VOX CG9411 - Мелница за кафе

CG9411 - Мелница за кафе VOX - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот CG9411 VOX во PDF формат.

📄 41 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice VOX CG9411 - page 33
Погледни прирачник : Ελληνικά EL English EN Македонски MK Português PT Русский RU Slovenščina SL Shqip SQ
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Тип на производ Мелница за кафе
Бренд VOX
Модел CG9411
Напон 220-240V ~ 50-60Hz
Капацитет 85 g (макс)
Максимално време на работа по употреба 30 секунди (континуирано)
Максимална континуирана работа пред пауза 3 минути (потоа 30 минути пауза)
Контрола на мелењето Со притискање по време (грубо до фино)
Безбедносни карактеристики Поклопецот мора да биде поставен; автоматско запирање кога поклопецот е отпуштен; заштита од прегревање
Чистење Само горниот поклопец може да се потопи; телото не смее да се потопува или да се става во машина за садови
Материјал на садот Нерѓосувачки челик (проценето)
Материјал на сечивата Нерѓосувачки челик
Погодни намирници Суви, кршливи намирници како зрна кафе, зачини, житарици
Непогодни намирници Влажни, многу тврди, маслени, гумисти предмети (чоколадо, јаткасти плодови, житарици)
Предупредувања Не работете празна; исклучете од струја кога не се користи; чувајте подалеку од деца
Вклучени додатоци Упатство за употреба (повеќејазично)
Димензии (проценети) Прибл. 12 x 12 x 20 см
Тежина (проценета) Прибл. 0,8 кг

Frequently Asked Questions - CG9411 VOX

Како да ја користам мелницата за кафе VOX CG9411?
Ставете до 85g зрна кафе во челичниот сад. Поставете го горниот поклопец на телото. Вклучете во штекер од 220-240V. Притиснете го горниот поклопец за да започнете со мелење; отпуштете за да запрете. Не надминувајте 30 секунди континуирана употреба. Оставете ја мелницата да одмори најмалку 30 минути по 3 минути вкупна работа.
Колкав е капацитетот на мелницата?
Максималниот капацитет е 85 грама зрна кафе. Не преполнувајте за да обезбедите правилно мелење и да избегнете оштетување.
Може ли да мелам други намирници освен кафе?
Да, можете да мелете суви, кршливи намирници како зачини и житарици. Меѓутоа, не мелете влажни, многу тврди или маслени предмети како чоколадо, јаткасти плодови, ѓумбир или стапчиња цимет. Тие може да го оштетат уредот.
Како да ја исчистам мелницата?
Исклучете го уредот. Само горниот поклопец може да се потопи во вода. Избришете го телото со влажна крпа. Не потопувајте ја моторната основа во вода или не ја ставајте во машина за садови. Исчистете го садот и сечивата темелно по секоја употреба.
Зошто мелницата запира за време на употреба?
Мелницата има безбедносна карактеристика која спречува континуирана работа над 3 минути. Ако запре, оставете ја да одмори најмалку 30 минути пред повторна употреба. Исто така, проверете дали поклопецот е правилно поставен.
Може ли да мелам замрзнати зрна кафе?
Да, замрзнатите зрна кафе може да се мелат директно од замрзнувачот. Мелницата е дизајнирана да ракува со суви, кршливи зрна дури и кога се замрзнати.
Кој напон бара мелницата?
VOX CG9411 работи на 220-240V при 50-60Hz. Секогаш проверувајте дали штекерот одговара на овој рејтинг пред употреба.
Како да ја прилагодам грубоста на мелењето?
Грубоста на мелењето се контролира со времето на притискање. Притиснете подолго за пофина мелница, пократко за погруба мелница. Експериментирајте за да постигнете сакана конзистенција.
Дали е безбедно да се користи мелницата во близина на деца?
Потребен е надзор. Чувајте ја мелницата подалеку од дофат на деца. Сечивата се остри и апаратот треба да го ракуваат само способни возрасни лица.
Каде можам да најдам резервни делови или сервис?
Контактирајте ги овластените сервисни центри на VOX за поправки или замена на кабелот. Не обидувајте се сами да го расклопите уредот. Погледнете го упатството за информации за сервис.

Прашања на корисниците за CG9411 VOX

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Мелница за кафе во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник CG9411 - VOX и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. CG9411 на марката VOX.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК CG9411 VOX

Пред употреба на електричниот уред, би требало да се исполнат некои основни безбедносни предуслови, вклучувајки ги и следните:

  1. Прочитајте ги сите инструкции.
  2. Проверете дали напонот на зидниот штекер одговара со напонот на етикетата на уредот.
  3. Не користете го уредот со оштетен кабел или приключок или ако уредот покажува знаци на дефект, ако е паднал или е оштетен на кој било начин. Однесете го уредот до најблискиот овластен сервисен центар за проверка, поправка или електрично или механичко прилагодување.
  4. Ако кабелот за напојување е оштетен, мора да го замени производителот, овластен сервисер или стручно лице за да се избегне опасност.
  5. Исключете го приклучокот од штекерот кога уредот не се користи, пред да ги ставите или извадите деловите и пред чистење.
  6. Мора да бидете внимателни при ракување со ножевите за сечење, празнење на садот и при чистење.
  7. Кабелот не смее да виси над работ на масата или жешката површина.
  8. Не потопувајте го куќиштето на моторот во течност и не ставајте го уредот во машина за миење садови. Уредот може да се оштети ако е потопен во течност или ако садот е наполнет со течност. Само горниот капак може да се потопи во вода.
  9. Неопходен е внимателен надзор кога уредот се користи во близина на деца или изнемоштени лица.
  10. Погрижете се вашите прсти да се секогаш подалеку од подвижните делови на уредот.
  11. Не отстранувајте го капакот од уредот додека сечилото целосно не запре.
  12. Не ракувајте со уредот ако капакот не е поставен.
  13. Не ракувајте со празен уред.
  14. Употребата на дополнителна опрема што не е препорачана од производителот може да предизвика лична повреда.
  15. Веднаш исключете го уредот и однесете го во овластен сервисен центар за поправка ако забележите необичен звук, вкус, прекумерна топлина или чад за време на употребата.
  16. Отстранете ја прашината и другите туғи предмети од уредот пред употреба.
  17. Забрането е расклопување, поправка и менување на телото на уред.
  18. По секоја употреба, проверете дали моторот целосно застанал пред да започнете со расклопување.
  19. Не приклучувајте и исклучувајте го уредот од штекерот со влажни раце или влажни крпи. 2

  20. Не смеете да го влечете или транспортирате кабелот на уредот.

  21. Не тресете го силно уредот и внимавајте да не испадне.
  22. Пред употреба, проверете дали има туги предмети во комората за мелење.
  23. Овој уред не е наменет за употреба од лица (вклучувајки деца) со намалени физички, сетилни или ментални способности, или недостаток на искусство и знаење, освен ако не им се дадени надзор или инструкции во врска со употребата на уредот од лице одговорно за нив безбедност.
  24. Децата не смеат да си играат со овој уред.
  25. Неправилната употреба на уредот може да доведе до потенцијална повреда.
  26. Не користете го уредот за други цели освен оние за кои е наменет.
  27. Не користете го овој уред на отворено.

ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА ВАШАТА МЕЛНИЦА ЗА КАФЕ

Притиснете надолу
VOX CG9411 - ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА ВАШАТА МЕЛНИЦА ЗА КАФЕ - 1

Поставете го горниот капак на телото на уредот и притиснете го горниот капак за да го активирате прекинувачот

ПРЕД ПРВАТА УПОТРЕБА

  1. Внимателно отпакувајте ја мелницата за кафе и отстранете го целиот материјал од пакувањето.
  2. Отстранете ја прашината од уредот ако се акумулирала од пакувањето.

ВНИМАНИЕ: Никогаш не потопувајте го телото на уредот во вода за да го измиете и не полнете го делот за мелење со вода.

РАБОТА НА УРЕДОТ

I. ПРЕНОСНА МЕЛНИЦА ЗА КАФЕ

  1. Во челичен сад ставете зрна кафе, но не повеќе од 85 гр.
  2. Поставете го горниот капак на горниот дел од телото на уредот.
  3. Приключете во струја 220-240V 50-60HZ.
  4. Притиснете го горниот капак за да почнете да го мелете кафето.
  5. Можете да ја прилагодите финоста на мелењето со времето на притискање, но уредот не смее да меле подолго од 30 секунди со еден циклус на притискање.
  6. Мелењето престанува кога єе престанете да го притискате прекинувачот.
  7. Уредот не смее да работи повеće од 3 минути континуирано. Оставете го уредот да одмори 30 минути откако єе работи 3 минути, а потоа можете повторно да го включите.

СОВЕТИ ЗА МЕЛЕЊЕ

  1. Грубо меленото кафе главно се користи за перколатори и урни за кафе. Средно мелено кафе се користи за машини за кафе и машини за еспресо на пареа. Ситно мелено кафе се користи за еспресо машини со електрична пумпа.
  2. За да имате најсвежо и највкусно кафе, сомелете ја само количината што сакате да ја искористите. Зрната кафе може да се чувват до 2 месеци во замрзнувач во херметички сад и може да се сомелат додека се замрзнати. Талогот од кафе оставен во мелницата по мелењето може да добие застарен мирис и да влијае на вкусот на свежо меленото кафе. По секоја употреба задолжително исчистете ја комората за мелење и сечилата.
  3. Оваа мелница меле само сува, кршлива храна. Не можете да мелете ништо влажно, екстремно тврдо или гумено во овој апарат, како што се цел гумбир, чоколадо, сусам или мрсни зачини како цимет, каранфилче или морско оревче. Не мелете кикирики или житарки како пченица, ориз, јачмен или сушена пченка во овој апарат. Обидот за мелење некоја од овие намирници може да го оштети апаратот. Никогаш не користете уред за дробење коцки мраз.

ЕКОЛОШКО ОТСРАНУВАЊЕ

VOX CG9411 - ЕКОЛОШКО ОТСРАНУВАЊЕ - 1

Можете да помогнете во заштита на животната средина! Ве молиме да ги почитувате локалните законски регулативи: сите неисправни електични уреди треба да се предадат на соодветни центри за рециклирање на отпад.

VOX ELECTRONICS

ALB

MULLIRI PËR KAFE

UDHËZIM PËR PËRDORIM

CG-9411

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : VOX

Модел : CG9411

Категорија : Мелница за кафе