CrossWave Cordless Max - Прашка BISSELL - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот CrossWave Cordless Max BISSELL во PDF формат.
Прашања на корисниците за CrossWave Cordless Max BISSELL
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Прашка во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник CrossWave Cordless Max - BISSELL и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. CrossWave Cordless Max на марката BISSELL.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК CrossWave Cordless Max BISSELL
При користење електрични апарати, треба да се почитуваат основните мерки на претпазливост, включително и следните:
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА РИЗИКОТ ОД ПОЖАР, СТРУЕН УДАР ИЛИ ПОВРЕДА:
- Овој апарат може да го користат деца на возраст од најмалку 8 години и лица со намалена физичка, сензорна или ментална способност или без искусство и знаење ако се под надзор или ако добиле упатства за тоа како да го користат апаратот на безбеден начин и ги разбираат опасностите што произлегуваат од него. Чистењето и одржувањето не смеат да го прават деца без надзор.
- Децата треба да се надгледуваат за да не си играат со апаратот.
- Исключете го од електричен штекер кога не е во употреба, пред чистење, одржување или сервисирање на апаратот, и ако апаратот има додатна алатка со подвижна четка, пред ставање или вадење на алатката.
- Не го потопувајте во вода или течност.
- Држете ги косата, облеката што виси, прстите и другите делови од телото подалеку од отворите и подвижните делови на апаратот и неговите додатоци.
- Да не се користи со оштетен кабел или приклучок.
- Ако е оштетен кабелот на полначот, тој мора да се замени од страна на производителот, овластениот сервис или слично квалификувано лице за да се избегне опасност.
- Не го палете апаратот дури и ако е сериозно оштетен. Батериите може да експлодираат во пожар.
- Батериите треба безбедно да се отстранат.
- Апаратот содржи батерии кои може да ги замени само квалификувано лице.
- Под притисок, од батериите може да истече течност; избегнувајте контакт со неа. Ако случајно дојде до контакт, исплакнете со вода. Ако течноста дојде во контакт со
очите, побарајте дополнителна лекарска помош. Течноста од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
- Да се користи само со полначот обезведен од производителот SIL, Модел SSC-420085EU.
- Да се полни само со полначот наведен од страна на производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип батерии може да предизвика ризик од пожар ако се користи со други батерии.
- Исключете го полначот од електричен штекер кога не е во употреба, пред чистење, одржување или сервисирање на апаратот, и ако апаратот има додатна алатка со подвижна четка, пред ставање или вадење на алатката.
- Апаратот содржи батерии што не може да се заменат.
- Да не се користи со оштетен кабел или полнач. Ако апаратот не работи како што треба, паднал, е оштетен, оставен на отворено или паднал во вода, вратете го во овластен сервисен центар.
- Апаратот мора да биде ислучен од електричната мрежа кога се вади батеријата.
- Апаратот мора да биде приключен само на сигурносен мал напон соодветно на обележаното на апаратот.
- Да се користат само типот и количината течности наведени во делот за ракување од ова упатство.
- Течности не смее да се насочуваат кон опрема што содржи електрични компоненти.
- Да се исключат сите контроли пред ислучување од електричната мрежа.
- Полначот не смее да се влече или носи за кабелот, да се користи кабелот како рачка, да се затвора врата преку кабелот ниту да се влече кабелот преку остри предмети или рабови.
- Кабелот од полначот да се чува подалеку од загреани површини.
- За ислучување од електричната мрежа, да се држи приключокот од полначот, не кабелот.
-
Да не се ракува со приклучокот од полначот или апаратот со водени раце.
-
Клемите на батериите и полночат не треба да се изложуваат на краток спој.
• Да не се полни уредот на отворено. - Апаратот мора да биде ислучен од електричната мрежа кога се вади батеријата.
- Да не се полни повторно, расклопува, загрева на температура повисока од 60°C ниту да се пали.
- Чувајте ги батериите подалеку од дофат на деца.
- Навремено ослободете се од искористените батерии.
- Никогаш не ги ставајте батериите в уста. Ако се проголтаат, обратете се кај лекар или кај надлежните за справување со отрови.
- Спречете ненамерно активирање. Осигурете се дека прекинувачот е на позиција OFF (ислучено) пред да го подигнувате или носите апаратот. Носењето на апаратот со прстот на прекинувачот или пуштањето електрична енергија низ апаратот со включен прекинувач води до нескреки.
- Да не се користи апаратот ако е оштетен или ако претрпел измени. Оштетените или изменетите батерии може да се однесуваат непредвидливо, што може да доведе до пожар, експлозија или ризик од повреда.
- Да не се изложува апаратот на пожар или високи температури. Изложувањето на пожар или на температура повисока од 130°C може да предизвика експлозија.
- Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете апаратот надвор од опсегот на температура што е наведен во упатството. Несоодветното полнење или полнењето надвор од наведениот опсег на температура може да ја оштети батеријата и да го зголеми ризикот од пожар.
- Сервисирањето треба да го врши само квалификувано лице со идентични заменски делови. Со тоа ће се задржи безбедноста на производот.
-
Да не се вршат измени или обиди за поправка на апаратот освен како што е наведено во упатството за употреба.
-
Температурата да се одржува во опсег од 4 до 40°C при полнење на батеријата, складирање на уредот или при употреба.
- Пластичната фолија може да биде опасна. За да се избегне задушување, држете ја подалеку од дофат на деца.
- Користете го само како што е опишано во ова упатство за употреба.
- Користете ги само додатоците препорачани од производителот.
- Ако апаратот не работи како што треба, паднал, е оштетен, е оставен на отворено или паднал во вода, не се обидувајте да го користите и однесете го на поправка во овластен сервисен центар.
- Не ставајте предмети во отворите.
- Не го користете со блокиран отвор; чистете го од прашина, влакненца, влакна и сё друго што може да го намали протокот на воздух.
- Посебно внимавајте при чистењето на скали.
- Не го користете за собирање запаливи или согорливи течности, како што е нафтата, ниту на места каде што може да има такви.
- Не собирајте токсични материи (белило од хлор, амониум, одзатнувач, итн.).
- Не го користете апаратот во затворен простор полн со пареи предизвикани од боја на база на нафта, разредувач на боја, средства против молци, запалив прав или други експлозивни или токсични пареи.
- Не собирајте тврди или остри предмети, како стакло, шајки, завртки, монети, итн.
- Не собирајте ништо што гори или чади, како цигари, кибрит или жежок пепел.
- Не го користете без наместени филтри.
- Подот е лизгав кога е влажен.
- Само за употреба во затворен простор.
• Чувајте го апаратот на рамна површина.
- Ако апаратот има ротирачка четка на моторен погон, не го оставајте да работи на исто место без да ја држите рачката во целосно исправена положба.
- За да го намалите ризикот од истекување, не го чувајте уредот на места каде што може да дојде до замрзнување. Може да дојде до оштетување на внатрешните компоненти.
- Пластичните садови не е безбедно да се мијат во машина за миење садови. Не ставајте ги пластичните садови во машина за миење садови.
- Отстранување на батерија: За да го ислучите полначот на батеријата од производот. Искучете го напојувањето. Извадете го шрафот од капакот на батеријата. Извадете ја батеријата од преградата и откачете ја со сечење на секоја жица посебно. За конкретни инструкции за вадење на батеријата, одете на global.BISSELL.com.
Гарантен лист
Оваа гаранција важи само надвор од САД и Канада. Неа ја дава BISSELL® International Trading Company B.V. ("BISSELL").
Гаранцијата ја дава BISSELL. Со неа се стекнувате со посебни права. Таа се нуди како дополнителна придобивка за вас во согласност со законот. Имате и други права според законот коишо може да се разликуваат од земја до земја. Може да дознаете повеке за вашите законски права и лекови ако се обратите во локалната служба за совети за потрошувачи. Ништо од оваа garанција нема да ги замени или намали вашите законски права или лекови. Ако ви се потребни дополнителни упатства за оваа garанција или имате прашања во врска со нејзиниот опфат, обратете се во службата за грижа за корисници на BISSELL или стапете во контакт со локалниот дистрибутер.
Оваа гаранција ја добива оригиналниот купувач на нов производ и таа не може да се пренесе на друго лице. Мора да сте во состојба да приложите доказ за датумот на купување за да може да ги остварите правата од оваа гаранција.
Може да е неопходно да ги добиеме некои од вашите лични податоци, како што е адресата на е-пошта, заради исполнување на обврските од гаранцијата. Со сите лични податоци їе се постапува во согласност со Политиката за приватност на BISSELL, која може да се најде на global.BISSELL.com/privacy-policy.
Ограничена 2-годишна гаранција (од датумот на купување на оригиналниот купувач)
Во согласност со долуутврдените *ИСКЛУЧОЦИ И ОТСТАПКИ, BISSELL ке го поправи или замени (со нови, обновени, малку користени или преработени компоненти или производи), по сопствено видување, бесплатно, секој дефектен или неисправен дел или производ. BISSELL препорачува да се чува оригиналното пакување и доказот за датумот на купување во текот на гарантниот период во случај да се јави потреба за активирање на гаранцијата во тој период. Оригиналното пакување ке се искористи за препакување или транспорт, но неговото чување не претставува услов за гаранцијата.
Ако BISSELL го замени производот според оваа гаранција, за новиот производ ке продолжи да важи оваа гаранција до истекот на нејзиниот рок (пресметан од датумот на оригиналното купување). Гарантниот период не се продолжува без разлика дали производот е поправен или заменет.
\*ИСКЛУЧОЦИ И ОТСТАПКИ ОД УСЛОВИТЕ НА ГАРАНЦИЈАТА
Оваа гаранција важи за производите што се користат за лична домашна употреба, а не за комерцијална употреба или за издавање. Потрошните компоненти, како што се филтри, појаси и крпи за чистење, што корисникот мора да ги замени или сервисира одвреме-навреме, не се опфатени со гаранцијата.
Гаранцијата не важи и за секој дефект што произлегува од нормалното старење на производот поради неговата редовна употреба. Штетата или неисправното работење што єе ги предизвика корисникот или некое трето лице како резултат на несреќа, небрежност, злоупотреба, невнимание или некоја друга употреба што не е во согласност со упатството за употреба не се опфатени со гаранцијата.
Со неовластено поправање (или обид за поправање) може да се поништи гаранцијата без разлика дали штетата е предизвикана од таа поправка/обид или не.
Со отстранувањето или оштетувањето на етикетата за рангирање на производот или нејзината нечитливост се поништува оваа гаранција.
BISSELL не ја исклучува или ограничува одговорноста за (а) смрт или лична повреда предизвикана од наша небрежност или небрежност на нашите вработени, агенти или подизведувачи; (б) измама или лажно претставување; (в) или за кое било друго прашање што не може да се исклучи или ограничи според законот.
НАПОМЕНА: Чувајте ја оригиналната сметка од продавачот. Таа претставува доказ за датумот на купување во случај на барање за активирање на гаранцијата. Повеке детали ќе најдете во гаранцијата.
Грижа за корисници
Ако е потребно сервисирање на производот од BISSELL или активирање на гаранцијата, обратете се на: Веб-страница: www.BISSELL.eu