CR 4481 - Машина за мраз CAMRY - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот CR 4481 CAMRY во PDF формат.
Преземете ги упатствата за вашиот Машина за мраз во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник CR 4481 - CAMRY и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. CR 4481 на марката CAMRY.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК CR 4481 CAMRY
1. Прочитајте го упатството за употреба пред да започнете со употребата на уредот и
следете ги советите содржани во него. Производителот не е одговорен за штетите предизвикани од несоодветнота употреба на уредот спротивно со неговата намена или за неправилно ракување со уредот.
2. Уредот е наменет исклучително за домашна употреба. Да не се користи за други
цели кои што не се во согласност со неговата намена.
3. Уредот треба да биде вклучен во штекер со заземјување од 220-240 ~ 50 / 60Hz.
Со цел да се зголеми безбедноста на употребата на уредот, ве молиме не вклучувајте премногу електрични уреди истовремено на едно струјно коло.
4. Бидете особено внимателни кога го користите уредот во непосредна близина на34
вашите деца. Не дозволувајте децата да си играат со уредот, исто така не дозволувајте деца или лица кои не се запознаени со уредот да го користат.
5. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Овој уред може да биде користен од страна на деца над 8
години и лица со ограничена физичка можност, лица со ограничени допирни или ментални способности, или лица со недостаток на искуство и кои што не се запознаени со уредот, доколку тоа се прави под надзор на лице кое е одговорно за нивната безбедност или им биле претходно доделени совети за безбедно користење на уредот и се свесни за опасностите поврзани со неговата употреба. Децата не треба да си играат со уредот. Чистењето и одржувањето на уредот не треба да биде извршувано од страна на деца, освен ако не се постари од 8 години и дејсвијата се извршуваат под надзор на полнолетни лица.
6. Кога ќе завршите со употребата на уредот, извадете го приклучокот од штекерот со
држење на штекерот со раката. НЕ влечете го кабелот за напојување.
7. Да не се потопува кабелот, приклучокот и целиот уред во вода или друга течност.
Уредот да не се изложува на атмосферски услови (дожд, сонце, итн.) или да не се употребува во услови на висока влажност (бањи, влажни кампнинг куќи).
8. Периодично проверувајте ја состојбата на кабелот за напојување. Ако кабелот за
напојување е оштетен, треба да го замените во специјализиран сервис за да избегнете
9. Уредот не треба да биде користен со оштетен кабел за напојување или ако уредот
паднал или е оштетен на кој било друг начин или не работи правилно. Не треба сами да го поправате уредот, бидејќи тоа може да предизвика струен удар. Однесете го оштетениот апарат во соодветен сервисен центар за проверка или поправка. Сите поправки може да бидат извршувани само од страна на овластени сервисни места. Неправилно извршената поправка може да предизвика сериозна опасност за корисникот.
10. Ставете го уредот на ладна, стабилна и рамна површина, подалеку од уреди кои
што се загреваат како на пример: електричен шпорет, плинска печка и слично.
11. Уредот да не се користи во близина на запаливи материјали.
12. Кабелот за напојување не може да виси над работ на масата или да допира топли
13. Не оставајте го уредот или адаптерот вклучен во штекер без надзор.
14. За осигурување на дополнителна заштита, препорачливо е да се инсталира уред
(RCD) со номинална резидуална струја во електричното коло не поголема од 30 mA. Во овој случај, ве молиме контактирајте се со електричар. 15.Уредот не е наменет да работи со надворешни прекинувачи со тајмер или посебни далечински управувачки системи. 16.Уредот заедно со кабелот за поврзување треба да се чуваат подалеку од дофат на деца на возраст под 8 години. 17.Не ставајте во уредот производи кои не се изладени до собна температура. 18.Не поместувајте го уредот додека работи. 19.Уредот може да се полни со 0,7 литри течности, но не повеќе од нивото на индикаторот ставен во внатрешноста на уредот. Во уредот можете да турате течни млечни производи, вода или овошни сокови. 20.Времето на подготовка на сладоледите зависи од надворешната температура, температурата на употребените состојки и нивната количина. ОПИС НА УРЕДОТ
1. Капак 2. Заштитник 3. Мотор 4. Копче за заклучување на капакот
5. Мешалка 6. Кутија 7. Комора за мешање 8. Отвори за вентилација
9. Напојувач 10. Контролен панел со копчиња
1. Пред употреба, измијте ја внатрешноста на уредот и капакот.35
2. Поврзете го приклучокот од напојувачот со уредот, а потоа и со штекерот. Ќе светне копчето STOP.
3. За да направите сорбет, сипете 200 мл концентриран овошен сок.
За да направите сладолед, измешајте: - свежи жолчки и белки од 2 јајца - 150 ml павлака (хопла) - 50 ml млеко - шеќер или мед - исецкано овошје, мелено кафе, рендано чоколадо или други состојки по вкус.
4. Вака измешаните состојки ставете ги во комората за мешање (7).
5. Склопете го капакот со мешалка како што е прикажано на сликата. Поставете го капакот на телото на уредот и свртете го
капакот за да го заклучите.
6. Степенот на замрзнување сладолед изберете го со помош на копчињата (10) HARD (многу замрзнат) или SOFT (малку
замрзнат). Уредот ќе почне да работи. Во зависност од избраното ниво на замрзнување сладолед и од надворешната температура, уредот ќе работи од половина час до повеќе од 2 часа. Кога сладоледот ќе биде готов уредот ќе ве информира со звучен сигнал.
7. Ако сакате да ја стопирате работата на уредот предвреме, притиснете го копчето STOP (10).
8. По завршувањето на работата, исклучете го уредот од напојување, отворете го капакот и испразнете ја комората за мешање.
1. Пред чистење исклучете го уредот од напојување.
2. Избришете ја надворешната страна на уредот со влажна крпа.
3. Комората за мешање и внатрешноста на капакот истријте ги со крпче и средство за миење садови.
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ Моќност: 90 W Напојување: 100-240 V ~ 50/60 Hz Капацитет: 0,7 l Работен капацитет: 0,3L Климатска класа: SN; N Се грижиме за природната средина. Картонските паковки молиме да се наменат за рециклирање. Полиетиленовите кеси (PE) да се фрлат во контењер за пластика. Искористениот уред треба да се предаде во соодветниот складирачки пункт, бидејќи небезбедните состојки кои се наоѓаат во уредот можат да бидат загрозување за средината. Електричниот уред треба да се предаде на начин кој ќе оневозможи негова повторна употреба и искористување. Доколку во уредот има батерии, треба да се извадат и посебно да се предадат во складирачкиот пункт. PORTUGUÊS CONDIÇÕES GERAIS DE SEGURANÇA AS INSTRUÇÕES IMPORTANTES RELATIVAS À SEGURANÇA DE UTILIZAÇÃO DEVEM SER LIDAS COM ATENÇÃO E GUARDADAS
Notice-Facile