TGR 30-120 SM -UNI - Chauffe-eau instantané et chauffe-eau GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот TGR 30-120 SM -UNI GORENJE во PDF формат.
| Вид на производ | Електричен бојлер (акумулационен) |
| Бренд | Горење |
| Модел | TGR 30-120 SM-UNI (опсег: 30, 50, 80, 100, 120 L) |
| Волумен | 80 L (пример, варира според моделот) |
| Номинален притисок | 0,6 MPa (6 bar) |
| Тежина (празен / полн) | 30 kg / 110 kg (за модел од 80 L) |
| Моќност на грејниот елемент | 2000 W |
| Напон на приклучок | 230 V~ |
| Класа на заштита | I |
| Степен на заштита | IP24 |
| Време на загревање до 75°C (од 15°C) | 3 ч 05 мин (за 80 L) |
| Мешана вода на 40°C | 145 L (за 80 L) |
| Потрошувачка на енергија во мирување | 1,85 kWh/24h (на 65°C, амбиентна 20°C) |
| Антикорозивна заштита | Емајлиран резервоар + магнезиум анода |
| Контрола | Електронски регулатор со вртежна копче |
| Режими на работа | Рачно поставување температура (35°C до 75°C), ECO режим (55°C), ECO^S интелигентен режим (40-75°C врз основа на навики), заштита од замрзнување (10°C) |
| Функција против легионела | Автоматско загревање до 62°C за 15 min по 30 дена под 62°C |
| Приказ на грешка | Шаблони на трепкање на црвена и зелена LED |
| Инсталација | Вертикално монтирање на ѕид, затворен (притисок) или отворен (гравитација) систем |
| Сигурносен вентил | Потребен на влезот, периодично рачно тестирање |
| Одржување | Инспекција на Mg анода на секои 2 години од овластен сервис; отстранување на камен ако е потребно |
| Димензии (В x Ш x Д, пример 80L) | 783 x 565 x 190 mm (приближно, видете го прирачникот) |
Frequently Asked Questions - TGR 30-120 SM -UNI GORENJE
Прашања на корисниците за TGR 30-120 SM -UNI GORENJE
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Chauffe-eau instantané et chauffe-eau во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник TGR 30-120 SM -UNI - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. TGR 30-120 SM -UNI на марката GORENJE.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК TGR 30-120 SM -UNI GORENJE
ПРИКЛЬУЧИВАЊЕ НА ВОДОВОД
ПРИКЉУЧИВАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНУ МРЕЖУ
УПОТРЕБА И ОДРЖАВАЊЕ
Почитуван купувач, ви благодариме за довербата што ни ја искажувате со купувањето на нашиот производ!
ВЕ МОЛИМЕ, ПРЕД ВГРАДУВАЊЕТО И ПРВАТА УПОТРЕБА НА ГРЕАЛКАТА ЗА ВОДА, ВНИМАТЕЛНО ПРОЧИТАЈТЕ ГИ НАШИТЕ УПАТСТВА.
Согласно со најновите насоки, за своите позахтевни купувачи развивме електричен греалка за вода TGR, опремена со интелигентен електронски регулатор што покрај подесувањето на температурата во греалката нуди и паметен начин на работење "ECO ^S ". Именно, врз основа на снимањето на вашите навики греалката според одреден временски период самата го подесува оптималниот начин на работењето што овозможува минимална потрошувачка на електричната енергија што е потребна за задоволување на вашите потреби од топла вода.
Греалката е изработена согласно со важечките стандарди и уредно испробана, исто така за неа се издадени цертификат за безбедност и цертификат за електромагнетна компатибилност. Нејзините основни технички характеристики се наведени на табличката, што е залепена помеѓу прилучните цевки на апаратот. Приклучувањето на бојлерот на електричната или водоводната мрежа може да го изврши само оспособено стручно лице. Интервенирањето во неговата внатрешност поради поправки, отстранување на бигор или поради проверка или заменување на противкорозијска заштитна анода, може да ги врши само овластена сервисна служба.
ВГРАДУВАЊЕ
Греалката вградете ја што поблиску до изливното место. Доколку греалката ја вградите во просторот кадешто се наоға кадата за бањање или туширање, треба задолжително да се почитуваат барањата на стандартдот IEC 60364-7-701 (VDE 0100, Teil 701). Гралката прицврстете ја на sidот со две завртки за sidови, со номинален пречник од најмалку 8 мм. Сидовите и таваните со мала носилност треба на местото каде што ѕе ја прикачите греалката соодветно да ги зајакнете. Греалките прицврстувајте ги на sidот само вертикално. Поради полесната контрола и менувањето на магнесиум анодата ви препорачуваме помеѓу врвот на греачот и таванот да оставите довольно слободно место (гледај ја измерата Г на шемата на приклучни измери). Во спротивен случај ѕе треба при спомнатиот сервисен зафат греачот да се демонтира од таванот.
1) Време на загревање на целокупната зафатнина на греалката со електричниот грејач при влезната температура на студена вода од водовод до 15 °C.
2) Енергиските загуби при одржувањето на постојаната температура во греалката на 65 °C и при температурата на околината од 20 °C, мерени според ЕН 60379.
| A B C G | ||||
| TGR 30 SM 4 | 76 275 | 173 | 80 | |
| TGR 50 SM 5 | 78 365 | 185 | 130 | |
| TGR 80 SM 7 | 83 565 | 190 | 180 | |
| TGR 100 SM | 943 715 2 | 00 | 260 | |
| TGR 120 SM | 1098 | 865 | 205 | 260 |
Прикључни и монтажни димензии на греалката [мм]


ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ВОДОВОДНА МРЕЖА
Доведувањето и одведувањето на водата се означени со боја. Доведувањето на ладната вода е означено со сина боја, а одведувањето на топлата вода со црвена боја.
Бојлерот можете да го приключите на водоводната мрежа на два начина. Затворениот систем на приклучување (под притисок) ви омозможува одземање на вода на повеće места. Отворениот систем на приклучување (проточен) ви дозволува само едно одземно место. Со оглед на одберениот систем на приклучување треба да вградите соодветна батерија за мешање.
Отворениот (проточен) систем на приклучување бара вградување на неповратен вентил кој го спречува истекувањето на водата од котелот, во случај на редукција на вода. Поради зголемувањето на водата при греењето се зголемува волуменот, што предизвикува појава на капкање вода на одливната цевка на мешалната батерија. Силното затегнување на вентилот на мешалната батерија нема да ја спречи појавата на капкање вода, но може да предизвика расипување на мешалната батерија.
Затворениот систем на приклучување на одземните места бара вградување на мешална батерија за работа под притисок. На доводната цевка поради безбедност на работењето задолжително треба да се вгради сигурносен вентил или сигурносна група, која спречува зголемување на притисокот во котелот за повеće од 0,1 МРа (1 бар) над номиналниот. Одводниот отвор на безбедносниот вентил треба задолжително да има излез за атмосферскиот притисок.
Поради зголемувањето на водата при греењето, во котелот се зголемува притисокот до границата што ја дозволува сигурносниот вентил. Бидејći враćањето на водата назад во водоводната мрежа е спречено, може да дојде до појава на капкање вода од одводниот отвор на сигурносниот вентил. Капките вода можете да ги спроведете во одводот со помош на посебна инка која Ѽе ја наместите под сигурносниот вентил. Одводната цевка наместена под испустот на сигурносниот вентил мора да биде наместена во насока право надолу и во местото каде што не замрзува.
Доколку веке поставената инсталација не овозможува водата што капи од повратниот безбедносен вентил да ја спроведете во одводот, капкањето можете да
го избегнете ако кај доводната цевка на греалката вградите експанзиски сад со волумен од 3 л.
За правилно работење на безбедносниот вентил треба самите периодично да вршите контроли, да го чистите бигорот и да се проверува евентуелната блокада на безбедносниот вентил. При проверката треба со поместување на рачката или со одвртување на бурмата на вентилот (зависно од видот на вентилот) да го отворите истекувањето од повратниот безбедносен вентил. При тоа, низ млазницата на вентилот за истекување треба да протече вода, што е знак дека вентилот е беспрекорен.

Затворен систем (со притисок)

flowchart
graph TD
A["Container Tank"] --> B["T Valve"]
A --> C["H Valve"]
B --> D["Directional Flow Indicator"]
C --> D
D --> E["Return Line"]
style A fill:#f9f,stroke:#333
style B fill:#ccf,stroke:#333
style C fill:#ccf,stroke:#333
style D fill:#cfc,stroke:#333
style E fill:#fcc,stroke:#333
Отворен систем (прелевен)
Легенда:
1 - Сигурносен вентил
2 - Пробен вентил
3 - Неповратен вентил
4 - Редуционен вентил за притисок
5 - Затворен вентил
6 - Пробна наставка
7 - Одливник со приклучок на одвод
8 - Експанзиски сад
Н - Ладна вода
T - Топла вода
Помеѓу греалката и повратниот сигурносен вентил не смеете да вградите затворен вентил бидејки со тоа ќе го оневозможите работењето на повратниот сигурносен вентил.
Греалката можете да ја приключите на куćната водоводна мрежа без редукциски вентил доколку притисокот во мрежата е понизок од номинаниот притисок. Доколку притисокот во мрежата го надминува номиналниот притисок, треба задолжително да вградите редукциски вентил.
Пред прилучувањето на електрична мрежа греалката треба најпрвин да ја наполните со вода. Кај првото полнење отворете ја рачката за топла вода на батеријата за мешање. Греалката е наполнета кога водата протечува низ изливната цевка на мешалната батерија.
ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА МРЕЖА
Пред приклучувањето во електричната мрежа треба во греачот да се вгради врвка за приклучување, со минимален пречник од 1,5 мм ^2 (H05VV-F 3G 1,5 мм ^2 ). Затоа треба да го извадите пластичниот заштитен капак.

Приклучувањето на греалката на електричната мрежа треба да се врши согласно со стандардите за електричната мрежа. Помеѓу греачот на водата и трајната инсталација треба да биде вградена справа за одделување на сите полови од електричната мрежа согласно со националните прописи за инсталација. При првото приклучување или секое ново приклучување на напонот за полнење, двете сијалички на
челните плочи се запалуваат за 2 секунди.
Легенда:
1 - Приклучна спојка
2 - Електронски регулатор и
двополен топлински осигурувач
3 - Грејач
L - Фазен спроводник
N - Неутрален спроводник
1- - Заштитен спроводник

Шема на електрично поврзување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: пред секое навлегување во нејзината внатрешност треба греалката задолжително да ја исключите од електричната мрежа.
УПОТРЕБА И ОДРЖУВАНЬЕ
После прилучувањето на водоводната и електричната мрежа, греалката е подготовена за употреба. Греалката е опремена со електронски регулатор што овозможува подесување на температурата на водата, приспособување на работењето на греачот со оглед на вашите навики (програмата "ECO ^S ") и дијагностика на грешките.
УПРАВУВАЊЕ
Греалката на вода се управува со помош на копче, осносно со вртење на истото на саканото ниво.

Вклучување/исклучување на греалката
- За вклучување на греалката треба да се заврти копчето во насоката на движењето на казалката на саатот до саканото температурно ниво.
- За исклучување на греалката треба копчето да се намести на позицијата "0" (доколку на греалката Ѽе и го прекинете полнењето, Ѽе треба во случај на опасност од замрзнување на водата, истата да ја источите).
Подесување на температурата
- Со вртењето на копчето во насоката на движењето на казалката на саатот го подесуваме саканото температурно ниво.
ECO
S

- Температура зависна од снимените потреби на корисникот.
- Заштита против замрзнување, температура приближно 10 °C.
- Температура на водата приближно 35 °C.
- Температура на водата приближно 55 °C.
- Температура на водата приближно 75 °C.
Работење на греалката во "ECO ^S " начинот на работење
Овој начин на работење е соодветен пред сё во случај кога имате релативно постојани навики што се однесуваат на трошењето на топлата вода (пример: туширање секој ден приближно во исто време). За време на снимањето електрониката ги запаметува вашите навики кои потоа се земаат предвид при загревањето вода. Работењето во "ECO ^S " начинот ја намалува потрошувачката на електричната енергија.
- "ECO ^S " начинот на работењето на греалката го включувате со вртењето на копчето за управување во насока спротивна од движењето на казалките на саатот. Истовремено почнуват да горат црвена и зелена сијаличка. Црвената го сигнализира работењето на греалката, а зелената работењето во "ECO ^S " начинот.
- "ECO ^S " функцијата се базира на циклус од 7 дена. После вклучувањето на оваа функција првата недела се одржува температурата на водата во греачот на 75 °C и електрониката ги снима пуштањата во наредните 7 дена по ред и врз основа на мерењето ΔT го констатира количеството на потрошената топла вода. После истекувањето на снимањето од 7 дена, снимениот режим почнува автоматски да се реализира и греалката го потготвува количеството на топлата вода врз основа на потрошената топла вода од претходната недела. Покрај реализацијата на снимениот режим, истиот истовремено и се снима. Во случај режимот временски или волуменски да се разликува од режимот снимен претходната недела, следната недела се реализира наново снимениот режим.
- Температура на водата во "ECO ^S " начинот се движи помеѓу 40°C и 75°C. Кога не се троши очекуваното потрошување (stand by temperatura), тогаш температурата на водата изнесува 40°C.
- Доколку за време на снимањето дојде до прекин на електрична енергија или до исклучување на греачот, снимката не важи.
- Излез од "ECO ^S ," начинот може да се изврши со вртење на копчето за управување на која било друга позиција.
Функцијата е подесена фабрички. После прилучувањето на електричната мрежа или после излезот од грешката, функцијата за антилегионела се вклучува после три дена.
Кога греачот е включен и температурата на водата во греачот е повисока од 62 °C без прекин 15 мин, одбројувањето завршува. Веднаш штом температурата пага под 62 °C, повторно започнува одбројувањето од 30 дена. Доколку греалката во рок од 30 дена не ја постигне температурата од 62 °C, тогаш се вклучува функцјата за антилегионела и греачот ја загрева водата на 62 °C за 15 минути.
Доколку греалката не е включена или не е приклучена на електричната мрежа и притоа изминува периодот од 30 дена, функцијата на антилегионела не се вклучува додека не се вклучува греалката.
Доколку функцијата на антилегионела е во тек, а корисникот ја исклучува греалката, функцијата се прекинува и повторно започнува со одбројувањето на 30-те денови.
Доколку корисникот ја намали подесената температура за време на вршењето на функцијата на антилегионела, функцијата се прекинува и повторно започнува со одбројувањето на 30-те денови.
Индикација на грешки
Во случај на грешки или предупредувања на греалката, со треперење на црвената и зелената сијаличка почнува да се сигнализира грешката според напишаното во долната табела.
| СТАТУС | ЦРВЕНАсијаличка | ЗЕЛЕНАсијаличка |
| Нормално работење | ||
| Греачот е исклучен / / | ||
| Греачот е включен, нема грешка, греачотне работи | / / | |
| Греачот е включен, нема грешка, греачотработи | СВЕТИ | / |
| Работење во режимот "ECO ^S " | ||
| Греачот е включен, нема грешка, греачотне работи | / | СВЕТИ |
| Греачот е включен, нема грешка, греачотработи | СВЕТИ СВЕТИ | |
| ГРЕШКИ (Повикајте сервисна служба) | ||
| Греачот е включен, грешка на темп.сензор (сензор 1 или сензор 2 со куспрекин или во отворено струјно коло,грешка во разликата на темп.) | ТРЕПЕРИ ТРЕПЕРИ | |
| Греачот е включен, предупредување нагреачот | ТРЕПЕРИ ТРЕПЕРИ | |
Доколку не планирате греалката да ја користите подолго време и ја ислучувате или доколку ја ислучувате од електричната мрежа, треба при опасност од замрзнување, водата од греалката да ја истоите! Водата од греалката се источува со помош на доточната цевка на греалката. Во та намена препорачливо е при вградувањето помеѓу безбедносниот вентил и доводната цевка на греачот да се намести посебен фитинг (Т-член) или вентил за пуштање. Греалката можете да ја испразните и непосредно низ безбедносниот вентил со поместување на рачката, односно вртливото мало капаче на вентилот во положба како при проверувањето на работењето.
Пред испразнувањето треба греалката да се исклучи од електричната мрежа и потоа да се отвори рачката за топла вода на приключената батерија за мешање. После празнењето на водата низ доводната цевка во греалката останува помало количество на вода што истечува при потргнувањето на прирабницата за гreeње низ отворот на прирабницата за гreeње.
Надворешноста на бојлерот чистете ја со неагресивен раствор на прашок за перење. Не употребувајте разредувачи или груби средства за чистење. Со редовни сервисни прегледи можете на бојлерот да му осигурате долг животен век и усовршено работење. Гаранцијата против рғосување на котелот е важечка само доколку сте ги вршеле пропишаните редовни прегледи за потрошеноста на заштитните аноди. Периодот помеѓу два редовни прегледи не смее да биде подолг од 36 месеци. Прегледите треба да ги изведе овластен сервисер, којшто секој преглед će ви го
забележи во гаранцискиот картон на производот. Потребно е да се провери истрошеноста на противкорозивната заштитна анода и по потреба да се очисти бигорот кој се собира во внатрешноста на бојлерот.
Истовремено сервисната служба, според согледаната состојба, їе ви го препорача датумот за следната контрола.
Ве молиме, евентуелните оштети на греалката да не ги поправате сами туку за тоа да го известите најблискиот овластен сервис.