HAF2900D - фритеза HISENSE - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот HAF2900D HISENSE во PDF формат.
Прашања на корисниците за HAF2900D HISENSE
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот фритеза во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник HAF2900D - HISENSE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. HAF2900D на марката HISENSE.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК HAF2900D HISENSE
Важни безбедносни упатства Внимателно прочитајте ги упатствата за употреба пред употреба на апаратот.
Чувајте ги упатствата за употреба, гарантниот лист, фискалната сметка и по можност пакувањето на апаратот.
2. Не потопувајте го куќиштето со електричните компоненти и грејните
елементи во течност и не плакнете ги под вода.
3. Спречете секакво навлегување на вода или друга течност во апаратот
бидејќи ова може да предизвика електричен шок.
4. Секогаш поставете ја храната која треба да се пржи во корпата за пржење
со цел да избегнете допир со грејните елементи.
5. Не покривајте ги влезните и излезните вентили за воздух за време на
работата на апаратот.
6. Не полнете го внатрешниот сад со масло бидејќи ова може да доведе до
7. Во никој случај не допирајте ги внатрешните делови од апаратот за време
8. Пред поврзување на апаратот со изворот на напојување, уверете се дека
напонот кој е назначен на апаратот одговара со напонот на локалната електрична мрежа во вашиот дом.
9. Не употребувајте го апаратот ако приклучокот, кабелот за напојување,
или која било друга компонента е оштетена.
10. Ако кабелот за напојување е оштетен, кабелот треба да се замени
единствено од Горење или овластен центар за сервисирање и поправки на Горење или соодветно обучено стручно лице.
11. Овој апарат не е наменет за употреба од стана на деца под 8 години и
лица со намалени физички, сензорни или ментални способности, и лица со недостаток на пракса и знаење, освен во случаи каде апаратот се користи под надзор или согласно инструкции за употреба на апаратот во однос на безбедноста при употреба и можните опасности кои може да произлезат од употребата на овој апарат.
12. Потребно е посебно внимание кога апаратот се користи од деца или во
близина на деца. Овој апарат не е играчка. Не е дозволено деца да го чистат или одржуваат апаратот освен ако не се постари од 8 години и го вршат тоа под надзор. По употребата складирајте го апаратот на безбедно место надвор од дофатот на децата.
13. Држете го кабелот за напојување подалеку од топли површини.
14. Не вклучувајте го кабелот за напојување во прекинувачот и не користете
ја контролната плоча на апаратот со мокри раце.32
15. Само поврзете го апаратот со заземјен приклучок. Уверете се дека
приклучокот е правилно внесен/приклучен.
16. Овој апарат не може да се контролира со надворешен тајмер или посебен
далечински систем на управување.
17. Не поставувајте го апаратот на или во близина на запалив материјал како
чаршав за маса или завеса.
18. Не поставувајте го апаратот веднаш до ѕидот или врз други апарати.
Уверете се дека има простор од најмалку 10 см зад, веднаш до и над апаратот. Не поставувајте други предмети врз апаратот.
19. Користете го овој апарат исклучиво за намената на која и служи според
20. Не оставајте го овој апарат да работи без присуство на лице кое може да
21. За време на пржењето со циркулација на топол воздух, се ослободува
топла пареа преку излезните вентили за воздух. Внимавајте да не се приближите премногу до излезните вентили за воздух со рацете и лицето. Исто така бидете внимателни да не се изгорите на пареата додека го отстранувате внатрешниот сад за пржење од апаратот.
22. За време на работата на апаратот, работните површини на апаратот
23. Доколку се случи да се појави црн чад од апаратот, веднаш исклучете го
истиот. Пред да го отстраните садот од апаратот, почекајте да стивне
24. Поставете го апаратот на рамна и стабилна цврста подлога.
25. Апаратот е наменет да се користи исклучиво во некомерцијални цели
односно за потребите на домаќинството. Не е наменет за употреба во средини како кантини во продавници, канцеларии, здруженија или други работни средини. Исто така не е наменет да се користи од гости во хотелски соби, мотели, хостели и други сместувачки капацитети.
26. Ако апаратот не се користи правилно или ако се користи за комерцијални
или полу-професионални цели или на начин спротивен од овие упатства, гаранцијата нема да важи и Hisense не презема одговорност за потенцијалната предизвикана штета.
27. За проверка или поправка на апаратот, ве молиме контактирајте го
овластениот сервисен центар на Hisense.
28. Не обидувајте се да го поправите апаратот самостојно бидејќи во тој
случај гаранцијата нема да важи.
29. Секогаш исклучете го апаратот од главниот извор на напојување по
30. Пред да го држите или чистите апаратот, почекајте апаратот да се олади
приближно 30 минути.
31. Уверете се дека храната која ја готвите во апаратот е со златно- кафена
боја наместо темно- кафена или само кафена боја. Отстранете ги сите33 остатоци од изгорена храна. Не пржете компири на температура над 180 °C (го редуцира формирањето на акриламиди). Овој апарат е означен во сообразност со Европската Директива 2012/19/EЗ за отпад од електрична и електронска опрема – WEEE. Директивата ги прецизира условите за прибирање и управување со отпад од електрична и електронска опрема кои важат за целата Европска Унија. Автоматско исклучување Овој апарат е опремен со тајмер. Кога времето ќе истече апаратот ќе даде сигнал и автоматски ќе се исклучи. Пред да го употребите апаратот за прв пат отстранете го апаратот од амбалажата. Ако има какви било ознаки или лепенки на апаратот отстранете ги. Измијте ја корпата и внатрешниот сад за пржење со топла вода. Не користете абразивни или агресивни средства за чистење. Користете влажна крпа за чистење на внатрешниот и надворешниот дел на апаратот. Не мијте го внатрешниот сад и корпата за пржење во машината за миење на садови. Апаратот користи циркулирање на топол воздух за пржење. Поради ова не полнете го внатрешниот сад за пржење со масло за пржење или други маснотии! Електрично напојување: Овој апарат може да се поврзе само со точно прилагоден напон од 220-240 V ~ 50-60 Hz на електричната мрежа. Општ опис (Слика 1)
1. Отстранете ја целата амбалажа.
2. Отстранете ги сите лепенки или етикети од апаратот.
3. Темелно исчистете ја решетката и корпата со топла вода, малку течност за садови и
4. Пребришете ги внатрешноста и надворешноста на апаратот со влажна крпа.
Ова е фритеза која не користи масло за готвење и работи на топол воздух. Не ставајте масло или маст за пржење директно во корпата. Белешка: Кога фритезата ќе се загрее за прв пат, може да емитува малку чад или мирис. Тоа е нормално кај многу апарати што се загреваат. Тоа не влијае врз безбедноста на апаратот. Подготовка на апаратот за употреба
1. Поставете го апаратот на стабилна, хоризонтална и рамна површина.
Не поставувајте го апаратот на површина што не е отпорна на топлина.
2. Ставете ја решетката за пржење во корпата.
Не полнете ја корпата со масло или друга течност. Не ставајте ништо на врвот на апаратот, бидејќи тоа може да го попречи протокот на воздух и да влијае врз резултатот од пржењето на топол воздух. Употреба на апаратот
1. Поврзете го приклучокот за струја во заземјен ѕиден штекер.
2. Внимателно извлечете ја корпата од фритезата (Слика 2).
3. Ставете ги состојките во корпата. (Слика 3).
4. Полека вратете ја корпата во фритезата (Слика 4).
5. Никогаш не користете ја корпата без решетката за пржење во неа.
Внимание: Не допирајте ја корпата за време употребата и некое време по тоа, бидејќи многу се вжештува. Држете ја корпата исклучиво за рачката.
6. Одредете го потребното време за подготовка на состојката (видете го делот „Поставки“ во ова
7. Некои состојки е потребно да се протресат на половина од времето на подготовка (видете го
делот „Поставки“ во ова поглавје). За да ги протресете состојките, извлечете ја корпата од апаратот држејќи ја за рачката и протресете ја. Потоа, полека вратете ја корпата во фритезата на топол воздух.
8. Кога ќе го слушнете звукот, тоа значи дека поставеното време за подготовка истекло.
Извлечете ја корпата од апаратот. Белешка: Притиснете го копчето за вклучување и држете го притиснато 2 секунди. Потоа, може рачно да го исклучите апаратот. Совет: температурата и времето на приготвување може да ги подесите според ваша желба во текот на употребата на апаратот.
6. Проверете дали состојките се готови.
7. Ако состојките сè уште не се подготвени, едноставно вратете ја корпата во апаратот и
поставете го тајмерот на уште неколку дополнителни минути.
8. За да ги отстраните состојките (на пр., помфритот), извлечете ја корпата од фритезата и
ставете ја на работната маса.
9. Не превртувајте ја корпата наопаку, бидејќи вишокот масло што се насобрал на дното од
корпата ќе истече на состојките.
10. Корпата и состојките се жешки. Во зависност од видот на состојките во фритезата, од
корпата може да избие пареа.
11. Користете соодветен прибор за префрлање на храната во чинија.
12. Кога готвењето на една група состојки ќе заврши, фритезата на топол воздух е веднаш
подготвена за готвење друга група состојки.36
Упатство за контролниот панел
Копче 1 – Копче за вклучување Откако ќе ги ставите и двата сада правилно во главното куќиште, светнува индикаторот за напојување. Изберете го копчето за вклучување за да го префрлите апаратот во режим на подготвеност. Откако ќе го изберете садот што ќе го користите, притиснете го копчето за вклучување по втор пат, за да започнете со процесот на готвење. Копче 2 – Копче за однапред зададени вредности Со избирање на ова копче, може да пребарувате и да изберете еден од 8-те популарни начини на готвење (од 17 до 24). Со одбирање на саканата функција, се подесуваат однапред зададените време и температура на готвење. Копче 3 – Копче за левиот сад Допрете го копчето за левиот сад. Ќе светне знакот на копчето на функцијата на левата страна на фритезата. Менито автоматски се префрла на првото мени (помфрит), а индикаторот за помфрит трепка. Знакот за левиот сад на контролниот панел ќе трепка и наизменично ќе ги прикажува стандардната температура и време за програмата за помфрит. Кога ќе се прикаже температурата, индикаторот за температура во горниот лев агол на екранот постојано ќе свети. Кога ќе се прикаже времето, индикаторот за времето во долниот лев агол на екранот постојано ќе свети. Ако го притиснете и го држите копчето за левиот сад притиснато 2 секунди, може да го откажете изборот на левиот сад и апаратот ќе се врати во режим на подготвеност. Копче 4 – Копче за десниот сад Допрете го копчето за десниот сад. Ќе светне знакот на копчето на функцијата на десната страна на фритезата. Менито автоматски се префрла на првото мени (помфрит), а индикаторот за помфрит трепка. Знакот за десниот сад на контролниот панел ќе трепка и наизменично ќе ги прикажува стандардната температура и време за програмата за помфрит. Кога ќе се прикаже температурата, индикаторот за температура во горниот лев агол на екранот постојано ќе свети. Кога ќе се прикаже времето, индикаторот за времето во долниот лев агол на екранот постојано ќе свети. Ако го притиснете и го држите копчето за десниот сад притиснато 2 секунди, може да го откажете изборот на левиот сад и апаратот ќе се врати во режим на подготвеност. Копче 5 и копче 6 – копчиња за контрола на времето и температурата на левиот сад Со копчињата 5 и 6 може да ја зголемувате или намалувате температурата на готвење за левиот сад за 5 °C. Температурата се менува брзо со притискање и држење на копчето37 притиснато. Опсег на контрола на температурата: 80 °C – 200 °C. Копчињата може да се користат и за зголемување или намалување на времето за готвење на левиот сад, при што времето се менува за една минута со едно притискање. Времето на готвење се менува брзо со притискање и држење на копчето притиснато. Опсег на контрола на времето: 1 мин – 60 мин. Копче 7 и копче 8 – копчиња за контрола на времето и температурата на десниот сад Со копчињата 7 и 8 може да ја зголемувате или намалувате температурата на готвење на десниот сад за 5 °C. Температурата се менува брзо со притискање и држење на копчето притиснато. Опсег на контрола на температурата: 80 °C – 200 °C. Копчињата може да се користат и за зголемување или намалување на времето за готвење на десниот сад, при што времето се менува за една минута со едно притискање. Времето на готвење се менува брзо со притискање и држење на копчето притиснато. Опсег на контрола на времето: 1 мин – 60 мин. Копче 9 – копче за одбирање на температурата Допрете го копчето за одбирање на температурата. Потоа може да ја менувате температурата прикажана на екранот според потребите. Копче 10 – копче за избор на времето на готвење Допрете го копчето за избор на времетраењето. Потоа може да го менувате времето на готвење прикажано на екранот според потребите. Сијаличка на индикаторот “11” Екран за левиот сад Сијаличка на индикаторот “12” Индикатор на температурата за левиот сад Сијаличка на индикаторот “13” Индикатор на времето на готвење за левиот сад Сијаличка на индикаторот “14” Екран за десниот сад Сијаличка на индикаторот “15” Индикатор на температурата за десниот сад Сијаличка на индикаторот “16” Индикатор на времето на готвење за десниот сад Сијаличка на индикаторите “17–24” Индикатор на рецепт Детално упатство за работа
1. Режим на подигање
Најпрво, проверете дали корпата е правилно наместена во апаратот. Потоа, ставете го приклучокот во штекерот. Апаратот се вклучува и испушта еден звучен сигнал. Сите светла се палат и остануваат запалени една секунда, а потоа се гаснат. Знакот за напојување е осветлен.
2. Режим на подготвеност
Допрете го знакот за вклучување; знакот за избор на корпата 1 и знакот за избор на корпата 2 светнуваат и остануват запалени. Апаратот влегува во режим на подготвеност. Кога уредот е во овој режим и не се употреби во рок од 3 минути, се префрла во режим на подигање.
3.1.1. Допрете го копчето за лева корпа еднаш. Ознаките во подрачјето 1 и подрачјето
2 светнуваат и остануваат запалени цело време. Се прикажуваат автоматски зададените вредности за помфрит, при што на екранот наизменично се прикажуваат автоматски зададената температура и време на готвење. Доколку го притиснете копчето за вклучување и го држите притиснато 2 секунди, се откажува изборот на левата корпа и уредот влегува во режим на подготвеност.
3.1.2. Со допирање на копчето за подесување (preset) може да го изберете менито
што сакате да го користите. Притиснете го ова копче еднаш за да се префрлите на следното мени; избраната ознака од менито трепка и се прикажуваат стандардната температура и време. Менито може да се пребарува и избира од првата до осмата ознака.38
3.1.3. Допрете го копчето за температура. Температурата на тековното мени трепка
на екранот. Со притискање на копчето за контрола на температурата може да ја менувате температурата за по 5 °C. Ако го притиснете копчето за температура и го задржите притиснато, температурата постојано ќе се менува. Температурата може да се менува во опсег од 80 °C – 200 °C за секој рецепт.
3.1.4. Допрете ја иконата на копчето за време. Стандардното или поставеното време
за избраното мени ќе трепка на екранот. Притиснете го копчето за контрола на времето за да го менувате времето за по 1 минута. Ако го притиснете копчето за контрола на времето, времето постојано се менува. Времето може да се менува од 1 до 60 минути за секој рецепт.
3.1.5. Кога ќе ги одберете рецептот, температурата и времето на готвење, допрете го
копчето за вклучување. Левата корпа почнува да работи, а тековното време на готвење се одбројува на екранот.
3.1.6. За да ја подесите температурата или времето на готвење во текот на процесот
на готвење, притиснете го копчето за температура или за време на готвење еднаш, а потоа со последователно притискање на копчето за температура или за време на готвење може да ги менувате температурата или времето на готвење. За време на процесот на подесување, уредот продолжува да работи.
3.1.7. За да го ресетирате рецептот за време на процесот на готвење, притиснете го
копчето за вклучување еднаш за да го паузирате готвењето; грејачот и моторот престануваат да работат. Потоа, следете ги чекорите од 3.1.2 до 3.1.5 за да го ресетирате рецептот и да продолжите со готвењето. 3.2. Паузирање или исклучување на апаратот во текот на процесот на готвење
3.2.1. За да го паузирате процесот на готвење додека тоа е во тек, притиснете го
копчето за вклучување еднаш за да го паузирате греењето и работата на моторот. Ако не се зададе следна операција во рок од 3 минути по паузирањето на апаратот, тој влегува во режим на подготвеност.
3.2.2. За да го исклучите апаратот за време на готвењето, притиснете го копчето за
вклучување и држете го притиснато 2 секунди, додека на екранот не се појави ознаката „ИСКЛУЧЕНО“ (“OFF”). Апаратот испушта еден звучен сигнал, екранот се исклучува и апаратот влегува во режим на подготвеност. Потоа, притиснете го копчето за вклучување и држете го притиснато 2 секунди и апаратот влегува во режим на подигање. 3.3. Вадење на корпата
3.3.1. Ако корпата се извади од апаратот во кое било време, на екранот се прикажува
„ОТВОРЕНО“ (“OPEN”).
3.3.2. Ако корпата се извади за време на процесот на готвење, апаратот престанува
да работи (прекинува работата и на греењето и на моторот). Кога корпата ќе се врати, апаратот продолжува со работа според последните поставки. 3.4. Режим на работа на десната корпа
3.4.1. Допрете го копчето за десната корпа и потоа следете ги чекорите од 3.1.2 до
3.1.7 за понатамошните чекори.
3.5. Процесот на готвење завршил
3.5.1. Кога процесот на готвење ќе заврши, на екранот се прикажува
„ИСКЛУЧЕНО“ ("OFF") и апаратот испушта звучен сигнал 5 пати. Потоа, екранот се исклучува, а апаратот влегува во режим на подготвеност.
4. Режим на работа на двете корпи
4.1. Вклучување на двете корпи
4.1.1. Најпрво, изберете една страна и изберете ги поставките на менито,
температурата и времето на готвење според чекорите од 3.1.2 до 3.1.7. Потоа, изберете ја другата страна и на ист начин поставете ги потребните рецепти, температура и време на готвење.
4.1.2. Притиснете го копчето за вклучување. Двете корпи почнуваат да работат во
исто време. На екранот се прикажува одбројувањето на преостанатото време за двете корпи.39
4.1.3. Алтернативно, може и прво да ја пуштите во работа само едната страна според
чекорите од 3.1.1 до 3.1.7, а потоа да ја вклучите и другата страна според 3.5.1. 4.2. Одберете ги поставките за режимот на работа на двете корпи
4.2.1. Во режимот на работа на двете корпи, и двете корпи работат истовремено. За
да ја поставите температурата или времето на готвење на левата или на десната корпа, притиснете го копчето за левата или копчето за десната корпа, а потоа следете ги чекорите 3.1.6 и 3.1.7 за да ги комплетирате поставките. 4.3. Паузирање или исклучување на апаратот во текот на процесот на готвење
4.3.1. За да ја паузирате работата само на едната страна за време на режимот на
работа на дете корпи, прво притиснете го копчето за левата или за десната корпа, а потоа притиснете го копчето за вклучување. Работењето на соодветната корпа ќе биде паузирано. Ако не биде зададена операција во следните 3 минути, паузираната страна се префрла во режим на подготвеност. За да го паузирате работењето на двете страни, само притиснете го копчето за вклучување и работењето на двете страни ќе биде паузирано. Ако не биде зададена понатамошна функција во следните 3 минути, двете страни влегуваат во режим на подготвеност. За да продолжите со работа, притиснете еднаш на копчето за вклучување.
4.3.2. За да ја исклучите едната страна за време на процесот на готвење, прво
притиснете копчето за левата или за десната корпа, а потоа притиснете го копчето за вклучување и задржете го притиснато 2 секунди. Потоа, избраната корпа (или страна) се префрла во режим на подготвеност. За да ги исклучите двете страни, притиснете го копчето за вклучување и задржете го притиснато 2
4.4. Вадење на корпата
4.4.1. Ако корпата се извади од апаратот во кое било време, на екранот се прикажува
„ОТВОРЕНО“ (“OPEN”).
4.4.2. Ако една од корпите се извади за време на процесот на готвење, соодветната
страна престанува да работи (прекинува работата и на греењето и на моторот). Кога корпата ќе се врати, апаратот продолжува со работа според последните
4.5.1. Кога процесот на готвење ќе заврши, на екранот се прикажува
„ИСКЛУЧЕНО“ ("OFF") и апаратот испушта звучен сигнал 5 пати. Потоа, екранот се исклучува, а апаратот влегува во режим на подготвеност.
5. Режим на подигање: кога апаратот е во овој режим, свети единствено копчето за вклучување.
6. Режим на подготвеност: светат и копчето за вклучување, и копчето за левата и копчето за
7. Одбирање на поставките
7.1. Одбирање на поставките кога апаратот не работи
7.1.1. Копчето на соодветната функција секогаш свети. Индикаторот за избраниот
рецепт трепка, останатите индикатори од менито се секогаш вклучени, додека соодветниот екран трепка наизменично, прикажувајќи ја температурата/времето на готвење на избраниот рецепт. Кога го поставувате менито, трепка избраниот рецепт. За да ја поставите температурата, притиснете го копчето за температура. Екранот трепка, прикажувајќи ја моменталната температура. Притиснете го копчето за време на готвење за да го одредите времетраењето; екранот трепка и го прикажува тековното време на готвење. Кога апаратот е во режим на работа на двете корпи, менито за страната што не е избрана не трепка; соодветниот екран наизменично ги прикажува температурата и времето на готвење, без да трепка. За време на овој процес, грејачите и моторите не
7.2. Одбирање на поставките во текот на процесот на готвење40
7.2.1. Во текот на процесот на готвење, менито не трепка; наместо тоа, осветлена е
само ознаката за одбраниот рецепт. Екранот трепка, наизменично прикажувајќи ги температурата и времето на готвење. Температурата и времето на готвење може да се постават на начинот опишан во точките 3.1.3 и 3.1.4, но рецептот не може да се менува. Грејачот и вентилаторот работат непрекинато. 7.3. Паузирање на работата: копчето на соодветната функција постојано свети; индикаторот на одбраното мени трепка, а другите индикатори постојано светат. Соодветниот екран трепка, наизменично прикажувајќи ги температурата и времето на готвење на одбраното мени. Грејачот и вентилаторот престануваат да работат и сега може да се менуваат менито, времето на готвење и температурата. 7.4. Процес на работа: копчето на соодветната функција постојано свети, индикаторот за избраниот рецепт е секогаш вклучен, а останатите индикатори на менито се исклучени. Соодветниот екран го прикажува преостанатото време на готвење на избраниот рецепт, а грејачот и вентилаторот работат непрекинато. Кога двете корпи работат истовремено, копчето за левата корпа и копчето за соодветниот рецепт за таа корпа трепкаат истовремено, по еднаш на секои 6 секунди. 3 секунди подоцна, копчето за десната корпа и копчето за соодветниот рецепт за таа корпа трепкаат истовремено, по еднаш на секои 6 секунди.
8. Функција на меморија: апаратот има мемориска функција. На пример, ако го изберете менито
пилешки крилца за десната корпа и ја поставите температурата на 190 °C, а времето на готвење на 22 минути, по завршувањето на употребата, доколку апаратот не се исклучи, се применуваат истите поставки. Кога ќе ја одберете десната корпа за време на следната употреба, веднаш се прикажува менито пилешки крилца, со температура поставена на 190 °C и времето на готвење поставено на 22 минути. Меморијата се брише кога апаратот е исклучен 1 час. Ако го вклучите апаратот по еден час и ја одберете десната корпа, се прикажува првичната состојба.
9. 2. Исклучување на меморијата: Ако апаратот случајно се исклучи од напојувањето за време
на употребата, се враќа на поставките кои биле активни пред прекинот на напојувањето, под услов напојувањето повторно да се воспостави во рок од 30 минути.
Долната табела може да ви помогне да ги изберете основните поставки за состојките. Белешка: Имајте на ум дека овие поставки се само индикативни. Бидејќи состојките се разликуваат по потекло, големина, облик и бренд, не можеме да гарантираме најдобри поставки за вашите состојки. Бидејќи технологијата за брз проток на топол воздух повторно го загрева воздухот во апаратот веднаш, краткотрајното извлекување на корпата од апаратот за време на пржењето на топол воздух нема значително да го наруши процесот.
4. За помалите состојки обично е потребно малку пократко време за подготовка од
5. За поголема количина на состојки потребно е само малку подолго време за подготовка, за
помала количина состојки потребно е само малку пократко време за подготовка.
6. Со протресување на помалите состојки на половина од времето на подготовка се
оптимизира конечниот резултат од готвењето и може да помогне да се спречи нерамномерно пржење на состојките.
7. Додајте малку масло во свежиот компир за да бидат крцкави. Откако ќе го додадете
маслото, испржете ги состојките во фритезата за пржење на топол воздух во рок од неколку минути.
8. Не подготвувајте прекумерно мрсни состојки, како што се колбаси, во фритезата на топол
9. Закуски што може да се подготват во рерна може да се подготват и во фритезата на топол
11. Користете однапред подготвено тесто за брзо и лесно да зготвите полнети закуски. За
однапред подготвеното тесто е потребно и пократко време за подготовка од рачно направеното.
12. Ставете калап за печење или сад за печење во корпата на фритезата ако сакате да печете
колач или киш или ако сакате да пржете деликатни состојки или јадења со фил или
Белешка 1: Додајте 3 минути на времето на готвење кога почнувате со пржење додека апаратот е се уште студен. Белешка 2:Температурата или времето на готвење може да се менуваат според фактичкото време на готвењето кога се готви истовремено во две корпи.
Чистете го апаратот по секоја употреба. Не користете метален кујнски прибор или абразивни средства за чистење на корпата и решетката за пржење, бидејќи така може да се оштети нелепливиот слој.
1. Извадете го приклучокот за струја од ѕидниот штекер и оставете го апаратот да се излади.
Напомена: Извадете ја корпата за апаратот побрзо да се излади.
2. Пребришете ја надворешната страна на апаратот со влажна крпа.
Исчистете ги корпите со топла вода, малку течност за миење и сунѓер што не е абразивен.
3. Може да користите течност за одмастување за да ја отстраните преостанатата
нечистотија. Совет: Ако нечистотијата е залепена на полицата (решетката) или на дното на корпата, наполнете ја корпата со топла вода и малку течност за миење. Ставете ја решетката за пржење во корпата и оставете ги корпата и решетката да киснат приближно 10 минути.
4. Исчистете ја внатрешноста на апаратот со топла вода и сунѓер што не е абразивен.
5. Исчистете го грејниот елемент со четка за чистење, за да ги отстраните сите остатоци од
Апаратот не е приклучен на
Приклучете го струјниот кабел во заземјен штекер. Состојките испржени во фритезата не се
Претерана количина на состојки или преголеми
Наполнете ја корпата со препорачаната количина (или големина) на состојки. Температурата е прениска. Променете ја температурата
Апаратот не е претходно
Поставете го времето потребно за подготовка. Состојките не се подеднакво испржени. Одредени видови состојки треба да се протресат на половина од готвењето. Состојките коишто се една врз друга или една преку друга (на пр., помфритот) треба да се протресат на половина од времето на подготовка. Испржените закуски не се крцкави кога се вадат од фритезата. Готвени се видови закуски кои се наменети за подготовка во традиционална фритеза. Приготвувајте закуски за во рерна или нанесете малку масло на закуските за да бидат покрцкави. Корпата не може правилно да се стави во апаратот. Премногу состојки во корпата. Не полнете ја корпата над ознаката MAX. Корпата не е правилно ставена во апаратот. Спуштајте ја корпата полека во апаратот додека не чуете „клик“. Од апаратот излегува
Се готват масни состојки. Кога готвите масни состојки, голема количина масло истекува во корпата. Маслото дава бел чад, а корпата може да е загреана повеќе од обично. Тоа не влијае врз апаратот или готвењето. Корпата не е исчистена по последната употреба. Бел чад се создава поради маслото кое се загрева во корпата. Корпата треба да се чисти правилно по секоја употреба. Помфритот не е испржен подеднакво. Не се користи правилниот вид
Користете свежи компири и проверувајте дали се цврсти во текот на готвењето. Компирчињата не се убаво измиени пред готвењето. Исплакнете ги компирчињата правилно, за да го отстраните скробот од надворешната страна. Компирчињата не се
Крцкавоста на компирчињата зависи од количината масло и вода во нив. Исушете ги компирчињата темелно. Исечете ги компирчињата на помали парчиња за да бидат
Премачкајте ги со малку масло за да бидат покрцкави.
Апаратот е сообразен со СЕ Директивите за безбедност на радио интерференции и низок напон и е усогласен со сите важечки услови и барања за безбедност.43 ЖИВОТНА СРЕДИНА На крајот на векот на користење на апаратот ве молиме не фрлајте го апаратот заедно со другиот комунален отпад од домаќинството. Наместо тоа, однесете го во овластен центар за рециклирање на отпад. Со ова, вие допринесувате во зачувување на животната средина. ГАРАНЦИЈА И ПОПРАВКИ За повеќе информации или во случај на проблем, ве молиме контактирајте го Центарот за грижа на корисници на Hisense во вашата земја (телефонскиот број е наведен во Меѓународниот Гарантен Лист). Во случај да не постои таков центар во вашата земја, ве молиме контактирајте го локалниот дилер на Hisense или одделот за мали апарати за домаќинството на Hisense. Не е за комерцијална употреба! ВИ ПОСАКУВА МНОГУ ЗАДОВОЛСТВА ПРИ УПОТРЕБА НА ОВОЈ
Го задржуваме правото на воведување на измени во упатството.44
компонент е повреден.
Подготовка на уреда за употреба
ЛесноУпатство