ZRA 319 SW - фрижидер ZANUSSI - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот ZRA 319 SW ZANUSSI во PDF формат.
Прашања на корисниците за ZRA 319 SW ZANUSSI
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот фрижидер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник ZRA 319 SW - ZANUSSI и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. ZRA 319 SW на марката ZANUSSI.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК ZRA 319 SW ZANUSSI
МК Упатство за ракување 53
5) Ако е предвиден капак
Безбедносни информации ____ 53
Ракување ____
Прва употреба ____ 56
Секојдневна употреба ____
Помошни напомени и совети ____ 57
Нега и чистење ____ 58
Технички податоци ____ 62
56 Монтажа 62
Еколошки мерки ____ 66
Можноста за промени е задржана

Безбедносни информации
За ваша безбедност и за да се обезбеди правилна употреба, пред да го наместите и да го користите апаратот првпат, прочитајте го упатството за употреба внимателно, вклучувајки ги и советите и предупредувањата. За да се избегнат непотребни грешки и незгоди, важно е сите што го користат апаратот да се темелно запознаени со начинот на работата и безбедносните функции.
Чувајте го упатството и погрижете се да биде со апаратот ако се премести или продаде, за да може секој што го користи во работниот век да биде правилно информиран за употребата на апаратот и за безбедноста.
За безбедност на животот и имотот чувајте ги опомените за претпазливост од ова упатство бидејки производителот не е одговорен за штетите предизвикани од нивното непочитување.
Безбедност на децата и помалку вештите лица
- Апаратот не е наменет да го користат лица (вклучувајки и деца) со намалени физички, сетилни или ментални способности, или што немаат искусство и знаење, освен ако не се под надзор или се упатени за користење на апаратот од страна на лице што е одговорно за нивната безбедност. Децата треба да се под надзор за да не си играат со апаратот.
- Чувајте ги сите материјали за пакување далеку од децата. Постои опасност од задушување.
- Ако го расходувате апаратот, извлечете го кабелот за струја од штекерот, исечете го (што е можно поблиску до апаратот) и извадете ја вратата за да спречите децата што си играат да не ги удри струја или да не се затворат во него.
- Ако апаратов, кој има магнетизирани гуми за затворање, треба да замени постар апарат што има брава со пружина на вратата или капакот, погрижете се да ја онеспособите бравата со пружина пред да го расходувате стариот апарат. Така ће се спречи тој да стане смртоносна стапица за децата.
Општа безбедност

ВНИМАНИЕ Внимавајте отворите за проветрување да не бидат
блокирани.
- Апаратот е наменет за чување прехранбени продукти и пијалаци во нормално дома Kinство, како што е обаснето во ова упатство.
- Не користете механички уреди или вештачки средства за забрзување на топењето.
- Не користете други електрични апарати (на пр. мешалки за сладолед) во ладилници, освен ако не се одобрени за таква намена од страна на производителот.
- Не оштетувајте ги водовите со средството за ладење.
- Средството за ладење изобутан (R600a), кој кружи низ водовите за ладење на апаратот, е природен гас со високо ниво на еколошка подобност, но сепак е запалив.
За време на превозот и местењето на апаратот, внимавајте да не се оштети ниеден дел од водовите за ладење.
Доколку се оштетат водовите за ладење:
– избегнувајте отворен орган и извори на искри
– темелно проветрете ја просторијата во која што се наоға апаратот
- Опасно е да се менуваат спецификациите или да се вршат какви и да било измени на производот. Секое оштетување на кабелот може да предизвика краток спој, пожар и/или струен удар.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Сите
електрични делови (кабелот за струја, приключокот, компресорот) мора да ги заменува сертифициран или квалификуван сервисер.
-
Кабелот за струја не смее да се продолжува.
-
Проверете приклучокот за во штекер да не е смачкан или оштетен од задниот дел на уредот. Смачкан или оштетен приклучок за во штекер може да се прегрее и да предизвика пожар.
-
Внимавајте приклучокот во електричната мрежа да е пристапен.
-
Не влечете го кабелот.
-
Ако штекерот е разлабавен, не вметнувајте го приклучокот во него. Постои опасност од струен удар или пожар.
-
Апаратот не смее да работи без капакот за ламбата ^17) на внатрешното светло.
17) Ако е предвиден капак за ламбата
18) Ако апаратот е со заштита од смрзнување
- Апаратот е тежок. Треба да се внимава кога се поместува.
- Не вадете ги и не допирајте ги предметите во преградите на замрзнувачот ако рацете ви се мокри или влажни, зашто така може да дојде до гребење на кожата и смрзнатици.
- Избегнувајте подолга изложеност на апаратот на директна сончева светлина.
Секојдневна употреба
- Не ставајте жешки садови на пластичните делови на апаратот.
- Не чувајте запаливи гасови и течности во апаратот, зашто тие може да експлодираат.
- Не ставајте прехранбени продукти директно врз отворите за воздух на задниот сид. ^18)
- Смрзнатата храна не смее повторно да се смрзнува откако єе се одмрзне.
- Чувајте ја претходно спакуваната смрзната храна во согласност со упатствата на нејзиниот производител.
- Мора строго да се почитуваат препораките за чување на производителот на апаратот. Видете во соодветното упатство.
- Не ставајте содирани или газирани пијалаци во преградите на замрзнувачот, бидејки тие создаваат притисок во садот, што може да предизвика негово експлодирање, што може да заврши со оштетување на апаратот.
- Смрзнатите лижавчиња може да предизвикаат смрзнатици ако се конзумираат веднаш.
Одржување и чистење
- Пред одржување, исключете го апаратот и извадете го приклучокот за струја од штекерот. Ако не можете да пријдете кон приклучокот за струја, прекинете го струјното коло.
- Не чистете го апаратот со метални предмети.
- Не користете остри предмети за вадење на мразот од апаратот. Користете пластичен гребач.
- Редовно проверувајте го одводот на фрижидерот за одмрзната вода. Ако е неопходно, исчистете го одводот. Ако одводот е блокиран, їе се собира вода на дното на фрижидерот.
Местење
ВАЖНО За електричното поврзување, внимателно постапете според упатствата дадени во одделните пасуси.
- Распакувајте го апаратот и проверете да не е оштетен. Не приклучувајте го апаратот ако е оштетен. Пријавете ги евентуалните оштетувања веднаш таму каде што сте го купиле апаратот. Во тој случај, престанете со распакување.
- Препорачливо е да се почека најмалку четири часа пред да се приклучи апаратот за да може маслото да се врати во компресорот.
- Околу апаратот треба да има соодветно кружење на воздухот - без него може да дојде до прегревање. За да се постигне довольно проветрување, следете ги упатствата за местење.
- Секогаш кога е можно, задниот дел на производот треба да е блиску до сид, за да не биде можно допирање или фаќање на топлите делови
Ракување
Вклучување
Вметнете го приклучникот во сиден штекер.
Свртете го регулаторот на температурата надесно до средната поставка.
19) Ако е предвидено водоводно поврзување
(компресорот, кондензаторот) и изгорувањето од нив.
- Апаратот не смее да се наоға блиску до радијатори или плински шпорети.
- Внимавајте штекерот да е пристапен по местењето на апаратот.
- Поврзувајте само со довод на вода за пиење. ^19)
Сервисирање
- Електричните приспособувања потребни за сервисирање на апаратот треба да ги изврши квалификуван електричар или компетентно лице.
- Производот мора да го сервисира овластен Сервисен центар и мора да се користат само оригинални резервни делови.
Апаратот не содржи гасови што може да го оштетат озонскиот слој ниту во водовите за ладење, ниту во изолациските материјали. Апаратот не смее да се расходува заедно со обичен комунален смет и ўубре. Изолациската пена содржи запаливи гасови: апаратот мора да се расходува согласно со важечките прописи што може да ги добиете од локалните власти. Избегнувајте оштетување на уредот за ладење, особен одзади, близу до разменувачот на топлина. Материјалите употребени за овој апарат означени со симболот ⚙️ се рециклираат.
Исклучување
За да го исклучите апаратот, свртете го регулаторот на температурата во положба "О".
Регулирање на температурата
Температурата се регулира автоматски. За да работите со апаратот, постапете на следниов начин:
• свртете го регулаторот на
температурата кон помалата поставка
за да постигнете минимално ладење.
• свртете го регулаторот на
температурата кон поголемата
поставка за да постигнете максимально
ладење.
i Средната поставка, општо земено, е најпогодна.
Меѓутоа, точната поставка треба да се одбере имајки предвид дека температурата во внатрешноста на апаратот зависи од:
- собната температура
• колку често се отвора вратата
• количеството храна што се чува
- местоположбата на апаратот.
ВАЖНО Ако околната температура е висока или апаратот е целосно наполнет, а апаратот е поставен на најниската температура, може да работи непрестано што ќе предизвика да се формира мраз на задниот сид. Во тој случај, тркалцето мора да се постави на повисока температура за да се овозможи автоматско одмрзнување, а со тоа и помала потрошувачка на енергија.
Прва употреба
Чистење на внатрешноста
Пред првото користење на апаратот, измијте ја внатрешноста и сите внатрешни додатоци со млака вода и малку неутрален сапун за да се отстрани
карактеристичниот мирис на новите производи, па исушете го темелно.
ВАЖНО Не користете детергенти или груби прашоци, тие може да ја оштетат политурата.
Секојдневна употреба
Смрзнување свежа храна
Комората на замрзнувачот е погодна за замрзнување свежа храна и чување смрзната и длабоко смрзната храна подолго време.
За да смрзнувате свежа храна не е неопходно да ја менувате средната поставка.
Меѓутоа, за побрзо смрзнување, свртете го регулаторот на температурата кон поголемата поставка за да постигнете максимално ладење.
ВАЖНО Во овие услови, температурата на комората на фрижидерот може да падне под 0°C. Ако дојде до тоа, вратете го регулаторот за температура на помала поставка.
Чување смрзната храна
По првото вклучување или по извесен период некористење, пред да ставите производи во преградата, оставете
апаратот да работи барем 2 часа на најголемата поставка.
ВАЖНО Во случај на случајно одмрзнување, на пример поради снемување струја, ако немало струја подолго време отколку под ставката "време на одржување" во табелата за технички характеристики, одмрзнатата храна мора да се изеде брзо или да се зготви веднаш, а потоа повторно да се смрзне (откако ће се излади).
Одмрзнување
Длабоко смрзнатата и смрзнатата храна, пред да се употреби, може да се одмрзне во преградата на фрижидерот или на собна температура, зависно од времето достапно за оваа постапка.
Малите парчиња може дури и да се готват смрзнати, директно од замрзнувачот: во тој случај, готвењето єе трае подолго.
Подвижни полици
На сидовите на фрижидерот се монтирани низа држачи, така што полиците може да се наместат по желба.

ВАЖНО Не поместувајте ја стаклената полица над фиоката за зеленчук за да не ја пореметите циркулацијата на воздухот.
Местење на полиците на вратата
За да се овозможи чување пакувања во разни големини, полиците на вратата може да се стават на различни височини.

Постепено влечете ја полицата во насоката на стрелките додека не се ослободи, потоа наместете ја по желба.
Помошни напомени и совети
Нормални работни звуци
- Кога разладното средство се пумпа низ намотките или цевките, може да се слуша звук на тивко ггрорење и клокотење. Тоа е нормално.
- Кога компресорот е включен, средството за ладење се пумпа низ системот и од него їе слушате звуци на шумење и тропање. Тоа е нормално.
- Термичката дилатација може да предизвика ненадејни звуци на пукање. Тоа е природен, безопасен физички феномен. Тоа е нормално.
- Кога компресорот се вклучува или исклучува, їе слушате слабо "кликање" на температурниот регулатор. Тоа е нормално.
Совети за штедење енергија
- Не отворајте ја вратата често и не оставајте ја отворена подолго отколку што е неопходно.
- Доколку околната температура е висока, регулаторот за температура е на најголемата поставка и апаратот е целосно наполнет, компресорот може
да работи непрестано, што ѐе предизвика формирање мраз на испарувачот. Ако се случаи тоа, свртете го регулаторот за температура кон помалите вредности за да овозможите автоматско одмрзнување, со што ѐе заштедите и електрична енергија.
Совети за ладење свежа храна
За да добиете најдобри перформанси:
- не ставајте топла храна или течности што испаруваат во фрижидерот
- покривајте ја или виткајте ја храната, особено ако има посилен вкус
• ставајте ја храната така што воздухот може да кружи слободно околу неа
Совети за ладење
Корисни совети:
Месо (сите видови) : виткајте го во пластични кесички и ставајте го на стаклената полица над фиоката за зеленчук.
Најбезбедно е да го чувате на овој начин само еден или најмногу два дена.
Зготвена храна, ладни јадења и сл.: тие треба да се покриени и може да се стават на која било полица.
Овошје и зеленчук: тие треба да се убаво измиени и ставени во специјалните фиоки за нив.
Путер и сирење: тие треба да се во посебните херметички садови или завиткани во алуминиумска фолија или пластични ќесички за да се спречи допирот со воздух.
Шишиња млеко: тие треба да имаат капаче и да се ставаат на полицата за шишиња на вратата.
Бананите, компирите, кромидот и лукот, ако не се спакувани, не смеат да се чувват во фрижидер.
Совети за смрзнување
За најдобро користење на смрзнувањето, еве неколку важни совети:
- максимальното количество храна што може да се смрзне за 24 часови е покажано на плочката со спецификации;
- смрзнувањето трае 24 часа. Не треба да се додава храна за смрзнување во тој период;
- смрзнувајте само квалитетна, свежа и убаво измиена храна;
- поделете ја храната во мали порции за да може брзо и целосно да се смрзне и за да овозможите одмрзнување само на потребните количества;
- завиткајте ја храната во алуминиумска или пластична фолија убаво и стегнато;
Нега и чистење

ВНИМАНИЕ Исклучете го апаратот од струја пред да вршите каква било тапка за одржување.

Апаратот содржи јагленохидрати во уредот за ладење; одржувањето и торното полнење може да ги вршат о овластени техничари.
- не дозволувајте свежата несмрзната храна да ја допира храната што е веке смрзната, за да не ја загреете вторава;
- немасната храна се чува подобро и подолго отколку масната; солта го намалува векот на чување на храната;
• водениот мраз, ако се конзумира веднаш по вадењето од преградата на замрзнувачот, може да предизвика смрзнатици на кожата; - препорачливо е да се запише датумот на смрзнување на секое пакување за да можете да водите сметка за времето на смрзнатост.
Совети за чување смрзната храна
За да добиете најдобри перформанси од апаратот, почитувајте ги следниве напомени:
• проверувајте дали комерцијалните смрзнати прехранбени продукти биле соодветно чувани кај продавачот;
- внимавајте смрзнатите прехранбени продукти да се пренесат од продавницата до замрзнувачот во најкраток можен рок;
- не отворајте ја вратата често и не оставајте ја отворена подолго отколку што е неопходно.
- Штом ке се одмрзне, храната се расипува брзо и не може повторно да се смрзне.
- Не надминувајте го препорачаниот период за чување.
Периодично чистење
Опремата треба да се чисти редовно:
- измијте ги внатрешноста и додатоците со млака вода со малку неутрална сапуница.
- редовно проверувајте ги заптивките на вратата и бришете ги за да бидат чисти и без нечистотии.
- избришете и исушете целосно.
ВАЖНО Не влечете ги, не поместувајте ги и не оштетувајте ги цевките и каблите во фрижидерот.
Не користете детергенти, груби прашоци, многу парфимирани средства за чистење или восок за полирање за чистење на внатрешноста, бидејки така може да се оштетат површините и да остане силен мирис.
Чистете ги кондензаторот (цирната решетка) и компресорот од задната страна на апаратот со четка или правосмукалка. Со тоа се подобрува работењето на апаратот и се штеди електрична енергија.
ВАЖНО Внимавајте да не го оштетите системот за ладење.
Многу средства за чистење кујнски површини содржат хемикалии што може да ја нагризат или оштетат пластиката на апаратот. Поради тоа, се препорачува надворешноста на апаратот да се чисти само со топла вода со малку течност за миење.
По чистењето, приключете ја повторно опремата во електричната мрежа.
Одмрзнување на фрижидерот
Мразот автоматски се отстранува од испарувачот во фрижидерската преграда секогаш кога моторниот компресор їе престане да работи во текот на вообичаената употреба. Водата од одмрзнувањето истекува во посебен сад од задната страна на апаратот, над моторниот компресор, од кој што испарува.
Важно е повремено да се исчисти дупчето за истекување на водата од одмрзнувањето на средината на каналот во фрижидерската преграда за да се спречи прелевање на водата и нејзино капење врз храната внатре. Користете го приложениот специјален чистач, што ќе го најдете веке вметнат во дупчето за истекување.

Одмрзнување на замрзнувачот
i На полиците на замрзнувачот и околу најгорната преграда секогаш їе се формира малку мраз.
ВАЖНО Одмрзнете го замрзнувачот кога слојот мраз їе достигне дебелина од околу 3-5 mm.
За да го отстраните мразот, постапете на следниов начин:
- Исключете го апаратот.
- Извадете ја храната, завиткајте ја во неколку слоја весник и ставете је на студено место.
- Оставете ја вратата отворена.
- Кога ће заврши одмрзнувањето, исушете ја внатрешноста темелно и вратете го капакот на место.
- Включете го апаратот.
- Поставете го регулаторот на температурата да добиете максимално ладење и оставете го апаратот да работи два-три часа со оваа поставка.
- Вратете ја извадената храна во комората.
ВАЖНО Никогаш не користете метални алатки за гребење на мразот од испарувачот, зашто може да го оштетите. Не користете механички уреди или вештачки средства за забрзување на топењето освен оние што ги препорачува производителот. Покачувањето на температурата на смрзнатата храна за време на одмрзнувањето може да го скрати нивниот век на чување.
Периоди неработење
Кога апаратот не се користи подолго време, преземете ги следниве предострожности:
- откачете го апаратот од електричната мрежа
- извадете ја сета храна
- одмрзнете ^20) и исчистете ги апаратот и сите додатоци
- оставете ја вратата или вратите подотворени за да спречите непријатни мириси.
Ако фрижидерот треба да остане включен, замолете некого да го проверува повремено за да не се случаи храната да се расипе во случај на снемување струја.
Што да сторите ако...

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Пред
решавање на проблемите, извадете го приклучокот за струја од штекерот. Само квалификуван електричар или стручно лице смее да ги решава проблемите што не се опишани во упатството.
ВАЖНО За време на нормалната употреба се слушаат звуци (од компресорот и од кружењето на средството за ладење).
| Проблем Веројатна причина Решение | ||
| Апаратот не работи.Ламбата не работи. | Апаратот е исклучен. Включете го апаратот. | |
| Приклучокот за струја не е правилно ставен во штекерот. | Ставете го приклучокот за струја во штекерот правилно. | |
| Нема струја во апаратот. | Нема напон во штекерот. | Поврзете друг електричен апарат во штекерот.Контактирајте со квалификуван електричар. |
| Ламбата не работи. | Ламбата е во подготвеност. | Затворете ја и отворете ја вратата. |
| Ламбата е неисправна. | Видете во "Замена на ламбата". | |
| Компрессорот работи непрекинато. | Температурата не е поставена правилно. | Ставете на повисока температура. |
| Вратата не е правилно затворена. | Видете во "Затворање на вратата". | |
| Вратата се отворала премногу често. | Не оставајте ја вратата отворена подолго отколку што е потребно. | |
| Проблем Веројат на причина Решение | ||
| Температурата на | продуктите е превисока. | Оставете ги продуктите да се изладат до собна температура пред да ги ставите внатре. |
| Собната температура е | превисока. | Намалете ја собната температура. |
| Тече вода по задната плоча на фрижидерот. | За време на автоматското одмрзнување, мразот се одмрзнува на задната плоча. | Тоа е нормално. |
| Во фрижидерот тече вода. | Одводот за вода е затнат. Исчистете го одводот. | |
| Продукти спречуваат | водата да тече во садот за вода. | Проверете некој продукт да не ја допира задната плоча. |
| Истекува вода на подот. | Испустот за водата од одмрзнувањето не е во садот за испарување над компресорот. | Ставете го испустот за вода од одмрзнувањето во садот за испарување. |
| Температурата на апаратот е прениска. | Регулаторот на температурата не е поставен правилно. | Ставете на повисока температура. |
| Температурата на апаратот е превисока. | Регулаторот на температурата не е поставен правилно. | Ставете на пониска температура. |
| Вратата не е правилно | затворена. | Видете во "Затворање на вратата". |
| Температурата на | продуктите е превисока. | Оставете ги продуктите да се изладат до собна температура пред да ги ставите внатре. |
| Многу продукти се ставени | истовремено. | Ставајте помалку продукти истовремено. |
| Во апаратот не кружи | студен воздух. | Овозможете кружење на студениот воздух во апаратот. |
Замена на сијалицата
Ако сакате да ја замените сијалицата, постапете вака:
-
Исклучете го апаратот од струја.
-
Повторно зашрафете го капакот од пумпата.
-
Откачете го подвижниот дел со притискање, како што е прикажано на сликата.
-
Заменете ја сијалицата со иста таква (максималната снага е прикажана на капакот на сијалицата)
- Повторно зашрафете го капакот од пумпата.
- Повторно зашрафете го капакот од пумпата.
- Приключете го апаратот повторно.
- Отворете ја вратата и проверете дали се пали светлото.

Затворање на вратата
- Исчистете ги заптивките на вратата.
- Ако е потребно, приспособете ја вратата. Видете во "Местење".
- Ако е потребно, заменете ја неисправната заптивка на вратата. Јавете се во сервисниот центар.
Технички податоци
| Димензија | ||
| Височина 1050 mm | ||
| Широчина 550 mm | ||
| Длабочина 612 mm | ||
| Време на одржување 11 h |
Техничките информации се наогаат на плочката со спецификации од левата
страна внатре во апаратот и на етикетата за енергија.
Монтажа

ВНИМАНИЕ Прочитајте ги
"Безбедносните информации"
внимателно пред да го наместите апаратот за да бидете побезбедни и апаратот да работи правилно.
Поставување
Наместете го апаратот на место каде што околната температура е соодветна на климатската класа укажана на плочката со спецификации на апаратот:
Во кесата со документите се наогаат два разделника кои мора да се монтираат како што е прокажано на сликата.
-
Вметнете ги разделниците во дупките. Уверете се дека стрелката (А) е поставена како што е прикажано на сликата.
-
Вртете ги разделниците во лево за 45°, додека не се вклопат.

Нивелирање
Кога го поставувате апаратот, уверете се дека стои рамно. Ова може да се постигне со две вртливи ногалки на долниот дел од предната страна (2). Ако е потребно, нагодете ги ногалките така што ке ги отстраните разделниците (1).

Апаратот треба да се инсталира на добра оддалеченост од извори на топлина, како што се радијатори, бојлери, директна сончева светлина итн. Погрижете се воздухот да може слободно да струи околу задниот дел од апаратот. За да обезбедите најдобри перформанси кога апаратот е монтиран под некој висечки елемент, минималното растојание помеѓу горната страна од кабинетот и сидот мора да биде најмалку 100 mm . Во идеални услови, овој апарат не би требало да се поставува под висечки елементи.
Правилното нивелирање се обезбедува со една или повеće вртливи ногалки во основата на кабинетот.
Ако кабинетот е поставен во агол, а страната со шарки е завртена кон сидот, растојанието помеѓу сидот и кабинетот мора да биде најмалку 10 mm за да може вратата да се отвора довольно за се извадат полиците.
! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Мора да овозможите апаратот да се исклучува од напојувањето; оттаму, по инсталацијата штекерот мора да биде лесно достапен.

Менување на страната на отворање
ВАЖНО За да ги изведете следните операции, предлагаме ова да го правите со помош на друго лице, што єе ги држи
цврсто вратите од апаратот додека работиите.
За да ја сменете насоката на отворање на вратата, постапете вака:

-
извлечете го штекерот од приклучокот.
-
Отшрафете ги двата шрафа на задната страна.

- Турнете го горниот дел наназад и кренете го.

- Отшрафете ги двете вртливи ногалки.

- Одвртете ги шрафовите на долната шарка од вратата. Извадете ја шарката. Ставете ја преку клинот во насока на стрелката

- Отшрафете и монтирајте го шрафот на спротивната страна.

-
Монтирајте ја шарката на спротивната страна.
-
Зашрафете ги двете вртливи ногалки.

- Отшрафете ги шрафовите на горната шарка од вратата.
- Извадете ја шарката. Ставете ја преку клинот во насока на стрелката. Монтирајте ја шарката на спротивната страна.

- Затегнете ја шарката.

-
Вратете го горниот дел на место.
-
Турнете го предниот де нанапред.
-
Отшрафете ги двата шрафа на задната страна.
-
Извадете ја рачката и монтирајте ја 1) на спротивната страна.
- Вратете го апаратот во својата положба, нивелирајте го и почекајте најмалку четири часа пред да го включите во струја.
1) Ако е предвидено
Проверете уште еднаш:
- дали сите шрафови се стегнати. - дали вратата се отвора и затвора правилно.
Ако температурата на околината е ниска (не. пр. во зима), дихтунгот може да не прилега добро на кабинетот. Во тој случај, почекајте дихтунгот природно да легне.
Доколку не сакате самите да ги изведувате горе наведените операции, обратете се во службата за односи со корисниците. Стручњак од службата за односи со корисниците їе го изведе менувањето на насоката на вратите на ваш трошок.
Вртење на вратата на комората за замрзнување

Поврзување на електриката
Пред да го приключите, проверете дали напонот и фреквенцијата прикажани на плочката со спецификации одговараат на вашата домашна електрична мрежа. Апаратот мора да биде вземјен. Приклучокот на кабелот за напојување со струја е со вземјување. Ако штекерот од домашната електрична мрежа не е вземјен, поврзете го апаратот со посебно вземјување во согласност со прописите за електрична енергија и откако ће се посоветувате со квалификуван електричар.
Производителот одбива каква било одговорност ако горенаведените безбедносни мерки не се испочитувани. Апаратот е во согласност со следниве Директиви на ЕЕЗ.
Еколошки мерки
Отстранете го Вашиот истрошен уред според прописите кои важат во Вашето место на живеење.
Прва употреба ____ 70
Чување замрзнуте хране
Корисни савети за чување хране у фрижидеру
Корисни савети за чување у фрижидеру
Корисни савети:
Флаше млека: треба да имају поклопац и треба да се чувају на полици за флаше, на вратима.
Корисни савети за чување замрзнуте хране
Опрема треба редовно да се чисти: