфле и десерти.
• Храна што не е погодна за замрзнување: Јогурт, кисело млеко, крем, мајонез, марула, црвена ротквица, грозје, сите овошја (како што се јаболка, круши и праски).
• За брзо и длабоко замрзнување на прехрамбените продукти не смеат да се надминат следниве количества на едно пакување.
- Мало количество храна (максимум 2 kg) може да се замрзне и без функцијата за брзо замрзнување.
За да се постигне најдобар резултат, следете ги следниве упатства:
1. Активирајте ја функцијата за брзо замрзнување 24 часа пред да ја ставите свежата храна. 2. После 24 часа од притискањето на копчето, најнапред ставете ја храната што сакате да ја замрзнете во третата фиока оддолу со поголем капацитет на замрзнување. Ако Ви останала храна, ставете ја во предниот дел од втората фиока оддолу. 3. Функцијата за брзо замрзнување ќе биде автоматски деактивирана по 50 часа. 4. Не се обидувајте да замрзнете одеднаш големи количини храна. За 24 часа замрзнувачот може да го замрзне максималното количество храна наведено
Користење на производот
како „Капацитет на замрзнување ... kg/24 часа“ на етикетата за типот на замрзнувачот. Не е добро да се става повеќе незамрзната/свежа храна во замрзнувачот отколку што е наведено на етикетата.
• Може да ги разгледате табелите Месо и риба, Зеленчук и овошје, Млечни производи кога треба да ставате и складирате храна во длабокиот замрзнувач.
5.3. Препораки за складирање на смрзната храна
• Кога купувате смрзната храна, проверете дали е замрзната на соодветна температура и дали амбалажата е оштетена. • Ставете ги пакувањата во замрзнувачот најбрзо што може откако сте ги купиле. - Проверете дали рокот на траење означен на амбалажата не е поминат пред да го конзумирате спакуваното готово јадење што ќе го извадите од замрзнувачот.
5.4. Одмрзнување
Мразот во замрзнувачот автоматски се топи.
5.5. Длабок замрзнувач
Информации
Според стандардот EN 62552 (според конкретни услови за мерење) во замрзнувачот може да се замрзнуваат најмалку 4,5 kg храна на секои 100 литри од волуменот на замрзнувачот на собна температура од 25°C за 24 часа.
5.6. Одмрзнување на смрзната храна
Во зависност од разновидноста на храната и целта на употребата, може да се избере некоја од следниве опции за одмрзнување:
- На собна температура (не е многу погодно да се одмрзнува храна оставајќи ја долго време на собна температура за да се задржи квалитетот на храната)
- Во фрижидерот
- Во електрична печка (кај модели со или без вентилатор)
- Во микробранова печка
ВНИМАНИЕ:
- Не ставајте во замрзнувачот кисели пијалаци во стаклени шишиња и лименки бидејќи може да експлодираат.
- Ако има влага во пакувањата со смрзната храна и ако тие се подуени, веројатно претходно биле чувани во несоодветни услови и содржината се расипала. Не ја конзумирајте таквата храна без да ја проверите. Бидејќи некои зачини во готовите јадења може да го променат вкусот по долготрајно складирање, замрзнатата храна треба да содржи помалку зачини или, пак, треба да ги додадете зачините што ги сакате дури откако храната ќе се одмрзне.
5.7. Препорачана температура
| Поставка за замрзнувачот | Забелешки |
| -20 °C This is the default recommended temperature setting. |
| -21,-22,-23 или -24 oC Овие температури се препорачуваат кога амбиенталната температура е повисока од 30°C или кога сметате дека фрижидерот не лади довольно поради честото отворање и затворање на вратата. |
| Брзо замрзнување Користете го кога сакате да ја замрзнете храната за многу кусо време.Препорачливо е да се користи за да се задржи квалитетот на свежата храна.Не мора да ја користите функцијата за брзо замрзнување кога во замрзнувачот ставате веке замрната храна.Не мора да ја користите функцијата за брзо замрзнување за да замрзнете мало количество свежа храна, до 2 kg на ден. |
Користење на производот
| Месо и риба Подготовка | | Најдолго време на складирање (месец) |
| Meat products | Телешко | Бифтек Исечете ги на парчиња со дебелина од 2 см и ставете фолија меѓу нив или цврсто завиткајте ги во просирна фолија | 6 – 8 | |
| Печење Спакувајте ги парчињата месо во кеса за фрижидер или цврсто завиткајте ги во просирна фолија. | 6 – 8 | |
| Коцки Во мали парчиња 6 – 8 | | |
| Шницли, кременадли | Ставете фолија меѓу парчињата или завиткајте го секоја посебно во просирна фолија | 6 – 8 |
| Овчо месо | Кременадли Ставете фолија меѓу парчињата месо или завиткајте го секое посебно во просирна фолија | 4 - 8 | |
| Печење Спакувајте ги парчињата месо во кеса за фрижидер или цврсто завиткајте ги во просирна фолија. | 4 - 8 | |
| Коцки Спакувајте ги исечените парчиња месо во кеса за фрижидер или цврсто завиткајте ги во просирна фолија | 4 - 8 | |
| Говедско | Печење Спакувајте ги парчињата месо во кеса за фрижидер или цврсто завиткајте ги во просирна фолија. | 8 - 12 | |
| Бифтек Исечете ги на парчиња со дебелина од 2 см и ставете фолија меѓу нив или цврсто завиткајте ги во просирна фолија | 8 - 12 | |
| Коцки Во мали парчиња 8 - 12 | | |
| Варено месо Спакувајте го во мали парчиња во кеса за фрижидер 8 - 12 | | |
| Мелено месо Без зачини, во обични кесички 1 - 3 | | |
| Изнутрици (парче) На парчиња 1 - 3 | | |
| Ферментирани колбаси - салама | Треба да се спакува дури и ако има обвивка. 1 - 2 | | |
| Печеница | Ставете фолија меѓу исечените парчиња | 2 - 3 | |
| Пилешко и дивеч | Пиле и мисирка | Завиткајте ги во фолија | 4 – 6 | |
| Гуска | Завиткајте ја во фолија (порциите не треба да бидат поголеми од 2,5 kg) | 4 – 6 | |
| Патка | Завиткајте ја во фолија (порциите не треба да бидат поголеми од 2,5 kg) | 4 – 6 | |
| Срна, зајак, икра | Завиткајте ги во фолија (порциите не треба да бидат поголеми од 2,5 kg, а коските треба да бидат изваени) | 6 – 8 | |
| Риба и морска храна | Слатководна риба (пастрмка, крап, жерав, сом) | Откако добро ће се исчисти внатрешноста и крлушките, треба да се измијат и исушат, а опашката и главата треба да се отсечат ако е потребно. | 2 | |
| Посна риба (бранцин, иверак, риба-лист) | 4-6 | |
| Масна риба (бонито, скуша, сина риба, црвен барбун, сардина) | 2 - 4 | |
| Ракови и школки | Исчистени и во кеси | 4 - 6 | |
| Кавијар | Во оригиналното пакување, во ауминиумски или пластичен сад | 2 - 3 | |
| Овоще и зеленчук | Подготовка | Најдолго време на складирање (месец) |
| Борнија и мешунки Бланширани 3 минути откако ће ги измиете и исечете на мали парчиња 10 - 13 | | |
| Грашок Бланширан 2 минути откако ће го излупите и измиете 10 - 12 | | |
| Зелка Бланширана 1-2 минути откако ће ја исчистите 6 - 8 | | |
| Моркови Бланширани 3-4 минути откако ће ги исчистите и исечете на кругчиња 12 | | |
| Пиперки Бланширани 2-3 минути откако ће ги исечете дршките, ће ги поделите на две и ће ги извадите семките | 8 - 10 | |
| Спанак Бланширани 2 минути откако ће го измиете и исчистите 6 - 9 | | |
| Праз Бланширани 5 минути откако ће го здобите 6 - 8 | | |
| Карфиол Бланширани 3-5 минути во малку лимонова вода откако ће ги извадите листовите и ће го исечете карфиолот на парчиња | 10 – 12 | |
| Црн патлицан | Бланширани 4 минути откако ће го измиете и исечете на парчиња од 2 см | 10 – 12 |
| Тиква Бланширана 2-3 минути откако ће ја измиете и исечете на парчиња од 2 см | 8 - 10 | |
| Печурки | Лесно пропржени во масло и прелиени со лимон | 2 - 3 |
| Пченка Исчистена и спакувана во кочан или зрна | 12 | |
| Јаболко и круша | Бланширани 2-3 минути откако ће ги излупите и исечете на кришки | 8 - 10 |
| Кајсии и праски | Поделени на половина и со извадени семки | 4 - 6 |
| Јагоди и малини | Измиени и со извадени дршки | 8 - 12 |
| Печено овошје | Со додавање на 10% шејер во садот | 12 |
| Сливи, цреши, вишни | Измиени и со извадени дршки | 8 - 12 |
| Млечни производи | Подготовка | Најдолго време на складирање (месец) | Услови на складирање |
| Сирење (освен фета) | Ставете фолија меѓу парчињата | 6 - 8 | Може да остане во оригиналното пакување за краткотрајно складирање. За долготрајно складирање треба да се завитка во алуминиумска или пластична фолија. |
| Путер, маргарин | Во оригинално пакување | 6 | Во оригинално пакување или во пластични садови |
5.8. Предупредување за отворена врата
Ќе слушнете звучен сигнал за предупредување кога вратата на ладилникот или замрзнувачот ќе биде оставена отворена извесен период. Овој сигнал за предупредување ќе престане да се огласува кога ќе се притисне кое било копче или кога ќе се затвори вратата.
5.9. Менување на правецот на отворањето на вратата
Правецот на отворање на вратата на ладилникот може да се смени за да одговара на местото каде е поставен. Повикајте го најблискиот овластен сервис ако е неопходно.
Векот на траење на производот се продолжува ако се чисти редовно

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Прво извадете го кабелот од струја пред да го чистите фрижидерот.
- Никогаш не користете остри или абразивни алатки, сапун, средства за чистење во домаќинството, детергенти и восочни полира за чистење.
- Растворете една мала лажичка сода бикарбона во половина литар вода. Натопете крпа во растворот и исцедете ја темелно. Избришете ја внатрешноста на уредот со оваа крпа и потоа исушете ја темелно.
- Проверете да не влегува вода во куќиштето на сијалицата и другите електрични делови.
- Исчистете ја вратата со влажна крпа. За да ја извадите вратата и полиците од телото, прво извадете ја целата содржина. Извадете ги полиците со движење нагоре. По чистењето, вметнете ги од горе надолу за да ги инсталирате.
- Никогаш не користете средства за чистење или вода што содржи хлор за чистење на надворешните површини и деловите обложени со хром на производот. Хлорот предизвикува корозија на таквите метални површини.
- Не користете остри алатки, сапун, средства за чистење, детергенти, керозин, нафта, лак и сл., за да спречите оштетување или деформирање на пластичните делови. Користете млака вода и мека крпа за чистење, а потоа исушете.
6.1. Избегнување на лоши мириси
Во производството на нашите уреди не се користени материјали што може да предизвикаат мирис. Сепак, поради несоодветните услови за чување храна и нечистењето на внатрешната површина на уредот како што треба, може да се појави проблем со мирис.
Затоа, чистете го фрижидерот со вода со растворена сода секои 15 дена.
- Чувајте ја храната во затворени садови. Микроорганизмите што се шират од непокриените садови може да предизвикаат непријатни мириси.
- Во фрижидерот никогаш не чувајте храна што има истечен рок на употреба и што е расипана.
6.2. Заштита на пластичните површини
Исчистете ги веднаш со топла вода, бидејќи маслото може да ги оштети површините ако се стави на пластика.
Извадете ја заштитната фолија од стаклата. Има облога на површината на стаклата. Оваа облога го минимизира наталожувањето и помага да се отстранат можните дамки и нечистотија. Стаклата што не се заштитени со таков слој може да бидат предмет на постојано натрупување на нечистотија од воздух или вода, како што се варовникот, минералните соли, неизгорените јаглеводороди, металните оксиди и силиконите, што може лесно и брзо да предизвикаат дамки или оштетување на материјалот. Одржувањето на стаклото чисто станува тешко и покрај редовното чистење. Поради тоа, изгледот и транспарентноста на стаклото се влошуваат. Грубите и корозивните методи за чистење и соединенија ги интензивираат овие дефекти и го забрзуваат процесот на распаѓање.
Производите за чистење на база на вода што не се абразивни и корозивни мора да се користат за редовно чистење.
Неалкалните и некорозивните материјали мора да се користат за чистење за да може облогата да трае подолго време.
Овие стакла се термички обработени за да се зголеми нивната издржливост против удари и кршење. Безбедносен филм исто така се применува на нивната површина како дополнителна мерка на безбедност за да се спречи да предизвикаат оштетување во средината ако се скршат.
*Алкалите се база што формира хидроксидни јони (ОН⁻) кога ќе се раствори во вода.
Li (литиум), Na (натриум), K (калиум), Rb (рубидиум), Cs (цезиум) и вештачките и радиоактивни Fr (франциум) метали се наречени АЛКАЛНИ МЕТАЛИ.
7 Решавање проблеми
Проверете го списокот пред да повикате сервис. Ќе ви заштеди време и пари. Овој список ги опфаќа честите поплаки што не произлегуваат од неправилна работа или употреба на материјали. Одредени спомнати одлики може да не се однесуваат на вашиот производ.
Ако ладилникот не работи.
- Приклучокот за струја не е наместен убаво. >>> Приклучете го убаво да влезе во штекерот.
- Осигурувачот за штекерот што обезбедува струја за производот или главниот осигурувач се прегорени. >>> Проверете ги осигурувачите.
Се јавува кондензација на страничните ѕидови во одделот на ладилникот (ПОВЕКЕНАМЕНСКА ЗОНА, КОНТРОЛА НА ЛАДЕЊЕТО И ФЛЕКСИБИЛНА ЗОНА).
- Средината е многу студена. >>> Не поставувајте го производот во средина каде што температурата се спушта под -5 °C.
- Вратата се отвора многу често >>> Внимавајте да не ја отворате вратата многу често.
- Има многу влага во средината. >>> Не поставувајте го производот во средина со влага.
- Течната храна се чува во садови без капак. >>> Чувајте ја течната храна во затворени садови.
- Вратата на производот е оставена отворена. >>> Не оставајте ја вратата отворена долго.
- Термостатот е поставен на ниска температура. >>> Поставете го термостатот на соодветната температура.
Компресорот не работи.
- Ако снема струја или ако го извлечете приклучокот од штекерот и потоа повторно го приклучите, притисокот на гасот во системот за ладење на производот нема да биде рамномерен, што предизвикува вклучување на термичката заштита на компресорот. Производот ќе се рестартира по околу 6 минути. Повикајте сервисер ако производот не се рестартира по овој период.
- Вклучено е одмрзнувањето. >>> Ова е нормално за целосно автоматизиран процес на одмрзнување. Одмрзнувањето се извршува периодично.
- Производот не е вклучен. >>> Проверете дали кабелот за струја е вклучен.
- Поставката за температура не е точна. >>> Изберете соодветна поставка за температурата.
- Нема струја. >>> Производот ќе продолжи да работи кога ќе дојде струја.
Бучавата од работата на ладилникот се зголемува додека работи.
- Работата на производот може да се разликува во зависност од промените на температурата во средината. Тоа е нормално и не е грешка.
Ладилникот работи многу често или многу долго.
- Новиот производ веројатно е поголем од претходниот. Поголемите производи работат подолго.
- Температурата во просторијата е висока. >>> Производот нормално ќе работи подолго ако има висока температура во просторијата.
- Производот бил приклучен неодамна или ставена е нова храна. >>> На производот му треба повеќе време да ја достигне поставената температура кога е вклучен неодамна или ако се стави нова храна во него. Тоа е сосема нормално.
- Ставена е поголема количина врела храна во производот. >>> Не ставајте врела храна во ладилникот.
- Вратите се отвораат често или биле оставени отворени подолго. >>> Топлиот воздух влегува внатре и затоа производот работи подолго. Не отворајте ги вратите многу често.
- Вратата на ладилникот или замрзнувачот е оставена подотворена. >>> Проверете дали вратите се убаво затворени.
- Производот е поставен на многу ниска температура. >>> Поставете на повисока температура и почекајте производот да ја достигне прилагодената температура.
- Гумата на врата од ладилникот или замрзнувачот е валкана, изабена, искршена или не е правилно наместена. >>> Исчистете или заменете ја гумата. Оштетената / искината гума на вратата предизвикува долга работа на производот за да ја одржува поставената температура.
Температурата во замрзнувачот е многу ниска додека температурата во ладилникот е задоволителна.
- Температурата во одделот на замрзнувачот е поставена многу ниско. >>> Поставете повисока температура за одделот на замрзнувачот и проверете одново.
Температурата во ладилникот е многу ниска додека температурата во замрзнувачот е задоволителна.
- Температурата во одделот на ладилникот е поставена многу ниско. >>> Поставете повисока температура за одделот на замрзнувачот и проверете одново.
Храната што се чува во ладилникот е замрзната.
- Температурата во одделот на ладилникот е поставена многу ниско. >>> Поставете повисока температура за одделот на замрзнувачот и проверете одново.
Температурата во ладилникот или замрзнувачот е многу висока.
- Температурата во одделот на ладилникот е поставена многу високо. >>> Поставката за температурата во одделот на ладилникот влијае врз температурата во одделот на замрзнувачот. Почекајте температурата во соодветниот оддел да го достигне потребното ниво така што је ја смените температурата во одделите за ладилникот или замрзнувачот.
- Вратите се отвораат често или биле оставени отворени подолго. >>> Не отворајте ги вратите многу често.
- Вратата е оставена подотворена. >>> Затворете ја вратата убаво.
- Производот бил приключен неодамна или ставена е нова храна. >>> Ова е нормално. На производот му треба повеće време да ја достигне поставената температура кога е включен неодамна или ако се стави нова храна во него.
- Ставена е поголема количина врела храна во производот. >>> Не ставајте врела храна во ладилникот.
Тресење или бучава.
- Подот не е рамен или издржлив. >>> Ако производот се тресе кога ќе го помрднете малку, прилагодете ги ногарките за да го порамните. Проверете и дали подот е доволно издржлив да го носи производот.
- Работите ставени врз производот предизвикуваат бучава. >>> Тргнете ги работите што сте ги ставиле врз него.
Производот испушта звуци на течење, прскање и сл.
- Работните принципи на производот вклучуваат течење на течност и гас. >>> Тоа е нормално и не е грешка.
Звук на ветер се слуша од производот.
- Производот користи вентилатор во процесот на ладење. Тоа е нормално и не е грешка.
Има кондензација на внатрешните ѕидови на производот.
- Врела и влажна клима го зголемува создавањето мраз и кондензација. Тоа е нормално и не е грешка.
- Вратите се отвораат често или биле оставени отворени подолго. >>> Не отворајте ги вратите многу често. Ако се отворени, затворете ги.
- Вратата е оставена подотворена. >>> Затворете ја вратата убаво.
Има кондензација по надворешноста на производот или меѓу вратите.
- Климата во средината е влажна. Ова е нормално за влажна клима. >>> Кондензацијата ќе исчезне кога ќе се намали влагата.
Внатрешноста мириса лошо.
- Производот не се чисти редовно. >>> Редовно чистете ја внатрешноста со сунѓер и топла вода со сода бикарбона.
- Одредени држачи и материјали за пакување создаваат миризби. >>> Користете држачи и материјали за пакување што не содржат миризби.
- Храната се чува во садови без капак. >>> Чувајте ја храната во затворени садови. Може да се развијат микроорганизми кај храната што не се чува во затворен сад со што се создава лоша миризба. Отстранете ја храната со истечен рок или расипаната храна од производот.
Вратата не се затвора.
- Пакувањето на храната ја блокира вратата. >>> Преместете ги работите што ги блокираат вратите.
- Производот не е поставен во целосно исправена положба на подот. >>> Прилагодете ги ногарките за да го порамните.
- Подот не е рамен или издржлив. >>> Проверете дали подот е рамен и довольно издржлив да го носи производот.
Корпата за зеленчук е преполна.
- Храната се допира до горната секција во фиоката. >>> Разместете ја храната во фиоката.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ако проблемот опстојува и откако сте ги примениле сите упатства во ова поглавје, контактирајте со продавачот или овластен сервис. Не обидувајте се да го поправите апаратот.