GAL 3680 CV Professional - Полнач за батерии BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GAL 3680 CV Professional BOSCH во PDF формат.
| Марка | Bosch |
| Модел | GAL 3680 CV Professional |
| Вид на производ | Полнач за батерии |
| Влезен напон | 220-240 V AC, 50-60 Hz |
| Напон за полнење | 14,4 V / 18 V |
| Излезна струја | ~1,5 A |
| Број на Li-Ion клетки | До 2 клетки |
| Димензии (Д × Ш × В) | приближно 250 × 115 × 75 мм |
| Тежина | приближно 0,6 кг |
| Работна температура | 0 °C до 45 °C |
| Степен на заштита | IP 20 |
| Максимален капацитет на батериите | 2,6 Ah (препорачано 1,5 Ah) |
| Главни функции | Брзо полнење, заштита од преоптоварување, контрола на температурата |
| Одржување и чистење | Исклучете пред чистење; користете сува крпа |
| Безбедност | Вграден осигурувач, автоматско исклучување по завршување на полнењето |
| Резервни делови и поправка | Резервни делови достапни од сервисот на Bosch; препорачана поправка од стручно лице |
| Општи информации | Професионален полнач дизајниран за Bosch Li-Ion батерии од 14,4 V и 18 V |
Frequently Asked Questions - GAL 3680 CV Professional BOSCH
Прашања на корисниците за GAL 3680 CV Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Полнач за батерии во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GAL 3680 CV Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GAL 3680 CV Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GAL 3680 CV Professional BOSCH
Македонски ...... Страна 184
Srpski. Strana 193
Slovensko .... Stran 200
Hrvatski.... Stranica 208
Општи напомени за безбедност за електричните апарати
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги сите напомени и упатства за
безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат“ во напомените за безбедност се однесува на електрични апарати што користат струја (со струен кабел) и електрични апарати што користат батерии (без струен кабел).
Безбедност на работното место
Работниот простор секогаш нека биде чист и добро осветлен. Неуредниот или неосветлен работен простор може да доведе до нескреки.
Македонски | 185
▶ Не работете со електричниот апарат во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Електричните апарати создаваат искри, кои може да ја запалат правта или пареата.
▶ Држете ги децата и другите лица подалеку за време на користењето на електричниот апарат. Доколку нешто Ви го попречи вниманието, може да ја изгубите контролата над уредот.
Електрична безбедност
▶ Приклучокот на електричниот апарат мора да одговара на приклучокот во сидната дозна. Приклучокот во никој случај на смее да се менува. Не употребувајте прекинувач со адаптер заедно со заземјениот електричен апарат. Неменувањето на прекинувачот и соодветните сидни дозни го намалуваат ризикот од електричен удар.
▶ Избегнувајте физички контакт со заземјените површини на цевки, радијатори, шпорет и фрижидери. Постои зголемен ризик од електричен удар, доколку Вашето тело е заземјено.
▶ Електричните апарати држете ги подалеку од дожд и влага. Навлегувањето на вода во електричниот апарат го зголемува ризикот од електричен удар.
▶ Не го користите кабелот за друга намена, за да го носите електричниот апарат, за да го закачите или да го влечете приклучокот од сидната дозна. Држете го кабелот понастрана од топлина, масло, остри рабови или подвижните компоненти на уредот.
Оштетениют или свиткан кабел го зголемува ризикот за електричен удар.
Доколку со електричниот апарат работите на отворено, користете само продолжен кабел што е погоден за користење на надворешен простор. Користењето на соодветен продолжен кабел на отворено го намалува ризикот од електричен удар.
Доколку користењето на електричниот апарат во влажна околина не може да се избегне, користете заштитен уред со диференцијална струја. Употребата на заштитниот уред со диференцијална струја го намалува ризикот од електричен удар.
Безбедност на лица
▶ Бидете внимателни како работите и разумно користете го електричниот апарат. Не користете електрични апарати, доколку сте уморни или под влијание на дрога, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание при употребата на електричниот апарат може да доведе до сериозни повреди.
▶ Носете заштитна опрема и секогаш носете заштитни очила. Носењето на заштитна опрема, како на пр.маска за прав, обувки за заштита од лизгање, заштитен шлем или заштита за слухот, во зависност од видот и примената на електричниот апарат, го намалува ризикот од повреди.
- Избегнувајте неконтролирано користење на апаратите. Осигурете се, дека е исключен електричниот апарат, пред да го приклучите на напојување со струја и/или на батерија, пред да го земете или носите. Доколку при носењето на апаратот, сте го ставиле прстот на прекинувачот или сте го приклучиле уредот додека е включен на напојување со струја, ова може да предизвика несреќа.
Извадете ги алатите за подесување или клучевите за зашрафување, пред да го вклучите електричниот апарат. Доколку има алат или клуч во некој одделовите на уредот што се вртат, ова може да доведе до повреди. - Избегнувајте абнормално држење на телото. Застанете во сигурна положба и постојано држете рамнотежа. На тој начин ќе може подобро да го контролирате електричниот апарат во неочекувани ситуации.
▶ Носете соодветна облека. Не носете широко облека или накит. Тргнете ја косата, облеката и ракавиците подалеку од подвижните делови. Лесната облека, накитот или долгата коса може да се зафатат од подвижните делови.
Доколку треба да се инсталираат уреди за вшмукување прав, осигурете се дека тие правилно се приклучени и прикладно се користат. Користењето на вшмукувач за прав не ја намалува опасноста од прав.
Користење и ракување со електричниот апарат
▶ Не го преоптоварувајте уредот. Користете го соодветниот електричен апарат за Вашата работа.
Со соодветниот електричен апарат їе работите подобро и посигурно во зададениот домен на работа.
He користете го електричниот апарат, доколку има дефектен прекинувач. Апаратот кој повеće не може да се вклучи или исклучи, ја загрозува безбедноста и мора да се поправи.
- Извлечете го приклучокот од сидната дозна и/или извадете ја батеријага, пред да ги смените поставките на уредот, да ги замените деловите или да го тргнете настрана уредот. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на електричниот уред.
Чувајте ги подалеку од дофатот на деца електричните апарати кои не ги користите. Овој уред не смее да го користат лица кои не се запознаени со него или не ги имаат прочитано овие упатства. Електричните апарати се опасни, доколку ги користат неискусни лица.
▶ Одржувајте ги грижливо електричните апарати. Проверете дали подвижните делови функционираат беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или оштетени, што може да ја попречи функцијата на електричниот апарат. Поправете ги оштетените делови пред користењето на уредот. Многу нескреки својата причина ја имаат во лошо одржуваните електрични апарати.
186 | Македонски
▶ Алатот за сечење одржувајте го остар и чист.
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив
полесно се работи.
▶ Користете ги електричните апарати, опремата, додатоциите за алатите итн. во согласност со ова упатство. Притоа земете ги во обшир работните услови и дејности што треба да се изврши.
Користењето на електрични апарати за друга употреба освен наведената може да доведе до опасни ситуации.
Сервис
Поправката на Вашиот електричен апарат смее да биде извршена само од страна на квалификуван стручен персонал и само со користење на оригинални резервни делови. Само на тој начин ће бидете сигурни во безбедноста на електричниот апарат.
Безбедносни напомени за аголни брусилки
Општи безбедносни напомени за брусење, брусење со брусна хартија и работење со жичани четки и сечење со брусни плочи
▶ Овој електричен апарат се употребува како алатка за брусење, алатка за брусење со брусна хартија, жичани четки и брусилка за сечење со брусни плочи. Внимавајте на сите безбедносни напомени, упатства, прикази и податоци што сте ги добиле во прилог на уредот. Доколку не внимавате на следните упатства, може да дојде до електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
► Електричниот апарат не е погоден за полирање.
Доколку го користите електричниот апарат за
несоодветни намени, може да предизвика опасност и
повреди.
▶ Не користете прибор што не е специјално предвиден и препорачан од производителот на овој електричен апарат. Не Ви е загарантирана безбедната употреба, само заради фактот дека приборот може да се прицврсти на вашиот електричен апарат.
► Дозволениот број на вртежи на алатот што се вметнува мора да биде исто толку висок како највисокиот број на вртежи наведен на електричниот апарат. Приборот кој се врти побрзо од дозволеното може да се скрши и да летне од апаратот.
▶ Надворешниот дијаметар и дебелината на алатот што се вметнува мора да одговараат на димензиите на вашиот електричен апарат. Погрешно димензионираните алати за вметнување не може довольно да се заштитат или контролираат.
▶ Алатите за вметнување со навој мора точно да одговараат на навојот на вретеното за брусење. Кај алатите за вметнување, што се монтираат со помош на прирабница, дијаметарот на дупката на алатот
што се вметнува мора да одговара на дијаметарот на прифатот на прирабницата. Алатите за вметнување не може точно да се прицврстат на електричниот апарат, се втрат нерамномерно, вибрираат многу јако и може да доведат до губење на контролата.
▶ Не користете оштетени алати за вметнување. Пред секое користење, проверете ги алатите што се вметнуваат како на пр. дали брусните плочи има скинати делови и процепи, дали на брусните дискови има пукнатини, дали се истрошени или изабени, и дали има олабавени или скршени жици на жичаната четка. Доколку ви падне електричниот апарат или алатот што се вметнува, проверете дали е оштетен или пак употребете неоштетен алат за вметнување. Откако сте го провериле и ставиле алатот за вметнување, не им дозволувајте на лицата да бидат во близина на нивото на вклучениот апарат и оставете го апаратот да врти една минута на највисок број на вртежи. Повекето од оштетените алати за вметнување ќе се скршат во текот на овој пробен период.
Носете заштитна опрема. Во зависност од употребата, носете цепосна заштита за лицето, очите и заштитни очила. Доколку е потребно, носете маска за заштита од прав, заштита за слух, заштитни ракавици или специјални престилки што ќе ве заштитат од честичките настанати при брусење на материјалот. Треба да ги заштитите очите од тујите тела што летаат наоколу, а се настанати од различната употреба на уредот. Маските за заштита од прав и заштита при вдишувањето мора да ја филтрираат правта што настанува при употребата. Доколку сте изложени на гласна врева подолго време, може да го изгубите слухот.
Доколку има други лица во работното поле, држете ги на безбедно растојание. Секое лице што ёе влезе во работното поле, мора да носи лична заштитна опрема. Парчињата од делот што се обработува или скршениот алат за вметнување може да летнат наоколу и да предизвикаат повреди и надвор од директното поле на работа.
Drжете го уредот само за изолираните површини на рачките, доколку вршите работи каде алатот што се вметнува може да наде на скриени електрични кабли или сопствениот струен кабел. Контактот со струјниот кабел може да ги стави под напон металлите делови на уредот и да доведе до електричен удар.
▶ Drжете го струјниот кабел подапеку од алатите што се вметнуваат. Доколку загубите контрола над уредот, струјниот кабел може да се пресече или да се зафати и да ви ја заглави дланката или раката во алатот што се вметнува.
▶ Никогаш не го оставајте електричниот апарат, доколку алатот за вметнување не е целосно во сostoјба на мирување. Ротирачкиот алат што се вметнува може да дојде во контакт со површината на која сте го оставиле апаратот, и да ја загубите контролата над електричниот апарат.
Македонски | 187
▶ Електричниот апарат не смее да биде во погон додека го носите. Вашата облека може да се зафати од ротирачкиот алат што се вметнува при случаен контакт, и алатот што се вметнува да го повреди вашето тело.
▶ Редовно чистете ги отворите за проветрување на вашиот електронски апарат. Вентилаторот на моторот влече прав во кукиштето, а собирањето на голема количина на метална прав може да предизвика електрична несреја.
▶ Не го користете електричниот апарат во близина на запаливи материјали. Искрите што се создаваат може да ги запалат овие материјали.
▶ Не користете апати за вметнување, за кои е потребно течно средство за разладување.
Користењето на вода и други течни средства за разладување може да доведе до електричен удар.
Повратен удар и соодветни безбедносни напомени
▶ Повратниот удар е ненадејна реакција како последица на заглавен или блокиран ротирачки алат што се вметнува, како брусна плоча, брусен диск, жичани четки итн. Заглавувањето или блокирањето предизвивуваат ненадејно запирање на ротирачкиот алат што се вметнува. Така, неконтролираниот електричен апарат се забрузва наспроти правецот на вртење на алатот што се вметнува на местото на блокирање.
Доколку на пр. се заглави или се блокира некоја брусна плоча, работ на брусната плоча кој влегува во делот што се обработува може да се закачи и така да ја скрши брусната плоча или да предизвика повратен удар. Тогаш брусната плоча се движи кон корисникот или наспроти него, во зависност од правецот на вртење на плочата на местото на блокирање. Притоа брусните плочи може да се скршат.
Повратниот удар е последица од погрешна употреба на електричниот алат. Тој може да се спречи со соодветни прописни мерки, како што е опишано подолу.
Држете го цврсто електричниот апарат со двете дланки и наместете ги рацете во позиција во која ќе може да ја издржите повратната сила. Секогаш користете дополнителна дршка, доколку постои, за да имате што е можно поголема контрола над силата од повратниот удар или реакциските моменти при работата на апаратот. Лицето кое го користи уредот може со соодветни мерки на претпазливост да го совлада повратниот удар или реакциските сили.
▶ Никогаш не ги принесувајте дланките во близина на ротирачкиот алат што се вметнува. Алатот што се вметнува може да ви избега од рацете.
▶ Со вашето тело избегнуває го полето каде електричниот апарат се движи со повратен удар. Повратниот удар го потиснува електричниот апарат во правец спротивен на движењето на брусната плоча на местото на блокирање.
▶ Особено внимателно работете во подрачјето со агли, остри рабови итн. На тој начин će спречите апатот што се вметнува да се одбие од делот што се
обработува и да се заглави. Ротирачкиот алат што се вметнува е склон на заглавување доколку се одбие од аглите или острите рабови. Ова предизвикува губење на контролата или повратен удар.
▶ Не користете синцирести или запчести листови за пила. Таквите алати за вметнување честопати предизвикуваат повратен удар или губење на контролата над електричниот апарат.
Специјални безбедносни напомени за брусење и сечење со брусни плочи
▶ Користете ислучиво брусни тела одобрени за вашиот електричен уред и заштитна хауба предвидена за овие брусни тела. Брусните тела што не се предвидени за електричниот апарат, не може довольно да се заштитат и не се сигурни.
Закривените брусни плочи мора да бидат монтирани, така што нивната површина за брусење не смее да стрчи над работ од заштитната хауба. Непрописно монтираните брусни плочи, кои стрчат над работ од заштитната хауба не може довольно да се заштитат.
Заштитната хауба мора да се зацврсти на електричниот апарат и на највисоко ниво на безбедност, така што и најмалите делови на брусното тело ќе бидат видливи за лицето што го користи апаратот. Заштитната хауба помага, корисникот да се заштити од парчињата, случајниот контакт со брусното тело како и искрите, што може да ја запалат облеката.
▶ Телата за брусење смее да се користат само за предвидените можности на примена. На пр.: не брусете со страничната површина на брусната плоча за сечење. Брусните плочи за сечење се наменети за сечење материјал со работ на плочата. Со странична употреба на сила на овие брусни тела, тие може да се скршат.
Секогаш користете неоштетена стезна прирабница со соодветна големина и облик на брусните плочи. Соодветната прирабница ја држи брусната плоча и така ја намалува опасности од кршење на брусната плоча. Прирабниците за брусни плочи за сечење се разликуваат од прирабниците за другите брусни плочи.
He користете истрошени брусни плочи од големи електрични апарати. Брусните плочи за големи електрични алати не се предвидени за повисок број на вртежи за малите електрични апарати и може да се скршат.
Други специјални безбедносни напомени за сечење со брусни плочи
- Избегнувајте блокирање на брусната плоча за сечење или преголем притисок. Не изведувајте прекумерно длабоки резови. Преоптоварувањето на брусните плочи за сечење ја зголемува нивната искористеност и склоност на закосување или блокирање и со тоа можноста за повратен удар или кршење на брусното тело.
188 | Македонски
- Избегнувајте го подрачјето пред и зад ротирачката брусна плоча за сечење. Доколку брусната плоча за сечење во делот што се обработува ја придвижувате подалеку од себе, во случај на повратен удар, електричниот алат со ротирачката плоча би можел да се отфрли директно на вас.
Доколку се заглави брусната плоча за сечење или Вие ја прекинете работата, исключете го уредот и држете го мирно, додека плочата не дојде во Costaјба на мирување. Не се обидувајте никогаш, брусната плоча за сечење што се врти да ја вадите од резот, бидејки може да настане повратен удар. Откријте ја причината за заглавување и преземете ги соодветните мерки.
▶ Не го вклучувајте повторно електричниот апарат, додека се наога во делот што се обработува. Оставете брусната плоча за сечење да го постигне полниот вртежен момент, пред да продолжите со резот. Инаку, плочата може да се заглави, да излета од делот што се обработува или да предизвика повратен удар.
▶ Потпрете ги плочите или големите делови за обработка, за да го избегнете ризикот од повратен удар поради заглавената брусна плоча за сечење. Големите делови што се обработуваат може да се свиткаат под својата тежина. Делот што се обработува морада го потпрете надвете страни од плочата, како во близина на местото на сечење, така и на рабовите.
▶ Особено бидете претпазливи придлабинско сечење во скриено подрачеје, како на пример, во сид. Брусната плоча за сечење која пресекла гасовод или водоводни цевки, електрични кабли или други објекти може да предизвика повратен удар.
Специјални безбедносни напомени за брусење со брусна хартија
He користете предимензионирани брусни листови, туку следете ги податоците на производителот за големината на брусниот лист. Брусните листови, кои стрчат над брусните дискови, може да предизвикаат повреди како и блокирање, кинење на брусните листови или повратен удар.
Специјални безбедносни напомени за работење со жичани четки
▶ Внимавајте на тоа дека и за време на вообичаената употреба на жичаните четки, може да се изгубат делови од жицата. Не ги преоптоварувајте жиците со висок притисок на површината. Деловите од жицата може да летнат и да навлезат низ лесната облека и/или во кожата.
Доколку користите заштитна хауба, не дозволувајте таа да дојде во контакт со жичаните четки. Четките во облик на чинија или лонец, заради притисокот и центрифугалната сила може да го зголемат својот дијаметар.
Останати напомени за безбедност и работење
▶ Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот уред.
▶ Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвikuва оштетување или може да предизвика електричен удар.
Деблокирајте го прекинувачот за вклучување/исклучување и ставете го во позиција Исклучено, доколку се прекине напојувањето со струја, на пр. по снемување струја или влечење на струјниот приключок.
▶ Правта од материјали како на пр. оловни бои, некон видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето и да доведе до алергиски реакции, заболувања на дишните патишта и/или рак. Материјалите што содржат азбест може да бидат обработувани само од страна на стручни лица.
- Затоа, доколку е возможно, користете соодветен вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
- Погрижете се за добра проветреност на работното место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2. Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.
▶ Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.
▶ Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака.
▶ По кршењето на брусната плоча за време на работата или при оштетување на уредот за прифат на заштитната хауба/електричниот апарат, електричниот апарат мора да се прати во сервисната служба, за адресата погледнете во делот „Сервисна служба и совети при користење“.
▶ Поставете ја заштитната хауба на тој начин што ќе го спречи летањето на искри во правец на лицето што ја користи.
▶ Заштитната хауба смее да се врти само со движење на лостот за отклучување на погонската глава. Инаку, електричниот апарат не смее да се користи и мора да се предаде на сервисната служба.
▶ Не ги допирајте брусните плочи и брусните плочи за сечење додека не се оладат. Плочите за време на работењето стануваат многу жешки.
Македонски | 189
▶ Копчето за блокирање на вретеното активирајте го само доколку вретеното за брусење е во состојба на мирување. Инаку електричниот апарат може да се оштети.
По монтажата на брусниот апарат, пред включувавьето, проверете дали брусниот апарат е точно монтиран и дали може слободно да се врти. Проверете дали брусниот апарат не струга на заштитната хауба или другите делови.
▶ При користење на електричниот алат на мобилни произведувачи на струја (генератори), може да дојде до пад на моќноста или нетипична реакција при вклучувањето.
Заради високата сила на притисок, електричниот алат може да се преоптовари. Преоптоварувањето може да доведе до прегревање и оштетување на електричниот алат. По силното оптоварување, оставете го електричниот алат уште неколку минути во празен од, за да се излади.
▶ Електричниот апарат не го користете со пулт за сечење.
▶ Никогаш не ги користите брусните плочи за сечење за грубо брусење.
▶ Брзозатезната навртка смее да се користи само за брусни плочи и брусни плочи за сечење. Користете само беспрекорни, неоштетени брзозатезни навртки.
▶ При вртењето не ја извлекувајте погонската глава – види слика 12, страна 280.
▶ За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот алат само доколку го користите.
Ознаки
Следните ознаки се важни за читање и разбирање на упатството за употреба. Запаметете ги ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го користите електричниот апарат.
Ознака Значење

Број на дел/артикл

Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност

Пред било каква интервенција на електричниот апарат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна

Носете заштитни ракавици
Ознака Значење

Носете заштита за слухот.

Носете заштитни очила

Правец на движење

Употребете сила за работната постапка.
Мал број на вртежи


Голем број на вртежи
Вклучување

Исклучување


Проверка на прекинувачот за вклучување/исклучување
Олабавување на блокадата на прекинувачот за вклучување/исклучување
Забранети акции

Дозволени акции

Следен чекор на акција

P1
Номинална јачина
Излезна мою
P2
Номинален број на вртежи
n
Подраче на подесување на бројот на вртежи
ny
I = должина на вретеното за брусење
d1 = дијаметар на вретеното за брусење

D = макс. дијаметар на вретеното за брусење
d2= внатрешен дијаметар на плочата

Одредување на број на вртежи

190 | Македонски
Ознака Значење
| CONSTANT ELECTRONIC |
Константна електроника
| KICKBACKSTOP |
Исклучување при повратен удар
Заштита од рестартирање Заштитата од рестартирање го спречува неконтролираното вклучување на електричниот апарат по прекин на струја.
За повторно включување
прекинувачот за вклучување/ исклучување ставете го во положба Исклучено и одново включете го електричниот апарат.

Ограничување на стартната струја

Дополнителна информација

Брусење на површини

Брусење со брусен лист

Тежина согласно EPTA-Procedure 01/2003 со дополнителна дршка за ублажување на вибрациите

Тежина согласно EPTA-Procedure 01/2003 со стандардна дополнителна дршка

Ознака за класа на заштита II (целосно изолиран)

Звучна јачина

Звучен притисок
К Несигурност

Вкупна вредност на осцилации
Обем на испорака
Аголна брусилка, заштитна хауба, дополнителна дршка. Специјалните заштитни хауби, алатот за вметнување и останатата опишана опрема прикажана на сликите не е дел од стандартниот обем на испорака.
Комплетната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за груба обработка на метални, камени и керамички материјали и за дупчење на плочки.
За сечење со композитни брусни средства мора да се користи специјална заштитна хауба за сечење,
При сечењето во камен погрижете се за доволно вшмукување на правта.
Заедно со заштитата за рацете (опрема) електричниот алат може да се користи за четкање и брусење со еластични брусни дискови.
Електричниот алат е наменет само за обработка на суви материјали.
Технички податоци
Техничките податоци за производот се дадени во табелата на страна 264–266.
Податоците важат за номинален напон [U] од 230 волти. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја.
Ве молиме внимавајте на бројот на производот на спецификационата плочка на Вашиот електричен апарат. Трговските називи на поединечни електрични апарати може да варираат.
Изјава за сообразност СЕ
Изјавуваме на сопствена одговорност, дека производот опишан во „Технички податоци“ соодветствува на сите применливи одредби од директивите 2011/65/EU, до 19. април 2016: 2004/108/EC, од 20. април 2016: 2014/30/EU, 2006/42/EC включително нивните измени и е сообразен со следните норми: EN 60745-1, EN 60745-2-3.
Мерните вредности на производот се дадени во табелата на страна 264–266.
Вредностите на емисија на бучава одредени во согласност со EN 60745-2-3.
Вкупните вредности на вибрации ah (векторски збор на трите насоки) несигурност К дадени се во согласност со EN 60745-2-3.
Нивото на вибрации наведено во овие упатства е измерено со нормирана постапка според EN 60745 и може да се користи за мегусебна споредба на електричните апарати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на оптоварувањето со вибрации.
Македонски | 191
Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се користи за други примени, со различна опрема, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова може значително да го зголеми оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење. За прецизно одредување на оптоварувањето со вибрации, треба да се земе во обшир и периодот во кој
уредот е ислучен или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на дланките, организирајте го текот на работата.
Монтажа и користење
Следната табела ја прикажува постапката при монтажа и работа со електричниот апарат. Упатствата за користењето се прикажани на дадената слика. Во зависност од видот на примената, потребни се различни комбинации на упатства. Внимавајте на безбедносните напомени.
| Цел на користењето | Спика Внимавајте | Страна | ||||
| Подготовка за брусењето | 1 | 267 - 268 | ||||
![]() | ![]() | ![]() | ||||
| Подготовка за сечење | ![]() | 2 | 269 - 270 | |||
| Подготовка за сечење камен и плочки (препорака) | ![]() | 3 271 | ||||
![]() | ![]() | |||||
| Подготовка за брусење со хауба за вшмукување | ![]() | 4 273 | ||||
![]() | ![]() | |||||
| Подготовка за отстранување на боја | ![]() | 5 275 | ||||
![]() | ![]() | |||||
| Подготовка за отстранување на р'ға | ![]() | 6 276 | ||||
![]() | ![]() | |||||
| Подготовка за дупчење на плочки | ![]() | 7 277 | ||||
![]() | ![]() | |||||
Bosch Power Tools 1 609 92A 14C | (2.7.15)





192 | Македонски
| Цел на користењето | Спика Внимавајте | Страна | ||
| Монтирање на брзозатезна навртка | SDS-clic | 8 277 | ![]() | |
| Демонтирање на брзозатезна навртка | SDS-clic | 9 278 | ![]() | |
| Вклучување/исклучување | ![]() | 10 | ![]() | 278 |
| Поставување на бројот на вртежи | ![]() | 11 279 | ![]() | |
| Вртење на погонската глава | ![]() | 12 | ![]() | 280 |
| Ефективно работење со аголна брусилка | ![]() | 13 281 | ![]() | |
| Сиво означено поле: рачка (изолирана дршка) | ![]() | 14 281 | ||
| Избор на дозволен алат за брусење | ![]() | 15 282 | ||
| Бирање на опрема | - | 283 - 285 | ||
Одржување и чистење
▶ Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
При екстремни услови на примена, доколку е возможно користете секогаш уред за вшмукување. Издувувајте ги почесто отворите за проветрување и приключете заштитен прекинувач за диференцијална струја (PRCD). При обработка на метали, во внатрешноста на електричниот апарат може да се собере спроводлива прав. Може да се оштети заштитната изолација на електричниот апарат.
Складирајте ја и третирајте го приборот со внимание.
Доколку е потребно користење на приключен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични апарати, за да го избегнете загрозувањето на безбедноста.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашют производ како и резервните делови. Експлозивен цертеж и информации за резервни делови ће најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ke ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
Srpski | 193
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Електричните апарати, опремата и амбалажите требада се отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните апарати во домашната канта за губре!
Само за земји во рамки на ЕУ

Според Европската регулатива 2012/19/EU за електрични и електронски uredи и нивна национална употреба, елек- тричните апарати што се вон употреба мора одделно да се собираат и да се реци- клираат на еколошки прифатлив начин.
Се задржува правото на промена.
Srpski
Opšta upozorenja za električne alate
UPOZORENJE
Čitajte sva upozorenja i uputstva. Propusti kod pridržavanja upozo-



















SDS-clic
SDS-clic









