BOSCH ARM 140037 R - кошачка за трева

ARM 140037 R - кошачка за трева BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот ARM 140037 R BOSCH во PDF формат.

📄 148 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice BOSCH ARM 140037 R - page 110
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за ARM 140037 R BOSCH

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот кошачка за трева во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник ARM 140037 R - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. ARM 140037 R на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК ARM 140037 R BOSCH

Македонски ...... Страна 110

Srpski. Strana 114

Slovensko .... Stran 119

Hrvatski.... Stranica 123

Почекајте сите компоненти на косачката да застанат пред да ги допрете. Сечилата на косачката можат да предизвикаат повреда и кога мируваат.

BOSCH ARM 140037 R - 1

Не користете ја косачката кога врне и не излагајте ја на дожд.

BOSCH ARM 140037 R - 2

Чувајте се од електричен удар.

BOSCH ARM 140037 R - 3

Држете го кабелот понастрана од сечилата.

Македонски

Безбедносни напомени

Внимание! Ве молиме прочитајте ги следниве упатства. Запознајте се со командите и со соодветната употреба на косачката. Чувајте го упатството за идни консултации.

Толкување на символите на косачката

BOSCH ARM 140037 R - Толкување на символите на косачката - 1

Општи безбедносни правила.

BOSCH ARM 140037 R - Толкување на символите на косачката - 2

Прочитајте го упатството за употреба.

BOSCH ARM 140037 R - Толкување на символите на косачката - 3

Внимавајте предмети коишто летаат од косачката да не ги повредат личностите коишто стојат околу уредот.

BOSCH ARM 140037 R - Толкување на символите на косачката - 4

Предупредување: Држете се на безбедно растојание од косачката додека таа работи.

BOSCH ARM 140037 R - Толкување на символите на косачката - 5

Предупредување: Не допирајте ги ротирачките сечила. Сечилата се оштри. Чувајте се од загуба на прстите.

BOSCH ARM 140037 R - Толкување на символите на косачката - 6

Не е применливо.

BOSCH ARM 140037 R - Толкување на символите на косачката - 7

Исклучете ја косачката и извадете го кабелот од утикачот пред поправање или чистење, доколку кабелот е превиткан или доколку го оставате уредот без надзор дури и на кратко. Држете го напојниот кабел понастрана од сечилата.

Ракување

▶ Никогаш не дозволувајте им на деца и луße кои не се запознаени со овие инструкции да ја користат косачката. Локалните прописи можат да ја ограничит возраста на ракувачот. Чувајте ја косачката вон дофат на деца кога не ја употребувате.
Оваа косачка не е наменета на личности (и деца) со ограничени физички, сензорни или душевни можности, со недостаток на искусство и знаење, освен ако не им се обезбедени соодветни инструкции или надзор за употреба на косачката од страна на личност одговорна за нивната безбедност. Внимавајте децата да не си играат со косачката.
▶ Не косете кога во близина имаживотни, луге, а особено деца.
Ракувачот е одговорен за штетата нанесена на други луге или имот.
▶ Не користете ја косачката боси или со отворени сандали. Носете крути обувки и долги пантолони.
▶ Детално прегледајте го теренот каде што їе ја користите косачката и отстранете ги сите камења, стапови, жици, коски и други предмети.
Секогаш пред употреба проверете да не се оштетени или истрошени сечилата, носачите на сечилата или склопката за сечење. Заменете ги истрошените или оштетените сечила и носачи за да ја одржите рамнотежата на косалката.
▶ Косете само по дневна светлина или под добро осветлување.
Избегнувајте кове при лоши временски услови, на пример кога постои ризик од грмотевици.
▶ По можност, не употребувајте ја косачката на влажна трева.
▶ Одете полека, не трчајте.
▶ Не користете ја косачката со оштетени штитници или браници, или без заштитна опрема, на пример соодветен штит или контејнер за трева.
▶ Носете заштита за слухот.
▶ Употребата на косачката на коси површини може да биде опасно.

Македонски | 111

– Не косете на премногу стрмни падини.

- На коси површини или на влажна трева обезбедете стабилен и сигурен чекор.

– На коси површини секогаш косете лево-десно, а никогаш горе-долу.

– Бидете особено внимателни кога ја менувате насоката на косењето.

▶ Бидете многу внимателни кога одите наназад или ја влечете косачката.

▶ Не косете влечејки ја косачката кон себе.

▶ Стопирајте ги сечилата кога треба да ја пренесете машината, преку површини коишто не се трева и кога ја носите машината до и од местото на косењето.

▶ Не навалувајте ја косачката при палење или стартување на моторот, освен ако тоа не енеоходно за косење на висока трева. Во тој случај, не навалувајте ја повеće отколку што е асполутно неоходно, и тоа омој дел којшто е најдалеку од ракувачот. Двете раце треба да Ви бидат на рачката пред да ја спуштите косачката.

▶ Моторот исклучувајте го стоејки со стапалата подалеку од ротирачките сечила.

▶ Не доближувајте ги рацете и стапалата до ротирачките делови.

▶ Кога косите, стоите што е можно подалеку од косачката

▶ Не носете ја косачката и не влечете ја додака моторот работи.

▶ Не вршете никакви преправки на косачката. Неовластените модификации можат да доведат до нарушување на безбедноста на косачката, или да ја зголемат бучавата или вибрациите.

▶ Периодично проверувајте го напојниот кабел и продолжниот кабел којшто го користите. Не поврзувајте ја косалката на напојна мрежа со оштетени кабли. Доколку кабелот е оштетен, не допирајте го додека е приклучен на струја. На оштетениот кабел може да се дојде во допир со голи проводници. Чувајте се од струјни удари.

Извлечете го кабелот од утикачот:

- секогашкога ја оставате косачката без надзо

– пред отстранување на блокада,

– пред прегледување, чистење и поправка на машината,

– веднаш по удирање во тврд предмет. Веднаш по оштетување прегледајте ја машината и извршете ги неопходните поправки,

– ако косачката почне да вибрира неконтролирано (проверете веднаш).

Приклучување на струја

▶ Волтажата прикажана на натписната плочка мора да биде иста со волтажата на електричната мрежа.

▶ Советуваме овој уред да биде приклучен на струја преку утикач со заштитен уред за заостаната струја што се активира при промена на јачината на струјата од 30 mA.

▶ При замената на напојниот кабел користете само кабли препорачани од производителот на косачката. Бројот

на нарачката и видот на кабелот пронајдете ги во упатството за употреба.

▶ Ниикогаш не допирајте го утикачот со мокри раце.

▶ Не газете ги, не превиткувајте ги и не тегнете ги напојниот или продолжниот кабел, бидејки на тој начин можат да се оштетат. Заштитете го кабелот од топлина, масло и оштри рабови.

▶ Користениот продолжен кабел мора да биде водоотпорен и со соодветен пресек односно дебелина. Врската не смее да се наоға во вода.

Секогаш носете заштитни ракавици кога работите со оштри сечила или во нивна близина.

Безбедност од електричен удар

▶ Внимание! Извадете го напојниот кабел од утикач пред да ја прегледувате или чистете машината. Истото важи и ако кабелот е оштетен, прекинат или сплеткан.

▶ По ислучувањето на косачката, сечилата вртат уште неколку секунди.

▶ Внимание – не допирајте ги ротирачките сечила.

Вашата косачка е двојно изолирана и не и е потребно заземјување. Работен напон е 230 V AC, 50 Hz (за не-ЕУ земји, 220 V, 240 V, во зависност од верзијата). Користете само одобрени продолжни кабли. Повеće информации околу тоа можете да добиете кај овластениот застапник на Bosch.

Користете само продолжни кабли кои се во склад со H05VV-F, H05RN-F или IEC (60227 IEC 53, 60245 IEC 57).

Ако имате потреба да користите продолжен кабел, тој мора да ја има една од следниве димензии:

Забелешка: Ако користите продолжен кабел, тој мора да биде заземјен преку напојната мрежа, во склад со важечките прописи.

За дополнителни информации контактирајте лиценциран електричар или најблискиот Bosch сервис.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Несоодветните продолжни кабли можат да бидат опасни. Продолжниот кабел, утикачот и спојот со продолжниот кабел мораат да бидат водоотпорни.

Споевите на каблите треба да бидат суви и да не лежат во вода.

За подобра безбедност користете резидуален уред (РЦД) кој се активира на отстапување од 30 mA. Резидуалниот уред треба да се проверува пред секоја употреба.

Предупредување за производите кои не се за Британски пазар предвидени:

ВНИМАНИЕ: За Ваша безбедност потребно е уредот да е поврзан со продолжниот кабел преку соодветен утикач. Спојот со продолжниот кабел мора да биде заштитен од прскање, направлен од гума или обложен со гума.

Продолжниот кабел мора да се користи со автоматски намотувач.

112 | Македонски

Продолжниот кабел мора редовно да се прегледува за евентуални оштетувања и да се користи само ако е во совершена состојба.

Доколку напојниот кабел е оштетен мора да го поправи Бош електричар.

Одржување

▶ Секогаш носете заштитни ракавици кога работите со оштри сечила или во нивна близина.
▶ Проверувајте редовно дали се затегнати сите навртки, завртки и шрафови, за безбедна употреба на косачката.
▶ Редовно проверувајте ја состојбата на корпата за трева од абење.
▶ Редово прегледувајте ја косачката и замеувајте ги веднаш оштетените или изабените делови.
▶ Кога ги менувате сечилата, новите сечила треба да бидат соодветни со косачката.
▶ Секогаш користете Bosch оригинални резервни делови.
▶ Пред складирање косачката треба да биде сува и чиста. По потреба исчеткајте ја со сува, мека четка.

Ознаки

Следните символи се важни за читање и разбирање на упатството за употреба. Ве молиме проучете ги символите и нивното значење. Правилната интерпретација на

символите їе Ви помогне подобро и побезбедно да ја користите косачката.

Ознака Значење

Правец на реакција
/Правец на движење

BOSCH ARM 140037 R - Ознаки - 1

Тежина
IВклучување
OИсклучување
Дозволена функција
XЗабранети акции
Додатна опрема/резервни делови

Употреба со соодветна намена

Косачката е наменета за употреба на домашни тревници.

Технички податоци

Косилка ARM 33/ARM 34/ARM 34 R/ARM 1300-34 R/ARM 3400ARM 36/ARM 37/ARM 37 R/ARM 1400-37 R/ARM 3700
Број на дел/артикл3 600 HA6 1.. 3 600 HA6 2..
Номинална јачинаW 1300 1400
Ширина на сечилотосм 34 37
Висина на косењемм 20 – 70 20 – 70
Волумен, корпа за треваI40
Тежина согласно EPTA-Procedure 01/2003кг 12,0 12,5
Класа на заштита☐ /П /П
Сериски бројвиди ја натписната плочка на косачката
Податоциите важат за номинален напон [U] од 230 волти. Овие податоци може да отступуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја.
Серискиот број на уредот се наоға на натписната плочка на косачката. Трговските имиња на некои косачки можат да бидат различни.Процесот на вклунување создава краткотрајно пағање на напонот. Неповолните мрежни услови може да предизвикаат пречки на другите уреди. При електрични импенданси помали од 0,36 омови нема пречки.

Информации за бучава/вибрации

Измерени звучни вредости определени според 2000/14/EG (1,60 м висина, 1 м оддалеченост).3 600 ...HA6 1..HA6 2..
Измерените А-вредности на врева изнесуваат просечно:
Звучна јачинаdB(A)9192
Звучен притисокdB(A)9696
Несигурност КdB=2=1
Носете звучна заштита!

F 016 L81 048 | (2.10.13) Bosch Power Tools

BOSCH ARM 140037 R - Употреба со соодветна намена - 1

Македонски | 113
Вкупна вредност на вибрации ah (векторски эбир на трите показатели) и несигурност К утврдена според ЕН 60335
Вкупна вредност на вибрации ahm/s2<2,5<2,5
Несигурност Кm/s2=1,5=1,5

Изјава за сообразност СЕ

3 600 ... HA6 1.. HA6 2..
Изјавуваме под сопствена одговорност дека производот опишан под «Технички податоци» одговара со следните норми или нормативни документи: EN 60335 Во склад со директивите 2011/65/EU, 2004/108/EG, 2006/42/EG, 2000/14/EG.2000/14/EG: Гарантирана јачина на звукПроцедура за верификација на конформитетот VI.dB(A) 96 96
Цел на користењето Слика
Обем на испорака 1
Монтажни тркала 2
Монтажа на рачката 3
Склопување на корпата за трева
Монтирање и отстранување на корпата за трева 4
Регулирање на висината на косење5
Вклучување6
Гасење6
Совети за работа 7
Одржување на сечилата8
Бирање на опрема 9

Отстранување грешки
BOSCH ARM 140037 R - Употреба со соодветна намена - 2

Проблем Можно причинаРешение
Моторот не се вклучуваНема снабдување со струјаПроверете и включете
Утикачот е неисправенКористете друг утикач
Продолжниот кабел е оштетенПроверете го кабелот и ако е потребно заменете го
Прегорен осигурувачЗаменете го осигурувачот
Тревата е превисокаПодигнете ги сечилата и малку навалете ја косачката за да се намали притисокот
Активирана е заштитата на моторот од прегревањеПуштете да се олади моторот и подигнете ги сечилата
Косачката работи со прекиниПродолжниот кабел е оштетенПроверете го кабелот и ако е потребно заменете го
Неисправни внатрешни инсталации во косачкатаПобарајте помош од сервис
Активирана е заштитата на моторот од прегревањеПуштете да се олади моторот и подигнете ги сечилата

Bosch Power Tools F 016 L81 048 | (2.10.13)

BOSCH ARM 140037 R - Употреба со соодветна намена - 3

BOSCH ARM 140037 R - Употреба со соодветна намена - 4

BOSCH ARM 140037 R - Употреба со соодветна намена - 5

BOSCH ARM 140037 R - Употреба со соодветна намена - 6

BOSCH ARM 140037 R - Употреба со соодветна намена - 7

114 | Srpski

Косачката остава неправилна трагаи/илиМоторот работи со тешкотијаСечилата поставени прениско Подигнете ги сечилата
тапо сечило Заменете го сечилото
Можно запушувањеПроверете под косачката и по потреба исчистете ја (секогаш носете заштитни ракавици)
Сечилото монитрано наопакуМонтирајте го сечилото од правилната страна
По вклучувањето на косачката сечилото не се вртиСечилото е заплеткано со треваИсклучете ја косачкатаОтстранете го запушувањето (секогаш носете заштитни ракавици)
Лабава навртка/-заврткаЗатегнете ја навртката/-завртката (17 Nm)
Јаки вибрации/бучаваЛабава навртка/-заврткаЗатегнете ја навртката/-завртката (17 Nm)
Продолжниот кабел е оштетенЗаменете го сечилото

Сервисна служба и совети при користење

Секогаш при кореспонденција или нарачка на резервни делови наведете го десетцифрениот сериски број што се наоға на натписната плочка.

Македонија

Д.Д.Електрис

Не фрлајте ја косачката со комуналниот отпад!

Само за земји во рамки на ЕУ

BOSCH ARM 140037 R - Само за земји во рамки на ЕУ - 1

Според Европската директива 2012/19/EU за отпадна електрична и електронска опрема и нејзината имплементација во државното право, отпадната електрична и електронска опрема мора посебно да се сортира и да се складишти на еколошки прифатлив начин.

Се задржува правото на промена.

Srpski

Uputstva o sigurnosti

Pažnja! Pročitajte pažljivo sledeća uputstva. Upoznajte se sa elementima za rad i propisnom upotrebom baštenskog uredjaja. Molimo sačuvajte sigurno uputstvo za rad za kasniju upotrebu.

Objašnjenja simbola na baštenskom uredjaju

BOSCH ARM 140037 R - Objašnjenja simbola na baštenskom uredjaju - 1

Opšte uputstvo o opasnosti.

BOSCH ARM 140037 R - Objašnjenja simbola na baštenskom uredjaju - 2

Pročitajte uputstvo za rad.

BOSCH ARM 140037 R - Objašnjenja simbola na baštenskom uredjaju - 3

Paziti da osobe koje stoje u blizini ne budu povređene usled odbačenih stranih tela.

BOSCH ARM 140037 R - Objašnjenja simbola na baštenskom uredjaju - 4

Opomena: Održavajte sigurno rastojanje od baštenskog uredjaja, kada on radi.

BOSCH ARM 140037 R - Objašnjenja simbola na baštenskom uredjaju - 5

Oprez: Ne dodirujte rotirajuće noževe. Noževi su oštri. Čuvajte se da ne izgubite prste na nogama i rukama.

BOSCH ARM 140037 R - Objašnjenja simbola na baštenskom uredjaju - 6

Ne odnosi se na to.

BOSCH ARM 140037 R - Objašnjenja simbola na baštenskom uredjaju - 7

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : ARM 140037 R

Категорија : кошачка за трева