BOSCH AdvanceDrill 18 - шрафцигер

AdvanceDrill 18 - шрафцигер BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот AdvanceDrill 18 BOSCH во PDF формат.

📄 225 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice BOSCH AdvanceDrill 18 - page 167

Прашања на корисниците за AdvanceDrill 18 BOSCH

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот шрафцигер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник AdvanceDrill 18 - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. AdvanceDrill 18 на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК AdvanceDrill 18 BOSCH

mk Оригинално упатстро за работа

sr Originalno uputstvo za rad

s.l.izirma navodila

hr Originalne upute za rad

Безбедносни напомени

Општи предупредувања за безбедност за електрични алати

ПРЕДУ-

Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со

ПРЕДУВАЊЕ

овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.

Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.

Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).

Безбедност на работниот простор

Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
▶ Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.

Електрична безбедност

▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.

▶ Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори,

метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.

▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар.
He постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.
▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.

Лична безбедност

▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.
▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, Ѽе доведат до намалување на лични повреди.
Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исключен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.
Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.

▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
He дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.

Употреба и чување на електричните алати

▶ Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет.
▶ Не користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
▶ Исключете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.

Употреба и чување на батериски алат

▶ Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии.
▶ Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии. Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар.
Kogа не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар.
▶ Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
▶ Не употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од повреда.
▶ Не го изложувајте сетот на батерии или алатот на орган или висока температура. Изложувањето на орган или на температура повисока од 130°C може да предизвика експлозија.
▶ Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата. Неправилното полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасности од пожар.

Сервисирање

▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.
▶ Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис.

Безбедносни напомени за одвртувачи

Безбедносни упатства за сите типови работа

▶ Носете штитници за уши кога извршувате ударно дупчење. Изложеноста на бучава може да предизвика губење на слухот.
▶ Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете за да не дојде во контакт со скриена жица. Ако опремата за сечење или прицврстувачите дојде во допир со „жица под напон“, може да ги изложи металлните делови на електричниот

алат „под напон“ и операторот може да добие струен удар.

Безбедносни упатства при користење на долги бургии

▶ Никогаш не користете поголема брзина од максимальната означена брзина на бургијата. При поголема брзина, бургијата може да се искриви ако слободно ротира надвор од делот што се обработува, и да се повредите.
▶ Секогаш почнете го дупчењето со мала брзина, и врот на бургијата да биде во допир со делот што се обработува. При поголема брзина, бургијата може да се искриви ако слободно ротира надвор од делот што се обработува, и да се повредите.
▶ Притиснете во директна линија со бургијата, и без прекумерен притисок. Бургијата може да се искриви и да се скрши, или да изгубите контрола и да се повредите.

Дополнителни безбедносни напомени

▶ Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака.
Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот.
Доколку се блокира алатот што се вметнува, веднаш исключете го електричниот алатот. Бидете претпазливи со високите реакциски моменти, што може да предизвикаат повратен удар. Алатот што се вметнува се блокира, ако електричниот алат се преоптовари или се навали кон делот што се обработува.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвикува оштетување.
▶ При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
▶ Користете ја батеријата само во производи од производителот. Само на тој начин батеријата ће се заштити од опасно преоптоварување.

BOSCH AdvanceDrill 18 - Дополнителни безбедносни напомени - 1

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.

▶ При работење и транспорт не го до држете електричниот алат на прстенот за отклучување. При ненамерното повлекување на прстенот за отклучување може да се олабави додатокот и да доведе до повреди или оштетувања на алатот.

Опис на производот и перформансите

BOSCH AdvanceDrill 18 - Опис на производот и перформансите - 1

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или

тешки повреди.

Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.

Употреба со соодветна намена

Електричниот алат е наменет за завртување и олабавување на завртки како и за дупчење во дрво, метал, керамика и пластика. Батериската дупчалка-одвртувач AdvancedImpact 18 е дополнително наменета за ударно дупчење во цигли, сид и камен.

Илустрација на компоненти

Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.

(1) Прстен за отклучување
(2) Прифат на алатот
(3) Прстен за подесување во претходно избран вртежен момент
(4) Прекинувач за избор на начинот на работа
(5) Приказ за правец на вртење со десен тек
(6) Приказ за правец на вртење со лев тек
(7) Електронски прекинувач за менување на правецот на вртење
(8) Копче за отклучување на батеријата ^A)
(9) Батерија ^A)
(10) Рачка (изолирана површина на рачката)
(11) Магнетен држач за битови
(12) Светилка
(13) Приказ за наполнетост на батеријата
(14) Прекинувач за вклучување/исклучување
(15) Магнетно капаче
(16) Држач за зашрафување
(17) Аголен додаток ^A)
(18) Додаток за стезна глава ^A)
(19) Ексцентричен додаток ^4
(20) Бит за одвртувач ^A)
(21) Универзален држач за битови ^A)

A) Илуstriраната или опишана опрема не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.

Технички податоци

Батериска дупчалка-одвртувач AdvancedDrill 18 AdvancedImpact 18
Број на дел/артикл3 603 JB5 0.. 3 603 JB5 1..
Номинален напон V= 18 18
Број на вртежи во празен од ^A)
– Завртување (1. степен на завртување) min ^-1 0-430 0-450
– Дупчење/ударно дупчење (2. степен на завртување)min ^-1 0-1350 0-1500
Број на удари ^A) min ^-1 - 0-22500
Макс. вртежен момент при завртување во цврсти/меки материјали според ISO 5393 ^A) Nm 36/24 36/22
Макс. вртежен момент ^A) Nm 42 39
Макс. дупка-∅
– Sид mm – 11
– Челик mm 13 13
– Дрво mm 35 35
Прифат на алатот1,5-13
Макс. завртување-∅mm 10 101,5-13

170 | Македонски

Батериска дупчалка-одвртувач AdvancedDrill 18 AdvancedImpact 18

A) Мерено при 20-25 °C со батерија PBA 18V 2.5Ah W-B.
В) во зависност од употребената батерија
C) ограничена јачина при температури <0 °C
D) Следните полначи не се компатибилни со РВА батерија: AL 1814 CV, AL 1820 CV, AL 1860 CV

Информации за бучава/вибрации

AdvancedDrill 18

Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 62841-2-1.

Нивото на звучниот притисок на уредот, оценето со А, типично е помало од 70 dB(A). Нивото на звук при работењето може да ги надмине наведените вредности.

Носете заштита за слухот!

Вкупните вредности на вибрации ah (векторски эбир на три насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 62841-2-1, EN 62841-2-2:

Дупченье во метал: a_n < 2,5 m/s^2, K = 1,5 m/s^2 ;

Завртување: a_n < 2,5 m/s^2 , K = 1,5 m/s^2 .

AdvancedImpact 18

Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 62841-2-1.

Нивото на звук на електричниот алат оценето со А типично изнесува: ниво на звучен притисок 85 dB(A); ниво на звучна јачина 96 dB(A). Несигурност K = 5 dB.

Носете заштита за слухот!

Вкупните вредности на вибрации ah (векторски збир на три насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 62841-2-1, EN 62841-2-2:

Дупчење во метал: a_n<2,5 m/s^2 , K=1,5 m/s^2 ;

Завртување: a_n < 2,5 m/s^2, K = 1,5 m/s^2 ;

Ударно дупчење во бетон: a_h=19 , K=1,5 m/s ^2 .

Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата на бучава.

Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото

на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.

За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е ислучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.

Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.

Монтажа

Полнење на батеријата

▶ Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие полначи се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен алат.

Напомена: Батеријата се испорачува делумно наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.

Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот при полнењето не ї наштетува на батеријата.

Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку се испразни батеријата, електричниот алат їе се исклучи со помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не се движи веќе.

По автоматското исклучување на електричниот алат, не притискајте на прекинувачот за вклучување/исклучување. Батеријата може да се оштети.

Вадење на батеријата
BOSCH AdvanceDrill 18 - Полнење на батеријата - 1

text_image 1. 2.

За да ја извадите батеријата притиснете на копчињата за отклучување батеријата и извлечете ја наназад од електричниот алат. Притоа не употребувајте сила.

Приказ за наполнетост на батеријата

Приказот на наполнетост на батеријата (13) при половично или целосно притиснат прекинувач за вклучување/исклучување (14) за неколку секунди ја прикажува наполнетоста на батеријата и се состоит од 3 зелени LED светилки.

Трајно светло 3 x зелено ≥ 66 %
Трајно светло 2 x зелено 33 - 66 %
Трајно светло 1 x зелено 11 - 33 %
Бавно трепкање на светлото 1 x зелено ≤ 10 %

3-те LED-светилки на приказот за наполнетост на батеријата брзо трепкаат, доколку температурата на батеријата е надвор од опсегот на работна температура од -30 до +65°C и/или реагира заштитата од преоптоварување.

Промена на алат

Ставање на алатот за вметнување (види слика А)

Вметнете го алатот за вметнување до крај во прифатот за алат (2). Алатот за вметнување се задржува во прифатот за алат.

Вадење на алатот за вметнување

Извлечете го алатот за вметнување од прифатот за алат (2).

Извадете го алатот за вметнување.

Вметнете го додатокот во прифатот за алат (2). Се слуша кога додатокот се вклопува.

Со влечење проверете дали е зацврстен додатокот.

Вметнете го алатот за вметнување во додатокот (види слика C)

Вметнете го алатот за вметнување до крај во додатокот. Алатот за вметнување се задржува во додатокот со помош на магнет.

Со држачот за завртување (16) се стабилизираат завртките, така што може полесно да се вметнат на делот што се обработува.

Извадете го алатот за вметнување.

Вметнете го држачот за завртување на прифатот за алат (2), додека не се слуша дека се вклопи. притиснете го магнетното капаче (15) до крај во правец на електричниот алат.

Потоа вметнете го битот за завртување (20) на држачот за завртување (16) и извлечете го магнетното капаче нанапред преку битот за завртување.

Ставете завртка на битот за завртување.

Отворете го додатокот за стезна глава (18) со завртување во правец ①, додека не се вметне алатот за вметнување. Вметнете го алатот за вметнување.

Чаурата на додатокот на стезната глава (18) свртете ја цврсто со рака во правец ②. Со тоа, главата за дупчење автоматски се заклучува.

Извадете го прстенот за отклучување (1) од електричниот алат и потоа додатокот од прифатот на алатот (2).

Завртете го додатокот во саканата позиција и потоа повторно вметнете го.

Со влечење проверете дали е зацврстен додатокот.

Извадете го алатот за вметнување.

Извадете го прстенот за отлучување (1) од електричниот алат и извлечете го додатокот од прифатот на алатот (2).

Извадете го алатот за вметнување.

Прикачете го аголниот додаток (17) на прифатот на алатот (2).

Со влечење проверете дали е зацврстен аголниот додаток (17).

Прикачете го додатокот на стезната глава (18) на аголниот додаток (17).

Со влечење проверете дали е зацврстен додатокот на стезната глава (18).

Всисување на прав/струготини

Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или metabolувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.

Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат како канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.

– Погрижете се за добра проветреност на работното место.

– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.

172 | Македонски

Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.

▶ Избегнувајте собирање прав на работното место.

Правта лесно може да се запали.

Употреба

Ставање во употреба

Вметнување на батеријата

Наполнетата батерија (9) притиснете ја одзади навнатре во подножјето на електричниот алат, додека не се заклучи батеријата.

Поставете го правецот на вртење

Со прекинувают за менување на правецот за вртење (7) може да го промените правецот на вртење на електричниот алат. Доколку прекинувают за вклучување/исклучување (14) е притиснат ова не е возможно.

Поставување на десен тек (види слика I)

За дупчење и завртување на завртки притиснете го електронскиот прекинувач за менување на правец (7) надолу.

BOSCH AdvanceDrill 18 - Поставување на десен тек (види слика I) - 1

Приказот за правец на вртење со десен тек (5) свети доколку е активиран прекинувачот за включување/исклучување (14), прекинувачот за менување на правец (7) и доколку моторот работи.

Поставување на лев тек (види слика J)

За олабавување одн. одвртување на завртки и навртки притиснете го електронскиот прекинувач за менување на правец (7) надолу.

BOSCH AdvanceDrill 18 - Поставување на лев тек (види слика J) - 1

Приказот за правец на вртење со лев тек (6) свети доколку е активиран прекинувачот за вклучување/исклучување (14), прекинувачот за менување на правец (7) и доколку моторот работи.

Избирање на вртежниот момент

Со прстенот за подесување на вртежниот момент (3) може да го изберете потребниот вртежен момент во 20 степени. При правилно подесување, алатот што се вметнува ће се стопира, откако завртката цврсто ће се заврти во материјалот одн. откако ће се постигне поставениот вртежен момент. Во позицијата 📋 пружината за спојување е деактивирана, на пр. за дупчење.

При одвртување на завртки евентуално може да одберете повисока поставка одн. да поставите на ознаката

Подесување на режимот на работа (види слика К)

▶ Прекинувач за избор на начинот на работа (4)активирајте го само кога електричниот алат е во празен од.

Со прекинувачот за избор на брзини (4) може да изберете 2 брзини.

Начин на работа Завртување (1. степен на завртување):

Низок обем на вртежи; за зашрафување или работење со голем дијаметар на дупчење.

Начин на работа Дупчење/ударно дупчење (2. Степен на завртување):

Висок обем на вртежи; за работење со мал дијаметар на дупчење.

BOSCH AdvanceDrill 18 - Начин на работа Дупчење/ударно дупчење (2. Степен на завртување): - 1

Завртување

Поставете го прстенот во претходно избраниот вртежен момент (3) на саканиот вртежен момент.

Прекинувачот за избор на начинот на работа (4) поставете го на ознаката „Завртување“.

BOSCH AdvanceDrill 18 - Завртување - 1

Дупчење

Прстенот во претходно избраниот вртежен момент (3) поставете го на „MAX“.

Прекинувачот за избор на начинот на работа (4) поставете го на ознаката „Дупчење“.

BOSCH AdvanceDrill 18 - Дупчење - 1

Ударно дупчење (AdvancedImpact 18)

Прстенот во претходно избраниот вртежен момент (3) поставете го на „MAX“.

Прекинувачот за избор на начинот на работа (4) поставете го на ознаката „Ударно дупчење“.

Вклучување/исклучување

За ставање во употреба на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (14) и држете го притиснат.

Светлото (12) свети доколку прекинувают за влучување/ислучување (14) е половично или целосно притиснат и овозможува осветлување на работното поле при неповолни светлосни услови.

За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за включување/исклучување (14).

Поставување на број на вртежи

Бројот на вртежите на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку їе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (14).

Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (14) се постигнува мал број на вртежи. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на вртежи.

Целосна автоматска блокада на вретеното (Auto-Lock)

Доколку прекинувачот за включување/исклучување (14) не е притиснат, вретеното за дупчење и прифатот на алатот їе се фиксира (2).

Ова овозможува навртување на завртки и при испразнета батерија (9) одн. користење на електричниот алат како одвртувач.

Заштита од преоптоварување во зависност од температурата

Правилната употреба не може да го преоптовари електричниот алат. При големо оптоварување или

надминување на дозволената температура на батеријата електрониката го ислучува електричниот алат, додека не се врати во оптималните граници на температура.

3-те LED светилки на приказот за наполнетост (13) и светлото (12) брзо трепкаат, доколку температурата на батеријата е надвор од опсегот на работна температура од -20 до +50°C и/или реагира заштитата од преоптоварување.

▶ Електричниот апарат ставете го на шрафот само доколку е ислучен. Доколку алатите што се вметнуваат се включени и се вртат, тие може да се превртат.

Доколку електричниот алат се полни електростатички, инсталираната електроника го ислучува електричниот алат. Одново притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (14), за да може повторно да го користите електричниот алат.

Под одредени услови јаки електромагнетни полиња може да влијаат врз електричниот алат и да го стопираат. По ислучувањето одново притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (14), за да може повторно да го стартувате електричниот алат.

Совети

Пред навртување на големи, подолги завртки во цврсти материјали, претходно издупчете 2/3 од должината на завртката според внатрешниот дијаметар на навојот.

Напомена: Внимавајте, да не навлезат ситните метални делови во електричниот алат.

По подолго работење со мал број на вртежи, за да го оладите електричниот алат оставете го да се врти во празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи.

Напомени за оптимално ракување со батеријата

Заштитете ја батеријата од влага и вода.

Складирајте ја батеријата во опсег на температура од –20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето.

Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени.

Внимавајте на напомените за отстранување.

Одржување и сервис

Одржување и чистење

▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.

▶ Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.

Сервисна служба и совети при користење

Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ће најдете на: www.bosch-pt.com

Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.

Северна Македонија

Д.Д.Електрис

Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:

Litiум-јонските батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.

При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.

Транспортирајте ги батериите само доколку кујиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.

Отстранување

BOSCH AdvanceDrill 18 - Отстранување - 1

Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

BOSCH AdvanceDrill 18 - Отстранување - 2

Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за губре!

174 | Srpski

Само за земјите од ЕУ:

Според европейката регулатива 2012/19/EU електричните апарати што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според регулативата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.

Батерии:

Литиум-јонски:

Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт (види „Транспорт“, Страница 173).

Srpski

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : AdvanceDrill 18

Категорија : шрафцигер