BEWS 18125X - мелница AEG - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот BEWS 18125X AEG во PDF формат.
Преземете ги упатствата за вашиот мелница во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник BEWS 18125X - AEG и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. BEWS 18125X на марката AEG.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК BEWS 18125X AEG
Технички податоци, Упатства за употреба, Специфицирани услови на употреба, ЕУ- декларација за Сообразност, Батерии, Одржување, Симболи Ве мoлиме прочитаjте го и чувајте го ова упатство!
... 000001-999999 Волтажа на батеријата 18 V 18 V Hоминална брзина 11000 min
D= Дијаметар на дискот за глодање макс. d= бушење-ø 115 mm 22,2 mm 125 mm 22,2 mm b= Дебелина на плочата за сечење мин. / макс. 1 / 3 mm 1 / 3 mm b= Дебелина на стружниот диск макс. 6 mm 6 mm D= Површини за стругање-ø макс. 115 mm 125 mm D= Лончести четки-ø макс. 75 mm 75 mm Срце на работната оска M 14 M 14 Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2014 (Li-Ion 1,5 Ah…9,0 Ah) 2,4 kg ... 3,1 kg 2,4 kg ... 3,1 kg Препорачана температура на околината за работа -18°C ... +50°C -18°C ... +50°C Препорачани комплети акумулаторски батерии L18... L18... Препорачани полначи AL1218... / BL 1218... AL1218... / BL 1218... Информации за бучавата Измерените вредности се одредени согласно стандардот EN 60745. A-оценетото ниво на бучава на апаратот типично изнесува: Ниво на звучен притисок. (Несигурност K=3dB(A)) 83dB(A) 83dB(A) Ниво на јачина на звук. (Несигурност K=3dB(A)) Носте штитник за уши. 84dB(A) 84dB(A) Информации за вибрации Вкупни вибрациски вредности (векторски збир на трите насоки) пресметани согласно EN 60745. Површинско брусење (Li-Ion 1,5 Ah): Вибрациска емисиона вредност a h,AG Несигурност К 9,4m/s
Стружење со лист за стружење (Li-Ion 1,5 Ah: Вибрациска емисиона вредност a h,DS Несигурност К 5,7m/s
Кај други апликации, како на пример брусење со делење или брусење со четката со челична жица можат да се појават други вибрациски вредности! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ за вибрации! Нивото на осцилација наведено во овие инструкции е измерено во согласност со мерните постапки нормирани во EN 60745 и може да биде употребено за меѓусебна споредба на електро-алати. Ова ниво може да се употреби и за привремена проценка на оптоварувањето на осцилацијата. Наведеното ниво на осцилација ги репрезентира главните намени на електро-алатот. Но, доколку електро-алатот се употребува за други намени, со отстапувачки додатоци или со несоодветно одржување, нивото на осцилација може да отстапи. Тоа може значително да го зголеми оптоварувањето на осцилацијата за време на целиот работен период. За прецизна проценка на оптоварувањето на осцилацијата предвид треба да бидат земени и времињата, во коишто апаратот е исклучен или работи, но фактички не се употребува. Тоа може значително да го намали оптоварувањето на осцилацијата за време на целиот работен период Утврдете дополнителни безбедносни мерки за заштита на операторот од влијанието на осцилациите, како на пример: одржување на електро-алатот и на додатоци кон електро-алатот, одржување топли раце, организација на работните процеси.158 Mak
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прочитајте ги сите безбедносни упатства и инструкции. Заборавање на почитувањето на безбедносните упатства и инструкции можат да предизвикаат електричен удар, пожар и/ или тешки повреди. Сочувајте ги сите безбедносни упатства и инструкции за
Вретенасто заклучување
Рачка Изолирана површина на дршката
Прекинувач за вклучување/ исклучување
Лост за заклучување на
Жлеб на прирабницата / FIXTEC завртка
Штитник за сечење БЕБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА А ГОЛНА СТРУГАЛКА Заеднички безбедносни упатства за мазнење, мазнење со рапава хартија, работа со жичани четки, полирање и
a) Овој електро-алат треба да се употребува како шлајферица, шлајферица со хартија за шмирглање, четка со жица и машина за брусење со делење. Почитувајте ги сите безбедносни упатства, упатства за работа, прикази и податоци што ги добивате заедно со електричниот алат. Доколку не ги почитувате следните упатства, може да дојде до електричен удар, до пожар и/или до тешки повреди. b) Овој електро-алат не е наменет за рапава хартија и за полирање. Секакви употреби, за кои овој алат не е предвиден, можат да предизвикаат загрозувања и повреди. c) Не употребувајте прибор што не е предвиден и препорачан од производителот специјално за овој електро-алат. Доколку извесен прибор можете да го прицврстите на вашиот електричен алат, тоа не претставува гаранција за сигурно употреба. d) Бројот на вртежи на алатот, којшто се употребува, мора да биде нај-малку толку висок како и бројот на вртежите на вашиот електро-алат. Додатокот, којтшто се врти побрзу, може да се скриша и да излета. e) Надворешниот дијаметар и дебелината на приборот мора да соодветствуваат со податоците за димензиите на вашиот електро-алат. Приборите со несоодветна димензија не можат да бидат соодветно заштитени или контролирани. f) Навоите на деловите од приборот мора да се совпаѓаат со навојот на осовината за брусење. Кај деловите од приборот кои што се приспојуваат, бушењето за трнот за натегнување во делот од приборот мора да се совпаѓа со пресекот на фланшот за локализирање. Делови од приборот кои што не пасуваат на монтажниот трн на апаратот, работат ексцентрично, вибрираат прекумерно силно и можат да доведат до загуба на контролата врз орудието. g) Не употребувајте оштетен прибор. Пред секоја употреба извршете контрола, како на пример на дисковите за брусење по однос на расцепи и пукнатини, на подножјата за брусење по однос на пукнатини, изабанос т или голема искористеност, на четките со жици по однос на лабави или скршени жици. Ако електро-алатот или приборот паднат, проверете, дали тие се оштетени или употребете неоштетен прибор. Ако приборот сте го провериле и го употребувате, тогаш вие и лицата, кои се наоѓаат во близина, треба да бидете вон доменот на ротирачкиот прибор и оставете го приборот да работи една минута со максимален број на вртежи. Оштетениот прибор најчесто се крши во овој тест-период. h) Носете опрема за лична заштита. Зависно од употребата, користете целосна визуелна заштита, заштита за очите или заштитни очила. Доколку е потребно, носете маска за заштита од прашина, заштита за ушите, заштитни ракавици или специјална престилка, со која се заштитувате од ситни честички од шл ајфувањето и од материјалот. Очите треба да бидат заштитени од страни тела што се разлетуваат наоколу, а кои настануваат при различни употреби. Заштита маска од прашина и за дишење мора да ја филтрираат прашината што се создава при работата. Доколку сте подолго време изложени на гласна бучава, тоа може да предизвика губење на слухот.
i) Кај лицата што стојат во близина внимавајте на тоа да
се почитува безбедно растојание од вашиот делокруг на работа. Секој што ќе пристапи во делокругот на работа, мора да носи опрема за лична заштита. Можат да се разлетаат парчиња од работниот материјал или од скршен прибор и да предизвикаат повреди, исто така и надвор од директниот делокруг на работа. j) Држете го електричниот алат за издадените површини при изведување на операции при кои алатот за сечење можат да дојдат во контакт со скриени жици. Контакт со жица под напон исто така ќе направи проводници од металните делови и оној кој ракува со алатот ќе доживее струен удар. k) Никогаш не го оставајте електро-орудието ако орудието за применување не е дојдено во потполно мирување. Електро-алатот што се врти може да дојде во контакт со површината, на којашто се остава, а на тој начин можете да ја изгубите контролата над електро-алатот. l) Не оставајте го електро-алатот да работи додека го носите. Вашата облека може да биде закачена преку случаен159 Mak
контакт со приборот што се врти, при што тој може да навлезе во вашето тело. m) Редовно чистете го отворот за проветрување на вашиот електро-алат.Вентилаторот на моторот влече прашина во куќиштето, а големо насобирање на метална прашина може да предизвика електрични опасности. n) Не употребувајте го електро-алатот во близина на материјали што горат. Таквите материјали можат да се запалат од искри. o) Не употребувајте прибор, за којшто се потребни течни средства за ладење. Употребата на вода или на други течни средства за ладење може да доведе до електричен удар. Повратен удар и референтни безбедносни упатства Повратниот удар претставува неочекувана реакција како последица на заглавен или блокиран прибор што се врти, како на диск за брусење, подножје за брусење, четка со жица итн. Заглавувањето или блокирањето доведува до неодложно стопирање на ротирачкиот прибор. На тој начин неконтролираниот електро-алат се забрзува во спротивна насока од насоката на вртење на приборот во точката на
Доколку, на пример, диск за брусење е заглавен или блокиран во материјалот, работ на дискот за брусење што навлегува во материјалот, може да се закачи и на тој начин да дојде до излегување на дискот или да се предизвика повратен удар. Во таков случај дискот за брусење се движи или кон операторот или настрана од него, зависно од насоката на вртење на дискот во точката на спојување. Притоа дисковите за брусење можат исто така и да се скршат. Повратен удар претставува последица од погрешна или неисправна употреба на електро-алатот. Тој може да биде избегнат со соодветни мерки на претпазливост, како што се опишани подолу. a) Држете го електро-алатот цврсто и поставете ги вашето тело и вашите раце во позиција, со која ќе можете да дадете отпор на силите од повратиот удар. Секо гаш употребувајте ја додатната рачка, доколку пос то и, за да можете да имате максимална можна контрола над силите од повратниот удар или на моментите на реакција при пуштање во работа. Операторот може да ги контролира силите на повратниот удар и реакционите сили со преземање соодветни мерки на претпазливост. b) Никогаш не поставувајте ја вашата рака во близина на прибор што се врти. Во случај на повратен удар, приборот може да биде исфрлен врз вашата рака. c) Избегнувајте го со вашето тело местото, во кое електро-алатот се движи во случај на повратен удар. Повратниот удар го води електро-алатот во спротивна насока од насоката на движење на дискот за брусење на местото за
d) Работете особено внимателно кај агли, остри рабови итн. Спречувајте ситуации, во кои приборот се одбива од и заглавува во материјалот за обработка. Кај агли, остри рабови или во случај на одбивање ротирачкиот прибор е склон кон заглавување. Тоа предизвикува губење на контролата или повратен удар. e) Не употребувајте лист за пилење со ланци или запчаници. Таквите орудија за примена честопати предизвикуваат повратен удар или губење на котролата врз електро-орудието. Специјални безбедносни упатства за шлајфување и шл ајфување со делење a) Употребувајте ги исклучително алатите за брусење што се одобрени за вашиот електро-алат како и заштитната капа што е предвидена за таквите алати за брусење. Алати за брусење, коишто не се предвидени за електро-алатот, не можат да бидат доволно заштитени и се
b) На косо сечени листови за стружење мора да бидат монтирани на тој начин што нивната површина за с тружење нема да излегува надво р од нивото на работ на заштитната хауба. Нестручно монтиран диск за стружење кој што излегува надвор од нивото на работ на заштитната хауба не може да биде доволно заштитен. c) Заштитната капа мора да биде сигурно поставена на електро-алатот и да биде така нагодена, што ќе се постигне максимално ниво на безбедност, тоа значи најмал дел од алатот за брусење да е насочен кон операторот. Заштитната капа треба да го штити операторот од парчиња и од случаен контакт со телото за брусење. d) Телата за брусење смеат да се употребуваат само за препорачаните можности за употреба. На пример: никогаш не брусење со страничната површина од диск за делење. Дисковите за делење се наменети за отстранување на материјал со работ на дискот. Дејството на странична сила врз овие тела за брусење може да ги скрши истите. e) Секогаш употребувајте за дисковите за брусењ е што сте ги одбрале неоштетени фланши за стегање, со исправна големина и форма. Соодветните фланши го заштитуваат дискот за брусење и на тој начин ја намалуваат опасноста од кршење на дискот за брусење. Фланшите за дискови за делење можат да се разликуваат од фланшите за други дискови за брусење. f) Не употребувајте искористени дискови за брусење од поголеми електро-алати. Дисковите за брусење за поголеми електро-алати не се погодни за повисоките броеви на вртежи кај помалите електро-алати и можат да се скршат. Други специјални безбедносни упатства за брусење со
a) Избегнувајте заглавување на дис кот за делење или премногу висок контактен притисок. Не изведувајте претерано длабоки засеци. Преоптоварувањето на дискот за делење го зголемува неговиот напор и чувствителноста за извртување или блокирање, а со тоа и на можноста за повратен удар или за кршење на телото за брусење. b) Избегнувајте го домен от пред и зад роти рачки диск за делење. Доколку дискот за делење го движите во материјалот за обработка во насока подалеку од себе, во случај на повратен удар електро-алатот со дискот што се врти, може да се насочи директно
c) Доколку дискот за делење се заглави или доколку прекинете со работа, исклучете го електро-алатот и држете го мирно сè додека дискот не постигне состојба на мирување. Никогаш не обидувајте се, да го извлечете дискот од засекот додека се врти, во спротивно може да дојде до повратен уд ар. Констатирајте и отстранете ја причината за заглавувањето. d) Не вклучу вајте го електро-алатот повторно, сè додека истиот се наоѓа во материјалот за обработка. Дозволете дискот да го дости гне целиот број на вртежи, пред внимателно да го продолжите сечењето. Во спротивно дискот може да заглави, да отскокне од материјалот за обработка или да предизвика повратен удар.160 Mak
e) Потпрете ги плочите или големите материјали за обработка, за да го намалите ризикот од повратен удар ка ко резултат на заглавен диск за делење. Големи материјали за обработка може да свијат како последица на својата тежина. Материјалот за обработка мора да биде потпран на двете страни и тоа како во близина на засекот за делење така и на работ. f) Бидете посебно внимателни при „Џебни засеци„ во постоечки ѕидови или други подрачја каде што се нема увид. Дискот што навлегува може да предизвика повратен удар при сечење во гасоводи или водоводи, понатаму во електрични водови или други објекти. Специјални безбедносни упатства за мазнење со хартија за шмирглање: a) Не употребувајте прекудимензионирани листови за мазнење. Следете ги податоците на производителот по однос на големината на листот за мазнење. Листови за шмирглање што зјаат надвор од подлогата за мазнење, можат да предизвикаат повреди како и блокирање, кинење на листовите или да доведат до повратен удар. Специјални безбедносни упатства во врска со работата со четките со жица: a) Обратете внимание на тоа, дека челичната четка и за време на вообичаената употреба губи парчиња жица. Не ги преоптоварувајте жиците со премногу висок притисок на притиснување. Парчиња жица кои што се разлетуваат, би можеле многу лесно да продрат низ лесна облека и/или кожата. b) Доколку е препорачана заштитна капа, спречете да дојде до можност за допир помеѓ у заштитната капа и четката со жица. Кај четките со подножје и за четкање може да дојде до зголемување на нивниот дијаметар како резултат на притисокот при допир и на центрифугалните сили. Останати безбедносни и работни упатства Секогаш проверувајте дали копчето за вретенасто заклучување е целосно откочено пред да го вклучите алатот! По користење на вретенастото заклучување за зацврстување / олабавување на абразивниот диск, можно е копчето да се заглави во позицијата за заклучување. Истовремено, може да предизвика активирање на заштитата на алатот или батеријата и да го спречи доводот на електрична енергија до алатот. Исклучете го прекинувачот, извадете ја батеријата, а потоа внимателно занишајте го дискот наназад и нанапред за да го ослободите копчето за вретенасто заклучување. Забелешка: Ако е активирана и заштитата на батеријата, едноставно извадете ја батеријата од алатот и заменете ја, при што ќе се ресетира заштитата. При глодање на метал, се создаваат летечки искри. Погрижете се луѓето да не бидат загрозени. Поради ризик од пожар, запалливи матери не смеат да бидат лоцирани во близина (зона на искрење). Не користете издув за прав. Избегнувајте искри и прашина од брусењето да го погодат
Никогаш не посегнувајте во зоната на опасната работна површина при вклучена маш ина. Прашината и струготините не смеат да се одстрануваат додека е машината работи. Во случај на значителни вибрации или појава на други неправилности веднаш исклучете ја машината со цел да ја најдете причината за нив. При екстремни услови (пр: фино глодање метали со вретено или глодачко тркало со вулканизирани влакна), значително загадување може да се насобере одвнатре на аголната
Не дозволувајте какви и да се метални делови да дојдат до отворите за вентилација-ризик од куршлус! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! За да избегнете опасноста од пожар, од наранувања или од оштетување на производот, коишто ги создава краток спој, не ја потопувајте во течност алатката, заменливата батерија или полначот и пазете во уредите и во батериите да не проникнуваат течности. Корозивни или електроспроводливи течности, како солена вода, одредени хемикалии, избелувачки препарати или производи кои содржат избелувачки супстанции, можат да предизвикаат краток спој. Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте ги само на суво место. Чувајте ги постојано суви. Користете исклучиво Систем GBS за полнење на батерии од GBS систем. Не користете батерии од друг систем. ОСТАТОЧНИ ОПАСНОСТИ Дури и ако се користи аголна брусилка како што е пропишано, сè уште не е можно целосно да се елиминираат извесни преостанати фактори на ризик. Може да се појават следните ризици и операторот треба да обрне посебно внимание да го избегне следното: Повреда предизвикана од исфрлени честички. Во очите може да навлезат метални или абразивни честички и да предизвикаат сериозно трајно оштетување. Носете специјални очила за брусење секогаш кога го користите
Повреда предизвикана од вибрации. Ограничете го изложувањето. Видете го ПРЕДУПРЕДУВАЊ ЕТО за вибрации! Повреда предизвикана од прав. Носете соодветна маска за контролирање на правта со филтри погодни за заштита од честички од материјалот на кој се работи и абразивни честички од дискот за брусење. Немојте да јадете, да пиете или да пушите во работниот простор. Обезбедете соодветно проветрување. Повреда од контакт со дискот за брусење. Дискот и работниот дел ќе се вжештат при употребата. Носете ракавици кога ги менувате дисковите или го допирате работниот дел. Дланките нека ви бидат постојано настрана од делот што го брусите. Приклеш тете го работниот дел секогаш кога е возможно. Повреда предизвикана од бучава. Долготрајната изложеност на бучава ќе го зголеми ризикот од оштетување на слухот, а ефектите се кумулативни. Кога користите електрични алати подолг време, носете заштита за
Долготрајната употреба на алатот може да предизвика повреди или да ги влоши постојните. Ако користите некој алат подолго време, правете редовни паузи. СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА Аголната брусилка е наменета за брусење и сечење метални, камени, бетонски и керамички материјали, како и пескарење и чистење арматура со челична четка.161 Mak
За сечење, користете го капачето за режење од палетата со
Во секој случај почитувајте ги упатствата напроизводителите на приборот. Eлектричното орудие е прикладно само за сува обработка. На аголната брусилка треба да се прицврстат само соодветни дискови за брусење или сечење и соодветни заштитници (заштитник за брусење или заштитник за сечење), според описот во делот со спецификации за производот од овој прирачник. Аголната брусилка е наменета само за рачно ракување; не треба да се монтира на дел од опремата или на работната маса. Не користете го производот на друг начин освен на начините за кои е наменет. РАБОТНИ УПАТСТВА За алатите кои се наменати за опремување со шилесто тркало за дупчење, осигурете се дека жицата во тркалото е доволно долга за да ја прифати должината на вретеното. Сечени и брусени плочи да се употребуваат и чуваат секогаш према податоците на производителот. Во случај на груба обработка и пресекување секогаш се работи со заштитна капа. На косо сечени листови за стружење мора да бидат монтирани на тој начин што нивната површина за стружење нема да излегува надвор од нивото на работ на заштитната хауба. Шрафот за штелување мора да биде затегнат пред да се почне со работа со машината. Секогаш користете ја помошната рачка. Работни предмети кои што се обработуваат мора да бидат цврсто стегнати доколку не се држи со самата своја тежина. Работните предмети никогаш да не се водат рачно према
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат траењето на батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите на високи температури или сонце (ризик од прегревање). Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти. За оптимален работен век батериите мора да се наполнат целосно по употреба. Батриите кои не биле користени подолго време треба да се наполнат пред употреба. За можно подолг век на траење, апаратите после нивното полнење треба да бидат извадени од апаратот за полнење на
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:, Акумулаторот да се чува на температура од приближно 27°C и на суво место., Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од состојбата на наполнетост., Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци. Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад и не горете ги. Дистрибутерите на АЕГ ги собираат старите батерии, со што ја штитат нашата околина. Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик од краток спој). ЗАШТИТА ОД ПРЕОПТЕРЕТУВАЊЕ НА БАТЕРИЈАТА Во случај на преоптоварување на батериите поради енормно висока потрошувачка на електрична енергија, на пр. екстремно висок број на вртежни моменти, заглавување на оперативната алатка, нeoчекувано сопирање или краток спој, електричната алатка прекинува со работа и по 2 секунди автоматски се исклучува. За ресетирање, извадете го акумулаторот од алатот и заменете го. Во случај на екстремни оптоварувања батеријата се загрева премногу. Во таков случај трепкаат сите ламбички од приказот за полнење сè додека батеријата не се излади. По гаснење на приказот за полнење може да се продолжи со работа. Тогаш ставете ја батеријата во уредот за полнење за повторно да ја напоните и активирате. ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за транспорт на опасни материи. Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно локалните, националните и меѓународните прописи и одредби. Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен патен транспорт на истите. Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна на шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите за транспорт на опасни материии. Подготовките за шпедиција и транспорт треба да ги вршат исклучиво соодветно обучени лица. Целокупниот процес треба да биде стручно надгледуван. При транспортот на батерии треба да се внимава на следното: Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето тоа со цел да се избегнат кратки споеви. Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во нивната амбалажа. Забранет е транспорт на оштетени или протечени литиум-јонски батерии. За понатамошни инструкции обратете се до Вашето шпедитерско претпријатие. ЗАШТИТА ОД ПОВТОРНО ПРИДВИЖУВАЊЕ Нуланапонската исклопка го спречува повторното стартување на машината после прекин на струја (замена на батерии). Во случај на повторно започнување со работа, исклучете ја машината и потоа вклучете ја повторно. МАЗЕН СТАРТ Електронски контролиран мазен старт за безбедно користење кој штити од почетното нагло задвижување на машината.
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и да е зафат врз машината. Вентилациските отвори на машината мора да бидат комплетно отворени постојано. Користете само AEG додатоци и резервни делови. Доколку некои од компонентите кои не се опишани треба да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на AEG (консултирајте ја листата на адреси). Доколку е потребно можно е да биде набавен детален приказ на алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот како и типот на машина кој е отпечатен на етикетата и порачајте ја скицата кај локалниот застапник или директно кај: Techtronic Industries GmbH, Max-Eyth-Straße10, 71364Winnenden, Germany.162 ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ Под целосна лична одговорност изјавуваме дека производот опишан во „Технички податоци“ е во сообразност со сите релевантни прописи од директивите 2011/65/EU (RoHS) 2006/42/EC 2014/30/EU и дека се применети следните хармонизирани стандарди EN 60745-1:2009+A11:2010 EN 60745-2-3:2011+A2:2013 EN 55014-1:2017+A11:2020 EN 55014-2:2015 EN IEC 63000:2018 Winnenden, 2020-11-23 Alexander Krug / Managing Director Ополномоштен за составување на техничката документација. Techtronic Industries GmbH Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Germany
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ! Ве молиме пред да ја стартувате машината обрнете внимание на упатствата за употреба. Секогаш при користење на машината носете
Носете ракавици! Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и да е зафат врз машината. Aнтивибрационен систем Не употребувајте сила. Само за работи на сечење. Само за работи на брусење. Не притискајте го копчето за вретенасто заклучување при започнувањето со работа и при исклучување. Дополнителна опрема - Не е вклучена во стандардната, а достапна е како додаток. Резервен дел - Не е вклучен во стандардната опрема, достапен како резервен дел. Електричните апарати и батериите што се полнат не смеат да се фрлат заедно со домашниот отпад. Електричните апарати и батериите треба да се собираат одделно и да се однесат во соодветниот погон заради нивно фрлање во склад со начелата за заштита на околината. Информирајте се кај Вашите местни служби или кај специјализираниот трговски претставник, каде има такви погони за рециклажа и собирни станици. Истосмерна струја
Notice-Facile