T 1593.9 HDA - Трактор AL-KO - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот T 1593.9 HDA AL-KO во PDF формат.
Прашања на корисниците за T 1593.9 HDA AL-KO
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Трактор во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник T 1593.9 HDA - AL-KO и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. T 1593.9 HDA на марката AL-KO.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК T 1593.9 HDA AL-KO
2.1 Сврсисходна употреба
3.2 Лична заштитна опрема
5 ЕЛЕМЕНТИ ЗА РУКОВАЊЕ
Све контроле извршите на равној подлози да се вртни трактор не би изненада померио.
Мотор се не сме покретати!
Мотор се не сме покретати!
Мотор се не сме покретати!
7 РАД ТРАКТОРА

УПОЗОРЕЊЕ!
Пособно пазите на све безбедносне напомене!
Опасност од повреде одбаченим предметима!
Замену точкова сме се извршити само на хоризонталној и чврстој подпози.
Црна клема = минус пол (-)
6.1 Проверка на косачката
1 За ова упатство за употреба.... 505
1.1 Символи на насловната страна ..... 505
1.2 Објаснување на знаците и сигналните зборови.... 505
2 Опис на производот 505
2.1 Прописна примена .... 506
2.2 Можно погрешна употреба ..... 506
2.3 Символи на уредот .....506
2.4 Безбедносни и заштитни уреди..... 506
2.5 Преглед на производот.... 507
3 Безбедносни напомени 508
3.1 Оператор.... 508
3.2 Опрема за лична заштита.... 508
3.3 Безбедност на работното место ..... 508
3.4 Безбедност на лица, животни и вредни работи.... 508
3.5 Безбедност на уредот 509
3.6 Изложеност на бучава .....509
3.7 Работа со бензин и масло .... 509
4 Распакување и монтирање на тракторот..... 509
5 Команди 510
5.1 Стандардна табла со инструменти (01) .510
5.2 Педала за кочницата/куплунгот ..... 510
5.3 Ракување со менувачот (брзина на возење).... 511
5.4 Ножен хидростатичен менувач ..... 511
5.5 Ракување со алатката за косење.... 511
6 Пуштање во употреба.... 511
6.1 Проверка на алатката за косење .... 511
6.2 Полнење со масло .... 511
6.3 Полнење со гориво.... 511
6.4 Проверка на притисокот на гумите . 512
6.5 Прикачување на корпата за
собирање трева.... 512
6.6 Проверка на безбедносните уреди. 513
6.6.1 Проверка на контактниот прекинувач на кочницата за паркирање .... 513
6.6.2 Проверка на контактниот
прекинувач за алатката за косење ..513
6.6.3 Проверка на контактниот
прекинувач за седиштето .....513
6.6.4 Проверка на контактниот
прекинувач на корпата за
собирање трева....513
6.6.5 Проверка на контактниот
прекинувач на каналот за
исфрлување....514
7 Работење со тракторот....514
7.1 Основни подготвителни мерки .....514
7.2 Користење на додатна опрема......514
7.3 Туркање на тракторската косилка ...515
7.4 Стартување и ислучување на моторот..515
7.5 Возење со тракторот .....515
7.5.1 Подготвување за возење при
температури под 10 °C .....516
7.5.2 Возење со ножен
хидростатичен менувач ....516
7.5.3 Возење и косење на стрмнини..516
7.5.4 Косење со тракторската
косилка ....516
8 Чистење на тракторската косилка......518
8.1 Чистење на корпата за собирање трева.518
8.2 Чистење на кујиштето, моторот и
менувачот ....519
8.3 Чистење на каналот за исфрлување.....519
9 Транспорт....519
10 Одржување и нега ....519
10.1 План за одржување ....520
10.2 План за подмачкување....521
10.3 Промена на тркало ....521
10.4 Акумулатор....521
10.5 Отстранување на алатката за косење ...522
10.6 Замена на клинестиот ремен.....523
11 Складирање ....523
12 Помош во случај на дефекти....523
13 Гаранција....526
■ Германската верзија е оригиналното упатство за употреба. Сите други јазични верзии се преводи на оригиналното упатство за употреба.
■ Пред пуштањето во работа, задолжително внимателно прочитајте го упатството за употреба. Ова е предусловот за успешна работа и непречено ракување.
Чувајте го работното упатство да ви биде лесно на дофат за читање ако ви е потребна некоја информација за уредот.
■ Предадете го уредот на други лица само со упатството за употреба.
■ Прочитајте ги и обрнете внимание на напомените за безбедност и предупредување во упатството за употреба.
Тракторските косилки се испорачуваат во различни варијанти на опрема. Имајте во предвид дека сликите може да се разликуваат малку од оригиналот. Доколку имате потешкотии во следењето на описите обратете се на специјализирана работилница или на производителот.
■ Почитувајте ги приложените упатства за монтажа и работните упатства за бензинскиот мотор.
Пред пуштањето во работа, задолжително внимателно прочитајте го упатството за употреба. Ова е предусловот за успешна работа и непречено ракување.

Упатство за работа

Немојте да го употребувате бензинскиот уред во близина на отворени пламени или извори на топлина.
1.2 Објаснување на знаците и сигналните зборови

ОПАСНОСТ!
Покажува непосредно опасна ситуација, која – ако не се избегне – може да предизвика смрт или тешка телесна повреда.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Покажува потенцијално опасна ситуација, која – ако не се избегне – може да предизвика смрт или тешка телесна повреда.

ВНИМАНИЕ!
Покажува потенцијално опасна ситуација, која – ако не се избегне – може да предизвика мала или умерена телесна повреда.
ВНИМАНИЕ!
Покажува ситуација, која – ако не се избегне – може да предизвика штети по имотот.

НАПОМЕНА
Специјални напомени за подобро разбирање и ракување.
2 ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ
Тракторските косилки со задно исфрлање се произведуваат во различни варијанти. Кај следните описи во ова упатство за работа погрижете се да го прочитате соодветниот опис за вашата тракторска косилка.
Обележја на вашата тракторска косилка:
■ Менувач: ножен хидростатичен
Куплунг за ножеви: електромагнетен
Задно исфрлање
■ Празнење на корпа: Телескопска рачка
Освен тоа има разлики во системите за мулчење, типот на мотор, моїноста на моторот и ширината на косење.
Разлики на тип:
■ Ширина на косење
Вид на менувач (Т3 и Т2)
Волумен на корпа 220 л или 300 л
2.1 Прописна примена
Тракторската косилка е наменета за косење приватни домашни градини и парцели со макс. стрмнина од 10° (18 %). Дополнителни примени, како на пр. мулчење, се дозволени само ако се користи оригиналната додатна опрема и во согласност со максималните вредности на оптоварување.
Овој уред е наменет исклучиво за приватна употреба. Секоја друга примена како и недозволено преправање или доградба ќе се смета за злоупотреба и се исклучува правото на гаранција како и губењето на сообразноста (СЕ-ознака) и производителот не сноси никаква одговорност за штети на корисникот или на трети лица.
2.2 Можно погрешна употреба
Тракторската косилка не е наменета за професионална употреба во јавни паркови, спортски комплекси, земјоделство и шумарство.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасности од преоптоварување на тракторската косилка!
Внимавајте особено при употребата на приколка да не се надминуваат дозволените сили на влечење и степени на нагорнини/удолнини.
Пречекорувањето на овие вредности може да го надмине капацитетот на кочење од тракторската косилка и да доведе до опасни ситуации!

НАПОМЕНА
Имајте во предвид дека тракторската косилка нема одобрение за возење по улици и не е дозволено нејзино возење по јавни патишта!
2.3 Символи на уредот

Прочитајте го упатството за работа пред пуштањето во употреба!

За време на косењето другите лица, особено деца и животни, треба да се држат подалеку од работното подрачје.

Пред одржување и поправки извлечете го контактниот клуч!

Внимание опасност! Држете ги подалеку рацете и нозете од алатката за сечење!







Да не се вози на стрмнини поголеми од 10° (18%)!
Опасност од изгореници поради топли површини под поклопката!
2.4 Безбедносни и заштитни уреди

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од отстранети или манипулирани заштитни уреди!
Се забранува секаква работа со отстранети или манипулирани заштитни уреди. Дефектните заштитни уреди мора веднаш да се поправат или заменат!
Во заштитните уреди се вбројуваат пред се:
Контактен прекинувач за кочницата
■ Контактен прекинувач за алатката за косење
■ Контактен прекинувач за корпата за собирање трева
■ Контактен прекинувач за седиштето
■ Капаци на алатката за косење
■ Контактен прекинувач за каналот за исфрлување
2.5 Преглед на производот

1 Капак на моторот 10 Деблокирање на корпа (само 300 л)
2 Волан 11 Уред за придржување со придушувач на
гасен притисок
3 Табла со инструменти 12 Премосница на менувачот
4 Лост за заклучување за педалата за кочење
13 Регулирање на висината на косење
5 Седиште на возачот 14 Алатка за косење
6 Индикатор за наполнетост 15 Активирање на менувачот за наназад
7 Рачка на корпата за собирање трева 16 Активирање на менувачот за нанапред
8 Контролна рачка на корпата за собирање трева
17 Педала за кочење
9 Корпа за собирање трева
3 БЕЗБЕДНОСНИ НАПОМЕНИ

ОПАСНОСТ!
Животна опасност и опасност од најтешки повреди!
Непознавањето на безбедносните предупредувања и упатствата за ракување може да доведе до најтешки повреди па дури и до смрт.
Почитувајте ги сите безбедносни предупредувања и упатства за ракување на ова работно упатство како и на работните упатства на кои се посочува, пред да го користите уредот.
Зачувајте ги сите испорачани документи за идната употреба.
3.1 Оператор
■ Млади под 16 години или лица кои не се запознаени со начинот на користење не смеат да го употребуваат уредот.
Почитувајте ги евентуалните локални безбедносни прописи за минималната возраст на корисникот.
■ Уредот да не се користи под дејство на алкохол, дроги или лекови.
3.2 Опрема за лична заштита
За да се избегнат повреди на главата и екстремитетите како и оштетувања на слухот, треба да носите прописна облека и заштитна опрема.
Облеката мора да биде наменска (тесно прилепена) и не смее да спречува. При долга коса задолжително носете мрежа за коса. Никогаш не носете лабави парчиња алишта или додатоци коишто би можеле да се вовлечат во уредот, на пр. шалови, широки кошули, долги гердани.
■ Личната заштитна опрема се состоит од:
■ заштита за слухот и заштитни очила
долги панталони и цврсти чевли
■ заштитни ракавици
3.3 Безбедност на работното место
Работете само на дневна светлина или при добро вештачко осветление.
Уредот користете го само на цврста и рамна подлога а не во strmни коси положби.
Внимавајте на стабилноста.
3.4 Безбедност на лица, животни и вредни работи
Користете го уредот само за работите за коишто е предвиден. Несоодветна употреба може да доведе до повреди како и да оштети вредни работи.
Корисникот е одговорен за незгоди со други лица и нивниот имот.
■ Не дозволувајте пристап на трети лица во опасната област.
■ Включете го уредот само ако во работното подрачје нема лица и животни.
Одржувајте безбедно растојание од лицата и животните односно исключете го уредот ако се доближат лица или животни.
■ Не земајте со себе патници на уредот.
Никогаш да не го насочувате издувниот зрак кон лица и животни како и кон запаливи производи и предмети.
Никогаш не фаќајте во решетките за вшмукување и вентилирање кога работи моторот. Од ротирачките делови на уредот може да настанат повреди.
Секогаш исклучувајте го уредот кога не ви е потребен, на пр. при промена на работното подрачје, при одржување и нега, при полнење на мешавината од бензин/масло.
■ Не косете при невреме. Нема заштита од удар на гром.
Секогаш косете попречно по стрмина.
Тракторската косилка може да предизвика тешки повреди од нејзината сопствена тежина. Бидете особено внимателни при товарање и растоварање на тракторската косилка кога ја транспортирате на возило или на приколка.
Тракторската косилка не смее да се шлепува. За транспорт на јавни сообраćајни патишта користете соодветно возило.
■ Не го користете тракторот во лошо проветрени работни подрачја (на пр. гаража). Издувните гасови содржан отровен јаглерод моноксид како и други штетни материи.
Веднаш исключете го уредот при несреќен случај за да избегнете други повреди и материјални штети.
■ Не го употребувајте уредот со изабени или дефектни делови. Изабените или
дефектните делови на уредот може да предизвикаат тешки повреди.
■ Употребувајте само оригинални резервни делови и оригинална додатна опрема.
■ Пред секоја употреба: Проверете ги сите безбедносни уреди коишто се опишани во ова упатство за работа.
Чувајте го уредот вон дофат на деца.
Укажете им на децата и младите да не си играат со уредот.
3.5 Безбедност на уредот
Користете го уредот само под следниве услови:
Уредот не е извалкан.
Уредот не покажува никакви оштетувања.
Сите команди функционираат.
■ Не го преоптоварувајте уредот. Тој е наменет за лесни работи во приватниот сектор. Преоптоварувањата водат до оштетување на уредот.
■ Не го употребувајте уредот со изабени или дефектни делови. Заменете ги дефектните делови само со оригинални резервни делови на производителот. Ако уредот се употребува со изабени или дефектни делови, не може да се бара никаква гаранција од страна на производителот.
Поправките смеат да ги изведуваат само компетентни специјализирани претпријатија или нашите сервисни центри.
Една одредена изложеност на бучава преку овој уред е неизбежна. Распределете ги бучните работи во дозволени и за тоа одредени времиња. Држете се до временињата за пауза и ограничете го времето за работа на најпотребното. За ваша лична заштита и заштита на лицата коишто се наоғаат во близина треба да се носи соодветна заштита за слух.
3.7 Работа со бензин и масло
- Опасност од експлозија и пожар: Преку мешавината од бензин и воздух што истекува настанува една експлозивна атмосфера. Прасокот, експлозијата и пожарот може при неправилно работење
со горивото да доведат до тешки повреди и дури до смрт. Внимавајте на следново:
■ Не пушете кога работите со бензин.
Ракувајте со бензин само на отворено и никогаш во затворени простории.
Задолжително почитувајте ги следните наведени правила за однесување.
Транспортирајте и складирајте бензин и масло исклучиво во садови одобрени за тоа. Осигурајте се дека децата немаат никаков пристап кон складираниот бензин и масло.
Осигурајте се за избегнување на контаминирање на почвата (заштита на животната средина) да при полнењето не навлезе бензин и масло во земјата. За полнење користете инка.
Никогаш да не го полните уредот во затворени простории. На подот може да дојде до насобирање на бензински пареи и поради тоа да дојде до прасок или дури до експлозија.
Веднаш избришете го истурениот бензин од уредот и од почвата. Оставете го текстилот со кој го избришавте бензинот на добро проветрено место пред да го фрлите истиот. Инаку може да дојде до ненадејно самозапалување.
Ако имате истурено бензин се создаваат бензински пареи. Поради тоа не го стартувајте уредот на истото место туку најмалку на 3 метри оддалеченост.
Избегнувајте контакт на кожата со производи од минерално масло. Не ги вдишувајте бензинските пареи. За полнење носете секогаш заштитни ракавици. Редовно променувајте ја и чистете ја заштитната облека.
Внимавајте на тоа да вашата облека не дојде во контакт со бензин. Ако бензинот дојде во допир со вашата облека веднаш сменете ја облеката.
Никогаш да не го полните уредот при включен или топол мотор.
4 РАСПАКУВАЊЕ И МОНТИРАЊЕ НА ТРАКТОРОТ
Почитувајте го приложеното упатство за монтажа за распакување и монтажа на тракторот.

НАПОМЕНА
Почитувајте го исто така и приложеното упатство за работа на бензинскиот мотор.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасности од нецелосно монтирање!
Тракторската косилка не смее да се користи пред да биде целосно монтирана!
Направете ги сите монтажни работи коишто се опишани во упатството за монтажа. Во случај на сомневање пред пуштањето во употреба прашајте стручно лице дали монтажата е правилно направена!
Проверете дали се присутни сите безбедносни и заштитни уреди и дали се функционални!
5 КОМАНДИ
Во продолжение се опишани контролните елементи на тракторските косилки со задно исфрлање. Погрижете се да го прочитате соодветниот опис за вашата тракторска косилка.
5.1 Стандардна табла со инструменти (01)
Регулирање на бројот на вртежи на моторот (01/2)

НАПОМЕНА
Имајте во предвид дека активирањето на регулаторот во возен погон влијае врз брзината!
Кај регулатор со интегрирана дизна:
Со поместување на регулаторот (01/2) се зголемува и намалува бројот на вртежи на моторот како и вклучување на дизната во најгорната позиција.

Вклучување на дизната: Поместете го регулаторот сосема на нагоре кон знакот за дизна. Оваа позиција користете ја исклучиво за стартување на моторот.
Напомена: Некои варијанти на трактор располагаат со посебно копче за дизната (01/1) на таблата со инструменти. Тоа мора тогаш дополнительно да се повлече за стартување на тракторот. Штом їе почне да работи моторот, полека турнете го копчето назад!

Косење: Во оваа позиција моторот работи со максималниот број на вртежи.

Работа на празно: Во оваа позиција моторот работи со најмалиот број на вртежи.
Брава за палење (01/3, 05)
| Позиција | Функција |
| 0 Моторот се исклучува.Контактниот клуч може да се извлече. | |
| I Вклучување на фаровите.По стартувањето на моторот во оваа позиција се вклучуваат фаровите. | |
| II Работна позиција, кога работи моторот. | |
| III Почетна позиција за стартување на моторот.Отпуштете го клучот штом моторот їе почне да работи. Тој потоа скокнува назад во работната позиција II. | |
5.2 Педала за кочницата/куплунгот
■ Кочница: Со целосно притискање на педалата за кочницата/куплунгот (03/1) на надолу кочницата влијае на менувачот, тракторот кочи.
Кочница за паркирање: Со повлекување на лостот за заклучување (03/1) на нагоре додека се притиска педалата за кочницата/куплунгот (03/2, 01/5) се заклучува кочницата. Со повторно притискање на педалата кочницата се отпушта.
5.3 Ракување со менувачот (брзина на возење)
Тракторите за косење трева се опремени со ножен хидростатичен менувач.
Има две посебни педали на десно за возење нанапред и наназад.
| Насока на возење | Опис |
| Напред Притиснете ја предната педала (02/1), за да возите нанапред. | |
| Назад Притиснете ја задната педала (02/2), за да возите наназад.Напомена:Алатката за косење е ислучена ако е притисната само педалата за возење наназад.Косење при возење наназад: види Поглавје 7.5.4.2 "Косење при возење наназад", страна 517. | |
5.4 Ножен хидростатичен менувач
Ножниот хидростатичен менувач се активира преку две педали (02/1 и 02/2).
За поағање прво отпуштете ја кочницата за паркирање (01/5) додека работи моторот а потоа притиснете ја педалата (02/1) за возење нанапред или педалата (02/2) за возење наназад. Колку што подалеку ја притискате педалата, толку побрзо возите во избраната насока.
Возење нанапред: Притиснете ја предната педала (02/1).
Возење наназад: Притиснете ја задната педала (02/2).
5.5 Ракување со алатката за косење
Подесување на висината на косење
Алатката за косење на тракторот може да се регулира во повеće степени во висина со една рачка за регулирање (04/1) десно покрај седиштето на возачот.
- Придвижете ја рачката за регулирање (04/1) во саканата насока. Рачката на надолу значи ниска висина на косење, рачката на нагоре значи голема висина на косење.
Вклучување на алатката за косење
Електрично вклучување: Десно покрај седиштето на возачот се наоға еден прекинувач (04/2). Включете ја со него алатката за косење.
6 ПУШТАЊЕ ВО УПОТРЕБА

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасности од нецелосно монтирање!
Тракторската косилка не смее да се користи пред да биде целосно монтирана!
Направете ги сите монтажни работи коишто се опишани во упатството за монтажа. Во случај на сомневање пред пуштањето во употреба прашајте стручно лице дали монтажата е правилно направена!
Проверете дали се присутни сите безбедносни и заштитни уреди и дали се функционални!
6.1 Проверка на алатката за косење
Пред употреба треба секогаш да се провери со визуелна контрола дали алатката за косење, завртките за прицврстување и целата единица за косење се истрошени или оштетени. За избегнување на неизбалансираност истрошените или оштетените ножеви мора да се заменат со нови.
Пред првото пуштање во работа моторот мора да се наполни со масло. Затоа земете го во предвид упатството на производителот на моторот. Имајте во предвид дека нивото на масло треба да се контролира во редовни растојанија и да се надополни масло ако е потребно.
6.3 Полнење со гориво

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасности при ракувањето со гориво!
Горивото е лесно запаливо. Полнете го резервоарот за гориво само на отворено! Не пушете! Не полнете гориво при движечки или топол мотор!
За полнење користете соодветна инка или црево за полнење за да не се истури гориво на моторот, куќиштето или на земјата.
Од безбедносни причини капачето на резервоарот за гориво и другите капачиња на резервоар треба да се заменат при оштетување.
Доколку има претечено гориво не смее да се стартува моторот. Тракторот треба да се отстрани од местото загадено со гориво а истуреното гориво мора да се вшмука и избрише со крпа од подот, моторот и кукиштето.
Треба да се избегне секаков обид за стартување сё додека не испарат пареите од горивото.
Горивото чувајте го само во предвидените садови.
Полнење на резервоарот
- Исклучете ја ако треба тракторската косилка и извлечете го контактниот клуч заради сигурност.
- Почекајте додека не се излади малку моторот (Опасност од експлозија поради запалено гориво!).
- Отворете го капакот на моторот.
- Отворете го капачето на резервоарот (06/1) и наполнете го горивото. Напомена: Избегнувајте преполнување на резервоарот за гориво!
- Затворете го капачето за резервоарот (06/1).
- Затворете го капакот на моторот.
6.4 Проверка на притисокот на гумите
Контролирајте го притисокот на гумите во редовни растојанија.
Исчитајте го потребниот воздушен притисок на гумите (препорака 1 bar).

НАПОМЕНА
1 PSI = 0,07 bar.
Притисокот на гумите може да се контролира со вообичаена ножна пумпа за воздух и да се надополни воздух.
6.5 Прикачување на корпата за собирање трева
Тракторските косилки се испорачуваат со корпа за собирање трева. Имајте во предвид дека сликите може да се разликуваат малку од оригиналот.
Подесување на индикаторот за наполнетост на корпата за собирање трева
Индикаторот за наполнетост јавува преку една сирена кога треба да се испразни корпата за собирање трева.
Индикаторот за наполнетост може да се подеси во 6 позиции во зависност од составот на откосот. При сув откос поместете го индикаторот за наполнетост во помалите позиции. При мокар или влажен откос подесете го индикаторот за наполнетост на подолго. Со тоа се влијае врз полнењето на корпата за собирање трева.
- Исключете го моторот види Поглавје 7.4 "Стартување и ислучување на моторот", страна 515.
- Симнете ја корпата за собирање трева види Поглавје 8.1 "Чистење на корпата за собирање трева", страна 518.
- Поставете (07/a) го индикаторот за наполнетост (07/1) на откосот, сё додека не се фиксира во саканата позиција.
- Повторно закачете ја корпата за собирање трева види Поглавје 6.5 "Прикачување на корпата за собирање трева", страна 512.
Закачување на корпата за собирање трева (220 л)
- Фатете ја корпата за собирање трева со една рака за рачката од корпата (08/1) а со другата рака на отворот за придржување на задната страна (08/2).
- Положете ја корпата за собирање трева симетрично на водилката (08/3). Усогласете ги притоа едни со други двете ознаки на кукиштето и на корпата за собирање трева.
- Навалете ја корпата за собирање трева со другата рака малку на напред (08/a) така што да се фиксира предниот дел на корпата за собирање трева.
- Свртете ја корпата за собирање трева повторно на надолу (08/b).
- Проверете го точното позиционирање на корпата за собирање трева.
Закачување на корпата за собирање трева (300 л)
- Закочете ги придушувачите на гасен притисок на шелните за прицврстување на корпата за собирање трева (11/1).
- Фатете ја корпата за собирање трева со една рака за рачката од корпата (08/1) а со другата рака на отворот за придржување на задната страна (08/2).
- Положете ја корпата за собирање трева симетрично на водилката (08/3). Усогласете ги притоа едни со други двете ознаки на кукиштето и на корпата за собирање трева.
- Навалете ја корпата за собирање трева со другата рака малку на напред (08/a) така што да се фиксира предниот дел на корпата за собирање трева.
- Свртете ја корпата за собирање трева повторно на надолу (08/b).
- Проверете го точното позиционирање на корпата за собирање трева.
- Закочете ги придушувачите на гасен притисок на точките за прицврстување од рамката на тракторот (11/2).
6.6 Проверка на безбедносните уреди
Безбедносните уреди мора да се проверат пред секое стартување на тракторската косилка.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност при проверката на безбедносните уреди!
Безбедносните уреди се дозволени за проверка само од седиштето на возачот и кога нема други лица или животни во близина!
Направете ги сите проверки на рамна подлога така што тракторската косилка да не може несакано да се тркала.
6.6.1 Проверка на контактниот прекинувач на кочницата за паркирање
Контактниот прекинувач на кочницата за паркирање гарантира дека моторот може да се стартува само ако е повлечена кочницата за паркирање.
-
Седнете на седиштето на возачот.
-
Отпуштете ја кочницата за паркирање со притискање на педалата за кочницата (03/1).
- Обидете се да го стартувате моторот (контактен клуч во позиција III) (05).

НАПОМЕНА
Моторот не смее да стартува!
6.6.2 Проверка на контактниот прекинувач за алатката за косење
Контактниот прекинувач за алатката за косење гарантира дека моторот не може да се стартува ако е активирана алатката за косење.
- Моторот е ислучен.
- Седнете на седиштето на возачот.
- Притиснете ја педалата за кочницата (03/1) и повлечете ја кочницата за паркирање (03/2, 01/5).
- Включете ја алатката за косење.
- Обидете се да го стартувате моторот (контактен клуч во позиција III) (05).

НАПОМЕНА
Моторот не смее да стартува!
6.6.3 Проверка на контактниот прекинувач за седиштето
Контактниот прекинувач за седиштето гарантира дека моторот се ислучува штом нема никој на седиштето на операторот кога е включена алатката за косење.
- Седнете на седиштето на возачот.
- Притиснете ја педалата за кочницата (03/1) и повлечете ја кочницата за паркирање (03/2, 01/5).
- Стартувајте го моторот и оставете го да врти со максимален број на вртежи.
- Включете ја алатката за косење.
- Подигнете ја вашата тежина од седиштето со тоа што ће станете (не слегувајте!).

НАПОМЕНА
Моторот мора да се исклучи!
6.6.4 Проверка на контактниот прекинувач на корпата за собирање трева
Контактниот прекинувач на корпата за собирање трева гарантира дека моторот се
ислучува доколку не е правилно закачена корпата за собирање трева при включена алатка за косење.
- Седнете на седиштето на возачот.
- Притиснете ја педалата за кочницата (03/1) и повлечете ја кочницата за паркирање (03/2, 01/5).
- Стартувајте го моторот и оставете го да врти со максимален број на вртежи.
- Включете ја алатката за косење.
- Подигнете ја малку празната корпа за собирање трева или притиснете го прекинувачот за отварање.

НАПОМЕНА
Моторот мора да се исклучи!
6.6.5 Проверка на контактниот прекинувач на каналот за исфрлување
Контактниот прекинувач на каналот за исфрлување гарантира дека тракторската косилка не се стартува при демонтиран канал за исфрлување.
- Симнување на корпата за собирање трева.
- Отстранете го каналот за исфрлување (15):
Одвртете ги окастите завртки (15/1).
Извлечете го малку на надвор каналот за исфрлување (15/2).
-
Седнете на седиштето на возачот.
-
Притиснете ја педалата за кочницата (03/1) и повлечете ја кочницата за паркирање (03/2, 01/5).
-
Стартувајте го моторот.

НАПОМЕНА
Моторот не смее да стартува!
Опасности поради недоволно познавање на тракторската косилка!
Целосно прочитајте го упатството за работа пред да почете!
Внимавајте особено на сите безбедносни напомени!
Совесно вршете ги сите монтажни работи и сите работи за пуштање во работа. Во случај на сомневање прашајте го производителот!
■ При косење секогаш носете тврди чевли и долги панталони. Никогаш не косете боси или со отворени сандали.
Проверете го целосно теренот на којшто ће се користи тракторската косилка и отстранете ги сите камења, гранки, жици, коски и други туғи тела коишто може да ги зафати и отфрли уредот. Исто така и за време на косењето треба да се внимава на туғи тела.
■ Направете ги сите работи коишто се опишани во пуштањето во работа. Ова важи особено за проверката на безбедносните уреди.
За влечење на товари користете ја само куката за влечење! Не го надминувајте вертикалното оптоварување.
■ Не е дозволен транспорт на предмети на тракторската косилка!
7.2 Користење на додатна опрема

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од погрешна додатна опрема или погрешно користење на додатна опрема!
Користете секогаш само оригинална опрема на производителот на тракторот!
Почитувајте ги прописите за користење во приложеното упатство за работа!
Преку употребата на недозволена додатна опрема или погрешната употреба може да настанат големи опасности за операторот и трети лица. Тракторската косилка може да се
преоптовари. Тоа може да доведе до тешки несре́ки.
7.3 Туркање на тракторската косилка

ВНИМАНИЕ!
Опасност при туркањето по косини!
Туркајте ја тракторската косилка само на хоризонтални површини! На косини тракторската косилка би можела неконтролирано да се стркала надолу.
Кај ножен хидростатичен менувач
Премосната рачка (12/1) се наоға во задната десната футрола за тркалото. Деблокирање на премосницата:
- Извлечете ја премосната рачка (12/1) и закачете ја на нагоре.
- Отпуштете ја кочницата. Тракторската косилка може сега да се турка.
- По туркањето вратете ја назад премосната рачка (12/1) за повторно да го ставите во функција хидростатичниот менувач.
7.4 Стартување и ислучување на моторот

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од повреда поради удар на гром
Уредот нема заштита од удар на гром.
Стартување на моторот
- Седнете на седиштето на возачот.
- Притиснете ја целосно педалата за кочење (03/1) на левата страна и заклучете ја со лостот за заклучување (03/2).
- Проверете да НЕ е включена алатката за косење. За да го направите тоа, проверете ја позицијата на преклопната склопка (04/2).
-
Поместете го регулаторот (01/2) за бројот на вртежи на моторот до горниот граничник. Во зависност од варијантата на опремата таму се наоға знакот за дизна. Во спротивно, повлечете го посебното копче за дизната (01/1).
-
Ставете го контактниот клуч во бравата за палење (01/3, 05).
-
Завртете го контактниот клуч во позиција „III“ и задржете го така сё додека не стартува моторот.
Напомена: За заштита на акумулаторот обидот за стартување не би требало да трае подолго од околу 5 секунди.
-
Потоа отпуштете го контактниот клуч, тој автоматски скокнува во позиција „II“.
-
Поместете го регулаторот (01/2) за бројот на вртежи на моторот во работна позиција. Кај варијанта на опремата со копче за дизна повторно притиснете го истото навнатре (01/1).
Исклучување на моторот
- Исклучете ја алатката за косење (04/2).
- Ставете го регулаторот (01/2) за бројот на вртежи на моторот во позиција за работа на празно.
- Притиснете ја педалата за кочење (03/1) и заклучете ја со лостот за заклучување (03/2).
- Завртете го контактниот клуч (05) во позиција „0“.
- Извлечете го контактниот клуч.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од топлиот мотор!
Кога го запирате моторот внимавајте на тоа топлите делови на моторот (на пр. придушувачот на звукот) да не можат да ги запалат предметите или материјалите лоцирани во близина!
7.5 Возење со тракторот

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од неприлагодена брзина!
Возете особено на почеток полека за да се навикнете на возењето и кочењето на тракторот!
Пред секоја промена на насоката треба да се намали брзината на возење така што возачот да ја задржи контролата над тракторската косилка во секое време а истовремено истиот и да не може да се преврти!
Вашиот трактор се придвижува преку ножен хидростатичен менувач.
7.5.1 Подготвување за возење при температури под 10 °C
- Проверете да НЕ е включена алатката за косење. За да го направите тоа, проверете ја преклопната склопка (04/2).
- Стартувајте го моторот и оставете го да работи околу 30 секунди за да се загрее и да се оптимизира вискозноста на маслото за менувачот. Потоа можете да го возите тракторот. Да не ја включувате алатката за косење сё додека моторот не поработи неколку минути.
7.5.2 Возење со ножен хидростатичен менувач
- Притиснете ја педалата за кочење (03/1) и заклучете ја со лостот за заклучување (03/2).
- Ставете ја алатката за косење на највисоката висина на косење (04/1).
- Стартувајте го моторот.
- Притиснете ја кочницата (03/1).
- Полека притиснете ја ножната педала за саканата насока на возење:
■ Напред: Ножна педала (02/1)
■ Назад: Ножна педала (02/2)
-
Колку што подалеку ја притискате педалата, толку побрзо се движи тракторот во избраната насока.
-
За запирање, отпуштете ја ножната педала и притиснете ја кочницата (03/1).

НАПОМЕНА
Кога го напуштате тракторот, секогаш активирајте го лостот за заклучување со притисната педала за кочницата за да не може да се оттркала тракторот!
7.5.3 Возење и косење на стрмнини

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од грешки при возење на стрмнини!
При возење на стрмнини треба да се обрати посебно внимание! Нема такво нешто како „безбедна“ стрмнина.
Особено почитувајте ги следните безбедносни напомени!
Откачете ја алатката за косење и дополнителната опрема ако тркалата превртуваат или ако возилото откаже кога возите по стрмнина. Потоа напуштете ја стрмнината во бавно надолно возење долж паѓачката линија!
Полната корпа за собирање трева ја зголемува опасности за превртување на тракторската косилка преку нејзината тежина!
Да не се вози на стрмнини поголеми од 10° (18 %). Пример: тоа одговара на 18 см разлика во висина на должна од 1 метар.
Возете рамномерно.
■ Не кочете наеднаш.
Одржувајте ниска брзина на возење.
■ Не возете попреку стрмнината.
■ Не забрзувајте наеднаш.
■ Управувајте рамномерно.
7.5.4 Косење со тракторската косилка
Прилагодете ја брзината на возење според условите на тревникот со цел да постигнете чист резултат на косење. Изберете најмногу 2/3 од можната брзина на возење на педалата кога косите. Максималната брзина на тракторот е исклучиво наменета за возење без включена алатка за косење.
Во нормален случај висината на косење изнесува 4 - 5 см. Тоа одговара на вториот или третиот засек од регулирањето на висината (04/1). При влажна и мокра трева косете со повисока висина на косење.
Кај многу висока трева, пожелно е да се помине во два премина. Ставете ја алатката за косење на максимальна висина на косење при првиот премин. При вториот премин можете потоа да ја намалите на саканата висина.
7.5.4.1 Вклучување на алатката за косење

НАПОМЕНА
Алатката за косење смее да се вклучи дури откако моторот е загреан околу една минута!
При вклучувањето на алатката за косење тракторската косилка не би требало да стои во висока трева.
- Стартувајте го моторот.
- Поместете го регулаторот (01/2) за бројот на вртежи на моторот во работна позиција.
- Поставете ја алатката за косење на највисоката висина на косење со рачката (04/1).
- Включете ја алатката за косење со преклопната склопка (04/2) (позиција „I“).
- Поставете ја алатката за косење на саканата висина на косење со рачката (04/1).
- Ставете ја тракторската косилка во движење.
7.5.4.2 Косење при возење наназад

НАПОМЕНА
Алатката за косење е ислучена ако е притисната само педалата за возење наназад.
- Притиснете го копчето „Косење наназад“ (01/4) и во рок од 5 секунди притиснете ја педалата за возење наназад (02/2).

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од незгоди при косење наназад!
Косење наназад само ако е потребно!
7.5.4.3 Исклучување на алатката за косење

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од вртливи ножеви!
Кога ножевите за сечење сё уште се вртат, тие може да ги исечат рацете и нозете! Поради тоа, рацете и нозете држете ги настрана од сечилата!
- Исклучете ја алатката за косење со преклопната склопка (04/2) (позиција „0“). Алатката за косење може да се исклучи кога тракторот е во мирување и кога се вози.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од повреда од исфрлени предмети!
При преминување на чакално-песокливи површини може да се вовлечат предмети во движечката алатка за косење и потоа да се исфрлат.
Секогаш исклучувајте ја алатката за косење кога не возите по тревни површини.
7.5.4.4 Празнење на корпата за собирање трева

НАПОМЕНА
Кога ће се наполни корпата за собирање трева се огласува еден звучен сигнал. Најдоцна сега би требало да се испразни корпата.
Празнењето на корпата за собирање трева може да се врши од седиштето на возачот.
■ Ако при включена алатка за косење корпата за собирање трева се подигне нагоре односно откачи, моторот згнаснува.
■ Ако корпата за собирање трева не е правилно фиксирана, не може да се вклучи алатката за косење.
Празнење на корпата за собирање трева со контролната рачка
- Извлечете ја контролната рачка (09/1) од корпата за собирање трева (09/a).
- Притиснете ја рачката во насоката на возење за да се отвори корпата за собирање трева (09/b).
- Придвижете ја корпата за собирање трева со рачката на назад (10/a), сè додека не се фиксира корпата (10/b).
7.5.4.5 Мулчење
За оптимален резултат на мулчење, тревата треба да се коси на редовна основа (прибл. 1 или 2 пати неделю). Кога косите, пресечете 1/3 од висината на тревата (на пр. ако висината на тревата е 6 см, косете 2 см). Со
тоа се гарантира дека откосот правилно ње се смеша со преостанатата трева.
За сите тракторски косилки изборно се достапни заглавки за мулчење.
Реконфигурирање на задно исфрлање за режим на мулчење
- Отстранете ја корпата за собирање трева.
- Воведете ја заглавката за мулчење (13/1) во каналот за исфрлување (13/2).
- Осигурајте ги двете затезни ленти (14/1) на окастите завртки (14/2).
- Закачете ја корпата за собирање трева.
7.5.4.6 Интервал на косење
Имајте во предвид дека тревата расте различно во разни времиња. Во рана пролет се препорачува да се избере пократок интервал на косење. Зголемете ги интервалите на косење како што стапката на растење на тревата почнува да расте во текот на годината.
Ако не можете да ја косите тревата подолго време, треба најпрво да изберете повисока поставка на висина за косење, потоа повторно да косите два дена подоцна со пониска поставка на висина на косење.
7.5.4.7 Косење на висока трева
Косете со повисока поставка за висина на косење кога тревата е повисока од нормално или кога е влажна. Потоа уште еднаш искосете ја тревата со пониската, нормална поставка.
7.5.4.8 Одржување на ножот за сечење
Погрижете се ножот за сечење да остане остар за време на целата сезона на косење за да избегнете откинување и раскинување на тревките. Откинатите тревки се кафеави на рабовите. Со тоа се намалува нивното растење и го прави тревникот подложен на болести.
■ Проверете ги ножевите за сечење за острина и знаци на истрошување или оштетување по секоја употреба! Ако е потребно сервисирајте ги веднаш.
■ При замена на ножевите користете само оригинални резервни ножеви.
За оптимална функција и долг животен век тракторската косилка мора редовно да се чисти.
По секое користење исчистете ја тракторската косилка од налепени нечистотии.
За чистење не користете уред за чистење под висок притисок. Водениот млаз од уред за чистење под висок притисок или градинарско црево може да го оштети електричниот систем или лагерите.
Особено внимавајте да не дојде вода во контакт со моторот, менувачот и тркалцата за преусмерување, како и целиот електричен систем.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасности при чистењето!
При сите работи за чистење важи:
Исклучете го моторот и извлечете го контактниот клуч.
Отстранете го конекторот на свекичката.
Отстранетите заштитни уреди поради чистењето мора повторно да се монтираат по чистењето.
■ ОПАСНОСТ ОД ИЗГОРЕНИЦИ: Чистете ја тракторската косилка дури откако ње се излади.
Моторот, менувачот и
придушувачот на звукот се многу
топли!
ОПАСНОСТ ОД СЕЧЕЊЕ: При работење на алатките за сечење внимавајте на острите ножеви. Кај алатки за косење со повеće од едно сечило, движењето на едно сечило може да предизвика движење и на другото!
8.1 Чистење на корпата за собирање трева
Спуштете ја корпата за собирање трева и исшприцајте ја од внатре и надвор со црево за вода. Поцврсто налепените нечистотии мора внимателно да се истругаат, на пример со четка. Кај корпите за собирање трева со ткаена навлака внимавајте особено на тоа да не се оштети ткаенината.

НАПОМЕНА
Пред чистењето испразнете ја корпата за собирање трева како што е опишано. Една полна корпа за собирање трева е премногу тешка за да би можеле безбедно да ја симнете.
Симнување на корпа за собирање трева (220 л)
- Исклучете го моторот.
- Лесно подигнете ја корпата за собирање трева.
- Извадете ја корпата за собирање трева на нагоре.
Симнување на корпа за собирање трева (300 л)
- Исклучете го моторот.
- Откачете ги придушувачите на гасен притисок од тракторот и заглавете ги на носачите од корпата за собирање трева.
- Лесно подигнете ја корпата за собирање трева.
- Извадете ја корпата за собирање трева.
8.2 Чистење на кујиштето, моторот и менувачот
ВНИМАНИЕ!
Оштетување на електричната постројка поради навлезена вода!
При чистењето на тракторот со вода внимавајте да не навлезе вода во електричната постројка!
Не користете вода или уред за чистење под висок притисок за прскање на моторот или на лагерските точки (тркала, менувач, лагер на нож).
Навлезената вода во системот за палење, карбураторот и филтерот за воздух може да предизвика дефекти. Водата во лагерските точки може да доведе до губење на подмачкувањето а тоа може да предизвика непоправлива штета на лагерите.
За отстранување на нечистотија и остатоци од трева користете крпа, рачна метла, долга четка или слично.
8.3 Чистење на каналот за исфрлување
Преку редовно чистење се гарантира лесното движење на регулирањето на висината на косење.
Каналот за исфрлување се состоит од два дела вметнати еден во друг. Долниот дел е цврсто фиксиран во кукиштето од косилката. Горниот дел може да се извади за чистење.
- Отстранете ја корпата за собирање трева.
- Отстранете ги завртките (15/1) лево и десно на каналот за исфрлување.
- Извлечете го каналот за исфрлување (15/2) на назад преку задниот сид.
- Темелно исчистете го горниот и долниот канал за исфрлување.
- Вметнете го каналот за исфрлување во задниот сид. Притоа внимавајте на тоа, горниот и долниот дел чисто да се спојат.
- Цврсто зашрафете го со двете завртки за прицврстување.
- Монтирајте ја корпата за собирање трева.
9 ТРАНСПОРТ

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од пригмечување ако се преврти уредот!
Лицата може сериозно да се повредат од сопствената тежина на уредот.
Бидете особено внимателни при товарање и растоварање на уредот кога го транспортирате на возило или на приколка!
При транспорт на тракторската косилка со транспортна опрема (на пр. приколка за автомобил), алатката за косење мора да се поддржи одоздола со цел да се намали оптоварувањето на закачувањето на алатката за косење.
За време на транспорт, проверете дали транспортните средства имаат доволен капацитет за товар и дали соодветно е прицврстена тракторската косилка.
10 ОДРЖУВАЊЕ И НЕГА
Опасности при одржувањето!
При сите работи за одржување важи:
Исклучете го моторот и извлечете го контактниот клуч.
Отстранете го конекторот на свекичката.
Отстранетите заштитни уреди поради одржувањето мора повторно да се монтираат по одржувањето.
■ ОПАСНОСТ ОД ИЗГОРЕНИЦИ:
Работете на тракторската косилка дури
откако їе се излади. Моторот, менувачот и придушувачот на звукот се многу топли!
■ ОПАСНОСТ ОД СЕЧЕЊЕ:
При работење на алатките за сечење внимавајте на острите ножеви. Кај алатки за косење со повеće од едно сечило, движењето на едно сечило може да предизвика движење и на друго сечило.
■ При промената на делови смеат да се користат само оригинални резервни делови.
Побарајте во случај на сомневање секогаш специјализирана работилница или контакрајте го производителот.
10.1 План за одржување
Следниве работи смее да ги извршува самиот оператор. Сите преостанати работи за одржување, сервисирање и поправки мора да се изведуваат во овластена сервисна работилница.
Почитувајте ги дополнително препорачаните, годишни подмачкувања според планот за подмачкување.

НАПОМЕНА
При силно оптеретување и при високи температури може да бидат потребни пократки интервали на одржување одоние во горе наведената табела.
| Активност | Пред секоја употреба | По секоја употреба | По првите 5 часа | На секои 25работни часа | На секои 50работни часа | Пред секое складир ање |
| Проверка на нивото на моторното масло)* | X | |||||
| Замена на моторното масло)* | X | X | ||||
| Чистење на филтерот за воздух)* | X | |||||
| Замена на филтерот за воздух)* | X | |||||
| Проверка на свекичката)* | X | |||||
| Проверка на кочницата (пробно кочење на права патека) | X | |||||
| Проверка на притисокот на гумите | X | |||||
| Проверка на ножот за косење | X | |||||
| Проверка за лабави делови X X | ||||||
| Проверка на клинестиот ремен (визуелна контрола) | X | |||||
| Чистење на тракторската косилка | X | |||||
| Чистење на решетката за вшмукување воздух на моторот)* | X | |||||
| Чистење на менувачот од трева и остатоци од косење | X | X |
)* види го упатството за работа од производителот на моторот
10.2 План за подмачкување
За да се обезбеди лесното движење на подвижните делови ние ви препорачуваме да ги подмачкате најмалку еднаш годишно следниве места.
Користете крпа за чистење на сите точки за подмачкување пред мачкање со маст или прскање. Не користете вода за да избегнете можна корозија.
Места за подмачкување:
■ Подмачкајте ги чеповите за подмачкување (18/1) на десните и левите зглобови со повекенаменска маст.
■ Напрскајте масло на лагерот од предната осовина на рамката (18/2).
Подмачкајте го забестиот сегмент (19/1) и управувачкиот запченик на управувачката кутија користејки повекенаменска маст.
■ Подмачкајте ги валчестото лежиште (17/1) и главчината на предната осовина (20/1) и задната осовина (20/2) со повеćенаменска маст.

НАПОМЕНА
Предните и задните тркала мора да се извадат за подмачкување на осовините и лагерите.
Вртливи и лагерски точки: Подмачкување на сите подвижни вртливи и лагерски точки.
10.3 Промена на тркало
Промената на тркалото смее да се врши само на хоризонтална и цврста подлога.
- Исклучете ја тракторската косилка и извлечете го контактниот клуч.
- Притиснете ја целосно педалата за кочење (03/1) и заклучете ја со лостот за заклучување (03/2).
- Осигурајте ја тракторската косилка со клоцни против оттракалување. Ставете ја клоцната под страната којашто не се подига.
- Користете соодветна опрема за кревање (на пр. дигалка со ножици) за да ја подигнете тракторската косилка на страната каде што треба да се смени тркалото. Подигнете го тракторот сё додека тркалото коешто треба да се смени може слободно да се врти. Внимание! Опасност од штети на уредот.
При подигањето внимавајте да не искривите некои елементи на тракторот. Поставувајте ја дизалката само на стабилни метални делови.
- Осигурајте ја тракторската косилка на еден носечки елемент од шасијата со стабилна подлога (на пр. дрвен блок) така што дури и при слизнување или превртување на дизалката да не може да се спушти.
- Извадете го заштитното капаче (16/1).
- Истиснете ја сигурносната шајбна (16/2) со шрафцигер. Внимавајте да не се изгуби.
- Извлечете ја подлошката (16/3).
- Извадете го тркалото од осовината. Напомена: Да не го изгубите перото кога ги вадите задните тркала од осовината!
- Исчистете ја осовината и дупката во тркалото пред повторно монтирање и намачкајте ги двете со повекенаменска маст.
- Ставете го тркалото на осовината. Напомена: Кога ги ставате задните тркала, жлебовите на перото и задното тркало мора да бидат израмнети така што перото може да се притисне навнатре без употреба на сила.
- Ставете ја подлошката на осовината.
- Притиснете ја сигурносната шајбна во жлебот на осовината. Ако евентуално користите клешти внимавајте да не ја оштетите осовината со клештите.
- Ставете го заштитното капаче на осовината.
- Отстранете ја сигурносната подлошка и спуштете го тракторот внимателно на подот со дигалката.
Не е доставен полнач за акумулаторот на тракторската косилка.
Точен назив на акумулаторот: види ја акумулаторската кутија. Акумулаторот се наоға под капакот на моторот.
Акумулаторот во основа се доставува фабрички наполнет.
10.4 Акумулатор
Безбедносни напомени

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од погрешно ракување со акумулаторот!
За избегнување на опасности коишто може да произлезат од неправилно ракување со акумулаторот, почитувајте ги следните точки!
■ Не го складирајте акумулаторот во непосредна близина на отворени пламени, не го палете или ставајте на грејни тела. Се заканува опасност од експлозија.
■ Преку зимата чувајте го акумулаторот во ладна, сува просторија (10 – 15 °C). Избегнувајте складирање на температури под точката на мрзнење.
■ Не го оставајте акумулаторот без полнење подолг временски период. Ако акумулаторот не се користи подолг временски период, тој треба да се полни користејки соодветен полнач.
■ Не го уништувајте акумулаторот. Електролитот (сулфурна киселина) предизвикува хемиски изгореници на кожата и облеката – веднаш исплакнете со многу вода.
Чувајте го акумулаторот чист. Бришете само со сува крпа. Не користете вода, бензин, средство за разредување или слично!
- Одржувајте ги терминалите чисти и премачкајте ги со терминална маст.
■ Не предизвикувајте краток спој на терминалите.
Полнењето е потребно:
■ Пред складирањето за зимската пауза.
■ При подолго време на мирување на уредот (подолго од 3 месеци).

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од неправилно полнење на акумулаторот!
Струјата за полнење на полночат не смее да надминува 5 А а напонот за полнење може да биде само макс.
14,4 V. При повисок напон на полнење постои опасност од експлозија на акумулаторот!
Секогаш извадете го контактниот клуч пред да почнете да работите на акумулаторот.
Ви препорачуваме да го полните акумулаторот, што не пропушта гасови и на кој не му треба одржување, користејки специјален соодветен полнач (кој може да се добие преку специјализирани продавници).
Почитувајте го упатството за употреба на производителот на полначот пред и за време на полнење на акумулаторот.

ВНИМАНИЕ!
Опасност од краток спој!
За да избегнете краток спој, секогаш најпрво одвојте го негативниот кабел (-) од акумулаторот и повторно поврзете го како последен!
Секогаш извадете го контактниот клуч пред да почнете да работите на акумулаторот!
- Извлечете го контактниот клуч (05).
- Отворете го капакот на моторот.
- Поврзете ги клемите на полначот со терминалите на акумулаторот.

НАПОМЕНА
Обрнете внимание на поларитетот:
Црвена клема = позитивен терминал (+)
Црна клема = негативен терминал (-)
- Поврзете го полначот со струјната мрежа и включете го.
10.5 Отстранување на алатката за косење
Алатката за косење мора да се извади со цел за да се користи тракторот за расчистување на снег и за промена на клинестиот ремен.
-
Завртете ги предните тркала (29/1) сè до граничникот на лево.
-
Отстранете ја корпата за собирање трева (30/1).
- Отстранете го каналот за исфрлување (15/2).
- Одвртете ја цилиндарската завртка (31/1) на држачот на каналот со 5-6 вртења.
- Спуштете ја алатката за косење (32/1) со рачката за регулирање на висината на косење (32/2) на најниската поставка.
- Откачете го влечниот федер (33/1) на алатката за косење.
- Повторно ставете ја алатката за косење (34/1) со рачката за регулирање на висината на косење (34/2) сосема на нагоре.
- Откачете (35/a) го каналот на клинестиот ремен (35/1).
- Откачете го клинестиот ремен (36/1) одшајбната за клинестиот ремен на моторот.
- Повторно спуштете ја алатката за косење (32/1) со рачката за регулирање на висината на косење (32/2) на најниската поставка.
- Отстранете ги пиновите за заклучување (4 парчиња) (38/1) на фиксаторите од алатката за косење.
- Извлечете ги фиксаторите преку болцните (38).
- Извлечете ја алатката за косење на десната страна во насоката на возење.
10.6 Замена на клинестиот ремен
- Одвртете ги сигурносните навртки (6 парчиња) (21/1).
- Откачете го каналот на клинестиот ремен (22/1).
- Откачете ја и отстранете ја десната поклопка (23/1) на алатката за косење.
- Откачете ја и отстранете ја левата поклопка (24/1) на алатката за косење.
- Благо одвртете ја завртката (25/1) на затезниот валјак (25/2) сё додека не може да се размота клинестиот ремен (25/3).
- Извадете го клинестиот ремен.

НАПОМЕНА
Водилката и положбата на клинестиот ремен се разликува во зависност од типот. Почитувајте ја налепницата со напомени на алатката за косење.
Ставање на нов клиниест ремен
- Положете го клинестиот ремен околу лесно одвртениот затезен валјак и повторно зашрафете го затезниот валјак (27, 28).
- Положете го клинестиот ремен според редоследот (27/a – d, 28/a – d) околу валјаците и запазете ја водилката и положбата на клинестиот ремен.
11 СКЛАДИРАЊЕ
Тракторската косилка треба да се паркира каде што е заштитена од временски влијанија, особено влага, дожд и подолго изложување на директна сончева светлина.
Никогаш не ја складирајте тракторската косилка во зграда со гориво во резервоарот ако има потенцијал за пареите од горивото да дојдат во контакт со отворени пламени или искри. Паркирајте ја тракторската косилка во простории коишто се соодветни за складирање на моторни возила.
Кога ја складирате тракторската косилка за долги периоди, како на пример преку зима, по можност не треба да се складира со полн резервоар за гориво. Горивото може да испари.
Пред долготрајно складирање, горивото треба да се испушти од резервоарот и карбураторот со цел да се избегне создавање на наслаги коешто може да доведе до проблеми при стартувањето. Контактирајте ја вашата специјализирана работилница за совет.
Предметите со остри рабови и самодвижечките делови на уредот може да доведат до повреди.
■ При работи на одржување, нега и чистење носете секогаш заштитни ракавици!

НАПОМЕНА
Во случај на дефекти, коишто не се наведени во табелата или Вие самите не можете да ги отстраните, обратете се до нашиот кориснички сервис.
| Дефект Причина Отстранување | ||
| Моторот не пали. Недостаток на гориво. Наполнете го резервоарот; проверете ја вентилација на резервоарот; проверете го филтерот за гориво. | ||
| Лошо, нечисто гориво, старо гориво во резервоарот. | Секогаш користете свежо гориво од чисти садови; исчистете го карбураторот (работилница на службата за корисници). | |
| Филтерот за воздух е нечист. Исчистете го филтерот за воздух (види го упатството за работа од производителот на моторот). | ||
| Нема искра за палење. Исчистете ја свекичката, заменете ја со нова ако е потребно, проверете го кабелот за палење, проверете го системот за палење (работилница на службата за корисници). | ||
| Премногу гориво во комората за согорување на моторот поради повеккратни обиди за стартување. | Одвртете ја и исушете ја свекичката. | |
| Анласерот не функционира. | Празен или слаб акумулатор. Наполнете го акумулаторот. | |
| Безбедносниот прекинувач на седиштето на возачот не функционира. | Седнете правилно на седиштето на возачот; прекинувачот е неисправен. | |
| Безбедносниот прекинувач на педалата за кочење не функционира. | Целосно притиснете ја надолу педалата за кочење. | |
| Алатката за косење е включена. | Исклучете ја алатката за косење. | |
| Осигурувачот на (+) кабелот од акумулаторот. | Проверете го осигурувачот, заменете го ако е потребно. | |
| Капацитетот на моторот ослабнува. | Превисока или превлажна трева. | Коригирајте ја висината на косење; направете празен простор за алатката за косење со кратко возење наназад. |
| Запушен канал за исфрлување/кукиште. | Запрете го моторот и извадете го контактниот клуч!Исчистете ги каналот за исфрлување и кукиштето. | |
| Филтерот за воздух е нечист. Исчистете го филтерот за воздух (види го упатството за работа од производителот на моторот). | ||
| Неправилна поставка на карбураторот. | Проверете ја поставката (работилница на службата за корисници). | |
| Дефект Причина Отстранување | ||
| Ножот е многу истрошен. Заменете го ножот (работилница на службата за корисници). | ||
| Преголема брзина на возење. Намалете ја брзината на возење. | ||
| Тракторската косилка силно вибрира. | Алатката за косење е оштетена. | Проверете ја алатката за косење (работилница на службата за корисници). |
| Тракторската косилка не тргнува. | Кај хидростатичен менувач: нема погон за возење. | Префрлете ја премосната рачка на работна позиција (види Поглавје 7.3 "Туркање на тракторската косилка", страна 515). |
| Нечист откос. Ножот е истрошен, истапен. Заменете го или наострете го ножот. Избалансирајте ги наострените ножеви (работилница на службата за корисници)! | ||
| Погрешна висина на косење. Коригирајте ја висината на косење. | ||
| Премал број на вртежи на моторот. | Ставете го максимальниот број на вртежи на моторот. | |
| Преголема брзина на возење. Намалете ја брзината на возење. | ||
| Различен притисок на гумите на тркалата. | Напумпајте на точен воздушен притисок. Исчитајте го точниот притисок на гумата. | |
| Корпата за собирање трева не полни. | Висината за косење е ставена премногу ниско. | Коригирајте ја висината на косење. |
| Тревата е влажна - премногу тешка за да може да се транспортира од воздушната струја. | Одложете го времето за косење сё додека не се исуши тревната површина. | |
| Ножот е многу истрошен. Заменете го ножот. (Работилница на службата за корисници) | ||
| Тревата е многу висока. Косете ја тревата двапати: | ||
| ■ 1. премин: макс. висина на косење | ||
| ■ 2. премин: сакана висина на косење. | ||
| Ткаената вреќа е запушена – нема проток на воздух. | Исчистете ја ткаената вреќа. | |
| Каналот за исфрлување и куќиштето се нечисти. | Исчистете ги каналот за исфрлување и куќиштето. | |
| Индикаторот за наполнетост не кажува ништо. | Остатоци од косење на рачката од индикаторот за наполнетост. | Отстранете ги остатоците од косење на рачката од индикаторот за наполнетост. Потоа проверете за лесно движење. |
Дефект Причина Отстранување
| Погон за возење,кочница, куплунг иалатка за косење. | Исклучиво да се направи проверкасамо во работилница на службата закорисници! |
13 ГАРАНЦИЈА
Можните материјални грешки или грешки во производството ги отстрануваме за време на законски определениот гарантен рок, во согласност со нашиот избор, по пат на поправка или испорака на резервен дел. Гарантниот рок се определува за секој поединечен случај, според законот на државата, во која бил купен производот.
Нашата обврска за гаранција важи само при:
■ почитување на упатството за употреба
■ Прописно ракување
Употреба на оригинални резервни делови
Од гаранцијата се исклучени:
- Оштетувања на бојата предизвикани од нормално абење
Изабени делови, кои на табелата за резервни делови се означени со рамка xxxxxx (x)
■ Мотори со внатрешно согорување (тука важат гарантните одредби на соодветниот произведувач на моторот)
Гарантниот рок започнува со купување од страна на првиот краен корисник. Меродавен е датумот на сметката за плаќање. Обратете се со овој гарантен лист и со оригиналната сметка кај продавачот или во најблиската овластена служба за односи со корисниците. Со оваа гаранција, законските права на купувачот во однос на продавачот остануваат непроменети.
Гаранцијата се поништува при:
■ Обиди за самостояjni поправки
- Обиди за самостояјни технички измени
■ Непрописна примена