UE40K5100 - телевизија SAMSUNG - Notice d'utilisation et mode d'emploi gratuit

Retrouvez gratuitement la notice de l'appareil UE40K5100 SAMSUNG au format PDF.

Page 158
Содржина Cliquez un titre pour aller à la page
Assistant notice
Powered by ChatGPT
En attente de votre message
Informations produit

Marque : SAMSUNG

Modèle : UE40K5100

Catégorie : телевизија

Téléchargez la notice de votre телевизија au format PDF gratuitement ! Retrouvez votre notice UE40K5100 - SAMSUNG et reprennez votre appareil électronique en main. Sur cette page sont publiés tous les documents nécessaires à l'utilisation de votre appareil UE40K5100 de la marque SAMSUNG.

MODE D'EMPLOI UE40K5100 SAMSUNG

Предупредување! Важни безбедносни инструкции (ве молиме прочитајте ги безбедносните инструкции пред да започнете да го користите вашиот телевизор.)

ВНИМАНИЕ РИЗИК ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР, НЕ ОТВОРАЈТЕ ВНИМАНИЕ: ЗА ДА ГО НАМАЛИТЕ РИЗИКОТ ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР, НЕ ОТСТРАНУВАЈТЕ ГО КАПАКОТ (НИТУ ЗАДНАТА СТРАНА). ВО ВНАТРЕШНОСТА НЕМА ДЕЛОВИ КОИ МОЖЕ ДА СЕ ПОПРАВАТ ОД СТРАНА НА КОРИСНИКОТ. ПРЕПУШТЕТЕ ГО СЕРВИСИРАЊЕТО НА КВАЛИФИКУВАН ПЕРСОНАЛ.

Производ од класа II: Овој симбол означува дека на производот не му е потребно безбедносно заземјување.

AC напон: Овој симбол означува дека номиналниот напон означен со ваков симбол е наизменичен (AC) напон

Овој симбол посочува дека во внатрешноста има висок напон. Опасно е да доаѓате во каков било контакт со внатрешните делови на овој производ.

DC напон: Овој симбол означува дека номиналниот напон означен со ваков симбол е еднонасочен (DC) напон.

Овој симбол означува дека со овој производ се испорачува важна литература во врска со неговото функционирање и одржување.

Внимание, погледнете во инструкциите за користење: Овој симбол му наложува на корисникот да погледне во прирачникот за користење за дополнителни информации поврзани со безбедноста.

Приклучните места и отворите на ормарот и на задната или на долната страна се наменети за вентилација. За да се обезбеди сигурно функционирање на овој уред, но и да се заштити од прегревање, овие приклучни места и отвори никогаш не треба да бидат блокирани или покриени. -- Не го поставувајте овој уред во затворен простор, како што се полици за книги или вградени ормари, освен ако не овозможите соодветна вентилација. -- Не го поставувајте овој уред во близина или над радијатор или грејни тела или, пак, на места каде што ќе биде изложен на директна сончева светлина. -- Не поставувајте садови (вазни итн.) кои содржат вода врз овој уред, бидејќи тоа може да предизвика пожар или електричен удар. Не го изложувајте овој уред на дожд и не го поставувајте во близина на вода (во близина на када, лавабо, кујнско лавабо или корито за алишта, во влажен подрум или во близина на базен итн.). Доколку овој уред случајно се навлажни, исклучете го кабелот и веднаш обратете се кај овластениот дилер. Овој уред користи батерии. Во вашата заедница можеби постојат еколошки регулативи според кои треба правилно да ги отстраните овие батерии. Ве молиме обратете се кај вашите локални власти за да добиете информации за отстранување или рециклирање. Не ги оптоварувајте ѕидните приклучоци за струја, продолжителните кабли или адаптерите со надминување на нивниот капацитет, бидејќи тоа може да предизвика пожар или електричен удар. Каблите за напојување треба да се постават на начин со кој ќе се избегне нивното газење или приклештување со предмети кои се поставени врз или до нив. Обрнете посебно внимание на приклучоците на краевите од кабелот, ѕидните приклучоци за струја и местата на кои излегуваат од уредот. За да го заштитите овој уред од удар од гром или да го заштитите кога долг временски период не се користи или надгледува, извадете го кабелот од ѕидниот приклучок за струја и исклучете ја антената или кабелскиот систем. На тој начин ќе спречите оштетувања на уредот предизвикани од удар од гром и промени во напонските водови. Пред да го поврзете кабелот за AC напојување со приклучокот на DC адаптерот, проверете дали ознаката за напон на DC адаптерот одговара со локалното електрично напојување. Никогаш не вметнувајте метални предмети во отворените делови на овој уред. Тоа претставува опасност од електричен удар. За да избегнете електричен удар, никогаш не допирајте ја внатрешноста на овој уред. Само квалификуван техничар смее да го отвора овој уред. Приклучете го кабелот за напојување дури откако ќе го прицврстите уредот. Кога го исклучувате кабелот за напојување од ѕиден приклучок за струја, секогаш влечете за приклучокот на кабелот за напојување. Никогаш не исклучувајте го со влечење на самиот кабел. Не допирајте го кабелот за напојување со влажни раце. Ако овој уред не работи нормално - поточно, ако од него се слушаат невообичаени звуци или излегува некоја миризба - веднаш исклучете го од напојување и обратете се кај овластениот дилер или сервисен центар.

UK5100B_XH_BN68-07346X-03_L09.indb 2

2016-07-11 오후 1:22:24

Не заборавајте да го извлечете кабелот за напојување од приклучокот за струја ако уредот нема да се користи или ако излезете од домот на подолг временски период (особено кога деца, постари луѓе или луѓе со посебни потреби ќе останат сами во домот). -- Насобраниот прав може да предизвика електричен удар, истекување на струја или пожар, бидејќи поради правта кабелот за напојување може да создаде искри и топлина или изолацијата може да ги изгуби своите својства. Обратете се во овластен сервисен центар за да добиете повеќе информации доколку планирате да го инсталирате телевизорот на место со многу прав, високи или ниски температури, голема влажност, хемиски супстанци или на места каде што ќе се користи во период од 24 часа како на аеродроми, железнички станици итн. Во спротивно може да предизвикате сериозни оштетувања на телевизорот. Користете само соодветно заземјени приклучоци и штекери. -- Неправилното заземјување може да предизвика електричен удар или оштетување на опремата. (само опрема од класа l.) За да го исклучите целосно овој уред, извадете го неговиот кабел од ѕидниот штекер. Обезбедете лесен пристап до ѕидниот штекер и приклучокот за напојување. Галантеријата (батерии итн.) треба да се складира на безбедно место кое не е на дофат на децата. Не го испуштајте или удирајте производот. Ако производот е оштетен, исклучете го кабелот за напојување и обратете се во сервисен центар. За да го исчистите уредот, исклучете го кабелот за напојување од ѕидниот штекер и избришете го производот со мека и сува крпа. Не користете никакви хемикалии како восок, бензен, алкохол, разредувачи, инсектициди, освежувачи на воздух, лубриканти или детергенти. Овие хемикалии можат да го оштетат надворешниот изглед на телевизорот или да ги избришат испечатените ознаки на производот. Не изложувајте го уредот на капки или прскање. Не фрлајте ги батериите во оган. Не ги расклопувајте, прегревајте, или правете краток спој на батериите. Постои опасност од експлозија доколку батериите што сте ги користеле во далечинскиот управувач ги замените со батерии од погрешен вид. Заменете ги само со ист или еквивалентен вид. Кога го користите AC приклучокот кој е наменски приклучок за адаптер што го испорачува Samsung, обрнете внимание на следното: Вметнете го AC приклучокот во адаптерот сè додека не слушнете звук на "кликнување". Никогаш не го отстранувајте AC приклучокот по вметнувањето. (Не може да се отстрани) Не го вметнувајте AC приклучокот директно во приклучокот за напојување. Не го користете испорачаниот AC приклучок со други уреди. Македонски

Не вметнувајте други приклучоци во адаптерот, освен испорачаниот AC приклучок. Кога го отстранувате адаптерот од приклучокот за напојување, повлечете го неговото куќиште вертикално. Не го вметнувајте адаптерот директно во приклучокот за напојување на таванот. Не испуштајте предмети врз адаптерот и не го изложувајте на удари. Не го ротирајте надвор од опсегот назначен на адаптерот. Тоа може да предизвика електричен удар или пожар. Отстранете ја пластичната опаковка на адаптерот пред да започнете да го користите. Во спротивно, може да дојде до пожар. * Броевите и сликите од овој прирачник за користење служат само како референца и може да се разликуваат од вистинскиот приказ на производот. Дизајнот и спецификациите на производот може да се променат без претходно известување. Јазиците од Заедницата на независни држави (руски, украински, казакстански) не се достапни за овој производ, бидејќи тој е произведен за корисници во регионот на ЕУ. To reduce the risk of fire or electric shock, do not expose this apparatus to rain or moisture. Apparatus shall not be exposed to dripping or splashing and no objects filled with liquids, such as vases, shall not be placed onthe apparatus. WARNING: FOR INDOOR USE ONLY

UK5100B_XH_BN68-07346X-03_L09.indb 3

2016-07-11 오후 1:22:24

Што има во пакетот? Проверете дали следните елементи се испорачани со вашиот телевизор. Доколку недостасуваат некои елементи, обратете се кај вашиот локален продавач. Далечински управувач & батерии (AAA x 2)

Кабел за напојување (Во зависност од земјата и моделот)

Картичка за гаранција (не е достапна во некои локации)

Прирачник за користење

КОНВЕРТОР НА МРЕЖНИОТ ПРИКЛУЧОК (Во зависност од земјата и моделот)

Адаптер за напојување (Во зависност од земјата и моделот)

Прилагодување на аголот на приклучокот на адаптерот за напојување

-- Не вртете го приклучокот сè додека не го надмине дозволениот опсег на адаптерот за напојување. -- Боите и формите на елементите се различни за секој модел. -- Каблите кои не се испорачуваат со овој производ може да се купат одделно. -- Отворете го пакетот и проверете дали има какви било дополнителни елементи скриени зад или во пакувањето. Можно е да ви наплатат дополнително во следните ситуации: (a) Ако повикате инженер кој ќе утврди дека нема дефект на производот (т.е., во случај кога не сте го прочитале прирачникот за користење). (b) Ако го донесете уредот во сервисен центар, каде што ќе се утврди дека не постои дефект на производот (т.е., во случај кога не сте го прочитале прирачникот за користење). Пред да ве посети техничкото лице, ќе бидете известени за сумата на административните трошоци.

Предупредување: Екраните може да се оштетат од директен притисок, при неправилно ракување со нив. Ви препорачуваме да го подигнете телевизорот за рабовите, како што е прикажано.

Не го допирајте овој екран!

UK5100B_XH_BN68-07346X-03_L09.indb 4

2016-07-11 오후 1:22:24

Користење на контролното копче на телевизорот Вклучете го телевизорот со помош на копчето ТВ-контролор на долната страна на телевизорот, а потоа користете ја функцијата Контролно мени. Функцијата Контролно мени се појавува кога ќе го притиснете копчето кога телевизорот е вклучен. За повеќе информации во врска со користењето, погледнете ја сликата подолу.

Контролно мени : Исклучи

ТВ-контролор / Сензор за далечинскиот управувач Притиснете: Премести Притиснете и задржете: Избери ТВ-контролор се наоѓа на долната страна на телевизорот.

2016-07-11 오후 1:22:25

Далечински управувач -- Овој далечински управувач располага со Braille точки на копчињата Напој., Канал, Глас и Внеси кои се наменети за лицата со оштетен вид. (Напојување): Вклучување и исклучување на телевизорот. SOURCE: Овозможува прикажување и избирање на достапни видео извори. бројот: Нуди директен пристап до каналите. TTX/MIX: Во спротивно, изберете вклучен, двоен, мешан или исклучен телетекст. PRE-CH: Враќање на претходниот канал. y: Прилагодување на јачината на звукот. MUTE: Вклучување/исклучување на звукот. z: Менување на тековниот канал. CH LIST: Ја активира функцијата Список со канали. MEDIA.P: Ја прикажува функцијата Media Play. MENU: Прикажување на главното мени на екран. GUIDE: Прикажување на електронски програмски водич (EPG). TOOLS: Брзо избирање на често користените функции. INFO: Прикажува информации за тековната програма или содржина. (Внеси): Овозможува избирање или активирање на означениот елемент. u d l r: Овозможува поместување на курсорот, избирање на елементи од менито на екранот и менување на вредностите од менито на телевизорот. RETURN: Овозможува враќање на претходното мени или канал. EXIT: Излегување од менито. Користете ги овие копчиња според насоките на екранот на телевизорот. E-MANUAL: Се прикажува водичот e-Manual. PIC SIZE: Ви овозможува да изберете Гол. на сликата. AD/SUBT.: Избирање на опис на звукот. (не е достапно во некои локации) / Прикажување на дигитални преводи. ': Ја запира репродукцијата на содржината. Користете ги овие копчиња за одредени функции. Користете ги овие копчиња според насоките на екранот на телевизорот. -- Имињата на копчињата погоре може да се разликуваат од вистинските имиња.

Поставување батерии во далечинскиот управувач 1 2 3

UK5100B_XH_BN68-07346X-03_L09.indb 6

2016-07-11 오후 1:22:26

Менување на влезниот извор Извор Користете го за избирање на телевизорот или други надворешни влезни извори како DVD / Blu-ray плеер / кабелски приемник / STB сателитски приемник кои се поврзани на телевизорот. 1. Притиснете го копчето SOURCE на далечинскиот управувач. 2. Изберете го саканиот надворешен влезен извор. -- ТВ / HDMI1 / HDMI2/DVI / AV / Компонента -- Во Извор, поврзаните влезни сигнали ќе бидат означени. -- Нема влезен приклучок D-Sub за компјутер. Ако сакате да го поврзете компјутерот со телевизорот, може да поврзете HDMI кон DVI кабел во приклучокот HDMI IN 2(DVI) на телевизорот.

Како да ја користите функцијата Уреди име Во Извор, притиснете го копчето TOOLS и поставете ги саканите имиња за надворешните влезни извори. -- При поврзување со компјутер преку приклучокот HDMI IN 2(DVI) со помош на HDMI кабел, треба да го поставите телевизорот во PC режим во функцијата Уреди име. -- При поврзување со компјутер преку приклучокот HDMI IN 2(DVI) со помош на HDMI кон DVI кабел, треба да го поставите телевизорот во DVI PC режим во функцијата Уреди име. -- При поврзување на AV уреди преку HDMI IN 2(DVI) приклучокот со помош на HDMI кон DVI кабел, треба да го поставите телевизорот во режим на DVI уреди во функцијата Уреди име.

Информации Можете да ги видите деталните информации за поврзаниот надворешен уред.

2016-07-11 오후 1:22:26

Поврзување со отворот COMMON INTERFACE (отвор за картичка за гледање кај вашиот телевизор) -- Во зависност од земјата и моделот. -- Исклучете го телевизорот за да поврзете или отстраните CI картичка.

Користење на “CI или CI+ картичка” За гледање на канали кои треба да се платат, мора да вметнете “CI или CI+ картичка”. •

Ако не вметнете “CI или CI+ картичка”, на некои канали ќе се прикаже пораката “Кодиран сигнал”.

По 2-3 минути ќе се прикажат информации за впарување кои содржат телефонски број, ID ознаката на “CI или CI+ картичка”, Host ID и други информации. Доколку се прикаже порака за грешка, ве молиме обратете се до давателот на услугата.

По завршување на конфигурирањето на информациите за каналите ќе се прикаже пораката “Ажурирањето е завршено”, известувајќи ве дека списокот со канали е ажуриран.

-- Сликата може да биде различна, во зависност од моделот.

-- “CI или CI+ картичка” мора да обезбедите од локалниот оператор на кабелски услуги. -- При отстранување на “CI или CI+ картичката”, внимателно извлечете ја со рацете бидејќи ако “CI или CI+ картичката” ви падне може да ја оштетите. -- Вметнете ја “CI или CI+ картичката” во насоката која е означена на картичката. -- Положбата на отворот за COMMON INTERFACE може да се разликува во зависност од моделот. -- “CI или CI+ картичката” не е поддржана во некои држави и региони; проверете кај овластениот продавач. -- Доколку имате некакви проблеми, обратете се кај операторот на услуги. -- Вметнете “CI или CI+ картичка” која ги поддржува тековните поставувања на антената. На екранот ќе се појават изобличувања или ништо нема да се прикаже.

UK5100B_XH_BN68-07346X-03_L09.indb 8

2016-07-11 오후 1:22:27

e-Manual MENUm → Поддршка → e-Manual → ENTERE Инструкциите за функциите на вашиот телевизор може да ги најдете во e-Manual од вашиот телевизор. За користење, притиснете го копчето E-MANUAL на вашиот далечински управувач. Движете го курсорот со помош на копчињата за нагоре/надолу/десно/лево за да означите категорија, потоа тема и на крај притиснете го копчето ENTERE. Функцијата e-Manual ќе ја прикаже страницата која сакате да ја погледнете. До него можете да пристапите и преку менито: -- За да се вратите на главното мени на e-Manual, притиснете го копчето E-MANUAL на далечинскиот управувач.

Приказ на екранот Тековно репродуцирано видео, ТВ програма итн.

Основни функции Менување на однапред поставен режим на слика Прилагодување на поставувањата за слика Менување на опции за слика Промена на однапред поставениот режим на звук Прилагодување на поставувањата за звук } Индекс E Внеси e Излез

Список со категории. Притиснете го копчето l или r за избирање на саканата категорија. Ја прикажува листата на подменито. Движете го курсорот со помош на копчиња со стрелки на вашиот далечински управувач. Притиснете го копчето ENTERE за избирање на саканото подмени.

Операциски копчиња } Индекс: Го прикажува екранот на функцијата . -- Индексот е достапен во зависност од јазикот. E Внеси: Изберете категорија или подмени. e Излез: Излезете од функцијата e-Manual. <Прегледување на содржините>

b Дома: Ве носи на почетниот екран на e-Manual. L Стр.: Преминување на претходната или следната страница. { Зум: Врши зголемување на екранот.

a Проб. сега: Го прикажува менито на екранот кое одговара на темата. За да се вратите на екранот на функцијата e-Manual, притиснете го копчето E-MANUAL.

-- Притиснете го копчето { (Зум) за да ја зголемите сликата на екранот. Со помош на копчето u или d можете да се движите низ зголемениот екран. За да го вратите екранот во нормална големина, притиснете го копчето RETURN.

UK5100B_XH_BN68-07346X-03_L09.indb 9

Како да се движите низ темите во e-Manual и соодветното(ите) OSD мени(ја). -- Оваа функција не е овозможена во некои менија. -- Доколку менито не е активно, нема да можете да ја користите функцијата Проб. сега. Метод 1

1. Ако сакате да користите мени кое одговара на тема од e-Manual, притиснете го црвеното копче и изберете Проб. сега. 2. За да се вратите на екранот со e-Manual, притиснете го копчето E-MANUAL.

1. Притиснете го копчето ENTERE кога ќе се прикаже темата. “Дали сак. ова да го извршите?” ќе се прикаже на екранот. Изберете Да, а потоа притиснете го копчето ENTERE. На екранот ќе се појави OSD прозорецот. 2. За да се вратите на екранот со e-Manual, притиснете го копчето E-MANUAL.

Како да пребарувате тема на индексната страница -- Оваа функција може да не биде поддржана во зависност од јазикот. 1. Ако сакате да пребарате клучен збор, притиснете го синото копче за да изберете Индекс. 2. Притиснете го копчето l или r за избирање на саканиот редослед на знаци. 3. Притиснете го копчето u или d за избирање на клучен збор кој сакате да го погледнете, а потоа притиснете го копчето ENTERE. 4. Можете да го погледнете соодветниот екран со инструкции e-Manual. -- За да го затворите екранот со Индекс, притиснете го копчето RETURN.

Почетно поставување При првото вклучување на телевизорот, во конфигурирањето на основните поставувања ќе ви помогнат серија на прозорци за потврда на екранот. Притиснете го копчето POWERP. Постав. е достапно само кога изворот е поставен на ТВ. -- Ако поврзете некој уред во HDMI IN 1(STB) приклучокот пред да започне инсталацијата, функцијата Извор на канал автоматски ќе се промени во Сет-топ кутија. Доколку не сакате да изберете Сет-топ кутија, ве молиме изберете Антена.

Доколку сакате да ја ресетирате оваа функција... Изберете Систем - Постав. (почетно поставување). Внесете го вашиот PIN број од 4 цифри. Зададениот PIN број е “0-00-0”. Ако сакате да го промените PIN бројот, употребете ја функцијата Измени PIN. Потребно е повторно да ја активирате функцијата Постав. (MENU → Систем) во домот, иако веќе била активирана во продавницата. -- Доколку го заборавите PIN кодот, притиснете ги копчињата на далечинскиот управувач по следниот редослед во режим на подготвеност, со што ќе го вратите PIN бројот на “0-0-0-0”: MUTE → 8 → 2 → 4 → POWER (вклучено)

UK5100B_XH_BN68-07346X-03_L09.indb 10

Функција за телетекст Индексната страница од услугата за телетекст ви нуди информации за начинот на користење на услугата. За правилно прикажување на информациите од телетекстот, приемот на каналот мора да биде стабилен. Во спротивно, може да недостасуваат информации или да не се прикажат некои страници. -- Со притиснување на нумеричките копчиња на далечинскиот управувач можете да ги менувате телетекст страниците. 0 (Режим): Го избира режимот на телетекст (LIST / FLOF). Ако се притисне кога режимот LIST е активен, ќе се префрли во режим на зачувување на листата. Во режимот на зачувување на листата, можете да зачувате телетекст страница во листата со помош на копчето 8 (зачувај).

/ (Целосен TTX/Двоен TTX/мешано/исклучено): Го активира режимот на телетекст за тековниот канал. Притиснете го копчето два пати за преклопување на режимот на телетекст со каналот кој се емитува во моментот. Притиснете го уште еднаш за излез од телетекстот.

1 (Под-страница): Ја прикажува достапната потстраница.

8 (Режим): Ги зачувува телетекст страниците.

6 (Режим): Ја прикажува индексната страница (содржина) во секое време додека ги гледате телетекст содржините.

4 (Големина): Го прикажува телетекстот со двојна големина на горната половина од екранот. За преместување на текстот во долната половина од екранот, притиснете го повторно. За нормален приказ, притиснете го уште еднаш.

9 (Режим): Го задржува приказот на тековната страница, во случај да постојат неколку споредни страници кои следат автоматски. За поништување, притиснете го повторно.

2 (Страница нагоре): Ја прикажува следната телетекст страница.

3 (Страница нагоре): Ја прикажува претходната телетекст страница.

5 (Режим): Го прикажува скриениот текст (на пример, одговори на прашања од квиз). За прикажување на нормалната слика, притиснете повторно.

7 (Откажи): Ја намалува сликата за прикажување на телетекст за преклопување со тековниот пренос.

Копчиња во боја (црвена, зелена, жолта, сина): Ако компанијата која ја емитува програмата користи FASTEXT систем, различните теми на телетекст страницата се означени со различни бои и можат да се изберат со притиснување на копчињата во боја. Притиснете го копчето во боја кое одговара на темата по ваш избор. Ќе се прикаже нова страница во различна боја. На истиот начин можете да избирате и елементи. За прикажување на претходната или следната страница, притиснете го соодветното копче во боја.

Број на избраната страница.

Идентитет на телевизиската куќа.

Број на тековната страница или статус на пребарувањето.

2016-07-11 오후 1:22:28

Решавање на проблеми и одржување Решавање на проблеми Ако имате проблем со телевизорот, најпрво прочитајте ја оваа листа на можни проблеми и решенија. Ако не можете да примените ниту еден од овие совети за решавање проблеми, посетете ја интернет страницата “www.samsung.com”, а потоа кликнете на Поддршка или обратете се во центарот за кориснички услуги на Samsung.

Квалитет на сликата •

Пред сè, направете Тест на слика за да потврдите дека вашиот телевизор правилно ја прикажува тест-сликата. (одете во MENU - Поддршка - Самодијагноза - Тест на слика) Ако сликата се прикажува на правилен начин, причината за лоша слика може да биде изворот или сигналот.

Сликата на телевизорот не изгледа толку добро како во продавницата. •

Ако имате аналоген кабелски/set top box приемник, надградете го со дигитален set top box приемник. Користете HDMI или компонентни кабли за да добиете HD (висока резолуција) квалитет на сликата.

Кабелски/сателитски претплатници: Испробајте ги дигиталните станици од понудениот список на канали.

Поврзување со антена: Испробајте ги HD станиците откако ќе извршите автоматско пребарување на канали.

Многу HD канали имаат зголемена резолуција во однос на SD (стандардна резолуција) содржините.

Поставете ја резолуцијата на излезниот видео сигнал од кабелскиот/Set top box приемник на 1080i или 720p.

Проверете дали го гледате телевизорот од минималната препорачана оддалеченост, земајќи ги предвид големината и резолуцијата на сигналот.

Сликата е изобличена: грешка во макро блокот, малиот блок, точки, пикселизација. •

Компресирањето на видео содржините може да предизвика изобличување на сликата, особено кај слики со брзи движења како во спортот или динамичните филмови.

Ниското ниво на сигнал или лошиот квалитет може да предизвикаат изобличување на сликата. Овој проблем не е поврзан со телевизорот.

Користењето на мобилни телефони во близина на телевизорот (приближно до 1m) може да предизвика шум на сликата кај аналогната и дигиталната телевизија.

Боите се погрешни или недостасуваат. •

Ако користите компонентна врска, проверете дали компонентните кабли се поврзани на соодветните приклучоци. Несоодветното или лабаво поврзување може да предизвика проблеми со боите или празен екран.

Недоволен интензитет на бои или светлина. •

Прилагодете ги опциите за Слика во менито на телевизорот. (одете во Режим на слика / Боја / Интензитет / Острина)

Прилагодете ја опцијата Заштеда на енерг. во менито на телевизорот. (одете во MENU - Систем - Еко решение Заштеда на енерг.)

Обидете се да ја ресетирате сликата за да ги видите зададените поставувања на сликата. (одете во MENU Слика - Ресетирање слика)

UK5100B_XH_BN68-07346X-03_L09.indb 12

2016-07-11 오후 1:22:29

На работ од екранот има испрекината линија. •

Ако големината на сликата е поставена на Одг. на екран, променете ја во 16:9.

Променете ја резолуцијата на кабелскиот/сателитскиот приемник.

Сликата е црно-бела. •

Ако користите композитен AV влез, поврзете го видео кабелот (жолта боја) со зелениот приклучок на компонентниот влез 1 на телевизорот.

При менување на каналите, сликата замрзнува, се изобличува или доцни. •

Ако телевизорот е поврзан со кабелски приемник, обидете се да го ресетирате кабелскиот приемник. Повторно приклучете го AC кабелот и почекајте да се вклучи кабелскиот приемник. Тоа може да потрае до 20 минути.

Поставете ја излезната резолуција на кабелскиот приемник на 1080i или 720p.

Квалитет на звукот •

Пред сè, извршете Тест на звук за да потврдите дека звукот од вашиот телевизор правилно функционира. (одете во MENU - Поддршка - Самодијагноза - Тест на звук)

Ако звукот е во ред, проблемот со звукот може да биде предизвикан од изворот или сигналот.

Нема звук или звукот е премногу тивок при максималната вредност за јачина на звукот. •

Проверете ја јачината на звукот на уредот (кабелски/сателитски приемник, DVD плеер, Blu-ray плеер итн.) кој е поврзан на вашиот телевизор.

Сликата е добра, но нема звук. •

Поставете ја опцијата Избор на звучник на ТВ звучник во менито за звук.

Ако користите надворешен уред, проверете дали каблите за звук се поврзани на соодветните влезни приклучоци за звук на телевизорот.

Ако користите надворешен уред, проверете ја опцијата за излез на звукот на уредот (на пр. можеби треба да ја промените опцијата за звук на вашиот кабелски приемник во HDMI, ако на телевизорот е поврзан HDMI уред).

Ако користите DVI кон HDMI кабел, потребен е посебен кабел за звук.

Рестартирајте го поврзаниот уред со исклучување и повторно вклучување на кабелот за напојување на уредот.

Звучниците репродуцираат несоодветен шум. •

Проверете ги поврзувањата на каблите. Проверете дали видео кабелот е поврзан на аудио влез.

Проверете ја јачината на сигналот на антенската или кабелската врска. Ниското ниво на сигнал може да предизвика изобличување на звукот.

Нема слика, нема видео сигнал Телевизорот не сака да се вклучи. -- Проверете дали AC кабелот за напојување е добро приклучен во ѕидниот приклучок и телевизорот. -- Проверете дали ѕидниот приклучок функционира. -- Обидете се да го притиснете копчето POWER на телевизорот за да проверите дали далечинскиот управувач работи правилно. Доколку телевизорот се вклучи, погледнете го делот “Далечинскиот управувач не функционира” подолу.

Телевизорот автоматски се исклучува. -- Проверете дали функцијата Време на искл. е поставена на Иск во менито Време. -- Ако вашиот телевизор е поврзан на компјутер, проверете ги поставувањата за напојување на компјутерот. -- Проверете дали AC кабелот за напојување е приклучен добро во ѕидниот приклучок и телевизорот. -- Функцијата Исклуч. кога нема сигнал го исклучува телевизорот доколку тој не добие сигнал во определен временски период. Функцијата Авто-исклучув. го исклучува телевизорот доколку корисникот не внесе ништо во период од четири часа.

Проверете ги поврзувањата на каблите (исклучете ги и повторно приклучете ги сите кабли кои се поврзани на телевизорот и надворешните уреди).

Поставете го видео излезот на вашите надворешни уреди (кабелски/Set top Box приемник, DVD, Blu-ray итн.) да одговара на влезните приклучоци на телевизорот. На пример, ако излезот на надворешниот уред е HDMI, тој треба да биде поврзан на HDMI приклучокот на телевизорот.

Проверете дали надворешните уреди се вклучени.

Проверете дали сте го избрале соодветниот извор на телевизорот со притиснување на копчето SOURCE на далечинскиот управувач.

Рестартирајте го поврзаниот уред со исклучување и повторно вклучување на кабелот за напојување на уредот.

Антенска (Ант./Кабел) врска (Кабел: во зависност од земјата) Телевизорот не ги прима сите канали. •

Проверете дали кабелот од антената е добро приклучен.

Обидете се со функцијата Постав. (почетно поставување) да ги додадете достапните канали на списокот со канали. Одете во MENU - Систем - Постав. (почетно поставување) и почекајте да се зачуваат сите достапни канали.

Проверете дали антената е правилно позиционирана.

Сликата е изобличена: грешка во макро блокот, малиот блок, точки, пикселизација. •

Компресирањето на видео содржините може да предизвика изобличување на сликата, особено на слики со брзи движења како кај спортот или динамичните филмови.

Слабиот сигнал може да предизвика изобличување на сликата. Овој проблем не е поврзан со телевизорот.

Друго Сликата не може да се прикаже на цел екран. •

HD каналите имаат црни ленти на сите рабови на екранот кога прикажуваат зголемени SD (4:3) содржини.

При гледање филмови кои имаат различен сооднос на сликата од вашиот телевизор, на горниот и долниот раб ќе се прикажат црни ленти.

Поставете ги опциите за големина на слика на вашиот надворешен уред или телевизор на цел екран.

Далечинскиот управувач не функционира. -- Заменете ги батериите на далечинскиот управувач, внимавајќи на точната насока на поларитетот (+/–). -- Исчистете го прозорецот за пренос на сензорот од далечинскиот управувач. -- Обидете се да го насочите далечинскиот управувач директно кон телевизорот на оддалеченост од 150-180 см.

Далечинскиот управувач од кабелскиот/set top box приемник не го вклучува и исклучува телевизорот и не ја прилагодува јачината на звукот. •

Програмирајте го далечинскиот управувач од кабелскиот/set top box приемник да функционира со телевизорот. Погледнете го прирачникот за користење на кабелскиот/Set top box приемник и пронајдете го кодот за вашиот телевизор од SAMSUNG.

Ќе се појави пораката “Режимот не се поддржува”. •

Проверете ја поддржаната резолуција на телевизорот и соодветно поставете ја излезната резолуција на надворешниот уред.

Од телевизорот излегува мирис на пластика. •

Оваа миризба е нормална и ќе исчезне со тек на време.

UK5100B_XH_BN68-07346X-03_L09.indb 14

2016-07-11 오후 1:22:29

Функцијата Информации за сигналот на телевизорот не е достапна во менито Самодијагноза. •

Оваа функција е достапна само за дигитални канали од антенска / RF / коаксијална врска.

Телевизорот е закосен на десната или левата страна. •

Отстранете ја подлогата со основа од телевизорот и повторно составете ја.

Потешкотии при составување на основата на подлогата. •

Проверете дали телевизорот е поставен на рамна површина. Ако не можете да ги отстраните завртките од телевизорот, користете магнетизиран одвртувач.

Менито Емитување е во сива боја (недостапно). •

Менито на функцијата Емитување е достапно само кога ќе изберете извор на телевизорот.

Вашите поставувања се губат по 5 минути или при секое исклучување на телевизорот. •

Ако телевизорот е во режимот Демо за продавница, тој ќе ги ресетира поставувањата за звук и слика на секои 5 минути. Ако сакате да го промените режимот Демо за продавница во Дом. упот., притиснете го копчето SOURCE за да го изберете режимот ТВ и одете во MENU - Поддршка - Кор. го режимот.

Звукот или сликата повремено се губат. •

Проверете ги поврзувањата на каблите и повторно поврзете ги.

Губењето на звукот или сликата може да биде предизвикано од користење на премногу крути или дебели кабли. Каблите мора да бидат доволно флексибилни за долготрајна употреба. При поставување на телевизорот на ѕид, ви препорачуваме да користите кабли со приклучоци под агол од 90 степени.

Видливи се мали честички ако одблизу ги погледнете рабовите на сликата на телевизорот. •

Ова е дел од дизајнот на производот и не претставува дефект.

Менито PIP не е достапно. •

PIP функцијата е достапна само кога користите HDMI или компонентен извор.

Го исклучивте телевизорот пред 45 минути, а тој повторно се вклучил. •

Тоа е нормално. Телевизорот ја користи функцијата OTA (Over The Aerial) за ажурирање на софтверот кој бил преземен додека сте гледале телевизија.

Проблеми со сликата/звукот кои се повторуваат. •

Проверете го и променете го сигналот/изворот.

Може да дојде до реакција помеѓу гумените перничиња на основата на подлогата и горната завршница на мебелот. •

За да го спречите тоа, користете обложени перничиња на секоја површина на телевизорот која доаѓа во директен контакт со мебелот.

Тоа може да се случи поради високата бит-стапка на содржината. Содржините воглавно ќе се репродуцираат, но можно е да се појават некои проблеми при репродуцирањето.

Можете да го доведете вашиот телевизор во оптимална работна состојба преку надградба со најновиот фирмвер (www.samsung.com → Поддршка) преку USB.

Ќе се прикаже пораката “Оваа дат. може да не се пушти правилно.”.

Овој TFT LED екран се состои од подпиксели за чие создавање е потребна софистицирана технологија. Сепак, на екранот може да се појават неколку светли или темни пиксели. Овие пиксели нема да имаат никакво влијание врз перформансите на уредот. Некои функции и слики прикажани во овој прирачник се достапни само кај одредени модели.

UK5100B_XH_BN68-07346X-03_L09.indb 15

2016-07-11 오후 1:22:29

Предупредување за неподвижна слика Избегнувајте прикажување фотографии на екранот (како фајлови со слики во jpeg формат) или елементи од фотографии (како лого ознаки од телевизиските канали, ленти за известувања за берзата или новости на дното од екранот итн.) или, пак, програми во панорамски или 4:3 формат на слика на екранот. Ако постојано прикажувате фотографии, тоа може да предизвика заостанати слики на LED екранот и да го намали квалитетот на сликата. За да го намалите ризикот од овој несакан ефект, следете ги препораките наведени подолу: •

Избегнувајте прикажување на иста фотографија во долги временски периоди.

Обидете се секоја слика да ја прикажете на цел екран. За најдобро усогласување користете го менито за поставување на форматот на сликата на телевизорот.

Намалете ги светлината и контрастот за спречување на појавата на заостанати слики.

Употребувајте ги сите функции на телевизорот кои се дизајнирани да го намалат задржувањето на сликите и горењето на екранот. Погледнете во e-Manual за деталите.

Грижа за телевизорот •

Ако на ТВ екранот била залепена некоја налепница, на тоа место може да се појават нечистотии откако ќе ја отстраните налепницата. Ве молиме исчистете ги нечистотиите пред да започнете да гледате телевизија.

Надворешниот дел и екранот на телевизорот може да се изгребат при чистење. Не заборавајте внимателно да го избришете надворешниот дел и екранот со мека крпа за да не направите гребнатини.

Не прскајте вода или каква било течност директно на телевизорот. Секоја течност која ќе навлезе во производот може да предизвика неисправност, пожар или електричен удар.

Исклучете го телевизорот, а потоа внимателно избришете ги дамките и отпечатоците од прсти на екранот со ткаенина од микрофибер. Исчистете ја надворешноста на телевизорот со мека ткаенина натопена со мало количество на вода. Не користете запаливи течности (бензен, разредувач, итн.) или средство за чистење. За тврдокорни дамки, испрскајте мало количество средство за чистење екрани на ткаенината.

Со ова, Samsung Electronics, изјавува дека овој телевизор е во согласност со неопходните услови и останатите поважни потточки на Директивата 1999/5/EC. Официјалната декларација за еднаквост може да се најде на интернет страницата http://www.samsung.com, одете во Поддршка > Пребарување на поддршка за производ и внесете го името на моделот. Оваа опрема може да се употребува во сите држави на ЕУ.

UK5100B_XH_BN68-07346X-03_L09.indb 16

Инсталација на телевизорот Монтирање на телевизорот на ѕид Ако го монтирате телевизорот на ѕид, придржувајте се строго до инструкциите кои ги препорачува производителот. Доколку не го монтирате правилно, производот може да излезе од лежиштето и да падне, поради што ќе предизвика сериозни повреди на деца или возрасни и сериозни оштетувања на производот. Телевизорот може да се постави на ѕид со користење на комплет со ѕиден носач (се продава одделно). Компанијата Samsung Electronics не е одговорна за оштетувањата на производот или повредите кај вас или другите лица, доколку изберете сами да го монтирате ѕидниот носач.

Носач за монтирање на ѕид

Забелешки и спецификации на комплетот со ѕиден носач VESA Ѕидниот носач може да го инсталирате на цврст ѕид кој е поставен нормално на подот. Пред да го прицврстите ѕидниот носач на површини кои не се изработени од гипс картон, обратете се кај најблискиот продавач за да добиете дополнителни информации. Ако го поставите телевизорот на таван или ѕид кој е косо поставен, тој може да падне и да предизвика сериозни повреди. Стандардните димензии за ѕидните носачи се прикажани во табелата подолу.

Големината на телевизорот во инчи

Спецификации на отворите за завртки VESA (A * B) во милиметри

Ако при инсталацијата користите држач за монтирање на ѕид од трета страна, имајте предвид дека должината на завртките што можете да ги користите за да го прикачите телевизорот на држачот за монтирање на ѕид е прикажана во колоната C во табелата подолу.

2016-07-11 오후 1:22:31

Не вршете инсталирање на ѕидниот носач додека телевизорот е вклучен. Тоа може да предизвика лични повреди како последица на електричен удар. Не употребувајте завртки со поголема должина од стандардната или завртки кои не ги исполнуваат VESA стандардите за спецификација на завртки. Завртките кои се премногу долги можат да ја оштетат внатрешноста на вашиот телевизор. •

За ѕидните носачи кои не се во согласност со VESA стандардите за спецификација на завртките, должината на завртките може да се разликува во зависност од спецификациите на ѕидниот носач.

Не прицврстувајте ги завртките премногу. На тој начин производот може да се оштети или, пак, да падне и да ве повреди. Компанијата Samsung нема да сноси одговорност за овој вид на несреќи.

Компанијата Samsung не одговара за оштетувањата на производот или личните повреди кога се употребуваат ѕидни носачи кои не ги исполнуваат VESA стандардите или спецификациите за монтирање или во случаи кога корисникот не го следи упатството за инсталирање.

Не го монтирајте телевизорот со закосување над 15 степени.

За монтирање на телевизорот на ѕид секогаш се потребни две лица.

Обезбедување на соодветна вентилација за вашиот телевизор При инсталирање на вашиот телевизор, одржувајте растојание од најмалку 10 см помеѓу телевизорот и останатите објекти (ѕидови, страните на комодата, итн.) за да овозможите соодветна вентилација. Доколку не одржувате соодветна вентилација, тоа може да предизвика пожар или проблем кај производот кој ќе настане поради зголемување на неговата внатрешна температура. Ако за инсталацијата на телевизорот користите држач или ѕиден носач, строго ви препорачуваме да користите делови обезбедени само од компанијата Samsung Electronics. Користењето делови од друг производител може да предизвика неправилна работа на производот или може да дојде до повреда предизвикана од неисправност на уредот. Инсталација со држач

IИнсталација со ѕиден носач 10 cm

2016-07-11 오후 1:22:31

Прикачување на телевизорот со држачот Проверете дали ја имате сета прикажана галантерија, а потоа составете го држачот следејќи ги понудените инструкции за составување.

Мерки за безбедност: Прицврстување на телевизорот за ѕид Внимание: Повлекувањето, туркањето или качувањето на телевизорот може да предизвика паѓање на телевизорот. Особено внимавајте вашите деца да не се држат за телевизорот и да не го дестабилизираат. Ова движење може да доведе до превртување на телевизорот, предизвикувајќи сериозни повреди или смрт. Придржувајте се до сите безбедносни мерки кои се наведени во безбедносниот леток кој се испорачува со вашиот телевизор. За дополнителна стабилност и безбедност, може да го купите и инсталирате системот против паѓање како што е опишано подолу. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не поставувајте го телевизорот на нестабилно место никогаш. Телевизорот може да падне и да предизвика сериозни повреди или смрт. Многу повреди, особено кај децата, можат да се избегнат со преземање неколку едноставни мерки на претпазливост, како на пример •

Користење ормани или масички кои ги препорачува производителот на телевизорот.

Користење само мебел што може безбедно да го држи телевизорот.

Проверување дали телевизорот виси на работ од мебелот на кој е поставен.

Да не го поставувате телевизорот на висок мебел (на пример, ормани или полици) без да го прицврстите и мебелот и телевизорот на соодветна подлога.

Да не го поставувате телевизорот на ткаенини или други материјали што можат да се стават помеѓу телевизорот и мебелот на кој е поставен.

Да ги поучите децата за опасностите од качување врз мебелот за да го достигнат телевизорот или неговите копчиња.

При користење и преместување на телевизорот, важат истите мерки на претпазливост наведени погоре. -- Ако треба да го преместите или да го подигнете телевизорот за да го замените или за да го чистите, внимавајте да не го извлечете држачот.

Мерки со кои ќе спречите паѓање на телевизорот

-- Може да ви бидат потребни дополнителни материјали како типли, во зависност од типот на ѕидот.

1. Ставете ги завртките во еден пар носачи, а потоа добро прицврстете ги на ѕидот. Проверете дали завртките се цврсто прикачени на ѕидот.

2. Ставете ги завртките во вториот пар носачи, а потоа прицврстете ги завртките во телевизорот. -- Завртките може да не бидат испорачани со производот. Во тој случај, ве молиме купете завртки со следните спецификации. 3. Поврзете ги носачите прицврстени за телевизорот со носачите прицврстени на ѕидот со издржлива и цврста жица, а потоа силно прицврстете ја жицата. -- Поставете го телевизорот блиску до ѕидот за да не може да падне наназад. -- Поврзете ја жицата така што носачите прицврстени за ѕидот да се наоѓаат на иста висина или пониско од носачите прицврстени за телевизорот.

UK5100B_XH_BN68-07346X-03_L09.indb 19

2016-07-11 오후 1:22:32

Kensington брава против кражба Kensington бравата не е испорачана од страна на Samsung. Тоа е уред кој се користи за физичко прицврстување на системот при користење на јавни места. Изгледот и методот за заклучување може да се разликува од приказот во зависност од произведувачот. За дополнителни информации околу правилното користење погледнете го прирачникот кој се испорачува со Kensington бравата. -- Пронајдете ја иконата “K” на задниот дел од телевизорот. Отворот за Kensington брава се наоѓа покрај иконата “K”. -- Позицијата и бојата можат да бидат различни, во зависност од моделот.

<Изборно> За заклучување на производот, следете ги овие чекори: 1. Замотајте го кабелот на Kensington бравата околу некој голем, статичен објект како што е маса или стол. 2. Протнете го едниот крај од кабелот со прикачената брава низ другиот крај на кабелот од Kensington бравата со јамка. 3. Вметнете го делот за заклучување во отворот за Kensington брава на производот. 4. Заклучете ја бравата. -- Ова се општите инструкции. За детални инструкции, погледнете го прирачникот за користење кој се испорачува со уредот за заклучување. -- Уредот за заклучување мора да се купи одделно.

UK5100B_XH_BN68-07346X-03_L09.indb 20

Спецификации и други информации Спецификации Услови за заштита од опкружувањето Работна температура

Температура на чување

Вртење на држачот (лево / десно)

Големина на екран (дијагонала)

Резолуција на екранот

Име на модел Големина на екран (дијагонала)

Резолуција на екранот

Услови за заштита од опкружувањето Работна температура

Температура на чување

Вртење на држачот (лево / десно) Име на модел Големина на екран (дијагонала)

Резолуција на екранот

-- Дизајнот и спецификациите можат да бидат променети без претходно известување. -- За да добиете информации во врска со напојувањето и да дознаете повеќе за потрошувачката на енергија, погледнете ја налепницата залепена на производот. -- Типичната потрошувачка на енергија се мери според IEC 62087.

Намалување на потрошувачката на енергија Кога ќе го исклучите телевизорот, тој преминува во режим на подготвеност. Кога е во режим на подготвеност, продолжува да троши мало количество на енергија. За да ја намалите потрошувачката на енергија, исклучете го кабелот за напојување кога не планирате да го користите телевизорот подолг временски период.

Контејнер за податоци

DTS (Core) G.711 (A-Law, μ-Law)

*.flv *.vob *.svi *.divx -- Други ограничувања

Видео содржините не се репродуцираат или не се репродуцираат правилно, доколку има грешка во содржината или контејнерот за податоци.

Можно е звукот или сликата да не се репродуцираат, доколку содржините имаат стандардна бит-стапка/стапка на слики која ги надминува компатибилните слики/секунди наведени во табелата.

Ако постои грешка во индексната табела, функцијата за пребарување (прескокнување) нема да биде поддржана.

Некои USB/дигитални фото апарати може да не бидат компатибилни со плеерот.

Менито може подоцна да се прикаже ако видео записот има 10Mbps(бит-стапка). •

Видео декодер Поддржува до H.264, Level 4.1 (FMO/ASO/RS не се поддржани.)

Аудио декодер WMA 10 Pro поддржува до 5.1 канали и M2 профил.

Нема поддршка за WMA звук без загуби.

Vorbis поддржува најмногу 2 канали.

-- Под 1280 x 720: макс. 60 слики

DD+ поддржува најмногу 5.1 канали.

VC1 AP L4 не е поддржан.

GMC 2 или понови формати не се поддржани.

UK5100B_XH_BN68-07346X-03_L09.indb 23

Поддржани формати на превод •

Контејнер за податоци AVI MKV

Поддржани формати за музика Екстензија на фајл

-- Фајлот од тип MPO не ги поддржува функциите Зум, Ротирај и Ефект на слајд шоу.

Поддржува до 2 канали. Поддржува до 2 канали. WMA 10 Pro поддржува до 5.1 канали и M2 профил. (Нема поддршка за WMA звук без загуби.)

Најголема достапна резолуција Оптималната резолуција за серија 4 е:1366 x 768 @ 60Hz / за серија 5 е: 1920 x 1080@60Hz. Погледнете ја страницата со специфкации за најголемата достапна резолуција. Режим

Хоризонтална фреквенција (KHz)

Вертикална фреквенција (Hz)

Фреквенција на пиксел часовник (MHz)

Режимот на препрлетување не е поддржан.

Телевизорот може да не функционира правилно доколку не е избран стандарден видео формат.

Користете го следниот адаптер за да избегнете опасност

2016-07-11 오후 1:22:35

Лиценци Произведено под лиценца на Dolby Laboratories. Dolby и симболот со две букви D се трговски марки на Dolby Laboratories. For DTS patents, see http://patents.dts.com. Manufactured under license from DTS, Inc. DTS, the Symbol, DTS in combination with the Symbol, DTS Premium Sound|5.1, DTS Digital Surround, DTS Express, and DTS Neo2:5 are registered trademarks or trademarks of DTS, Inc. in the United States and/or other countries. © DTS, Inc. All Rights Reserved. The terms HDMI and HDMI High-Definition Multimedia Interface, and the HDMI Logo are trademarks or registered trademarks of HDMI Licensing LLC in the United States and other countries. This DivX Certified® device has passed rigorous testing to ensure it plays DivX® video. To play purchased DivX movies, first register your device at vod.divx.com. Find your registration code in the DivX VOD section of your device setup menu. DivX Certified® to play DivX® video up to HD 1080p, including premium content. DivX®, DivX Certified® and associated logos are trademarks of DivX, LLC and are used under license. Covered by one or more of the following U.S. patents: 7,295,673; 7,460,668; 7,515,710; 8,656,183; 8,731,369; RE45,052. Open Source License Notice Open Source used in this product can be found on the following webpage. (http://opensource.samsung.com) Open Source License Notice is written only English. Правилно депонирање на овој производ (Отпадна електрична и електронска опрема) (Применливо во држави со посебни системи за справување со отпадот) Оваа ознака на производот, приборот или литературата означува дека производот и неговиот електронски прибор (на пр. полначот, слушалките, USB кабелот) не треба да се отстрануваат заедно со останатиот отпад од домаќинството на крајот од нивниот работен век. За избегнување на можна штета врз околината или човечкото здравје предизвикана со неконтролирано фрлање отпад, Ве молиме да ги одвоите овие предмети од другите видови отпад и одговорно да ги рециклирате заради унапредување на еколошки оправдано повторно користење на материјалните ресурси. Физичките лица можат да се обратат или во продавницата каде што го купиле овој производ или во службите на локалната самоуправа, за детали каде и како да извршат рециклирање на производот на начин безбеден по околината. Деловните корисници можат да се обратат до својот снабдувач и да ги проверат одредбите и условите во договорот за набавка. Овој производ и неговиот електронски прибор не треба да се мешаат со друг комерцијален отпад. Правилно отстранување на батериите од овој производ (Применливо во држави со посебни системи за справување со отпадот) Оваа ознака на батеријата, прирачникот или пакувањето посочува дека батериите од овој производ не треба да се отстранат заедно со останатиот отпад од домаќинството на крајот од работниот век. Ознаките за хемиските симболи Hg, Cd или Pb посочуваат дека батеријата содржи жива, кадмиум или олово над референтните нивоа од EC Directive 2006/66. Доколку батериите не се отстранат правилно, овие супстанци можат да предизвикаат штети на човековото здравје или опкружувањето. За заштита на природните ресурси и промовирање на повторната употреба на материјалите, одделете ги батериите од останатите видови на отпад и рециклирајте ги со помош на бесплатниот локален систем за рециклирање на батерии.

За повеќе информации во врска со регулаторните обврски специфични за некои производи и еколошките цели на Samsung, на пр., REACH, WEEE, батерии, посетете ја веб-страницата http://www.samsung.com/uk/aboutsamsung/ samsungelectronics/corporatecitizenship/data_corner.html

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ - ЗА ДА СПРЕЧИТЕ ПОЈАВА НА ПОЖАР, СЕКОГАШ ЧУВАЈТЕ ГИ СВЕЌИТЕ ИЛИ ДРУГИТЕ ИЗВОРИ НА ОТВОРЕН ОГАН ПОДАЛЕКУ ОД ОВОЈ ПРОИЗВОД. Македонски - 26

UK5100B_XH_BN68-07346X-03_L09.indb 26