GORENJE M450BS - Рачен миксер

M450BS - Рачен миксер GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот M450BS GORENJE во PDF формат.

📄 37 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice GORENJE M450BS - page 12
Погледни прирачник : Čeština CS English EN Magyar HU Македонски MK Română RO Русский RU Slovenčina SK Slovenščina SL Українська UK
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Тип на производ Рачен миксер
Бренд Gorenje
Модел M450BS
Потрошувачка на енергија 450 W
Напон 220-240 V
Фреквенција 50/60 Hz
Поставки за брзина 5 брзини + Пулс (Турбо)
Вклучени додатоци 2 маталки, 2 куки за тесто, додаток за мешање
Материјал Пластичен моторен дел, маталки од нерѓосувачки челик
Должина на кабел Прибл. 1,5 m
Ниво на бучава 72 dB(A)
Тежина Прибл. 1,2 kg
Димензии (Д x Ш x В) Прибл. 20 x 10 x 15 cm
Безбедносни карактеристики Автоматско исклучување, безбедносна брава, копче за извлекување
Чистење Отстранливите додатоци се безбедни за машина за садови; моторниот дел чистете го со влажна крпа
Намена Мешање, матење, изматување, месење, блендирање
Гаранција 2 години (во зависност од државата)
Поправливост Сервисирање само од обучен персонал

Frequently Asked Questions - M450BS GORENJE

Како да ги прикачам маталките или куките за тесто?
Проверете дали миксерот е исклучен и извлечен од струја. Вметнете го стеблото на маталката во отворот за монтирање, притиснете и вртете додека не се заклучи. Повторете за втората маталка. За куките за тесто, вметнете ја онаа со уши во десниот отвор, а онаа со прстен за прсти во левиот отвор.
Која е максималната поставка за брзина?
Најголемата брзина се постигнува со користење на функцијата Пулс (Турбо). За континуирана висока брзина, можете исто така да го свртите копчето за брзина во положбата 'M' (Пулс).
Може ли да го користам додатокот за блендирање за топли течности?
Додатокот за блендирање е наменет за блендирање на ладни или топли состојки. Избегнувајте блендирање на многу топли течности за да спречите прскање и оштетување.
Како треба да го чистам миксерот?
Исклучете го миксерот од струја. Измијте ги маталките, куките за тесто и додатокот за блендирање во топла вода со сапун или во машина за садови (горна решетка). Избришете го моторниот дел со влажна крпа. Не потопувајте го моторниот дел во вода.
Што прави поставката за брзина 'FOLD'?
Брзината FOLD (поставка 1) е идеална за започнување со обемни и суви храни како брашно, путер или компири. Нежно меша без претерано работење.
Дали е безбедно да го оставите миксерот вклучен кога не се користи?
Не. Секогаш исклучувајте го миксерот од струја кога не се користи, пред да монтирате или отстранувате делови, и пред чистење.
Може ли да го користам миксерот за месење тешко тесто?
Да, користете ги куките за тесто за мешање и месење тесто. Не преоптоварувајте го миксерот; следете ги препорачаните количини во упатството.
Што треба да направам ако миксерот одеднаш престане да работи?
Проверете дали е исклучен од струја или дали осигурувачот е прегорен. Ако сè уште не работи, контактирајте со Gorenje грижа за клиенти. Не обидувајте се да го поправите сами.
Како да ги отстранам маталките?
Исклучете го и извлечете го миксерот од струја. Притиснете го копчето за извлекување (B) за да ги ослободите маталките или куките за тесто. Извлечете ги од моторниот дел.
Дали децата можат да го користат овој миксер?
Овој апарат може да го користат деца на возраст од 8 години и постари под надзор. Децата не треба да си играат со апаратот. Чистењето и одржувањето не треба да го вршат деца освен ако не се постари од 8 години и под надзор.

Прашања на корисниците за M450BS GORENJE

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Рачен миксер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник M450BS - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. M450BS на марката GORENJE.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК M450BS GORENJE

Упатства за употреба МК

МК Упатства за употреба...... 12

EN Instruction manual.... 15

RO Manual de instructiuni.... 18

Внимателно прочитајте ги овие упатства. Чувајте ги за да ги користите и во иднина.

GORENJE M450BS - 1

  1. Копче за вклучување/исклучување, брзина и импулсна брзина
  2. Копче за отпуштање на додатоците за матење и месење
  3. Погонска единица
  4. Метлички за матење
  5. Сад
  6. Метлички за месење
  7. Основа
  8. Копче за одвојување на миксерот од основата
  9. Копче за ослободување на носачот на основата
  10. „TURBO“ копче

GORENJE M450BS - 2

Апаратот е наменет за домашна употреба во домакинството! Употребувајте го за мешање, месење, матење и за пасирање.

Важни безбедносни упатства

Апаратот соодветствува на признаените технички правила, како и на важечките безбедносни прописи за електричните апарати. Поправките на електричните апарати може да ги изврши само стручњак.

Производителот не одговара за можната штета настаната како последица на непрописна употреба или на погрешно управување.

Корисникот на апаратот задолжително треба да ги почитува следниве предупредувања:

  • При прилучување и ставање во погон, задолжително почитувајте ги следниве податоци наведени на натписната табла. Проверете дали напонот и фраквенцијата му одговараат на апаратот!
  • Не приклучувајте го апаратот ако е оштетен приклучниот кабел или, пак, апаратот.
  • Во случај на дефект, исключете го апаратот од електричната мрежа.
  • Секогаш исключете го апаратот од електричната мрежа кога не го употребувате или кога єе завршите со работа.
  • Приклучните кабли:

– не провлекувајте ги покрај жешки места за готвење или покрај отворен орган,

– не провлекувајте ги низ остри рабови,

– не употребувајте ги за пренесување на апаратот.

— Ако приключниот кабел се оштети, можете да го замените само во овластен сервис.

  • Старите апарати онеспособете ги за евентуална понатамошна употерба. Отстранете го апаратот на начин пропишан за тоа. За можностите за отстранување на остарените апарати и на амбалажата информирајте се кај општинската, односно регионалната управа.
    — Кога апаратот сосема ќе застане, извлечете го гајтанот од штекерот и заменете го приклучниот елемент. Додека работи апаратот, не ставајте ги рацете помеѓу приклучните елементи и немојте да ги допирате со каков било предмет.
    — Приклучните елементи се вртат уште неколку секунди по ислучувањето на апаратот. Не допирајте ги за да не се повредите. Немојте никогаш да ги чистите приклучните елементи додека апаратот не го исключите од електричната мрежа.
    — Апаратот никогаш не употребувајте го на отворено.
    — Погрижете се да имате суви раце кога го употребувате апаратот.
    — Кога работи апаратот, не приближуавајте ги вртливите делови или секачите до други лица или животни, бидејки може да предизвикате трајни повреди, па дури и смрт.
    – Овој апарат можат да го користат деца кои веке наполниле 8 години, лица со намалени физички, сетилни или ментални способности како и лица кои немаат довольно искусство и знаење ако се под надзор или биле обучени како да го користат

апаратот на безбеден начин и ги разбрале опасностите кои можат да се појават. Децата мора постојано да се под надзор за да се осигурате дека тие не си играат со апаратот.

— Чистењето и корисничкото одржувањето не треба да го изведуват деца кои не наполниле 8 години и кои не се под надзор.
— Ниво на бучава Lc=72 dB (A)

Овој апарат е означен според европскиот пропис 2012/19/EU за електро и електронски апарати (waste electrical and electronic equipment - WEEE).

Прописот ја дава рамката за вракање и искористување на старите апарати, важечко ширум Европа.

Пред употреба

  • Проверете дали апаратот е во добра состојба, да не е оштетен, односно истрошен поради старост или прекумерна употреба.
  • Проверете го прилучниот кабел, да не е можеби оштететен
  • Проверете го прекинувачот за вклучување/исклучување на апаратот.
  • Проверете дали сите делови што сакате да ги прицврстите за апаратот се оригинални делови, кои ги препорачува производителот. НЕ монтирајте неоригинални делови на апаратот!

По употреба

Апаратот секогаш ислучувајте го од електричната мрежа кога їе завршите со работа или кога їе го оставите на работна површина. Чувајте го на суво место, надвор од дофатот на децата.

Употреба на продолжетоците

  • Метличките за мешање употребувајте ги при: мешање, матење.
  • Метличките за месење на тесто употребувајте ги при мешање и месење на тестото.
  • Продолжетокот на палковидната мешалка употребувајте го за претворање на храната во течна состојба, како и за пасирање.
  • Секогаш погрижете се апаратот да биде иклучен од електричната мрежа, кога ставате или вадите кој било од приклучните елементи!

Монтирање на метличките за мешање (месење)

  • Исклучете го апаратот од електричната мрежа.
  • Ставете го врвот на левиот продолжеток (со поголема, сива пластична ознака) во поголемиот отвор на апаратот. Лесно притиснете го и завртете, додека не слушнете дека е наместен во лежиштето.
  • Потоа ставете го врвот на десниот продолжеток (со помала, бела пластична ознака) во помалиот отвор на апаратот. Лесно притиснете го истиот и завртете додека не слушнете дека е наместен во лежиштето.

Вадење на приклучните елементи

  • Исклучете го апратот од електричната мрежа
  • Притиснете го копчето за вадење на приклучните елементи.
  • Повлечете ги приклучните елементи од отворите.

Употреба

  1. Садот ставете го на место и притиснете го носачот на миксерот додека не се заклучи (Слика 1).
  2. Ставете ги метличките за мешање или месење во отворот (Напомена: ставете го додатокот за мешање/месење со запчаникот во десниот отвор на миксерот ( слика 2).
  3. Поставете го миксерот на носачот (слика 3).
  4. Кога сакате да го откачите миксерот од носачот притиснете го копчето за одвојување на миксерот од основата (слика 4).
  5. По употребата, прво исключете го миксерот од електричната мрежа. Притиснете го копчето за отпуштање на метличките и извадете ги од миксерот. (слика 5).
  6. Кога го подигнувате носачот на миксерот, притиснете го копчето за ослободување на носачот (слика 6).
  7. Ако сакате поголема брзина, притиснете го »TURBO« копчето или ставете во позиција »М« (»1« ali »10«).
БРЗИНАОПИС
1МЕСЕЊЕОва е почетна брзина за мешање на густа и сува храна (брашно, путер, пире од компири)
2МЕШАЊЕНајдобра брзина за мешање на течни состојки и спремање на преливи за салата.
3МАТЕЊЕЗа спремање на колач, колачи и леб.
4МАТЕЊЕЗа спремање на крем од путер и шекер, непечени десерти, кремови, итн.
5МАТЕЊЕЗа матење на јајца, шекерни глазури, шлаг, течна сладка павлака итн.
МПУЛСМаксимална »TURBO« брзина.

Чистење и одржување

Пред чистењето, секогаш извлечете го гајтанот од штекерот!

Миксерот избришете го со влажна крпа. Не потопувајте го во вода и не чистете го под чешма! Не употребувајте груби средства за чистење! Приклучоците на миксерот исто така можете да ги измиете со крпа и со неабразивни средства за чистење. Апаратот не бара посебно одржување.

ЖИВОТНА СРЕДИНА

Не го фрлајте на апаратот во нормален домашен отпад,туку во официјална колекција наменета за рециклирање. Со ова, вие помагате да се зачува животната средина.

ГАРАНЦИЈА И СЕРВИС

Ако ви требаат информации, или ако имате проблем, Ве молиме контактирајте го Gorenje центарот за грижа на корисници во вашата земја (види телефонски број во меѓународната гаранција). Ако вашата земја нема таков центар, контактирајте го вашиот локален дилер или Gorenje, Gorenje делот за мали апарати за домаќинство.

Го задржуваме правото на промени!

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : GORENJE

Модел : M450BS

Категорија : Рачен миксер