PHILIPS 4400 Series EP4444 - Кафемат

4400 Series EP4444 - Кафемат PHILIPS - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот 4400 Series EP4444 PHILIPS во PDF формат.

📄 570 страници PDF ⬇️ Македонски MK 💬 AI прашање ⚙️ Спецификации 🖨️ Печати
Notice PHILIPS 4400 Series EP4444 - page 504
Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : PHILIPS

Модел : 4400 Series EP4444

Категорија : Кафемат

SKIP

Frequently Asked Questions - 4400 Series EP4444 PHILIPS

Преземете ги упатствата за вашиот Кафемат во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник 4400 Series EP4444 - PHILIPS и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. 4400 Series EP4444 на марката PHILIPS.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК 4400 Series EP4444 PHILIPS

Преглед на машината (Сл. А)______________________________________________________________ 503 Контролна табла_________________________________________________________________________ 503 Вовед ___________________________________________________________________________________ 504 Пред првата употреба ____________________________________________________________________ 505 Варење пијалаци ________________________________________________________________________ 506 Персонализирање пијалаци ______________________________________________________________ 508 Приспособување на поставките за машината ______________________________________________ 509 Отстранување и вметнување на групата за варење _________________________________________ 510 Чистење и одржување____________________________________________________________________ 511 Филтер за вода AquaClean _______________________________________________________________ 513 Постапка на отстранување бигор (30 мин.) ________________________________________________ 514 Нарачување додатоци____________________________________________________________________ 515 Решавање проблеми _____________________________________________________________________ 516 Технички спецификации__________________________________________________________________ 522 Преглед на машината (Сл. А) A1 Контролна табла A10 Сервисна врата A2 Држач за чаши A11 Етикета со податоци со број на тип A3 Преграда за претходно мелено кафе A12 Резервоар за вода A4 Капак на резервоарот за зрна кафе A13 Одвод за врела вода A5 Приспособлив одвод за кафе A14 Сад за мелено кафе A6 Приклучок за кабел за напојување A15 Преден панел на садот за мелено кафе A7 Копче за поставување на мелењето A16 Капак на послужавникот за капење A8 Резервоар за зрна кафе A17 Послужавник за капење A9 Група за варење A18 Индикатор „послужавникот за капење

A19 Кабел за напојување A22 Лажичка за мерење A20 Цевка за подмачкување A23 Лента за тестирање тврдост на водата A21 Филтер за вода AquaClean A24 LatteGo (сад за млеко) Контролна табла Постојат повеќе верзии од овој апарат за еспресо, со различни контролни табли. Секоја верзија има сопствен број на тип. Бројот на типот може да го најдете на етикетата со податоци на внатрешната страна од сервисната врата (Сл. А11). Бројот на типот може да го најдете и со допирање на иконата за Поставки и избирање „Поддршка“.504

Погледнете ги сликите C и D за преглед на сите копчиња и икони. Подолу ќе го најдете описот. Користете ги стрелките за нагоре и надолу за да лизгате низ дисплејот и допрете ја иконата OK за да ги изберете или потврдите вашите избори. Сите типови (Сл. C/D) C1/D1 Икони за пијалаци со

C4. Икони за навигација (нагоре, надолу, назад, ОК) C7. Мени за чистење C2/D2. Мени со други пијалаци C5. Приказ C8. Лични профили C3 Старт/стоп копче C6. Поставки за машината C9. Копче за вклучување/исклучување Само кај серијата 4000 (Сл. C) C1 Икони за пијалаци со еден допир: еспресо, кафе, американо, кафе со мраз, капучино, лате

Само кај серијата 5000 (Сл. D) D1 Икони за пијалаци со еден допир: еспресо, кафе, американо, капучино, лате макијато, кафе со мраз, лате со мраз

Ви честитаме што купивте целосно автоматска машина за кафе Philips! За целосно да ја искористите поддршката што ја нудиме, регистрирајте го вашиот производ на www.philips.com/welcome. Внимателно прочитајте ја посебната безбедносна брошура пред првиот пат кога ќе ја користите машината и зачувајте ја за во иднина. За да ви помогнеме да започнете и да го добиете најдоброто од вашата машина, нудиме поддршка на повеќе начини. Во кутијата можете да го најдете следново: 1 Водичот за брзо започнување со упатства за користење претставени со слики и информации за чистење и одржување. 2 Посебната брошура за безбедност со упатства за безбеден начин на користење на машината. 3 За онлајн поддршка (овој проширен прирачник за корисниците, често поставувани прашања, видеа итн.), скенирајте го QR-кодот што се наоѓа на корицата на оваа брошура за да ја преземете апликацијата или одете на www.philips.com/coffee-care. Постојат повеќе верзии од оваа машина за еспресо и сите имаат различни функции. Секоја верзија има сопствен број на тип. Бројот на типот може да го најдете на етикетата со податоци на внатрешната страна од сервисната врата (видете Сл. А11). Машинава е тестирана со кафе. Иако беше внимателно исчистена, може да има остатоци од кафе. Сепак, гарантираме дека машината е потполно нова. Машината автоматски го приспособува количество мелено кафе што се користи за да направи највкусно кафе. Може да сварите 5 филџани кафе првично за да ѝ овозможите на машината да го заврши самостојното приспособување. Погрижете се да го исплакнете LatteGo (садот за млеко) пред првото користење.505

Пред првата употреба Склопување на LatteGo506

Варење пијалаци Општи чекори 1 Наполнете го резервоарот за вода со вода од чешма и наполнете го резервоарот за зрна кафе со

2 Внесете го малиот приклучок во електричниот приклучок на задната страна од машината. Ставете го приклучокот за напојување во ѕидниот штекер. 3 Притиснете го копчето за вклучување/исклучување за да ја вклучите машината.

Кога сите светла на иконите за пијалаци светат постојано, машината е подготвена за употреба. 4 Ставете филџан под одводот за распрскување кафе. Лизгајте го одводот за распрскување кафе нагоре или надолу за да ја приспособите неговата висина на висината на филџанот или чашата што ја користите (Сл. 2). Варење кафе со зрна 1 За да сварите кафе, допрете ја иконата за пијалак по избор или допрете ја иконата „More Drinks“ (Други пијалаци).

Може да го приспособите пијалакот по ваш вкус. Користете ги стрелките за нагоре и надолу за да ја приспособите јачината на кафето. Допрете ја иконата ОК ако сакате да приспособите и други поставки. 2 Притиснете го копчето за старт/стоп во секое време за да започнете со варење на избраниот

3 За да сопре распрснувањето на кафето пред да заврши машината, притиснете го копчето за старт/стоп повторно. За да варите две кафиња истовремено, допрете ја иконата за пијалак два пати или изберете ја иконата 2x со лизгање на назначената лента. Немојте да користите карамелизирани зрна кафе или зрна кафе со посебен вкус. Варење пијалаци на база на млеко со LatteGo (садот за

LatteGo се состои од сад за млеко, рамка и капак за резервоарот. За да се избегне протекување, погрижете се правилно да ги составите рамката и садот за млеко пред да го наполните садот за

1 За да го составите LatteGo, прво вметнете го горниот дел од садот за млеко под куката на горниот дел од рамката (Сл. 8). Потоа притиснете го долниот дел од садот за млеко на своето место. Ќе слушнете кликнување кога ќе се заклучи на своето место (Сл. 9). Забелешка: осигурете се дека садот за млеко и рамката се чисти пред да ги поврзете. 2 Малку навалете го LatteGo и ставете го врз одводот за врела вода (Сл. 10). Потоа притиснете го додека не се заклучи на своето место (Сл. 11). 3 Наполнете го LatteGo со млеко (Сл. 12). Не полнете го садот за млеко над ознаката за максимум. Ако сте го персонализирале количеството на млеко, можеби ќе треба да го наполните садот со повеќе или помалку млеко од означеното за овој пијалак на LatteGo. Секогаш користете млеко тукушто извадено од фрижидер за оптимални резултати. 4 Ставете филџан на послужавникот за капење.507

5 Допрете ја иконата за пијалак на база на млеко по избор или допрете ја иконата „More Drinks“ (Други пијалаци) за да изберете друг пијалак

Сега може да го приспособите пијалакот по сопствен избор. 6 Притиснете го копчето за старт/стоп .

Кога варите капучино, обично кафе со млеко, лате макијато, капучино со мраз или лате со мраз, машината прво распрскува млеко, а потоа кафе. Кога варите кафе лате, кафе со млеко, кафе лате со мраз или кафе со млеко со мраз, машината прво распрскува кафе, а потоа млеко.

За да сопре распрснувањето на млекото пред машината да го распрска одреденото количество, притиснете го копчето за старт/стоп . 7 За да сопре распрснувањето на целосниот пијалак (млеко и кафе) пред да заврши машината, притиснете и задржете го копчето за старт/стоп . Правење пијалаци со мраз Кафето се подготвува со топла вода. Подготвувајте врз коцки мраз за оптимални резултати. 1 Земете чаша и наполнете две третини со коцки мраз. 2 Поставете ја чашата под одводот за распрскување кафе. 3 Допрете ја иконата за кафе со мраз.

Може да го приспособите пијалакот според саканиот вкус. Препорачуваме да ја користите јачината на аромата 3. 4 Притиснете го копчето за старт/стоп . 5 За да сопре распрснувањето на кафето пред да заврши машината, притиснете го копчето за старт/стоп повторно. 6 За посебно кафе со мраз, одгоре ставете ладно млеко. Дополнителна доза (ExtraShot) Вашата машина ви нуди можност да додадете дополнителна доза „ристрето“ во вашето кафе и млечни пијалаци, на пример, ако сакате да имате појако кафе. 1 Ставете филџан под одводот 2 Допрете на една од иконите за пијалаци со еден допир за да изберете пијалак или допрете на иконата „More Drinks“ (Други пијалаци) за да изберете пијалак. 3 Користете ја стрелката за нагоре за да ја поставите јачината до највисокото ниво, а потоа изберете ја функцијата ExtraShot. 4 Допрете ја иконата ОК ако сакате да ги персонализирате другите поставки. Потоа притиснете на иконата за старт/стоп за да започнете со подготовка на пијалакот. 5 За да сопре распрскувањето на пијалакот пред да заврши машината, притиснете ја иконата за старт/стоп повторно. Кога сте ја избрале функцијата ExtraShot, можете да варите само едно кафе истовремено. Варење кафе со претходно сомелено кафе Може да изберете да користите претходно мелено кафе наместо зрна, на пример, ако претпочитате друга сорта на кафе или бескофеинско кафе. 1 Отворете го капакот на преградата за претходно мелено кафе и ставете една рамна лажичка за мерење од претходно сомеленото кафе во неа (Сл. 14). Потоа затворете го капакот. 2 Допрете на една од иконите за пијалаци со еден допир или допрете на иконата „More Drinks“ (Други пијалаци) за да изберете друг пијалак.508

3 Изберете ја функцијата за претходно мелено кафе. Ова може да го направите на 2 различни

користете ја стрелката за надолу за да ја поставите јачината на најниско ниво, а потоа изберете ја функцијата за претходно мелено кафе.

притиснете ја иконата „Поставки“ и користете ја стрелката за надолу за да ја изберете функцијата за претходно мелено кафе. 4 За да сопре распрснувањето на кафето пред да заврши машината, притиснете го копчето за старт/стоп повторно. Кога ќе ја изберете функцијата за претходно мелено кафе: - таа се зачувува автоматски. - може да сварите само по едно кафе истовремено. - не може да изберете друга јачина на аромата. Распрскување врела вода 1 Ако е прикачен, отстранете го LatteGo. 2 Ставете филџан под одводот за врела вода. 3 Допрете на иконата „More Drinks“ (Други пијалаци) и користете ги стрелките за нагоре и надолу за да изберете жешка вода. 4 Користете ги стрелките за нагоре и надолу за да го приспособите количеството врела вода и/или температурата по ваш избор. 5 Притиснете го копчето за старт/стоп .

Врелата вода се распрскува од одводот за врела вода (Сл. 15). 6 За да сопре распрснувањето на врелата вода пред да заврши машината, притиснете го копчето за старт/стоп повторно. Персонализирање пијалаци Машината ви дозволува да ги приспособите поставките на пијалакот по сопствен избор и да го зачувате приспособениот пијалак во личниот профил. Различните профили имаат различни бои. Откако ќе изберете пијалак со допирање на една од иконите за пијалаци со еден допир или со допирање на иконата „More Drinks“ (Други пијалаци), може да ги направите следниве работи: 1 да ја приспособите јачината на аромата со иконите за нагоре и надолу (Сл. 5). Има 5 јачини, најниската е најслаба, а највисоката е најсилна. 2 да го приспособите количеството (Сл. 16) на кафе и/или количеството на млеко со иконите за нагоре и за надолу. Има 5 количества за секоја од поставките. Што ќе заврши машината со варење, поставките што сте ги избрале ќе се зачуваат во профилот што ќе го изберете. Избирање профил Може да изберете профил и да зачувате рецепт со Мои профили за избор на кафе (My Coffee Choice Profiles). 1 Допирајте ја иконата за профили повторливо за да изберете еден од обоените профили. Сите профили имаат различна боја. 2 Изберете пијалак со допирање на една од иконите за пијалак со еден допир или со допирање на иконата „More Drinks“ (Други пијалаци). 3 Приспособете ги поставките за пијалакот на вашиот омилен вкус.509

Македонски4 Притиснете на копчето за старт/стоп за да започнете варењето на избраниот пијалак Новите поставки сега се зачувани во обоениот профил што сте го избрале. Секогаш може да ги вратите фабричките поставки на машината (видете 'Враќање на фабричкипоставки'). Профил на гостин Машината е опремена со профил на гостин. Кога ќе се избере профилот на гостин, иконата запрофил е исклучена. Кога ќе го изберете овој профил, може да ги персонализирате поставките посопствен избор, но рецептите нема да се зачуваат. Приспособување на поставките за машината Поставување тврдост на водата Ве советуваме да ја приспособите поставката за тврдост на водата според нивото на тврдост наводата во вашиот регион за да имате оптимални перформанси и подолг работен век на машината.Ова спречува да морате премногу често да го чистите бигорот на машината. Стандардната поставказа тврдост на водата е 4: тврда вода. Користете ја лентата за тестирање тврдост на водата дадена во кутијата за да ја одредите тврдоста на водата во вашиот регион: 1 Ставете ја лентата за тестирање тврдост на водата во вода од чешма или држете ја под чешма 1секунда (Сл. 17).2 Почекајте 1 минута. Бројот на квадрати на лентата за тестирање што ќе станат црвени јаозначуваат тврдоста (Сл. 18) на водата. Поставете ја машината на точната тврдост на водата: 1 Допрете на иконата „Поставки“ и користете ги стрелките за нагоре и надолу за да изберете„Water hardness“ (Тврдост на водата). Потоа притиснете на иконата ОК за да потврдите. 2 Користете ги стрелките за нагоре и надолу за да го изберете нивото на тврдост на водата. Бројот на црвени квадрати избран на дисплејот треба да биде ист со бројот на црвени квадрати налентата (Сл. 19) за тестирање.3 Кога ќе ја поставите точната тврдост на водата, допрете ја иконата ОК за да потврдите. Приспособување на поставките за мелницата Може да ја промените јачината на кафето со копчето за поставка на мелењето во садот за зрна.Колку е пониска поставката за мелење, толку е пофино меленото кафе и толку појако ќе бидекафето. Има 12 различни поставки за мелење од кои може да изберете.Машината е поставена да го извлече најдобриот вкус од вашите зрна кафе. Затоа ве советуваме да неја поставувате поставката за мелење додека не сте свариле 100 до 150 филџани (приближно 1 месецкористење). Поставките за мелење може да ги поставувате само кога машината ги меле зрната кафе. Треба дасварите 2 или 3 пијалаци пред да може да ја вкусите разликата. Не вртете го копчето за поставување на мелењето повеќе од еден зарез едновремено за да сеспречи оштетување на мелницата.510

1 Ставете филџан под одводот за распрскување кафе. 2 Отворете го капакот на резервоарот за зрна кафе. 3 Допрете ја иконата за еспресо, а потоа притиснете на копчето за старт/стоп . 4 Кога мелницата ќе почне да меле, притиснете го копчето за поставка на мелењето и свртете го налево или надесно. (Сл. 20) Приспособување на другите поставки за машината Со допирање на иконата за Поставки , можете да ги приспособите следниве поставки за машината:

Тврдост на водата: можете да изберете помеѓу 5 нивоа, во согласност со тврдоста на водата во вашиот регион;

Време на чекање: можете да изберете 15, 30, 60 или 180 минути

Температура: можете да изберете помеѓу 3 температури на варење за вашето кафе

Предно осветлување (само кај серијата 5500): можете да изберете „секогаш вклучена“, „вклучена за време на варење“ или „секогаш исклучена“.

Единица мерка: можете да изберете помеѓу ml или oz.

Плакнење при започнување: може да активирате или да деактивирате автоматски циклус на плакнење кога ја вклучувате машината.

Заднинско осветлување на екранот: може да го активирате или деактивирате заднинското осветлување на копчињата за пијалаци. Враќање на фабрички поставки Машината ви нуди можност да ги вратите фабричките поставки во секој момент. 1 Допрете ја иконата Settings (Поставки) . 2 Користете ги иконите за нагоре и надолу за да изберете „Фабрички поставки“. Потврдете со допирање на иконата OK. 3 Притиснете го копчето за старт/стоп за да потврдите дека сакате да ги вратите поставките.

Поставките сега се враќаат. Следните фабрички поставки се враќаат на стандардно: тврдост на водата, време на мирување, заднинско осветлување на екранот, плакнење при започнување, звук, температура, предно осветлување, профили. Отстранување и вметнување на групата за

Одете на www.philips.com/coffee-care за детални видео упатства за начинот на отстранување, вметнување и чистење на групата за варење. Отстранување на групата за варење од машината 1 Исклучете ја машината. 2 Извадете го резервоарот за вода и отворете ја сервисната врата (Сл. 21).511

3 Притиснете ја рачката (Сл. 22) PUSH и повлечете го држачот на групата за варење за да ја извадите од машината (Сл. 23). Повторно вметнување на групата за варење Пред да ја вратите групата за варење назад во машината, осигурете се дека е во точната положба. 1 Проверете дали групата за варење е во точната положба. Стрелката на жолтиот цилиндар на страната од групата за варење мора да биде порамнета со црната стрелка и N (Сл. 24)

Ако не се порамнети, притиснете ја рачката додека не дојде во контакт со основата од групата (Сл. 25) за варење. 2 Вратете ја групата за варење назад во машината со лизгање долж водечките шини на страните (Сл. 26) додека не се заклучи во положба со кликнување (Сл. 27). Не притискајте го копчето PUSH. 3 Затворете ја сервисната врата и вратете го резервоарот за вода. Чистење и одржување Редовното чистење и одржување ја одржува вашата машина во одлична состојба и обезбедува кафе со добар вкус долго време и со стабилен проток на кафе. Погледнете ја табелата подолу за детален опис на времето и начинот на чистење на сите делови од машината што се вадат. Може да најдете подетални информации и видео упатства на www.philips.com/coffee-care. Погледнете ја сликата B за преглед на деловите што може да се чистат во машина за миење садови. Делови што се

Кога да се чисти Како да се чисти Група за варење Седмично Отстранете ја групата за варење од машината (видете 'Отстранување и вметнување на групата за варење'). Исплакнете ја под чешма (видете 'Чистење на групата за варење под млаз вода од

Месечно Исчистете ја групата за варење со таблета за отстранување масло од кафе на Philips (видете 'Чистење на групата за варење со таблети за отстранување масло од кафе'). Преграда за претходно мелено

Проверувајте ја преградата за претходно мелено кафе седмично за да видите дали е

Исклучете ја машината и извадете ја групата за варење. Отворете го капакот на преградата за претходно мелено кафе и ставете ја рачката на лажицата во неа. Движете ја рачката нагоре-надолу додека заглавеното кафе не испадне (Сл. 28). Одете на www.philips.com/coffee-care за детални видео упатства.512

Кога да се чисти Како да се чисти Сад за мелено кафе Испразнете го садот за мелено кафе кога ќе ве потсети машината. Чистете го

Извадете го садот за мелено кафе додека машината е вклучена. Исплакнете го под чешма со малку течен детергент или исчистете го во машина за миење садови. Предниот панел на садот за мелено кафе (Сл. А15) не се мие во машина за миење

Празнете го послужавникот за капење секојдневно или штом ќе се појави црвениот индикатор „Drip tray full“ (Послужавникот за капење е полн) низ послужавникот за капење (Сл. 29). Чистете го послужавникот за капење

Извадете го послужавникот (Сл. 30) за капење и исплакнете го под чешма со малку течен детергент. И послужавникот за капење може да го чистите во машина за миење садови. Предниот панел на садот за мелено кафе (Сл. А15) не се мие во машина за миење садови. LatteGo По секоја употреба Прво исчистете го LatteGo додека е прикачен на машината со програмата „Quick milk clean“ (Брзо чистење од млеко) (видете 'Брзо чистење на LatteGo'). Потоа отстранете го од машината и исплакнете го под чешма или ставете го во машина за миење садови. Подмачкување на групата за варење Секои 2 месеци Погледнете ја табелата за подмачкување и подмачкајте ја групата за варење со маст на Philips (видете 'Подмачкување на групата за

Резервоар за вода Седмично Исплакнете го резервоарот за вода под

Седмично Чистете со неабразивна крпа Чистење на групата за варење Редовното чистење на групата за варење спречува затнување на внатрешните кола со остатоци од кафе. Постете ја www.philips.com/coffee-care за видеа за поддршка за начинот на отстранување, вметнување и чистење на групата за варење. Чистење на групата за варење под млаз вода од чешма 1 Извадете ја групата (видете 'Отстранување и вметнување на групата за варење') за варење. 2 Исплакнете ја групата за варење темелно со вода. Внимателно исчистете го горниот филтер (Сл.

31) на групата за варење.

3 Оставете ја групата за варење да се исуши на воздух и вратете ја назад. Немојте да ја сушите групата за варење со крпа за да не се насоберат влакна во неа. Чистење на групата за варење со таблети за отстранување масло од кафе Користете само таблети за отстранување масло од кафе на Philips.513

1 Допрете на иконата Чисти и користете ги стрелките за нагоре и надолу за да изберете „Чистење на групата за варење“. 2 Допрете на иконата ОК за да потврдите, а потоа следете ги упатствата на екранот. Подмачкување на групата за варење За да ги подобрите перформансите на машината, препорачуваме да ја подмачкувате групата за варење на секои 2 месеци за да се осигури дека подвижните делови ќе продолжат со непречено функционирање. 1 Нанесете тенок слој маст на клипот (сивиот дел) од групата за варење (Сл. 32). 2 Нанесете тенок слој маст околу оската (сивиот дел) на дното од групата (Сл. 33) за варење. 3 Нанесете тенок слој маст на водечките шини од двете страни (Сл. 34). Чистење на LatteGo (садот за млеко) Брзо чистење на LatteGo 1 LatteGo треба да е правилно прикачен за машината (Сл. 10). 2 Ставете филџан под одводот. 3 Допрете на иконата Чисти и користете ги стрелките за нагоре и надолу за да ја изберете програмата „Quick milk clean“ (Брзо чистење од млеко). 4 Допрете ја иконата OK за да потврдите, а потоа следете ги упатствата на екранот за да го отстраните млекото што можеби преостанало во системот за млеко.

Системот за млеко ќе распрска мали млазови врела вода. 5 Складирајте го LatteGo со преостанатото млеко во фрижидер. Темелно чистење на LatteGo 1 Отстранете го LatteGo од машината (Сл. 35). 2 Истурете го преостанатото млеко. 3 Притиснете го копчето за отпуштање и отстранете го садот за млеко од рамката на LatteGo (Сл. 36). 4 Исчистете ги сите делови во машина за садови или под чешма со млака вода и малку течност за

Филтер за вода AquaClean На вашата машина е овозможен AquaClean. Можете да го поставите филтерот за вода AquaClean во резервоарот за вода за да го зачувате вкусот на вашето кафе. Тоа исто така ја намалува потребата за чистење бигор поради намалување на наслагите на бигор во вашата машина. Можете да купите филтер за вода AquaClean од вашиот локален малопродажник, од овластените сервисни центри или онлајн на www.philips.com/parts-and-accessories. Индикација за состојбата на филтерот AquaClean Кога е активен AquaClean, статусот на филтерот AquaClean секогаш е видлив на екранот како

Ако состојбата на филтерот AquaClean е 10 % или помалку, екранот прикажува порака 2 секунди секој пат кога ќе ја вклучите машината. Оваа порака ве советува да купите нов филтер.

Ако состојбата на филтерот 0 %, машината бара да го замените филтерот AquaClean секој пат кога ќе ја вклучите.514

Активирање на филтерот за вода AquaClean (5 мин.) Машината не открива автоматски дека е поставен филтер во резервоарот за вода. Затоа треба да го активирате секој нов филтер за вода AquaClean што го монтирате во менито „Clean“ (Чисти). Кога машината ќе сопре да ја прикажува пораката за активирање на филтерот, сѐ уште можете да активирате филтер за вода AquaClean, но ќе треба прво да ја исчистите машината од бигор. Вашата машина треба да нема никаков бигор пред да почнете да го користите филтерот за вода AquaClean. Пред да го активирате филтерот за вода AquaClean, тој мора да се подготви со негово натопување во вода, како што е опишано подолу. Ако не го направите ова, во машината може да навлезе воздух наместо вода, што создава многу бучава и машината нема да може да вари кафе. 1 Допрете на иконата „Clean“ (Чисти) и користете ги стрелките за нагоре и надолу за да изберете „AquaClean“. 2 Допрете на иконата OK за да потврдите. 3 Допрете на иконата OK повторно кога ќе се појави екранот за активирање. Следете ги упатствата на екранот. 4 Тресете го филтерот околу 5 секунди (Сл. 37). 5 Потопете го филтерот наопаку во чаша со ладна вода и тресете го/притискајте го (Сл. 38). 6 Вметнете го филтерот вертикално врз конекцијата за филтер во резервоарот за вода. Притиснете го надолу до најниската можна точка (Сл. 39). 7 Наполнете го резервоарот за вода со свежа вода од чешма и вратете го назад во машината. 8 Ако е прикачен, отстранете го LatteGo. 9 Ставете сад под одводот за врела вода. 10 Притиснете на копчето за старт/стоп за да започне процесот на активација. 11 Од одводот за жешка вода ќе се распрскува жешка вода 1 минута. 12 Филтерот сега е безбедно активиран. Заменување на филтерот за вода AquaClean (5 мин.) Откако ќе поминат 95 литри вода низ филтерот, тој ќе престане да функционира. Индикаторот за статус на AquaClean ќе падне на 0 % за да ве потсети да го замените филтерот. Сѐ додека индикаторот за состојба на филтерот AquaClean се прикажува на дисплејот, може да го замените филтерот пред да треба прво да го отстраните бигорот од машината. Ако не го замените филтерот AquaClean навремено, индикаторот на AquaClean ќе се исклучи по некое време. Во тој случај, ќе може да го замените филтерот, но прво ќе треба да го отстраните бигорот од машината. Кога индикаторот за состојба на AquaClean ќе падне на 0 % или кога машината ве потсетува да го замените филтерот AquaClean: 1 извадете го стариот филтер за вода AquaClean. 2 монтирајте нов филтер и активирајте го, како што е опишано во поглавјето „Активирање на филтерот за вода AquaClean (5 мин.)“. Заменувајте го филтерот за вода AquaClean најмалку на секои 3 месеци, дури и ако машината сѐ уште не укажува дека е потребна замена. Постапка на отстранување бигор (30 мин.) Користете само средство за отстранување бигор на Philips. Во ниту еден случај не треба да користите средство за отстранување бигор на база на сулфурна киселина, хлороводородна киселина,515

аминосулфуреста или оцетна киселина (оцет) бидејќи ова може да го оштети колото за вода во машината и нема да го раствори бигорот соодветно. Ако не користите средство за отстранување бигор на Philips, гаранцијата нема да важи. Гаранцијата нема да важи и ако не извршувате чистење бигор на апаратот. Може да купите раствор за отстранување бигор на Philips во онлајн продавницата на www.philips.com/coffee-care. Кога ќе биде потребно да се отстрани бигор од машината, на дисплејот се појавува порака. 1 Допрете ја иконата за чистење на корисничкиот интерфејс и изберете „Descaling“ (Отстранување бигор) во менито. 2 Следете ги упатствата на екранот. 3 Ако е прикачен, отстранете го LatteGo. 4 Отстранете ги послужавникот за капење и садот за мелено кафе, испразнете ги и вратете ги на своето место. 5 Извадете го резервоарот за вода и испразнете го. Потоа извадете го филтерот за вода AquaClean. 6 Истурете го целото шише на средството за отстранување бигор на Philips во резервоарот за вода, а потоа наполнете го со вода до Calc / Clean индикацијата (Сл. 40). Потоа повторно ставете го во

7 Ставете голем сад (1,5 l) под одводот за распрскување кафе и одводот за вода. 8 Притиснете на копчето за старт/стоп за да започне постапката за чистење бигор. Постапката за чистење бигор трае приближно 30 минути и се состои од циклус на чистење бигор и циклус на

9 Почекајте додека машината не престане да распрскува вода. Повторно наполнете го резервоарот за вода кога на дисплејот ќе се појави порака. Постапката за отстранување бигор е завршена кога машината ќе престане да распрскува вода. 10 Монтирајте нов филтер за вода AquaClean во резервоарот за вода и активирајте го.

Кога ќе заврши постапката за отстранување бигор, машината ве потсетува да монтирате нов филтер AquaClean (видете 'Заменување на филтерот за вода AquaClean (5 мин.)'). Совет: Користењето на филтерот AquaClean ја намалува потребата за отстранување бигор! Што треба да направите ако постапката за чистење бигор

Може да излезете од постапката за чистење бигор со притискање на копчето за вклучување/исклучување на контролната табла. Ако постапката за чистење бигор се прекине пред да заврши целосно, направете го следново: 1 Испразнете го и исплакнете го резервоарот за вода темелно. 2 Наполнете го резервоарот за вода со свежа вода до нивото Calc / Clean и повторно вклучете ја

3 Пред варење пијалаци, изведете циклус на рачно плакнење. За да изведете рачен циклус на плакнење, прво ставете половина резервоар врела вода со повторливо избирање на функцијата за врела вода, а потоа сварете 2 филџани претходно мелено кафе без да додадете мелено кафе. Ако постапката за чистење бигор не завршила, ќе биде потребно да се изврши друга постапка за чистење бигор што е можно поскоро. Нарачување додатоци За чистење на машината и бигорот, користете само производи за одржување на Philips. Овие производи може да се купат од вашиот локален малопродажник, од овластените сервисни центри516

или онлајн на www.philips.com/parts-and-accessories. За да го најдете целосниот список со резервни делови онлајн, внесете го бројот на моделот на вашата машина. Бројот на моделот може да го најдете од внатрешната страна на сервисната врата. Производи за одржување и број на типови:

Раствор за отстранување бигор CA6700

Маст за групата за варење HD5061

Таблети за отстранување масло од кафе CA6704 Brita-филтрите не се компатибилни со оваа машина. Решавање проблеми Ова поглавје ги резимира најчестите проблеми што може да ги сретнете кај машината. Видеата за поддршка и целосниот список со често поставуваните прашања се достапни на www.philips.com/coffee-care. Ако не можете да го решите проблемот, контактирајте со Центарот за грижа на корисниците во вашата држава. За деталите за контакт, погледнете го гарантниот лист. Икони за предупредување

Иконата „water tank empty“ (резервоарот за вода е празен) се појавува на дисплејот. - Резервоарот за вода е речиси празен. Наполнете го резервоарот за вода со свежа вода до ознаката за максимално ниво. - Резервоарот за вода не е ставен на своето место. Ставете го резервоарот за вода на своето место. Иконата „add beans“ (додајте зрна) се појавува на дисплејот. - Наполнете го резервоарот за зрна кафе со зрна кафе. Иконата „empty coffee ground container“ (испразнете го садот за мелено кафе) се појавува на дисплејот. - Садот за мелено кафе е полн. Извадете го и испразнете го садот за мелено кафе додека машината е вклучена. Почекајте 5 минути пред да го вратите назад. Иконата „insert brew group“ (вметнете ја групата за варење) се појавува на дисплејот. - Групата за варење не е на место или не е поставена правилно. Извадете ја групата за варење и осигурете се дека е блокирана на своето место. Погледнете го поглавјето „Отстранување и вметнување на групата за варење“ за упатства чекор по чекор. Кодови за грешки Подолу ќе најдете список со кодови на грешки што прикажуваат проблеми коишто може да ги решите сами. Видеоупатствата се достапни на www.philips.com/coffee-care. Ако се појави друг код на грешка, контактирајте со центарот за грижа на корисници на Philips во вашата земја. За деталите за контакт, погледнете го гарантниот лист.517

Проблем Можно решение 01 Инката за кафе е

Исклучете ја машината и откачете ја од кабел. Извадете ја групата за варење. Потоа отворете го капакот на преградата за претходно мелено кафе и ставете ја рачката на лажицата. Движете ја рачката нагоре-надолу додека заглавеното кафе не испадне. Посетете ја www.philips.com/coffee-care за детални видео упатства. 03 Групата за варење е валкана или не е добро подмачкана. Исклучете ја машината. Исплакнете ја групата за варење со свежа вода, оставете ја да се исуши на воздух, а потоа подмачкајте ја. Погледнете во поглавјето „Чистење на групата за варење“ или посетете ја www.philips.com/coffee-care за детални видео упатства. Потоа повторно вклучете ја

04 Групата за варење не е позиционирана

Исклучете ја машината. Отстранете ја групата за варење и повторно вметнете ја. Проверете дали групата за варење е во точната положба пред да ја вметнете. Погледнете во поглавјето „Ракување на групата за варење“ или посетете ја www.philips.com/coffee-care за детални видео упатства. Потоа повторно вклучете ја машината. 05 Има воздух во колото

Рестартирајте ја машината со исклучување и повторно вклучување. Ако ова успее, истурете 2 до 3 чаши врела вода. Исчистете го бигорот од машината ако не сте го направиле тоа подолго време. Филтерот AquaClean не е подготвен соодветно пред монтирањето или

Извадете го филтерот AquaClean и повторно обидете се да сварите кафе. Ако ова успее, проверете дали филтерот AquaClean е подготвен соодветно пред да го ставите повторно назад. Ставете го филтерот AquaClean во резервоарот за вода. Ако и ова не успее, филтерот може да е затнат и треба да се

11 Машината треба да се приспособи на собна температура Оставете ја машината некое време да се приспособи на собна температура од транспортната/надворешната температура. Исклучете ја машината 30 минути, а потоа повторно вклучете ја. Ако ова не успее, контактирајте со Центарот за грижа на корисниците во вашата држава. За деталите за контакт, погледнете го гарантниот лист. 14 Машината е прегреана. Исклучете ја машината и повторно вклучете ја по 30 минути. 19 Машината не е правилно приклучена во ѕидниот приклучок. Осигурете се дека малиот приклучок од кабелот за напојување е правилно поврзан во електричниот приклучок на задната страна од машината. Табела за решавање проблеми Ова поглавје ги резимира најчестите проблеми што може да ги сретнете кај машината. Видеата за поддршка и целосниот список со често поставуваните прашања се достапни на www.philips.com/coffee-care. Ако не можете да го решите проблемот, контактирајте со Центарот за грижа на корисниците во вашата држава. За деталите за контакт, погледнете го гарантниот лист.518

Проблем Причина Решение Има остатоци од кафе во мојата нова машина. машинава е тестирана со кафе. Иако беше внимателно исчистена, може да има остатоци од кафе. Сепак, машината е потполно нова. Послужавникот за капење се полни брзо/секогаш има вода во послужавникот за

Тоа е нормално. Машината користи вода за да ги плакне внатрешното коло и групата за варење. Дел од водата поминува низ внатрешниот систем и директно во послужавникот за капење. Празнете го послужавникот за капење секојдневно или штом ќе се појави црвениот индикатор „послужавникот за капење е полн“ низ капакот на послужавникот за капење. Совет: ставете чаша под одводот за распрскување за да се собере водата за плакнење што ќе излезе од него. Иконата „испразнете го садот за мелено кафе“ е постојано вклучена. Сте го испразниле садот за мелено кафе додека машината била исклучена или сте го вратиле назад пребрзо. Секогаш вадете го и празнете го садот за мелено кафе додека машината е вклучена. Извадете го садот за мелено кафе, почекајте најмалку 5 секунди, а потоа повторно вметнете го. Машината бара да се испразни садот за мелено кафе иако садот

Машината не го ресетирала бројачот последниот пат кога сте го испразниле садот за мелено кафе. Секогаш почекајте најмалку 5 секунди кога го враќате садот за мелено кафе назад во машината. На овој начин, бројачот за празнење на садот за мелено кафе ќе се ресетира на нула и бројот на полнења со кафе се брои

Секогаш вадете го и празнете го садот за мелено кафе додека машината е вклучена. Ако го испразните садот за мелено кафе кога машината е исклучена, бројачот за празнење на садот за мелено кафе нема да се

Садот за мелено кафе е преполн, а иконата „испразнете го садот за мелено кафе“ не се прикажа на дисплејот. Сте го извадиле послужавникот за капење без да го испразните садот за мелено кафе. Кога ќе го извадите послужавникот за капење, испразнете го послужавникот за капење дури и ако содржи само неколку полнење со кафе. Вака бројачот на полнења со кафе со сигурност ќе се ресетира на нула и бројот на полнења со кафе се брои

Не можам да ја извадам групата за варење. Групата за варење не е во точната положба. Ресетирајте ја машината на следниов начин: затворете ја сервисната врата и вратете го резервоарот за вода. Исклучете ја машината и повторно вклучете ја и почекајте да се вклучат светлата на иконите за пијалаци. Обидете се повторно да ја извадите групата за варење. Погледнете го поглавјето „Отстранување и вметнување на групата за варење“ за упатства чекор по чекор.519

Проблем Причина Решение Не можам да ја вметнам групата за варење. Групата за варење не е во точната положба. Ресетирајте ја машината на следниов начин: затворете ја сервисната врата и вратете го резервоарот за вода. Оставете ја групата за варење надвор од машината. Исклучете ја машината и откачете ја од кабел. Почекајте 30 секунди и приклучете ја машината во штекер, вклучете ја и почекајте да се вклучат светлата на иконите за пијалаци. Потоа ставете ја групата за варење е во точната положба и повторно вметнете ја во машината. Погледнете го поглавјето „Отстранување и вметнување на групата за варење“ за упатства чекор по

Кафето е водникаво. Групата за варење е валкана или треба да се подмачка. Извадете ја групата за варење (видете 'Отстранување на групата за варење од машината'), исплакнете ја под чешма и оставете ја да се исуши. Потоа подмачкајте ги подвижните делови (видете 'Подмачкување на групата за

Машината ја изведува постапката за самостојно приспособување. Оваа постапка стартува автоматски при првото користење на машината, кога ќе го смените типот на зрната кафе или по подолг период на некористење. Сварете 5 филџани кафе првично за да ѝ овозможите на машината да ја заврши постапката на самостојно приспособување. Мелницата е поставена на премногу крупна поставка. Поставете ја мелницата на поситна (пониска) поставка. Сварете 2 или 3 пијалаци за да може да ја вкусите

Поставете ја температурата на максималната поставка. За да ја приспособите температурата, притиснете на иконата „Поставки“. . Автоматскиот циклус на плакнење е оневозможен. Активирајте го автоматскиот циклус на плакнење со притискање на „Settings“ (Поставки) . Кога оваа поставка е активирана, машината ќе се загрее и ќе изврши автоматски циклус на плакнење кога ќе ја вклучите. Ладниот филџан ја намалува температурата на пијалакот. Загрејте ги филџаните со плакнење со врела вода.520

Проблем Причина Решение Додавањето млеко ја намалува температурата на пијалакот. Без разлика дали ќе додадете врело или ладно млеко, додавањето млеко секогаш ја намалува температурата на кафето. Загрејте ги филџаните со плакнење со врела вода. Не излегува кафе или излегува бавно. Филтерот за вода AquaClean не е подготвен соодветно за

Извадете го филтерот AquaClean и ставете малку врела вода. Ако ова успее, филтерот AquaClean не бил соодветно монтиран. Повторно монтирајте го филтерот AquaClean и следете ги чекорите во поглавјето „Филтер за вода AquaClean“. По подолг период на некористење, треба да го подготвите филтерот за вода Филтер за вода AquaClean за повторна употреба и ставете 2 до 3 чаши врела вода. Филтерот за вода AquaClean е

Заменувајте го филтерот за вода AquaClean на секои 3 месеци. Филтер што е постар од 3 месеци може да се

Мелницата е поставена на премногу ситна поставка. Поставете ја мелницата на покрупна (повисока) поставка. Имајте предвид дека ова ќе влијае врз вкусот на кафето. Групата за варење е валкана. Извадете ја групата за варење и исплакнете ја под чешма (видете 'Чистење на групата за варење под млаз вода од чешма'). Одводот за распрскување кафе

Исчистете го одводот за распрскување кафе и неговите отвори со чистач за цевки или игла. Преградата за претходно мелено кафе е затната Исклучете ја машината и извадете ја групата за варење. Отворете го капакот на преградата за претходно мелено кафе и ставете ја рачката на лажицата во неа. Движете ја рачката нагоре- надолу додека заглавеното кафе не испадне (Сл. 28). Колото на машината е блокирано од бигор. Исчистете го бигорот со средство за отстранување бигор на Philips. Секогаш чистете го бигорот кога машината ќе ве

LatteGo е склопен погрешно. Осигурете се дека садот за млеко е правилно склопен на рамката на LatteGo (кликнување) (видете 'Склопување на LatteGo').521

Проблем Причина Решение Садот за млеко и/или рамката на LatteGo се валкани. Расклопете го LatteGo и исплакнете ги двата дела под чешма или исчистете ги во машина за садови. Типот на млеко што се користи не е соодветен за правење

Различни типови млеко може да резултираат со различно количество пена и различен квалитет на пената. Ги тестиравме следните типови млеко што докажаа дека од нив се добива млечна пена со добар резултат: полумасно или полномасно кравјо млеко и млеко без

Млеко тече од долниот дел на садот за млеко на LatteGo. Рамката и/или садот за млеко не се составени правилно. Прво вметнете го горниот дел од садот за млеко под куката на горниот дел од рамката. Потоа притиснете го долниот дел од садот за млеко на своето место. Ќе слушнете кликнување кога ќе се заклучи на своето место. Садот за млеко и/или рамката на LatteGo се валкани. Расклопете го LatteGo и исплакнете ги двата дела под чешма или исчистете ги во машина за садови. Изгледа дека машината

Машината користи вода за да ги плакне внатрешното коло и групата за варење. Оваа вода поминува низ внатрешниот систем и директно во послужавникот за капење. Тоа е

Празнете го послужавникот за капење секој ден или штом ќе се појави индикаторот „послужавникот за капење е полн“ низ капакот на послужавникот за капење. Совет: ставете шолја под отворот за распрскување за да се собере водата за плакнење и да се намали количеството вода во послужавникот за капење. Послужавникот за капење е преполн и претекува што прави да изгледа дека машината

Празнете го послужавникот за капење секој ден или штом ќе се појави индикаторот „послужавникот за капење е полн“ низ капакот на послужавникот

Резервоарот за вода не е целосно вметнат, дел од водата истекува од него и воздух се вовлекува во машината. Осигурете се дека резервоарот за вода е во точната положба: извадете го и повторно ставете го туркајќи го што е можно подлабоко. Групата за варење е валкана/затната. Исплакнете ја групата за варење. Машината не е поставена на хоризонтална површина. Ставете ја машината на хоризонтална површина, така што послужавникот за капење нема да претекува, а индикаторот „послужавникот за капење е полн“ ќе работи правилно.522

Проблем Причина Решение Не можам да го активирам филтерот за вода AquaClean и машината бара чистење

Филтерот не е монтиран или заменет на време откако на екранот се прикажал потсетникот AquaClean. Ова значи дека вашата машина веќе не е целосно без бигор. Прво исчистете го бигорот на машината, а потоа монтирајте го филтерот за вода AquaClean. Новиот филтер за вода не одговара. Се обидувате да монтирате друг филтер што не е филтер за вода AquaClean на Philips. Само филтерот за вода AquaClean на Philips одговара во машината. Гумениот прстен на филтерот за вода AquaClean не е на место. Повторно ставете го гумениот прстен на филтерот за вода AquaClean. Машината произведува гласен звук. Нормално е машината да произведува звуци при користењето. Ако машината започне да произведува друг тип на звук, исчистете ја групата за варење и подмачкајте ја (видете 'Подмачкување на групата за варење'). Филтерот за вода AquaClean не е подготвен соодветно и сега е вовлечен воздух во машината. Извадете го филтерот за вода AquaClean од резервоарот за вода и соодветно подгответе го за користење пред да го вратите назад. Погледнете го поглавјето „Филтер за вода AquaClean“ за упатства чекор по чекор. Резервоарот за вода не е вметнат целосно и вовлечен е воздух во машината. Осигурете се дека резервоарот за вода е во точната положба: извадете го и повторно ставете го туркајќи го што е можно подлабоко. Технички спецификации Производителот го задржува правото да ги подобри техничките спецификации на производот. Сите одредени количества се приближни. Опис Вредност Големина (ш x в x д) 246 x 377 x 434 mm Тежина 7.5 - 8 kg Должина на кабелот за напојување 1.200 mm Резервоар за вода 1,8 литри Капацитет на резервоарот за зрна кафе 275 g Капацитет на садот за мелено кафе 12 полнења Капацитет на LatteGo (садот за млеко) 250 ml Приспособлива висина на одводот 88 - 145 mm Номинален напон – Номинална моќност – Довод

Видете ја етикетата со податоци од внатрешната страна на сервисната врата (Сл. A11)Українська