BOSCH GWX 9-125 S Professional - Аголна брусилка

GWX 9-125 S Professional - Аголна брусилка BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GWX 9-125 S Professional BOSCH во PDF формат.

📄 363 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice BOSCH GWX 9-125 S Professional - page 250
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Тип на производ Аголна брусилка
Бренд Бош
Модел GWX 9-125 S Professional
Номинална потрошувачка на моќност 900 W
Излезна моќност 450 W
Брзина без оптоварување 11 000 мин⁻¹
Опсег на подесување на брзина 2 800 – 11 000 мин⁻¹
Максимален дијаметар на диск 125 mm
Тежина (според EPTA) 2,0 – 2,1 kg
Степен на заштита II (двојна изолација)
Систем за фиксирање X-LOCK (без фланша)
Основни функции Мелење, сечење, шлајфање, четкање, суво дупчење
Материјали што можат да се обработуваат Метал, камен, пластики, композитни материјали
Пред-избор на брзина Да, со тркалце
Заштита од повторно стартување Да
Заштитен капак Специјален за мелење (испорачан); специјален за сечење (опција)
Дополнителна рачка Стандардна или антивибрациска, монтирање од лево или од десно
Одржување и чистење Исчистете ги отворите за вентилација; издувајте со компримиран воздух; користете правосмукалка
Постпродажна услуга Поправка за 5 дена преку SAV DIRECT; резервни делови онлајн
Компатибилен прибор Брусни плочи, секачки дискови, четки, абразивни дискови (X-LOCK)

Frequently Asked Questions - GWX 9-125 S Professional BOSCH

Како да го сменам заштитниот капак?
Исклучете го алатот, притиснете го лостот за отклучување (1) и свртете го заштитниот капак (8) во саканата положба. Проверете дали правилно се затвора. Никогаш не користете без соодветен капак.
Што е X-LOCK системот?
X-LOCK системот овозможува фиксирање без фланша на брусните додатоци. Доволно е да го вклопите додатокот на носачот на алатот додека не се слушне клик. Само оригиналните X-LOCK додатоци се компатибилни.
Како да го користам пред-изборот на брзина?
Свртете го тркалцето (5) за да ја изберете брзината помеѓу 2 800 и 11 000 мин⁻¹. Погледнете ја табелата во упатството за препорачаните подесувања според материјалот и примената. Брзината мора да биде прилагодена на додатокот.
Што е заштитата од повторно стартување?
По прекин на струја, алатот не се рестартира сам. За да го вклучите повторно, поставете го прекинувачот Вклучено/Исклучено во позиција исклучено, а потоа повторно активирајте го. Овој уред спречува неконтролирано рестартирање.
Како да се спречи повлекувањето (kickback)?
Држете го алатот цврсто со двете раце, користете ја помошната рачка, избегнувајте остри агли и отскокнувања. Не потопувајте ја брусилката во работниот дел и секогаш работете во спротивна насока. Стабилно држење и умерена брзина на напредување ги намалуваат ризиците.
Кои додатоци се компатибилни со оваа брусилка?
Сите X-LOCK додатоци (брусни плочи, секачки дискови, четки, абразивни дискови) и некои додатоци со класична фланша по адаптација. Користете само додатоци чија брзина и димензии одговараат на спецификациите на алатот. Погледнете го упатството за целосната листа.
Како да го чистам и одржувам алатот?
Исклучете го алатот пред чистење. Исчистете ги отворите за вентилација со четка или компримиран воздух. Во екстремни услови, користете правосмукалка. Не користете растворувачи. Редовно проверувајте го алатот во овластен сервисен центар.
Кога треба да се заменат јаглеродните четки?
Јаглеродните четки се трошат со тек на време. Кога ќе го достигнат лимитот на абење, алатот автоматски застанува. Нека ги заменат од овластен сервис. Користете само оригинални Бош четки.
Може ли да сече камен?
Да, со соодветен дијамантски диск и специјалниот заштитен капак за сечење (9) или заштитниот капак за мелење со капа (12). Препорачливо е да го користите капакот за вшмукување со лизгач (24) за намалување на прашината. Носете маска за прашина.
Како да ја монтирам дополнителната рачка?
Нашрајфете ја (навртете ја) дополнителната рачка (6) или (7) на левата или десната страна на главата на брусилката според вашата преференца. Затегнете ја цврсто со рака. Никогаш не користете го алатот без дополнителна рачка.

Прашања на корисниците за GWX 9-125 S Professional BOSCH

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Аголна брусилка во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GWX 9-125 S Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GWX 9-125 S Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GWX 9-125 S Professional BOSCH

Македонски.... Страница 250

Srpski ...... Strana 261

Slovenščina ....Stran 271

Hrvatski....Stranica 282

Безбедносни напомени

Општи предупредувања за безбедност за електрични алати

ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ

Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со

овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.

Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.

Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).

Безбедност на работниот простор

Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
▶ Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.

Електрична безбедност

▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.
▶ Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.
▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар.
He постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или ислучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел

соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.

▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.

Лична безбедност

▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.

▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, їе доведат до намалување на лични повреди.

Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исклучен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.

Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.

▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.

▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.

▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.

He дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.

Употреба и чување на електричните алати

He го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо єе ја извршите работата за која е наменет.

▶ Не користете електричен алат ако не можете да го включите и исклучите со помош на прекинувачот.
Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
▶ Исключете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуват безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.

Сервисирање

▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.

Безбедносни напомени за аголни брусилки

Безбедносни предупредувања специфични за брусење, шмирглање, жичано четкање или сечење:

▶ Овој електричен алат е наменет да функционира како алат за брусење, шмирглање, жичано четкање, дупчење или сечење. Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, упатства, илустрации и спецификации приложени со овој електричен алат. Грешките настанати како резултат на непридржување до сите инструкции приложени

подолу може да предизвикаат струен удар, пожар и/или тешки повреди.

▶ Операциите како на пр. полирање не се препорачува да се вршат со овој електричен алат. Операциите за кои не е наменет електричниот алат може да предизвикаат опасност и лична повреда.
He ракувајте со електричниот алат на несоодветен начин што не е препорачан од производителот. Тоа може да предизвика да изгубите контрола и сериозно да се повредите.
He користете дополнителна опрема која не е специјално дизајнирана и не е препорачана од производителот на алатот. Само затоа што дополнителната опрема може да се вгради во вашиот електричен алат, не значи дека може да се обезбеди безбедно работење.
▶ Утврдената брзина на дополнителната опрема мора да биде најмалку еднаква на максимальната брзина означена на електричниот алат. Дополнителната опрема која работи побрзо од утврдената брзина може да експлодира и да се распрска насекаде.
▶ Надворешниот дијаметар и дебелина на вашата дополнителна опрема мора да биде во рамките на класата на вашиот електричен алат. Дополнителна опрема со несоодветна величина не може соодветно да се заштити и контролира.
▶ Димензиите на додатоците за прицврстување мора да се совпајаат со димензиите на делот што треба да се прицврсти на електричниот алат. Дополнителната опрема која не е соодветна на хардверот на електричниот алат не може да одржува рамнотежа, заради прекумерните вибрации и може да предизвика губење на контрола.
He користете оштетена дополнителна опрема. Пред употреба проверете ја дополнителната опрема, како на пр., абразивните дискови за иверки и струготини, заштитната подлога за отвори, стружење или претерано абење, жичаната четка за олабавени или пукнати жици. Ако електричниот алат или дополнителната опрема падне, проверете дали е оштетена или инсталирајте неоштетена дополнителна опрема. По проверката и инсталирањето на дополнителната опрема, вие илујето во близина поместете се подалеку од површината на ротирачката опрема, и включете го електричниот алат на максимальна брзина без оптоварување една минута. Оштетената дополнителна опрема вообичаено се расипува во текот на овој тест период.
Носете лична заштитна опрема. Во зависност од примената, користете штитник за лице, безбедносни или заштитни очила. Како што е соодветно, носете маска за заштита од прашина, штитници за уши, ракавици и работничка престилка, којашто ги запира малите абразивни парчиња или парчиња од делот што го обработувате. Заштитата за очи мора да спречува

252 | Македонски

навлегување остатоци што се распрескуват при работењето. Маската против прав или респираторот мора да ги филтрира честичките што се генерираат при работењето. Долготрајна изложеност на интензивна бучава може да доведе до губење на слухот.

▶ Луфето во ваша близина треба да бидат оддалечени од работниот простор. Секој што влегува во работниот простор мора да носи лична заштитна опрема. Парчиња од делот што го обработувате или расипана дополнителна опрема може да експлодира и распрска и да предизвика повреда надвор од непосредната работна површина.
▶ Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете за да не дојде во контакт со скриена жица или со неговиот кабел. Ако опремата за сечење дојде во допир со „жица под напон“, може да ги изложи металлите делови на електричниот алат „под напон“ и операторот може да добие струен удар.
▶ Тргнете го настрана кабелот од ротирачка дополнителна опрема. Ако изгубите контрола, кабелот може да се пресече или закачи и вашата дланка или рака може да влезе во ротирачката дополнителна опрема.
▶ Не го оставајте електричниот алат долу додека дополнителната опрема не запре целосно. Ротирачката опрема може да ја зафати површината и да го повлече електричниот алат надвор од ваша контрола.
▶ Не го вклучувајте електричниот алат додека го држите свртен кон вас. Случаен контакт со ротирачка дополнителна опрема може да ја закачи вашата облека, со повлекување на дополнителната опрема кон вашето тело.
▶ Редовно чистете ги воздушните вентили на електричниот алат. Вентилаторот на моторот повлекува прав во кукиштето, а претераната акумулација на метален прав може да предизвика опасност од електричен удар.
▶ Не работете со електричниот алат во близина на запаливи материјали. Искрите можат да ги запалат овие материјали.
▶ Не користете дополнителна опрема за која се потребни течни разладувачи. Користењето вода или други течни разладувачи може да доведе до смрт или струен удар.

Предупредувања за одбивање и слични предупредувања:

Одбивање е ненадејна реакција на приклештен или закачен ротирачки диск, потпорен диск, четка или друга дополнителна опрема. Приклештувањето или закачувањето предизвикува брзо маневрирање на ротационата дополнителна опрема, кое од друга страна, предизвикува присилно насочување на неконтролираниот електричен алат во спротивен правец од ротирањето на опремата во точката на навалување. На пример, ако абразивен диск е закачен или приклештен од делот што го обработувате, острицата на дискот која влегува во приклештената точка може да се зарие во површината на материјалот и дискот да се помести или ослободи. Дискот може да скокне или одбие од операторот, во зависност од насоката на движење на дискот во точката на приклештување. Абразивните дискови, исто така, може да се искршат под овие услови. Одбивањето е резултат на погрешна употреба и/или несоодветни оперативни постапки или услови и може да се избегне со преземање на соодветните превентивни мерки приложени подолу.

Цврсто држете го електричниот алат и поставете го телото и рацете така што їе овозможите отпор на силите на одбивање. Секогаш користете помошна рачка, доколку има, за максимальна контрола на одбивањето или силата на вртење при вклучување. Операторот може да ги контролира реакциите на силата на вртење или силите на одбивање, доколку се преземат соодветни превентивни мерки.
He ја ставајте раката во близина на ротирачката дополнителна опрема. Дополнителната опрема може да се одбие преку вашата рака.
He го позиционирајте вашето тело во областа каде електричниот алат се двжи, доколку настане одбивање. Одбивањето ќе го придвижи алатот во спротивен правец од движењето на дискот во точката на закачување.
▶ Обрнете посебно внимание при изработка на агли, остри рабови и др. Избегнувајте отскокнување и закачување на дополнителната опрема. Аглите, острите рабови или отскокнувањето може да доведат до закачување на дополнителната опрема и да предизвикаат губење на контрола или одбивање.
He закачувајте сечило за длабење, сегментирани дијамантски дискови со периферна празнина поголема од 10 mm или назабено сечило за пила. Овие сечила предизвикуваат брзи одбивања и губење на контрола.

Безбедносни предупредувања специфични за брусење и сечење:

▶ Користете само видови на дискови специјално наменети за вашиот електричен алат и соодветната заштита за избраниот диск. Дискови коишто не се дизајнирани за дадениот електричен алат не може соодветно да се заштитат и не се безбедни.
▶ Површината за брусење на централните потиснати дискови мора да се инсталира под рамнината на заштитниот поклопец. Неправилно монтиран диск којшто се протега преку рамнината на заштитната рамка не може соодветно да се заштити.
▶ Заштитата мора да биде безбедно прицврстена на електричниот алат, и соодветно поставена за да обезбеди максимальна безбедност, така што минимален дел од дискот да биде изложен кон операторот. Заштитата го заштитува операторот од

скршените парчиња на дискот, случаен контакт со дискот и искри коишто можат да ја запалат облеката.

▶ Дисковите мора да се користат само за соодветни намени. На пример: не користете диск за сечење за странично брусење. Абразивните дискови за сечење се наменети за периферно брусење, страничните сили што се применуват на овие дискови може да предизвикаат нивно распарчување.
▶ Секогаш користете неоштетени прирабници за дискови со правилна величина и форма за вашиот избран диск. Соодветните прирабници за дискови го потпираат дискот со што се намалува можноста од кршење на дискот. Прирабниците за дискови за сечење може да се разликуваат од прирабниците за дискови за брусење.
He употребувајте користени дискови од поголеми електрични алати. Диск наменет за поголеми електрични алати не е соодветен за големи брзини на мали алати и може да се распросне.
Kogа користите дискови со двојна намена, секогаш користете ја соодветната заштита за работата што ја вршите. Ако не го користите соодветниот штитник, истиот може да не заштитува правилно и со тоа може сериозно да се повредите.

Дополнителни безбедносни предупредувања специфични за сечење:

He go "притискајте" дискот за сечење и не применувајте прекумерен притисок. Не настојувајте да направите прекумерно длабок засек. Преоптоварувањето на дискот го зголемува оптоварувањето и осетливоста на виткање и навалување на дискот во засекот и можноста за одбивање или кршење на дискот.
He застанувајте во линија и зад ротирачкиот диск. Кога дискот, во текот на операцијата, се двжиж подалеку од вашето тело, одбивањето може да го приджи жи ротирачкиот диск и моќниот алат директно кон вас.
Kogа дискот се навалува или кога го прекинува сечењето заради некоја причина, исключете го алатот и држете го неподвижен додека дискот целосно не запре. Никогаш не настојувајте да го извадите дискот за сечење од засекот додека се движи или може да дојде до одбивање. Проверете и преземете соодветно дејство за да ја елиминирате причината за навалување на дискот.
He започнувајте повторно со сечење во делот што го обработувате. Почекајте додека дискот да достигне целосна брзина и внимателно влезете повторно во засекот. Дискот може да се навали, придвижи или одбие ако го рестартирате моќниот алат во делот што го обработувате.
▶ Потпрете ги плочите или преголемиот дел што го обработувате за да го намалите ризикот од приклештување и одбивање на дискот. Големите делови што ги обработувате се искривуваат под својата тежина. Потпирачите мора да се стават под

делот што го обработувате покрај линијата на засекот и покрај ивицата на делот што го обработувате на двете страни на дискот.

▶ Користете дополнителни мерки за претпазливост кога правите “цебен засек” во постоечки сидови или други слепи површини. Климав диск може да пресече цевки за гас или вода, електрични жици или предмети кои може да предизвикаат одбивање.
He obидувајте се да длабите. Преголемиот притисок на дискот го зголемува оптоварувањето и осетливоста на виткање и искривување на дискот во засекот и можноста за одбивање или кршење на дискот, што може да доведе до сериозна повреда.

Безбедносни предупредувања специфични за шмирглање:

▶ Користете соодветна голема на шмиргла за дискот. Следете ги упатствата на производителите, кога бирате шмиргла. Големите шмиргли кои ја надминуваат подлогата за шмирглање претставуваат опасност и може да предизвикаат закачување, кинење на дискот или одбивање.

Безбедносни предупредувања специфични за жичано четкање:

▶ Внимавајте бидејки четката исфрла жичани влакна дури и за време на вообичаени операции. Не ги преоптоварувајте жиците со преоптоварување на четката Жичаните влакна може лесно да навлезат во облека и/или кожа.
▶ Ако се препорачува користење на заштита за жичано четкање, не дозволувајте попречување меѓу жичаниот диск или четката со заштита. Жичаниот диск или четка може да се прошират во дијаметар заради работното оптоварување и центрифугалните сили.

Дополнителни безбедносни напомени

BOSCH GWX 9-125 S Professional - Дополнителни безбедносни напомени - 1
Носете заштитни очила.

BOSCH GWX 9-125 S Professional - Дополнителни безбедносни напомени - 2
Заштитниот капак не смее да се користи за исклучување. Со соодветен додаток, заштитниот капак може да се користи и за исклучување.

BOSCH GWX 9-125 S Professional - Дополнителни безбедносни напомени - 3
При работата, држете го електричниот алат цврсто со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со електричниот алат посигурно їе управувате ако го држите со двете дланки.

Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки

254 | Македонски

предизвикува оштетување и може да предизвика електричен удар.

▶ Не ги допирајте брусните плочи и дисковите за сечење додека не се оладат. Плочите за време на работењето стануваат многу жешки.
Деблокирајте го прекинувачот за вклучување/исклучување и ставете го во позиција Исклучено, доколку се прекине напојувањето со струја, на пр. по снемување струја или влечење на струјниот приключок. Со тоа їе спречите неконтролирано рестартирање на уредот.
▶ Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака.
▶ Складирајте ги алатите за вметнување во објекти односно во простории кои се суви, со соодветна температура и без опасност од замрзнување.
▶ Пред транспорт на уредот отстранете ги алатите за вметнување. На овој начин će избегнете оштетување.
▶ Поврзаните дискови за брусење и сечење имаат датум на истекување, по кој дисковите не смеат да се користат.

Опис на производот и перформансите

BOSCH GWX 9-125 S Professional - Опис на производот и перформансите - 1

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.

Употреба со соодветна намена

Електричниот алат е наменет за сечење и четкање на метал, камен, пластика и композитен материјал, за грубо брусење на метал, пластика и композитен материјал како и за дупчење во камени материјали со дијамантска крупеста бургија без употреба на вода. Притоа, осигурајте се дека користите правилна заштитна хауба (види „Употреба“, Страница 258).

При сечењето во камен погрижете се за доволно вшмукување на правта.

Со дозволените алати за брусење електричниот алат може да се користи за брусење со брусна хартија.

Електричниот алат не смее да се користи за брусење камени материјали со дијамантска лончеста плоча.

Илустрација на компоненти

Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.

(1) Лост за отклучување на заштитниот капак
(2) Стрелка за правец на вртење на ку́киштето
(3) Рачка
(4) Прекинувач за включување/исклучување
(5) Копче за контрола на бројот на вртежи (GWX ... S)
(6) Стандардна-дополнителна рачка (изолирана површина на рачката) ^a)
(7) Дополнителната рачка за придушување на вибрациите (изолирана површина на рачката) ^a)

(12) Поклопец за сечење

(13) X-LOCK-диск за сечење ^a)

(14) X-LOCK-дијамантски диск за сечење ^a)

(15) Рачка (изолирана површина на рачката)

(16) X-LOCK-прифат

(17) Заштита за рацете ^a)

(18) X-LOCK-потпорен диск за влакнести дискови ^a)

(19) X-LOCK-влажнест диск ^a)

(20) X-LOCK-стега за влакнест диск ^4

(21) X-LOCK-лончеста четка ^a)

(22) X-LOCK-конусна четка ^a)

(24) Капак за всисување за сечење со лизгачки водилки ^a)

a) Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандартниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.

Технички податоци

Аголна брусилка GWX 9-115 GWX 9-115 S GWX 9-125 S GWX 9-125

Број на дел3 601 GB1 0..3 601 GB1 0..3 601 GB2 0..3 601 GB2 0..
Номинална јачина W 900 900 900 900
Излезна моќност W 450 450 450 450
Номинален број на вртежи во празен од ^A) min ^-1 11.00011.00011.00011.000
Подраче на подесување на бројот на вртежи min ^-1 11.0002.800–11.0002.800–11.00011.000

Аголна брусилка GWX 9-115 GWX 9-115 S GWX 9-125 S GWX 9-125

Макс. дијаметар на брусната плоча/дијаметар на гумен брусен дискmm 115 115 125 125
Претходно избирање на број на вртежи – ● ● –
Заштита од рестартирање – ● ● –
Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 ^a) kg 2,0–2,1 2,0–2,1 2,0–2,1 2,0–2,1
Класа на заштита☐ / II / II / II / II ☐

A) Номинален број на вртежи во празен од според EN IEC 62841-2-3 за избор на соодветни алати за вметнување. Актуелниот број на вртежи во празен од е помал од безбедносни причини и поради производните толеранции.
В) во зависност од користената заштитна хауба ((9), (8), (12)) и од користената дополнителна рачка ((6), (7))
Податоциите важат за номинален напон [U] од 230 V. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја.
Вредностите може да варираат во зависност од производот и зависит од примената и условите на животната средина. Повеке информации може да најдете на www.bosch-professional.com/wac.

Информации за бучава/вибрации

Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN IEC 62841-2-3.

Нивото на звук на електричниот алат оценето со А типично изнесува: 95 dB(A); ниво на звучна јачина 103 dB(A). Несигурност K = 3 dB.

Носете заштита за слухот!

Вкупните вредности на вибрации a_n (векторски эбир на три насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN IEC 62841-2-3:

Брусење на површини (груба обработка): a_n=6,5 m/s^2, K=1,5 m/s^2 ,

Сечење со брусни плочи: a_n=6,1 m/s^2,K=1,5 m/s^2.

Брусењето тенки лимови или други материјали со мала вибрација со голема површина може да резултира со зголемена вредност за емисија на бучава до 15dB. Со соодветни антивибрациони подлоги може да се намали зголемената емисија на бучава. Зголемената емисија на бучава мора да се земе предвид и при проценката на ризикот од јачината на бучавата и при изворот на соодветна заштита за слухот.

Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата на бучава.

Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.

За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е ислучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.

Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.

Заштита од рестартирање

Заштитата од рестартирање го спречува неконтролираното вклучување на електричниот алат по прекин на струја.

За повторно вклучување ставете го прекинувачот за вклучување/исклучување (4) во исключена позиција и одново включете го електричниот алат.

Претходно избирање на број на вртежи

Со вртливото копче за одредување на бројот на вртежи (5) можете да го изберете потребниот број на вртежи и за

време на користењето на алатот. Податоците во приложената табела се препорачани вредности.

Материјал Примена Алат за вметнување Позиција на копчето заподесување
Метал Отстранување на боја Брусно сечило2–3
Метал Четкање, вадење 'р'аЛончести четки, лист за брусење 3
Не'р'юсувачки челикБрусењеБрусна плоча/влажнест диск4–6

Материјал Примена Алат за вметнување Позиција на копчето за

подесување

Камен Сечење Дијамантски диск за сечење 6

Зададените вредности за степенот на вртежи се референтни вредности.

▶ Утврдената брзина на дополнителната опрема мора да биде најмалку еднаква на максималната брзина означена на електричниот алат. Дополнителната опрема која работи побрзо од утврдената брзина може да експлодира и да се распрска насекаде.

Монтажа

Монтирање на заштитен уред

▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.

Напомена: По кршењето на брусната плоча за време на работата или при оштетување на уредот за прифат на заштитната хауба/електричниот алат, тој мора да се прати во сервисната служба, за адресата погледнете во делот „Сервисна служба и совети при користење“.

Ставете го заштитниот капак (8) на прифатот од електричниот алат, додека кодираните запци на заштитниот капак не се поклопат со прифатот. Притоа, притиснете го и држете го лостот за отклучување (1).

Притиснете го заштитниот капак (8) на грлото на вретеното додека венецот на заштитниот капак не легне на прирабницата на

електричниот алат и вртете го заштитниот капак додека не осетите дека се вклопил.

Подесете ја позицијата на заштитната хауба (8) според потребите на работниот процес. Притоа, притиснете го лостот за отклучување (1) нагоре и завртете го заштитниот капак (8) во саканата позиција.

▶ Секогаш поставувајте го заштитниот капак (8) така што двата запци на лостот за отклучување (1) во соодветните отвори на заштитниот капак (8) їе влезат.
▶ Поставете ја заштитната хауба (8) на тој начин што ње го спречи летањето на искри во правец на лицето што ја користи.
▶ Во правецот на вртење на опремата заштитниот капак (8) смее да се врти само со притискање на лостот за отклучување (1)! Инаку, електричниот алат не смее да се користи и мора да се предаде на сервисната служба.

Напомена: Кодираните запци на заштитниот капак (8) гарантираат, дека на електричниот алат може да се монтира само еден заштитен капак што му одговара.

▶ За сечење секогаш користете заштитна хауба за сечење (9) или заштитна хауба за брусење (8) заедно со поклопецот за сечење (12).
▶ При сечењето во камен погрижете се за довольно вшмукување на правта.

Заштитната хауба за сечење (9) се монтира како заштитна хауба за брусење (8).

Поклопец за сечење од метал

Монтирајте го поклопецот за сечење (12) од метал на заштитната хауба за брусење (8) (види слика A): Навалете го заштитниот држач наназад (①). Ставете го поклопецот (12) на заштитната хауба за брусење (8)(②). Цврсто притиснете го заштитниот држач за прицврстување на заштитната хауба (8) (③).

За демонтирање (види слика В) притиснете го копчето на заштитниот држач (①) и навалете го наназад (②). Извлечете го поклопецот (12) од заштитната хауба (8) (③).

Поклопец за сечење од пластика

Ставете го поклопецот за сечење (12) од пластика на заштитната хауба за брусење (8) (види слика C). Поклопецот (12) се вклопува звучно и видливо на заштитната хауба (8).

За демонтирање (види слика D) отключете го поклопецот (12) на заштитната хауба (8) (①) лево или десно и извлечете го поклопецот (②).

Хауба за вшмукување при сечење со лизгачка водилка

Заштитната хауба за сечење со лизгачки водилки (24) се монтира како заштитна хауба за брусење (8).

Заштита за дланките

▶ Секогаш монтирајте ја заштитата за раце кога работите со гумениот брусен диск (18) или со лончестата четка/конусната четка/дијамантската крупеста бургија (17).

Зацврстете ја заштитата за рацете (17) со дополнителната рачка (6).

Стандардна-дополнителна рачка/дополнителна рачка за придушување на вибрациите

Навртете ја дополнителната рачка (6)/(7) од десно или од лево на погонската глава во зависност од начинот на работа.

▶ Користете го вашиот електричен алат само со дополнителна рачка (6)/(7).
▶ Не продолжувајте со работа со електричниот алат, ако дополнителната рачка (6)/(7) е оштетена. Не вршете промени на дополнителната рачка (6)/(7).

Vibration Control

Дополнителната рачка за придушување на вибрациите (7)овозможува

работење со мали вибрации и пријатна и безбедна работа.

Монтирање и демонтирање на брусни алати

BOSCH GWX 9-125 S Professional - Монтирање и демонтирање на брусни алати - 1

BOSCH GWX 9-125 S Professional - Монтирање и демонтирање на брусни алати - 2

Внимавајте на посебните напомени за монтирање кај алатите за вметнување X-LOCK.

▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
▶ Не ги допирајте брусните плочи и дисковите за сечење додека не се оладат. Плочите за време на работењето стануваат многу жешки.
▶ Користете само оригинални X-LOCK-алати за вметнување што го имаат логото X-LOCK. Само со оригинални X-LOCK-алати за вметнување се гарантира дека ќе се одржи дебелината на стегање од макс. 1,6 mm. Поголема дебелина на стегање може да доведе до небезбедно стегање, по што може да се олабави стегата.
▶ За X-LOCK-алатите за вметнување не требаат стезна и потпорна прирабница.
▶ Внимавајте на тоа да не се деформираат алатот што се вметнува и прифатот и да нема нечистоти и други честички на нив.

Внимавајте на димензиите на алатите за брусење.

Проверете дали двете X-LOCK-резиња за вклопување се отворени (види следна слика), пред да се монтира X-LOCK-алатот за вметнување.

Ев. исчистете го делот меѓу двете X-LOCK-резиња за вклопување.

Монтирање на алатот за брусење

① Поставете ја брусната плоча/брусната плоча за сечење/ламелестата брусна плоча центрирано и паралелно со површина на налегнување и со точната страна нагоре на X-LOCK-прифатот.
② Притиснете ја подлошката во правец на прифатот.
③ Се слуша кога подлошка ће се вклопи. Притоа не ја притискајте рачката (3).

BOSCH GWX 9-125 S Professional - Монтирање на алатот за брусење - 1

По монтажата проверете работ на алатот за брусење (③) да не е повисок од референтната површина (⑤) и со тоа правилно да се монтира. Ако работ е повисок, мора да се исчисти прифатот или на алатот за брусење веке да не се користи.

Пред демонтажата на брусната плоча/брусната плоча за сечење/ламелестата брусна плоча: Проверете дали електричниот алат е во мирување.

Демонтирање на алатот за брусење

① Отворете ја рачката (3).
② Брусната плоча/брусната плоча за сечење/ламелестата брусна плоча се олабавува.
③ Брусната плоча/брусната плоча за сечење/ламелестата брусна плоча може да се извади.

BOSCH GWX 9-125 S Professional - Демонтирање на алатот за брусење - 1

Дозволени алати за брусење

Може да ги користите сите алати за брусење наведени во ова упатство за употреба.

Дозволениот број на вртежи [min ^-1 ] одн. периферната брзина [m/s] на употребениот алат за брусење мора да одговара на податоците во следната табела.

Затоа внимавајте на дозволениот број на вртежи одн. периферната брзина на етикетата на алатот за брусење.

макс. [mm] [°]BOSCH GWX 9-125 S Professional - Дозволени алати за брусење - 1BOSCH GWX 9-125 S Professional - Дозволени алати за брусење - 2
Dbsα [min] ^-1 [m/s]
b1157,2--1100080
1257,2--1100080
b1154,2--1100080
1254,2--1100080
b115---1100080
125---1100080
b75 30 -- 11000 80
D115---1100080
125---1100080
D125 --- 11000 80
D83 --- 11000 80
b1152,410>01100080
1252,410>01100080

Вртење на погонската глава

▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.

BOSCH GWX 9-125 S Professional - Вртење на погонската глава - 1

Погонската глава може да ја вртите со чекори од 90°. Притоа, прекинувачот за включување/исклучување за специјалните случаи на работа може да се постави во поповолна позиција за ракување, на пр. за левораки лица.

завртки. Внимателно навалете ја погонската глава и без да ја извадите од кукиштето ставете ја во новата позиција. Повторно навртете ги 4-те завртки.

Вшмукување на прав/струготини

Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав

може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.

Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат за канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.

– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.

Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.

▶ Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.

Употреба

▶ Не го оптоварувајте многу електричниот алат, додека не дојде во состојба на мирување.
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
▶ Внимавајте на процепите во носечките сидови „Напомени за статика“.
Затегнете го делот што се обработува, доколку не налегнува сигурно со својата тежина.
По силното оптоварување, оставете го електричниот алат уште неколку минути во празен од, за да се излади.
▶ Електричниот алат не го користете со држач за сечење.
▶ Не ги допирајте брусните плочи и дисковите за сечење додека не се оладат. Плочите за време на работењето стануваат многу жешки.

Доколку електричниот алат се полни електростатички, инсталираната електроника го ислучува електричниот алат. Одново притиснете го прекинувают за вклучување/ислучување (4), за да може повторно да го користите електричниот алат.

▶ При грубото брусење со композитни брусни средства секогаш користете ја заштитната хауба за брусење (8).
▶ Никогаш не ги користите брусните плочи за сечење за грубо брусење.
▶ При грубото брусење заштитната хауба за сечење (9) или заштитната хауба за брусење (8) со монтиран поклопец за сечење (12) може да удри во

делот што се обработува и да доведе до губење на контролата.

Со подесување на аголот од 30° до 40° при грубо брусење ќе добиете најдобри резултати при работењето. Поместувајте го електричниот алат напред и назад со умерен притисок. Притоа, делот што се обработува нема да се вжешти, да се ја промени бојата и нема да има бразди.

▶ При употребата на композитни плочи, кои се одобрени и за сечење и за брусење, може да се користи заштитната хауба за сечење (9) одн. заштитната хауба за брусење (8) со монтиран поклопец за сечење(12).

Површинско брусење со ламелеста брусна плоча

▶ При брусење со ламелеста брусна плоча секогаш користете ја заштитната хауба за брусењето (8).

Со ламелестата брусна плоча во вид на лепеза (опрема) може да обработувате заoblени површини и профили. Ламелестите брусни плочи во вид на лепеза имаат подолгрок на употреба, пониско ниво на бучава и пониски температури при брусењето отколку вообичаените брусни плочи.

Површинско брусење со брусен диск

▶ При работењето со гумен диск за брусење (18) секогаш монтирајте ја заштитата за рацете (17).

Брусењето со брусен диск може да се изврши без заштитна хауба.

Редоследот на монтажата може да се види на графичката карта.

▶ При четкањето со плочеста четка секогаш користете ја заштитната хауба за брусење (8). Четкањето со лончеста четка/конусна четка може да се изврши без заштитна хауба.

▶ При работењето со лончеста или конусна четка секогаш монтирајте ја заштитата за рацете (17).

Жиците на плочестите четки може да се заглават на заштитната хауба и да се скршат ако се надминат максимально дозволените димензии на плочестите четки.

Редоследот на монтажата може да се види на графичката карта.

Сечење на метал

За сечење на метал со композитен диск за сечење или со дијамантски диск за сечење секогаш користете ја заштитната хауба за сечење (9) одн. заштитната хауба за брусење (8) со монтиран поклопец за сечење (12).

▶ При употребата на заштитна хауба за брусење (8) за сечење со композитен диск за сечење постои голем ризик да бидете изложени на искри и честички како и делови од дискот при кршење на дискот.

При сечењето со брусни плочи секогаш работете со умерено поместување нанапред по материјалот. Не

правете притисок на брусната плоча за сечење, не навалувајте и не осцилирајте.

Не ги блокирајте брусните плочи за сечење што излегуваат со страничен противпритисок.

BOSCH GWX 9-125 S Professional - Сечење на метал - 1

Електричниот алат секогаш мора да се води во спротивен правец на движење. Инаку постои опасност, тој неконтролирано да се истисне од резот. При сечење на профили и четириаголни цевки, најдобро е да поставите на најмалиот пресек.

Сечење на камен

За сечење на метал со композитен диск за сечење или со дијамантски диск за сечење за камен/бетон секогаш користете ја хаубата за всисување при сечење со лизгачки водилки (24) или заштитната хауба за сечење (9) или заштитната хауба за брусење (8) со монтиран поклопец за сечење (12).
▶ При сечењето во камен погрижете се за довольно вшмукување на правта.
▶ Носете маска за заштита од прав.
▶ Електричниот алат смее да се користи само за сечење/брусење на суви материјали.
▶ При употребата на заштитна хауба за сечење (9), заштитната хауба за брусење (8) или заштитната хауба за брусење (8) со монтиран поклопец за сечење (12) за сечење и брусење во бетон или sidни конструкции, постои зголемена изложеност на прашина и зголемен ризик од губење контрола над електричниот алат, што може да доведе до повратен удар.

За сечење на камен најдобро е да употребите дијамантска брусна плоча за сечење.

При користење на хаубата за всисување за сечење со лизгачки водилки (24) всисувачот на прав мора да биде дозволен за всисување на правта од каменот. Bosch ги нуди соодветните всисувачи на прав.

BOSCH GWX 9-125 S Professional - Сечење на камен - 1

Включете го електричниот алат и поставете го со предниот дел на лизгачките водилки на делот што се обработува. Поместувајте го електричниот алат со умерено движење по материјалот што се обработува.

При сечење на особено цврсти материјали на пр. бетон со чакал, дијамантскиот диск за сечење може да се прегрее и да се оштети. Венецот од искри кој кружи околу дијамантскиот диск за сечење јасно укажува на тоа.

Во таков случај прекинете го процесот на сечење и оставете го кратко дијамантскиот диск за сечење во празен од при највисок број на вртежи, за да се олади.

Значителното попуштање во работата и венецот од искри кој кружи се знаци за отапена дијамантска брусна плоча.

Може повторно да ја наострите со кратки резови во абразивен материјал, на пр. силикатен камен.

Сечење на други материјали

▶ При сечење на други материјали како пластика, композитен материјал итн. со композитен диск за сечење или карбиден диск за сечење Carbide Multi Wheel секогаш користете ја заштитната хауба за сечење (9) или заштитната хауба за брусење (8) со монтиран поклопец за сечење (12). Со користењето на хаубата за всисување со лизгачки водилки (24) ће постигнете подобар резултат од всисувањето прав.

Работење со дијамантска крупеста бургија

▶ Користете само сува дијамантска крупеста бургија.
▶ При работењето со дијамантската крупнеста бургија секогаш монтирајте ја заштитата за рацете (17).

Не поставувајте ја дијамантската крупнеста бургија паралелно на делот што се обработува. Навалете се во делот што се обработува под агол и со кружни движења. Ова ви овозможува да постигнете оптимално ладење и подолг работен век на дијамантската крупнеста бургија.

Напомени за статиката

Процепите во носечките сидови подлежат на прописите специфични за земјата. Мора задолжително да се придржувате до овие прописи. Пред почетокот на работата повикајте го одговорниот статичар, архитект или надлежните градежни раководители за да се советувате.

Ставање во употреба

▶ Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот алат. Електричните алати означени со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.

При работа на електричниот алат со мобилни произведувачи на струја (генератори), кои не располагаат со довольно резерви на јачина, одн. не располагаат со соодветна регулација на јачина, може да дојде до губење на јачината или нетипично однесување при вклучување.

Ве молиме внимавајте на погодноста на производителот на струја, особено во поглед на мрежниот напон и фреквенција.

▶ Држете го уредот само за изолираните рачки и дополнителната рачка. Алатот за вметнување може да дојде во контакт со скриени струјни кабли или сопствениот кабел. Контактот со струјниот кабел може металните делови на уредот да ги стави под напон и да доведе до електричен удар.

Вклучување/исклучување

За ставање во употреба на електричниот алат притиснете го прекинувают за вклучување/исклучување (4) нанапред и потоа држете го.

За зацврстување на притиснатиот прекинувач за включување/исклучување (4) вметнете го прекинувачот за исклучување/вклучување (4) понапред.

За да го исключите електричниот алат, отпуштете го прекинувают за вклучување/исклучување (4) одн. доколку тој е блокиран, кратко притиснете го прекинувают за вклучување/исклучување (4) и потоа отпуштете го.

Конструкција на прекинувачот без блокада (во зависност од земјата):

За ставање во употреба на електричниот алат притиснете го прекинувают за включување/исклучување (4) нанапред и потоа држете го.

За да го исклучите, електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (4).

▶ Пред употребата проверете ги алатите за брусење. Алатот за брусење мора да биде монтиран беспрекорно и да може слободно да се врти. Направете проба од најмалку 1 минута без оптоварување. Не користете оштетени, нетркалезни или алати за брусење што вибрираат. Оштетените алати за брусење може да пукнат и да предизвикаат повреди.

Вклучување/исклучување

За ставање во употреба на електричниот алат, лизнете го прекинувают за вклучување/исклучување (4) нанапред.

За фиксирање на прекинувачот за вклучување/исклучување (4) притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (4) нанапред надолу додека не се вклопи.

За да го исключите електричниот алат, ослободете го прекинувачот за вклучување/исклучување (4) одн. доколку тој е блокиран, кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (4) наназад надолу и потоа ослободете го.

▶ Пред употребата проверете ги алатите за брусење. Алатот за брусење мора да биде монтиран беспрекорно и да може слободно да се врти. Направете проба од најмалку 1 минута без оптоварување. Не користете оштетени, нетркалезни или алати за брусење што вибрираат. Оштетените алати за брусење може да пукнат и да предизвикаат повреди.

Одржување и сервис

Одржување и чистење

▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
▶ Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.

▶ При екстремни услови на примена, доколку е возможно секогаш користете уред за всисување. Издувувајте ги почесто отворите за проветрување и приключете заштитен прекинувач за диференцијална струја (PRCD). При обработка на метали, во внатрешноста на електричниот алат може да се собере спроводлива прав. Може да се оштети заштитната изолација на електричниот алат.

Складирајте и третирајте го приборот со внимание. Доколку е потребно користење на прилучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста.

Сервисна служба и совети при користење

Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ће најдете на: www.bosch-pt.com

Тимот за советување при користење на Bosch ке ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.

Северна Македонија

Д.Д.Електрис

Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:

Електричните алати, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

BOSCH GWX 9-125 S Professional - Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под: - 1

Не ги фрлајте електричните алати во домашната канта за отпадоци!

Само за земјите од ЕУ:

Според Европската регулатива 2012/19/EU за електрични и електронски уреди и нивната имплементација во националното право, електричните

алати што се вон употреба мора одделно да се собираат и да се рециклираат на еколошки прифатлив начин.

Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на лујето поради можното присуство на опасни материи.

Srpski

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GWX 9-125 S Professional

Категорија : Аголна брусилка