HBX884QE - миксер GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот HBX884QE GORENJE во PDF формат.
| Тип на производ | Рачен блендер (потопен блендер) |
| Бренд | Gorenje |
| Модел | HBX884QE |
| Напојување | На мрежа, 220-240 V, 50-60 Hz |
| Потрошувачка на енергија | 600 W (проценето) |
| Материјал на моторната единица | Пластика со мека завршница |
| Материјал на вратилото за мешање | Нерѓосувачки челик |
| Вклучени додатоци | Додаток за мешање од нерѓосувачки челик, универзален секач (сад + сечило), жица за матење и тело на матач, чаша со капак |
| Поставки за брзина | Копче за променлива брзина + турбо копче |
| Контролни копчиња | Меко допирно ВКЛУЧУВАЊЕ/ИСКЛУЧУВАЊЕ (нормална брзина) и турбо копче |
| Максимално време на работа | 30 секунди континуирано, потоа ладење до собна температура |
| Ниво на бучава | Lc < 72 dB(A) |
| Капацитет на чашата | 600 ml (проценето) |
| Капацитет на садот за сечење | 500 ml (проценето) |
| Максимална температура на состојките | 80°C (за мешање/сечење на топли состојки) |
| Делови што може да се мијат во машина за садови | Чаша, жица за матење, сад за сечење, сечило за сечење |
| Метод на чистење на моторната единица | Бришете само со влажна крпа; не потопувајте |
| Безбедносни карактеристики | Двојна изолација; предупредувања за остри сечила; автоматско запирање при ослободување; не за пире од компири |
| Препорачана употреба | Само за домаќинство; мешање, пиреирање, сечење (месо, зеленчук, мраз, сирење), матење |
| Не е погодно за | Пире од компири, зрна кафе, рен; комерцијална употреба |
| Димензии (приближно) | Должина: 40 cm, Тежина: 1,2 kg |
| Гаранција | Контактирајте го локалниот сервисен центар на Gorenje (видете го гарантниот лист) |
Често поставувани прашања - HBX884QE GORENJE
Прашања на корисниците за HBX884QE GORENJE
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот миксер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник HBX884QE - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. HBX884QE на марката GORENJE.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК HBX884QE GORENJE
Упатства за употреба МК
Инструкции за употреба BG
Návod na obsluhu PL
MK Упатства за употреба....12
EN Instruction manual 16
RO Instructiuni de utilizare ....19
CS Návod k obsluze....23
- Погонска единица
- Soft/Touch копче за вклучување и исклучување
- Soft/Touch копче за ТУРБО работење
- Коче за дотерување брзина
- Нога за мешање од челик што не орғосува
- Наставка за сечкање
- Нож за сечкање
- Сад за сечкање
- Наставка за метли
- Метли
- Бокал
- Капак за бокалот
Како да се употребува апаратот
Вашата стапчеста мешалка е наменета за употреба во домаќинството и не е предвидена за употреба во локали. Употребувајте ја за обработка на количества храна кои се вообичаени за домаќинство. Грижливо чувајте ги упатствата за употреба и, според потреба, предадете им ги на наредниот корисник. Пред првата употреба избришете ја мешалката и приклучоците со влажна крпа. Пред приклучување во мрежна приклучница
апаратот најпрвин правилно составете го. Поголеми состојки пред обработка исечете ги на парчиња од 2 см. Жешки состојки, пред да ги сечкате или турите во бокалот, да се оладат (највисока температура 80 °C).
Важни безбедносни предупредувања
За да се намали ризикот од пожар, електричен удар и/или телесни повреди, при употреба на електрични апарати е потребно да се земат во обѕир некои основни безбедносни упатства, меѓу кои се и следниве:
- Внимателно прочитајте ги упатствата, и покрај тоа што апаратот веќе го познавате.
- За да спречите евентуален електричен удар, не потопувајте го апаратот, кабелот или приклучокот во вода или друга течност.
Оваа опрема е означена согласно европската директива 2012/19/EU за отпадна електрична и електронска опрема (waste electrical and electronic equipment - WEEE). Директивата определува барања за собирање и постапување со отпадна електрична и електронска опрема, кои важат во целата Европска Унија.
- Апаратот ќе го исчистите така што надворешниот дел на куќиштето ќе го избришете со влажна крпа.
- Кога апаратот не го употребувате, кога го составувате или раставувате и пред чистење, секогаш да го исклучите апаратот од електричната мрежа. Притоа никогаш не влечете за кабелот.
- Ако се електричниот приклучен кабел или приклучокот оштетени, ако дошло до грешка при работењето на апаратот или ако тој паднал на подот, односно е на друг начин оштетен, да не го употребувате апаратот. Целиот апарат вратете му го на најблискиот овластен сервисер, каде што ќе го прегледаат и според потреба ќе го поправат електричниот или механичкиот дел и ќе извршат потребни дотерувања.
- Ако за апаратот употребувате приклучоци или помагала кои не ги продава или препорачува производителот на апаратот, може да дојде до пожар, електричен удар или телесни повреди.
- Да не го пренаполните апаратот.
- Внимавајте електричниот приклучен кабел да не виси преку работ на масата или друга работна површина и да не е во контакт со жешки површини.
- Не допирајте ги жешките површини, употребувајте ги рачките и копчињата.
- Не употребувајте го апаратот во близина на жешки површини (на пр. гасно или електрично решо или жешка рерна); исто така не ставајте поединечни делови на апаратот во
близина на овие извори на високи температури.
- Внимавајте да не го оштетите кабелот. Никогаш да не го носите апаратот така што ќе го држите само за кабелот и никогаш да не го влечете кабелот кога сакате апаратот да го отклопите од електричната мрежа; тоа правилно ќе го направите така што ќе држите за втакнувачот.
- Ако употребувате продолжен кабел или разводник за електричен кабел, уверете се дека тој им одговара на барањата на апаратот.
- Апаратот е наменет исклучиво за употреба во домаќинството.
- Не обидувајте се сами да го поправите апаратот. Однесете го во најблискиот сервисен центар или кај овластен дистрибутер.
- Овој апарат можат да го користат деца кои веќе наполниле 8 години, лица со намалени физички, сетилни или ментални способности, како и лица кои немаат доволно искуство и знаење, ако се под надзор или биле обучени како да го користат апаратот на безбеден начин и ги разбрале опасностите кои можат да се појават. Децата мора постојано да се под надзор за да се осигурате дека тие не си играат со апаратот.
- Чистењето и корисничкото одржување не треба да го изведуваат деца кои не наполниле 8 години и кои не се под надзор.
- Претпазливо постапувајте со острите сечила, уште посебно за
време отстранување или празнење на садот, како и за време чистење.
- Не допирајте ги сечилата на стапчестата мешалка, уште посебно тогаш, кога е апаратот приклучен на електричната мрежа. Сечилата се многу остри.
- Ако сечилата се заглават, исклучете го апаратот од електричната мрежа и дури потоа отстранете ја храната што ги попречува.
- При употреба или чистење на единицата за сечење или комбинираната плоча, бидете многу претпазливи, бидејќи рабовите за сечење се исклучително остри. Бидете особено внимателни при нивното чистење и при празнењето на садот.
- Садот не е погоден за употреба во микробранова печка.
- Ниво на бучава: Lc < 72 dB (A)
Употреба
Предупредување! Стапчестата мешалка не е погодна за подготовка на пире од компири.

- Целосно одмотете го приклучниот кабел.
- Приклучокот за мешање (5) приклучете го на погонската единица (1), така што ќе го вртите во насока на стрелката на часовникот, додека не се закачи.
- Во приложениот или друг сад ставете ги состојките.
- Фатете го апаратот и садот и притиснете го тастерот за вклучување.
- За вклучување на апаратот, притиснете и држете го копчето за обична брзина (2) или копчето за турбо брзина (3). При употреба на копчето за обична брзина, можете да ја дотерате брзината со избирачот за брзина (4). При повисока брзина, времето за обработка е пократко. За да изберете друга брзина, завртете го избирачот за брзина (4) на саканото ниво, пред или додека го притискате копчето за обична брзина (2). При употреба на копчето за ТУРБО брзина (3), апаратот работи со највисока брзина. Во овој случај, брзината не може да се дотера со избирачот за брзина.
ВНИМАНИЕ: Апаратот не смее да работи непрекинато повеќе од 30 секунди. Никогаш не вклучувајте го апаратот кога е празен.
Забелешка: мешалката најпрвин исклучете ја, а потоа извадете ја од храната.
Универзална сецкалка
Предупредување! На месото пред режење да му ги отстраните жилите, коските и 'рскавицата. Универзалната сецкалка не е примерна за режење зрна од кафе или рен.

- Садот за сецкање (8) ставете го на глатка, чиста работна површина и притиснете го надолу.
- Ставете го ножот за сечкање (7).
- Во садот ставете состојки.
- Садот за сецкалката покријте го со наставка за сецкање (6), која ќе ја завртите во спротивна насока од стрелката на часовникот (ќе се слушне „клик“).
- На наставката за сечкање (6) прицврстете ја погонската единица (1) (ќе се слушне „клик“).
- Фатете го апаратот и сецкалката и притиснете го тастерот за вклучување (2) со употреба на
копчето за дотерување брзина (4) или копчето за ТУРБО работење (3).
Забелешка: Ако состојките се лепат на внатрешната страна од садот, ослободете го копчето да го исклучите апаратот и отстранете ги состојките од лопатката или додадете нешто течност.
- ВНИМАНИЕ: Апаратот да не работи непрекинато повеќе од 30 секунди. Никогаш да не го вклучувате апаратот кога е празен.
Употреба на метлето
Пред да го приклучите метлето на главната единица, проверете дали е апаратот приклучен на електричната мрежа.

- Ставете го метлето (10) во наставката за мешање (9) и завртете го во насока на стрелките на часовникот (ќе се слушне „клик“).
- Во садот додајте состојки.
- Фатите го апаратот и сецкалката и притиснете го тастерот за вклучување (2) со употреба на копчето за дотерување брзина (4) или копчето за ТУРБО работење (3).
ВНИМАНИЕ: Апаратот да не работи непрекинато повеќе од 30 секунди. Никогаш да не го вклучувате апаратот кога е празен.
ЧИСТЕЊЕ И НЕГА
Предупредување! Апаратот да не го потопувате во вода и да не го миете во машина за миење садови.
- Апаратот избришете го со влажна и потоа со сува крпа.
- Бокалот (11), метлето (10), садот за сечкање (8), ножот за сечкање (7) можете да ги измиете во машина за миење садови.
- Наставката за сечкање (6), ногата за мешање (5), наставката за метле (9)
избришете ги со влажна крпа или четка под вода што тече.
Забелешка: При обработка на пример црвена зелка, пластичните делови црвено ќе се обојат. Оваа црвена облога можете да ја отстраните со неколку капки масло за јадење.
ЖИВОТНА СРЕДИНА
Апаратот по истекување на векот на траење не фрлајте го заедно со вообичаени отпадоци од домаќинство, туку оставете го во официјално собирно место за рециклирање. Со тоа ќе придонесете да се зачува животната средина.
ГАРАНЦИЈА И СЕРВИС
За информации или во случај на тешкотии обратете се до Центарот на Gorenje за помош на корисници во вашата држава (телефонски број ќе најдете во меѓународниот гарантен лист). Ако во вашата држава нема таков центар, обратете се до локалниот продавач на Gorenje или до Одделение за мали апарати за домаќинство на Gorenje.
Само за лична употреба!
Си го задржуваме правото на измени!

Уредот е наменет за домашна употреба.
2 см, пред да ги обработувате.
Само за лична употреба!