CX3550 - вентилатор PHILIPS - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот CX3550 PHILIPS во PDF формат.
Прашања на корисниците за CX3550 PHILIPS
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот вентилатор во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник CX3550 - PHILIPS и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. CX3550 на марката PHILIPS.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК CX3550 PHILIPS
D Задна решетка Н Предна решетка
Обзор на контролите

text_image
1h 2h 3h 4h 8h 12h 1 2 3 4 5 6
Внимателно прочитајте го ова упатство за користење пред да го користите апаратот и зачувајте го за идни потреби.
Опасност
- Не дозволувајте течен или запалив детергент да навлезе во апаратот, за да избегнете електричен удар и/или опасност од пожар.
Предупредување
- Овој апарат може да го користат деца постари од 8 години и лица со ограничени физички, сензорни или ментални способности или лица со недостаток на искусство и знаење, под услов да се под надзор или да добиле упатства за безбедно користење на апаратот и да ги разбираат можните опасности.
- Децата помали од 3 години не смеат да се доближуваат до уредот, освен ако не се под постојан надзор.
- Децата не смеат да си играат со апаратот.
- Децата не смеат да го чистат и одржуваат апаратот без надзор.
- Внимавајте завесите или други предмети да не се вшмукаат во вентилаторот додека работи.
- Немојте да ставате прсти, стапчиња или други предмети во машината за да спречите струјни удари, повреди или пожар.
- Не користете го апаратот во близина на плински апарати и камини.
- Немојте да прскате со запаливи материјали како што се инсектициди или парфеми околу апаратот.
- Во случај на оштетување, кабелот за напојување треба да го замени компанијата Philips, односно сервисен центар овластен од Philips или лица со соодветни квалификации за да се избегне опасност.
Внимание
- Секогаш поставувајте и користете го апаратот на сува, стабилна и хоризонтална површина.
- Немојте да го користите апаратот во опкружувања со голема влажност, како што се бања, тоалет, кујна, базен или во какво било надворешно опкружување.
- Секогаш исклучувајте го апаратот од штекер кога сакате да го преместите и исчистите или да извршите друг вид на одржување. По склопувањето, немојте да ги отстранувате штитниците за време на употребата или чистењето.
- Апаратот е наменет само за употреба во домакинства во нормални услови на работа.
- Држете го производот подалеку од орган и не изложувајте го на директна сончева светлина или на високи температури.
- Држете ја долгата коса подалеку од включениот апарат за да избегнете заплеткување на косата во апаратот.
- Стандарден интерфејс за Wi-Fi врз основа на 802.11b/g/n/ax со 2,4 GHz и максимальна излезна моќност од 64 mW EIRP.
- Bluetooth верзија 5.2 (LE) со фреквенција од 2,4 GHz и излезна RF- мокност помала од 10 mW EIRP.
Електромагнетни полиња (EMF)
Овој апарат е усогласен со важечките стандарди и прописи што се однесуват на изложеноста на електромагнетни полиња.
Рециклирање

Овој символ означува дека производот не смее да се фрла со обичниот отпад од дома Kinствата (2012/19/EU).
Придржувајте се до законите во вашата земја за одделно собирање на електричните и електронските производи. Правилното фрлање помага во спречувањето на негативните последици по животната средина и човековото здравје.
Поедноставена декларација за усогласеност на ЕУ
Во овој документ, компанијата DAP B.V. изјавува дека радиоопремата од типот CX3550 е усогласена со Директивата 2014/53/EU. Целосниот текст на декларацијата за усогласеност на ЕУ е достапен на следната интернет-адреса: www.philips.com.
Вашиот вертикален вентилатор
Преглед на производот

D Задна решетка Н Предна решетка
322 Македонски
Копче за вклучување/исклучување Копчава избирање брзина/режим на вентилаторот
Индикатор за Режимот на мирување Индикатор за Режимот на природен ветер
Индикатор за WiFi
Подготовка за користење
Склопување на вентилаторот
Отстранете ја целата амбалажа од вентилаторот пред првата употреба.
Проверете дали сите компоненти на вентилаторот се правилно склопени и прицврстени.

1 Вметнете ја долната шипка во основата и завртете ја во насока на стрелките на часовникот додека не се прицврсти и фиксира во положбата.
2 Порамнете ја горната шипка со долната шипка и безбедно прицврстете ја вртејки ја во насока на стрелките на часовникот.
3 Завртете го тркалцето во насока на стрелките на часовникот за да го откачите од моторот.
4 Завртете ја пластичната навртка во спротивна насока од стрелките на часовникот за да ја откачите од моторот.
5 Прицврстете ја задната решетка на моторот со порамнување на отворот за монтирање на задната решетка со завртката на моторот.
324 Македонски

6 Завртете ја пластичната навртка во насока на стрелките на часовникот за да ја прицврстите задната решетка.

7 Поставете ја перката на вентилаторот како што е прикажано на сликата.

8 Ротирајте го тркалцето во спротивна насока од стрелките на часовникот за да ја прицврстите перката на вентилаторот.

9 Прво прицврстете ја горната брава, а потоа со рацете прикачете ја предната решетка на задната решетка.

10 Порамнете ја долната брава на решетката и користете шрафцигер за безбедно да ги прицврстите задната и предната решетка.
Wi-Fi-врска

Прво поставување на Wi-Fi-врската
1 Преземете и инсталирајте ја апликацијата „Air+“ на Philips од App Store или Google Play.
2 Вметнете го приклучокот на вентилаторот во штекер и притиснете за да го включите вентилаторот.
- Индикаторот за Wi-Fi 📌repka со портокалова боја првиот пат.
3 Проверете дали паметниот телефон или таблетот е успешно поврзан со вашата Wi-Fi-мрежа.
Забелешка: Овозможете ја функцијата Bluetooth на вашиот паметен телефон за да овозможите непречено впарување.
4 Стартувајте ја апликацијата „Air+“ на Philips и кликнете на „Add a device“ (Додај уред) или притиснете го копчето „+“ на екранот. Следете ги упатствата на екранот за да го поврзете вентилаторот со вашата мрежа.
Забелешка:
Ова упатство важи само кога вентилаторот се поставува за прв пат. Ако мрежата е променета или поставувањето треба повторно да се изврши.
Ако сакате да поврзете повеке од еден вентилатор со вашиот паметен телефон или таблет, їе мора да ги поврзете еден по еден.
Растојанието помеѓу паметниот телефон или таблетот и вентилаторот треба да е помало од 10 m и не треба да има никакви пречки.
Ресетирајте ја Wi-Fi-врската
1 Вметнете го приклучокот на вентилаторот во штекер и притиснете на за да го включите вентилаторот.
2 Притиснете на 60 траење од 3 секунди сё додека не слушнете звучен сигнал.
- Вентилаторот преминува во режим за впарување.
- Индикаторот за Wi-Fi трепка портокалово.
3 Следете ги чекорите 3-4 во делот „Прво поставување на Wi-Fi-врската”.
Користење на вертикалниот вентилатор
Вклучување и исклучување

1 Вметнете го приклучокот во штекер.

2 Притиснете го копчето за да го включите вентилаторот. Апаратот ће се огласи со еден звучен сигнал.

3 Повторно притиснете го копчето за да го исключите вентилаторот.
Промена на брзината на вентилаторот

text_image
1 2 3- Со притиснување на копчето ✘ можете да изберете брзина на вентилаторот 1, брзина на вентилаторот 2, брзина на вентилаторот 3, режим на мирување или режим на природен ветер.
Рачна брзина (1, 2, 3): во рачниот режим, вентилаторот работи со брзина 1, брзина 2 или брзина 3.

text_image
1 2 3Режим на мирување (C): имајте пријатен и мирен сон со Режимот на мирување. Овој режим постепено ја намалува брзината на вентилаторот до најниската поставка во период од 30 минути, овозможувајки ви да заспиете природно и истовремено да заштедите енергија.

text_image
1 2 3 4Режим на природен ветер (Фё ја зголемува и намалува брзината на вентилаторот за да го симулира природното движење на воздухот и да го внесе освежувачкото чувство на природен ветер во просторијата.
Користење на тајмерот

text_image
2h 3h 4h 2 3 € 1h.2h.3h. 4h.8h.12hПритиснете го копчето ☑новеće пати за да изберете 1, 2, 3, 4, 8 или 12 часа кога вентилаторот е включен или исклучен. Кога će заврши тајмерот, вентилаторот će престане или će започне да работи автоматски.
Ако треба да поставите тајмер за различно време, како 5 или 7 часа, можете да ја користите апликацијата Air+.
Откако ће заврши поставениот тајмер:
Кога вентилаторот е исклучен
- Вентилаторот ке се вклучи автоматски.
Кога вентилаторот е включен
- Вентилаторот ке се исклучи автоматски.
Осцилација

Хоризонтална осцилација
Притиснете го копчето на апаратот за да ја активирате функцијата за осцилација на вентилаторот. Вентилаторот може да осцилира хоризонтално до 90 степени.

Вертикална осцилација
Можете рачно да го прилагодите вентилаторот да осцилира до 30 степени вертикално.
Чистење и одржување
Секогаш исклучувајте го апаратот од штекер пред да го чистите.
Никогаш не потопувајте го апаратот во вода или некоја друга течност.
За чистење на деловите на апаратот никогаш немојте да користите абразивни, агресивни или запаливи средства за чистење како што се белило или алкохол.

Редовно чистете го надворешниот дел на вентилаторот за да не се насобере прав.
- Користете мека и сува крпа за да ги исчистите надворешната површина на апаратот и отворот за излез на воздух.
Складирање
1 Исключете го апаратот и извлечете го приклучокот од штекер.
2 Исчистете го апаратот.
3 Складирајте го апаратот на ладно и суво место.
4 Секогаш темелно мијте ги рацете по чистењето.
Решавање проблеми
Во ова поглавје се опишани најчестите проблеми со кои може да се соочите при користење на апаратот. Ако не можете да го решите проблемот со помош на информациите наведени подолу, контактирајте со центарот за корисничка поддршка во вашата земја.
| Мојот вентилатор не може да се вклучи или исклучи. | Ако апаратот не може да се вклучи, проверете дали приключокот за напојување е правилно приключен или пробајте да го приключите во друг штекер. |
| Ако апаратот сè уште не работи, контакрајте со центарот за корисничка поддршка во вашата земја. | |
| Мојот вентилатор не произведува довольно количество воздух или е многу слаб. | Проверете дали апаратот е поставен на најголема брзина на вентилаторот за максимальна циркулација на воздухот. Почекајте апаратот да го циркулира целиот воздух во просторијата, тоа може да потрае неколку минути. |
| Уверете се дека сите решетки за влез и излез на воздух не се блокирани. | |
| Вентилаторот испушта необичен мирис/мирис на изгорено. | При првите неколку употреби, апаратот може да испушта мирис на пластика. Тоа е нормално кај нов апарат. Меѓутоа, ако апаратот испушта мирис на изгорено, исключете го апаратот и веднаш извлечете го приключокот од штекер, а потоа контакрајте со центарот за корисничка поддршка во вашата земја. |
| Вентилаторот е премногу гласен. Колку е поголема поставката за брзина на вентилаторот на апаратот, толку Ѽе биде посилна бучавата. Поставете помала брзина на вентилаторот за да се намали бучавата. | |
| Ако нешто падне во отворот за излез на воздух, тоа исто така може да предизвика невообичаено гласен звук. Веднаш исключете го апаратот и извадете ги надворешните предмети од него. | |
| Ако се слуша необичен звук, контакрајте со центарот за корисничка поддршка во вашата земја. | |
| Мојот апарат е гласен во Режимот на мирување. | За да ги оптимизира перформансите на ладење во Режимот на мирување, вентилаторот работи со поголема брзина во првите 30 минути и постепено ја намалува брзината. Следствено се намалува и бучавата. Можете да изберете и најмала брзина на вентилаторот за постојан проток на воздух и пониско ниво на звук. |
| Основата на вентилаторот се мрда или вибрира. | Проверете дали апаратот е поставен на рамен под или рамна површина. |
| Проверете дали има надворешни предмети под апаратот. | |
| Проверете дали основата на апаратот е правилно поставена. | |
| Погледнете го поглавјето „Склопување на вентилаторот“. | |
| Поставувањето на Wi-Fi е неуспешно. Ако рутерот со кој е поврзан апаратот е двопојасен и во моментот не се поврзува на мрежа од 2,4 GHz, променете го фреквенцискиот појас на рутерот (2,4 GHz) и обидете се повторно да го впарите апаратот. Не се поддржани мрежи од 5 GHz. | |
| Не се поддржани мрежи со веб-автентикација. | |
| Проверете дали пречистувачот е во опсегот на Wi-Fi-рутерот. Можете да се обидете да го поставите апаратот поблиску до Wi-Fi-рутерот. | |
| Проверете дали името на мрежата е точно. Името на мрежата разликува големи и мали букви. | |
| Проверете дали лозинката за Wi-Fi е точна. Лозинката разликува големи и мали букви. | |
| Повторете го поставувањето со упатствата во делот „Ресетирајте ја Wi-Fi-врската“. | |
| Wi-Fi-врската може да биде прекината од електромагнетни или други пречки. Држете го апаратот подалеку од други електронски уреди кои може да предизвикаат пречки. | |
| Проверете дали мобилниот уред е во авионски режим. Не заборавајте да го деактивирате авионскиот режим при поврзување со Wi-Fi-мрежа. | |
| Погледнете го делот за помош во апликацијата за опширни и најнови совети за решавање проблеми. | |
Гаранција и поддршка
Versuni нуди две годишна гаранција по купувањето на овој производ. Оваа гаранција не е важечка ако настане дефект поради неправилно користење или лошо одржување. Нашата гаранција не ги ограничува вашите законски права како потрошувач. За повеće информации или за активирање на гаранцијата, посетете ја нашата веб-страница www.philips.com/support.