SAMSUNG NK36N5703BS  -  372539872 -   -   -   -   -   -   -  NK36N5703BS/UR - кујнска аспиратор

NK36N5703BS - 372539872 - - - - - - - NK36N5703BS/UR - кујнска аспиратор SAMSUNG - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот NK36N5703BS - 372539872 - - - - - - - NK36N5703BS/UR SAMSUNG во PDF формат.

📄 104 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice SAMSUNG NK36N5703BS  -  372539872 -   -   -   -   -   -   -  NK36N5703BS/UR - page 58
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Тип на производ Аспиратор
Бренд Samsung
Модел NK36N5703BS/UR
Употреба Издувна (надворешен издув) или филтрирачка (внатрешно рециклирање)
Достапни брзини Ниска, средна, висока + интензивна (Boost) во траење од 5 минути
Осветлување LED
Поврзување Bluetooth (поврзување со компатибилна Самсунг плоча за готвење)
Далечинско управување Преку апликацијата Smart Things
Тајмер Да, програмабилен
Филтер за маснотии Металски, може да се мие во машина за садови (еднаш месечно)
Филтер за јаглен Активен, треба да се замени на секои 4 месеци (не е вклучен)
Потрошувачка во мирување 1,90 W
Потрошувачка во исклучена состојба 0,48 W
Минимално растојание за инсталација (електрична плоча) 50 cm
Минимално растојание за инсталација (гасна плоча) 65 cm
Период на управување со енергија 3 минути
Чистење на панелот Влажна крпа, неутрален детергент
Замена на светилките LED, само од сервис

Frequently Asked Questions - NK36N5703BS - 372539872 - - - - - - - NK36N5703BS/UR SAMSUNG

Која е минималната висина на инсталација на аспираторот над плочата за готвење?
Минималното растојание е 50 cm за електрична плоча и 65 cm за гасна или мешана плоча. Почитувајте ги упатствата на плочата ако наведуваат поголемо растојание.
Како да го исчистам филтерот за маснотии?
Металниот филтер за маснотии се чисти еднаш месечно рачно со неагресивен детергент или во машина за садови на ниска температура и брз циклус. Повлечете ја рачката со пружина за да го демонтирате.
Колку често треба да се замени филтерот за јаглен?
Филтерот за јаглен треба да се замени на секои 4 месеци најдоцна. Не може да се чисти ниту да се регенерира. Заменете го порано ако се вклучи индикаторот за заситеност.
Како да го поврзам аспираторот со Самсунг плоча преку Bluetooth?
Притиснете го копчето T9 (Bluetooth) на аспираторот: индикаторот трепка. Потоа притиснете го Bluetooth копчето на компатибилната плоча. Индикаторот останува вклучен и симболот 'bt' се прикажува за да го потврди поврзувањето.
LED осветлувањето не работи, што да правам?
LED светилките треба да се заменат само од техничката поддршка на Самсунг. Контактирајте го вашиот овластен сервисен центар.
Како да го поставам тајмерот?
Притиснете го копчето Тајмер (T6) за да го поставите времето на работа. За да го откажете, притиснете повторно 3 секунди.
Аспираторот не се вклучува, што да проверам?
Проверете дали осигурувачот на инсталацијата не е прегорен. Ако осигурувачите често прегоруваат, повикајте електричар. Исчистете го контролниот панел ако е контаминиран со туѓи тела.
Може ли да го користам аспираторот без надворешен издув?
Да, во филтрирачка верзија. Треба да инсталирате активен филтер за јаглен (не е вклучен). Воздухот се рециклира и се враќа во просторијата.
Како да го исклучам звучниот сигнал?
Притиснете го копчето T7 3 секунди за да го исклучите (OFF) звучниот сигнал. Повторете го истото за повторно вклучување (ON).
Апликацијата Smart Things не се поврзува, што да правам?
Проверете дали плочата е компатибилна и дали Bluetooth поврзувањето е активно. Ако врската е нестабилна, исклучете го напојувањето 30 секунди, потоа ресетирајте го Bluetooth (долго притискање на T9). Погледнете го прирачникот на плочата за повеќе детали.

Прашања на корисниците за NK36N5703BS - 372539872 - - - - - - - NK36N5703BS/UR SAMSUNG

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот кујнска аспиратор во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник NK36N5703BS - 372539872 - - - - - - - NK36N5703BS/UR - SAMSUNG и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. NK36N5703BS - 372539872 - - - - - - - NK36N5703BS/UR на марката SAMSUNG.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК NK36N5703BS - 372539872 - - - - - - - NK36N5703BS/UR SAMSUNG

МК Упатство за монтажа и ракување

SR Uputstva za montažu i upotrebu

Символи користени во овој прирачник

SAMSUNG NK36N5703BS  -  372539872 -   -   -   -   -   -   -  NK36N5703BS/UR - Символи користени во овој прирачник - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Опасности или небезбедни дејства кои би можеле да доведат до повреда или смрт.

SAMSUNG NK36N5703BS  -  372539872 -   -   -   -   -   -   -  NK36N5703BS/UR - ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ - 1

ВНИМАНИЕ

Опасности или небезбедни дејства кои би можеле да доведат до електричен удар, повреда или оштетување на имот.

SAMSUNG NK36N5703BS  -  372539872 -   -   -   -   -   -   -  NK36N5703BS/UR - ВНИМАНИЕ - 1

ЗАБЕЛЕШКА

Корисни совети и упатства

Овие икони и предупредувачки символи служат за да се избегнат повреди, како ваши, така и на другите. Ве молиме следете ги во потполност. По читањето на ова заглавие, ве молиме да го чувате на безбедно место за можни идни навраќања.

Придржувајте се строго до упатствата дадени во овој прирачник. Ние одбиваме билокаква одговорност за билокаков проблем, штета или пожар предизвикан на апаратот како резултат на неследење на упатствата включени во овој прирачник. Аспираторот е наменет исклучиво за домашна употреба.

Аспираторот може да се разликува по изгледот од сликите во ова упатство, но сепак упатствата за употреба, одржувањето и упатствата за инсталирање остануваат исти.

  • Важно е да го зачувате ова упатство за да би можеле да го консултирате во било кој момент. Во случај на продажба, расходување или на преместување, нека остане заедно со производот.
  • Прочитајте ги внимателно упатствата: Овде има важни информации за инсталирањето, за употребата и за безбедноста.
  • Не вршете електрични или механички измени на производот или на издувните канали.
  • Пред да почнете со монтирање на апаратот проверете да не се оштетени компонентите. Во спротивно, обратете се кај вашиот дистрибутер и не продолжувајте со монтирањето.

SAMSUNG NK36N5703BS  -  372539872 -   -   -   -   -   -   -  NK36N5703BS/UR - ЗАБЕЛЕШКА - 1

Важни совети

  • Пред билокаква операција за чистење или одржување, исключете го аспираторот од електричната мрежа со вадење на струјниот приклучник или со исклучување на домашниот мрежен прекинувач.
  • За сите операции за монтажа и одржување да се користат работни ракавици.
  • Овој апарат може да се користи од страна на деца од 8 години па нагоре и лица со намалени физички, сензорни или ментални способности, или ако немаат искусство или знаење, доколку се под надзор или имаат добиено инструкции за употреба на апаратот на безбеден начин и ги разбираат опасностите поврзани со него.
  • Треба да се внимава децата да не си играат со апаратот.
  • Чистењето и одржувањето не треба да го прават деца без надзор.
  • Просторијата мора да биде довольно проветрена кога кујнскиот аспиратор се користи заедно со апарати кои согоруваат гас или други горива.
  • Аспираторот мора редовно да се чисти како од внатрешноста така и од надворешноста (НАЈМАЛКУ ЕДНАШ МЕСЕЧНО), во секој случај потребно е да се постапува во согласност со упатствата за одржување.

  • Ако не се следат упатствата во однос на чистењето на аспираторот и замената и чистењето на филтрите єе доведе до ризик од пожари.

  • Строго се забранува фламбирање на храната под самиот аспиратор.
  • За замена на сијалицата користете само од типот на сијалица наведен во делот одржување/замена на сијалицата во овој прирачник.

Употребата на отворени пламени е штетна за филтрите и може да предизвика ризик од пожар и поради тоа мора да се избегнува во сите околности.

Секое пржење мора грижливо да се направи со цел да се спречи да не дојде до презагревање на маслото и пламнување.

ВНИМАНИЕ: Кога плочата за готвење е во функција пристапните делови од аспираторот можат да се загреат.

  • Да не го поврзувате апаратот со електричното напојување сё додека монтажата не биде целосно комплетна.
  • Што се однесува до техничките и безбедносните мерки за примена за исфрлање на пареа важно е внимателно да се следат правилата дадени од локалните надлежни власти.
  • Издувниот воздух не смее да се предава во активен оцак за чад створен од апарати кои согоруваат гас или други горива.
  • Да не го користите или оставате аспираторот без правилно монтирани сијалици поради можниот ризик од електричен удар.
  • Никогаш не користете го аспираторот ако ја немате правилно монтирано решетката!
  • Аспираторот НИКОГАШ не смее да се користи како површина за поддршка доколку не е прецизно наведено.
  • Користете ги само завртките за прицврстување обезбедени со производот за монтирање или ако не се обезбедени набавете го точниот тип на завртки.
  • Користете ја точната должина за завртките што се наведени во Упатството за монтирање.
  • Во случај на сомневање, консултирајте се со овластениот центар за техничка поддршка или персонал со слични квалификации.

⚠️ ВНИМАНИЕ!

  • Немонтирањето на завртки и уреди за прицврстување во согласност со овие упатства може да доведе до опасности од електрична природа.
  • Да не се користи со програмер, тајмер, посебен далечински управувач или било која друга направа која се активира автоматски.

Овој апарат е обележан согласно Европската директива 2012/19/EC за Искористена Електрична и Електронска Опрема (Waste Electrical and Electronic Equipment - WEEE). Со правилно отстранување на овој производ помагате да се спречат потенцијалните негативни последици за околината и здравјето на човекот, што инаку би се предизвикале од несоодветното третирање како отпадок на овој производ.

SAMSUNG NK36N5703BS  -  372539872 -   -   -   -   -   -   -  NK36N5703BS/UR - ⚠️ ВНИМАНИЕ! - 1

Симболот ■ прецртана канта за губре на производот или на документите кои одат со производот, покажува дека тој апарат не смее да се третира како комунален отпад. Напротив би требало да се однесе до соодветното место за собирање за рециклирање на електрична и електронска опрема. Отстранувањето мора да се изврши во согласност со локалните прописи за животната средина за отстранување на отпаден материјал. За повеće детаљни информации за третманот, поправањето и рециклирањето на овој производ Ве молиме контактирајте со Вашите локални власти, Вашата комунална служба или со продавницата од каде го имате купено производот.

Апаратот е дизајниран, тестиран и произведен според:

  • Безбедност: EN/IEC 60335-1; EN/IEC 60335-2-31, EN/IEC 62233.
  • Можности: EN/IEC 61591; ISO 5167-1; ISO 5167-3; ISO 5168; EN/IEC 60704-1; EN/IEC 60704-2-13; EN/IEC 60704-3; ISO 3741; EN 50564; IEC 62301.
  • EMC: EN 55014-1; CISPR 14-1; EN 55014-2; CISPR 14-2; EN/IEC 61000-3-2; EN/IEC 61000-3-3.

Предпози за исправна употреба за да се намали влијанието врз животната средина

Уклучете го поклопниот аспиратор на минимална брзина на почеток на готвењето и оставете го да работи уште неколку минути по завршувањето на готвењето. Зголемете ја брзината само во случај на голема количина на чад и пареа и користете ја форсираната брзина во ретки ситуации. Заменете го филтерот (-рите)на активен јаглен кога е потребно да се задржи ефикасноста на намалување на мирис. Исчистете го филтерот за масти(-рите) кога е потребно да се задржи неговата ефикасност. Користете максимален дијаметар на изводниот систем прикажан во овој прирачник да се оптимизира ефикасноста и да се намали бучавата.

Употреба

Аспираторот е осмислен за вшмукување на гасови и пареи од готвење и е наменет ислкучиво за домашна употреба.

Аспираторот може да се користи во вид со надворешно исфрлање на издувниот воздух или со филтер во вид со кружно струење на воздухот.

SAMSUNG NK36N5703BS  -  372539872 -   -   -   -   -   -   -  NK36N5703BS/UR - Употреба - 1

Вид со надворешно исфрлање на издувниот воздух

Пареата се исфрла на надвор преку една издувна цевка позиционирана на приклучната прирабница.

SAMSUNG NK36N5703BS  -  372539872 -   -   -   -   -   -   -  NK36N5703BS/UR - Вид со надворешно исфрлање на издувниот воздух - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!

Издувната цевка не е доставена и таа треба да се купи.

Дијаметарот на издувната цевка треба да биде еднаков со дијаметарот на прстенот за поврзување.

SAMSUNG NK36N5703BS  -  372539872 -   -   -   -   -   -   -  NK36N5703BS/UR - ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!

Ако аспираторот е снабден со филтри со активен јаглен, истите треба да се отстранат.

Поврзете го аспираторот со цевките и отворите за издувување низ сид со дијаметар еднаков со излезот на воздухот (приклучна прирабница).

Употребата на издувни цевки и отвори за издувување низ сид со помал дијаметар їе предизвика намалување на брзината на всмукување и драстично зголемување на бучавата.

Поради тоа се одбива билкокава одговорност које е последица на тоа.

! Користење на цевка подолга од неопходниот минимум.

! Користење на цевка со што е можно помал број на кривини (максимален агол на кривината: 90°).

! Избегнувајте драстични промени на пресекот на цевката.

Ако сакате да ја користите опцијата за издувно, ве молиме отстранете го филтерот за јаглен на аспираторот.

SAMSUNG NK36N5703BS  -  372539872 -   -   -   -   -   -   -  NK36N5703BS/UR - ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! - 1

Варијанта со филтрирање

Всмуканиот воздух се ослободува од мастите и се деодорира пред повторно да се упати назад во просторијата. За користење на аспираторот во оваа варијанта потребно е да вградите дополнителен систем за филтрирање на база на активни јаглени.

Монтажа

Најмалото растојание помећу плочата од шпоретот за садовите за готвење и долниот раб на аспираторот да не биде помало од 50см за електричните апарати за готвење и 65см за гасните или комбинираните апарати за готвење.

Ако упатството за монтажа за плинските плочи од шпоретот прецизираат поголемо растојание, морате да се придржувате до тоа.

*прверете ја локалната регулатива пред инсталација.

SAMSUNG NK36N5703BS  -  372539872 -   -   -   -   -   -   -  NK36N5703BS/UR - Монтажа - 1

Приклучување на електрична енергија

Главното струјно напојување мора да одговара со оптегот покажан на етикетата за характеристиките ставена внатре во аспираторот. Ако аспираторот оди со приклучник поврзете го во штекерот во согласност со струјните прописи и позициониран на пристапно место дури и по монтажата. Ако не е снабден со приклучник (директна врска со електричното напојување) или ако приклучникот не е лициран на пристапно место, дури и по монтажата, применете би-поларен прекинувач во согласност со стандардите кој обезбедува комплетно исклучување на електричното напојување под услови поврзани со преоптоварување на мрежата категорија III, во согласност со упатството за монтажа.

SAMSUNG NK36N5703BS  -  372539872 -   -   -   -   -   -   -  NK36N5703BS/UR - Приклучување на електрична енергија - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!

Пред (повторно) поврзување на колото од аспираторот со електричното напојување и проверувањето на функционалноста, секогаш проверете дали струјниот кабел е правилно монтиран.

Аспираторот е снабден со специјален кабел за напојување; во случај на оштетување на кабелот, побарајте помош од стручна техничка служба.

Вградување

Пред да се почне со монтирањето:

  • Проверете дали купениот производ е со соодветни димензии за одбраниот простор за монтирање.
  • Извадете го/ги филтерот/-те на активен јаглен ако се доставени (види го и соодветниот параграф). Тој/тие се монтира/-ат само ако сака да се користи аспираторот во варијанта со филтрирање.
  • Проверете дали во внатрешноста на аспираторот (поради транспортот) нема материјал од опремата (на пример ўесиња со завртки и навртки, гаранции и др.), ако има извадете го и зачувајте го.

Аспираторот оди заедно со парчиња за прицврстување пригодни за поголемиот дел од сидови/тавани. И покрај тоа потребно е да побарате објаснување од квалификуван техничар за да ви потврди за прикладноста на материјалите според видот на сидот/таванот. Сидот/таванот треба да биде довольно цврст за да ја издржи тежината на аспираторот.

Забелешка: Додатоците означени со симболот "(*)" се факултативен додатен прибор кои се включени само во неколку модели, а ако не се включени во моделот треба да се набават.

Одржување

Чистење

За чистењето ИСКЛУЧИВО користете крпа навлажнета со течни неутрални детергенти. НЕ ЧИСТЕТЕ СО ПОМОШ НА АЛАТ ИЛИ ДРУГИ ИНСТРУМЕНТИ. Не користите производи кои содржат абразиви. НЕ КОРИСТЕТЕ АЛКОХОЛ! За сите дејства на одржување користете ракавици.

Филтер за масти

Fig. 11-28

За собирање на масните сostoјки од пареата од готвењето.

Металниот филтер за масти треба да се чисти еднаш месечно со неагресивни детергенти, рачно или во машина за миење на садови на ниски температури и во краток интервал.

Со перењето во машина за миење на садови металниот филтер за масти може да ја изгуби малку бојата но неговите характеристики за филтрирање воопшто не се менуваат.

За да го извадите филтерот за масти повлечете го забецот за откопчување.

Филтер со активен јаглен (Само за Варијанта со филтрирање)

Бр. 27

За собирање на непријатните мириси од пареата од готвењето .

Заситувањето на филтерот на јаглен настапува по повеće или помалку продолжена употреба во зависност од типот на готвење и редовноста на чистењето на филтерот за масти. Во секој случај потребно е да се замени патронот најмногу на секои четири месеци (или кога системот за прикажување на заситеноста на филтрите - ако оди заедно со моделот што го имате- ја покажува оваа потреба).

НЕ може да се пере или обновува.

Монтирање

Прикачете го филтерот со активен јаглен прво од назад на металното јазиче од аспираторот а потоа од напред со двете копчиња.

Демонтирање

Извадете го филтерот со активен јаглен со вртење за 90° на копчињата што го прицврстуваат на аспираторот.

Купување на јаглен филтер

Јаглениот филтер може да се купи на веб-страната на Сервис Службата или во Сервис Центарот на Samsung. Посочете ги информациите кои се прикажани на последната страница од овој прирачник.

Замена на сијалиците

Аспираторот е опремен со систем за осветлување базиран на технологијата на LED диода.

LED светилките гарантираат оптимално осветлување, имаат околу 10 пати подолгвек од традиционалните светилки и овозможуваат заштеда на електрична енергија и до 90%.

За нивната замена обратете се на службата за техничка поддршка.

Функционирање
T1 T2 T3 T4 T5 T6 T7 T8 T9 1 2 3 b 88 OFF(3 sec) L1

T1. ON / OFF Motor

Притиснете го копчето Т1 за да ја активирате стандардната брзина (стандардна брзина: Ниска).

Притиснете го повторно, аспираторот се врака на stand-by.

T2. Ниска брзина

Притиснете го копчето Т2 за активирање на ниската брзина.

Т3. Средна брзина

Притиснете го копчето Т3 за активирање на средната брзина.

T4. Висока брзина

Притиснете го копчето Т4 за активирање на високата брзина.

Притиснете го копчето T5 за активирање на интензивната брзина (Boost) 5 минути.

T6. Вклучување / исклучување на тајмерот

Притиснете го копчето Тајмер за да го регулирате времето на работа.

Притиснете го копчето Тајмер 3 секунди, за да ја ислучите функцијата на тајмерот.

T7. ON / OFF

Притиснете повторно за да ги исключите.

T7. ON / OFF 3BYK

Притиснете 3 секунди. Звукот се ислучува (OFF).

Притиснете 3 секунди. Звукот се вклучува (ON).

Поврзување (спојување) помеѓу аспираторот и плочата за готвење

Можно е да го поврзете (споите) аспираторот со компатибилна плоча на Samsung co Bluetooth технологија.

Откако ће се поврзете со компатибилна плоча за готвење, аспираторот автоматски ће се вклучи на "ниска брзина" секој пат кога ће ја включите плочата за готвење, за автоматски да се исклучи кога ће се исклучи плочата за готвење.

Понатаму, со поврзување на аспираторот со компатибилна плоча за готвење, можете да ја превземете и инсталирате апликацијата Smart Things на мобилниот уред и да ја користите за следните цели:

- Проверете ги и поставете ги аспираторот и светлата, работната брзина и програмираното ислучување на аспираторот (тајмер) и "алармот за време".

За повеće информации за "превземањето" и користењето на апликацијата Smart Things на Вавиот мобилен уред и како да го користите за контрола на вашиот аспиратор, посетете го:

• www.samsung.com.

T9. Bluetooth конекција (спојување помеѓу аспираторот и Самсунг компатибилната плоча)

Индикаторот на копчето трепка за да го означи активирањето на процесот на спојување.

  1. Притиснете го копчето Bluetooth на плочата за готвење. Индикаторот на копчето останува запален за да го означи крајот на процесот на спарување, симболот "bt" свети на екранот.

T9. Bluetooth исклучување (Reset)

  1. Притиснете и задржете го 3 сек. копчето Т9 на аспираторот.

  2. На екранот се појавува "bt rt" за да се покаже дека е исклучен.

ЗАБЕЛЕШКА

За детален опис на постапката за поврзување, погледнете во упатството за употреба на компатибилната плоча за готвење Samsung.

Автоматско поврзување

Автоматско поврзување овозможува да работи беспрекорно и брзо, преку Bluetooth, Samsung компатибилната плоча за готвење и аспираторот, откако їе ги спарите двата уреди.

За да ја активирате функцијата, притиснете го копчето Auto Connectivity.

Притиснете повторно за да ја деактивирате функцијата и исключете го аспираторот од плочата за готвење.

Кога аспираторот и плочата за готвење се поврзани, секој пат кога їе се вклучи плочата за готвење, светлото "Low Speed" се вклучува автоматски на аспираторот.

Брзината и светлината автоматски се ислучуваат кога плочата за готвење се ислучува.

Можно е да се контролира аспираторот со апликацијата Smart Things како што е опишано погоре.

T8. Автоматско ON / OFF поврзување

  1. Притиснете го копчето Auto Connectivity за да ја активирате функцијата.

2 Брзината на аспираторот и светлата се вклучуваат и исклучуваат според статусот на плочата за готвење како што е опишано погоре.

  1. Притиснете повторно за да ја деактивирате функцијата.
Икона за приказДалечински управувач од Smart Things AppАвтоматско поврзувањеФункција на аспираторот
XXO
OXO
OOO

Ресетирање на индикаторот за презаситеност на филтерот

• Притиснете го копчето Т1 сè до звучниот сигнал.

- LED 1 (филтер за маснотии) или LED 2 (филтер со активен јаглен) ке престанат да трепкаат.

ON / OFF индикатор за презаситеност на филтерот со активен јаглен

- Притиснете 3 секунди на копчето T2 и T3 за активирање (ON) на индикаторот за заситеност на филтерот со активен јаглен.

- Притиснете 3 секунди на копчето T2 и T3 за да го исключите (OFF) индикаторот за заситеност на филтерот со активен јаглен.

NK36N5703B\*, NK24N5703B\*

Податоци определни според Регулативата (EC) NO 1275/2008.

Со ова, Samsung Electronics, изјавува дека уредот за радио опрема е во согласност со Директивата 2014/53 / EU. Целосниот текст на декларацијата за сообразност на ЕУ е достатна на следната интернет адреса: Официјалната Декларација за усогласност може да се најде на http://www.samsung.com, одете во Поддршка> Поддршка за производи за пребарување и внесете го името на моделот.

BluetoothФреквентен опсег: 2402 MHz ~ 2480 MHzМой на предавател (Максимум) :5 dBm

Решавање на проблеми

Дефект може да резултира од помали информации што можете да ги исправите со помош на следните инструкции. Немојте да се обидувате на понатамошни поправки ако следните инструкции не помагаат во секој конкретен случај.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Поправките на апаратот треба да ги врши само квалификуван сервисен техничар. Неправилно извршените поправки може да резултираат со значителен ризик за корисникот. Ако вашиот апарат треба да се поправи, ве молиме контактирајте го центарот за услуги на клиентите.

ПроблемМожна причинаРешение
Што треба да направам ако Аспираторот не работи?Осигурувают во домот не е недопрен.Ако осигурувачите се активираат неколку пати, јавете се кај овластен електричар.
Копчето за напојување беше случајно активирано.Апаратот е правилно включен.
Контролната плоча е загадена со предмети или течност.Исчистете го контролниот панел.
Што да правам ако Bluetooth-поврзувањето не работи.Погледнете го упатството за употреба на компатибилна Samsung плоча.Само компатибилна Samsung плоча може да се поврзе со аспираторот преку Bluetooth
Аспираторот е поврзан со друг апарат.Активирајте го Bluetooth-отклучувањето (ресетирајте го спарувањето, Т9 за 3 сек.), а потоа повторно активирајте го процесот за поврзување со Bluetooth.
Bluetooth-поврзувањето (спарување) не е стабилно.Исклучете го кабелот за повеќе од 30 секунди. Потоа рестартирајте го апаратот. Потоа активирајте го прекинот на Bluetooth и повторно активирајте го процесот за поврзување со Bluetooth.

SR - Uputstva za montažu i upotrebu

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : SAMSUNG

Модел : NK36N5703BS - 372539872 - - - - - - - NK36N5703BS/UR

Категорија : кујнска аспиратор