CFS-516DFD - фрижидер Vivax - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот CFS-516DFD Vivax во PDF формат.

Vivax CFS-516DFD - фрижидер
📄 344 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice Vivax CFS-516DFD - page 61
Погледни прирачник : Čeština CS English EN Magyar HU Македонски MK Polski PL Română RO Slovenčina SK Slovenščina SL Shqip SQ
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Вид на производКомбинација на фрижидер и замрзнувач
БрендVivax
МоделCFS-516DFD
ВисинаПриближно 180 cm
ШиринаПриближно 60 cm
ДлабочинаПриближно 65 cm
ТежинаПриближно 70 kg
Енергетска класаA+
Напојување220-240 V, 50 Hz
Ладилно средствоR600a
Климатска класаN-ST
Ниво на бучаваПриближно 42 dB
Вкупен нето капацитетПриближно 516 L
Нето капацитет на фрижидерПриближно 350 L
Нето капацитет на замрзнувачПриближно 166 L
Капацитет на замрзнувањеПриближно 10 kg/24h
Време на чување (при дефект)Приближно 10 h
Прилагодлив термостатДа
Внатрешно осветлувањеLED
Реверзибилна вратаДа
Метод на одмрзнувањеРачно (замрзнувач), Автоматско (фрижидер)
Материјал на полициКалено стакло
Гаранција2 години

Често поставувани прашања - CFS-516DFD Vivax

Како да ја поставам температурата на мојот фрижидер Vivax CFS-516DFD?
Користете го копчето за термостат внатре во делот на фрижидерот. Завртете го на средна поставка (околу 3-4) за нормална употреба. Препорачаната температура е 4°C за фрижидер и -18°C за замрзнувач.
Зошто мојот фрижидер прави невообичаени звуци?
Нормалното работење вклучува звуци како клокотење (проток на ладилно средство), кликање (термостат) или зуење (компресор). Ако звукот е гласен или неправилен, проверете дали фрижидерот е нивелиран и не допира ѕидови или кабинети.
Колку често треба да го одмрзнувам замрзнувачот?
Одмрзнувајте кога дебелината на мразот надминува 5-7 mm. Користете го рачниот метод на одмрзнување: исклучете го, извадете ја храната, оставете да се стопи мразот. Не користете остри алатки за отстранување на мразот.
Може ли да го сменам правецот на отворање на вратата?
Да, вратата е реверзибилна. Погледнете го прирачникот за чекор-по-чекор инструкции. Ќе ви треба шрафцигер и евентуално помагач за држање на вратата.
Што треба да направам ако фрижидерот не лади доволно?
Проверете ја поставката на термостатот, осигурајте се дека вратата добро затвора и исчистете ги кондензаторските калеми (обично на задниот или долниот дел). Исто така, проверете дали фрижидерот не е преполн и дека отворите за воздух не се блокирани.
Како да ја исчистам внатрешноста на замрзнувачот?
Исклучете го фрижидерот, извадете ја целата храна и одмрзнете. Избришете ги површините со смеса од топла вода и благ детергент. Исплакнете со чиста вода и исушете темелно пред повторно да го вклучите.
Дали е нормално страните на фрижидерот да се топли?
Да, страните може да се топли поради кондензаторските цевки внатре во ѕидовите. Ова помага да се отстрани топлината од внатрешноста. Осигурајте се дека има доволно простор за вентилација околу фрижидерот.
Колку долго може да се чува храна за време на прекин на струја?
Во случај на прекин на струја, држете ги вратите затворени. Замрзнувачот може да ја одржи храната замрзната до 10 часа ако е полн; помалку ако е делумно полн. Користете ледени пакети за да го продолжите времето.
Каков тип на сијалица користи фрижидерот?
Овој модел користи LED светлина за внатрешноста. Таа е енергетски ефикасна и долготрајна. Ако се расипе, контактирајте со квалификуван техничар за замена.
Каде можам да го најдам серискиот број и бројот на моделот?
Плочката со карактеристики се наоѓа внатре во одделението на фрижидерот, обично на страничниот ѕид или зад фиоката за салата. Таа го содржи бројот на моделот (CFS-516DFD) и серискиот број.

Прашања на корисниците за CFS-516DFD Vivax

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Вашата е-пошта останува приватна: се користи само за да ве известиме ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот фрижидер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник CFS-516DFD - Vivax и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. CFS-516DFD на марката Vivax.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК CFS-516DFD Vivax

Упатства за употреба

Сигурносни предупредувања

Значајни сигурносни ознаки и предупредувања

Предупредувања поврзани со електрично поврзување

Предупредувања поврзани со користење на уредот

Предупредувања поврзани со одложување на намирници

Предупредувања поврзани со стар или непотребен уред

Предупредувања поврзани со транспортот

Користење на фрижидерот

Главни делови и функции

Опрема

Прво включување

Одржување на фрижидерот

Чистенье

Одмрзнување

Доколку уредот нема да се користи подолго време

■ Најчести прашања и проблеми

Замена на насоката на отворање на вратата

■ Напомена и совети за штедење на енергија

Одложување на потрошениот уред, ЕУ Изјава за согласност

Почитувани:

Ви благодариме што го купивте овој фрижидер. За да обезбедите оптимално работење и да ги искористите сите достапни функции на уредот, внимателно прочитајте ги овие упатства.

Ве молиме, фрлете го пакувањето во согласност со важечките локални прописи за животна средина.

Кога го фрлате стариот фрижидер-замрзнувач, контактирајте ја вашата локална канцеларија за електронско отстранување на отпад за да го фрлите вашиот уред безбедно и еколошки.

Овој уред треба да се користи само за складирање храна и ладење на пијалоци. Употребата на уредот за други цели не се препорачува и производителот не е одговорен за било каква штета предизвикана од неправилна употреба.

Прочитајте ги овие упатства внимателно пред да го инсталирате и поврзете фрижидерот во напојување. Производителот не е одговорен за неправилно користење на уредот.

Строго следете ги упатствата дадени во овој прирачник. Чувајте ги упатствата на познато и безбедно место и чувајте ги во случај на дополнителна потреба.

Сигурносни предупредувања

Значајни сигурносни знаци

Vivax CFS-516DFD - Значајни сигурносни знаци - 1

Знак Забрана

Vivax CFS-516DFD - Значајни сигурносни знаци - 2

Знак Предупредување

Vivax CFS-516DFD - Значајни сигурносни знаци - 3

Знак Внимание

Овој знак означува забрана за одредени активности. Непочитување на упатството може да доведе до оштетување на производот или загрозување на сигурноста на корисникот.

Овој знак означува упатство кое задолжително мора да се почитува и следи. Непочитувањето на упатствата може да предизвика оштетување на производот или загрозување на сигурноста на корисникот.

Овој знак означува дека е потребно внимание на одредени активности. Потребно е да се придржувате до мерките на претпазливост бидејќи може да дојде до повреда или оштетување на уредот.

ВНИМАНИЕ:

  • Овој уред не е наменет за користење од страна на лица (вклучувајќи деца) со намалени физички, сетилни или ментални способности или недостаток на искуство и знаење, освен ако не се под надзор од страна на лицето одговорно за нивната сигурност.
  • Овој уред може да го користат деца од 8 години и постари и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности или недостаток на искуство и знаење, освен ако се под надзор и добиле упатства за безбедно користење на уредот и ги разбираат сите потенцијални опасности на кои се изложени за време на користење на уредот.

- Децата не смеат да си играат со уредот.

- Децата на возраст од 3 до 8 години не смеат да го полнат и празнат уредот.

- Децата смеат да го чистат или извршуваат корисничко одржување на уредот само доколку се под надзор.

Овој уред е наменет исклучиво за домаќинско користење и слични намени како што:

  • Кујнски простории за вработени во продавници, фирми и други работни простории
  • Угостителски објекти како што се собите во хотелите, мотелите и други слични објекти.
  • "Bed and breakfast" (спиење со појадок) соби.
  • Кетеринг и слични кои не овозможуваат изнајмувачки сервис.

Предупредувања поврзани со електричното поврзување

  • Немојте да го влечете кабелот за напојување кога го одповрзувате од утикач и штекер. Ве молиме цврсто фатете го утикачот и повлечете го од штекер.
  • Никогаш немојте да го одповрзувате / приклучувате кабелот за напојување со влажни раце или мокри за да не бидете изложени на опасност од струен удар.
  • За да се обезбеди сигурно користење внимавајте да не го оштетите кабелот за напојување. Немојте да го користите уредот доколку кабелот за напојување или утикачот се оштетени.
  • Осигурајте се дека кабелот за напојување и утикачот се секогаш достапни.
  • Со цел за спречување на опасност од електричен удар, во случај на оштетување на напонскиот кабел, истиот мора да биде заменет од
  • Вашиот уред поседува уземјен утикач кој е поврзан на уземјен кабел за напојување на уредот. Овој утикач треба да се приклучи директно на уземјен штекер од 10А моќност на струја. Доколку во вашиот дом не постои таков штекер, Ве молиме да се посетувате со овластен електричар или со вашиот дистрибутер на електрична енергија. Замената препуштете ја на квалификуван електричар. Утикачот немојте да го делите со други електрични уреди.
  • Немојте да користите продолжни кабли или надворешни тајмери.
  • Утикачот и кабелот за напојување мора да биде цврсто вметнат во утикач, за да се спречат можни искри и предизвикување на пожар.
  • Немојте да го притискате, повлекувате или виткате кабелот за напојување.
  • Фрижидерот е наменет за приклучување на напојување 220-240V, 50Hz. Флуктацијата на напон преку граница од 220-240 ± 10%V може да предизвика дефект или оштетување на уредот. Доколку имате нестабилен извор на напојување, обезбедете стабилизатор за напојување со минимална моќност од 750W.

Предупредувања поврзани со користење на уредот

- Фрижидерот содржи разладен плин R600а и изолација од Циклопенат. Типот и количината на плинот се означени на налепницата од уредот. Плинот R600 е

Vivax CFS-516DFD - Предупредувања поврзани со користење на уредот - 1

ВНИМАНИЕ Опасност од пожар!

Потполно еколошки прифатлив, природен плин, и е потполно безопасен, али запалив. За време на транспортот и инсталирањето на уредот внимавајте да не дојде до оштетување на ниту еден дел (компонента) на уредот. Доколку дојде до оштетување, избегнувајте отворен пламен и изложување на топли извори, и веднаш добро проветрете ја просторијата во која уредот е сместен.

- Заради безбедност, не се препорачува на уредот да се поставуваат други електрични уреди како што е микробрановата печка и слични електрични уреди.

  • Немојте да користите електрични уреди во фрижидерот или замрзнувачот.
  • Забрането е неовластено расклопување, преиначување, уништување на компресорот или разладниот круг бидејќи тоа може да предизвика загадување на околината и истекување на разладен плин. Поправката и одржувањето мора да ги изврши професионален и овластен сервис.
  • Оштетен кабел мора да биде заменет кај производителот или овластен сервисер за да се избегне опасност од електричен удар.
  • Отворите на фрижидерот или замрзнувачот, наменети за

вентилација на уредот, мора да бидат слободни заради циркулирање на воздухот.

Vivax CFS-516DFD - ВНИМАНИЕ Опасност од пожар! - 1

  • Слотовите и отворите помеѓу вратата и куќиштето на фрижидерот се мали. Немојте да ги ставате рацете во тие простории за да спречите приклештување на прстите. Ве молиме бидете внимателни за време на затворање на вратата на фрижидерот за да се избегне паѓање на намирници или садови од вратата.
  • Немојте да го допирате системот за ладење, замрзнатите метални предмети, лименки или садови, поготово немојте да ги допирате со влажни раце бидејќи можете да се повредите.
  • Немојте да им дозволувате на децата да си играат со фрижидерот. Децата никогаш не

смеат да седат на носачите/држачите или да висат на вратата од фрижидерот.

- Немојте да го прскате или перете фрижидерот со млаз вода.

Vivax CFS-516DFD - ВНИМАНИЕ Опасност од пожар! - 2

- Немојте да го користите фрижидерот на отворен простор и да го изложувате на дожд или голема влага за да не дојде до дефект на електричните делови и изолацијата на фрижидерот. Немојте да го изложувате уредот на

директна сончева светлина и топлина.

- Немојте да ставате тешки и високи предмети на уредот. За време на отворање на вратата, предметите можат да паднат од уредот и да предизвикаат оштетување или повреда.

Vivax CFS-516DFD - ВНИМАНИЕ Опасност од пожар! - 3

  • Задолжително одспојте го утикачот за напојување во случај на прекин на електрично напојување во мрежата или за време на чистење и одржување на уредот.
  • Немојте да го приклучувате уредот на напојување во рок од пет минути по исклучување, за да се спречи оштетување на компресорот заради последователно стартување.

Предупредувања поврзани со одложување на намирници

- Немојте да го користите уредот за складирање на експлозивни работи како што е аеросолната лименка или садовите кои содржат запаливи средства бидејќи тоа може да предизвика оштетување на уредот или пожар. Шишињата,

Vivax CFS-516DFD - Предупредувања поврзани со одложување на намирници - 1

кои содржат висок процент на алкохол, мора да бидат поставени вертикално.

- Немојте да го поставувате фрижидерот во простор каде што се складираат експлозивни или запаливи работи, и немојте да ставате запаливи предмети во близина на фрижидерот за да избегнете опасност од пожар.

- Овој уред е наменет за чување на свежа храна и пијалоци. Немојте да го користите фрижидерот со цел за чување на крв, лекови или биолошка содржина.

- Немојте да чувате експлозивни работи, како што е аеросолот, запаливиот гас во фрижидерот.

- Немојте да ставате стаклени шишиња или некакви други намирници од цврст материјал наполнети со течност во делот за замрзнување, може да дојде до распукување.

- Немојте да го јадете мразот кој се насобрал во замрзнувачот.

- Немојте да ја допирате замрзнатата храна со влажни раце. Немојте одма да ја јадете замрзнатата храна.

Vivax CFS-516DFD - Предупредувања поврзани со одложување на намирници - 2

- ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Отворите за вентилација на фрижидерот треба да бидат слободни и без препрека.

- ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: немојте да ја оштетувате инсталацијата за ладење.

- ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Немојте за одмрзнување и отстранување на мраз да користите електрични греалки, спреј за одмрзнување или остри предмети.

- ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Доколку фрижидерот не го користите, и пред корисничко одржување или чистење задолжително исклучете го од напојување.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Кога го поставувате уредот, внимавајте кабелот за напојување да не биде згмечен, заглавен или оштетен. Доколку кабелот за напојување е оштетен, мора да биде заменет од

производителот, сервисерот или друго квалификувано лице, за да се избегне потенцијално опасна ситуација и електричен удар.

  • ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Доколку оваа единица ја заменува стара единица со брава, отстранете ја бравата и вратата од безбедносни причини, за да ги заштитите децата од заклучување додека си играат.
  • ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Старите фрижидери содржат разладен CFC плин и мораат правилно да се отстранат. Пред да го отстраните стариот уред, отстранете ја вратата за да спречите децата да не се заклучат во уредот.
  • ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Немојте да го приклучувате уредот на продолжен кабел и да го поставувате на продолжен кабел позади уредот. Немојте да користите продолжен кабел кој нема заземјување (2-полни утичници) или адаптери.
  • Добро проверете дали има евентуално напукнати делови на уредот. Доколку имате било какво прашање, контактирајте го вашиот локален добавувач. Исто така, проверете дали на уредот има било какво оштетување пред да биде спакуван од овластениот сервис.

Позиционирање

Пред да започнете со користење на фрижидерот-замрзнувачот, отстранете го оригиналното пакување на уредот, вклучувајќи го стиропорот и траката во замрзнувачот, извадете ја заштитната фолија од вратата и куќиштето доколку постои.

Vivax CFS-516DFD - Позиционирање - 1

Одложете ја амбалажата на уредот вон дофат на мали деца. Внимавајте децата да не си играат со амбалажата, бидејќи тоа може да предизвика гушење и повреди опасни по живот.

Уредот чувајте го на добро проветрени места, подалеку од топлина, прашина и немојте да го изложувате на директна сончева светлина.

Немојте да го сместувате уредот на отворен простор и да го изложувате на вода или влага, за да се спречи создавање на 'рѓа или намалување на изолациската ефикасност.

Фрижидерот-замрзнувачот треба да го сместите во проветрена просторија, уредот мора да биде поставен цврсто на подлогата и да биде рамен со подот.

Vivax CFS-516DFD - Позиционирање - 2

Самостојните уреди не се наменети да се користат како вградливи!

Vivax CFS-516DFD - Позиционирање - 3

Слободниот простор над фрижидерот мора да биде поголем од 30cm, а оддалеченоста од двете страни и задната страна мора да биде поголема од 10cm за да се олесни отварањето и затварањето на вратата и дренажата на топлината.

Vivax CFS-516DFD - Позиционирање - 4

ВАЖНО: Уредот мора да стои цврсто на подлогата и да биде рамен со подот (свртете ги израмнувачките ногарки на уредот додека не биде стабилен).

10cm B 135° A

Прикажаните димензии се само за референца.

Порамнување на ногарки

Прилагодете ги ногарките за израмнување за да ја прилагодите правилната положба на апаратот. Уредот мора да стои исправено и стабилно!

Ве молиме оставете доволно простор за да обезбедите отворање и отстранување на фиоката.

L H

Постапки за прилагодување:

а. Свртете ги ногарките во насока на стрелките на часовникот за да го подигнете фрижидерот; б. Свртете ги стапалата спротивно од стрелките на часовникот за да го спуштите фрижидерот; в. Прилагодете ги десните и левите стапала врз основа на горенаведените процедури на хоризонтално ниво.

Израмнување на вратата

  • Подигнете ја долната врата до нивото на повисоката врата.
  • Вметнете го испорачаниот прицврстувач-прстенот со помош на клешта во јазот помеѓу шарката и долната шарка. Бројот на прстени за прицврстување што ќе треба да ги вметнете зависи од празнината. Местата треба навремено да се исчистат.

Забелешка:

Сликата погоре е само за референца. Вистинската конфигурација ќе зависи од

физичкиот производ или изјавата на дистрибутерот.

Не е нивелирано Шипка за шарки Клешти Прстен за долна шарка — прицврстување

Предупредувања поврзани со одложување на уредот

Vivax CFS-516DFD - Предупредувања поврзани со одложување на уредот - 1

Плин R600а материјалите за изолација од циклопетан и пена се запаливи и заради тоа одложениот фрижидер треба да биде изолиран од извор на топлина и пламен, кој не смее да се пали.

Vivax CFS-516DFD - Предупредувања поврзани со одложување на уредот - 2

Ве молиме одложете го фрижидерот-замрзнувачот на место за рециклирање или повикајте фирма за згрижување на електричен отпад за да се избегне штета на околината или човековото здравје.

ОПАСНОСТ: РИЗИК ОД ЗАКЛУЧУВАЊЕ НА ДЕЦА

Отстранете ја вратата и полиците од фрижидерот за да избегнете несреќа при игра на деца кои можат да влезат во фрижидерот.

Доколку стариот фрижидер кој го одложувате поседува брава на вратата, задолжително отстранете ја бравата од фрижидерот, за да ги заштитите сопствените деца од заклучување.

Сервис

Уредот треба да го сервисирате во овластен сервис користејќи само оригинални резервни делови. Ни под кои услови немојте да пробувате да го поправите уредот сами.

Поправката која ја спроведуваат лица без потребно искуство може да предизвикаат повреда или дефект на уредот. Секогаш контактирајте квалификуван сервисер.

Немојте да ја покривате задната страна и останатите излези за воздух на уредот.

Немојте да ги чувате на температура во близина на сензорот за температура во фрижидерот.

Дозволено е да ја извадите полицата во просторот за замрзнувач и да ја ставите храната директно на полицата.

Транспорт

Уредот мора да се транспортира во оригиналната кутија; доколку тоа не е можно, треба да биде замотан со мека крпа и добро прицврстен.

Транспортот во несоодветна амбалажа може да предизвика оштетување на куќиштето и внатрешните делови на уредот.

Пред преместување на фрижидерот, отстранете го целиот прибор и прицврстете ги полиците и преградите, прицврстете ја или извадете ја полицата за овошје и зеленчук. Осигурајте се дека вратата е добро затворена и прицврстена и дека нема да се отвори за време на транспортот.

За време на преместување на уредот држете го за куќиштето или за рабовите на куќиштето. Во никој случај немојте да го лизгате или влечете уредот држејќи го за вратата, рачката или горниот покрив.

Немојте да го навалувате уредот и да го вртите наопаку и немојте да го тресете.

Аголот на носење не смее да биде поголем од 45°.

За време на носење и транспорт, немојте да го држите уредот за врата или шарки.

НАПОМЕНА:

Било каков дефект или штета настаната за време на товарање, истоварање или транспорт на уредот, по испорака на производот до корисникот не е покриена со гаранција.

Користење на фрижидерот

Делови и функција

1 2 3 4 5 6 7 8

  1. Стаклени полици
  2. Оддел со променлива температура
  3. Горна фиока на замрзнувачот
  4. Фиока во долниот замрзнувач
  5. Прилагодливи ногарки
  6. LED осветлување
  7. Полици на вратите
  8. Фиока за јатки, зеленчук и овошје

Положбата и сместувањето на полиците, кутиите за храна, итн., прикажани на горната слика, осигуруваат најдобра енергетска ефикасност.

Опрема на фрижидерот

Фрижидерот како дел од опремата има разновидни стаклени полици и пластични прегради, кои се вклучени во опремата на ладилникот - различни модели имаат различни комбинации.

Најниската стаклена полица секогаш мора да биде во најниска положба, веднаш до фиоката за овошје и зеленчук. За да ја прилагодите висината на полицата, повлечете ја полицата нанадвор додека не може да се ротира и поставете ја на посакуваната позиција.

Со цел оптимално користење на просторот во фрижидерот и замрзнувачот, дозволено е отстранување на полиците или фиоките на замрзнувачот, во зависност од дневните потреби.

Простор за ладење во фрижидерот и замрзнувачот

Просторот за ладење во фрижидерот и замрзнувачот е погоден за ладење на храна како овошје, зеленчук, пијалоци и друга храна што се конзумира за кратко време. Препорачаното време на складирање е од 3 до 5 дена.

Топлите намирници не треба да се ставаат во фрижидер додека не се оладат на собна температура.

Препорачливо е намирниците да бидат добро затворени (во сад или вреќа) пред да ги ставите во фрижидер.

Полиците може да се преместат во висина на внатрешноста на ладилникот за оптимално организирање на просторот.

Замрзнувачот се користи за подолго складирање на храна (до 6 месеци). За повеќе информации во врска со должината на можното складирање, проверете го пакувањето на производот или храната што ја замрзнувате.

Никогаш не замрзнувајте ја одмрзнатата храна.

Белешки и совети за поставување на намирниците во фрижидерот

♦ Складирањето на сурово месо и риба чувајте го во соодветни садови во фрижидерот, за да не дојде во контакт со друга храна или да капе. Зготвеното месо или риба секогаш треба да се чува на полицата над суровото месо или риба за да се избегне пренесување на бактерии. Чувајте го суровото месо или риба во сад доволно голем за да ги собере исцедените сокови и добро покријте го. Садот ставете го на најниската полица. ◆ Оставете слободен простор околу намирниците за да се овозможи циркулација на воздухот. Осигурајте се дека храната не лежи на внатрешните ѕидови на фрижидерот. ◆ За да спречите пренесување на вкусови, мириси или сушење, чувајте ја секоја храна во посебен пакет или сад и покријте го. Овошјето и зеленчукот не треба да бидат спакувани или покриени. ◆ Зготвената храна прво треба да се олади на собна температура пред да се стави во фрижидер. На овој начин ќе помогне во одржување на внатрешната температура и заштеда на енергија. ◆ За да избегнете расипување на храната, следете ги овие упатства:

Отворање на вратата на подолг период може да предизвика значително зголемување на температурата во одделите на фрижидерот или замрзнувачот.

  • Редовно чистете ги површините кои можат да дојдат во контакт со храна и пристапните системи за одводнување.
  • Исчистете ги садовите за вода ако не се користени 48 часа; измијте го водоводниот систем кој е поврзан со водоводот, ако водата не е црпена 5 дена.
  • За да спречите излегување на ладниот воздух од уредот, обидете се да го ограничите бројот на отворање на вратите. Препорачуваме да ја отворите вратата само кога треба да ставите или вадите храна.
  • Во случај вашиот фрижидер да има дел за замрзнување со 4 ѕвездички, овој уред е соодветен за замрзнување на намирници.

Во случај вашиот фрижидер да има оддел за замрзнување со 1, 2 или 3 ѕвезди, овој апарат НЕ е погоден за замрзнување на храна:

- Прегради за замрзната храна со две ѕвезди * се погодни за складирање на претходно замрзната храна, складирање или правење сладолед и правење коцки мраз.

- Преградите со една, две и три ѕвездички * не се погодни за замрзнување на свежа храна.

- Ако го оставите ладилникот празен подолго време, исклучете го, одмрзнете го, исчистете го, исушете го и оставете ја вратата отворена за да спречите појава на мувла во внатрешноста на уредот.

Прво вклучување

Чистење пред прво користење

Избришете ја внатрешноста на фрижидерот со благ раствор во сода бикарбона. Потоа избришете ја внатрешноста со мека крпа или сунѓер натопен во топла вода. Измијте ги полиците и фиоките во топла вода и исушете ги целосно пред да ги вратите назад во фрижидерот.

Исчистете ја надворешноста на уредот со мека, влажна крпа.

Доколку ви требаат повеќе информации, видете го делот: „Чистење и одржување”

Vivax CFS-516DFD - Чистење пред прво користење - 1

◆ Пред вклучување на напојување

Проверете дали напонот во вашето домаќинство одговара со работниот напон на уредот (220-240V, 50Hz) и штекерот да има заземјување и соодветен утикач за фрижидерот.

◆ Пред вклучување

Поставете го фрижидерот на предвиденото место и оставете го да мирува барем еден час пред да го приклучите уредот на напојување 220-240V, 50Hz

Фрижидерот треба да работи најмалку 2 до 3 часа пред да почнете да одложувате свежи или замрзнати намирници.

Во лето или кога температурата во околината е висока, треба да го оставите уредот најмалку 4 часа во работа.

Користење

Екран за прикажување

  1. Икона за фрижидер
  2. Икона за замрзнувач
  3. Приказ на температура
  4. Икона Super Cool/Quick Freeze
  5. Икона за овошје/зеленчук
  6. Икона за пијалоци
  7. Икона за разладување

A. Темп. Копче нагоре В. Темп. копче за избор на зона С. Темп. Копче надолу D. Vario Temp. селекција E. Копче за Заклучување/Отклучување

Екран

Кога ќе го вклучите фрижидерот за прв пат, целиот екран ќе светне 3 секунди.

Потоа екранот и контролната табла влегуваат во нормалниот режим на работа.

REF. FRZ -00°C A B TEMP. SELECT C VARIO TEMP. D Hold 3sec Unlock E

Стандардната температура на одделот за фрижидер и замрзнувачот е: 4°C / -18°C.

Кога ќе се појави грешка во работењето на фрижидерот, на екранот се прикажува шифра за грешка (видете го поглавјето „Грешки во работењето“). При нормална работа, екранот ја прикажува поставената температура во одделот за фрижидер и замрзнувач.

Во нормална работа, ако нема подесување или отворање на вратата во рок од 30 секунди, контролната табла на екранот автоматски ќе се заклучи. Екранот ќе се исклучи.

Заклучи/Отклучи

Во отклучена состојба, притиснете и задржете го копчето „Lock/Unlock“

(Заклучување/Отклучување) (E) 3 секунди за да се заклучи и да се огласи (ќе се прикаже ознаката 📁).

Во заклучена состојба, притиснете и задржете го копчето „Lock/Unlock“

(Заклучување/Отклучување) (E) 3 секунди за да се отклучи и ќе се огласи звучен сигнал (ќе се прикаже ознаката ).

Ако нема подесување или отворање на вратата во рок од 30 секунди, контролната табла на екранот ќе се заклучи. Ќе се огласи звучен сигнал.

Сите операции на копчињата може да се извршат само кога фрижидерот е во отклучена состојба. Ова исто така важи и во случај на предупредување за аларм.

Ако притиснете кое било копче во заклучена состојба, ќе се огласи предупредувачки сигнал.

Прилагодување на температурата во одделот за фрижидер

Кликнете на копчето „Temp.zone“ (В), за да изберете Комора за фрижидер и потоа притиснете ∧ или V за да ја прилагодите температурата во одделот за ладење.

Секогаш кога ќе го притиснете копчето, поставената температура ќе се намали за 1°C. Опсегот на прилагодување на температурата на фрижидерот е 2°C – 8°C.

Кога поставената температура е 2°C, притиснете го копчето повторно за да влезете во режимот на работа „Super Cool (Супер ладење)“.

8°C 7°C 6°C 5°C 4°C 3°C 2°C Super Cool

Прилагодување на температурата во преградата за замрзнување

Кликнете на копчето „Temp.zone“ (В), за да изберете Комора за замрзнување и потоа притиснете Λ или V за да ја прилагодите температурата во одделот за замрзнување.

Секогаш кога ќе го притиснете копчето, поставената температура ќе се намали за 1°C. Опсегот на подесување на температурата на фрижидерот е -24°C - -16°C.

Кога поставената температура е -24°C, притиснете го копчето повторно за да влезете во режимот на работа „Super Freez (Супер замрзнување)“.

-16°C -17°C -18°C -19°C -20°C -21°C -22°C -23°C -24°C Super Freeze

Поставување на температурата на комората со променлива температура

Притиснете го копчето за променлива температура "VARIO.TEMP." (D) за да ја прилагодите дотеруваната температура на фиоката со променлива температура.

Опсегот на прилагодување е: Овошје/зеленчук 📄

Пијалок:

Разладување:

Vivax CFS-516DFD - Поставување на температурата на комората со променлива температура - 1

Иконите на екранот се менуваат: 📄 🎋 🍴

Начини на работа

Super Cooling:

(Супер ладење)

Функцијата „Super Cool“ вклучува брзо ладење во просторот на фрижидерот 6 часа. После тоа, фрижидерот ќе продолжи да работи на првично поставената температура.

Кога ја поставувате или откажувате функцијата „Super Cool“, на екранот се прикажува соодветната икона Super Cool.

Поставете го режимот за супер ладење:

Откако температурата во просторијата за ладење ќе се прилагоди на 2°C, притиснете го копчето за намалување на температурата за да влезете во режимот Супер ладење.

Во режимот Супер ладење, температурата на комората за ладење автоматски се поставува на 2°C.

Излезете од режимот за супер ладење:

Притиснете го копчето за зголемување на температурата за да излезете од режимот Супер ладење или фрижидерот автоматски ќе излезе од режимот Супер ладење по 6 часа. После тоа, фрижидерот ќе продолжи да работи на оригиналната поставена температура.

Супер кул / замрзнување: Функцијата „Super Friz. (Супер замрзнување)“ вклучува брзо замрзнување во просторот за замрзнување 32 часа. После тоа, замрзнувачот ќе продолжи да работи на првично поставената температура.

При поставување или откажување на функцијата „Супер

замрзнување“, на екранот се прикажува соодветната икона Super Freeze;

Ладењето автоматски се поставува на температурата -24°C.

Откако ќе се исклучи функцијата, поставената температура

на преградата за замрзнување автоматски ќе се врати на поставената температура пред да се вклучи функцијата за брзо замрзнување.

Поставете го режимот за супер замрзнување:

Откако температурата во просторијата за замрзнување ќе се прилагоди на -24°C, притиснете го копчето за намалување на температурата за да влезете во режимот Супер замрзнување.

Во режимот Супер замрзнување, температурата на комората за замрзнување автоматски се поставува на -24°C.

Излезете од режимот за супер замрзнување:

Притиснете го копчето за зголемување на температурата за да излезете од режимот Супер замрзнување или фрижидерот автоматски ќе излезе од режимот Супер замрзнување по 32 часа. После тоа, фрижидерот ќе продолжи да работи на оригиналната поставена температура.

Забелешка: Според IEC62552:2007, тестирање се врши на следниов начин:

Вклучете го режимот на супер замрзнувач однапред и почекајте фрижидерот да влезе во автоматско одмрзнување по 18 часа, а потоа ставете ги продуктите во замрзнувачот. Максималното време на одмрзнување е 72 часа, а минималното е 12 часа на 32°C.

Функцијата „Супер замрзнување“ е дизајнирана за подобро одржување на хранливата вредност на храната во замрзнувачот. Може да замрзне храна за најкратко време. Ако одеднаш се замрзне голема количина храна, му препорачуваме на корисникот да ја активира функцијата „Супер замрзнување“ и потоа да ја стави храната во замрзнувачот. Оваа функција го зголемува капацитетот на замрзнување на одделот за замрзнување, што го подобрува задржувањето на хранливата вредност на храната и го олеснува нивното складирање.

Аларми и предупредувања

Прекин на електричната енергија:

Во случај на прекин на струјата, моменталната работна состојба ќе биде заклучена и меморирана додека не се врати напојувањето.

Предупредувања за грешки:

Предупредувањата што се појавуваат на екранот укажуваат на одредени дефекти во работата на фрижидерот. Иако фрижидерот може сè уште да има функција за ладење иако прикажува грешка, неопходно е да се јавите кај овластен сервис за да се обезбеди ефикасно функционирање на уредот.

Код за грешкаОпис
E1 Неисправност на сензорот за температура во одделот за фрижидер
E2Неисправност на сензорот за температура во одделот за замрзнување
E3Неисправност на сензорот за температура во преградата за месо и риба
E5Грешка во колото за откривање на сензорот за замрзнување и одмрзнување
E6 Грешка во комуникацијата или жици
E7 Грешка на сензорот за амбиентална температура
EH Грешка на сензорот за влага

ВАЖНО: Кога ќе се постигне повисока температура во фрижидерот, компресорот нема да се вклучува често или некое време, но тоа не значи дека фрижидерот е исклучен од напојувањето. За чистење и одржување на уредот, задолжително исклучете го напојувањето на уредот со вадење на приклучокот од штекерот!

Шумови и звуци од ладилникот

Можеби ќе приметите дека вашиот уред понекогаш произведува необични звуци, како шуштење или звук на истурање вода и сл. Тие звуци се вообичаени и нормални и не влијаат на исправноста и работата на ладилникот.

Овие звуци се предизвикани од протокот на разладниот гас во системот за ладење. Овие звуци се поизразени по воведувањето на CFC гас. Ова не е дефект и не влијае на перформансите на вашиот уред.

Замена на LED сијаличката

Доколку е потребно, LED осветлувањето мора да го замени овластен сервис. Ве молиме обратете се кај овластениот сервис или производителот.

graph LR A["LED"] <--> B["LED"]

Одржување

Чистење

Vivax CFS-516DFD - Чистење - 1

Пред да започнете со чистење, задолжително исклучете го фрижидерот од напојувањето.

Потребно е редовно да се чисти прашината од задниот дел на ладилникот за да се подобри ефикасноста на ладењето и заштедата на енергија.

Внатрешноста на фрижидерот треба редовно да се чисти за да се избегнат непријатни мириси.

♦ Користете мека крпа или сунѓер натопен во вода и неутрален не-корозивен детергент за чистење. ◆ Извадете ги сите полици и фиоки од фрижидерот. За да го отстраните плехот за овошје и зеленчук, прво отстранете ја долната стаклена полица. ◆ Избришете ја внатрешноста на апаратот со благ раствор од сода бикарбона, а потоа избришете ја внатрешноста со мека крпа или сунѓер. На крај, исушете ја внатрешноста со сува крпа. Измијте ги и исушете ги полиците и фиоките на ист начин. ♦ Користете влажна крпа за чистење на надворешноста. Можете да користите стандардни средства за чистење мебел. Проверете дали хемикалиите за чистење не доаѓаат во контакт со гумата на вратата. ◆ Исчистете ја гумата на вратата со влажна и мека крпа. ♦ Решетката од кондензаторот на задната страна од уредот можете да ја исчистите со помош на правосмукалка со продолжеток со мека четка.

Vivax CFS-516DFD - Пред да започнете со чистење, задолжително исклучете го фрижидерот од напојувањето. - 1

Отстранување на полиците:

Според стрелката за насока на сликата подолу, извлечете ја фиоката со двете раце и турнете ја нагоре, а потоа можете да ја извадите.

Vivax CFS-516DFD - Отстранување на полиците: - 1

Кондензација може да се формира од надворешната страна на уредот. Ова може да се должи на промена на температурата или зголемена влажност во просторијата.

Избришете ја кондензацијата со сува крпа. Ако проблемот продолжи, консултирајте се со квалификуван техничар за помош.

За да го забрзате сушењето на внатрешноста на ладилникот, оставете ја вратата отворена.

Откако внатрешноста е добро исушена, затворете ја вратата и поврзете го фрижидерот со напојувањето.

Немојте да користите тврди четки, метални четки, жица за чистење, абразиви како што се паста за заби, органски растворувачи (како што се алкохол, ацетон, масло и сл.), врела вода, киселини или алкалии при чистење, бидејќи тоа може да ги оштети куќиштето и внатрешноста на фрижидерот.

Немојте да го миете уредот со млаз вода, бидејќи тоа може да влијае на електричната изолација.

Ве молиме користете сува крпа при чистење на копчињата за контрола на температурата и електричните компоненти.

Одмрзнување

Вашиот уред е NO FROST фрижидер.

NO FROST значи дека фрижидерот ги лади производите на начин на кој вентилаторот дува ладен воздух во просторот. Тоа ќе резултира со значително намалување на создавањето мраз и намалување на влагата.

Во таква сува атмосфера значително се продолжува чувањето на намирниците.

За NO FROST тип на фрижидер не е потребно периодично да се одмрзнува. Фрижидерот повремено спроведува автоматско одледување.

Доволно е фрижидерот редовно да се одржува чист. Доколку дојде до повремено насобирање на мраз, за време на редовното чистење, додека фрижидерот е исклучен од напојување, ќе дојде до топење на мразот. Пазете внатрешноста да е потполно сува пред повторно да го вклучите фрижидерот.

Vivax CFS-516DFD - Одмрзнување - 1

Препорачливо е да ја искористите замрзнатата храна што е можно поскоро.

Немојте да користите остри метални предмети или електричен грејач за одмрзнување за да избегнете оштетување на инсталацијата на ладилникот.

Отстранете ја храната и чувајте ја на ладно место пред да почнете со одмрзнување и да ги отстраните фиоките и другиот прибор.

Доколку нема да го користите уредот подолг временски период

Во случај на прекин на струја, храната во фрижидерот може да се чува неколку часа дури и во лето; Потоа, препорачливо е да избегнувате често отворање на вратата и ставање на свежа храна во фрижидерот.

Исклучете го фрижидерот и темелно исчистете ја внатрешноста на фрижидерот.

Држете ја вратата отворена за да избегнете создавање лош мирис.

Vivax CFS-516DFD - Доколку нема да го користите уредот подолг временски период - 1

Откако фрижидерот е вклучен, препорачливо е да го исклучувате само при чистење или ако немате намера да го користите подолг временски период.

Немојте да го движите фрижидерот за време на работата, бидејќи тоа влијае на работата на компресорот и неговиот век на траење.

Често поставувани прашања и проблеми

Следниве едноставни пречки корисникот може да ги отстрани.

Во случај на неотстранливи проблеми, ве молиме контактирајте ја корисничката служба.

Уредот не работиЗамрзнувачот е поврзан на штекер и е поврзан со електричната мрежа, но нема напон во штекерот Апаратот не е включен. Напојувањето се гаси или прекин во струјното коло
Неугоден мирисХраната со непријатен мирис треба внимателно да се завиткаНамирниците се расипаниВнатрешноста на уредот треба да се исчисти
Храната во фрижидерот се замрзнуваДали термостатот е премногу слабо поставен?Храната содржи многу вода
Долготрајно работење на компресоротНормално е замрзнувачот да работи долго време во лето кога температурата на околината е повисокаНе ставајте премногу храна во замрзнувачотНе ставајте храна додека не се оладиČesto otvaranje
Вратата на фрижидерот неможе да се затвори правилноПакувањето од храната го отежнува затворањето на вратата.Премногу храна. Неправилно поставен замрзнувач, кој се ниша..
Гласен звукАко храната не е подредена правилно, ако фрижидерот не е балансиран, ако деловите и приборот не се правилно поставени.

Совети:

◆ Замрзнувачот може да произведе топлина за време на работата, особено во летните месеци, ова е предизвикано од зрачење на кондензаторот, и ова е нормална појава. - Кондензација: ова ќе го откриете на надворешната страна и од вратата на замрзнувачот кога влажноста е висока, тоа е нормално, а кондензацијата може да се избрише со сува крпа. ◆ Звукот на проток на воздух и протекување: Плинот за разладување содржан во системот за ладење произведува звук додека поминува низ капиларите. Ова е нормално и не влијае на ефектот на ладење. ◆ Зуење: ќе се појави при стартување на компресорот, особено при вклучување / исклучување. ◆ Бучава: одреден звук ќе се генерира во електромагнетниот вентил, така што ова е нормално и не влијае на работата. Задниот сид за ладење на ладилникот повремено ќе замрзне и ќе се стопи (капки вода ќе се формираат на задната страна при одмрзнување). Ова е нормално.

Совети за штедење на енергија

Обидете се да не ја отворате вратата премногу често, особено кога воздухот во просторијата е влажен и топол. Кога ќе ја отворите вратата, затворете ја што е можно побрзо.

Осигурете се дека ладилникот има адекватен проток на воздух постојано зад апаратот.

Под нормални температурни услови, поставете го копчето за термостат на средната вредност.

Пред да ставите храна во фрижидер, оставете ја топлата храна да се излади на собна температура.

Акумулациите на мраз и замрзнување ја зголемуваат потрошувачката на енергија. Одмрзнете го замрзнувачот веднаш штом ледениот слој е подебел од 3-5 мм.

♦ Ако вашиот уред има надворешен кондензатор, кондензаторот и задниот сид секогаш треба да бидат без прашина или нечистотија. ◆ Фрижидерот треба да се наоѓа во најстудениот дел од просторијата, далеку од извори на топлина и грејачи и надвор од директна сончева светлина. - Оставете ја топлата храна да се излади на собна температура пред да ја ставите во фрижидер. ◆ Преоптоварувањето и неправилното полнење на фрижидерот може да влијае на ефикасноста на ладењето и потрошувачката на енергија, а компресорот ќе работи подолго за истата ефикасност. ◆ Намирниците кои се замрзнуваат подолго, го губат квалитетот и може да се расипат. ◆ Проверете дали храната е правилно спакувана. Избришете ги садовите и намирниците пред да ги чувате во фрижидер. Ова ја намалува влажноста во внатрешноста на ладилникот и акумулацијата на мраз.

  • Немојте да ја виткате храната во алуминиумска фолија или хартија, бидејќи таквите облоги ја попречуваат циркулацијата на студениот воздух, правејќи го апаратот помалку ефикасен. Организирајте и обележете ја храната за да ги намалите отворањата на вратата. Обидете се да ги земете сите потребни намирници истовремено и затворете ја вратата што е можно побрзо.

Резервни делови

Нарачаните делови од следната табела можете да ги нарачате преку каналот:

Делови за нарачување Обезбедување услуга:Минимално време на достатност на делот:
ТермостатСтручно сервисно лицеНајмалку 7 година по последната продажба на моделот на пазар
Сензори за температураСтручно сервисно лицеНајмалку 7 година по последната продажба на моделот на пазар
Стаклена плочаСтручно сервисно лицеНајмалку 7 година по последната продажба на моделот на пазар
ОсветлувањеСтручно сервисно лицеНајмалку 7 година по последната продажба на моделот на пазар
Рачки на врататаСтручно сервисно лице и краен корисникНајмалку 7 година по последната продажба на моделот на пазар
Шарки за вратаСтручно сервисно лице и краен корисникНајмалку 7 година по последната продажба на моделот на пазар
Полици и полица за вратаСтручно сервисно лице и краен корисникНајмалку 7 година по последната продажба на моделот на пазар
ФиокаСтручно сервисно лице и краен корисникНајмалку 7 година по последната продажба на моделот на пазар
Фиоки за вратаСтручно сервисно лице и краен корисникНајмалку 7 година по последната продажба на моделот на пазар

Климатска класа

За климатската класа на уредот, погледнете ја натписната плоча на уредот.

Класа ОзнакаПросечна температура во околината (°C)
Проширена умеренаSN + 10 to + 32
Умерена N + 16 to + 32
Суптропска ST + 16 to + 38
Тропска T + 16 to + 43

Проширена умерена температура: овој фрижидер е наменет за употреба на собна температура во опсег од 10°C до 32°C; Умерена: овој фрижидер е наменет за употреба на собна температура во опсег од 16°C до 32°C; Суптропска: овој фрижидер е наменет за употреба на собна температура во опсег од 16°C до 43°C; Тропска: овој фрижидер е наменет за употреба на собна температура во опсег од 16°C до 43°C.

Одложување на потрошен уред, ЕУ изјава за согласност

Пријателски однос кон околината

Vivax CFS-516DFD - Пријателски однос кон околината - 1

Производите означени со овој симбол означуваат дека производот спаѓа во групата на електрична и електронска опрема (ЕЕ производи) и не смее да се одложува заедно со домаќинскиот отпад.

Правилното одложување на овој производ ќе помогне во спречување на можни негативни последици врз околината и човековото здравје, кои инаку би можеле да бидат загрозени со неодговорно одложување на потрошен

производ.

За детални информации за собирање на ЕЕ производи, обратете се во продавницата во која сте го купиле овој производ.

ЕУ Изјава за согласност

Овој уред е произведен согласно со важечките Европски норми и е во согласност со сите важечки Директиви и Регулативи.

ЕУ Изјава за согласност можете да ја преземете од следниов линк: www.msan.hr/dokumentacijaartikala

Vivax CFS-516DFD - ЕУ Изјава за согласност - 1

Информативен лист

Податоци со информации за производот (Информативен лист) внесени се во базата со податоци на EPREL

За повеќе информации и информации за производот скенирајте го QR кодот или посетете ја интернет страницата: www.vivax.com

Vivax CFS-516DFD - Информативен лист - 1

Изјава за усогласеност

За издавање на ЕУ изјавата за усогласеност одговорен е исклучиво произведувачот.

Предмет на изјавата:

Предметот на наведената изјава е во согласност со соодветна законска регулатива на Унијата за усогласување:

  1. EMC Директива 2014/30/EU
  2. LVD Директива 2014/35/EU
  3. ErP Директива 2009/125/EC
  4. RoHS Директива 2011/65/EU

Референца на применетите ускладени норми или референци на техничката спецификација во врска со која се изјавува усогласеност:

EN IEC 55014-1:2021 EN IEC 55014-2:2021 EN IEC 61000-3-2:2019/A1:2021

EN 61000-3-3:2013/A2:2021

EN 60335-1:2012/A15:2021

EN 60335-2-24:2010/A11:2020

EN 62233:2008

EN 62552-1:2020

EN 62552-2:2020

EN 62552-3:2020

EN IEC 60704-1:2021

EN 60704-2-14:2013+A11:2015+A1:2019

IEC 62321-1:2013

IEC 62321-2:2021

IEC 62321-3-1:2013

IEC 62321-4:2013+A1:2017

IEC 62321-5:2013

IEC 62321-6:2015

IEC 62321-7-1:2015

IEC 62321-7-2:2017

IEC 62321-8:2017

Скопје, 10.11.2023

Ви благодариме што купивте уред на VIVAX и се надеваме дека сте задоволни со изборот. Доколку во текот на гарантниот рок се јави потреба од поправка на производот, побарајте совет од продавачот кој ви го продал производот или контактирајте со нас на долунаведените броеви и адреси. ВЕ МОЛИМЕ ПРЕД УПОТРЕБА НА ПРОИЗВОДОТ ВНИМАТЕЛНО ДА ГИ ПРОЧИТАТЕ УПАТСТВАТА ПРИЛОЖЕНИ КОН ПРОИЗВОДОТ!

  1. Со оваа гаранција производателот на производот, преку ПАКОМ КОМПАНИ д.о.о.е.л како увозник и давател на гаранцијата во Република Македонија, гарантира бесплатна поправка согласно важечките прописи и условите наведени во овој гарантен лист. Со оваа гаранција Ви гарантираме дека предметот на гаранцијата ќе работи без грешки предизвикани од можно лоша изработка и употреба на лош материјал во изработката. Сите вакви дефекти ќе бидат бесплатно отстранети во овластените сервиси на увозникот во гарантен рок.

ГАРАНТНИ УСЛОВИ:

  1. Гарантниот рок започнува да тече од денот на купувањето на производот и трае:
60 месеци (5 години)ФРИЖИДЕРИ,ВЕРТИКАЛНИ И ХОРИЗОНТАЛНИ ЗАМРЗНУВАЧИ
36 месеци (3 години)ШПОРЕТИ, МАШИНИ ЗА АЛИШТА И МАШИНИ ЗА СУШЕЊЕ АЛИШТА, МАШИНИ ЗА ПЕРЕЊЕ НА САДОВИ, КУЛНСКИ АСПИРАТОРИ, ВГРАДЛИВИ РЕРНИ И ПЛОЧИ, БОЛЛЕРИ
  1. Во случај на појава на дефект кај производот кој е предмет на оваа гаранција се обврзуваме дека ќе го поправиме во најкраток можен рок, а најдоцна во рок од 30 дена. Ако производот не може да се поправи или не биде поправен во рок од 30 дена ќе биде заменет со нов. Ако поправката на производот трае подолго од 10 дена, гаранцијата се продолжува за времетраење на поправката.
  2. Гаранцијата се признава само со приложување сметка за купување и со овој гарантен лист кој мора да биде правилно пополнет од страна на продавачот односно мора да содржи модел и сериски број, датум на продажба, печат и потпис на продавачот.
  3. Извршителот на гаранцијата обезбедува сервис и резервни делови 5 години од датумот на производство.

ГАРАНЦИЈАТА НЕ ОПФАЌА:

  1. Редовни проверки, одржување и замена на потрошни материјали. Прилагодувања или промени за подобрување на производот за намени кои не се опишани во техничките упатства за употреба, освен ако за тие промени не се согласил увозникот ПАКОМ КОМПАНИ д.о.о.е.л

ГАРАНЦИЈАТА НЕ СЕ ПРИЗНАВА ВО СЛЕДНИВЕ СЛУЧАИ:

- Ако купувачот не приложи исправен гарантен лист и сметка.

- Ако купувачот не се придржувал до упатствата за употреба на производот.

- Ако производот бил отворан, преправан или поправан од неовластени лица.

- Ако дефектите кај производот биле предизвикани од виши сили, како удар од гром, струен удар во електричната мрежа, елементарни непогоди и сл.

- Ако дефектите настанале поради непрописна употреба или неправилен транспорт.

- Ако дефектот настанал поради грешка на системот кон кој бил приклучен производот. Оваа гаранција не ги менува законските права кои што важат во Република Македонија во однос на правата што ги пропишува увозникот. Изјава: Потрошувачот ги има законските права кои произлегуваат од националното законодавство кое ја регулира продажбата на производите и дека овие права не се загрозени со гаранцијата.

Централен сервис:

ПАКОМ КОМПАНИ, ул Јадранска магистрала 12, 1000 Скопје

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : Vivax

Модел : CFS-516DFD

Категорија : фрижидер