FC-31501 WH - Autre appareil ménager Vivax - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот FC-31501 WH Vivax во PDF формат.
| Бренд | Vivax |
| Модел | FC-31501 WH |
| Тип на производ | Слободностоечки шпорет (гасна плоча + електрична рерна) |
| Димензии (широчина x длабочина x висина) | 50 x 60 x 85 cm (приближно) |
| Тежина | Прибл. 50 kg |
| Напојување | 230 V ~ 50 Hz, еднофазно |
| Гасна врска | Навој G 1/2″, природен гас или LPG |
| Горилници на плоча | 1 мал (0.9 kW), 1 среден (1.5 kW), 1 голем (1.95 kW) |
| Електрични плочи за греење | 1 лева предна 1000W, 1 лева задна 1500W |
| Грејни елементи на рерна | Горен (800W) + Долен (1000W) |
| Карактеристики на рерна | Грил, ротисер, термостат (0–300°C), тајмер (до 90 мин.) |
| Капацитет на рерна | Прибл. 60 L (проценето) |
| Безбедносни системи | Уред за заштита од изгаснување на пламен, копчиња со притискање за вртење, предупредување за безбедност на деца |
| Палење | Автоматско палење со искра (копче за притискање) |
| Осветлување на рерна | Внатрешна 15W ламба |
| Материјал на плоча | Емајлиран челик (проценето) |
| Врата на рерна | Отстранлива стаклена врата за лесно чистење |
| Чистење | Отстранливи капачиња и решетки за горилниците; внатрешноста на рерната се мие со топол детергент; не користете абразивни средства |
| Конверзија на гас | Прилагодлив за LPG или природен гас со замена на млазниците |
| Сертификати | CE, EEC Директиви 73/23, 90/683, 90/336, 93/68 |
| Гаранција | 24 месеци (стандардно) |
Frequently Asked Questions - FC-31501 WH Vivax
Прашања на корисниците за FC-31501 WH Vivax
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Autre appareil ménager во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник FC-31501 WH - Vivax и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. FC-31501 WH на марката Vivax.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК FC-31501 WH Vivax
Упатство за употреба
项目
Jamstveni list
Servisna mjesta
B18
Garantni list
Servisna mjesta
[OE]
Garantni list
Servisna mjesta
(六)其他
Garantni list
Servisna mesta
[Unreadable]
Гарантен лист
Список на сервиси
FC-31501 WH
FC-22501 WH
FC-04501 WH






VIVAX
home
ENG
User manual
Free Standing Ovens
FC-31501 WH
FC-22501 WH
FC-04501 WH
Ви благодариме што го купивте овој модерен уред произведен со најнова технологија. Ве молиме внимателно прочитајте го овој прирачник и чувајте го за употреба во иднина.
ВАЖНО: Овој уред ееедноставен за употреба, но за да ги постигнете саканите резултати потребно е пред употребата да го прочитате овој прирачник и да се придржувате на сите упатства наведени во него.
Прирачникот содржи информации поврзани со инсталацијата, употребата и одржувањето, и корисни совети за употреба на уредот.
СЕ Овој уред е во склад со следниот одредби на Е.Е.С.
- 73/23 – 90/683 (Одредба за нисконапонски уреди)
• 90/336 (Одредба за гасни уреди)
• 93/68 (Општи одредби)
и нивните дополнителни измени.
Важно е да го чувате овој прирачник за да можете да го консултирате доколку има потреба. Доколку го продадете или годадете уредот на трето лице, Ве молиме да го приложите и овој прирачник за новиот сопственик да се запознае со функциите на уредот и со предупредувањата важни за сигурна и непречена употреба на уредот.
Предупредувањата наведени во овој прирачник служат за Ваша заштита и зазаштита на другите луфе. Затоа Ве молиме внимателно да ги прочитате сите упатства за инсталација и употреба на шпоретот.
- Овој уред е наменет за употреба од страна на возрасни лица и затоа не им дозволувајте на деца да си играат со него.
- Уредот е наменет за правење јадење, па не го користете за други намени.
- Растојанија околу уредот при инсталација;

- Инсталацијата треба да ја изврши компетентно и квалификувано лице според законските прописи.
- Измените на струјните инсталации, кои може да бидат потребни за инсталација на уредот, треба да ги направи електричар. Измените, или обидите за измени на уредот може да бидат опасни.
- На пламениците и на електричните плочи не би требало да се ставаат нестабилни или деформирани садови за да не дојде до нивно превртување, што може да предизвика повреди.
- Потребно е посебно внимание при готвење со масло или со маст.
- Уредот останува врел уште долго време откако їе го исклучите.
-
Постојано надгледувајте ги децата и внимавајте да не ги допираат врелите површини или да не бидат во близина на уредот додека го користите или додека ссосема не се излади.
-
Намената на капакот, доколку уредот го има, е заштита на површината на шпоретот од прашина кога е затворен, и за запирање на прскањето кога е отворен.
- Не го користете уредеот за други намени.
• Пред затворање секогаш исчистете го капакот. - Пред затворање на капакот секогаш причекајте пламениците и електричните плочи да се изладат.
- Сите капаци, стаклени и метални, може да се извадат заради полесно чистење.
- Кога не го користите уредот секогаш бидете сигурни дека регулаторите се на положба „0“ (STOP).
- Кога го користите грилот или печете месо на решетката секогаш под месото ставете сад за маснотијата. Во садот ставете малку вода за да го избегнете горењето на маснотијата и непријатните мириси.
- При вадење на садот за маснотија од перната секогаш користете кујнски ракавици.
- Додатоците (решетката и садот за маснотија) треба да се измијат пред првата употреба.
- Внимавајте при употребата на средства за чистење во спреј. Никогаш не прскајте по грејачите.
- Доколку при ставањето или вадењето на храна од перната на дното на перната се истури поголемо количество масло, сок, итн, пред да продолжите со печењето исчистете ја перната за да го избегнете непријатниот чад или опасности од запалување на маслото.
- Обезбедете непречен проток на воздух околу плинскиот уред бидејки лошиот проток на воздух може да резултира со недостаток на кислород. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Употребата на шпорет на гас произведува топлина и влага во просторијата во која се наоћа шпоретот. Обезбедете добро проветрување на просторијата со отворање на природни отвори за вентилација или со инсталирање кујнски аспиратор.
- Од хигиенски и безбедносни причини шпоретот треба да се одржува чист. Таложењето маснотија или друга храна може да предизвика пожар.
- Избегнувајте да го ставите шпоретот блиску до запаливи материјали (на пр. завеси, кујнски крпи итн.)
- Не го затворајте капакот додека гори некој пламеник.

Сл.2
- Користете само тип на гас наведен на налепницата сместена во близина на цевката за гас.
- Уредот е тежок и затоа поместувајте го внимателно.
- При одржување или чистење исключете го шпоретот од штекер и причекајте сосема да се излади.
- Пламениците полесно се палат пред да се стави садот на нив. По палењето проверете дали пламенот е правилен. Пред да го тргнете садот, секогаш намалете го или исклучете го пламенот. Решетката секогаш ставајте ја правилно во рерната. Доколу има плочи кои сами се чистат, нив би требало да ги чистите само со детергент и вода. Во фиоката под рерната смее да се ставаат само садови оттпорни на топлина. Во фиоката не ставајте запаливи предмети.
- Во случај да има потреба, не се обидувајте сами да го поправите шпоретот, туку препуштете го тоа на овластен сервис. Поправките од страна на нестручни лица
може да предизвикаат натамошни оштетувања. Контактирајте со овластен сервис и инсиситирајте на употреба на оригинални резервни делови.
- Никогаш не ставајте празен сад на пламеник или на електрична плоча која работи.
УПОТРЕБА

Сл 3.
ПАЛЕЊЕ НА ПЛАМЕНИКОТ
За палење на пламеникот (плочата на гас), пред да го ставите садот, користете го соодветниот прекинувач означен со мала искра. Притиснете го соодветниот регулатор, завртете го налево до максимальната позиција, притиснете го прекинувачот за палење и кога пламенот ќе се запали, наместете ја саканата јачина на пламенот.

СЛ.4 ПАЛЕЊЕ
Доколку пламеникот не се запали после неколку обиди, проверете дали пламеникот, штитникот и неговиот капак се правилно наместени.
За прекин на дотекот на плин, свртете го регулаторот надесно на положбата „0“. Кога при готвење користите маст или масло, бидете дополнително внимателни бидејки може да се запалат ако се прегреат.
Регулаторите за употреба на шпоретот на гас може да се најдат на управувачката плоча.

Сл.5а

Регулаторите би требало да се вратат налево (спротивно од насоката на стрелките на часовникот).
Секој пламеник е опремен со плински вентил кој има "притисни и заврти" безбедносен систем за палење на пламеникот;
*полека притиснете го и завретете го налево регулаторот на пламеникот кој сакате да го запалите
*пламеникот запалете го го запалка или со копчето за палење (доколку Вашиот шпорет го има)
*јачината на пламенот може да ја регулирате со вртење на регулаторот.
- Исклучен пламеник
Максимална јачина на пламенот
6 Минимална јачина на пламенот

УПОТРЕБА НА ЕЛ. ПЛОЧИ : (КОМБИНИРАНИ ШПОРЕТИ) ^Сл.6
Завртете го соодветниот регулатор надесно и ће се вклучи сијаличката која покажува дека ел. плоча работи. По завршување со готвењето, исключете ја електричната плоча со вртење на регулаторот на положбата „0“. Ел. плочи имаат степени на моќност наведени во Табелата 2.
Табела 2.
| Положба на регулаторот | 0 1 (250 W) 2 (750 W) 3 (1000 W) | ||
| Функција искл. | ниво за слабо греење и готвење | ниво за готвење и вриење | ниво за брзо готвење,вриење ипржење |

СЛ.7 РЕГУЛАТОР НА ЕЛЕКТРИЧНА ПЛОЧА
ПРИ УПОТРЕБА НА ЕЛ. ПЛОЧА ИМАЈТЕ ГО ВО ПРЕДВИД СЛЕДНОТО
- При првата употреба ставете ја ел. плоча на сите три положби по 5 минути за да се стабилизира материјалот на горната површина.
- Користете рамни садови со пречник идентичен со пречникот на плочата.
- Не ставајте ништо меѓу плочата и садот.
- По употребата на ел. плоча, кога їе се излади, површината на плочата исчистете ја со влажна крпа. За чистење не користете тврди или крути предмети.

СЛ.8 СИЈАЛИЧКА
Кога ќе го завртите регулаторот, почнува да свети сијаличката на шпоретот.
УПОТРЕБА НА МЕХАНИЧКИОТ ЧАСОВНИК:
Механичкиот часовник може да се користи за одбројување на време до 90 минути. Времето можете да го наместите со вртење на часовникот надесно. Кога їе истече времето се јавува звучен сигнал. Доколку сакате да го прекинете одборјувањето пре дистекот на наместеното време, само завртете го прекинувачот на положбата „0“.

Оваа функција ја имаат само електричните rerни. За избор на саканата температура завртете го регулаторот надесно.

Сл.10 Термостат
Запамтете дека садовите со широко дно овозможуват побрзо готвење од садовите со тесно дно.
Секогаш користете соодветни садови според типот на храната која ја подготвувате. Посебно внимавајте на тоа садовите да не бидат премногу мали за течните јадења, бидејки лесно може да искипат.
Понатаму, за побрзо готвење садовите не би смееле да бидат премногу. Во суштина, маснотијата и соковите може да се рашират на дното о лесно да се запалат.
Подобро е да користите калапи за колачи кои не се отвораат. Во суштина, од калапите кои се отвораат може да истечат сокови и шекер, кои потоа пагаат на дното на печката или на садот за печење и таму загоруваат, што го отежнува чистењето.
Избегнувајте да ставате садови со пластични дршки во rerна бидејки не се отпорни на топлина.
За максимальна ефикасност и минимална потрошувачка на плин би требало да користите садови чиј пречник одговара на пречникот на пламеникот.

ПРАВИЛАТА ЗА УПОТРЕБАТА НА ЕЛ. ПЛОЧИ СЕ ПРИКАЖАНИ НА ДОЛНАТА СЛИКА

Сл.12
Исто така се препорачува да ги поклопите садовите во кои врие течност,и, штом течноста їе зоврие, да го намалите пламенот на ниво довольно за одржување на вриењето.
УПОТРЕБА НА РЕРНАТА;
Електричната rerна има горен грејач со грил, долен грејач, турбо вентилатор и турбо вентилатор со грејач (повекефункционален турбо вентилатор). За да го ставите регулаторот во саканата положба:
Грил: ....

Горен и долен грејач:......

Турбо вентилатор со грејач:......

Турбо вентилатор: ....


Регулаторот на перната управува со пламеникот на перната и со пламеникот на грилот. Кај овие модели безбедносниот систем го ислучува доводот на гас доколку пламенот се изгаси.
Доколу сакате да го користите долниот пламеник на рерната, свртете го регулаторот надесно и притиснете го копчето за палење додека не се запали пламеникот.
Притиснете и држете 10-15 секунди за да се деактивира безбедносниот систем. За да ја регулирате јачината на пламенот може да го завртите регулаторот на ознаката за мал или голем пламен. Доколу сакате да го користите пламеникот на грилот свртете го регулаторот надесно и притиснете го копчето за палење додека не се запали пламеникот.
Прекинувачот за палење не смее да се користи подолго од 15 секунди. Доколу после 15 секунди пламеникот не се запали прекинете со употребата на прекинувачот и отворете ја вратата на рерната, па причекајте најмалку 1 минута пред повторно да се обидете да го запалите пламеникот.
Рачно палење на перната на гас:
Притиснете го регулаторот и приближете пламен до пламеникот кој сакате да го запалите.
Соодветниот регулатор завртете го налево до максимальната положба.
Држете го регулаторот притиснат 15 секунди и потоа отпуштете го.
Доколу пламеникот се исклучи повторете ја горната постапка.
ЗАГРЕВАНЬЕ:
Откако ће ја включите перната, оставете ја вратата отворена неколку минути, потоа затворете ја и свртете го регулаторот на саканата положба. Пред ставање на храна околу 15 минути загревајте ја перната.
ВКЛУЧУВАЊЕ ГРИЛ:
За употреба на грилот завртете го соодветниот регулатор. Пламеникот на грилот може запали само кога пламеникот на перната е исключен (Безбедносниот прекинувач оневозможува истовремена употреба на два различни извори на топлина).
УПОТРЕБА НА ГРИЛОТ:
Ставете ја храната на ракенот, внимавајки при тоа да биде добро прицврстена меѓу двете вилушки, и распоредете ја тежината за моторот да не се напрега непотребно.

Сл.14 ГРИЛ
Кога єс го притиснете прскинувачот на грилот, грилот почнува да сс врти.
Овој уред не е опремен со уред за отстранување на нуспроизводите од горењето. Се препорачува да го инсталирате на добро проветрувани места, во склад со законските прописи.
ЕЛЕКТРИЧНО ПОВРЗУВАЊЕ:
Овој уред е наменет за работа со еднофазна струја со напон од 230 V.
Пред да го поврзете уредот со извор на ел. енергија проверете го следното:
- Дали напонот на струјната мрежа во Вашето домакинство одговара на работниот напон на уредот (видете ја плочката со технички податоци)

Сл.15
- Дали уредот е правилно заземјен преку соодветни приклучница и штекер. Уредот се испорачува без приклучница: затоа мора да инсталирате приклучница која одговара на напонот наведен на плочката со технички податоци. Приклучницата треба да се вклучи во соодветен штекер. Доколку сакате уредот да го приклучите директно на струјната мрежа (без приклучница) морате во склад со законските прописи да инсталирате и соодветен осигурувач. Костенливата напонска жица (излегува од спојницата на разводната кутија на шпоретот) мора секогаш да биде приклучена на фазата на струјната мрежа. Во секој случај струјниот кабел мора да биде поставен така што во ниту еден момент да не се загрева повеće од 50°C над собната температура.
ПРОИЗВОДИТЕЛОТ НЕ ЈА ПРЕЗЕМА ОДГОВОРНОСТА ВО СЛУЧАИТЕ КОГА БЕЗБЕДНОСНИТЕ МЕРКИ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ИСПОЛНАТ.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Овој уред мора да биде заземјен. ПРИКЛУЧУВАЊЕ ГАС:
Приклучувањето гас треба да се изврши според законските прописи. Фирмата која го има прозиведено уредот го има тестирано за работа со видот на гас наведен на налепницата сместена на задната страна на уредот, до цевката за гас. Уредот задолжително приключете го на видот на гас наведен на таа налепница. УПОТРЕБА НА КРУТА ЦЕВКА ИЛИ НА ФЛЕКСИБИЛНА МЕТАЛНА ЦЕВКА ЗА ПОВРЗУВАЊЕ:
За поголема сигурност при поврзувањето со гас се препорачува употреба на крути цевки (на пример бакарни) или флексибилни челични цевки од не'ргосувачки челик за да се избегне истегнувањето на цевките.

Сл. 16
Пречникот на доводната цевка е G ½
За овој тип инсталација поврзувањето со гас би требало да се изврши само со употреба на флексибилни метални цевки, во склад со законските прописи. УПОТРЕБА НА ФЛЕКСИБИЛНИ, НЕМЕТАЛНИ ЦЕВКИ ЗА ПОВЗРУВАЊЕ:
За приклучување гас, освен металните може да се користат и неметални флексибилни цевки во склад со законските прописи.
Флексибилната цевка мора да се прицврсти со стеги, во склад со законските прописи.
При употреба на неметални цевки мора да се внимава на следното:
- Температурата на цевката никогаш не смее да ја надмине собната температура за повеće од 30°C.

Сл.17.
- Не смее да биде подолга од 1500 mm
- Не смее да има стеснувања.
- Не смее да биде изложена на триење или да е под оптоварување.
- Мора да биде наместена така што секогаш ће може лесно да се провери во каква состојба е.

Проверката на исправноста на флексибилната цевка се состоит од проверка на следното;
- Дали има напукнувања или знаци од палење на краевите и на телото на цевката.
- Дали материјалот е еластичен или стврднал.
- Дали стегите со кои цевката е прицврстена се за'ргани.
• Дали поминал работниот век на цевката.
Доколу забележите и само еден од овие наведени знаци на дотраеност не ја поправајте цевката, туку заменете ја.
ВАЖНО
По завршување на инсталацијата проверете ги сите споеви за истекување на гас.
За прилагодување на шпоретот на вид на гас различен од типот кој е фабрички прилагоден, следете ги упатствата подолу.
ВИД НА ГАС
LPG
: Користете држач на гумената цевка.
Земен гас
: Секогаш користете дихтунг.
Потоа продолжете со приклучувањето на гас, на начинот опишан во соодветните поглавја.

- Тргнете го носачот на садови.
- Извадете ги капаците и заштитата на пламеникот.
- Со одвртувач 7 одвртете ги и извадете ги млазниците и заменете ги со тип на млазници кои одговараат на типит на гас кој сакате да го користите.
Составете ги пламениците следејки ги чекорите за расклопување по обратен редослед.
На овие пламеници не им треба примарна регулација на пропусноста.
РЕГУЛИРАЊЕ НА МИНИМАЛНОТО НИВО НА ПЛАМЕН НА ПЛАМЕНИКОТ
За регулирање на минималното ниво:
1- Свртете го регулаторот на положбата за минимален пламен;
2- Извадете го копчето на регулаторот

Сл.20
3- a) Во случај на конверзија од земен гас на LPG, цврсто стегнете го контролниот навој на пламеникот;
b) Во случај на конверзија од LPG на земен гас одвртете го контролниот навој на пламеникот за приближно 1/4, додека не добиете нормална јачина на пламенот. Вратете го копчето на регулаторот и потоа нагло завртете од максимальна на минимална положба, при што пламенот не би смеел да се изгасне.
ПРЕПОРАКИ ЗА ГОТВЕНЬЕ:
По потреба започнете готвење со силен пламен. Надворешниот слој на пламенот е многу потопол од неговата внатрешност (јадрото. Во склад со тоа, употребата на пресилен пламен може да претставува залудно трошење гас.
За разлика од ел. плочи, пламениците на гас не бараат садови со рамно дно.
Пламенот го допира дното на садот и ја шири топлината на целата површина на дното на садот.За гасните пламеници не се потребни посебни садови. Меѓутоа, садовите со тенки сидови побрзо ја пренесуваат топлината до храната од садовите со дебели сидови. Дебелото дно на садот го спречува делумното прегревање бидејки овозможува долона топлинска компензација.
Избегнувајте употреба на многу мали садови. Широките и плитки садови се многу подобри за готвење од тесните и длабоките, бидејки побрзо се загревaat.
Употребата на тесни садови или пошироки пламеници не го забрзува готвењето, туку само резултира со поголема потрошувачка на гас. За правилна употреба ставајте мали садови на малите пламеници и големи садови на големите пламеници. Кога и да е можно поклопувајте ги садовите за да ја намалите потрошувачката на гас.
Традиционално печење:
Топлината ја создаваат долните и горните грејачи. Затоа се препорачува употреба на средното ниво за решетката. Доколку печењето бара повеće топлина од горе или од долу, користете ги долните или горните нивоа.
СОВЕТИ ЗА УПОТРЕБА НА ТРАДИЦИОНАЛНАТА РЕРНА
За печење колачи
Пред употребата загревајте ја перната 10 минути, освен доколку во рецептот не се кажува спротивното. При преавење колачи кои треба да нараснат (на пр. пандишпан) не ја отворајте вратата на перната; ладниот воздух їе го прекине процесот на нараснување. За да проверите дали колачот е испечен, во тестото забодете чепкалка, доколку излезе чиста, колачот е печен. Пред оваа проверка причекајте да помине барем 3/4 од времето за печење.
Колачот кој е добро испечен однадвор, но недоволно испечен одвнатре требало да се пече подолго на пониска температура. Од друга страна, „сувиот“ колач требало да се пече покусо време на повисока температура.
За печење месо
Доколку сакате печење со убава боја користете многу малку масло. Доколку парчето месо е немасно, ставете му малку масло или премачкајте го со путер, или и двете. Од друга страна, доколку месото има масно, путерот и маслото не се потребни. Доколку парчето месо има масно само од едната страна, ставете го во rerна со масната страна нагоре, бидејки топењето на маснотијата ќе го намасти долниот, сув дел од месото. Црвеното месо би требало да се извади од фрижидер еден час пред печењето бидејки во спротивно наглата промена на температурата ќе резултира со тврдо месо. Печењето, посебно доколку се работи за црвено месо, не смее да се посоли на почетокот на печењето бидејки солта предизвикува истекување на сокот и крвта од месото и со тоа го спречува настанувањето на кафеавата коричка. Се препорачува надворешноста на месото да ја посолите откако ќе помине половина време за печење. Печењето ставете го во rerната во сад со ниски рабови. Садовите со високи рабови спречуваат топлината да дојде до месото. Месото може да се стави во сад соодветен за употреба во rerни или директно на решетката под која треба да се стави сад за собирање на соковите од месото. Садот под месото треба да се стави веднаш по почетокот на печењето. Печењето на сировото месо започнете го на висока температура и со тек на време намалувајте ја, за месото да се испече одвнатре. Температурата за печење бело месо цело време може да биде иста. Степенот на испеченост може
да се провери со вилушка. По завршување на печењето се препорачува да причекате барем 15 минути пред сечење на месото за соковите да се задржат во месото. Пред сервирање се препорачува да ги загреете чиниите.
За печење риба:
Малата риба печете ја од почеток до крај на висока температура. Рибата со средна големина на почеток печете ја на висока температура, и постепено намалувајте ја температурата на печење. Проверете дали рибата е печена полека поткревајки ја едната страна од стомакот на рибата. Месото мора да биде бело и непросирно, освен во случај на лосос, пастрмка и слична риба.
Грил
За печење на грил одговараат следните видови месо: главно сето месо исечено на шницли или на парчиња со различна големина (но не предебели), напола исечена живина, рига, некој зеленчук (на пример модри патлицани, тиквички, домати итн). Месото и рибата кои имате намера да ги печете на грил би требало малку да се намастат со масло и секогаш да се стават на решетката; месото би требало да се посоли после печењето, додека рибата би требало внатре да се посоли пред печењето. Решетката според дебелината на месото би требало да ја ставите на нивото најблиску или најдалеку од грилот, за да се избегне горење на површината на месото и недоволна испеченост внатре. Настанувањето на чад предизвикано од капењето на соковите може да се избегне со налевање на 1или 2 чаши вода во садот за собирање на соковите.
Грилот може да се користи и за печење леб и некои видови овошје како банана, половинки цитрон, парчиња ананас итн. Овощјето би требало да се стави подалеку од изворот на топлина.
Траење на печењето
Траењето на печењето варира зависно од видот на храната, количината и составот. Се препорачува при првото печење да обратите внимание на траењето на печењето за да можете, зависно од резултатите, да го прилагодите следниот пат.
Наведената табела 'ТАБЕЛА НА ТРАЕЊЕ НА ПЕЧЕЊЕТО' која се однесува на печењето во rerна и употреба на грилот служи само како ориентација.
Искуството ће ги покаже разликите меѓу вистинското време и она наведено во табелата. Без оглед на табелата придржувајте се на упатствата наведени во рецептот кој го правите.
ВНИМАНИЕ: За време на употребата на рерната не ставајте нејзиното дно прибор како садови за собирање на соковите, калап за колачи, лонци, огноотпорни садови, алуминиумски фолии итн. бидејки тоа би можело да резултира со задржување на топлината што може да влијае на резултаот на готвењето и да го оштети емајлот на рерната.
Табела 3.
| Храна | Температура С | Положба на регулаторот | Време на печење во минути |
| Колачи | |||
| За да се запече дното на колачот 200 3 15-20 | |||
| Колач со крем од путер | 200 | 2 | 35-40 |
| Колач со мармалад 200 2 35-40 | |||
| Колач со квасец во калап | |||
| Brioche 200 2 35-40 | |||
| Колач во калап | |||
| Колачи од црно и бело брашно | 175 | 2 | 60-70 |
| Колачи од бисквити 175 3 60-70 | |||
| Колач маргарита 175 3 35-40 | |||
| Мали колачи | |||
| Печива 170 3 15-20 | |||
| Кремасти колачи 200 3 30-40 | |||
| Лазањи 225 2 40-50 | |||
| Пица 240 2 20-25 | |||
| Пилешко | |||
| Патка 1 - 1/2 - 2 kg 200 2 120-180 | |||
| Гуска 3 kg 200 2 150-210 | |||
| Печено пилешко 200 2 60-90 | |||
| Мисирка 5 kg 175 2 230-250 | |||
| Дивеч | |||
| Зајак 200 2 60-90 | |||
| Срнечки ребра 200 2 90-160 | |||
| Срнечки бут 175 2 90-160 | |||
| Месо (траење на печењето за секој сантиметар дебелина) | |||
| Долготрајно печење месо | 175 2 12,-15 | ||
| Кусо печење месо | 200 2 10,-12 | ||
| Ролат од месо | 200 2 30-40 | ||
| Зеленчук | |||
| Варен зеленчук | 200 2 40-45 | ||
| Риба | |||
| Сив ципал | 200 2 40-50 | ||
| Грил | |||
| Стек | 3 15-20 | ||
| Колбаси | 3 20-25 | ||
| Печено пилешко 3 60-70 | |||
| Печено телешко на грил 0,6 kg | 70-80 | ||
| Пилешко на грил 60-90 |
ОДРЖУВАЊЕ
Пред секое чистење исключете го шпоретот од струја.
Чистење на шпоретот
Капките сос, овошен сок, итн. би требало да се избришат со мека крпа натопена во топла вода со детергент колку е можно побрзо. За чистење на наслагите нечистотија не користете велична волна или ножеви. Посилните наслаги чистете ги со крпа многу натопена во детергент, но внимавајте да не го изгребете емајлот.
Емајлираните решетки мијте ги со вода и детергент; може да се мијат и во машина за садови. Извадете ги капаците од пламениците и решетките и внимателно измијте ги со топла вода и детергент. Пред да ги вратите на место исушете ги.
Внимавајте дали правилно сте ги вратиле на место. Пламеникот може да се исчисти со челична волна или малку абразивна крпа. Вратата на перната и стаклениот капак, кај модели опремени со него, чистете ги само со вода и избегнувајте употреба на силни или абразивни средства. Кај шпоретите со автоматско палење контактот за искрење од време на време би требало да се исчисти за да се избегнат проблемите при палење. Понатаму, проверете дали дупчињата на пламеникот се затнати и доколку се, исчистете ги.
Чистење на перната
Внатрешноста на перната исчистете ја после употребата додека уште е топла. Тогаш отстранувањето на наслагите е поедноставно. За чистење можете да користите топла вода со детергент или некое средство за чистење rerни во спреј. Тие средства не ги прскајте директно на мат металните делови, бидејки тоа може да ги оштети и секогаш придржувајте се кон упатството на производителот на средството за чистење. Додатоците во перната (решетката, садот итн.) чистете ги со топла вода и детергент. Можните наслаги исчистете ги со не многу абразивен прашок за чистење. Никогаш не ги покривајте деловите од перната со алуминиумска фолија. Тоа єе резултира со акумулирање на толината што може да влијае на резултатот на печењето и да го оштети емајлот на перната.
Повремени проверки
Повремено проверете ја состојбата на флексибилната цевка за гас и заменете ја штом їе забележите први знаци на абење. Се препорачува цевката да ја заменувате еднаш годишно. Доколку забележите било каква необичност во работата на шпоретот контактирајте со овластен сервис заради преглед на шпоретот од страна на овластен сервисер.
Кај шпорети со простор за чување на плинската боца не чувајте во тој простор празна боца или боца која не е приклучена.
Чистење на капакот
Капакот на шпоретот може да се извади на начин прикажан на сликата. Според видот на капакот следете ги упатствата прикажани на сликите slici 21a или 21b.

По чистењето вратете го капакот на место.
Чистење на вратата на перната
За потемелно чистење се препорачува на следниот начин да ја извадите вратата од перната, да ја исчистите и да ја вратите на место.

Сл.22
Сосема отворете ја вратата, двете јазичиња на секоја шарка поткренете ги до агол од 180°, делумно затворете ја вратата до агол од 30°, поткренете ја вратата и извадете ја. За вракање на вратата повторете ја горната постапка по обратен редослед.
Доколку уредот не работи правилно, пред да се јавите во со овластен сервис проверете:
Плинот не излегува од пламеникот како што би требало
- Проверете дали се затнати дупчињата на пламеникот;
- Дали работи регулаторот на притисокот;
- Дали вентилот на плинската боца е соседема отворен.
Во просторијата се чувствува мирис на плин
Проверете
- Дали е отворен плинскиот вентил
- Дали плинската цевка е правилно инсталирана и во добра состојба, заменете ја еднаш годишно
Никогаш не проверувајте дали истекува гас со запалено чкорче туку користете вода со сапуница
- Проверете дали регулаторот на перната е ставен на правилната положба
Печењето трае премногу долго
- Проверете дали е наместена соодветната температура за видот на храната која се пече.
Од перната излегува чад
- Препорачуваме по употребата да ја исчистите рерната. При печење месо во рерната може да прска маснотија која, доколку не се исчисти, може да предизвика чад и непријатен мирис. (погледнете во делот за чистење на рерната).
Доколку после горенаведените проверки шпоретот сё уште не работи, контактирајте со најблискиот овластен сервис и со описот на проблемот наведете го моделот и серискиот број на Вашиот шпорет.
Следните упатства се наменети за квалификуваниот инсталатер за инсталацијата и нагодувањето на шпоретот да се изврши во склад со законските прописи.
При секоја промена која вклучува исклучување на уредот се препорачува максимально внимание.
ПРОИЗВОДИТЕЛОТ СЕ ОГРАДУВА ОД СЕКАКВА ОДГОВОРНОСТ ЗА МОЖНИТЕ ОШТЕТУВАЊА НАСТАНАТИ ОД ИНСТАЛАЦИЈАТА КОЈА НЕ Е ИЗВРШЕНА ВО СКЛАД СО ЗАКОНСКИТЕ ПРОПИСИ.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – овој уред смее да се инсталира и да се користи само во простории со постојана вентилација, во склад со законските прописи.
За плинскиот шпорет да работи правилно, потребно е да се обезбеди непречен доток на воздух за горење на плинот (инсталатерот мора да се придржува на законските прописи).
Воздухот во просторијата мора да влегува директно од отворите на надворешните сидови. Овие отвори (или отвор) мора да бидат така направени да не можат да се блокираат ни од внатрешната ни од надворешната страна.
Инсталацијата и одржувањето треба да ги извршува квалификуван техничар, во склад со законските прописи.
Електричното поврзување треба да се изврши во склад со одредбите наведени во EN 60335. Производителот нема да биде одговорен во случај на несреќа предизвикана од неправилно или непостоечко заземјување.
ОДВОД НА НУСПРОИЗВОДИТЕ ОД ГОРЕЊЕТО
Нуспроизводите од горењето кои ги прават плинските шпорети мора да се отстрануваат со кујнски аспиратор поврзан или директно на оцак или на надворешен простор.
НИВЕЛИРАЊЕ
Уредот има мали ногарки кои се подесуваат, сместени на предните и задните агли на долната страна.

Со регулирање на ногарките може да се смени висината на уредот за да се обезбеди рамна положба на уредот и рамномерно распоредување на течностите во садовите.

Нивоа на решетката во перната
Ви благодариме што купивте уред на „Vivax“ и се надеваме дека сте задоволни со изворот. Доколку во текот на гарантниот рок се јави потреба од поправка
на производот, побарајте совет од продавачот кој ви го продал производот или контактирајте со нас на допунаведените броеви и адреси.
производителот на производот, преку „ПАКОМ КОМПАНИ“ како увозник и извршител на гаранцијата во Република
Македонија, гарантира бесплатна поправка согласно важечките прописи и условите наведени во овој гарантен лист.
Со оваа гаранција ви гарантираме дека предметот на гаранцијата ќе работи без грешки предизвикани од можно лоша изработка и употреба на лоши материјали за изработка. Сите вакви дефекти ќе бидат бесплатно поправен во областениот сервис во гарантниот рок.
-
ГАРАНТНИ УСЛОВИ: Гарантниот рок започнува да тече од денот на купувањето на производот и трае 24 месеци за Vivax Home големите апарати за домајинство (машини за перење, ладилници, машини за перење садови, шпорети, техника за вградување), и 12 месеци за Vivax home мали апарати (вклучувајки микробранови печки, греалки и радијатори).
-
Во случај на појава на дефект кај производот кој е предмет на оваа гаранција. се обврзуваме дека ће го поправиме во најкраток можен рок, а најдоцна во рок од 30 дена. Ако производот не може да се поправи или не биде поправен во рок од 30 дена, ће биде заменет со нов. Ако поправката на производот трае подолго од 10 дена, гаранцијата се продолжува за времетраењето на поправката.
-
Гаранцијата се признава само со приложување сметка за купување и со овој гарантен лист кој мора да биде исправно пополнет односно мора да ги содржи датумот на продажба, печат и потпис на продавачот.
-
Извршителот на гаранцијата обезбедува сервис и резервни делови 7 години од датумот на купување.
-
ГАРАНЦИЈАТА НЕ ОПФАКА:
Редовни проверки, одржување и замена на потрошни материјали. Прилагодувања или промени за подобрување на производот за намени кои не се опишани во техничките упатства за употреба, освен ако за тие промени не се согласила „ПАКОМ КОМПАНИ“ д.о.о.е.л.Скопје
- Гаранцијата не се признава во следниве случаи;
Ако купувачот не приложи исправен гарантен лист и фискална сметка.
Ако купувают не се придржувал до упатствата за употреба на производот.
Ако производот бил отворан, преправан или поправан од неовластени лица.
Ако дефектите кај производот биле предизвикани од виши сили, како удар од гром, струен удар во електричната мрежа, елементарни непогоди и сл.
Ако дефектите настанале поради непрописна употреба или неправилен транспорт.
Ако дефектот настанал поради грешка на системот кон кој бил приключен производот.
- Оваа гаранција не ги менува законските потрошувачки права што важат во Република Македонија во однос на правата што ги пропишува
производителот.
Име на фирмата што ја извршува гаранцијата : ПАКОМ КОМПАНИ д.о.о.е.л.,ул.15-ти Корпус бр.15 , 1000 Скопје тел. 02 3202 800 факс 02 3202 892
www.pakom.com.mk. Изјава: Потрошувачот ги има законските права кои произлегуваат од националното законодавство кое ја регулира продажбата на
производите и дека овие права не се загрозени со гаранцијата.