КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК KG-160A-IM VOX
Внимателно прочитајте го упатството пред употреба и чувајте го за понатамошна употреба
- Користете го апаратот ислучиво при соодветен напон 50 Hz i 60 Hz. Користете го само за во домакинство.
- Немојте да ги допирате врелите површини. Користете ја рачката или копчињата.
- За да избегнете ризик од електрошок, немојте да го потопувате кабелот, приключокот или грејното тело во вода или во било која друга течност.
- Потребен е строг надзор кога апаратот го користат деца или ако апаратот се користи блиску до нив.
- Овој уред не е наменет за употреба од страна на лица (вклучувајки и деца) со намалени физички, сензорни или ментални способности, или со недостаток на искусство и знаење, освен ако тие не добиле надзор или инструкции за користење на уредот од страна на лице одговорно за нивната безбедност.
- Исключете го апаратот од штекер кога не го користите или пред чистење. Почекајте да се олади пред составување и расклопување на деловите, како и пред чистење на апаратот.
- Немојте да ракувате со апаратот доколку е оштетен напонскиот кабел или ако апаратот престанал да работи или се оштетил на било кој начин. За да избегнете ризик од електрошок, никогаш немојте да се обидувате сами да го поправате апаратот. Однесете го кај овластен сервисер на преглед и поправка. Неправилното склопување на апаратот може да предизвика ризик од струен удар при употреба на апаратот.
- Употреба на додатна опрема која не е препорачана од страна на производителот може да доведе до пожар, струен удар или опасност од повреда на лица.
- Немојте да го користите апаратот на отворен простор или во комерцијални цели.
- Не го оставајте напонскиот кабел од апаратот да виси на ивица од маса, работна површина или да биде во близина на било какво грејно тело.
- Немојте да го ставате апаратот на или во близина на врел пламен од гас, или на или во близина на електрични или други уреди.
- Исклучете го апаратот кога єе завршите со употреба.
- Немојте да го користите апаратот за било која цел освен за таа за која што е наменет.
- Немојте да управувате со апаратот со помош на надворешен тајмер или систем за далечинско управување.
- Бидете посебно претпазливи при преместување на апаратот додека содржи врело масло или друга врела течност.
За да се намали ризикот од струен удар, овој апарат е опремен со заземјен приклучок. Доколку приклучокот не се совпаға во потполност со штекерот контактирајте квалификуван електричар. Немојте да го менувате приклучокот на било кој начин ниту да користите адаптер.
ДЕЛОВИ НА АПАРАТОТ

- Лева рачка за подигнување
- Капак
- Десна рачка за
подигнување
- Копче за подигнување на рачката
- Копче за отворање на плочата до 180°
6.Долно ку́киште
- Нелеплива грил плоча
- Индикатор за подготвеност за работа
- Индикатор за напон
- Регулатор на термостат
11.Рачка
- Сад за вишок на масло
ПРЕД ПРВА УПОТРЕБА
- Внимателно прочитајте ги сите инструкци и зачувајте ги за понатамошна употреба.
- Отстранете ја целата амбалажа.
- Исчистете ги плочите за печење со сунгер или крпа потопена во топла вода.
- Исушете со крпа или со хартиен бришач.
- За најдобар резултат, лесно премачкајте ги плочите со малку масло за готвење или со спреј за готвење.
Напомена: Кога апаратот се загрева за прв пат, може да се осети благ мирис на чад. Тоа е нормално кај поголем број на апарати за греење. Ова не влијае на безбедноста на Вашиот уред.
Пред прва употреба, одлепете го целиот промотивен материјал и отстранете ја амбалажата, и проверете дали грејните плочи се прашливи. Доколку е потребно, пребришете ги со влажна крпа. За најдобри резултати, ставете една кафена лажица масло на нелепливите плочи. Премачкајте со бришач и избришете го вишокот на масло.
- Затворете го апаратот и включете го приклучокот во сиден штекер, ќе видите црвено светло кое свети, укажувајки дека апаратот започнал со напојување. Тогаш можете да ја подесувате температурата со помош на регулаторот вртејки на десно за да ја контролирате температурата, и да поставите на посакуваната опција "MIN"за храна со светла боја и "MAX"за потемна боја. Најпрво пробајте да подесите на средина; ќе свети зелено светло означувајки дека апаратот започнал со загревање. Подоцна можете да подесите на послабо или појако спрема вашата желба; различна храна исто така и различно се пече.
- Потребно е загревање на апаратот од 3-5 минути за да достигне температура на печење, зеленото светло се гаси и апаратот е спремен за употреба.
ПЕЧЕЊЕ
За употреба како контактен грил
- Поставете го апаратот на посакуваната температура. Најпрво пробајте со највисокото ниво (max). Подоцна можете да намалите или да зголемите по желба.
- Подгответе хамбургери, месо без коски и тенки шницли или друга храна во склад со упатството и поставете ги на долната плоча за печење.
- Затворете ја горната плоча која има брановидна шарка дизајнирана за рамномерно притискање на храната. Горната плоча мора да биде целосно спуштена за да се поклопат ознаките на апаратот во зависност од одбраната храна.
- Кога храната е готова, користите ја рачката за да го отворите капакот. Отстранете ја храната со помош на пластична лопатка. Никогаш не користите метални додатоци или нож бидејки тие можат да го оштетат спојот кој спречува лепење на храната за плочите.
- Користете го тостерот како контактен грил за да подготвите хамбургери, месо без коски, шницли и зеленчук.
- Користете го апаратот како контактен грил, кога сакате да подготвите нешто за краток временски
период или кога ви е потребен поздрав начин на
подготвување на грилована храна. Кога храната
се грилува побрзо се подготвува бидејки двете
страни истовремено се печат. Ребрата на решетките
заедно со цедилката на аголот од плочата
овозможуваат маслото да се исцеди од месото
и да се отстрани од плочите.

Употреба на подесувачки жлеб
- За време на подготвувањето, доколку сакате маслото подобро да се исцеди, можете да го отворите проширениот жлеб на дното.

За употреба на апаратот како тостер
- Поставете го апаратот на посакуваната температура. Најпрво пробајте на највисокото ниво(max). Подоцна можете да намалите или да зголемте по желба.
- Подгответе седвичи по упатството и поставете ги на долната грејна плоча. Секогаш поставајте ги сендвичите кон задниот дел на плочата.
- Затворете ја горната плоча која има брановидна шарка дизајнирана за рамномерно притискање на храната. Горната плоча мора да биде целосно спуштена за да се подготоват сендвичите.
- Печите 3 до 6 минути или додека сендвичите не добијат златно-кафеава боја, во склад со вашиот личен вкус.
- Кога сендвичот е готов користете ја рачката за да го отворите капакот. Тргнете го сендвичот со помош на пластична лопатка. Никогаш не користите метални додатоци или нож бидејći тие можат да го оштетат слојот кој спречува лепење на храната за плочите.
- Користете го апаратот како тостер за да подготвите сендвичи, леб и quesadillas (шпанско јадење со тортиљи).
• Тостерот е дизајниран со единствена рачка и шарка која овозможува капакот да се прилагоди на дебелината на храната. Можете лесно да грилувате секаква храна, од тенко исечени парчиња домат до бифтек и да е се рамномерно испечени.
- Кога спремате повеće од еден вид храна на контактниот грил, важно е дебелината на намирниците да е постојана за капакот рамномерно да се затвори над храната.
За употреба при отворен апарат
- Поставете го апаратот на чиста, рамна површина на која сакате да ја подготвувате храната. Апаратот мора да биде поставен во рамна положба
- Горната плоча/ капак е во иста рамна положба со долната плоча. Горната и долната плоча се во линија формирајки голема површина за подготвување на храна. За да го поставите апаратот во оваа положба, најдете ја рачката за спуштање на шарката на десната страна од апаратот.
Копчето во аголот • Со левата рака држете ја рачката, со десната рака повлечете ја рачката за шарка спрема вас. Туркајте ја рачката се додека капакот не биде на рамна работна површина. Апаратот ће остане во оваа положба се додека не ја подигнете рачката и капакот за да ги вратите во положба на затворен апарат.
- Користете го апаратот како отворен грил за да спремите хамбургери, стек, живина (не препорачуваме подготвување на пилешко со коски освен ако не е рамномерно распоредено на отворениот грил), риба и зеленчук.
- Подготвување на храна на отворен грил е најсестран начин на употреба на апаратот. Во отворена положба добивате двојно поголема површина за подготвување на храна.
- Имате можност да подготвувате поголем вид на храна а да не ги мешате нивните вкусови, или да подготвувате поголема количина на ист вид на храна. Отворената положба на апаратот исто така ви дозволува подготовка на месо исечено на различна дебелина, овозможувајки ви да го подготвите секое парче по своја желба.

Шарка за
отпуштање на
плочите

- Секогаш исклучувајте го апаратот и оставете да се олади пред чистење. Апаратот полесно се чисти кога е благо топол. Нема потреба од расклопување на апаратот при чистење. Никогаш не го потопувајте апаратот во вода ниту е наменет за чистење во машина за миење садови.
- Плочите за печење можат да се мијат во вода или во машина за миење садови.
- Исчистете ги плочите за печење со мека крпа за да ги отстраните остатоците од храна. За запечените остатоци додајте малку млака вода со детергент преку остатоците од храна, потоа исчистете со неабразивен пластичен предмет или поставите влажен кујнски бришач преку плочите за да ги навлажнете остатоците од храна на плочата.
- Немојте да користите никакво абразивно сретство кое би можело да го оштети или изгребе слојот кој штити од лепење на храната.
- Немојте да користите метални предмети за да ја отстраните храната, тие можат да ја оштетат нелепливата површина.
- Надворешноста на апаратот исчистете ја исклучиво со влажна крпа. Немојте да ја чистите надворешноста на апаратот со абразивен сунгер или со челична жица бидејки ће се оштети површината. Не го потопувајте апаратот во вода или во била која течност.
- Не ставајте го апаратот во машина за миење садови.
- После секоја употреба, отстранете го и испразнете го садот за собирање на вишок на масло и измијте го садот со топла вода со сапуница. Избегнувајте употреба на сунгер или јаки детергенти бидејки тие можат да ја оштетат површината. Измијте и детално исушите со чиста и мека крпа и складирајте.
ЧУВАЊЕ
- Секогаш исклучувајте го апаратот пред да го складирате.
- Осигурајте се апаратот да е секогаш ладен и сув пред да го складирате.
- Напојниот кабел може да се измота околу долниот дел на куќиштето пред да складирате.
ЕКОЛОШКО ОТСТРАНУВАЊЕ

Вие можете да помогнете во заштитата на животната средина!
Ве молиме запомнете да ги почитувате локалните регулативи: предадете ги уредите што не работат во соодветен центар за отстранување на отпадот.
SKARË ELEKTRIKE MANUALI I PERDORUESIT KG-160A - IM
