Hi-Move VI HVC646630A - Прашка HISENSE - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот Hi-Move VI HVC646630A HISENSE во PDF формат.
Прашања на корисниците за Hi-Move VI HVC646630A HISENSE
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Прашка во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник Hi-Move VI HVC646630A - HISENSE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. Hi-Move VI HVC646630A на марката HISENSE.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК Hi-Move VI HVC646630A HISENSE
MK Упатства за употреба ....17
BG Инструкции за употреба 41
Важни предупредувања
При употреба на правосмукалката треба секогаш да ги почитувате следните совети: Детално прочитајте ги овие упатства и употребувајте го апаратот во согласност со нив. // Пред да го користите апаратот за прв пат, отстранете ги сите заштитна фолија или пластика. // Никогаш не оставајте ја правосмукалката без надзор при употреба. // Пред употреба на апаратот, внимателно склопете ги сите негови делови. // Користете го апаратот само во затворени и суви простории. // Користете го апаратот ислучиво со деловите препорачани од производителот. // Не употребувајте го апаратот доколку е испуштен на земја, доколку е оштетен, доколку сте го чувале надвор или доколку ви паднал на земја или сте го потопиле во вода. // Редовно чистење може да го продолжи работниот век на апаратот. // Внимавајте косата, лабавите делови од облеката, прстите или други делови од телото да не дојдат во контакт со отворите за проток на воздух или со подвижните делови на апаратот. // Апаратот е во согласност со сите потребни стандарди во врска со електрична струја и за радио интерференции. // Апаратот не е наменет за употреба од деца или лица со нарушени физички или психолошки способности. Овој апарат може да го користат деца на возраст од 8 години и повеće, како и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности или лица без искусство или знаење, доколку истите се под надзор во текот на користењето на апаратот или доколку им се дадени соодветни упатства во врска со користење на истиот на безбеден начин и доколку ги разбираат опасностите. Децата треба да бидат под надзор додека го користат апаратот и не им дозволувајте да си играат со него. // Децата не треба да чистат или да го одржуваат апаратот, освен доколку не се постари од 8 години и тоа го прават под надзор. // По употреба исключете го апаратот.
Опасност
Не потопувајте го главниот дел/апарат или основата за полнење во вода или било која течност и не ги плакнете под млаз вода.
Посебни предупредувања
Пред приклучување на апарат или основата за полнење со кабелот за напојување, проверете дали наведениот напон одговара на напонот на струјната мрежа во вашиот дом. // Не користете оштетена правосмукалка или основа за полнење (или адаптер – во зависност од моделот на правосмукалката). // Доколку струјниот кабел (или адаптер) е оштетен, заменете го ислучиво со оригинал резервни делови со цел да избегнете опасност. // Трансформатор е вграден во адаптерот. Отстранување или замена на адаптерот со друг не е дозволено, бидејći тоа може да доведе до опасна ситуација. // Полнете ја правосмукалката ислучиво со испорачаниот адаптер или основа за полнење. Адаптерот може да се загрее додека се полни. Ова е нормална појава. (Во зависност од вашиот модел, доколку има адаптер.) // Исклучете го апаратот додека се полни. // Никогаш не ја користете правосмукалката без наместени филтри или филтер делови. // Отворите за издувни гасови не треба да бидат блокирани за време на чистење со правосмукалка. // Користете го апаратот исклучиво за домаćинство и затворени простории. // Чувајте ги отворите за смукање чисти и слободни за да обезбедите оптимална и непречена моќ на смукање на апаратот. Препорачуваме
редовно чистење на отворените делови на цревото за смукање и отстранување на прашина, влакна или друго нешто што може да го блокира протокот на воздух. // Пред чистење на држачот или основата за полнење, исключете го од штекер. // Никогаш не користете ја правосмукалката за чистење на пепел или земја, отпушоци, кибрити, течности (пр. вода, пена за чистење на теписи), или остри и шилести предмети (кршено стакло итн.) // Чувајте ја цевката за смукање или отворениот дел на апаратот подалеку од лицето и телото. // Никогаш не користете го апаратот за чистење на градежен материјал (како што е ситен песок, вар, цементен прав, прашина од тонер итн.). Ова може да го оштети апаратот.
Проблеми и решенија
| Проблем | Можна причина | Решение |
| Правосмукалката не работи | Батеријата е празна. Рачната правосмукалка не е правилно приключена. | Наполнете ја батеријата. Правилно включете ја рачната правосмукалката во струја. |
| Намалена моќ на вшмукување. | Садот за прав е полн. Филтерот е закукан. Закукана цевка за довод на воздух или закукан цилиндар на електричната четка. | Отстранете ја прашината. Исчистете го или заменете го филтерот. Исчистете ја електричната четка. |
| Правосмукалката не може да се наполни | Полначот не е приключен на штекер. Утикачот на полночат не е приключен во штекерот на држачот на трупот. Рачната правосмукалка не е включена на трупот. | Приклучете го полночат во штекер. Приклучете го полночат во држачот на трупот. Включете ја правосмукалката во струја. |
| По полнење апаратот работи многу кратко време. | Апаратот не е наполнет довольно. Батеријата е стара. | Полнете ја батеријата во согласност со упатствата. Сменете ја батеријата. |
Околина

По завршување на животниот век не фрлајте го апаратот со обичните домаїнски отпадоци, туку оставете го во официјалното збирно место за рециклирање. Така їе придонесете кон зачувување на околината.
Оваа опрема е обележана согласно европската насока 2012/19/EU за отпадна електрична и електронска опрема (waste electrical and electronic equipment - WEEE). Насоката ги определува барањата за собирање и постапување со отпадната електрична и електронска опрема, кои важат во целата Европска унија.
Гаранција и сервис
За информации или во случај на проблеми обратете се во центарот на Hisense за помош на корисници во Вашата држава (телефонскиот број їе го најдете на меѓународниот гаранциски лист). Доколку во Вашата држава нема таков центар, обратете се на локалниот продавач на Hisense или одделот на Hisense за мали апарати за домакинство.
Напомена: Гаранцијата на батеријата на правосмукалката важи 12 месеци.
Само за лична употреба!
За полесен транспорт, некои делови од апаратот се пакуваат посебно и безбедно се ставаат во главната единица за пакување. // Пред првата употреба, прочитајте ги и следете ги упатствата за склопување и безбедна употреба. // Апаратот е наменет за суво смукање во домашна средина.

ДЕЛОВИ
1 Кукиште со моторот, батеријата и садот за прашина
2 Црево за вшмукување
3 Моторизирана четка за под
4 Млазница 2-во-1
5 Подолга тесна млазница
6 Sиден држач
7 Адаптер

МОНТАЖА
Вметнете ја батеријата во кујиштето на моторот. //Поврзете го горниот дел од цревото со моторната единица и долниот дел со четката за подот. Инсталирањето е правилно кога апаратот е цврсто фиксиран до жлебовите (се слуша благ „клик“, без разлика која поставка ја користите).
Во комплетот има станица за полнење, на која можете да поставите две помали млазници. Следете ги приложените сливовни упатства за инсталација. //Држете ја станицата за полнење најмалку 1 m подалеку од грејни тела. // Поради својата форма, апаратот не стои самостојно.

КОРИСТЕЊЕ
Четките и млазници одговараат и на цревото и на моторната единица. // Со притискање на копчето на четките и млазниците, можете слободно да се префрлате меѓу нив, бидејки се наменети за различни намени. Тие се правилно поставени кога їе слушнете краток клик.
- Четката за подот се користи за смукање на сите подни површини (смукање на суви подни површини). Не обидувајте се да вакуумирате теписи со високи влакна бидејки тие може да се заплеткаат во четките со валјак и да ја оштетат правосмукалката.
- Тесната млазница е наменета за вакуумирање на потесни и потешко достапни делови (агли, софи, пајажини, места зад радијаторите...).
- Млазница со четка (за рамки, фиоки...). Извлечете ја млазницата со четка од додатокот и свртете ја наоколу.

ПОЛНЕЊЕ
Полнете ја правосмукалката најмалку 1 m подалеку од грејните површини. // Апаратот не може да се вклучи додека се полни.
Адаптерот со кабелот за полнење на правосмукалката е включен во испораката. // Со притискање на копчето на батеријата на правосмукалката, можете безбедно да ја извадите батеријата, која исто така може да се полни одделно од правосмукалката. // За време на полнењето, процентот на батеријата ће се појави на екранот.

РАКУВАЊЕ
Екранот прикажува различни функции:
- Апаратот има дигитален дисплеј за полнење на батеријата. Дигитално го прикажува полнењето на батеријата за време на употреба или полнење.
- Симболот на пречкртаниот валјак се вклучува ако стран предмет се заглави во четката. Кога овој символ е включен, отстранете го странскиот предмет.
- Кога ја избирате јачината, екранот ви покажува колку време ви преостанува за правосмукалка пред да се потроши батеријата. // Можете да изберете помећу две различни брзини: MAX (до 10 мин), AUTO (до 50 мин).
- Копче за вклучување/исклучување.

ИСФРЛАЊЕ НА АПАРАТОТ
Доколку сакате да го замените апаратот или повеće не ви треба, треба да размислите и за заштита на животната средина. Батеријата мора да се отстрани пред да ја фрлите правосмукалката. // За безбедно отстранување на батеријата, проверете дали батеријата е целосно испразнета. Ако апаратот нема батерија што се вади, следете ги упатствата дадени во брошурата.

Извадете го цревото од моторната единица. // За да го исчистите садот за прав, притиснете го копчето од страната на садот. // Долниот дел од садот за прав ќе се отвори. Ова овозможува да се отстрани правот од садот. // Кога го вадите садот од моторната единица, внимавајте да не испадне и да не го оштетите. // Притиснете на предната страна на садот. // Навалете го и подигнете го садот за прав како што е прикажано на сликата. //Извадете ги филтерот и навлаката на филтерот од садот и испразнете ги. // Садот, навлаката и филтерот може да се избришат, протресат или измијат со млака вода. Бидете внимателни, бидејки неправилната употреба може да оштети делови од правосмукалката. // Уверете се дека сите делови се целосно суви пред повторно да го монтирате садот на апаратот. // За да ги инсталирате внатрешните делови на садот, правилно склопете ја правосмукалката. // Никогаш не чистете без вметнат филтер за прав.
2 Замена на филтерот
Ако забележите дека филтерот е оштетен, веднаш заменете го. Со редовна употреба, препорачуваме замена на филтерот на секои 6 месеци за да се обезбеди најдолг животен век на правосмукалката.
ЧЕТКА ЗА ПОД
Притиснете го копчето од страната на четката за да ја ослободите иглата на четката, извадете ја четката од куќиштето и избришете ја долната страна на куќиштето со крпа. Исчистете го цревото за вшмукување на четката. Протресете го валјакот на четката и внимателно отсечете го насобраниот отпад и влакната на четката со ножичка. Не влечете заглавени влакна или отпадот за да не ја оштетите четката. Кога го заменувате валјакот, повлечете го пластичниот дел што е прикачен на валјакот и поставете нов валјак. // Монтирајте го валјакот назад во четката. // Валјакот е правилно поставен кога ље се слушне мало кликнување и страничната игла е безбедно прикачена на куќиштето на четката.
INSTRUCTION MANUAL EN
General precautions
Само за лична употреба!