THE FRAME QE32LS03T - Телевизор SAMSUNG - Notice d'utilisation et mode d'emploi gratuit
Retrouvez gratuitement la notice de l'appareil THE FRAME QE32LS03T SAMSUNG au format PDF.
Téléchargez la notice de votre Телевизор au format PDF gratuitement ! Retrouvez votre notice THE FRAME QE32LS03T - SAMSUNG et reprennez votre appareil électronique en main. Sur cette page sont publiés tous les documents nécessaires à l'utilisation de votre appareil THE FRAME QE32LS03T de la marque SAMSUNG.
MODE D'EMPLOI THE FRAME QE32LS03T SAMSUNG
të nxitur ripërdorimin e qëndrueshëm të burimeve materiale.
Пред да го прочитате прирачникот за користење Телевизорот се испорачува со овој прирачник за користење и вграден e-Manual. Пред да започнете да го читате овој прирачник за користење, разгледајте го следното:
Прирачник за користење
Прочитајте го овој прирачник за користење за да дознаете информации за безбедноста, инсталацијата, галантеријата, почетното конфигурирање и спецификациите на производот.
За повеќе информации за овој телевизор, прочитајте го e-Manual што е вграден во производот.
•• За да ја отворите функцијата e-Manual, > Поставување > Поддршка > Отвори e-Manual Од веб-страницата (www.samsung.com) може да преземате прирачници и да ја гледате нивната содржина на компјутер или мобилен уред.
Запознавање со помошните функции на e-Manual •• Некои менија на екранот не може да се отворат преку e-Manual.
Изберете некој елемент од листата со резултати за да ја вчитате соодветната страница. Изберете клучен збор за да отидете до потребната страница.
–– Менијата може да не се појават во зависност од географската област.
Изберете тема од листата на неодамна гледани теми.
Запознавање со функциите на копчињата што се појавуваат на страниците со теми во e-Manual Проб. сега Поврзи
Ви овозможува пристап до соодветното мени за да се обидете да ја користите функцијата веднаш. Веднаш пристапете до подвлечена тема наведена на страницата на e-Manual.
Предупредување! Важни безбедносни инструкции Ве молиме прочитајте ги безбедносните инструкции пред да започнете да го користите вашиот телевизор. Погледнете ја табелата подолу за да го дознаете објаснувањето за симболите со кои може да биде обележан вашиот производ од Samsung. ВНИМАНИЕ
ВНИМАНИЕ: ЗА ДА ГО НАМАЛИТЕ РИЗИКОТ ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР, НЕ ОТСТРАНУВАЈТЕ ГО КАПАКОТ (НИТУ ЗАДНАТА СТРАНА). ВО ВНАТРЕШНОСТА НЕМА ДЕЛОВИ КОИ МОЖЕ ДА СЕ ПОПРАВАТ ОД СТРАНА НА КОРИСНИКОТ. ПРЕПУШТЕТЕ ГО СЕРВИСИРАЊЕТО НА КВАЛИФИКУВАН ПЕРСОНАЛ.
AC напон: Номиналниот напон означен со ваков симбол е наизменичен (AC) напон.
Овој симбол посочува дека во внатрешноста има висок напон. Опасно е да доаѓате во каков било контакт со внатрешните делови на овој производ.
DC напон: Номиналниот напон означен со ваков симбол е еднонасочен (DC) напон.
Овој симбол означува дека со овој производ се испорачува важна литература во врска со неговото функционирање и одржување.
Внимание. Погледнете во инструкциите за користење: Овој симбол му наложува на корисникот да погледне во прирачникот за користење за дополнителни информации поврзани со безбедноста.
•• Приклучните места и отворите на ормарот и на задната или на долната страна се наменети за вентилација. За да се обезбеди сигурно функционирање на овој уред, но и да се заштити од прегревање, овие приклучни места и отвори никогаш не треба да бидат блокирани или покриени. –– Не го поставувајте овој уред во затворен простор, како што се полици за книги или вградени ормари, освен ако не овозможите соодветна вентилација. –– Не го поставувајте овој уред во близина или над радијатор или грејни тела или, пак, на места каде што ќе биде изложен на директна сончева светлина. –– Не поставувајте садови (вазни итн.) кои содржат вода врз овој уред, бидејќи тоа може да предизвика пожар или електричен удар. •• Не го изложувајте овој уред на дожд и не го поставувајте во близина на вода (во близина на када, лавабо, кујнско лавабо или корито за алишта, во влажен подрум или во близина на базен итн.). Доколку овој уред случајно се навлажни, исклучете го кабелот и веднаш обратете се кај овластениот дилер. •• Овој уред користи батерии. Во вашата заедница можеби постојат еколошки регулативи според кои треба правилно да ги отстраните овие батерии. Ве молиме обратете се кај вашите локални власти за да добиете информации за отстранување или рециклирање. •• Не ги оптоварувајте ѕидните приклучоци за струја, продолжителните кабли или адаптерите со надминување на нивниот капацитет, бидејќи тоа може да предизвика пожар или електричен удар. •• Каблите за напојување треба да се постават на начин со кој ќе се избегне нивното газење или приклештување со предмети кои се поставени врз или до нив. Обрнете посебно внимание на приклучоците на краевите од кабелот, ѕидните приклучоци за струја и местата на кои излегуваат од уредот. Македонски - 3
РИЗИК ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР. НЕ ОТВОРАЈТЕ.
Производ од класа II: Овој симбол означува дека не е потребно безбедносно заземјување. Ако овој симбол не е присутен на производот со кабел за напојување, тогаш тој производ МОРА да биде приклучен во штекер со заземјување.
•• За да го заштитите овој уред од удар од гром или да го заштитите кога долг временски период не се користи или надгледува, извадете го кабелот од ѕидниот приклучок за струја и исклучете ја антената или кабелскиот систем. На тој начин ќе спречите оштетувања на уредот предизвикани од удар од гром и промени во напонските водови. •• Пред да го поврзете кабелот за AC напојување со приклучокот на DC адаптерот, проверете дали ознаката за напон на DC адаптерот одговара со локалното електрично напојување. •• Никогаш не вметнувајте метални предмети во отворените делови на овој уред. Тоа претставува опасност од електричен удар. •• За да избегнете електричен удар, никогаш не допирајте ја внатрешноста на овој уред. Само квалификуван техничар смее да го отвора овој уред. •• Приклучете го кабелот за напојување дури откако ќе го прицврстите уредот. Кога го исклучувате кабелот за напојување од ѕиден приклучок за струја, секогаш влечете за приклучокот на кабелот за напојување. Никогаш не исклучувајте го со влечење на самиот кабел. Не допирајте го кабелот за напојување со влажни раце. •• Ако овој уред не работи нормално - поточно, ако од него се слушаат невообичаени звуци или излегува некоја миризба - веднаш исклучете го од напојување и обратете се кај овластениот продавач или во сервисен центар на Samsung. •• Не заборавајте да го извлечете кабелот за напојување од приклучокот за струја ако телевизорот нема да се користи или ако излезете од домот на подолг временски период (особено кога деца, постари луѓе или луѓе со посебни потреби ќе останат сами во домот). –– Насобраниот прав може да предизвика електричен удар, истекување на струја или пожар, бидејќи поради правта кабелот за напојување може да создаде искри и топлина или изолацијата може да ги изгуби своите својства. •• Обратете се во овластен сервисен центар на Samsung за да добиете повеќе информации доколку планирате да го инсталирате телевизорот на место со многу прав, високи или ниски температури, голема влажност, хемиски супстанци или на места каде што ќе се користи во период од 24 часа како на аеродроми, железнички станици итн. Во спротивно може да предизвикате сериозни оштетувања на телевизорот. •• Користете само соодветно заземјени приклучоци и штекери. –– Неправилното заземјување може да предизвика електричен удар или оштетување на опремата. (само опрема од класа l.) •• За да го исклучите целосно овој уред, извадете го неговиот кабел од ѕидниот штекер. За да можете брзо да го исклучите кабелот за напојување на уредот доколку има таква потреба, овозможете лесен пристап до ѕидниот штекер и приклучокот за напојување. •• Галантеријата (батерии итн.) треба да се складира на безбедно место кое не е на дофат на децата. •• Не го испуштајте или удирајте производот. Ако производот е оштетен, исклучете го кабелот за напојување и обратете се во сервисен центар на Samsung. •• За да го исчистите уредот, исклучете го кабелот за напојување од ѕидниот штекер и избришете го производот со мека и сува крпа. Не користете никакви хемикалии како восок, бензен, алкохол, разредувачи, инсектициди, освежувачи на воздух, лубриканти или детергенти. Овие хемикалии можат да го оштетат надворешниот изглед на телевизорот или да ги избришат испечатените ознаки на производот. •• Не изложувајте го уредот на капки или прскање. •• Не фрлајте ги батериите во оган. •• Не ги расклопувајте, прегревајте, или правете краток спој на батериите. •• Постои опасност од експлозија доколку батериите што сте ги користеле во далечинскиот управувач ги замените со батерии од погрешен вид. Заменете ги само со ист или еквивалентен вид. * Броевите и сликите од овој прирачник за користење служат само како референца и може да се разликуваат од вистинскиот приказ на производот. Дизајнот и спецификациите на производот може да се променат без претходно известување. Јазиците од Заедницата на независни држави (руски, украински, казакстански) не се достапни за овој производ, бидејќи тој е произведен за корисници во регионот на ЕУ. Македонски - 4
Содржина Пред да го прочитате прирачникот за користење ----------------------------------------------------------------------------Предупредување! Важни безбедносни инструкции -----------------------------------------------------------------------------
Што има во пакетот? Поврзување на телевизорот со One Connect Инсталација на телевизорот
----------------------------------------------------------------------------- 18
----------------------------------------------------------------------------- 19 ----------------------------------------------------------------------------- 20 ----------------------------------------------------------------------------- 20 ----------------------------------------------------------------------------- 22 ----------------------------------------------------------------------------- 23 ----------------------------------------------------------------------------- 23
Решавање на проблеми и одржување Решавање на проблеми Мерки на претпазливост при користење на режимот Уметност Што претставува Remote Support? Еко сензор и осветленост на екранот Грижа за телевизорот
----------------------------------------------------------------------------- 14 ----------------------------------------------------------------------------- 16 ----------------------------------------------------------------------------- 17
Поврзување на мрежа Мрежна врска - безжична Мрежна врска - жична
Извршување на почетното поставување Користење на ТВ-контролор
Далечинска контрола на Samsung Smart Повеќе за копчињата на Далечинска контрола на Samsung Smart Впарување на телевизорот со Далечинска контрола на Samsung Smart Поставување батерии во Далечинска контрола на Samsung Smart
Користење на режимот Уметност Гледање слики Поставување на стилот на избраната слика Поставување на режимот Уметност Користење на режимот Уметност со апликацијата SmartThings
Спецификации и други информации Спецификации Услови за заштита од опкружувањето Намалување на потрошувачката на енергија Лиценци
Монтирање на телевизорот на ѕид ----------------------------------------------------------------------------Обезбедување на соодветна вентилација за вашиот ----------------------------------------------------------------------------телевизор Мерки за безбедност: Прицврстување на телевизорот за ѕид за да спречите паѓање на ----------------------------------------------------------------------------телевизорот ----------------------------------------------------------------------------Користење на декоративното капаче Мерки на претпазливост при поставување на ----------------------------------------------------------------------------телевизорот на држач
01 Што има во пакетот? Проверете дали следните елементи се испорачани со вашиот телевизор. Доколку некои елементи недостасуваат, обратете се до вашиот продавач. •• Далечинска контрола на Samsung Smart и батерии (AA x 2)
•• Картичка за гаранција / водич со регулативи (не е достапен во некои локации)
•• Прирачник за користење
•• Кабел за напојување на One Connect
•• Бојата и обликот на предметите може да се разликуваат во зависност од моделите. •• Каблите кои не се испорачуваат можат да се купат одделно. •• Проверете дали има скриена галантерија зад или во пакувањето кога ќе ја отворите кутијата. Можно е да ви наплатат дополнително во следните ситуации: (a) Ако повикате инженер, но не е пронајден дефект на производот (т.е., во случај кога не сте го прочитале прирачникот за користење). (b) Ако го однесете уредот во сервисен центар на Samsung, каде што ќе се утврди дека нема дефект на производот (т.е., во случај кога не сте го прочитале прирачникот за користење). Пред да ве посети техничкото лице, ќе бидете известени за сумата на административните трошоци.
Предупредување: Екраните може да се оштетат од директен притисок, при неправилно ракување со нив. Ви препорачуваме да го подигнете телевизорот за рабовите, како што е прикажано.
Не го допирајте овој екран!
02 Поврзување на телевизорот со One Connect ONE CONNECT 5
ONE CONNECT ONE CONNECT TV ONE CONNECT
За да ја поврзете One Invisible Connection на One Connect и на вашиот телевизор, следете ги овие чекори: 1. Откако целосно ќе го поставите телевизорот и ќе го поставите во неговата крајна положба, поврзете го One Invisible Connection на One Connect и телевизорот како што е прикажано на чекорите од 1 до 4 погоре. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Проверете дали двата приклучоци се целосно и цврсто поврзани. Ако кој било од двата приклучоци не е правилно поврзан, постои опасност од опасен електричен удар. 2. Приклучете го кабелот за AC напојување на One Connect во One Connect, а потоа приклучете го кабелот во штекер како што е прикажано во чекорот 5 погоре. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Доследно следете ги упатствата. Не заборавајте да го приклучите кабелот за напојување во штекер како последен чекор. Секогаш исклучувајте го кабелот за напојување од штекерот пред да го исклучите One Invisible Connection од задниот дел на телевизорот или од One Connect. –– Погледнете го илустрираниот Quick Setup Guide за повеќе информации. 3. Поврзете ги периферните уреди (антена, кабелски приемник, Blu-ray плеер итн.) со One Connect. Погледнете Accessory Kit за подетални информации.
•• One Connect не треба да се користи во обратна или исправена положба. •• При приклучувањето на One Invisible Connection, користете Bending Cover, што спречува превиткување на кабелот на One Invisible Connection под агол од 90 степени. Доколку не се придржувате до тоа, може да предизвикате оштетување на кабелот. •• При поврзувањето на One Invisible Connection, внимавајте на обликот и големината на неговите приклучоци и поврзете ги правилно. Доколку не се придржувате до тоа, може да предизвикате дефект кај производот. •• При приклучувањето на One Invisible Connection, внимавајте да не го превиткате кабелот на One Invisible Connection. Доколку не се придржувате до тоа, може да предизвикате намалување на перформансите на телевизорот или оштетување на кабелот. •• За да ги организирате преостанатите кабли, погледнете ја сликата на претходната страница на која е прикажано како правилно треба да се организираат. •• Водете сметка да не го подложувате кабелот на дејствата наведени подолу. One Invisible Connection содржи електрично коло за напојување. Може да го оштетите кабелот и да се изложите на електричен удар. •• Внимателно ракувајте со One Connect. Тој е тежок.
Притиснување врз него
ЛАСЕРСКИ ПРОИЗВОД ОД КЛАСА 1 (One Invisible Connection) •• Внимание - Кога е отворен емитува невидлива ласерска радијација. Не гледајте во зракот. –– Немојте премногу да го превиткувате кабелот на One Invisible Connection. Немојте да го сечете кабелот. –– Не ставајте тешки предмети врз каблите. –– Немојте да ги расклопувате приклучоците на каблите. •• Внимание - користењето контроли, прилагодувања или постапки поинакви од тие што се наведени тука може да предизвика изложување на опасна радијација.
03 Инсталација на телевизорот Монтирање на телевизорот на ѕид Ако го монтирате овој телевизор на ѕид, тогаш придржувајте се строго до инструкциите што ги наведува производителот. Доколку не го монтирате правилно, телевизорот може да излезе од лежиштето или да падне, а притоа да предизвика сериозни повреди кај деца или возрасни и сериозни оштетувања на телевизорот. За моделите кои се испорачуваат со адаптери за монтирање на ѕид, инсталирајте ги како што е прикажано на сликата подолу пред да го инсталирате комплетот со ѕиден носач.
Адаптер за монтирање на ѕид Носач за монтирање на ѕид
C Адаптер за монтирање на ѕид Носач за монтирање на ѕид
•• Компанијата Samsung Electronics не е одговорна за оштетувањата на производот или повредите кај вас или другите лица, доколку изберете сами да го монтирате ѕидниот носач. •• Ѕидниот носач може да го инсталирате на цврст ѕид кој е поставен нормално на подот. Пред да го прицврстите ѕидниот носач на површини кои не се изработени од гипс картон, обратете се кај најблискиот продавач за да добиете дополнителни информации. Ако го поставите телевизорот на таван или ѕид кој е косо поставен, тој може да падне и да предизвика сериозни повреди. •• Стандардните димензии за ѕидните носачи се прикажани во табелата на следната страница. •• Ако при инсталацијата користите држач за монтирање на ѕид од трета страна, имајте предвид дека должината на завртките што можете да ги користите за да го прикачите телевизорот на држачот за монтирање на ѕид е прикажана во колоната C во табелата на следната страница. •• При монтирање на комплетот со ѕиден носач, ви препорачуваме да ги прицврстите сите четири VESA завртки. •• Ако сакате да инсталирате комплет со ѕиден носач што се монтира на ѕид само со две завртки на горниот дел, тогаш користете комплет со ѕиден носач од Samsung што поддржува ваков вид на инсталација. (Ваков вид на комплет со ѕиден носач може да не биде достапен за купување во зависност од географскиот регион.)
•• Погледнете го упатството за монтирање кое се испорачува со комплетот со ѕиден носач од Samsung.
Спецификации на Големината на телевизорот отворите за завртки VESA (A * B) во милиметри во инчи 43-49
Не го монтирајте ѕидниот носач додека телевизорот е вклучен. Тоа може да предизвика лични повреди како последица на електричен удар. •• Не употребувајте завртки кои се подолги од стандардните димензии или не ги исполнуваат VESA стандардите за спецификација на завртки. Завртките кои се премногу долги можат да ја оштетат внатрешноста на вашиот телевизор. •• За ѕидните носачи кои не се во согласност со VESA стандардите за спецификација на завртките, должината на завртките може да се разликува во зависност од спецификациите на ѕидниот носач. •• Не прицврстувајте ги завртките премногу. На тој начин производот може да се оштети или, пак, да падне и да ве повреди. Компанијата Samsung нема да сноси одговорност за овој вид на несреќи. •• Компанијата Samsung не одговара за оштетувањата на производот или личните повреди што може да настанат при употреба на ѕидни носачи кои не ги исполнуваат VESA стандардите или спецификациите за монтирање или во случаи кога корисникот не го следи упатството за инсталирање. •• Не го монтирајте телевизорот со закосување над 15 степени. •• За монтирање на телевизорот на ѕид секогаш се потребни две лица.
Обезбедување на соодветна вентилација за вашиот телевизор При инсталирање на вашиот телевизор и One Connect, одржувајте растојание од најмалку 10 cm помеѓу One Connect и останатите објекти (ѕидови, страните на комодата итн.) за да овозможите соодветна вентилација. Доколку не одржувате соодветна вентилација, тоа може да предизвика пожар или проблем кај производот кој ќе настане поради зголемување на неговата внатрешна температура. •• Ако за инсталацијата на телевизорот користите држач или ѕиден носач, строго ви препорачуваме да користите делови обезбедени само од компанијата Samsung Electronics. Користењето делови од друг производител може да предизвика неправилна работа на производот или може да дојде до повреда предизвикана од неисправност на уредот.
Мерки за безбедност: Прицврстување на телевизорот за ѕид за да спречите паѓање на телевизорот Внимание: Повлекувањето, туркањето или качувањето на телевизорот може да предизвика паѓање на телевизорот. Особено внимавајте вашите деца да не се држат за телевизорот и да не го дестабилизираат. Ова движење може да доведе до превртување на телевизорот, предизвикувајќи сериозни повреди или смрт. Придржувајте се до сите безбедносни мерки кои се наведени во безбедносниот леток кој се испорачува со вашиот телевизор. За дополнителна стабилност и безбедност, може да го купите и инсталирате системот против паѓање како што е опишано подолу. може да падне и да предизвика сериозни повреди или смрт. Многу повреди, особено кај децата, можат да се избегнат со преземање неколку едноставни мерки на претпазливост, како на пример: •• Користење ормани или масички кои ги препорачува производителот на телевизорот. •• Користење само мебел што може безбедно да го држи телевизорот. •• Проверување дали телевизорот виси на работ од мебелот на кој е поставен. •• Да не го поставувате телевизорот на висок мебел (на пример, ормани или полици) без да го прицврстите и мебелот и телевизорот на соодветна подлога. •• Да не го поставувате телевизорот на ткаенини или други материјали што можат да се стават помеѓу телевизорот и мебелот на кој е поставен. •• Да ги поучите децата за опасностите од качување врз мебелот за да го достигнат телевизорот или неговите копчиња. Ако го задржите и преместите телевизорот што го заменувате со овој нов телевизор, тогаш треба да ги применувате истите мерки на претпазливост за стариот телевизор. •• Ако треба да го преместите или да го подигнете телевизорот за да го замените или за да го чистите, внимавајте да не го извлечете држачот.
Мерки со кои ќе спречите паѓање на телевизорот 1. Носачите треба добро да се прицврстат за ѕидот со помош на соодветни завртки. Проверете дали завртките се цврсто прикачени на ѕидот. –– Може да ви бидат потребни дополнителни материјали како ѕидни типли, во зависност од типот на ѕидот. 2. Носачите треба добро да се прицврстат за телевизорот со помош на завртки со соодветна големина. –– За спецификации за завртките, погледнете го делот за стандардни завртки во табелата во "Монтирање на телевизорот на ѕид". 3. Поврзете ги носачите прицврстени за телевизорот и носачите прицврстени на ѕидот со издржлива и цврста жица, а потоа силно прицврстете ја жицата. –– Поставете го телевизорот блиску до ѕидот за да не може да падне наназад. –– Поврзете ја жицата така што носачите прицврстени за ѕидот да се наоѓаат на иста висина или пониско од носачите прицврстени за телевизорот.
•• Бојата и обликот на производот може да се разликуваат во зависност од моделот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Никогаш не го поставувајте телевизорот на нестабилно место. Телевизорот
Користење на декоративното капаче Кога не го користите ѕидниот носач VESA, отворите за завртките на ѕидниот носач може да ги покриете со декоративни капачиња. Погледнете ја сликата подолу.
Мерки на претпазливост при поставување на телевизорот на држач Кога го поставувате телевизорот на држач, не го поставувајте држачот на задната страна од површината на масата. Доколку не се придржувате до тоа, сензорот за движења во долниот дел на телевизорот може да не работи правилно.
04 Користење на режимот Уметност >
Користете го режимот Уметност за приказ на слики, како на пример, уметнички дела или фотографии, кога не гледате телевизија во режим на цел екран. •• Притиснете го копчето
на далечинскиот управувач за да преминете во режим на телевизија или
во режимот Уметност. •• Притиснете го копчето
во режимот Уметност за да преминете во режим на телевизија.
•• За целосно исклучување на телевизорот притиснете и задржете врз копчето
–– Ако користите поинаков далечински управувач од Далечинска контрола на Samsung Smart, тогаш телевизорот може да не се исклучи целосно. •• Во режимот Уметност, светлината и тоновите на боите на вашиот телевизор се прилагодуваат автоматски во зависност од амбиенталната светлина, а телевизорот може да се вклучува или исклучува автоматски. –– Според зададените поставки на телевизорот, екранот се исклучува автоматски кога амбиенталната светлина ќе се затемни додека е активен режимот Уметност. •• Искористете ги поставките за режимот Уметност (
Уметност > Поставување) на телевизорот
или апликацијата SmartThings во вашиот мобилен уред за да ја поставите чувствителноста на детекторот за движења за да му овозможите на телевизорот да открива визуелни промени, вклучувајќи и движења на корисници, како и да се вклучува или исклучува автоматски. •• Во режимот Уметност, може да го поврзете вашиот мобилен уред со телевизорот преку апликацијата SmartThings во мобилниот уред, за да гледате фотографии од мобилниот уред. –– Оваа функција може да не биде поддржана во зависност од моделот на телевизорот или мобилниот уред. –– Поддржаните функции може да се разликуваат во зависност од верзијата на апликацијата SmartThings.
управувач или притиснете го копчето ТВ-контролор во долниот дел на телевизорот.
•• Сликата што се прикажува на вашиот телевизор може да се разликува од сликата погоре, во зависност од моделот и географската област. За да погледнете слика во режимот Уметност, изберете едно од следните менија. За да преминете во подменито во кое може да избирате слики, притиснете го копчето Изберете, едно од четирите копчиња за насока или копчето
во режимот Уметност. Потоа искористете ги копчињата за насока
на далечинскиот управувач за да го поместите означувањето врз саканата слика, а потоа притиснете го копчето Изберете. Во горниот дел на избраната слика ќе се појави
Постави и истата ќе можете да ја
погледнете во режимот Уметност. •• Неодамнешни Ви овозможува да ја уредувате последната избрана слика. •• Продавница за уметност Одете до Продавница за уметност за да купувате различни слики. –– Продавница за уметност може да не се појави во зависност од статусот на мрежната врска. •• Колекција Samsung Избирајте слики од различни теми. •• Моја колекција Можете да погледнете листа со уметнички дела и фотографии што сте ги поставиле како
во Омилени. Исто така, може да избирате слики по ваша желба од надворешен уред за складирање или мобилен уред и да ги зачувате во Мои фотографии. –– За да пристапите до сликите во вашиот мобилен уред треба да ја инсталирате апликацијата SmartThings во вашиот мобилен уред.
Гледање слики според времето 1. Искористете ги копчињата за насока на далечинскиот управувач за да преминете на функцијата Колекција Samsung или Моја колекција. 2. Искористете ги копчињата за насочување за да преминете на едно од подменијата. 3. Искористете ги копчињата за насока на далечинскиот управувач за да преминете во Опции во горниот дел на екранот. 4. Притиснете го копчето Изберете кога ќе се појави елементот Започни ротирање. 5. Искористете ги копчињата за насока на далечинскиот управувач за да го изберете времето кога ќе се заменат сликите, а потоа притиснете го копчето Изберете.
Увезете слики од надворешен уред за складирање 1. Приклучете надворешен уред за складирање кој содржи слики во телевизорот. 2. Искористете ги копчињата за насока на далечинскиот управувач за да преминете во Моја колекција, а потоа преминете во приклучениот надворешен уред за складирање. 3. Искористете ги копчињата за насока на далечинскиот управувач за да го поместите означувањето врз Опции во горниот дел на екранот, а потоа изберете Зачув. 4. Искористете ги копчињата за насока на далечинскиот управувач за да го поместите означувањето врз некоја слика, а потоа притиснете го копчето Изберете. –– Може да изберете повеќе слики. 5. Искористете ги копчињата за насока на далечинскиот управувач за да го поместите означувањето 6. Избраната слика или слики ќе се зачуваат во Мои фотографии. •• Препорачани резолуции: 3840 x 2160 (16:9)
Купување слики од Продавница за уметност 1. Искористете ги копчињата за насока на далечинскиот управувач за да преминете во Продавница за уметност. 2. Искористете ги копчињата за насока на далечинскиот управувач за да го поместите означувањето врз некоја тема и притиснете го копчето Изберете. На екранот ќе се прикажат слики што одговараат на темата. 3. Искористете ги копчињата за насока на далечинскиот управувач за да го поместите означувањето врз некоја слика и притиснете го копчето Изберете. 4. Искористете ги копчињата за насока на далечинскиот управувач за да го поместите означувањето врз Купи во горниот дел на екранот, а потоа притиснете го копчето Изберете за да ја купите избраната слика. 5. Искористете ги копчињата за насока на далечинскиот управувач за да изберете начин на плаќање, а потоа притиснете го копчето Изберете. 6. Следете ги инструкциите на екранот за да извршите плаќање.
Претплаќање на Членство во продавницата за уметност Кога ќе се претплатите на Членство во продавницата за уметност ќе можете да ја користите услугата Продавница за уметност неограничено и ќе уживате во различни уметнички дела што може да ги замените со нови по ваша желба. 1. Искористете ги копчињата за насока на далечинскиот управувач за да преминете во Продавница за уметност. 2. Искористете ги копчињата за насока на далечинскиот управувач за да преминете во Членство. 3. Следете ги инструкциите на екранот за да ги внесете вашите податоци за членство.
врз Зачувај во Мои фотографии во горниот дел на екранот, а потоа притиснете го копчето Изберете.
Поставување на стилот на избраната слика Мат
•• Сликата што се прикажува на вашиот телевизор може да се разликува од сликата погоре, во зависност од моделот и географската област. Искористете ги копчињата за насока на далечинскиот управувач за да преминете во Опции во горниот дел на екранот. Може да ги користите следните менија: •• Детали Ви овозможува да дознаете повеќе информации за сликата. •• Мат Ви овозможува да применувате различни бои и стилови на рабови за сликата по ваша желба. •• Омилен Сликите може да ги поставите (или да не ги поставите) како омилени содржини со притиснување на копчето Изберете на далечинскиот управувач. Списокот со содржините што сте ги поставиле како омилени може да го погледнете во Моја колекција > Омилени. ––
Омилен: Не е поставено како омилена содржина.
Омилен: Поставено е како омилена содржина.
Применете боја и стил на рабовите на сликата 1. Искористете ги копчињата за насока на далечинскиот управувач за да го поместите означувањето врз сликата на која сакате да и ги промените бојата и стилот на рабовите, поместете го означувањето врз Мат во горниот дел на екранот, а потоа притиснете го копчето Изберете. 2. Искористете ги копчињата за насока на далечинскиот управувач за да ја изберете саканата боја и стил на рабовите. 3. Променете го стилот на рабовите и потоа притиснете го копчето Изберете за да го поместите означувањето врз сликата. –– Ако сакате да ги промените само бои и стилови на рабовите, променете ги, а потоа притиснете го копчето Изберете за да ги сачувате. 4. За да ги зачувате бојата и стилот на рабовите што сте ги избрале, притиснете го повторно копчето Изберете. –– Ако го притиснете копчето
за да излезете, тогаш бојата и стилот на рабовите што сте ги
промениле нема да се зачуваат.
Поставување на режимот Уметност Во режимот Уметност, искористете ги копчињата за насока на далечинскиот управувач за да преминете на опцијата Поставување на крајот од менито. Може да ги прилагодите следните функции: •• Боја и интензитет Искористете ги копчињата за насока на далечинскиот управувач за да го поместите означувањето врз Менувај во горниот дел, а потоа притиснете го копчето Изберете. На следниот екран треба да ги прилагодите боите и светлината на сликата. Откако ќе ги изберете саканите поставки, притиснете го копчето Изберете на далечинскиот управувач. –– За да веднаш поставите Боја и интензитет додека е активен режимот Уметност, притиснете го копчето
на далечинскиот управувач.
Ако не се откријат никакви движења во близина на телевизорот во определениот временски период, тогаш телевизорот ќе се исклучи автоматски. Искористете ги копчињата за насока на далечинскиот управувач за да го поместите означувањето врз опциите погоре. Откако ќе го изберете саканото време, притиснете го копчето Изберете на далечинскиот управувач. •• Детектор на движење Чувствителноста на детекторот за движења може да се прилагоди. Искористете ги копчињата за насока на далечинскиот управувач за да го поместите означувањето врз опциите погоре. Откако ќе ја изберете саканата чувствителност, притиснете го копчето Изберете на далечинскиот управувач. •• Night Mode Кога оваа функција е вклучена, телевизорот се исклучува автоматски доколку тој не открие светлина околу него. Искористете ги копчињата за насока на далечинскиот управувач за да го поместите означувањето врз опциите погоре, а потоа вклучете ја или исклучете ја оваа функција.
Отстранете слики од Моја колекција Можете да ги отстраните зачуваните слики од Моја колекција. 1. Искористете ги копчињата за насока на далечинскиот управувач за да преминете во Моја колекција. 2. Искористете ги копчињата за насока на далечинскиот управувач за да преминете на функцијата Омилени или Мои фотографии. 3. Искористете ги копчињата за насока на далечинскиот управувач за да преминете во Опции во горниот дел на екранот. 4. Поместете го означувањето врз Отстрани, а потоа притиснете го копчето Изберете на далечинскиот управувач. 5. Искористете ги копчињата за насока на далечинскиот управувач за да го поместите означувањето врз некоја слика, а потоа притиснете го копчето Изберете. –– Може да изберете повеќе слики. 6. Искористете ги копчињата за насока на далечинскиот управувач за да преминете на опцијата Отстрани го избраното во горниот дел на екранот, а потоа притиснете го копчето Изберете.
Користење на режимот Уметност со апликацијата SmartThings Откако ќе ја инсталирате апликацијата SmartThings во вашиот мобилен уред, ќе можете да ги користите следните функции: Апликацијата SmartThings може да ја преземете од Google Play Store, Samsung Apps или App Store. –– Функциите или терминологијата може да бидат различни во зависност од верзијата на апликацијата SmartThings. –– Кај таблет-уредите, функциите на режимот Уметност може да не бидат поддржани од апликацијата SmartThings. •• Избирање слики •• Претплаќање на Членство во продавницата за уметност •• Создавање Collage: Спојте повеќе слики во една слика. •• Применување бои и стилови на рабовите на сликите •• Поставување тонови на бои и светлина за режимот Уметност •• Поставување на функцијата Sleep After: Ако не се откријат никакви движења во временскиот период одреден во режимот Уметност, тогаш телевизорот ќе се исклучи автоматски. •• Поставување на функцијата Night Mode: Поставете го моделот The Frame автоматски да се исклучи ако во просторијата нема светлина. •• Поставување на функцијата Детектор на движење: Поставете ја чувствителноста на сензорот за да може телевизорот да се вклучува автоматски кога ќе открие движење во режимот Уметност.
05 Далечинска контрола на Samsung Smart Повеќе за копчињата на Далечинска контрола на Samsung Smart •• Сликите, копчињата и функциите на Далечинска контрола на Samsung Smart може да се разликуваат во зависност од моделот. •• Функцијата Постави универзално далечинско функционира нормално само кога го користите Далечинска контрола на Samsung Smart што се испорачува со телевизорот. (Напој.)
(копче Број) Кога ќе го притиснете, во долниот дел на екранот ќе се појави лента за броеви. Изберете ги броевите, а потоа изберете Готов за да ја внесете нумеричката вредност. Се користат за менување канали, внесување PIN код, внесување поштенски код итн. •• Ако го притиснете и задржите 1 секунда или подолго, тогаш ќе се појави менито на функцијата TTX. Изберете Овозможува избирање или активирање на означениот елемент. Ако го притиснете додека гледате програма што се емитува, тогаш ќе се прикажат детални информации за програмата. (Врати) Овозможува враќање на претходното мени. Ако го притиснете и задржите 1 секунда или подолго, функцијата што се користи ќе се исклучи. Ако го притиснете додека гледате некоја програма, тогаш ќе се прикаже претходниот канал. (Репродукција/Пауза) Кога ќе го притиснете, се појавуваат контролите за репродукција. Со помош на овие контроли можете да ги контролирате медиумските содржини што се репродуцираат. (Smart Hub) Овозможува враќање на Прв екран. •• Притиснете кога режимот Уметност е активен за да преминете во режим за телевизија.
(Bixby) Ја активира функцијата Bixby. Притиснете го и задржете го копчето, изговорете команда, а потоа отпуштете го копчето за да ја активирате функцијата Bixby. Кога ќе го притиснете копчето, менито Explore Now ќе се појави во долниот дел на екранот. •• Јазиците и функциите што ги поддржува Bixby може да се разликуваат во зависност од географскиот регион. (копче Боја) Користете ги овие копчиња во боја за да пристапите до дополнителни опции кои се карактеристични за функцијата која се користи. •• За да веднаш поставите Боја и интензитет додека е активен режимот Уметност, притиснете го копчето. Копчиња за насока (горе/долу/лево/ десно) Овозможува поместување на означувањето и ги менува вредностите кои ги гледате во менито на телевизорот. VOL (Глас) Поместете го копчето нагоре или надолу за да ја прилагодите јачината на звукот. За да го исклучите звукот, притиснете го копчето. Ако го притиснете и задржите 1 секунда или подолго, тогаш ќе се појави менито на функцијата Кратенки за пристапност. CH (Канал) Поместете го копчето нагоре или надолу за да го промените каналот. За да го погледнете екранот на функцијата Водич, притиснете го копчето. •• Ако го притиснете и задржите 1 секунда или подолго, тогаш ќе се појави екранот на функцијата Список со канали. Притиснете го секое копче за да ја изврши својата функција.
Кога гледате телевизија, притиснете за да преминете во режимот Уметност. Ако режимот Уметност е активен, тогаш притиснете за да преминете на гледање телевизија. •• Притиснете и задржете за целосно исклучување на телевизорот.
Впарување на телевизорот со Далечинска контрола на Samsung Smart Кога за прв пат ќе го вклучите вашиот телевизор, Далечинска контрола на Samsung Smart автоматски ќе се впари со телевизорот. Ако Далечинска контрола на Samsung Smart не се впари со телевизорот автоматски, насочете го кон сензорот за далечинскиот управувач на телевизорот, а потоа притиснете ги истовремено копчињата означени со
прикажано на сликата лево и задржете 3 секунди или подолго.
Поставување батерии во Далечинска контрола на Samsung Smart
За да ги инсталирате батериите, отворете го задниот капак во насока на стрелката на долната страна на сликата и потоа вметнете ги батериите како што е прикажано на сликата. Проверете дали позитивните и негативните полови се поставени во правилна насока. Затворете го задниот капак како што е прикажано. •• Се препорачуваат алкални батерии за подолг работен век.
06 Извршување на почетното поставување Кога за прв пат ќе го вклучите вашиот телевизор, тој веднаш ќе го активира почетното поставување. Почетното поставување ви овозможува да ги конфигурирате основните поставки според кои ќе функционира телевизорот, како што се прием на емитувања, пребарување канали и мрежна врска. •• Пред да започнете со почетното поставување, прво треба да поврзете надворешни уреди. •• За да ги користите паметните функции на телевизорот, телевизорот мора да биде поврзан на интернет. •• За да извршите почетно поставување со помош на апликацијата SmartThings мора да го поврзете
уред, тогаш продолжете го поставувањето рачно откако ќе го додадете телевизорот преку функцијата Додај уред на контролната табла на апликацијата SmartThings. •• Апликацијата SmartThings е достапна за мобилни уреди со Android 6.0 или понова верзија, како и за уреди со iOS 10 или понова верзија. •• Кога телевизорот комуницира со мобилните уреди, на телевизорот може привремено да се појави шум. Почетното поставување може да го активирате и преку менито на телевизорот (
Општо > Ресетирај). Следете ги инструкциите што се прикажуваат на екранот за почетно поставување и конфигурирајте ги основните поставки на телевизорот според опкружувањето во кое го користите.
мобилниот уред преку Wi-Fi. •• Ако прозорецот за поставување не се појави автоматски во апликацијата SmartThings на мобилниот
Користење на ТВ-контролор Вклучете го телевизорот со помош на копчето ТВ-контролор на долната страна на телевизорот, а потоа користете ја функцијата Мени за контрола. Функцијата Мени за контрола се појавува кога ќе го притиснете копчето ТВ-контролор кога телевизорот е вклучен. За повеќе информации во врска со користењето, погледнете ја сликата подолу.
Копче ТВ-контролор / Сензор за далечинскиот управувач •• Режим за телевизија –– Притиснете: Премести –– Притиснете и задржете: Избери •• Режим Уметност –– Притиснете: Преминете во режимот за телевизија Копчето ТВ-контролор се наоѓа на долната страна на телевизорот.
•• При притиснување на копчето ТВ-контролор внимавајте да не го притиснете и сензорот за движења покрај него. •• Во режимот Уметност индикаторот за напојување во долниот дел на телевизорот е исклучен. •• По отстранување на Customizable Frame (се продаваат посебно) од телевизорот, турнете го сензорот за далечински управувач нагоре за да го вратите во неговата првична положба. –– Не употребувајте преголема сила кога ќе го туркате сензорот за далечински управувач нагоре. Постои ризик од оштетување.
07 Поврзување на мрежа Со поврзување на телевизорот во мрежа добивате пристап до услуги на интернет, како што е Smart Hub, како и софтверски ажурирања.
Мрежна врска - безжична Поврзете го телевизорот на интернет преку стандардна пристапна точка или модем.
Приклучок за LAN на ѕидот
Безжична IP-пристапна точка или модем со DHCPсервер
LAN кабел (не се испорачува)
Мрежна врска - жична Поврзете го телевизорот во мрежа преку LAN-кабел. •• Телевизорот нема да може да се поврзе на интернет ако брзината на вашата мрежа е помала од 10 Mbps. •• За поврзување користете Cat7 кабел (*STP тип). * Shielded Twisted Pair
08 Решавање на проблеми и одржување Решавање на проблеми Ако имате проблем со телевизорот, најпрво погледнете ја оваа листа на можни проблеми и решенија. Или, пак, разгледајте го делот за решавање проблеми во e-Manual. Ако не можете да примените ниту еден од овие совети за решавање проблеми, посетете ја веб-страницата „www.samsung.com“ и кликнете на Поддршка или обратете се во сервисен центар на Samsung што е наведен на задната корица од овој прирачник. •• Овој TFT LED екран се состои од подпиксели за чие создавање е потребна софистицирана технологија. На екранот, сепак, може да се појават неколку светли или темни пиксели. Овие пиксели нема да имаат никакво влијание врз перформансите на уредот. •• За да го доведете вашиот телевизор во оптимална состојба, надградете го со најновиот софтвер. Искористете ја функцијата Ажурирај сега или Автоматско ажурирање во менито на телевизорот (
Поставување > Поддршка > Ажурирање на софтверот > Ажурирај сега или Автоматско ажурирање).
Телевизорот не може да се вклучи. •• Проверете дали AC-кабелот за напојување е добро приклучен во One Connect и ѕидниот приклучок. •• Проверете дали ѕидниот приклучок за напојување функционира и дали индикаторот за напојување на долната страна на телевизорот е вклучен и свети непрекинато во црвена боја. •• Обидете се да го притиснете копчето ТВ-контролор на долната страна на телевизорот за да проверите дали има проблем со далечинскиот управувач. Доколку телевизорот се вклучи, погледнете го делот “Далечинскиот управувач не функционира”.
Нема слика/видео/звук или се репродуцира изобличена слика/видео/звук од надворешниот уред или, пак, на телевизорот се прикажува “Слаб или никаков сигн.” или не може да се пронајдат канали. •• Проверете дали уредот е правилно поврзан и дали сите кабли се целосно вметнати. •• Исклучете ги и повторно приклучете ги сите кабли кои се поврзани во телевизорот и надворешните уреди. Ставете нови кабли, доколку е можно. •• Потврдете дека е избран соодветниот влезен извор (
•• Извршете тест за самодијагноза на телевизорот за да утврдите дали телевизорот или уредот го предизвикува проблемот (
Поставување > Поддршка > Самодијагноза > Започнете со тест на
сликата или Започнете со тест на звукот). •• Ако резултатите се нормални, рестартирајте ги поврзаните уреди со тоа што ќе ги исклучите и повторно ќе ги вклучите каблите за напојување на секој уред. Ако проблемот не се отстрани, погледнете го водичот за поврзување во прирачникот за користење на поврзаниот уред. •• Ако не користите кабелски приемник или сателитски приемник, а вашиот телевизор прима телевизиски сигнали од антена или кабелски приклучок на ѕидот, тогаш активирајте ја функцијата Автоматско пребарување канали за да пребарувате канали (
Поставување > Емитување >
(Поставки за Автоматско пребарување канали) > Автоматско пребарување канали). –– Функцијата Поставки за Автоматско пребарување канали може да не се појави во зависност од моделот или географската област. –– Ако користите кабелски приемник или сателитски приемник, ве молиме погледнете го прирачникот на кабелскиот приемник или сателитскиот приемник.
CI+ не функционира. •• Вашиот телевизор од Samsung е во согласност со CI+ 1.4 стандардите. •• Доколку модулот CI+ Common Interface не е компатибилен со овој уред, тогаш отстранете го модулот и контактирајте со операторот за CI+ за да добиете помош.
Далечинскиот управувач не функционира. •• Проверете дали индикаторот за напојување на долната страна на телевизорот трепка кога ќе го притиснете копчето за вклучување на далечинскиот управувач. Ако не трепка, заменете ги батериите на далечинскиот управувач. •• Проверете дали поларитетот (+/–) на батеријата е поставен во точната насока. 1,5-1,8 m. •• Ако вашиот телевизор ви бил испорачан со Далечинска контрола на Samsung Smart (далечински управувач со Bluetooth), прво треба да го впарите далечинскиот управувач со телевизорот.
Далечинскиот управувач на кабелскиот приемник или сателитскиот приемник не го вклучува и исклучува телевизорот или не ја прилагодува јачината на звукот. •• Програмирајте го далечинскиот управувач на кабелскиот приемник или сателитскиот приемник за да го контролира телевизорот. Погледнете го прирачникот за користење на кабелскиот приемник или сателитскиот приемник и пронајдете го кодот за вашиот телевизор од SAMSUNG.
Поставките на телевизорот се губат по 5 минути. •• Телевизорот е во режимот Режим за малопродажба. Променете ја опцијата Режим на користење во менито Општо во Домашен режим (
Поставување > Општо > Управувач на системот > Режим на
користење > Домашен режим).
Прекини во Wi-Fi врската •• Проверете дали телевизорот е поврзан во мрежа (
Поставување > Општо > Мрежа > Статус на
мрежата). •• Проверете дали точно сте ја впишале лозинката за Wi-Fi. •• Проверете го растојанието помеѓу телевизорот и модемот или пристапната точка. Растојанието не треба да надминува 15,2 m. •• Намалете ги пречките на тој начин што нема да ги користите или ќе ги исклучите безжичните уреди. Исто така, проверете дали има пречки помеѓу телевизорот и модемот или пристапната точка. (Јачината на Wi-Fi сигналот можат да ја намалат уреди во домаќинството, безжични телефони, ѕидови од камен, камини итн.)
Повеќе ката Безжична пристапна точка Уред за зголемување на безжичниот опсег
•• Обратете се кај вашиот оператор на интернет услуги (ISP) и побарајте да ја ресетира вашата мрежа за да овозможи повторна регистрација на MAC-адресата на вашиот нов модем или пристапна точка и телевизорот. Македонски - 25
•• Обидете се да го насочите далечинскиот управувач директно кон телевизорот на оддалеченост од
Проблеми со апликации за видео (Youtube итн.) •• Променете го DNS серверот во 8.8.8.8. Изберете
Поставување > Општо > Мрежа > Статус на
мрежата > IP поставки > DNS-поставка > Внесете рачно > DNS сервер > внесете 8.8.8.8 > OK. •• Извршете ресетирање со избирање на
Поставување > Поддршка > Самодијагноза > Ресетирај
ја функцијата Smart Hub.
Телевизорот продолжува да работи или не се исклучува автоматски. •• Ако опкружувањето е премногу затемнето или премногу осветлено, сензорот за движења може да не работи правилно. Начинот на поставување на уредот (висина, закосување, пречки) може да влијае врз перформансите на сензорот за движења. Ако облеката што ја носите или бојата на вашата кожа е слична со боите на вашето опкружување, сензорот за движења може да не работи правилно. •• Телевизорот реагира на сите визуелни промени околу него (светилки, екрани, кучиња, промени од надворешната страна на прозорците и други промени). Прилагодете го нивото на реакција со прилагодување на чувствителноста на детекторот за движења. (
Уметност > Поставување > Детектор на движење)
Мерки на претпазливост при користење на режимот Уметност •• Сензорот за движења се наоѓа на долната страна на телевизорот. Не го блокирајте сензорот на предната страна на телевизорот. Тоа може да влијае врз сензорот за движења, но и врз светлината и тоновите на боите на екранот. •• Режимот Уметност користи алгоритми за минимизирање на заостанатите облици на екранот што може да се појават поради долготрајно прикажување слики на екранот. •• Перформансите на сензорот може да бидат различни во зависност од поставувањето на телевизорот и опкружувањето во кое се користи. –– Бојата на подлогата врз која е поставен телевизорот може да влијае врз тоновите на боите и светлината на екранот. –– Во опкружувања каде што се користат специјални извори на светлина наместо стандардни извори на светлина (халогенски, флуоресцентни), перформансите на сензорот за препознавање движења може да бидат различни во зависност од положбите, видот и бројот на изворите на светлина. –– Ако опкружувањето во кое се наоѓа телевизорот е премногу темно или премногу светло, тогаш светлината на екранот може да биде ограничена или сензорот може да не работи правилно. –– Ако телевизорот е поставен премногу високо или премногу ниско, тогаш сензорот може да не работи правилно. –– Сензорот за движења може да открие движење од трепкачка LED светилка, милениче во домот, автомобил во движење преку прозорецот или други појави што ќе го активираат. •• Во зависност од поставките на функцијата Автоматско исклучување (
> Еко решение > Автоматско исклучување) телевизорот може да се исклучи доколку корисникот не внесе ништо во режимот Уметност како на пример, команди преку далечинскиот управувач. •• Функциите
Поставување > Општо > Управувач на системот > Време > Време на искл. и Тајмер
за искл. не работат во режимот Уметност. •• Функциите
Поставување > Општо > Управувач на системот > Време на автоматска заштита не
работат во режимот Уметност.
Што претставува Remote Support? Услугата Remote Support од Samsung ви нуди поддршка лице-во-лице со техничар од Samsung кој може далечински да ви помогне: •• Дијагностика на вашиот телевизор •• Прилагодување на поставувањата на телевизорот наместо вас •• Ресетирање на вашиот телевизор на фабрички вредности •• Инсталирање на препорачани ажурирања на фирмверот
Како функционира Remote Support? 1. Јавете се во сервисниот центар на Samsung и побарајте далечинска поддршка. 2. Отворете го менито на вашиот телевизор и одете во делот за Поддршка. (
Поддршка) 3. Изберете Далечинско управување, а потоа прочитајте ги и согласете се со договорите на услугата. Кога ќе се појави екранот за PIN, кажете му го PIN бројот на техничарот. 4. Потоа техничарот ќе пристапи на вашиот телевизор.
Еко сензор и осветленост на екранот
Функцијата Еко сензор автоматски ја прилагодува осветленоста на телевизорот. Оваа функција ја мери светлината во вашата соба и автоматски ја оптимизира осветленоста на телевизорот за да ја намали потрошувачката на енергија. Ако сакате да ја исклучите оваа опција, одете во
Општо > Еко решение > Откривање амбиентална светлина. •• Ако екранот е премногу темен додека гледате телевизија во темно опкружување, за тоа може да биде одговорна функцијата Откривање амбиентална светлина. •• Еко сензорот се наоѓа на долната страна на телевизорот. Не го блокирајте сензорот со какви било предмети. Ова може да предизвика намалување на осветленоста на сликата.
Пристапете до услугата Remote Support од Samsung за вашиот телевизор на едноставен начин:
Грижа за телевизорот •• Ако на ТВ екранот била залепена некоја налепница, на тоа место може да се појават нечистотии откако ќе ја отстраните налепницата. Ве молиме исчитете ги нечистотиите пред да започнете да гледате телевизија. •• Надворешниот дел и екранот на телевизорот може да се изгребат при чистење. Не заборавајте внимателно да го избришете надворешниот дел и екранот со мека крпа за да не направите гребнатини. •• Не прскајте вода или каква било течност директно на телевизорот. Секоја течност која ќе навлезе во производот може да предизвика неисправност, пожар или електричен удар. •• За да го исчистите екранот треба да го исклучите телевизорот, а потоа внимателно да ги избришете дамките и отпечатоците од прсти на екранот со ткаенина од микрофибер. Исчистете ја надворешноста на телевизорот или екранот со мека ткаенина од микрофибер натопена со мало количество на вода. Потоа, отстранете ја влагата со сува ткаенина. Не употребувајте голема сила врз површината на екранот за време на чистењето бидејќи така можете да го оштетите екранот. Никогаш не користете запаливи течности (бензен, разредувач итн.) или средство за чистење. За тврдокорни дамки, испрскајте мало количество средство за чистење екрани на ткаенина од микрофибер, а потоа избришете ги дамките со ткаенината.
09 Спецификации и други информации Спецификации Име на модел
Резолуција на екранот
Големина на екран Мерено дијагонално Звук (излез)
Резолуција на екранот
Услови за заштита од опкружувањето Работна температура Работна влажност Температура на чување Влажност на чување
10°C до 40°C (50°F до 104°F) 10% до 80%, без кондензација -20°C до 45°C (-4°F до 113°F) 5% до 95%, без кондензација
•• Дизајнот и спецификациите можат да бидат променети без претходно известување. •• За повеќе информации за напојувањето и потрошувачката на енергија, погледнете ја налепницата со податоци залепена на производот. •• Типичната потрошувачка на енергија се мери според IEC 62087. •• Погледнете ја налепницата со податоци што се наоѓа на долната страна на One Connect. •• Погледнете ја налепницата со податоци што се наоѓа на задната страна на телевизорот. (Кај некои модели, налепницата со податоци се наоѓа на внатрешната страна на капакот за приклучоци.)
Намалување на потрошувачката на енергија Кога ќе го исклучите телевизорот, тој преминува во режим на подготвеност. Кога е во режим на подготвеност, продолжува да троши мало количество на енергија. За да ја намалите потрошувачката на енергија, исклучете го кабелот за напојување кога не планирате да го користите телевизорот подолг временски период.
The terms HDMI and HDMI High-Definition Multimedia Interface, and the HDMI Logo are trademarks or registered trademarks of HDMI Licensing LLC in the United States and other countries.
Со ова, Samsung Electronics, изјавува дека оваа опрема е во согласност со директивата 2014/53/EU. Целосниот текст на декларацијата за усогласеност од ЕУ е достапна на следната интернет адреса: http:// www.samsung.com, одете во Поддршка > Пребарување на поддршка за производ и внесете го името на моделот. Оваа опрема може да се употребува во сите држави на ЕУ. Функцијата за 5 GHz WLAN(Wi-Fi) на оваа опрема може да се користи само во затворени простории. Макс. моќност на предавателот за BT: 100 mW при 2,4 GHz - 2,4835 GHz Макс. моќност на предавателот за Wi-Fi: 100 mW при 2,4 GHz-2,4835 GHz, 5,15 GHz-5,35 GHz & 5,47 GHz5,725 GHz За повеќе информации за регулаторните обврски специфични за некои производи и еколошките цели на Samsung, на пр., REACH, WEEE, батерии, посетете ја веб-страницата http://www.samsung.com/uk/ aboutsamsung/samsungelectronics/corporatecitizenship/data_corner.html ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ - ЗА ДА СПРЕЧИТЕ ПОЈАВА НА ПОЖАР, СЕКОГАШ ЧУВАЈТЕ ГИ СВЕЌИТЕ ИЛИ ДРУГИТЕ ИЗВОРИ НА ОТВОРЕН ОГАН ПОДАЛЕКУ ОД ОВОЈ ПРОИЗВОД.
Правилно депонирање на овој производ (Отпадна електрична и електронска опрема) (Применливо во држави со посебни системи за справување со отпадот) Оваа ознака на производот, галантеријата или литературата посочува дека производот и неговата електронска дополнителна опрема (на пр. полнач, слушалки со микрофон, USB кабел) не треба да се отстранат заедно со останатиот отпад од домаќинството на крајот од работниот век. За да се спречи можна штета врз околината или човечкото здравје од неконтролирано отстранување на отпад, ве молиме одделете ги овие предмети од другите видови на отпад и рециклирајте ги за да промовирате повторно користење на материјалите. Физичките лица можат да се обратат или во продавницата каде што го купиле овој производ или во службите на локалната самоуправа, за детали каде и како да извршат рециклирање Деловните корисници треба да се обратат до својот набавувач и да ги проверат условите и одредбите од договорот за купување. Овој производ и неговата електронска дополнителна опрема не треба да се отстранува заедно со другите комерцијални видови на отпад. Правилно депонирање на батериите од овој производ (Применливо во држави со посебни системи за справување со отпадот) Оваа ознака на батеријата, прирачникот или пакувањето посочува дека батериите од овој производ не треба да се отстранат заедно со останатиот отпад од домаќинството на крајот од работниот век. Ознаките за хемиските симболи Hg, Cd или Pb посочуваат дека батеријата содржи жива, кадмиум или олово над референтните нивоа од директивата EC 2006/66. Доколку батериите не се депонираат правилно, овие супстанци можат да предизвикаат штети на човековото здравје или опкружувањето. За заштита на природните ресурси и промовирање на повторната употреба на материјалите, одделете ги батериите од останатите видови на отпад и рециклирајте ги со помош на бесплатниот локален систем за рециклирање на батерии.
на производот на начин безбеден по околината.
Notice Facile