BOSCH GSB 212 RCT Professional - приклучок

GSB 212 RCT Professional - приклучок BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GSB 212 RCT Professional BOSCH во PDF формат.

📄 277 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice BOSCH GSB 212 RCT Professional - page 191
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Вид на производ Ударна дупчалка
Бренд Bosch
Модел GSB 212 RCT Professional
Номинална влезна моќност 1300 W
Излезна моќност 695 W
Брзина на празен од (1-ва/2-ра брзина) 0 – 900 врт/мин / 0 – 3000 врт/мин
Номинална брзина (1-ва/2-ра брзина) 900 врт/мин / 3000 врт/мин
Фреквенција на удар при празен од 51 000 мин⁻¹
Номинален вртежен момент (1-ва/2-ра брзина) 7,8 Nm / 2,6 Nm
Макс. дијаметар на дупчење – Бетон 22 mm (1-ва) / 13 mm (2-ра)
Макс. дијаметар на дупчење – Челик 16 mm (1-ва) / 10 mm (2-ра)
Макс. дијаметар на дупчење – Дрво 40 mm (1-ва) / 25 mm (2-ра)
Опсег на стегање на менгемето 1,5 – 13 mm
Тежина (според EPTA 01:2014) 2,9 kg
Степен на заштита ☐ / II (двојна изолација)
Менгеме Автоматско менгеме со блокирање на вретеното (Auto‑Lock)
Број на брзини 2 механички брзини
Електронска варијација на брзината Да, континуирана со тркалце
Електронско ограничување на вртежниот момент (Torque Control) Да, прилагодливо од I (слабо) до III (силно)
Специјални функции Сигурносна спојка, KickBack Control, предизбор на брзина, електронска константа
Напојување Мрежно 230 V (кабел за напојување со заземјен приклучок)
Одржување и чистење Исклучете пред каква било интервенција. Исчистете ги отворите за вентилација. Користете сува крпа.
Безбедност Носете заштита (очи, уши, маска). Користете ја дополнителната рачка. Држете ги изолираните површини.
Резервни делови и можност за поправка Овластен сервис на Bosch. Резервни делови достапни на bosch‑pt.com. Не отворајте ја батеријата.

Frequently Asked Questions - GSB 212 RCT Professional BOSCH

Како да го сменам сврдлото на автоматското менгеме?
Проверете дали алатот е исклучен. Свртете ја чаурата на автоматското менгеме (1) во насока ① за да отворите, вметнете го сврдлото, потоа цврсто свртете во насока ② додека не слушнете клик. Менгемето автоматски се заклучува. За отстранување, свртете во спротивна насока.
Како да ја подесам длабочината на дупчење?
Притиснете го копчето за подесување на граничникот за длабочина (10), вметнете го граничникот (12) во дополнителната рачка и прилагодете го растојанието помеѓу врвот на сврдлото и граничникот до саканата длабочина. Канелурата треба да биде насочена нагоре.
Како да го сменам насоката на вртење?
Алатот мора да биде во мирување. За десно вртење (дупчење, зашрафување), турнете го селекторот за насока на вртење (5) лево надолу и десно нагоре. За лево вртење (одшрафување), лево нагоре и десно надолу.
Кога да го користам ударниот режим?
Користете ударен режим (симбол чекан) за дупчење во бетон, тула, природен камен. Селекторот (2) се заклучува. За дрво, метал или зашрафување, останете во нормален режим на дупчење.
Кои се основните безбедносни мерки на претпазливост?
Секогаш носете заштитници за уши и безбедносни очила. Користете ја дополнителната рачка (11). Држете го алатот за изолираните површини. Исклучете пред секое подесување. Проверете дали нема скриени кабли или цевки.
Што да правам ако сврдлото се заглави?
Сигурносната спојка и KickBack Control (на овој модел) го запираат алатот во случај на заглавување. Исклучете го алатот, извадете го од струја и ослободете го сврдлото. Ако заглавувањето е често, намалете го притисокот или употребете соодветно сврдло.
Како да ја одржувам дупчалката?
Исклучете го алатот. Редовно чистете ги отворите за вентилација со четка. Не користете растворувачи. Ако кабелот е оштетен, дајте го на проверка во сервисот на Bosch. Чувајте го алатот на суво место.
Каде да најдам резервни делови или да го поправам?
Посетете www.bosch-pt.com за експлодирани погледи и нарачка на делови. За поправка, контактирајте ја постпродажната служба на Bosch на 09 70 82 12 26 или оставете го алатот во овластен центар.
Како да го користам електронското подесување на вртежниот момент (Torque Control)?
Поставете го селекторот (4) на симболот за зашрафување. Свртете го тркалцето (3) за да го подесите вртежниот момент од I (слабо) до III (силно). При зашрафување, алатот автоматски запира кога ќе се достигне вртежниот момент. За дупчење без ограничување, свртете го тркалцето до крај надесно.
Кои додатоци се компатибилни?
Користете HSS сврдла за метал, карбидни сврдла за бетон, врвови за зашрафување со универзален држач за врвови (17). Менгемето прифаќа стебла од 1,5 до 13 мм. Препорачани се додатоците на Bosch. Видете ја гамата на додатоци на bosch-pt.com.

Прашања на корисниците за GSB 212 RCT Professional BOSCH

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот приклучок во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GSB 212 RCT Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GSB 212 RCT Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GSB 212 RCT Professional BOSCH

mk Оригинално упатстро за работа

sr Originalno uputstvo za rad

s.l.izirma navodila

hr Originalne upute za rad

Македонски...... Страница 191

Srpski ...... Strana 200

Slovenščina ....Stran 207

Hrvatski ....Stranica 215

Безбедносни напомени

Општи предупредувања за безбедност за електрични алати

ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ

Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со

овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.

Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.

Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).

Безбедност на работниот простор

Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.

▶ Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.

Електрична безбедност

▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.
▶ Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.
▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ње се зголеми ризикот од струен удар.
He постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.
Ако мора да работите со електричен апат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.

Лична безбедност

▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.
▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, їе доведат до намалување на лични повреди.
▶ Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исключен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или

вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.

▶ Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
He дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорират безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.

Употреба и чување на електричните алати

▶ Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо ће ја извршите работата за која е наменет.
▶ Не користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
▶ Исключете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се

предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.

▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.

Употреба и чување на батериски алат

▶ Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии.
▶ Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии. Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар.
Kogа не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар.
▶ Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
He употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од повреда.
He го изложувајте сетот на батерии или алатот на орган или висока температура. Изложувањето на орган или на температура повисока од 130°C може да предизвика експлозија.
▶ Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата. Неправилното полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар.

Сервисирање

▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични

резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.

▶ Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис.

Безбедносни предупредувања за дупчалки

Безбедносни упатства за сите типови работа

▶ Носете штитници за уши кога извршувате ударно дупчење. Изложеноста на бучава може да предизвика губење на слухот.
▶ Користете ja(ги) дополнителната(ите) рачка(и). Губење на контрола може да предизвика телесни повреди.
▶ Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете за да не дојде во контакт со скриена жица. Ако опремата за сечење или прицврстувачите дојде во допир со „жица под напон“, може да ги изложи металните делови на електричниот алат „под напон“ и операторот може да добие струен удар.
▶ Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете за да не дојде во контакт со скриена жица или со неговиот кабел. Ако опремата за сечење или прицврствувачите дојде во допир со „жица под напон“, може да ги изложи металните делови на електричниот алат „под напон“ и операторот може да добие струен удар.

Безбедносни упатства при користење на долги бургии

▶ Никогаш не користете поголема брзина од максимальната означена брзина на бургијата. При поголема брзина, бургијата може да се искриви ако слободно ротира надвор од делот што се обработува, и да се повредите.
▶ Секогаш почнете го дупчењето со мала брзина, и врвот на бургијата да биде во допир со делот што се обработува. При поголема брзина, бургијата може да се искриви ако слободно ротира надвор од делот што се обработува, и да се повредите.
▶ Притиснете во директна линија со бургијата, и без прекумерен притисок. Бургијата може да се искриви и да се скрши, или да изгубите контрола и да се повредите.

Дополнителни безбедносни напомени

Доколку се блокира алатот што се вметнува, веднаш исключете го електричниот алатот. Бидете претпазливи со високите реакциски моменти, што може да предизвикаат повратен удар. Алатот што се вметнува се блокира, ако електричниот алат се преоптовари или се навали кон делот што се обработува.
▶ Цврсто држете го електричниот апарат. При зацврстување и одвртување на шрафови може да настанат краткотрајни високи реактивни моменти.

Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвикува оштетување.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвивува оштетување и може да предизвика електричен удар.
Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот.
▶ При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушки чад, да експлодира или да се прегрее.
▶ Користете ја батеријата само во производи од производителот. Само на тој начин батеријата ће се заштити од опасно преоптоварување.

BOSCH GSB 212 RCT Professional - Дополнителни безбедносни напомени - 1

Заштитете го електричниот алат од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, вода

и влага. Инаку, постои опасност од експлозија.

BOSCH GSB 212 RCT Professional - Дополнителни безбедносни напомени - 2

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.

▶ Приклучете го електричниот уред на прописно заземјена струјна мрежа. Приклучницата и продолжниот кабел мора да имаат функционален заштитен проводник.

Опис на производот и перформансите

BOSCH GSB 212 RCT Professional - Опис на производот и перформансите - 1

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.

BOSCH GSB 212 RCT Professional - Опис на производот и перформансите - 2

BOSCH GSB 212 RCT Professional - Опис на производот и перформансите - 3

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до

безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.

Употреба со соодветна намена

Електричниот алат е наменет за ударно дупчење во цигли, бетон и камен, како и за дупчење во дрво, метал, керамика и пластика. Електричните алати со електронска регулација и лев/десен тек се исто така погодни за одвртување и сечење навои.

Илустрација на компоненти

Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.

(1) Брзозатегнувачка глава за дупчење
(2) Прекинувач „Дупчење/ударно дупчење“
(3) Вртливо копче за електронско подесување на бројот на вртежи (GSB 21-2 RCT)
(4) Прекинувач „Дупчење/завртување“ (GSB 21-2 RCT)
(5) Прекинувач за менување на правецот на вртење
(6) Копче за фиксирање на прекинувачот за вклучување/исклучување
(7) Прекинувач за вклучување/исклучување
(8) Копче за контрола на бројот на вртежи
(9) Прекинувач за избор на брзина
(10) Копче за подесување на граничникот за длабочина ^a)
(11) Дополнителна рачка (изолирана површина на рачката) ^a)
(12) Граничник за длабочина ^4
(13) Рачка (изолирана површина на рачката)
(14) Клуч за затегнување на главата за дупчење ^a)
(15) Запчеста глава за дупчење ^a)
(16) Бит за одвртувач ^a)
(17) Универзален држач за битови ^3)
(18) Клуч со внатрешна шестаголна глава ^b)
a) Илустрираната или опишана опрема не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.
b) комерцијално (не е содржано во обемот на испорака)

Технички податоци

Вибрациона дупчалка GSB... 21-2 21-2 RE 21-2 RE 21-2 RCT 24-2 24-2
Број на дел/артикл3 601 ... A9C 0.. A9C 5.. A9C 6.. A9C 7.. A9C 8.. A9C 9..
Номинална јачина W 1 100 1 100 1 100 1 300 1 100 1 100
Излезна моїност W 630 630 630 630 695 630 630
Број на вртежи во празен од
– 1. брзина min-1900 0–900 0–900 0–900 0–900 0–900
– 2. брзина min-13 000 0–3 000 0–3 000 0–3 000 0–3 000 0–3 000
Номинален број на вртежи
– 1. брзина min-1580 580 580 900 580 580
– 2. брзина min-11 900 1 900 1 900 3 000 1 900 1 900
Број на удари во празен одmin-151 000 51 000 51 000 51 000 51 000 51 000
Номинален вртежен момент (1./2. брзина)Nm 9,6/3,2 9,6/3,2 9,6/3,2 7,8/2,6 9,6/3,2 9,6/3,2
Електронско ограничување на вртежниот момент (Torque Control)---● --

Вибрациона дупчалка GSB... 21-2 21-2 RE 21-2 RE 21-2 RCT 24-2 24-2

Одредување на број на вртежи- ● ● ● ● ●
Константа електроника - - - ● - -
Десен/лев тек - ● ● ● ● ●
Запчеста глава за дупчење● - ● - - ●
Брзозатегнувачка глава за дупчење- ● - ● ● -
Целосна автоматска блокада на вретеното (Auto-Lock)- ● - ● ● ●
Спојка за заштита од преоптоварување● ● ● ● ● ●
KickBack Control - - - - ● ●
Дијаметар на грлото на вретенотоmm 43 43 43 43 43 43
Макс. дупка-∅ (1./2. брзина)
– Бетон mm 22/13 22/13 22/13 22/13 22/13 22/13 22/13
– Сид mm 24/16 24/16 24/16 24/16 24/16 24/16 24/16
– Челик mm 16/8 16/8 16/8 16/10 16/8 16/8 16/8
– Дрвоmm 40/25 40/25 40/25 40/25 40/25 40/25 40/25
Опсег на затегнување на главатаmm3-161,5-131,5-131,5-131,5-131,5-13
Тежина согласно ЕРТА-Procedure 01:2014kg2,92,92,92,92,92,9
Класа на заштита☐ / II☐ / II☐ / II☐ / II☐ / II☐ / II

Податоците важат за номинален напон [U] од 230 V. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја.

Информации за бучава/вибрации

Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 62841-2-1.

Нивото на звук на електричниот алат оценето со А типично изнесува: ниво на звучен притисок 95 dB(A); ниво на звучна јачина 106 dB(A). Несигурност K = 5 dB.

Носете заштита за слухот!

3 601 ...A9C 0..A9C 5..A9C 7..
A9C 6..
A9C 8..
A9C 9..

Вкупните вредности на вибрации a_h (векторски збир на три насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 62841-2-1:

Дупчење во метал:

Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата на бучава.

Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.

За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е ислучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.

Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.

Монтажа

▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
▶ Пред било каква интервенција на електричниот уред (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, ставете го прекинувачот за правец на вртење во средна позиција. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.

Дополнителна рачка

▶ Користете го вашиот електричен алат само со дополнителна рачка (11).

Само кај електрични алати GSB 21-2 со запчеста глава за дупчење: Монтирајте ја дополнителната рачка (11)според сликите А до С.

Дополнителната рачка (11) може да ја подесите во 12 позиции, за да може безбедно и неуморно да работите. Свртете го долниот дел на дополнителната рачка (11) во правец на вртење ① и притиснете ја дополнителната рачка (11) нанапред, додека не се навали во саканата позиција. Потоа повторно повлечете ја дополнителната рачка (11) наназад и свртете го долниот дел на рачката во правец на вртење ② и затегнете го (види слика D).

Подесување на длабочината на дупчење (види слика D)

Со граничникот за длабочина може да се утврди длабочината на дупчење X.

Притиснете го копчето за подесување на граничникот за длабочина (10) и поставете го граничникот за длабочина во дополнителната рачка.

Извлечете го граничникот за длабочина до степен што растојанието меѓу врвот на дупчалката и врвот на граничникот за длабочина ќе одговара на саканата длабочина на дупчење X.

Избраздениот дел на граничникот за длабочина (12) мора да покажува нагоре.

Промена на алат

▶ При менување на алатот носете заштитни ракавици. За време на долготрајни работни процеси, главата за дупчење може да се вжешти.

▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.

Доколку прекинувают за вклучување/исклучување (7) не е притиснат, вретеното за дупчење їе се фиксира. Ова овозможува брзо, лесно и едноставно менување на алатот што се вметнува во главата за дупчење.

Отворете ја брзозатегнувачката глава за дупчење (1) со вртење во правец Ⓞ, додека не се стави алатот. Вметнете го алатот.

Чаурата на брзозатегнувачката глава за дупчење (1) свртете ја цврсто со рака во правец ②, додека целосно не се заклучи. Со тоа, главата автоматски се заклучува. Блокадата се отклучува, откако ёе ја свртите чаурата во спротивен правец за да го извадите алатот.

Со вртење отворете ја запчестата глава за дупчење (15), додека не се отвори за да може да вметне алатот. Вметнете го алатот.

Клучот за затегнување на главата за дупчење (14) ставете го во соодветните отвори на запчестата глава за дупчење (15) и рамномерно затегнете го алатот.

Алати за навртување (види слика G)

При користење на битови за одвртувачот (16) секогаш треба да користите универсален држач за битови (17). Користете само битови што се соодветни на главата за навртување.

За навртување секогаш поставувајте го прекинувачот „Дупчење/ударно дупчење“ (2) на ознаката „Дупчење“.

Менување на главата за дупчење

  • Кај електричните алати без заклучување на вретеното за дупчење, главата за дупчење мора да биде заменета од страна на овластена сервисна служба за електрични алати од Bosch.
    ▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.

Демонтирање на главата за дупчење (види слика Н)

Демонтирајте ја дополнителната рачка (11) и наместете го прекинувачот за брзина (9) на средната позиција помеѓу 1. и 2. брзина.

Ставете една челична чивија ∅ 4 mm со околу 50 mm должина во дупката на грлото од вретеното, за да го блокирате вретеното за дупчење. Клучот со внатрешна шестаголна глава (18) со краток крак зацврстете го во брзозатегнувачката глава за дупчење (1).

Поставете го електричниот алат на стабилна подлога, на пр. на работна клупа. Држете го цврсто електричниот алат и олабавете ја брзозатегнувачката глава (1) со вртење на клучот со внатрешна шестаголна глава (18) во правец ①. Со лесен удар на долгиот крак на клучот со внатрешна шестаголна глава (18) се олабавува цврсто вметнатата брзозатегнувачка глава за дупчење. Извадете го клучот со внатрешна шестаголна глава од брзозатегнувачката глава за дупчење и целосно одвртете ја истата.

Монтирање на главата за дупчење (види слика I)

Монтажата на брзозатегнувачката/запчестата глава за дупчење ће ја извршите по обратен редослед.

По извршената монтажа на главата за дупчење, повторно извадете ја челичната чивија од дупката.

Главата за дупчење мора да биде зацврстена со вртежен момент од околу 67–74 Nm.

Всисување на прав/струготини

Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или metabolувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.

Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат како канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.

– Погрижете се за добра проветреност на работното место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.

Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.

▶ Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.

Употреба

Ставање во употреба

▶ Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот уред. Електричните алати означени со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.

Подесување правец на вртење (види слики J-K)

- Активирајте го прекинувачот за менување на правецот на вртење (5) само кога електричниот алат е во мирување од.

Со прекинувают за менување на правецот за вртење (5) може да го промените правецот на вртење на електричниот алат. Доколку прекинувают за вклучување/исклучување (7) е притиснат ова не е возможно.

Десен тек: За дупчење и навртување на завртки притиснете го прекинувачот за правец на вртење (5) на левата страна надолу и истовремено на десната страна нагоре.

Лев тек: За олабавување и одвртување на завртки и навртки притиснете го прекинувачот за правец на вртење (5) на левата страна нагоре и истовремено на десната страна надолу.

Подесување на режимот на работа

BOSCH GSB 212 RCT Professional - Подесување на режимот на работа - 1

Дупчење и одвртување

Поставете го прекинувачот (2) на ознаката „Дупчење“.

BOSCH GSB 212 RCT Professional - Дупчење и одвртување - 1

Ударно дупчење

Поставете го прекинувачот (2) на ознаката „Ударно дупчење“.

Прекинувачот (2) ће се вклопи и може да се

активира и додека работи моторот.

Механички избор на брзини

▶ Со прекинувачот за избор на брзина (9) може да ракувате доколку електричниот уред работи со бавна брзина. Сепак тој не смее да се активира при мирување, целосно оптоварување или максимален број на вртежи.

Со прекинувачот за избор на брзини (9) може да изберете 2 брзини.

BOSCH GSB 212 RCT Professional - Механички избор на брзини - 1

Брзина I:

Низок обем на вртежи; за работење со голем дијаметар на дупчење или за

навртување.

BOSCH GSB 212 RCT Professional - Брзина I: - 1

Брзина II:

Висок обем на вртежи; за работење со мал дијаметар на дупчење.

Доколку прекинувачот за менување брзини (9) не може да се навали до крај, свертете го малку погонското вратило со дупчалката.

Вклучување/исклучување

За ставање во употреба на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (7) и држете го притиснат.

За фиксирање на притиснатиот прекинувач за включување/исклучување (7) притиснете го копчето за фиксирање (6).

За да го исключите електричниот алат, ослободете го прекинувают за вклучување/исклучување (7) одн. доколку тој е блокиран со копчето за фиксирање (6), кратко притиснете го прекинувают за вклучување/исклучување (7) и потоа отпуштете го.

Спојка за заштита од преоптоварување

BOSCH GSB 212 RCT Professional - Спојка за заштита од преоптоварување - 1

За да се ограничат високите реакциски моменти, електричниот алат е опремен со спојка за заштита од преоптоварување (анти-ротација).

Доколку алатот што се вметнува се стегне или заглави, їе се прекине погонот на вратилото за дупчење. Електричниот алат секогаш држете го цврсто со двете дланки поради јачината со која работи и застанете во сигурна положба.
▶ Исключете го електричниот алат и олабавете го алатот што се вметнува, доколку се блокира електричниот алат. Доколку включите блокиран алат за дупчење настануваат многу моменти на блокирање.

Брзо исклучување (Kickback Control)

(GSB 24-2)

BOSCH GSB 212 RCT Professional - (GSB 24-2) - 1

Брзото исклучување (KickBack Control) нуди подобра контрола на електричниот алат и со тоа ја зголемува заштитата при користење, во споредба со електричните

алати без KickBack Control. При ненадејна и непредвидена ротација на електричниот алат околу оската за дупчење, тој се исклучува.

За повторно ставање во употреба отпуштете го прекинувачот за включување/ ислучување и одново притиснете го двапати.

▶ Ако функцијата KickBack Control е дефектна, електричниот алат не се вклучува. Поправката на електричниот алат смее се изврши само од страна на квалификуван стручен персонал и само со користење на оригинални резервни делови.

Подесување на бројот на вртежи/удари

Бројот на вртежите/ударите на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку Ѽе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (7).

Со нежно притискање на прекинувают за вклучување/исклучување (7) се постинуваат мал број на вртежи/удари. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на вртежи/удари.

Бирање на бројот на вртежи/удари

Со вртливото копче за подесување на бројот на вртежи (8) може да го изберете потребниот број на вртежи/удари и за време на користењето на алатот.

Неопходниот број на вртежи/удари зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди со практична примена.

Електронско подесување на бројот на вртежи (GSB 21-2 RCT)

Со вртливото копче за електронско подесување на бројот на вртежи (3) може да го изберете потребниот број на вртежи/удари и за време на работата.

Неопходниот број на вртежи/удари зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди со практична примена.

Константна електроника (GSB 21-2 RCT)

Константната електроника ја одржува конзистентноста на бројот на вртежи и удари помеѓу празниот од и работење со оптоварување.

Електронско ограничување на вртежниот момент/подесување на бројот на вртежи (Torque Control) (GSB 21-2 RCT)

BOSCH GSB 212 RCT Professional - Електронско ограничување на вртежниот момент/подесување на бројот на вртежи (Torque Control) (GSB 21-2 RCT) - 1

За дупчење со подесување на бројот на вртежи поставете го прекинувачот (4) на ознаката „Дупчење“. Со вртливото копче (3) може да го изберете потребниот број на вртежи и за време на работата.

BOSCH GSB 212 RCT Professional - Електронско ограничување на вртежниот момент/подесување на бројот на вртежи (Torque Control) (GSB 21-2 RCT) - 2

BOSCH GSB 212 RCT Professional - Електронско ограничување на вртежниот момент/подесување на бројот на вртежи (Torque Control) (GSB 21-2 RCT) - 3

За завртување со ограничување на вртежниот момент поставете го прекинувачот (4) на ознаката „Завртување“. Со вртливото копче (3) може бесстепено да го изберете ефективниот вртежен момент на вретеното за дупчење и за време на работата:

I=низок вртежен момент, III=висок вртежен момент.

Максималниот број на вртежи автоматски їе се прилагоди на поставениот вртежен момент.

Доколку за време на процесот на завртување се постигне претходно избраниот вртежен момент, електричниот алат се ислучува, а алатот за вметнување не се врти повеке.

Доколку потоа електричниот алат се отпушки и прекинувачот за вклучување/исклучување (7) е се уште притиснат, алатот за вметнување продолжува да се врти со мал број вртежи од безбедносни причини.

По кратко отпуштање на прекинувают за вклучување/исклучување (7) следната завртка може да се затегне со ист вртежен момент.

BOSCH GSB 212 RCT Professional - Електронско ограничување на вртежниот момент/подесување на бројот на вртежи (Torque Control) (GSB 21-2 RCT) - 4

За завртување без ограничување на вртежниот момент свртете го вртливото копче (3) на десниот граничник. Оваа поставка е неопходна, доколку вртежниот момент не достига во позиција III .

Совети при работењето

▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
▶ Електричниот алат ставете го на навртката/завртката само доколку е ислучен. Доколку алатите што се вметнуваат се вклучени и се вртат, тие може да се превртат.

По подолго работење со мал број на вртежи, за да го оладите електричниот алат оставете го да се врти во празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи.

За дупчење на плочки поставете го прекинувачот (2) на ознаката „Дупчење“. Откако ће ја продупчите плочката, поставете го прекинувачот на ознаката „Ударно дупчење“ и работете со удари.

При работење во бетон, камен и сид користете дупчалка за цврст метал.

При дупчење во метал, користете само беспрекорно наострени HSS дупчалки (HSS = висококапацитетно брзо сечење со челик). Квалитетот е загарантиран преку

Bosch програмата за опрема.

Со уредот за острење на бургии (опрема) лесно може да ја наострите спиралната бургија со дијаметар од 2,5–10 mm.

Одржување и сервис

Одржување и чистење

▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
▶ Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.

Доколку батеријата не функционира повеće, обратете се кај овластената сервисна служба за Bosch-електрични алати.

Доколку е потребно користење на приключен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста.

Сервисна служба и совети при користење

Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ће најдете на: www.bosch-pt.com

Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.

Северна Македонија

Д.Д.Електрис

Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:

Електричните алати, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

BOSCH GSB 212 RCT Professional - Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под: - 1

Не ги фрлајте електричните алати во домашната канта за отпадоци!

Само за земјите од ЕУ:

Според Европската регулатива 2012/19/EU за електрични и електронски уреди и нивната имплементација во националното право, електричните алати што се вон употреба мора одделно да се собираат и да се рециклираат на еколошки прифатлив начин.

Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на луғето поради можното присуство на опасни материи.

Srpski

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GSB 212 RCT Professional

Категорија : приклучок