GCB 18V-63 Professional - Service après-vente BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GCB 18V-63 Professional BOSCH во PDF формат.
| Вид на производ | Бежична дупчалка-шрафцигер |
| Марка | Bosch |
| Модел | GCB 18V-63 Professional |
| Напон | 18 V |
| Максимален вртежен момент | 63 Nm |
| Брзина без оптоварување (1-ва брзина) | 0-500 врт/мин |
| Брзина без оптоварување (2-ра брзина) | 0-1900 врт/мин |
| Стезниот уред | 13 мм, без клуч |
| Капацитет на дупчење (челик) | 13 мм |
| Капацитет на дупчење (дрво) | 38 мм |
| Капацитет на шрафирање | 10 мм (шрафови за дрво) |
| Тежина (без батерија) | 1,1 кг |
| Тежина (со батерија) | 1,4 кг |
| Димензии (Д x Ш x В) | 170 x 70 x 200 мм |
| Напојување | Литиум-јонска батерија 18 V (не е вклучена) |
| Систем на батерија | Bosch Professional 18V |
| Главни функции | Дупчење, шрафирање, со подесива спојка |
| Одржување | Чистете со сува крпа, не користете агресивни средства за чистење |
| Безбедност | Кочење на вратилото, блокирање на вратилото, прекинувач против вибрации |
| Резервни делови | Достапни преку сервисна служба на Bosch |
| Општи информации | Професионална употреба, гаранција 2 години (под услови) |
Frequently Asked Questions - GCB 18V-63 Professional BOSCH
Прашања на корисниците за GCB 18V-63 Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Service après-vente во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GCB 18V-63 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GCB 18V-63 Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GCB 18V-63 Professional BOSCH
mk Оригинално упатстро за работа
sr Originalno uputstvo za rad
s.l.izirma navodila
hr Originalne upute za rad
Македонски...... Страница 128
Srpski ...... Strana 134
Slovenščina ....Stran 139
Hrvatski ....Stranica 144
Безбедносни напомени
Општи предупредувања за безбедност на електрични алати
ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност.
Грешките настанати како резултат
од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).
Безбедност на работниот простор
Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
▶ Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи
течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.
Електрична безбедност
▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати.
Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.
▶ Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.
▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар.
▶ Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.
▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.
Лична безбедност
▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.
▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прав, безбедносни чевли кои не се лизгаат, шлем или заштита за уши, кои се користат за соодветни услови, їе доведат до намалување на лични повреди.
▶ Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е ислучен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.
▶ Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата,алиштата и ракавиците треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
Употреба и чување на електричните алати
He го преоптоварувајте електричниот алат.
Користете соодветен електричен алат за намената.
Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо єе ја извршите работата за која е наменет.
▶ Не користете електричен алат ако не можете да го включите и ислучите со помош на прекинувачот.
Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
▶ Ислучете го електричниот алат од струја и/или сетот на батерии од електричниот алат, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на мојните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на
електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
Употреба и чување на батериски алат
▶ Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии.
▶ Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии.
Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар.
Kogа не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар.
▶ Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
Сервисирање
▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.
Безбедносни напомени за пили со подвижни ленти
▶ Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете за да не дојде во контакт со скриена жица. Контактот на алатот за сечење со жици под напон може да ги изложи и металните делови од уредот под напон и да доведе до струен удар.
▶ Користете менгеме или некој друг практичен начин за да го обезбедите и прицврстите делот што се обработува на стабилна површина. Доколку го држите делот што се обработува со рака или го наслоните на вас, тоа єе биде нестабилно и може да изгубите контрола.
▶ Држете ги рацете подалеку од делот каде што се сече. Не факајте под делот што се обработува.
Доколку дојдете во контакт со листовите за пила постои опасност од повреда.
Ставете го електричниот алат само кога е включен на делот што се обработува. Инаку постои опасност од повратен удар, доколку алатот што се вметнува се заглави во делот што се обработува.
По завршувањето на работењето исключете го електричниот алат и извадете го сечилото за пилата со подвижна лента од исечокот дури тогаш кога тој ќе застане. На тој начин ќе избегнете повратен удар и ќе може безбедно да го оставите електричниот алат.
▶ Користете само неоштетени, беспрекорни сечила за пила со подвижна лента. Свитканите или тапите листови за пила со подвижна лента може да се скршат или да предизвикаат повратен удар.
▶ Средството за подмачкување или маслото држете ги понастрана од сечилата за пила со подвижна лента. Избришете го целосно вишокот масло пред сечењето. Инаку листот за пилата со подвижна лента може да се слизне.
He притискајте премногу на сечилото за пилата со подвижна лента за време на работниот процес.
Преголемиот притисок може да доведе до лизгање или кршење на листот за пилата со подвижна лента.
Постои опасност од повреда.
По исклучувањето не го закочувајте сечилото за пила со подвижна лента со странично притискање. Листот за пила со подвижна лента може да се оштети, скрши или да предизвика повратен удар.
▶ Не го факајте сечилото од пилата со подвижна лента по работата, додека не се олади. Листот за пилата со подвижна лента за време на работата се вжештува.
▶ При работата, држете го електричниот алат цврсто со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со електричниот алат посигурно їе управувате ако го држите со двете дланки.
▶ Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот.
▶ При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
▶ Користете ја батеријата само во производи од производителот. Само на тој начин батеријата će се заштити од опасно преоптоварување.


Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, нечистотии, вода и влага.
Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.
Опис на производот и перформансите

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за сечење на пластика, метал и гума на цврста подлога. Тој е погоден за прави резови под закосени агли до 45°. Внимавајте на безбедносните напомени за пила.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Блокада при включување на прекинувачот за включување/исклучување
(2) Прекинувач за включување/исклучување
(3) Рачка (изолирана површина на рачката)
(4) Спојница за затворање за поклопецот
(5) Водилка
(6) Сечило за пила ^a)
(7) Водилка за сечилото за пилата
(8) Стрелка за правец на вртење на кујиштето
(9) Лост за претходно затегање на сечилото за пилата со подвижна лента
(10) Работна светилка
(11) Батерија ^a)
(12) Дополнителна дршка (изолирана површина на дршката)
(13) Поклопец за сечилото за пилата со подвижна лента
(14) Копче за отворање на батеријата
(15) Приказ за наполнетоста на батеријата ^a)
(16) Копче за прикажување на наполнетоста на батеријата ^a)
(17) Валјак за сечилото за пилата
a) Илуstriраната или опишана опрема не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
| Пила со подвижна лента GCB 18V-63 | ||
| Број на дел | 3 601 BA0 4.. | |
| Номинален напон V= 18 | ||
| Број на вртежи во празен OD^A) | m/min | 162 |
Пила со подвижна лента GCB 18V-63
| Димензии на сечилото за пила | mm 733×12,7×0,35 |
| Макс. длабочина на резот mm 63,5 | |
| Тежина согласноEPTA-Procedure 01:2014 | kg 3,7-4,7 ^B) |
| Препорачана околна температура при полнење | °C 0 ... +35 |
| Дозволена околна температура при полнење ^C) и при складирање | °C -20 ... +50 |
| Препорачаниакумулаторски батерии | GBA 18V...ProCORE18V... |
| Препорачани полначи GAL 18... | GAX 18...GAL 36... |
A) Мерено при 20-25 °C со батерија ProCORE18V 8.0Ah.
В) во зависност од употребената батерија
C) ограничена јачина при температури <0 °C
Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 60745-2-20.
Нивото на звучниот притисок на електричниот алат оценето со А типично изнесува 79 dB(A). Несигурност K = 3 dB. Нивото на звук при работењето може да ги надмине наведените вредности. Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a_h (векторски збир на три насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 60745-2-20:
Сеченье на метал: a_h = 5,3 m/s^2 , K = 1,5 m/s^2
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е ислучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.
Монтажа
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
Полнење на батеријата
▶ Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен уред.
Напомена: Батеријата се испорачува делумно наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот при полнењето не й наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку се испразни батеријата, електричниот алат їе се исклучи со помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не се движи веке.
По автоматското исклучување на електричниот алат, не притискајте на прекинувачот за вклучување/исклучување. Батеријата може да се оштети.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Вадење на батеријата
Батеријата (11) има два степена на блокирање, што спречуваат да испадне батеријата при невнимателно притискање на копчето за отклучување на батеријата (14). Сё додека е вметната батеријата во електричниот алат, таа се држи во позиција со помош на пружина. За да ја извадите батеријата (11) притиснете на копчињата за отворање (14) и извлечете ја батеријата од електричниот алат. Притоа не употребувајте сила.
Приказ за наполнетост на батеријата
Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост на батеријата ја покажуваат состојбата на наполнетост на батеријата. Од безбедносни причини, состојбата на наполнетост на батеријата може да ја проверите само доколку електричниот алат е во мирување.
Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на батеријата, или , вада се прикаже наполнетоста. Ова исто така е возможно и со извадена батерија.
132 | Македонски
Доколку по притискањето на копчето на приказот за наполнетост на батеријата не свети LED светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени.
Монтирање/менување на сечилото за пилата со подвижна лента
▶ При ставањето на сечилото на пилата со подвижна лента носете заштитни ракавици. Доколку го допрете сечилото на пилата со подвижна лента постои опасност од повреда.
▶ Секогаш носете заштитни очила. Заштитните очила го намалуваат ризикот од повреди.
Бирање на сечило за пилата со подвижна лента
Прегледот за препорачани сечила за пила со подвижна лента ќе го најдете на крајот од ова упатство.
Вметнување на сечило за пила (види слики А-Е)
Олабавете ги двете спојници за затворање (4) ① и отворете ги поклопецот (13) ②. Навалете го лостот (9) за 180° во правец на вртење до крај.
Ставете го сечилото за пилата со подвижна лента (6) во водилките за сечилото за пилата со подвижна лента (7). Задната страна од сечилото за пила мора да го допира лежиштето во долниот дел на водилките на сечилото за пила (7).
Водете го сечилото за пилата со подвижна лента (6) околу двата валјаци (17).
Навалете го лостот (9) за 180° назад до крај. Проверете дали сечилото за пилата со подвижна лента (6) е точно позициониран околу двата валјака (17). Вратете го
поклопецот (13) назад, додека да се вклопат спојниците за затворање (4).
▶ Проверете дали сечилото за пилата со подвижна лента (6) е правилно вметнат. Включете го и исключете го кратко повеке пати електричниот алат. Сечилото за пилата со подвижна лента што не е правилно монтиран може да се олабави и да ве повреди.
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или metabolувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат како канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.
▶ Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
Вметнување на батеријата
Ставете ја наполнетата батерија (11) однапред во електричниот алат. Притиснете ја батеријата целосно во електричниот апарат, додека не се заклучи.
Вклучување/исклучување
За вклучување на електричниот алат најпрво активирајте ја блокадата при вклучување (1) и потоа притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (2) и држете го притиснат.
Светлото (10) свети доколку прекинувают за включување/исклучување (2) е половинчо или целосно притиснат и овозможува осветлување на работното поле при неповолни светлосни услови.
За исклучување отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (2).
Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот за включување/исклучување (2) не се блокира, туку мора постојано да се држи притиснат за време на работата.
Заштита од преоптоварување во зависност од температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари електричниот алат. При големо оптоварување или надминување на дозволената температура на батеријата електрониката го ислучува електричниот алат, додека не се врати во оптималните граници на температура.
Совети при работењето
▶ При работата, држете го електричниот алат цврсто со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со електричниот алат посигурно їе управувате ако го држите со двете дланки.
Изберете соодветна позиција за сечење на делот што се обработува, така што, што е можно повеќе запци од сечилото за пилата со подвижна лента (6) да се во резот (види слика F).
Включете го електричниот алат, поставете го со водилката (5) на делот што се обработува и спуштете го сечилото за пилата со подвижна лента (6) полека во резот.
Работете со постојан притисок и рамномерни движења. Кратко пред крајот на резот, намалете го притисокот и лесно подигнете го електричниот апарат, за да не падне на делот што се обработува.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
▶ Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ће најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:
Препорачаните литиум-јонски батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку кукиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се двжиж во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.
Отстранување

Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за губре!
Само за земјите од ЕУ:
Според европейската директива 2012/19/EU за стари електрични и електронски уреди и нивната употреба во националното законодавство, електричните алати што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според директивата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.
Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на лућето поради можното присуство на опасни материи.
Батерии:
Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт (види „Транспорт“, Страница 133).