TBP5301X - Миксер BEKO - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот TBP5301X BEKO во PDF формат.

BEKO TBP5301X - Миксер
📄 68 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice BEKO TBP5301X - page 42
Погледни прирачник : English EN Македонски MK Română RO Shqip SQ
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Тип на производБлендер
БрендBeko
МоделTBP5301X
Потрошувачка на енергија700 W
Напон220-240 V ~ 50/60 Hz
Капацитет на тегла1.5 L
Број на поставки за брзина5 + Puls
Материјал на сечилатаНерѓосувачки челик
Материјал на теглаTritan без BPA
Безбедносна блокадаДа
Анти-лизгачки ногаркиДа
Делови за миење во машина за садовиДа (тегла, капак, мерна капа)
Должина на кабел1.2 m
Тежина2.5 kg
Димензии (В x Ш x Д)40 x 18 x 18 cm
Кршење на мразДа
Функција за смутиДа
ВклучуваТегла за блендер, капак, мерна капа, упатство за употреба

Често поставувани прашања - TBP5301X BEKO

Колкава е потрошувачката на енергија на блендерот Beko TBP5301X?
Блендерот има потрошувачка на енергија од 700 W, погодна за секојдневни задачи за мешање.
Може ли да кршам мраз со овој блендер?
Да, TBP5301X е дизајниран да крши мраз за смути и замрзнати пијалаци.
Дали теглата на блендерот е безбедна за миење во машина за садови?
Да, теглата, капакот и мерната капа се безбедни за миење во машина за садови за лесно чистење.
Колкав е капацитетот на теглата?
Теглата има капацитет од 1.5 L, идеален за подготовка на пијалаци за повеќе лица.
Дали има безбедносна блокада?
Да, блендерот има безбедносна блокада која спречува работа ако теглата не е правилно прикачена.
Од кој материјал се направени сечилата?
Сечилата се направени од нерѓосувачки челик за издржливост и ефикасно мешање.
Колку поставки за брзина има?
Нуди 5 поставки за брзина плус функција за пулс за прецизна контрола.
Дали теглата е без BPA?
Да, теглата е направена од Tritan без BPA материјал, безбеден за контакт со храна.
Кои се димензиите и тежината?
Димензиите се приближно 40 x 18 x 18 cm а тежината е 2.5 kg.
Каде можам да го најдам упатството за употреба?
Упатството за употреба е достапно за бесплатно преземање на notice-facile.com во PDF формат.

Прашања на корисниците за TBP5301X BEKO

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Вашата е-пошта останува приватна: се користи само за да ве известиме ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Миксер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник TBP5301X - BEKO и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. TBP5301X на марката BEKO.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК TBP5301X BEKO

Прво прочитајте го упатството!

Почитуван клиенту,

Ви благодариме што избравте производ на Веко. Се надеваме дека ќе ги добиете најдобрите резултати со нашиот производ, кој е произведен со висококвалитетна и врвна технологија. Затоа, внимателно прочитајте го целото упатство и целата друга придружна документација пред да го користите производот и зачувајте го за идни осврти. Ако го предадете производот на други, дајте им го и упатството. Следете ги сите предупредувања и информации во упатството.

Следните симболи се користат низ разните поглавја на ова упатство:

BEKO TBP5301X - Прво прочитајте го упатството! - 1

Важни информации и корисни совети за употребата.

BEKO TBP5301X - Прво прочитајте го упатството! - 2

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:

Предупредувања за опасни ситуации во однос на безбедноста по животот и имотот.

BEKO TBP5301X - ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: - 1

Одговара за контакт со храна.

BEKO TBP5301X - ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: - 2

Не го потопувајте уредот, кабелот или приклучокот за струја во вода или други течности.

BEKO TBP5301X - ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: - 3

Класа на заштита од струен удар.

BEKO TBP5301X - ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: - 4

Овој производ е произведен во еколошка и технолошки врвна постројка.

Производот е усогласен со директивата за WEEE - Фрлање на електрична и електронска опрема.

BEKO TBP5301X - ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: - 5

Не содржи полихлориран бифенил - PCB.

1

Важни упатства за безбедноста и животната средина

Ова поглавје содржи безбедносни упатства што ќе ви помогнат да се заштитите од лична повреда или штета по имотот.

Ако не ги следите овие упатства, тоа ќе ја поништи гаранцијата.

1.1 Општа безбедност

  • Овој уред е усогласен со интернационалните безбедносни стандарди.
  • Овој уред е наменет за употреба во домаќинства и за слични намени како што се:
  • кујнски простории во продавници, канцеларии и други работни средини;
  • фарми; – од клиенти во хотели, мотели и други типови на резиденцијална средина;
  • места за престој од типот „bed and breakfast“ (преспивање со доручек).

1

Важни упатства за безбедноста и животната средина

• Производот може да го користат лица со намален физички, сетилен или ментален капацитет или оние што немаат доволно познавање и искуство, само ако се под надзор или ги разбираат упатствата во однос на безбедна употреба, ако се обучени соодветно и ако ги разбираат потенцијалните опасности од употребата на производот.

• Децата не треба да си играат со уредот. - Чистењето и одржувањето не треба да се изведува од деца. - Овој уред не може да биде употребуван од деца. - Не го употребувајте доколку кабелот за струја, сечилата или самиот уред е оштетен. Контактирајте авторизиран сервисер. - Исклучете го од струја уредот кога не го употребувате, кога ги ставате/отстранувате додатоците или пред чистењето. - Употребувајте само оригинални делови или делови препорачани од производителот. - Не се обидувајте да го расклопувате уредот.

1

Важни упатства за безбедноста и животната средина

  • Не работете со уредот и не го оставајте ниту неговите делови врз или близу топли површини.
  • Не го употребувајте уредот со топла храна.
  • Напонот во вашиот дом треба да одговара на информациите наведени на плочката на уредот.
  • Не користете продолжен кабел со уредот.
  • Не допирајте го кабелот на уредот со влажни или мокри раце.
  • Не влечете го кабелот кога го исклучувате уредот од струја.
  • Исклучете го уредот од струја пред да го чистите, расклопувате или заменувате додатоци и почекајте целосно да запре. • Кога го празните собирникот, кога го чистите или ги фаќате сечилата со голи прсти, може да претрпите сериозни повреди поради неправилна употреба. Користете го пластичниот дел кога се обидувате да го фатите сечкалото. • Никогаш не допирајте ги сечилата кога го користите уредот. Постои можност за

1

Важни упатства за безбедност и животна средина

повреда поради неправилна употреба.

  • По чистењето, оставете го уредот и сите делови да се исушат пред да ги прикачите назад и повторно да го вклучите во струја.
  • Не потопувајте го уредот, кабелот или приклучокот во вода или други течности. • Доколку го чувате пакувањето, држете го подалеку од деца.
  • Држете го уредот и кабелот за струја подалеку од деца.

1.2 Усогласеност со директивата за WEEE за фрлање на производот:

Овој производ е усогласен со директивата на ЕУ за WEEE (2012/19/EU). Овој производ го носи симболот за класификација за начинот на фрлање на електрична и електронска опрема (WEEE).

BEKO TBP5301X - Усогласеност со директивата за WEEE за фрлање на производот: - 1

Овој производ е произведен со висококвалитетни делови и материјали кои може повторно да се користат и се соодветни за рециклирање. Не фрлајте го производот со нормалниот домашен и друг отпад кога повеќе нема да го користите. Однесете го во собирен центар за рециклирање на електрична и електронска опрема. Консултирајте ги локалните надлежни тела за да дознаете каде се овие собирни центри.

Важни упатства за безбедноста и животната средина

1.3 Усогласеност со директивата за ризик од опасни материи

Производот што го купивте е усогласен со директивата на ЕУ за ризик од опасни материи (2011/65/EU). Не користи штетни и забранети материјали коишто се посочени во директивата.

1.4 Информации за пакувањето

BEKO TBP5301X - Информации за пакувањето - 1

Материјалите за пакувањето на производот се изработени од рециклирачки материјали во согласност со нашите национални регулативи за животна средина. Не фрлајте го материјалот од пакувањето заедно со домашниот или друг отпад. Однесете го во центар за собирање материјал од пакување што го посочува локалното надлежно тело.

1.5 Работи што можете да ги направите за да заштедите струја

Сечете ја цврстата храна на мали парчиња пред да ја ставите во уредот како што е наведено во прирачникот. Следете ги другите инструкции и временињата наведени во прирачникот. Одберете ниво на мала брзина доколку одговара за храната што се подготвува. Исклучете го уредот од струја откако ќе го употребите.

2 Вашиот рачен блендер

2.1 Преглед

beko 1 2 3 4 5

Вредностите што се наведени со ознаките што се видливи на вашиот производ или во други испечатени документи доставени со него претставуваат вредности добиени лабораториски во согласност со релевантните стандарди. Овие вредности може да варираат според искористеноста на уредот и околните услови.

2 Вашиот рачен блендер

2.2 Технички податоци

Волтажа: 220-240 V\~, 50/60 Hz

Моќност: 300 W

Класа на изолација: ||

Техничките и дизајнерски

модификации се задржани.

3 Работа

3.1 Наменета употреба

Овој уред е наменет само за домашна употреба; не одговара за професионална употреба.

Дизајниран е за сецкање на мали количини зеленчук и овошје (јагоди, банани итн.).

3.2 Работа

Исчистете ги деловите на уредот пред првичната употреба (види 4.1).

BEKO TBP5301X - Работа - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:

Не го користете уредот кога е празен или кога капакот е отворен.

  1. Ставете го уредот на тврда и рамна површина.
  2. Исечете ја храната на мали парченца, на пример, овошјето и зеленчукот, и наполнете го собирникот за миксирање (1) со нив. Наполнете го до ознаката за 600 ml на собирникот за миксирање (1) коешто е максимумот.
  3. Сега зашрафете го сечилото за сецкање (2) со негово вртење во насока на стрелките од часовникот врз собирникот за миксирање (1).
  4. Ставете го собирникот за миксирање (1) на куќиштето на моторот (4). Осигурете се дека ознаките ▼ на сечилото за сецкање (2) се порамнети со тие на куќиштето на моторот (4). Потоа нежно свртете го собирникот за миксирање (1) во насока на стрелките од часовникот се додека не си дојде на место.

BEKO TBP5301X - ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: - 1

Миксерот ќе се вклучи само ако собирникот за миксирање (1) е поставен правилно. Безбедносното исклучување спречува уредот да работи без собирникот за миксирање (1).

  1. Сега вклучете го во струја.
  2. Што подолго го држите копчето за старт (5) притиснато, толку

3 Работа

пофино се блендира храната.

  1. Штом се постигне посакуваната конзистентност, пуштете го копчето за старт (5) и исклучете од струја.
  2. Отстранете го собирникот за миксирање (1) од куќиштето на моторот (4). За да го направите тоа, свртете го нежно собирникот за миксирање (1) спротивно од стрелките на часовникот и потоа подигнете го нагоре. Ротирајте го собирникот за миксирање (1) така што сечилото за сецкање (2) ќе гледа нагоре. Отшрафете го сечилото за сецкање (2) со негово вртење спротивно од насоката на стрелките од часовникот од собирникот за миксирање (1). Сега можете да го сипете смутито или сокот. Како алтернатива, можете да го користите собирникот за миксирање (1) како шише. За тоа, зашрафете го капакот (3) врз собирникот за миксирање (1).

Ставете до 4 коцки мраз и затворете го собирникот за миксирање (1) со сечилото за сецкање (2). Држете го копчето за старт (5) неколку секунди. Штом коцките мраз се вратат на дното од собирникот за миксирање (1), можете повторно да го држите копчето за старт (5) неколку секунди. Повторете го процесот сè додека искршениот мраз не ја добие посакуваната конзистентност.

4 Чистење и одржување

4.1 Чистење

  1. Исклучете го од струја пред чистењето.
  2. Чекајте додатоците да застанат целосно.
  3. Отстранете ги додатоците од собирникот откако ќе го отстраните собирникот за миксирање (1) од уредот (видете 3.2).
  4. Исчистете го остатокот храна од собирникот за миксирање (1) со негово ставање под чешма.
  5. Откако ќе го поставите додатокот за сецкање во собирникот за миксирање (1), заменете го собирникот за миксирање на телото (4).
  6. Целосно наполнете го собирникот за миксирање (1) или наполнете го до половина со топла вода и неколку капки сјај за садови и пуштете го уредот да работи на највисока брзина неколку секунди.
  7. Потоа отстранете го и исплакнете го собирникот за миксирање.

BEKO TBP5301X - Чистење - 1

Собирникот за миксирање (1) и капаците може да се мијат во машина за садови.

BEKO TBP5301X - Чистење - 2

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не го потопувајте телото (4) на уредот во вода. Можете да го избришете со влажна крпа.

BEKO TBP5301X - Чистење - 3

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Сечилото за сецкање (2) е остро. Не го држете за остриот раб или не го потопувајте во вода кога го чистите.

BEKO TBP5301X - Чистење - 4

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Никогаш не употребувајте бензин, растворувачи, абразивни чистачи или метални објекти и тврди четки кога го чистите уредот.

4 Чистење и одржување

4.2 Чување

• Доколку немате намера да го користите уредот подолго време, складирајте го внимателно.

- Исклучете го од струја пред подигањето.

- Чувајте го уредот на ладно и суво место.

- Држете го уредот и кабелот понастрана од деца.

4.3 Ракување и транспорт

• За време на ракувањето со уредот и неговото транспортирање, носете го во неговото оригинално пакување. Пакувањето го заштитува од секакви физички оштетувања.

- Не ставајте тешки работи врз уредот или врз пакувањето. Уредот може да се оштети.

- Доколку ви падне на земја може да престане да работи или да биде трајно оштетен.

Прво прочитајте го ова упатство за употреба!

Почитувани купувачи,

Ви благодариме што го купивте производот на компанијата Beko. Се надеваме дека на најдобар можен начин ќе го искористите Вашиот производ, кој е направен со висок квалитет и врвна технологија. Затоа, ве молиме да го прочитате целосниот прирачник за употреба и сите други придружни документи внимателно пред користење на производот и да ги чувате за идна употреба. Ако овој производ го предадете на трето лице, приложете го и ова корисничко упатство. Почитувајте ги сите предупредувања и информации во прирачникот.

Значење на симболите

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BEKO

Модел : TBP5301X

Категорија : Миксер