AEG WS 125 S - мелница

WS 125 S - мелница AEG - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот WS 125 S AEG во PDF формат.

📄 158 страници PDF ⬇️ Македонски MK 💬 AI прашање 🖨️ Печати
Notice AEG WS 125 S - page 144
Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : AEG

Модел : WS 125 S

Категорија : мелница

Преземете ги упатствата за вашиот мелница во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник WS 125 S - AEG и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. WS 125 S на марката AEG.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК WS 125 S AEG

Защита от повторно пускане След спиране на електрозахранването включената машина не започва да работи отново. За да продължите работа изключете и отново включете машината. Protecţie contra repornirii Maşina conectată nu reporneşte după o întrerupere de curent. Pentru a putea lucra în continuare, maşina trebuie oprită şi apoi repornită. Заштита од повторно придвижување Вклучената машина во случај на снемување струја не се вклучува повторно. За да продолжите со работа исклучете ја машината и вклучете ја повторно. Захист від повторного запуску Увімкнена машина не продовжує роботу після того, як була вставлена акумуляторна батарея.

D= Дијаметар на дискот за глодање макс. d= бушење-ø 115 mm 22,2 mm 115 mm 22,2 mm 125 mm 22,2 mm 125 mm 22,2 mm b= Дебелина на плочата за сечење мин.

1/3 mm 1/3 mm 1/3 mm 1/3 mm b= Дебелина на стружниот диск макс. 6 mm 6 mm 6 mm 6 mm D= Површини за стругање-ø макс. 115 mm 115 mm 125 mm 125 mm D= Лончести четки-ø макс. 75 mm 75 mm 75 mm 75 mm Срце на работната оска M 14 M 14 M 14 M 14 Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2003 2,3 kg 2,3 kg 2,3 kg 2,3 kg Информации за бучавата Измерените вредности се одредени согласно стандардот EN 60745. A-оценетото ниво на бучава на апаратот типично изнесува: Ниво на звучен притисок. (Несигурност K=3dB(A)) 87,1 dB (A) 87,1 dB (A) 87,1 dB (A) 87,1 dB (A) Ниво на јачина на звук. (Несигурност K=3dB(A)) 98,1 dB (A) 98,1 dB (A) 98,1 dB (A) 98,1 dB (A) Носте штитник за уши. Информации за вибрации Вкупни вибрациски вредности (векторски збир на трите насоки) пресметани согласно EN 60745. Површинско брусење: Вибрациска емисиона вредност a h,SG Несигурност К 6,2 m/s

Стружење со лист за стружење: Вибрациска емисиона вредност a h,DS Несигурност К 6,0 m/s

D= Дијаметар на дискот за глодање макс. d= бушење-ø 125 mm 22,2 mm 125 mm 22,2 mm 125 mm 22,2 mm 125 mm 22,2 mm b= Дебелина на плочата за сечење мин.

ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ Аголна брусилка WS 12-125 S WS 12-125 SK WS 13-125 SXE WS 13-125 SXEK Информации за бучавата Измерените вредности се одредени согласно стандардот EN 60745. A-оценетото ниво на бучава на апаратот типично изнесува: Ниво на звучен притисок. (Несигурност K=3dB(A)) 89,3 dB (A) 89,3 dB (A) 90,1 dB (A) 90,1 dB (A) Ниво на јачина на звук. (Несигурност K=3dB(A)) 100,3 dB (A) 100,3 dB (A) 101,1 dB (A) 101,1 dB (A) Носте штитник за уши. Информации за вибрации Вкупни вибрациски вредности (векторски збир на трите насоки) пресметани согласно EN 60745. Површинско брусење: Вибрациска емисиона вредност a h,SG Несигурност К 5,8 m/s

Стружење со лист за стружење: Вибрациска емисиона вредност a h,DS Несигурност К 5,5 m/s

Кај други апликации, како на пример брусење со делење или брусење со четката со челична жица можат да се појават други вибрациски вредности! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Нивото на осцилација наведено во овие инструкции е измерено во согласност со мерните постапки нормирани во EN 60745 и може да биде употребено за меѓусебна споредба на електро-алати. Ова ниво може да се употреби и за привремена проценка на оптоварувањето на осцилацијата. Наведеното ниво на осцилација ги репрезентира главните намени на електро-алатот. Но, доколку електро-алатот се употребува за други намени, со отстапувачки додатоци или со несоодветно одржување, нивото на осцилација може да отстапи. Тоа може значително да го зголеми оптоварувањето на осцилацијата за време на целиот работен период. За прецизна проценка на оптоварувањето на осцилацијата предвид треба да бидат земени и времињата, во коишто апаратот е исклучен или работи, но фактички не се употребува. Тоа може значително да го намали оптоварувањето на осцилацијата за време на целиот работен период Утврдете дополнителни безбедносни мерки за заштита на операторот од влијанието на осцилациите, како на пример: одржување на електро-алатот и на додатоци кон електро-алатот, одржување топли раце, организација на работните процеси. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прочитајте ги сите безбедносни упатства и инструкции. Заборавање на почитувањето на безбедносните упатства и инструкции можат да предизвикаат електричен удар, пожар и/ или тешки повреди. Сочувајте ги сите безбедносни упатства и инструкции за

БЕБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА АГОЛНА СТРУГАЛКА Заеднички безбедносни упатства за мазнење, мазнење со рапава хартија, работа со жичани четки, полирање и

a) Овој електро-алат треба да се употребува како шлајферица, шлајферица со хартија за шмирглање, четка со жица и машина за брусење со делење. Почитувајте ги сите безбедносни упатства, упатства за работа, прикази и податоци што ги добивате заедно со електричниот алат. Доколку не ги почитувате следните упатства, може да дојде до електричен удар, до пожар и/или до тешки повреди. b) Овој електро-алат не е наменет за рапава хартија и за полирање.Секакви употреби, за кои овој алат не е предвиден, можат да предизвикаат загрозувања и повреди. c) Не употребувајте прибор што не е предвиден и препорачан од производителот специјално за овој електро-алат. Доколку извесен прибор можете да го прицврстите на вашиот електричен алат, тоа не претставува гаранција за сигурно употреба. d) Бројот на вртежи на алатот, којшто се употребува, мора да биде нај-малку толку висок како и б ројот на вртежите на вашиот електро-алат. Додатокот, којтшто се врти побрзу, може да се скриша и да излета. e) Надворешниот дијаметар и дебелината на приборот мора да соодветствуваат со податоците за димензиите на вашиот електро-алат. Приборите со несоодветна димензија не можат да бидат соодветно заштитени или контролирани. f) Навоите на деловите од приборот мора да се совпаѓаат со навојот на осовината за брусење. Кај деловите од приборот кои што се приспојуваат, бушењето за трнот за натегнување во делот од приборот мора да се совпаѓа со пресекот на фланшот за локализирање. Делови од приборот кои што не пасуваат на монтажниот трн на апаратот, работат ексцентрично, вибрираат прекумерно силно и можат да доведат до загуба на контролата врз орудието. g) Не употребувајте оштетен прибор. Пред секоја употреба извршете контрола, како на пример на дисковите за брусење по однос на расцепи и пукнатини, на подножјата за брусење по однос на пукнатини, изабаност или голема искористеност, на четките со жици по однос на лабави или скршени жици. Ако електро-алатот или приборот паднат, проверете, дали тие се оштетени или употребете неоштетен прибор. Ако приборот сте го провериле и го употребувате, тогаш вие и лицата, кои се наоѓаат во близина, треба да бидете вон доменот на ротирачкиот прибор и оставете го приборот да работи една минута со максимален број на вртежи. Оштетениот прибор најчесто се крши во овој тест-период. h) Носете опрема за лична заштита. Зависно од употребата, користете целосна визуелна заштита, заштита за очите или заштитни очила. Доколку е потребно, носете маска за заштита од прашина,143 Mak

заштита за ушите, заштитни ракавици или специјална престилка, со која се заштитувате од ситни честички од шлајфувањето и од материјалот. Очите треба да бидат заштитени од страни тела што се разлетуваат наоколу, а кои настануваат при различни употреби. Заштита маска од прашина и за дишење мора да ја филтрираат прашината што се создава при работата. Доколку сте подолго време изложени на гласна бучава, тоа може да предизвика губење на слухот.

i) Кај лицата што стојат во близина внимавајте на тоа да

се почитува безбедно растојание од вашиот делокруг на работа. Секој што ќе пристапи во делокругот на работа, мора да носи опрема за лична заштита. Можат да се разлетаат парчиња од работниот материјал или од скршен прибор и да предизвикаат повреди, исто така и надвор од директниот делокруг на работа. j) Фаќајте го електро-алатот само на изолирани површини за држење, додека извршувате работи, кај кои приборот може да погоди сокриени струјни водови или сопствениот кабел за напојување со струја. Контакт со жица под напон исто така ќе направи проводници од металните делови и оној кој ракува со алатот ќе доживее струен удар. k) Кабелот за напојување со струја чувајте го настрана од прибор што се врти. Доколку ја изгубите контролата над електро-алатот, кабелот за напојување со струја може да се исече или да се закачи и вашата рака или вашата дланка да бидат повлечени во приборот што се врти. l) Никогаш не го оставајте електро-орудието ако орудието за применување не е дојдено во потполно мирување. Електро-алатот што се врти може да дојде во контакт со површината, на којашто се остава, а на тој начин можете да ја изгубите контролата над електро-алатот. m) Не оставајте го електро-алатот да работи додека го носите. Вашата облека може да биде закачена преку случаен контакт со приборот што се врти, при што тој може да навлезе во вашето тело. n) Редовно чистете го отворот за проветрување на вашиот електро-алат. Вентилаторот на моторот влече прашина во куќиштето, а големо насобирање на метална прашина може да предизвика електрични опасности. o) Не употребувајте го електро-алатот во б лизина на материјали што горат. Таквите материјали можат да се запалат од искри. p) Не употребувајте прибор, за којшто се потребни течни средства за ладење. Употребата на вода или на други течни средства за ладење може да доведе до електричен удар. Повратен удар и референтни безбедносни упатства Повратниот удар претставува неочекувана реакција како последица на заглавен или блокиран прибор што се врти, како на диск за брусење, подножје за брусење, четка со жица итн. Заглавувањето или блокирањето доведува до неодложно стопирање на ротирачкиот прибор. На тој начин неконтролираниот електро-алат се забрзува во спротивна насока од насоката на вртење на приборот во точката на

Доколку, на пример, диск за брусење е заглавен или блокиран во материјалот, работ на дискот за брусење што навлегува во материјалот, може да се закачи и на тој начин да дојде до излегување на дискот или да се предизвика повратен удар. Во таков случај дискот за брусење се движи или кон операторот или настрана од него, зависно од насоката на вртење на дискот во точката на спојување. Притоа дисковите за брусење можат исто така и да се скршат. Повратен удар претставува последица од погрешна или неисправна употреба на електро-алатот. Тој може да биде избегнат со соодветни мерки на претпазливост, како што се опишани подолу. a) Држете го електро-алатот цврсто и поставете ги вашето тело и вашите раце во позиција, со која ќе можете да дадете отпор на силите од повратиот удар. Секогаш употребувајте ја додатната рачка, доколку постои, за да можете да имате максимална можна контрола над силите од повратниот удар или на моментите на реакција при пуштање во работа. Операторот може да ги контролира силите на повратниот удар и реакционите сили со преземање соодветни мерки на претпазливост. b) Никогаш не поставувајте ја вашата рака во близина на прибор што се врти. Во случај на повратен удар, приборот може да биде исфрлен врз вашата рака. c) Избегнувајте го со вашето тело местото, во кое електро-алатот се движи во случај на повратен удар. Повратниот удар го води електро-алатот во спротивна насока од насоката на движење на дискот за брусење на местото за

d) Работете особено внимателно кај агли, остри рабови итн. Спречувајте ситуации, во кои приборот се одбива од и заглавува во материјалот за обработка. Кај агли, остри рабови или во случај на одбивање ротирачкиот прибор е склон кон заглавување. Тоа предизвикува губење на контролата или повратен удар. e) Не употребувајте лист за пилење со ланци или запчаници. Таквите орудија за примена честопати предизвикуваат повратен удар или губење на котролата врз електро-орудието. Специјални безбедносни упатства за шлајфување и шлајфување со делење a) Употребувајте ги исклучително алатите за брусење што се одобрени за вашиот електро-алат како и заштитната капа што е предвидена за таквите алати за брусење. Алати за брусење, коишто не се предвидени за електро-алатот, не можат да бидат доволно заштитени и се

b) Заштитната капа мора да биде сигурно поставена на електро-алатот и да биде така нагодена, што ќе се постигне максимално ниво на безбедност, тоа значи најмал дел од алатот за брусење да е насочен кон операторот. Заштитната капа треба да го штити операторот од парчиња и од случаен контакт со телото за брусење. c) Телата за брусење смеат да се употребуваат само за препорачаните можности за употреба. На пример: никогаш не брусење со страничната површина од диск за делење. Дисковите за делење се наменети за отстранување на материјал со работ на дискот. Дејството на странична сила врз овие тела за брусење може да ги скрши истите. d) Секогаш употребувајте за дисковите за брусење што сте ги одбрале неоштетени фланши за стегање, со исправна големина и форма. Соодветните фланши го заштитуваат дискот за брусење и на тој начин ја намалуваат опасноста од кршење на дискот за брусење. Фланшите за дискови за делење можат да се разликуваат од фланшите за други дискови за брусење. e) Не употребувајте искористени дискови за брусење од поголеми електро-алати. Дисковите за брусење за поголеми електро-алати не се погодни за повисоките броеви на вртежи кај помалите електро-алати и можат да се скршат.144 Mak

Други специјални безбедносни упатства за брусење со

a) Избегнувајте заглавување на дискот за делење или премногу висок контактен притисок. Не изведувајте претерано длабоки засеци. Преоптоварувањето на дискот за делење го зголемува неговиот напор и чувствителноста за извртување или блокирање, а со тоа и на можноста за повратен удар или за кршење на телото за брусење. b) Избегнувајте го доменот пред и зад ротирачки диск за делење. Доколку дискот за делење го движите во материјалот за обработка во насока подалеку од себе, во случај на повратен удар електро-алатот со дискот што се врти, може да се насочи директно

c) Доколку дискот за делење се заглави или доколку прекинете со работа, исклучете го електро-алатот и држете го мирно сè додека дискот не постигне состојба на мирување. Никогаш не обидувајте се, да го извлечете дискот од засекот додека се врти, во спротивно може да дојде до повратен удар. Констатирајте и отстранете ја причината за заглавувањето. d) Не вклучувајте го електро-алатот повторно, сè додека истиот се наоѓа во материјалот за обработка. Дозволете дискот да го достигне целиот број на вртежи, пред внимателно да го продолжите сечењето. Во спротивно дискот може да заглави, да отскокне од материјалот за обработка или да предизвика повратен удар. e) Потпрете ги плочите или големите материјали за обработка, за да го намалите ризикот од повратен удар како резултат на заглавен диск за делење. Големи материјали за обработка може да свијат како последица на својата тежина. Материјалот за обработка мора да биде потпран на двете страни и тоа како во близина на засекот за делење така и на работ. f) Бидете посебно внимателни при „Џебни засец и„ во постоечки ѕидови или други подрачја каде што се нема увид. Дискот што навлегува може да предизвика повратен удар при сечење во гасоводи или водоводи, понатаму во електрични водови или други објекти. Специјални безбедносни упатства за мазнење со хартија за шмирглање: a) Не употребувајте прекудимензионирани листови за мазнење. Следете ги податоците на производителот по однос на големината на листот за мазнење. Листови за шмирглање што зјаат надвор од подлогата за мазнење, можат да предизвикаат повреди како и блокирање, кинење на листовите или да доведат до повратен удар. Специјални безбедносни упатства во врска со работата со четките со жица: a) Обратете внимание на тоа, дека челичната четка и за време на вообичаената употреба губи парчиња жица. Не ги преоптоварувајте жиците со премногу висок притисок на притиснување. Парчиња жица кои што се разлетуваат, би можеле многу лесно да продрат низ лесна облека и/или кожата. b) Доколку е препорачана заштитна капа, спречете да дојде до м ожност за допир помеѓу заштитната капа и четката со жица. Кај четките со подножје и за четкање може да дојде до зголемување на нивниот дијаметар како резултат на притисокот при допир и на центрифугалните сили. Останати безбедносни и работни упатства При глодање на метал, се создаваат летечки искри. Погрижете се луѓето да не бидат загрозени. Поради ризик од пожар, запалливи матери не смеат да бидат лоцирани во близина (зона на искрење). Не користете издув за прав. Избегнувајте искри и прашина од брусењето да го погодат

Никогаш не посегнувајте во зоната на опасната работна површина при вклучена машина. Во случај на значителни вибрации или појава на други неправилности веднаш исклучете ја машината со цел да ја најдете причината за нив. При екстремни услови (пр: фино глодање метали со вретено или глодачко тркало со вулканизирани влакна), значително загадување може да се насобере одвнатре на аголната глодалка. Од безбедносни причини, во вакви услови, внатрешноста мора да биде комплетно исчистена од метални остатоци а прекинувачот на колото на моторот мора да биде сериски поврзан. Доколку прекинувачот на колото на моторот ја расипе машината мора да биде пратена. Прашината и струготините не смеат да се одстрануваат додека е машината работи. ГЛАВНИ ВРСКИ Да се спои само за една фаза АС коло и само на главниот напон наведен на плочката. Можно е исто така и поврзување на приклучок без заземјување доколку изведбата соодветствува на безбедност од 2 класа. Уредите кои се користат на многу различни локации вклучувајки и отворен простор мора да бидат поврзани за струја преку направата за поврзување (FI, RCD, PRCD). Вклучувањето на кабелот во струја се прави исклучиво машината е исклучена. Не дозволувајте какви и да се метални делови да дојдат до отворите за вентилација-ризик од куршлус! предизвикува краткотрајни падови на напонот. При неповолни услови на напојување, останатата опрема може да биде оштетена. Дококу отпорот на системот на снабдувањето е помал од 0,2Оhm, мала е веројатноста за појава на пречки. СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА Аголната брусилка се употребува за делење и брусење согребење (грубо гребење) на голем број материјали како например на метал или камен, како и за мазнење на подлогиза мазнење на пластика и за работа со четка со челичнажица. Во секој случај почитувајте ги упатствата напроизводителите на

За работи со делење употребувајте ја заштитната капа од програмата за прибор. Во секој случај почитувајте ги упатствата напроизводителите на приборот. Eлектричното орудие е прикладно само за сува обработка. РАБОТНИ УПАТСТВА За алатите кои се наменати за опремување со шилесто тркало за дупчење, осигурете се дека жицата во тркалото е доволно долга за да ја прифати должината на вретеното. Сечени и брусени плочи да се употребуваат и чуваат секогаш према податоците на производителот. Во случај на груба обработка и пресекување секогаш се работи со заштитна капа.145

Mak На косо сечени листови за стружење мора да бидат монтирани на тој начин што нивната површина за стружење нема да излегува надвор од нивото на работ на заштитната хауба. Шрафот за штелување мора да биде затегнат пред да се почне со работа со машината. Секогаш користете ја помошната рачка. Работни предмети кои што се обработуваат мора да бидат цврсто стегнати доколку не се држи со самата своја тежина. Работните предмети никогаш да не се водат рачно према

Пред пуштањето во погон на машината навртката со прирабница треба да биде цврсто затегната. Ако вметнатиот алат не е зацврстен со навртка со прирабница постои можност вметнатиот алат при закочување да ја изгуби потребната сила на затегнување. При прекинато напојување со електрична енергија и вклучена машина функцијата за сопирање не е можна. ЕЛЕКТРОНИКА Машините со аретирачки прекинувач се опремени со заштита од повторно придвижување. Таа заштита спречува да дојде до повторно придвижување на машината по снемување струја. Во случај на повторно започнување со работа, исклучете ја машината и потоа вклучете ја повторно. Уредот располага со заштитна функција од преоптоварување и запира при соодветно преоптоварување. Исклучете ја машината. Откако машината ќе се олади, уредот може повторно да се пушти во работа. МАЗЕН СТАРТ Електронски контролиран мазен старт за безбедно користење кој штити од почетното нагло задвижување на машината.

Вентилациските отвори на машината мора да бидат комплетно отворени постојано. Доколку приклучниот вод на електричното орудие е оштетено, ќе мора да се замени со специјално подесен вод кој што може да се добие преку сервисната организација. Користете само AEG додатоци и резервни делови. Доколку некои од компонентите кои не се опишани треба да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на AEG (консултирајте ја листата на адреси). Доколку е потребно можно е да биде набавен детален приказ на алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот како и типот на машина кој е отпечатен на етикетата и порачајте ја скицата кај локалниот застапник или директно кај: Techtronic Industries GmbH, Max-Eyth-Straße10, 71364Winnenden, Germany. ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ Под целосна лична одговорност изјавуваме дека производот опишан во „Технички податоци“ е во сообразност со сите релевантни прописи од директивите 2011/65/EU (RoHS) 2006/42/EC 2014/30/EU и дека се применети следните хармонизирани стандарди EN 60745-1:2009 + A11:2010 EN 60745-2-3:2011 + A2:2013 + A11:2014 + A12:2014 EN 55014-1:2006 + A1:2009 + A2:2011 EN 55014-2:1997 + A1:2001 + A2:2008 EN 61000-3-2:2014 EN 61000-3-3:2013 EN 50581:2012 Winnenden, 2016-05-12 Alexander Krug / Managing Director Ополномоштен за составување на техничката документација. Techtronic Industries GmbH Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Germany

ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ! Ве молиме пред да ја стартувате машината обрнете внимание на упатствата за употреба. Секогаш при користење на машината носете

Носете ракавици! Секогаш кога преземате активности врз машината исклучете го кабелот од струјата. Не употребувајте сила. Само за работи на сечење. Само за работи на брусење. Дополнителна опрема - Не е вклучена во стандардната, а достапна е како додаток. Електричните апарати не смеат да се фрлат заедно со домашниот отпад. Електричните и електронсите апарати треба да се собираат одделно и да се однесат во соодветниот погон заради нивно фрлање во склад со начелата за заштита на околината. Информирајте се кај Вашите местни служби или кај специјализираниот трговски претставник, каде има такви погони за рециклажа и собирни станици. Електрично орудие од заштитната категорија II. Електрично орудие чијашто заштита од електричен удар не зависи само од основната изолација туку и од тоа дали ќе се применат дополнителните заштитни мерки како што се двоструките изолации или појачаната изолација. Не постои никаква направа за приклучување на некој заштитен вод.