GWS 27-230 PR Professional - мелница BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GWS 27-230 PR Professional BOSCH во PDF формат.
Прашања на корисниците за GWS 27-230 PR Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот мелница во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GWS 27-230 PR Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GWS 27-230 PR Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GWS 27-230 PR Professional BOSCH
Безбедносни напомени
Општи предупредувања за безбедност за електрични алати
ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со
овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).
Безбедност на работниот простор
Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
He работete со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.
Електрична безбедност
▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати.
Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.
Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.
▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар.
He постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел
соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.
▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.
Лична безбедност
▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.
▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, Ѽе доведат до намалување на лични повреди.
Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исключен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.
Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
He дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
Употреба и чување на електричните алати
He го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо єе ја извршите работата за која е наменет.
▶ Не користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот.
Секој електричен алат којшто не може да се
контролира со прекинувачот е опасен и мора да се
поправи.
▶ Исключете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.
Сервисирање
▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.
Безбедносни напомени за аголни брусилки
Безбедносни предупредувања специфични за брусење, шмирглање, жичано четкање или сечење:
▶ Овој електричен алат е наменет да функционира како алат за брусење, шмирглање, жичано четкање, дупчење или сечење. Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, упатства, илустрации и спецификации приложени со овој електричен алат. Грешките настанати како резултат на непридржување до сите инструкции приложени
подолу може да предизвикаат струен удар, пожар и/или тешки повреди.
▶ Операциите како на пр. полирање не се препорачува да се вршат со овој електричен алат.
Операциите за кои не е наменет електричниот алат може да предизвикаат опасност и лична повреда.
He ракувајте со електричниот алат на несоодветен начин што не е препорачан од производителот. Тоа може да предизвика да изгубите контрола и сериозно да се повредите.
▶ Не користете дополнителна опрема која не е специјално дизајнирана и не е препорачана од производителот на алатот. Само затоа што дополнителната опрема може да се вгради во вашиот електричен алат, не значи дека може да се обезбеди безбедно работење.
▶ Утврдената брзина на дополнителната опрема мора да биде најмалку еднаква на максималната брзина означена на електричниот алат. Дополнителната опрема која работи побрзо од утврдената брзина може да експлодира и да се распрска насекаде.
▶ Надворешниот дијаметар и дебелина на вашата дополнителна опрема мора да биде во рамките на класата на вашиот електричен алат. Дополнителна опрема со несоодветна величина не може соодветно да се заштити и контролира.
Димензиите на додатоците за прицврстување мора да се совпајаат со димензиите на делот што треба да се прицврсти на електричниот алат.
Дополнителната опрема која не е соодветна на хардверот на електричниот алат не може да одржува рамнотежа, заради прекумерните вибрации и може да предизвика губење на контрола.
He користете оштетена дополнителна опрема. Пред употреба проверете ја дополнителната опрема, како на пр., абразивните дискови за иверки и струготини, заштитната подлога за отвори, стружење или претерано абење, жичаната четка за олабавени или пукнати жици. Ако електричниот алат или дополнителната опрема падне, проверете дали е оштетена или инсталирајте неоштетена дополнителна опрема. По проверката и инсталирањето на дополнителната опрема, вие и luřeto во близина поместете се подалеку од површината на ротирачката опрема, и включете го електричниот алат на максимальна брзина без оптоварување една минута. Оштетената дополнителна опрема вообичаено се расипува во текот на овој тест период.
Носете лична заштитна опрема. Во зависност од примената, користете штитник за лице, безбедносни или заштитни очила. Како што е соодветно, носете маска за заштита од прашина, штитници за уши, ракавици и работничка престилка, којашто ги запира малите абразивни парчиња или парчиња од делот што го обработувате. Заштитата за очи мора да спречува
навлегување остатоци што се распрескуваат при работењето. Маската против прав или респираторот мора да ги филтрира честичките што се генерираат при работењето. Долготрајна изложеност на интензивна бучава може да доведе до губење на слухот.
▶ Луфето во ваша близина треба да бидат оддалечени од работниот простор. Секој што влегува во работниот простор мора да носи лична заштитна опрема. Парчиња од делот што го обработувате или расипана дополнителна опрема може да експлодира и распрска и да предизвика повреда надвор од непосредната работна површина.
▶ Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете за да не дојде во контакт со скриена жица или со неговиот кабел. Ако опремата за сечење дојде во допир со „жица под напон“, може да ги изложи металните делови на електричниот алат „под напон“ и операторот може да добие струен удар.
▶ Тргнете го настрана кабелот од ротирачка дополнителна опрема. Ако изгубите контрола, кабелот може да се пресече или закачи и вашата дланка или рака може да влезе во ротирачката дополнителна опрема.
He ro oставajte електричниот алат долу додека дополнителната опрема не запре целосно.
Ротирачката опрема може да ја зафати површината и да го повлече електричниот алат надвор од ваша контрола.
▶ Не го вклучувајте електричниот алат додека го држите свртен кон вас. Случаен контакт со ротирачка дополнителна опрема може да ја закачи вашата облека, со повлекување на дополнителната опрема кон вашето тело.
▶ Редовно чистете ги воздушните вентили на електричниот алат. Вентилаторот на моторот повлекува прав во кукиштето, а претераната акумулација на метален прав може да предизвика опасност од електричен удар.
▶ Не работете со електричниот алат во близина на запаливи материјали. Искрите можат да ги запалат овие материјали.
He користете дополнителна опрема за која се потребни течни разладувачи. Користењето вода или други течни разладувачи може да доведе до смрт или струен удар.
Предупредувања за одбивање и слични предупредувања:
Одбивање е ненадејна реакција на приклештен или закачен ротирачки диск, потпорен диск, четка или друга дополнителна опрема. Приклештувањето или закачувањето предизвикува брзо маневрирање на ротационата дополнителна опрема, кое од друга страна, предизвикува присилно насочување на неконтролираниот електричен алат во спротивен правец од ротирањето на опремата во точката на навалување.
На пример, ако абразивен диск е закачен или приклештен од делот што го обработувате, острицата на дискот која влегува во приклештената точка може да се зарие во површината на материјалот и дискот да се помести или ослободи. Дискот може да скокне или одбие од операторот, во зависност од насоката на движење на дискот во точката на приклештување. Абразивните дискови, исто така, може да се искршат под овие услови. Одбивањето е резултат на погрешна употреба и/или несоодветни оперативни постапки или услови и може да се избегне со преземање на соодветните превентивни мерки приложени подолу.
Цврсто држете го електричниот алат и поставете го телото и рацете така што їе овозможите отпор на силите на одбивање. Секогаш користете помошна рачка, доколку има, за максимална контрола на одбивањето или силата на вртење при вклучување. Операторот може да ги контролира реакциите на силата на вртење или силите на одбивање, доколку се преземат соодветни превентивни мерки.
He ја ставајте раката во близина на ротирачката дополнителна опрема. Дополнителната опрема може да се одбие преку вашата рака.
He го позиционирајте вашето тело во областа каде електричниот алат се двжижи, доколку настане одбивање. Одбивањето їе го придвижи алатот во спротивен правец од движењето на дискот во точката на закачување.
▶ Обрнете посебно внимание при изработка на агли, остри рабови и др. Избегнувајте отскокнување и закачување на дополнителната опрема. Аглите, острите рабови или отскокнувањето може да доведат до закачување на дополнителната опрема и да предизвикаат губење на контрола или одбивање.
He закачувајте сечило за длабење, сегментирани дијамантски дискови со периферна празнина поголема од 10 mm или назабено сечило за пила. Овие сечила предизвикуваат брзи одбивања и губење на контрола.
Безбедносни предупредувања специфични за брусење и сечење:
▶ Користете само видови на дискови специјално наменети за вашиот електричен алат и соодветната заштита за избраниот диск. Дискови коишто не се дизајнирани за дадениот електричен алат не може соодветно да се заштитат и не се безбедни.
▶ Површината за брусење на централните потиснати дискови мора да се инсталира под рамнината на заштитниот поклопец. Неправилно монтиран диск којшто се протега преку рамнината на заштитната рамка не може соодветно да се заштити.
▶ Заштитата мора да биде безбедно прицврстена на електричниот алат, и соодветно поставена за да обезбеди максимальна безбедност, така што минимален дел од дискот да биде изложен кон операторот. Заштитата го заштитува операторот од
скршените парчиња на дискот, случаен контакт со дискот и искри коишто можат да ја запалат облеката.
▶ Дисковите мора да се користат само за соодветни намени. На пример: не користете диск за сечење за странично брусење. Абразивните дискови за сечење се наменети за периферно брусење, страничните сили што се применуваат на овие дискови може да предизвикаат нивно распарчување.
▶ Секогаш користете неоштетени прирабници за дискови со правилна величина и форма за вашиот избран диск. Соодветните прирабници за дискови го потпираат дискот со што се намалува можноста од кршење на дискот. Прирабниците за дискови за сечење може да се разликуват од прирабниците за дискови за брусење.
He употребувајте користени дискови од поголеми електрични алати. Диск наменет за поголеми електрични алати не е соодветен за големи брзини на мали алати и може да се распрсне.
Kogа користите дискови со двојна намена, секогаш користете ја соодветната заштита за работата што ја вршите. Ако не го користите соодветниот штитник, истиот може да не заштитува правилно и со тоа може сериозно да се повредите.
Дополнителни безбедносни предупредувања специфични за сечење:
He ro “pritinskaјте” дискот за сечење и не применувајте прекумерен притисок. Не настојувајте да направите прекумерно длабок засек. Преоптоварувањето на дискот го зголемува оптоварувањето и осетливоста на виткање и навалување на дискот во засекот и можноста за одбивање или кршење на дискот.
He застанувајте во линија и зад ротирачкиот диск.
Кога дискот, во текот на операцијата, се движи подалеку од вашето тело, одбивањето може да го придвижи ротирачкиот диск и моќниот алат директно кон вас.
Kogа дискот се навалува или кога го прекинува сечењето заради некоја причина, исключете го алатот и држете го неподвижен додека дискот целосно не запре. Никогаш не настојувајте да го извадите дискот за сечење од засекот додека се движи или може да дојде до одбивање. Проверете и преземете соодветно дејство за да ја елиминирате причината за навалување на дискот.
He започнувајте повторно со сечење во делот што го обработувате. Почекајте додека дискот да достигне целосна брзина и внимателно влезете повторно во засекот. Дискот може да се навали, придвижи или одбие ако го рестартирате моќниот алат во делот што го обработувате.
▶ Потпрете ги плочите или преголемиот дел што го обработувате за да го намалите ризикот од приклештување и одбивање на дискот. Големите делови што ги обработувате се искривуваат под својата тежина. Потпирачите мора да се стават под
делот што го обработувате покрај линијата на засекот и покрај ивицата на делот што го обработувате на двете страни на дискот.
▶ Користете дополнителни мерки за претпазливост кога правите "џебен засек" во постоечки сидови или други слепи површини. Климав диск може да пресече цевки за гас или вода, електрични жици или предмети кои може да предизвикаат одбивање.
He обидувајте се да длабите. Преголемиот притисок на дискот го зголемува оптоварувањето и осетливоста на виткање и искривување на дискот во засекот и можноста за одбивање или кршење на дискот, што може да доведе до сериозна повреда.
Безбедносни предупредувања специфични за шмирглање:
▶ Користете соодветна голема на шмиргла за дискот. Следете ги упатствата на производителите, кога бирате шмиргла. Големите шмиргли кои ја надминуваат подлогата за шмирглање претставуваат опасност и може да предизвикаат закачување, кинење на дискот или одбивање.
Безбедносни предупредувања специфични за жичано четкање:
▶ Внимавајте бидејки четката исфрла жичани влакна дури и за време на вообичаени операции. Не ги преоптоварувајте жиците со преоптоварување на четката Жичаните влакна може лесно да навлезат во облека и/или кожа.
▶ Ако се препорачува користење на заштита за жичано четкање, не дозволувајте попречување меѓу жичаниот диск или четката со заштита.
Жичаниот диск или четка може да се прошират во дијаметар заради работното оптоварување и центрифугалните сили.
Дополнителни безбедносни напомени

Носете заштитни очила.

Заштитниот капак не смее да се користи за ислучување. Со соодветен додаток, заштитниот капак може да се користи и за ислучување.

При работата, држете го електричниот алат цврсто со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со електричниот алат посигурно їе управувате ако го држите со двете дланки.
- Кај алати за вметнување со внатрешни навои, како што се четки и дијамантски-крунести бургии, мора да се почитува максимальната должна на навојот на вретеното за брусење. Крајот на вретеното не смее да го допира дното на алатот за вметнување.
▶ Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвikuва оштетување и може да предизвика електричен удар.
▶ Не ги допирајте брусните плочи и дисковите за сечење додека не се оладат. Плочите за време на работењето стануваат многу жешки.
Деблокирајте го прекинувачот за вклучување/исклучување и ставете го во позиција Исклучено, доколку се прекине напојувањето со струја, на пр. по снемување струја или влечење на струјниот приключок. Со тоа їе спречите неконтролирано рестартирање на уредот.
▶ Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака.
Складирајте ги алатите за вметнување во објекти односно во простории кои се суви, со соодветна температура и без опасност од замрзнување.
▶ Пред транспорт на уредот отстранете ги алатите за вметнување. На овој начин їе избегнете оштетување.
▶ Поврзаните дискови за брусење и сечење имаат датум на истекување, по кој дисковите не смеат да се користат.
Опис на производот и перформансите

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за сечење и четкање на метал, камен, пластика и композитни материјали, како и грубо брусење во камени материјали со дијамантска крупеста бургија без употреба на вода. Внимавајте на тоа, да го користите правилниот заштитен капак (види „Употреба“, Страница 258).
При сечењето во камен погрижете се за доволно вшмукување на правта.
Со дозволените алати за брусење електричниот алат може да се користи за брусење со брусна хартија.
Електричниот алат не смее да се користи за брусење камени материјали со дијамантски дискови за брусење, за брусење металл и камен со лончеста плоча или за обработка на композитни материјали.
254 | Македонски
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Копче за блокирање на вретеното
(2) Амортизација на вибрациите
(3) Прекинувач за включување/исклучување
(4) Стандардна-дополнителна рачка (изолирана површина на рачката) ^a)
(5) Клуч со два отвори за затезната навртка
(6) Заштитен капак за брусење со затезен лост
(7) Кодирани запци
(8) Затезен лост за заштитната хауба
(9) Шраф за подесување на заштитната хауба
(10) Приключна прирабница со О-прстен
(11) Брусна плоча ^a)
(12) Плочеста четка (∅ 22,22 mm) ^a)
(13) Плочеста четка (M14) ^a)
(14) Затезна навртка
(15) Брзозатезна навртка SDS-clip ^a)
(16) Заштитен капак за сечење ^a)
(17) Диск за сечење ^3)
(18) Рачка (изолирана површина на рачката)
(19) Брусно вретено
(20) Дијамантски диск за сечење ^3)
(21) Капак за всисување за сечење со лизгачки водилки ^a)
(22) Заштита за рацете ^a)
(23) Гумен брусен диск ^4
(24) Брусно сечило ^a)
(25) Тркалезна навртка ^a)
(26) Лончеста четка ^a)
(27) Поклопец за сечење
(28) Вилушкаст клуч ^a)
(29) Конусна четка ^a)
(30) Дијамантска крупнеста бургија ^a)
(31) Дополнителна рачка за придушување на вибрациите (изолирана површина на рачката)
(32) Завртка за фиксирање на заштитниот капак
(33) Заштитен капак за брусење со завртка за фиксирање
(34) Заштитен капак за сечење со завртка за фиксирање
(35) Капак за всисување за сечење со лизгачки водилки ^a)
a) Овие додатоци не се включени во стандартниот опсег на испорака.
Технички податоци
| Аголна брусилка GWS 27-180 PR GWS 27-230 PR GWS 27-180 JR GWS 27-230 JR | |||||
| Број на дел | 3 601 HC6 1.. | 3 601 HC7 1.. | 3 601 HC6 3.. | 3 601 HC7 3.. | |
| Номинална јачина W 2700 2700 2700 2700 | |||||
| Номинален број на вртежи во празен од ^A) | min ^-1 | 8500 | 6500 | 8500 | 6500 |
| макс. дијаметар на брусната плоча | mm | 180 | 230 | 180 | 230 |
| Навој на вретеното за брусење M 14 M 14 M 14 M 14 | |||||
| Макс. должина на навојот за вретеното за брусење | mm | 25 | 25 | 25 | 25 |
| Мек старт ● ● ● ● | |||||
| Заштита од рестартирање ● ● ● ● | |||||
| Исклучување при повратен удар ● ● ● ● | |||||
| Вртлива главна рачка ● ● ● ● | |||||
| PROtection-прекинувач ● ● -- | |||||
| Тежина ^B(C) | kg | 6,1–7,2 | 6,3–7,7 | 6,1–7,2 | 6,3–7,7 |
Аголна брусилка GWS 27-180 PR GWS 27-230 PR GWS 27-180 JR GWS 27-230 JR
Класа на заштита
□/||/||/||/||
□
回
回
A) Номинален број на вртежи во празен од според EN IEC 62841-2-3 за избирање соодветни алати за вметнување. Вистинскиот број на вртежи во празен од не смее да го надмине номиналниот број на вртежи во празен од и затоа е помал.
В) во зависност од користената заштитна хауба ((16), (6), (27)/(34), (33), (27)) и од користената дополнителна рачка ((4), (31))
C) Тежина без кабел за струја и без приключок за струја
Податоците важат за номинален напон [U] од 230 V. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја.
Вредностите може да варираат во зависност од производот и зависит од примената и условите на животната средина. Повеće информации може да најдете на www.bosch-professional.com/wac.
Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN IEC 62841-2-3.
Нивото на звук на електричниот алат оценето со А типично изнесува: ниво на звучен притисок 93 dB(A); ниво на звучна јачина 101 dB(A). Несигурност K = 3 dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a_1 (векторски збир на три насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN IEC 62841-2-3:
Сечење со брусни плочи:
a_1 = 5,1m / s^2,K = 1,5m / s^2
Брусењето тенки лимови или други материјали со мала вибрација со голема површина може да резултира со зголемена вредност за емисија на бучава до 15dB. Со соодветни антивибрациони подлоги може да се намали зголемената емисија на бучава. Зголемената емисија на бучава мора да се земе предвид и при проценката на ризикот од јачината на бучавата и при изборот на соодветна заштита за слухот.
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е ислучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите
за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.
мек старт
Електронскиот мек старт го ограничува вртежниот момент при включувањето и му овозможува на електричниот алат непречено да се вклучи.
Напомена: Ако електричниот алат работи со полна брзина веднаш откако ће се вклучи, мекото стартување и заштита од рестартирање се дефектни. Електричниот алат мора веднаш да се испрати до сервисната служба, адресите ће ги најдете во делот „Сервисна служба и совети за користење“.
Заштита од рестартирање

Заштитата од рестартирање го спречува неконтролираното вклучување на електричниот алат по прекин на струја.
За повторно вклучување ставете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(3) во исключена позиција и одново включете го електричниот алат.
Исклучување при повратен удар

При ненадејна пречка на електричниот алат, на пр. блокирање на резот при сечење, доводот на струја до моторот електронски їе се прекине.
За повторно включување ставете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (3) во ислучена позиција и одново включете го електричниот алат.
Вртење на главната рачка
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
▶ Прекинувачот за вклучување/исклучување (3) мора да биде во позиција исклучено.

Главната рачка (36) може да се врти за 90° налево или надесно кон кукиштето на моторот. Притоа, прекинувачот за вклучување/исклучување може да се постави во поповолна позиција при изведување на посебни случаи на работа, на пр. сечење со капак за всисување со лизгачка водилка (21)/(35) или за левучари.
Притиснете ја деблокадата на дршката (37), за да ја отключите главната рачка (36) и истовремено вртете ја главната рачка (36) во саканата позиција, додека не се вклопи.
Монтажа
Монтирање на заштитен уред
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
Напомена: По кршењето на брусната плоча за време на работата или при оштетување на уредот за прифат на заштитната хауба/електричниот алат, тој мора да се прати во сервисната служба, за адресата погледнете во делот „Сервисна служба и совети при користење“.
Заштитен капак за брусење со затезен лост
Отворете го затезниот лост (8). Ставете ја заштитната хауба (6) со кодираниот заб (7) во кодираниот жлеб на вратот на вретеното сё додека сврзокот на заштитната хауба не лежи на прирабницата на електричниот алат и завртете ја заштитната хауба (6) во саканата позиција. Затворете го затезниот лост (8).
▶ Поставете ја заштитната хауба (6) на тој начин што ње го спречи летањето на искри во правец на лицето што ја користи.
Може да ја промените затезната сила на затворачот на заштитната хауба (6) со олабавување или затегање на завртката за подесување (9). Внимавајте на цврстото лежиште на заштитната хауба (6) и редовно контролирајте го.
Напомена: Кодираните запци на заштитниот капак (6) гарантираат дека на електричниот алат може да се монтира само еден заштитен капак што му одговара.
Заштитен капак за брусење со завртка за фиксирање Поставете ја заштитната хауба (33) на грлото на вретеното. Прилагодете ја позицијата на заштитната хауба (33) според потребите на работниот процес и фиксирајте ја заштитната хауба (33) со завртката за фиксирање (32).
▶ Поставете ја заштитната хауба (33) на тој начин што ње го спречи летањето на искри во правец на лицето што ја користи.
▶ При сечењето во камен погрижете се за доволно вшмукување на правта.
Заштитната хауба за сечење (34)/(16) се монтира како заштитен капак за брусење со завртка за фиксирање (33) или заштитен капак за брусење со затезен лост (6).
▶ За сечење секогаш користете заштитна хауба за сечење (34)/(16) или заштитна хауба за брусење (33)/(6) заедно со поклопецот за сечење (27).
Поклопец за сечење
Монтирајте го поклопецот за сечење (27) на заштитниот капак за брусење (6)/(33) (види слика A/D): навалете го лостот наназад (①). Ставете го поклопецот (27) на заштитната хауба за брусење (6)/(33)(②). Цврсто притиснете го лостот на заштитниот капак (6)/(33) (③). За демонтирање (види слика B/E) навалете го лостот наназад (①). Извлечете го поклопецот (27) од заштитниот капак (6)/(33)(②).
Хауба за вшмукување при сечење со лизгачка водилка
Поставете го капакот за всисување за сечење со лизгачки водилки (21)/(35) на грлото на вретеното. Прилагодете ја позицијата на капакот за всисување (21)/(35) според потребите на работниот процес. Фиксирајте го капакот за всисување (21)/(35) со завртката за фиксирање. На капакот за всисување со лизгачки водилки (21)/(35) може да се поврзе соодветен Bosch-всисувач. За таа цел, вметнете го цревото за всисување со адаптерот за всисување во предвидената приклучница на капакот за всисување.
Заштита за дланките
▶ Секогаш монтирајте ја заштитата за раце кога работите со гумениот брусен диск (23) или со лончестата четка/конусната четка/дијамантската крупеста бургија (22).
Прицврстете ја заштитата за рацете (22) со дополнителната рачка (4)/(31).
Стандардна-дополнителна рачка/дополнителна рачка за придушување на вибрациите
Навртете ја дополнителната рачка (4)/(31) од десно или од лево на погонската глава во зависност од начинот на работа.
▶ Користете го вашиот електричен алат само со дополнителна рачка (4)/(31).
▶ Не продолжувајте со работа со електричниот алат, ако дополнителната рачка (4)/(31) е оштетена. Не вршете промени на дополнителната рачка (4)/(31).
Vibration Control
Дополнителната рачка за придушување на вибрациите (31)овозможува
работење со мали вибрации и пријатна и безбедна работа.
Монтирање на брусни алати
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
▶ Не ги допирајте брусните плочи и дисковите за сечење додека не се оладат. Плочите за време на работењето стануваат многу жешки.
Исчистете го вретеното за брусење (19) и сите делови за монтирање.
За зацврстување и олабавување на брусните алати притиснете го копчето за блокирање на вретеното (1), за да го зацврстите вретеното за брусење.
▶ Притиснете го копчето за блокирање на вретеното само кога вретеното за брусење е во состојба на мирување. Инаку електричниот алат може да се оштети.
Брусни плочи/брусни плочи за сечење
Внимавајте на димензиите на алатите за брусење.
Дијаметарот на дупката мора да одговара на приклучната прирабница. Не користете адаптери или редуктори.
При употребата на дијамантските брусни плочи за сечење внимавајте на тоа, стрелката за правецот на вртење на дијамантската брусна плоча за сечење да се поклопува со правецот на вртење на електричниот алат (погледнете ја стрелката за правец на вртење на погонската глава).
Редоследот на монтажата може да се види на графичката карта.
Напомена: при монтирање на композитни брусни плочи или дискови за сечење со помош на испорачаната приклучна прирабница (10) и затегнувачката навртка (14) одн. брзозатезната навртка (15) употребата на меѓуслоеви не е потребна.
За прицврствување на брусната плоча/дискот за сечење ставете ја приклучната прирабница со О-прстен (10) на вретеното за брусење (19) и завртете ја затезната навртка (14). Внимавајте на усогласувањето на затезната навртка (14) во зависност од употребената брусна плоча/диск за сечење (видете ги сликите во предниот дел од упатството за употреба), и затегнете ја со клучот со два отвори(види „Брзозатезна навртка SDS-clic Страница 257).
По монтажата на алатот за брусење, пред вклучувањето, проверете дали тој е точно монтиран и дали може слободно да се врти. Проверете дали алатот за брусење не струга на заштитната хауба или другите делови.

Во приклучната прирабница (10) околу венецот за центрирање е ставен пластичен дел (О-прстен).
Доколку недостига О-прстенот или е оштетен, приклучната прирабница (10) мора да се замени пред понатамошна употреба.
Брзозатезна навртка SDS-clip
За едноставна промена на алатот за брусење без користење на други алати, наместо затезната навртка (14) можете да употребите брзозатезна навртка (15).
▶ Брзозатезната навртка (15) смее да се користи само за брусни плочи или дискови за сечење.
Користете само беспрекорни, неоштетени брзозатезни навртки (15).
При затегнување внимавајте на тоа, страната со натпис на брзозатезната навртка (15) да не покажува кон брусната плоча; туку стрелката мора на ознаките на индекс (38) да покажува.

text_image
(38)Притиснете на копчето за блокирање на вретеното (1), за да го зацврстите вретеното за брусење. За да ја зацврстите брзозатезната навртка, силно завртете ја брусната плоча во правец на стрелките на часовникот.

Прописно зацврстената, неоштетена брзозатезна навртка може да ја олабавите со вртење на нарецканиот прстен во правец спротивен на стрелките на часовникот. Цврсто затегнатата брзозатезна навртка никогаш не ја одвртувајте со клешти, туку употребете клуч со два отвори. Поставете го клучот со два отвори
како на сликата.
Дозволени алати за брусење
Може да ги користите сите алати за брусење наведени во ова упатство за употреба.
Дозволениот број на вртежи [min ^-1 ] одн. периферната брзина [m/s] на употребениот алат за брусење мора да одговара на податоците во следната табела.
Затоа внимавајте на дозволениот број на вртежи одн. периферната брзина на етикетата на алатот за брусење.
макс. [mm] [mm] [°]


Dbsda[min
-1] [m/s]

▶ Не го оптоварувајте многу електричниот алат, додека не дојде во состојба на мирување.
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
▶ Внимавајте на процепите во носечките сидови „Напомени за статика“.
Затегнете го делот што се обработува, доколку не налегнува сигурно со својата тежина.
▶ По силното оптоварување, оставете го електричниот алат уште неколку минути во празен од, за да се излади.
▶ Електричниот алат не го користете со држач за сечење.
▶ Не ги допирајте брусните плочи и дисковите за сечење додека не се оладат. Плочите за време на работењето стануваат многу жешки.
Совети при работењето
Грубо брусење
▶ При грубото брусење со композитни брусни средства секогаш користете ја заштитната хауба за брусење (6)/(33).
▶ Никогаш не ги користите брусните плочи за сечење за грубо брусење.
▶ При грубото брусење заштитната хауба за сечење (16)/(34) или заштитната хауба за брусење (6)/(33) со монтиран поклопец за сечење (27) во делот што се обработува и да доведе до губење на контролата.
Со подесување на аголот од 30° до 40° при грубо брусење ќе добиете најдобри резултати при работењето. Поместувајте го електричниот алат напред и назад со умерен притисок. Притоа, делот што се обработува нема да се вжешти, да се ја промени бојата и нема да има бразди.
▶ При употребата на композитни плочи, кои се одобрени и за сечење и за брусење, може да се користи заштитната хауба за сечење (16)/(34) одн. заштитната хауба за брусење (6)/(33) со монтиран поклопец за сечење (27).
Површинско брусење со ламелеста брусна плоча
▶ При брусење со ламелеста брусна плоча секогаш користете ја заштитната хауба за брусењето (6)/(33).
Со ламелестата брусна плоча во вид на лепеза (опрема) може да обработувате заoblени површини и профили. Ламелестите брусни плочи во вид на лепеза имаат подолгрок на употреба, пониско ниво на бучава и пониски температури при брусеньето отколку вообичаените брусни плочи.
Површинско брусење со брусен диск
▶ При работењето со гумен диск за брусење (23) секогаш монтирајте ја заштитата за раçете (22).
Брусењето со брусен диск може да се изврши без заштитна хауба.
Редоследот на монтажата може да се види на графичката карта.
Навртете ја тркалезната навртка (25) и затегнете ја со клуч со два отвори.
▶ При четкањето со плочеста четка секогаш користете ја заштитната хауба за брусење (6)/(33). Четкањето со лончеста четка/конусна четка може да се изврши без заштитна хауба.
▶ При работењето со лончеста или конусна четка секогаш монтирајте ја заштитата за рацете (22).
Жиците на плочестите четки може да се заглават на заштитната хауба и да се скршат ако се надминат максимально дозволените димензии на плочестите четки.
Редоследот на монтажата може да се види на графичката карта.
Лончестата/конусната/плочестата четка со навој M14 мора да се наврти на вретеното за брусење додека цврсто не налегне на прирабницата на вретеното за брусење на крајот на навојот на вретеното за брусење. Затегнете ја лончестата/конусната/плочестата четка со вилушкаст клуч.
За прицврстување на плочестата четка со дијаметар 22,22 mm ставете ја приклучната прирабница на вретеното за брусење (19), завртете ја тркалезната навртка (25) и затегнете ја со клучот со два отвори.
Сечење на метал
▶ За сечење на метал со композитен диск за сечење или со дијамантски диск за сечење секогаш користете ја заштитната хауба за сечење (16)/(34) одн. заштитната хауба за брусење (6)/(33) со монтиран поклопец за сечење (27).
▶ При употребата на заштитна хауба за брусење (6)/(33) за сечење со композитен диск за сечење постои голем ризик да бидете изложени на искри и честички како и делови од дискот при кршење на дискот.
При сечењето со брусни плочи секогаш работете со умерено поместување нанапред по материјалот. Не правете притисок на брусната плоча за сечење, не навалувајте и не осцилирајте.
Не ги блокирајте брусните плочи за сечење што излегуваат со страничен противпритисок.

Електричниот алат секогаш мора да се води во спротивен правец на движење. Инаку постои опасност, тој неконтролирано да се истисне од резот. При сечење на профили и четириаголни цевки, најдобро е да поставите на најмалиот пресек.
Сечење на камен
За сечење на метал со композитен диск за сечење или со дијамантски диск за сечење за камен/бетон секогаш користете ја хаубата за всисување при сечење со лизгачки водилки (21)/(35) или заштитната хауба за сечење (16)/(34) или заштитната хауба за брусење (6)/(33) со монтиран поклопец за сечење (27).
▶ При сечењето во камен погрижете се за довольно вшмукување на правта.
▶ Носете маска за заштита од прав.
▶ Електричниот алат смее да се користи само за сечење/брусење на суви материјали.
▶ При употребата на заштитна хауба за сечење (16)/(34), заштитната хауба за брусење (6)/(33) или заштитната хауба за брусење (6)/(33) со монтиран поклопец за сечење (27) за сечење и брусење во бетон или sidни конструкции, постои зголемена изложеност на прашина и зголемен ризик од губење контрола над електричниот алат, што може да доведе до повратен удар.
За сечење на камен најдобро е да употребите дијамантска брусна плоча за сечење.
При користење на хаубата за всисување за сечење со лизгачки водилки (21)/(35) всисувачот на прав мора да биде дозволен за всисување на правта од каменот. Bosch ги нуди соодветните всисувачи на прав.

Включете го електричниот алат и поставете го со предниот дел на лизгачките водилки на делот што се обработува. Поместувајте го електричниот алат со умерено движење по материјалот што се обработува.
При сечење на особено цврсти материјали на пр. бетон со чакал, дијамантскиот диск за сечење може да се прегрее и да се оштети. Венецот од искри кој кружи околу дијамантскиот диск за сечење јасно укажува на тоа.
Во таков случај прекинете го процесот на сечење и оставете го кратко дијамантскиот диск за сечење во празен од при највисок број на вртежи, за да се олади.
Значителното попуштање во работата и венецот од искри кој кружи се знаци за отапена дијамантска брусна плоча. Може повторно да ја наострите со кратки резови во абразивен материјал, на пр. силикатен камен.
Сечење на други материјали
▶ При сечење на други материјали како пластика, композитен материјал итн. со композитен диск за сечење или карбиден диск за сечење Carbide Multi Wheel секогаш користете ја заштитната хауба за сечење (16)/(34) или заштитната хауба за брусење (6)/(33) со монтиран поклопец за сечење (27). Со користењето на хаубата за всисување со лизгачки водилки (21)/(35) ће постигнете подобар резултат од всисувањето прав.
Работење со дијамантска крупеста бургија
▶ Користете само сува дијамантска крупеста бургија.
▶ При работењето со дијамантската крупнеста бургија секогаш монтирајте ја заштитата за рацете (22).
Не поставувајте ја дијамантската крупнеста бургија паралелно на делот што се обработува. Навалете се во делот што се обработува под агол и со кружни движења. Ова ви овозможува да постигнете оптимално ладење и подолг работен век на дијамантската крупнеста бургија.
Напомени за статиката
Процепите во носечките сидови подлежат на прописите специфични за земјата. Мора задолжително да се придржувате до овие прописи. Пред почетокот на работата повикајте го одговорниот статичар, архитект или надлежните градежни раководители за да се советувате.
Ставање во употреба
▶ Внимавајте на електричниот напон! Напонот на струјниот извор мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот алат.
При работа на електричниот алат со мобилни произведувачи на струја (генератори), кои не располагаат со довольно резерви на јачина, одн. не располагаат со соодветна регулација на јачина, може да
дојде до губење на јачината или нетипично однесување при вклучување.
Ве молиме внимавајте на погодноста на производителот на струја, особено во поглед на мрежниот напон и фреквенција.
▶ Држете го уредот само за изолираните рачки и дополнителната рачка. Алатот за вметнување може да дојде во контакт со скриени струјни кабли или сопствениот кабел. Контактот со струјниот кабел може металлите делови на уредот да ги стави под напон и да доведе до електричен удар.
Вклучување/исклучување

Конструкција на прекинувачот со блокада
За ставање во употреба на електричниот алат, притиснете го најпрво прекинувают за вклучување/исклучување (3) ①, потоа турнете го нанапред ②. Притиснете го на крај и држете го притиснат ③. За заклучување на притиснатиот прекинувач за вклучување/исклучување (3) вметнете го прекинувачот за исклучување/вклучување (3) нанапред ④.
За да го исключите, електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (3) одн. доколку тој е блокиран, кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (3) и потоа отпуштете го.
Конструкција на прекинувачот без блокада
За ставање во употреба на електричниот алат, притиснете го најпрво прекинувают за вклучување/исклучување (3) ①, потоа турнете го нанапред ②. Притиснете го на крај и држете го притиснат ③.
За да го исклучите, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (3).
▶ Пред употребата проверете ги алатите за брусење. Алатот за брусење мора да биде монтиран беспрекорно и да може слободно да се врти. Направете проба од најмалку 1 минута без оптоварување. Не користете оштетени, нетркалезни или алати за брусење што вибрираат.
Оштетените алати за брусење може да пукнат и да предизвикаат повреди.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
▶ Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
Доколку е потребно користење на приключен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста.
Складирајте и третирајте го приборот со внимание.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ће најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Јани Лукровски 66; Т.Ц Автокоманда локал 69 1000 Скопје
E-пошта: servisrojka@yahoo.com
Тел: +389 2 3174-303
Mo6: +389 70 388-520,-530
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:
Електричните алати, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не ги фрлајте електричните алати во домашната канта за отпадоци!
Само за земјите од ЕУ:
Електричните алати кои повеке не се употребливи мора да се фрлаат посебно. Користете ги предвидените системи за собирање.
Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на лућето поради можното присуство на опасни материи.