AC3360 - Пречистувач на воздух PHILIPS - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот AC3360 PHILIPS во PDF формат.
Прашања на корисниците за AC3360 PHILIPS
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Пречистувач на воздух во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник AC3360 - PHILIPS и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. AC3360 на марката PHILIPS.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК AC3360 PHILIPS
Поедноставена декларација за усогласеност на ЕУ ......299
2 Вашиот пречистувач на воздух за домашни
миленици 300
Преглед на производот 300
3 Подготовка за користење 301
Поставување на филтерот 301
Објаснување за индикаторот за Wi-Fi 302
Wi-Fi-врска 303
4 Користење на пречистувач на воздух за домашни
миленици 304
Објаснување за бојата на светлото за квалитет на воздухот ....304
Вклучување и исклучување 305
Режим за подобрување на собирањето влакна од животни .....306
Поставување заклучување за домашни миленици ....306
Користење на функцијата за светло 307
5 Чистење и одржување ....307
Распоред на чистење 308
Исчистете го ку́киштето на пречистувачот на воздух .....308
Чистење на сензорот за РМ2,5 и гас 308
Чистење на филтрите 309
Замена на филтерот 311
6 Складирање 313
8 Гаранција и поддршка 317
Нарачување делови или додатоци 317
Безбедност
Внимателно прочитајте го ова упатство за користење пред да го користите апаратот и зачувајте го за идни потреби.
Опасност
- Не дозволувајте течен или запалив детергент да навлезе во апаратот, за да избегнете електричен удар и/или опасност од пожар.
- Немојте да прскате со запаливи материјали како што се инсектициди или парфеми околу апаратот.
Предупредување
- Пред да го включите апаратот, проверете дали напонот наведен на апаратот одговара на напонот на локалната електрична мрежа.
- Во случај на оштетување, кабелот за напојување треба да го замени компанијата Philips, сервисен центар овластен од Philips или лица со соодветни квалификации за да се избегне опасност.
- Немојте да го користите апаратот ако е оштетен приклучокот, кабелот за напојување или самиот апарат.
- Овој апарат може да го користат деца постари од 8 години под надзор. Овој апарат може да го користат лица со ограничени физички, сензорни или ментални способности или лица со недостаток на искусство и знаење, под услов да се под надзор или да добиле упатства за безбедно користење на апаратот и да ги разбираат можните опасности.
• Децата не смеат да си играат со апаратот.
• Децата не смеат да го чистат или да го одржуваат апаратот без надзор. - Немојте да го блокирате отворот за влез и излез на воздух, на пр. со поставување предмети на отворот за излез на воздух или пред отворот за влез на воздух.
- Внимавајте да не паднат надворешни предмети во апаратот преку отворот за излез на воздух.
- Немојте да ги ставате прстите или опашката на домашното милениче во отворот на пречистувачот или во отворот за влез/излез на воздух.
- Немојте да го тресете пречистувачот кога работи заштитата.
- Проверете дали заштитата е поставена во соодветната положба пред да го включите пречистувачот.
- Не ставајте ги прстите во заштитата за да се заштитите од заглавување или повреда.
- Стандарден интерфејс за Wi-Fi врз основа на 802.11b/g/n/ax со 2,4 GHz и максимальна излезна моćност од 72 mW EIRP.
- Bluetooth верзија 5.2 (LE) со фреквенција од 2,4 GHz и излезна RF-мокност помала од 10 mW EIRP.
Внимание
- Овој апарат не го заменува соодветното проветрување, редовното чистење со правосмукалка или користењето кујнски аспиратор или вентилатор при готвењето.
- Секогаш поставувајте и користете го апаратот на сува, стабилна, рамна и хоризонтална површина.
- Оставете најмалку 30 см слободен простор околу апаратот и најмалку 30 см слободен простор над апаратот.
- Немојте да седите или да стоите врз апаратот. Не ставајте ништо врз апаратот.
- Не поставувајте го апаратот директно под климатизер за да спречите капење вода врз апаратот поради кондензацијата.
-
Проверете дали сите филтри се правилно поставени пред да го включите апаратот.
-
Користете само оригинални филтри од Philips што се специјално наменети за овој апарат. Немојте да користите други филтри.
- Согорувањето на филтерот може да предизвика непоправлива опасност за лугето и/или да загрози други животи. Не користете го филтерот како гориво или за слична намена.
- Избегнувајте да го удирате апаратот (особено отворот за влез и излез на воздух) со тврди предмети.
- Немојте да ставате прсти или предмети во отворот за излез или влез на воздух за да спречите повреди или дефект на апаратот.
- Немојте да го користите апаратот ако сте користеле димни средства против инсекти за внатрешна употреба или на места каде што има остатоци од масло, запален темјан или испарување на хемикалии.
- Немојте да го користите апаратот во близина на плински апарати, уреди за греење или камини.
- Секогаш ислучувајте го апаратот од штекер кога сакате да го преместите и исчистите и кога сакате да го замените филтерот или да извршите одржување.
• Апаратот е наменет само за употреба во домакинства во нормални услови на работа. - Немојте да го користите апаратот во влажни опкружувања или во опкружувања со висока амбиентална температура како, на пример, во бања, тоалет или кујна.
- Уредот не отстранува јаглероден моносид (CO) или радон (Rn). Тој не може да се користи како безбедносен уред во случај на несреći со процеси на согорување и опасни хемикалии.
Електромагнетни полиња (EMF)
Овој апарат е усогласен со важечките стандарди и прописи што се однесуват на изложеноста на електромагнетни полиња.
Рециклирање
Овој символ означува дека производот не смее да се фрла со обичниот отпад од домакинствата (2012/19/EU).
Придржувајте се до законите во вашата земја за одделно собирање на електричните и електронските производи. Правилното фрлање помага во спречувањето на негативните последици по животната средина и човековото здравје.

Поедноставена декларација за усогласеност на ЕУ
Во овој документ, компанијата DAP B.V. изјавува дека радиоопремата од типот АС3360 е усогласена со Директивата 2014/53/EU. Целосниот текст на декларацијата за усогласеност на ЕУ е достапен на следната интернет-адреса: www.philips.com.
2 Вашиот пречистувач на воздух за домашни миленици
Ви честитаме за купувањето и добре дојдовте во Philips!
За да ја искористите целосната поддршка што ја нуди Philips, регистрирајте го вашиот производ на www.philips.com/welcome.
Преглед на производот

text_image
A I B C D E H G F PHILIPS| A Контролна табла F Заштита | ||
| B Сензор за PM2,5 и гас G | Заштитна обвивка на кабелот за напојување | |
| C Вграден НЕРА-фильтер и филтер со активен јаглен (FY3110) | H Светлосна лента | |
| D Претфильтер I Отвор за излез на воздух | ||
| E Преден капак |
![]() | Вклучување/исклучување на напојувањето | Копче за промена на режим | |
| [60KZ] | Режим за подобрување на собирањето влакна од животни | Копче за промена на светлото | |
| Копче за заклучување за домашни миленици | Копче/индикатор за поврзување/ресетирање на Wi-Fi | ||
| Копче за ресетирање по замена на филтерот |
3 Подготовка за користење
Поставување на филтерот
Отстранете ја целата амбалажа од филтерот пред првата употреба.
Забелешка: проверете дали пречистувачот на воздух е ислучен од штекер пред да го поставите филтерот.
1 Отворете го предниот капак.

2 Притиснете ги штипките на двете страни од претфилтерот за да го отстраните.

3 Отстранете го филтерот за пречистување од апаратот.

4 Отстранете ја целата амбалажа од филтерот за пречистување.

5 При враćање на вградениот НЕРА-филтер и филтерот со активен јаглен во апаратот, внимавајте филтерот со двете штипки да биде свртен нанадвор.

6 Вратете го претфилтерот во апаратот. Не заборавајте да го вметнете претфилтерот во левиот и десниот отвор на долната страна. Кога филтерот е правилно поставен, двете штипки на врвот од филтерот прават звук на „кликнување“.

7 Поставете го предниот капак.

Објаснување за индикаторот за Wi-Fi
| Икона за статус на Wi-Fi Статус на Wi-Fi-врската | |
| Трепка со портокалова боја Се поврзува со паметниот телефон | |
| Свети со портокалова боја Поврзан е со паметниот телефон | |
| Трепка со бела боја Се поврзува со серверот | |
| Постојано свети со бела боја Поврзан е со серверот | |
| Исклучено Функцијата за Wi-Fi е оневозможена |
Wi-Fi-врска
Прво поставување на Wi-Fi-врската
1 Преземете и инсталирајте ја апликацијата „Air+“ на Philips од App Store или Google Play.

text_image
PHILIPS Download on the App Store GOFFON Google Play2 Вметнете го приключокот на пречистувачот во штекер и притиснете на за да го включите пречистувачот.
→Индикаторот за Wi-Fi трепка со портокалова боја првиот пат.

3 Проверете дали паметниот телефон или таблетот е успешно поврзан со вашата Wi-Fi-мрежа.

text_image
2.4GHzЗабелешка:
- Овозможете ја функцијата Bluetooth на вашиот паметен телефон за да овозможите непречено впарување. - Проверете дали вашиот телефон е поврзан на Wi-Fi-мрежа од 2,4 GHz (домашна) наместо Wi-Fi-мрежа од 5 GHz или јавна Wi-Fi-мрежа. За успешно впарување, препорачуваме да ги исключите мобилните податоци пред да започнете со впарувањето.
4 Стартувајте ја апликацијата „Air+“ и кликнете на „Поврзи нов уред“ или притиснете го копчето „+“ на горниот дел од екранот. Следете ги упатствата на екранот за да го поврзете пречистувачот на воздух со вашата мрежа.

- Ова упатство важи само кога пречистувачот на воздухот се поставува за прв пат. Ако мрежата е променета или поставувањето треба повторно да се изврши, погледнете го поглавјето "Ресетирајте ja Wi-Fi-врската" на страница 305.
- Ако сакате да поврзете повеќе од еден пречистувач на воздух со вашиот паметен телефон или таблет, їе мора да ги поврзете еден по еден.
- Растојанието помеѓу паметниот телефон или таблетот и пречистувачот на воздух треба да е помало од 10 метри и не треба да има никакви пречки.
Ресетирајте ја Wi-Fi-врската
Забелешка:
- Ресетирајте ја Wi-Fi-врската кога вашата зададена мрежа е променета.
1 Вметнете го приключокот на пречистувачот во штекер и притиснете на за да го включите пречистувачот.

2 Притиснете на во траење од 3 секунди сё додека не слушнете звучен сигнал.

→Пречистувают преминува во режим на впарување.
→Индикаторот за Wi-Fi 📞 трепка портокалово.
3 Следете ги чекорите 3-4 во делот „Прво поставување на Wi-Fi-врската“.
4 Користење на пречистувач на воздух за домашни миленици
Објаснување за бојата на светлото за квалитет на воздухот
Светлосната лента автоматски се включува кога єе го включите пречистувачот на воздух за домашни миленици. По приближно 30 секунди, екранот прикажува боја на светло што соодветствува на квалитетот на амбиенталниот воздух.
PM2,5 и гас
Технологијата AeraSense прецизно ја открива и брзо реагира на дури и на најмалата промена на честички во воздухот. Таа ви нуди сигурност со повратни информации за PM2,5 во реално време. Повекето загадувачи на воздухот во затворен простор спаћаат во PM2,5 - што се однесува на загадувачки честички во воздухот помали од 2,5 микрометри. Вообичаени извори на ситни честички во затворен простор се чадот од тутун, готвењето и палењето свеќи. Некои бактерии што се пренесуваат преку воздухот и најмалите спори на мувла, алергените од домашни миленици и алергенските честички од грини исто така спаћаат во PM2,5. Со напреден сензор за гас, екранот со различни бои ја прикажува промената на нивото на PM2,5 и на потенцијално штетните гасови (вклучувајки VOC, непријатен мирис итн.).
| Ниво на РМ2,5 и гас | Ниво на квалитет на воздух |
| Сина Добро | |
| Сино-виолетова Средно | |
| Виолетово-црвена Ниско | |
| Црвена Многу ниско |
Вклучување и исклучување
Забелешка:
- За оптимални перформанси на пречистување, затворете ги вратите и прозорците.
- Спречете надворешни предмети (како завеси) да пагаат врз или да попречуваат на отворите за влез и излез на воздух.
1 Вметнете го приключокот на пречистувачот на воздух за домашни миленици во штекер.

2 Притиснете го копчето , включете го пречистувачот додека е включен светлосниот индикатор (!)
→Пречистувают испушта звучен сигнал. Светлосната лента се вклучува.

3 Повторно притиснете го копчето 35 да го исклучите пречистувачот.

Забелешка: ако пречистувачот на воздух остане приключен во штекер по ислучувањето, тој єе работи со претходните поставки кога повторно єе се вклучи.
Можете да го притиснете копчето за да го включите Автоматскиот режим, режимот на мирување или турбо режимот.
- Режим на мирување: кога е во Режим на мирување, апаратот ви обезбедува чист воздух речиси бесшумно. Кратко по активирањето на овој режим, светлата на екранот се затемнуваат и сите други светла на апаратот се исклучуваат. Оваа поставка е идеална за спалната соба кога е време за спиење.

• Автоматски режим: во Автоматскиот режим, апаратот ке работи автоматски. Врз основа на податоците од сензорот што го мери и следи квалитетот на воздухот во просторијата, уредот автоматски ја избира соодветната брзина на вентилаторот за повторно да обезбеди чист и здрав воздух.

- Турбо режим: кога апаратот е во Турбо режим, тој работи со најголема брзина за моќно и брзо чистење на воздухот.

Режим за подобрување на собирањето влакна од животни
Забелешка:
- Режимот за подобрување на собирањето влакна од животни е специјално наменет за отстранување лебдечки влакна од домашни миленици. Не е наменет за стандартно пречистување на воздухот.
Притиснете го копчето за да го активирате режимот за подобрување на собирањето влакна од животни. Во овој режим, апаратот će работи со најголема брзина 2 часа за да постигне максимальна ефикасност на вшмукување влакна од животни со релативно поголема работна бучава. По 2 часа работа, će се префрли во Автоматски режим. Ви препорачуваме да го активирате овој режим кога имате итна потреба да исчистите влакна од животни или мирис.

Поставување заклучување за домашни миленици
1 Притиснете го копчето за да го активирате заклучувањето за домашни миленици. →Апаратот испушта звучен сигнал. →Другите копчиња нема да функционираат.

во траење од 3 секунди за да го деактивирате заклучувањето за домашни миленици.
→Апаратот испушта звучен сигнал.

text_image
3sКористење на функцијата за светло
Можете да го притиснете копчето ☐ за да ги включите светлото за квалитет на воздух, амбиенталното светло или да ја исключите светлосната лента.
1 Притиснете го копчето за да се префрлите во режим на светилка: пријатна светлосна лента под долниот дел на апаратот. Приспособете ја јачината и бојата на пријатната светлина во апликацијата Air+.

2 Притиснете го копчето за да се префрлите во режимот за квалитет на воздух. Светлосната лента єе ја промени бојата според моменталниот квалитет на амбиенталниот воздух.

3 Притиснете го копчето во траење од 3 секунди за да ја исклучите светлосната лента.

5 Чистење и одржување
Забелешка:
- Секогаш ислучувајте го апаратот од штекер пред да го чистите.
- Никогаш не потопувајте го апаратот во вода или некоја друга течност.
- За чистење на деловите на апаратот никогаш немојте да користите абразивни, агресивни или запаливи средства за чистење како што се белило или алкохол.
- Никогаш не користете течности (вклучувајки и вода) за чистење на вградениот НЕРА-фильтер и филтерот со активен јаглен.
- Не обидувајте се да го чистите сензорот за PM2,5 и гас со правосмукалка.
Распоред на чистење
| Честота Метод на чистење | |
| Околу еден месец | Избришете го пластичниот дел на апаратот со мека и сува крпа |
| Исчистете го капакот на отворот за излез на воздух | |
| Секои два месеци | Исчистете го сензорот за РМ2,5 и гас со суво стапче со памучен врв |
| Кога е неопходно | Исчистете ги претфилтерот и филтерот за домашни миленици |
Исчистете го ку́киштето на пречистувачот на воздух
Редовно чистете ги внатрешниот и надворешниот дел на пречистувачот на воздух за да не се насобере прав.
- Користете мека и сува крпа за да ги исчистите внатрешната и надворешната површина на пречистувачот на воздух и излезот за воздух.
Чистење на сензорот за РМ2,5 и гас
Чистете го сензорот за РМ2,5 и гас секои 2 месеци за оптимално работење на апаратот.
Забелешка:
- Ако пречистувачот на воздух се користи во правливо опкружување, можеби їе треба почесто да се чисти.
- Ако нивото на влажност во просторијата е многу високо, на сензорот за PM2,5 и гас може да се појави кондензација и светлото за квалитет на воздух може да покаже послаб квалитет на воздухот иако квалитетот на воздухот е всушност добар. Ако се случаи тоа, исчистете го сензорот за PM2,5 и гас.
- На лугето кои се алергични на прав, полен, домашни миленици или мувла им препорачуваме да не ги менуваат филтрите сами или да се заштитат со маска и ракавици.
1 Исключете го пречистувачот и извадете го приклучокот од штекер.

2 Отворете го капакот на сензорот за квалитет на воздух.

3 Исчистете го сензорот за PM2,5 и гас со влажно стапче со памучен врв. Темелно исушете ги сите делови со суво стапче со памучен врв.

4 Затворете го сензорот за квалитет на воздух.

За да овозможите оптимални перформанси, ви препорачуваме редовно да ги чистите вградениот НЕРА- фильтер и филтерот со активен јаглен и претфильтерот во зависност од вашето тековно користење.
1 Исключете го апаратот и извлечете го приклучокот од штекер

2 Повлечете ја долната страна на предниот капак од апаратот и подигнете ја нагоре.

3 Исчистете ја заштитата со мека четка.

4 Исчистете ги влакната од животни на претфилтерот.

5 Исчистете го претфильтерот под млаз вода. Температурата на водата не треба да биде повисока од 40 °C.

text_image
< 40°C6 Оставете претфилтерот да се исуши на воздух.

7 Исчистете ги вградениот НЕРА-фильтер и филтерот со активен јаглен со правосмукалка.

8 Вратете го претфилтерот во апаратот. Не заборавајте да го вметнете претфилтерот во левиот и десниот отвор на долната страна. Кога филтерот е правилно поставен, двете штипки на врвот од филтерот прават звук на „кликнување“.

9 Поставете го предниот капак.

10 Темелно измијте ги рацете откако єе го исчистите филтерот.

Објаснување за функцијата за блокирање на апаратот за заштита на здравиот воздух
Овој пречистувают на воздух за домашни миленици е опремен со индикатор за замена на филтерот, што ќе овозможи филтерот за пречистување на воздух да е во оптимална состојба кога работи пречистувают на воздух. Кога филтерот треба да се замени, светлосната лента на долниот дел од апаратот свети црвено и продолжува да свети црвено веднаш откако ќе го исключите апаратот од штекер, ќе го приключите и повторно ќе го включите.
Ако филтерот не се замени навреме, пречистувачот на воздух єе престане да работи и автоматски єе се блокира за да го заштити квалитетот на воздухот во просторијата. Заменете ги филтрите најбрзо што можете.

Светлосната лента прво свети црвено, а потоа продолжува да свети црвено веднаш откако єе го исключите апаратот од штекер, ке го приключите и повторно єе го включите.
Замена на вградениот НЕРА-филтер и филтерот со активен јаглен
Забелешка:
- Вградениот НЕРА-фильтер и филтерот со активен јаглен не се перат и не се за повеккратна употреба.
- Пред да извршите замена на вградениот НЕРА-фильтер и филтерот со активен јаглен, не заборавајте да го исключите пречистувачот и да го извадите приклучокот од сидниот штекер.
- На лугето кои се алергични на прав, полен, домашни миленици или мувла им препорачуваме да не ги менуваат филтрите сами или да се заштитат со маска и ракавици.
Кога светлосната лента ке засвети црвено, заменете ги вградениот НЕРА-филтер и филтерот со активен јаглен (FY3110).
1 Исключете го пречистувачот на воздух и извадете го приклучокот од приклучницата.

2 Повлечете ја долната страна на предниот капак од апаратот и подигнете ја нагоре.

3 Притиснете ги штипките на двете страни од претфилтерот за да го отстраните.

4 Отстранете ги вградениот НЕРА-фильтер и филтерот со активен јаглен од апаратот.

5 Фрлете го искористениот филтер.

6 Отстранете ја целата амбалажа од новиот филтер за пречистување.

7 При враćање на вградениот НЕРА-филтер и филтерот со активен јаглен во апаратот, внимавајте филтерот со двете штипки да биде свртен нанадвор.

8 Вратете го претфилтерот во апаратот. Не заборавајте да го вметнете претфилтерот во левиот и десниот отвор на долната страна. Кога филтерот е правилно поставен, двете штипки на врвот од филтерот прават звук на „кликнување“.

9 Поставете го предниот капак.

10 Вметнете го приклучокот на пречистувачот во штекер и притиснете на за да го включите пречистувачот.

11 Ресетирајте го траењето на вградениот НЕРА-филтер и филтерот со активен јаглен со истовремено долго притиснување на копчето за режим и копчето за светло во траење од 3 секунди или ресетирајте преку апликацијата.

text_image
3s +12 Темелно измијте ги рацете откако їе го замените филтерот.

- Немојте да го мирисате филтерот бидејки собира загадувачки честички од воздухот.
6 Складирање
1 Исклучете го пречистувают на воздух и извлечете го приклучокот од приклучницата.
2 Исчистете го апаратот, сензорот за PM2,5 и гас и површината на филтерот (погледнете го поглавјето „Чистење и одржување“).
3 Почекајте сите делови потполно да се исушат на воздух пред да ги складирате.
4 Ставете ги филтрите во херметички затворени пластични кеси.
5 Складирајте ги пречистувачот на воздух и филтрите на ладно и суво место.
6 Секогаш темелно мијте ги рацете по ракувањето со филтерот.
7 Решавање проблеми
Во ова поглавје се опишани најчестите проблеми со кои може да се соочите при користење на апаратот. Ако не можете да го решите проблемот со помош на информациите наведени подолу, контакрајте со центарот за корисничка поддршка во вашата земја.
| Проблем | Можно решение |
| Апаратот не работи правилно. | Проверете дали предниот капак е поставен правилно. Ако не е, заради безбедносни причини, апаратот ње престане да работи.Светлосната лента засветува црвено. Прво може да го исключите од штекер, а потоа повторно да го приключите и да го включите. Ако светлосната лента веднаш засвети црвено, тоа значи дека не сте го замениле соодветниот филтер. Како резултат на тоа, апаратот сега е блокиран. Во тој случај, заменете го филтерот и ресетирајте го бројачот за траење на филтерот.Светлосната лента засветува црвено. Прво може да го исключите од штекер, а потоа повторно да го приключите и да го включите. Ако светлосната лента засвети црвено по 30 секунди, тоа значи дека моторот е неисправен. Контактирајте со центарот за корисничка поддршка во вашата земја. |
| Протокот на воздух од отворот за излез на воздух е значително послаб од претходно. | Површината на филтерот е нечиста. Исчистете ја површината на филтерот (погледнете го поглавјето „Чистење и одржување“). |
| Квалитетот на воздух не се подобрува и покрај тоа што апаратот работи долго време. | Проверете дали амбалажата е отстранета од филтерот.Проверете дали филтерот (FY3110) е правилно поставен.Ако сакате да ги пречистите внатрешните извори на загадување, префрлете се на турбо режим.Просторијата е голема или квалитетот на надворешниот воздух е слаб. За оптимални перформанси на пречистување, затворете ги вратите и прозорците кога работи пречистувачот на воздух.За оптимални перформанси на пречистување, немојте да го блокирате апаратот со предмети во негова близина.За оптимални перформанси на пречистување, ви препорачуваме да ги следите инструкциите во упатството за користење за редовно чистење или замена на филтерот. |
| Апаратот испушта необичен мирис. | При првите неколку употреби, апаратот може да испушта мирис на пластика. Тоа е нормално. Меѓутоа, ако апаратот испушта мирис на изгорено дури и по отстранувањето на филтрите, контактирајте со дистрибутерот на Philips или со овластен сервисен центар на Philips. Филтерот може да испушта мирис по одреден период на користење поради ансорбирањето на внатрешните гасови. Ви препорачуваме повторно да го активирате филтерот така што Ѽе го ставите на директна сончева светлина за повеќекратно користење. Заменете го филтерот ако сè уште испушта непријатен мирис.Занемарувањето на чистењето на претфилтерот може да резултира со насобирање влакна или прав, што може да доведе до непријатен мирис. |
| Апаратот е многу гласен. | Апаратот работи во турбо режим или во режим за подобрување на собирањето влакна од животни, тоа е нормално.Ако апаратот е премногу гласен во Автоматскиот режим, можеби апаратот работи со голема брзина бидејки се влошува квалитетот на воздухот. Кога го користите апаратот во спална соба навечер, изберете ја брзината Мирување.Ако се слуша необичен звук, контактирајте со центарот за корисничка поддршка во вашата земја.Ако нешто падне во отворот за излез на воздух, тоа може да предизвика и невообичаени гласни звуци. Веднаш исключете го апаратот и свртете го наопаку за да ги извадите надворешните предмети од него. |
| Протокот на воздух од отворот за излез на воздух е значително послаб од претходно. | Површината на филтерот е нечиста. Исчистете ја површината на филтерот. |
| Апаратот сè уште покажува дека треба да го заменам филтерот, но јас веке го сторив тоа. | Можеби не сте го ресетирале бројачот за траење на филтерот. Включете го апаратот, а потоа долго притиснете ги копчето за режим и копчето за светло истовремено во траење од 3 секунди или ресетирајте го траењето преку апликацијата сè додека не запре трепкањето на црвеното светло. |
| Зошто апаратот не успева да ги филтрира влакната од домашните миленици во мојата кука? | Општо земено, апаратот може да ги филтрира лебдечките влакна од животни во воздухот и на подот во близина, додека условите на користење може да влијаат врз ефикасноста на филтрирањето, веројатно поради различниот број на домашни миленици, условите за проветрување, влажноста и температурата, најчесто користениот режим итн. Можете повторно да го проверите статусот на претфильтерот по следните дејства: 1) користење најмалку 8 часа дневно и 5 дена во неделата; 2) приспособување на изборот на режим и честотата на користење, на пример, користете го Режимот за подобрување на собирањето влакна од животни или Турбо режимот за да постигнете поголема ефикасност на филтрирање или користете ја функцијата за закажување во апликацијата за да го испланирате вашиот распоред на пречистување. |
| Поставувањето на Wi-Fi е неуспешно. | Проверете дали вашиот телефон е поврзан на Wi-Fi-мрежа од 2,4 GHz (домашна) наместо Wi-Fi-мрежа од 5 GHz или јавна Wi-Fi-мрежа. За успешно впарување, препорачуваме да ги исключите мобилните податоци пред да започнете со впарувањето. Не заборавајте да ги овозможите следните дозволи на вашиот паметен телефон: „Локација“, „Мемориски простор“, „Bluetooth“ и „Локална мрежа“. По успешно поставување на Wi-Fi, можете да ги промените поставките за дозволи по желба.Проверете дали сте ја внеле точната лозинка за Wi-Fi. Лозинката разликува големи и мали букви и има граница од 63 знаци. Не се прифајаат специјални симболи.Проверете дали името на мрежата на вашата домашна Wi-Fi-мрежа е точно. Името на мрежата разликува големи и мали букви.Ако користите VPN на вашиот паметен телефон, исключете го пред да започнете со впарување.Ако вашиот рутер има овластена листа што е поставена за да го блокира впарувањето, оневозможете ја овластената листа за поврзувањето да биде успешно.Проверете дали вашиот уред и паметен телефон се наојаат на растојание до 10 метри од рутерот.Проверете дали апликацијата е ажурирана до најновата верзија.За да гарантирате силна Wi-Fi-врска, не ставајте го уредот покрај други електронски уреди, извори на силна светлина или сигнални станици кои може да предизвикаат пречки. Ако имате проблеми со поврзувањето, отстранете го уредот од овие извори и обидете се повторно да го поврзете со Wi-Fi-мрежата.Погледнете го делот за помош во апликацијата за детални и најнови совети за решавање проблеми. |
8 Гаранција и поддршка
Versuni нуди двегодишна гаранција за овој производ по купувањето. Оваа гаранција престанува да важи ако дефектот се должи на неправилно користење или несоодветно одржување. Нашата гаранција не влијае на вашите законски права како потрошувач. За повеće информации или за користење на гаранцијата, посетете ја нашата веб-страница www.home.id/warranty.
Нарачување делови или додатоци
Ако треба да замените дел или сакате да купите дополнителен дел, контакрајте со продавачот на производи од Philips или посетете ја веб-страницата www.philips.com/support.
Ако имате проблеми со набавување на деловите, контакрајте со центарот за корисничка поддршка на Philips во вашата земја.
Inhoud
1 Belangrijk 319
Veiligheid 319
