BN1000E - миксер GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот BN1000E GORENJE во PDF формат.
| Тип на производ | Блендер |
| Модел | BN1000E |
| Бренд | Gorenje |
| Капацитет | 1.5 литри |
| Моќност | 800 W |
| Поставки за брзина | 2 брзини + пулс |
| Материјал на сечилото | Нерѓосувачки челик |
| Материјал на садот | Стакло |
| Напон | 220-240 V |
| Фреквенција | 50/60 Hz |
| Димензии (В x Ш x Д) | 40 x 20 x 20 cm |
| Тежина | 3.2 kg |
| Должина на кабелот | 1.0 m |
| Делови безбедни за машина за садови | Сад и капак |
| Безбедносни карактеристики | Заштита од прегревање, нелизгачки ногарки |
| Можноста за поправка | Заменлив сад, капак и склоп на сечилото |
Frequently Asked Questions - BN1000E GORENJE
Прашања на корисниците за BN1000E GORENJE
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот миксер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник BN1000E - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. BN1000E на марката GORENJE.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК BN1000E GORENJE
MK Упатства за употреба....12
EN Instruction manual 15
- Голем сад
- Сечило „NutriBlade“
- Мотор
- Контролна табла
- Гумени ногарки
- Мал сад
- Затворач на капакот
- Капак со отвор за пиење
- Капак за чување на пијалакот
Важно:
Пред првпат да го употребите апаратот, внимателно прочитајте го ова упатство за употреба и сочувајте за во иднина.
Опасност
Не потопувајте го моторот во вода или во друга течност и не плакнете го под чешма.
Предупредување
Пред да го приключите апаратот на струја, проверете дали напонот назначен на дното од истиот одговара на напонот во електричната инсталација во вашиот дом. Не користете го апаратот
доколку струјниот кабел или некоја друга компонента се оштетени. Доколку струјниот кабел е оштетен, истиот може да го замени единствено Горење, овластен сервис или центар за поправки на Горење или соодветно обучен професионалец. Апаратот не треба да го користат деца или лица со намалени физички или психички способности или лица кои немаат искусство или знаење, освен доколку се под надзор или ги советуваат лица одговорни за нивната безбедност. Не дозволувајте им на деца да си играат со апаратот. Не оставајте го апаратот да работи без надзор. Никогаш не мешајте газирани пијалаци во апаратот. Притисокот во садот може да го оштети и да доведе до сериозни повреди. Не мешајте и не преработувајте врели течности во апаратот. Доколку забележите знаци на оштетување на апаратот, престанете со употребата и контактирајте го најблискиот овластен сервис и центар за поправки на Горење. Не ставајте ги рацете или помошните делови во близина на сечилата. Не чистете го апаратот со вода потопла од 80 °C.
Внимание: Апаратот е наменет исклучиво за лична
употреба во домакинството.
Не користете помошни или резервни делови од други производители, освен доколку не се изречно препорачани од страна на Горење. Во случај на користење такви помошни или резервни делови, гаранцијата не важи.
Пред да го включите апаратот, проверете дали сите компоненти се правилно наместени.
Моторот мора да биде сув во текот на работењето на апаратот.
Кога во садот има вода, апаратот не треба да се користи подолго од една минута. Кога мелете суви состојки, максимальното време на работа е 30 секунди. Доколку моторот престане да работи, исклучете го апаратот од струја и оставете го да се олади пред повторно да го включите (најмалку еден час). Апаратот не е наменет за употреба на отворено.
Внимание: некои семки и коски може да испуштаат цијанид кога юе се внесат во организмот. Пред употреба, секогаш отстранувајте ги коските и семките од јаболката, сливите, праските, црешите и кајсиите!
Овој апарат е означен во согласност со Европската директива 2012/19/EC за Отпад од електрична и електронска опрема – WEEE. Во Директивата се наведени обврските за собирање и управување со отпад од електрична и електронска опрема кои се на сила во целата Европска Унија.
Подготовка за употреба на апаратот:
- Отстранете ја амбалажата.
- Исчистете го апаратот како што е објаснето во делот „Чистење“.
Употреба на апаратот:
Пред да почнете да правите сок, темелно измијте ги сите состојки. Исечкајте ги Costaјките на поситни парчиња.
Отстранете ги сите цврсти семки или коски.
NutriMix:
Додајте ги сostoјките и течноста по ваш избор во
големиот (1) или во малиот (6) сад, така што ће ги наполните до ознаката MAX. Прикачете го сечилото „NutriBlade“ (2) така што ће го навртите на садот. Проверете дали сечилото е цврсто прикачено/навртено.

Ставете ги сostoјките во малиот сад (6). Тежината на сostoјките за суво мелење не треба
да надмине 120 г. Прикачете го сечилото за суво мелење (7) така што їе го навртите на садот. Проверете дали сечилото е цврсто прикачено/навртено.

Ставете го садот со сечилото на моторот.
На самиот дел во кој е моторот има сигурносен прекинувач. Доколку садот не е правилно наместен на моторот, апаратот нема да работи.
Приключете го апаратот на струја.

Притиснете го копчето ВКЛУЧИ/ИСКЛУЧИ (START / STOP). Белата сијаличка над прекинувачот почнува да трепка. Апаратот е подготвен за употреба.
Исклучете ја ротацијата со притискање на копчето ВКЛУЧИ/ИСКЛУЧИ.
Кога ќе го притиснете копчето ПУЛС (PULSE), сијаличката над прекинувачот се пали и апаратот почнува да работи со голема брзина околу 2 секунди.
Кога мешате Costaјки со течност, максимальното време на непрекинато на работење е 1 минута. По една минута, исключете го апаратот и почекајте 1 минута да се олади. Такви едноминутни циклуси може да се повторуваат три пати по ред. Потоа, почекајте околу 3 минути апаратот да се олади.
Во случај на суво мелење (без додавање течност), максимальното време на непрекинато работење е 30 секунди. По триесет секунди, исключете го апаратот и почекајте 5 минути, за апаратот да се олади.
По употребата, исключете го апаратот и извлечете го струјниот кабел од штекерот.
Со апаратот ракувајте исклучиво со суви раце.
Совети:
Доколку во садот има премногу состојки, а не сте додале довольно течности, смесата може да биде премногу густа. Во таков случај, состојките на врвот на садот не може да потонат до сечилата на дното. Во таков случај, извадете го садот со прицврстеното сечило од моторот и протресете го темелно. Потоа, вратете го садот со сечилото на моторот.
Чистење:
Не чистете го апаратот со сунгери со жици, со каустични или корозивни средства за чистење или со агресивни течности, како алкохол, бензин или ацетон.
Апаратот полесно се чисти веднаш по употребата.
Расклопете го апаратот следејки ги чекорите за склопување на истиот во обратен редослед.
Не потопувајте го делот со моторот во вода и не плакнете го под чешма. Кога го чистите, користете само влажна крпа.
Сечилата не може да се мијат во машина за садови. За нивно чистење, користете топла вода и прашок. Не отстранувајте ги дихтунзите кога го чистите апаратот. Тоа може да доведе до оштетување и истекување на течности од одредени места.
Садовите може да се мијат во горната корпа на машината за садови, на пониски температури (пониски од 80 °C).
Не чистете го апаратот со метални средства за чистење, зашто тие може да го оштетат.
Животна средина:
По истекот на корисниот век на апаратот, не фрлајте го заедно со обичниот отпад од домакинството. Однесете го во овластен центар за рециклирање. Со тоа ќе помогнете во зачувувањето на животната средина.
Гаранција и сервис:
За повеće информации или во случај на проблеми, ве молиме посетете ја веб страната на Горење на www.gorenje.com или контактирајте го овластениот сервис на Горење во вашата земја (телефонските броеви се наведени на Меѓународната гаранција). Доколку во вашата земја не постои таков центар, ве молиме контактирајте го локалниот дистрибутер на Горење или Службата за мали и иновативни апарати за домаćинство на Горење.
Го задржуваме правото на измени