ICE2000SP - шпорет GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот ICE2000SP GORENJE во PDF формат.
| Марка | Gorenje |
| Модел | ICE2000SP |
| Тип на производ | Индукциона плоча (Единствена зона) |
| Нивоа на моќност | 8 (P1: 400W, P2: 600W, P3: 900W, P4: 1200W, P5: 1400W, P6: 1600W, P7: 1800W, P8: 2100W) |
| Максимална моќност | 2100 W |
| Напон | 230 V |
| Номинална струја | 16 A |
| Тип на контрола | Копчиња со допир сензор |
| Приказ | LED со нумерички и индикаторски светла |
| Функција на тајмер | Да |
| Детска блокада | Да |
| Компатибилност со садови | Магнетна основа (компатибилна со индукција) |
| Минимален дијаметар на тенџере | 120 mm |
| Материјал на плочата | Стакло-керамика |
| Безбедносни карактеристики | Заштита од прегревање, автоматско исклучување, детекција на тенџере, индикатор за преостаната топлина |
| Чистење | Користете влажна крпа и благ детергент; стругалка за стакло за изгорен шеќер |
| Ниво на бучава | Lc < 70 dB(A) |
| Кодови за грешки | E0 (без тенџере), E1 (низок напон), E2 (висок напон), E3-E8 (грешки на термистор/IGBT), EB (внатрешен дефект) |
| Инсталација | Вградена или пренослива; приклучок на мрежа од квалификуван електричар |
| Гаранција | Погледнете во Gorenje грижа за клиенти во вашата земја |
Често поставувани прашања - ICE2000SP GORENJE
Прашања на корисниците за ICE2000SP GORENJE
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот шпорет во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник ICE2000SP - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. ICE2000SP на марката GORENJE.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК ICE2000SP GORENJE
за да спрете работа.
Само за лична употреба!
Симболот на производот или на неговата амбалажа укажува на тоа дека овој производ не може да се третира како отпад од домаќинството. Наместо тоа, истиот мора да се предаде во собирен пункт за рециклирање на електрична и електронска опрема. Со

правилно одлагање на овој производ, помагате да се заштитат животната средина и човековото здравје, кои инаку би можеле да бидат оштетени со несоодветно одлагање на овој производ. За подетални информации во врска со рециклирањето на овој производ, контактирајте ги вашите градски власти, службата за одлагање отпад во вашето место или продавницата во која сте го купиле производот.
Правилна употреба
Плочата треба да се користи исклучиво за подготвување храна во вашиот дом. Не смее да се користи за ниту една друга намена.
Ве молиме внимателно прочитајте го ова упатство пред да почнете да го користите вашиот апарат. Во него се содржани важни информации во врска со безбедноста и начинот на кој треба да го користите и да се грижите за вашиот апарат, за тој да може многу години сигурно да ви користи.
Доколку вашиот апарат почне да работи неправилно, најпрво погледнете во делот насловен „Што да се прави доколку дојде до проблем?“. Помалите проблеми често можете и самите да ги отстраните, без да мора да викате сервисер. Ве молиме чувајте го ова упатство на безбедно место и дајте им го на евентуалните нови сопственици, заради нивно информирање и безбедност.
Приклучување и работење
- Апаратите се произведени во согласност со релевантните безбедносни регулативи. • Апаратот е произведен во согласност со релевантните стандарди за ефективна безбедност. Сепак, наша цврста препорака е лицата со намалени физички, моторни или ментални способности или лицата со несоодветно искуство или знаење да не го користат апаратот доколку не се во придружба на квалификувано лице. Истата препорака се однесува и на користење на апаратот од страна на лица кои не се полнолетни.
- Апаратот може да го приклучи на извор на струја и да го поправа и сервисира само квалификуван електричар, во согласност со тековно важечките безбедносни регулативи. Заради ваша безбедност, не дозволувајте никој освен квалификуван сервисер да го инсталира, сервисира или поправа овој апарат.
- Проверете дали главниот приклучок за струја е соодветен (16А, 230V) пред да го приклучите апаратот.
- Апаратот смее да се користи единствено доколку електричниот систем во вашиот дом има јачина од 16А. • Ниво на бучава: Lc < 70 dB(A)
Во врска со плочата

Никогаш не допирајте ја површината на апаратите за затоплување или готвење. Тие се вжештуваат додека работат. Децата држете ги на безбедно растојание. Постои ризик од изгореници!
- Никогаш не оставајте ја плочата да работи без надзор, затоа што кога работи со најголема (максимална) јачина, тоа резултира со екстремно брзи реакции.
- Секогаш ставајте го и користете го апаратот на сува, стабилна и хоризонтална површина и на растојание од 10 цм од околните предмети.
- Кога готвите, обрнете внимание на брзината со која се загреваат плочите. Не дозволувајте целата течност да зоврие и да испари од садовите за готвење, зашто постои ризик садот да се прегрее!
- Не ставајте празни лонци и тави на плочи за готвење кои се вклучени.
- Внимавајте кога јадењата ги приготвувате со крчкање, зашто водата може незабележано да испари, што ќе ги оштети садот за готвење и плочата, а за тоа не се прифаќа одговорност.
- Од суштинска важност е плочата за готвење да се исклучи по употреба.
- Прегреаните масти и масла може да се запалат самите од себе. Секогаш надзирајте го приготвувањето храна со масти и масла. Никогаш не гаснете запалени масти и масла со вода! Ставете го капакот на садот за готвење и исклучете ја ринглата.
- Стакло-керамичката површина на плочата е многу дебела. Сепак, треба да избегнувате да испуштате тврди предмети на стакло-керамичката плоча. Остри предмети што паѓаат на плочата може да ја искршат.
- Доколку на вашата стакло-керамичка плоча се појават пукнатини, напрснати места или други дефекти, веднаш исклучете го апаратот. Веднаш исклучете го осигурувачот и повикајте сервисер.
- Доколку плочата не може да се исклучи поради дефект на контролните сензори, веднаш исклучете го апаратот и повикајте сервисер.
- Внимавајте кога работите со апарати за домашна употреба! Приклучните кабли не смеат да дојдат во контакт со плочите за готвење.
- Стакло-керамичката плоча не треба да се користи како место за чување предмети.
- Не ставајте алуминиумска фолија или пластика на плочите за готвење. Се што може да се стопи, како пластика, фолија и особено шеќер или храна што содржи шеќер треба да се држи настрана од плочите за готвење. Со помош на специјална стругалка, веднаш отстранете го шеќерот од керамичката плоча (додека е се уште жешка), за да не ја оштетите плочата.
- Никогаш не смее да се ставаат метални предмети (лонци и тави, прибор за јадење, итн.) на индукциската плоча, зашто може да се загреат. Ризик од изгореници!
- Не ставајте запаливи предмети или предмети што се деформираат на топлина директно под плочата.
- Металните предмети што ги носите на себе може да се вжештат во непосредна близина на индукциската плоча. Внимавајте! Ризик од изгореници! Плочата не влијае на предмети што не може да се магнетизираат (на пр., златни или сребрени прстени).
- Никогаш не користете ги ринглите за подгревање неотворени конзерви храна или амбалажа од материјални компоненти. Тие може да експлодираат поради јачината на струјата!
- Сензорските копчиња мора да бидат чисти, зашто нечистотијата може да значи за апаратот исто што и контакт со прст. Никогаш не оставајте ништо (тави, кујнски крпи, итн.) на сензорските копчиња! Доколку вода што врие се прелее врз сензорските копчиња, ве советуваме да го притиснете копчето за ИСКЛУЧУВАЊЕ.
- Жешките тави не треба да ги прекриваат сензорските копчиња, зашто апаратот во таква ситуација автоматски ќе се исклучи.
- Вклучете ја заштитата од деца доколку во домот има миленици кои би можеле да дојдат во контакт со плочата.
- Индукциската плоча не може да се користи додека во вградената рерна се одвива пиролиза.
- Со апаратот не може да се ракува преку надворешен тајмер или засебен систем на далечинско управување.
- Не користете ја стакло-керамичката плоча доколку истата е напукната или скршена. Доколку се појави видлива пукнатина, веднаш исклучете го апаратот од струја.
- Доколку струјниот кабел е оштетен, истиот мора да го замени производителот, неговиот овластен сервисер или слично квалификувано лице, за да се избегне евентуалната опасност.
- Не оставајте го кабелот да виси над работ на работната маса или површина.
- ВНИМАНИЕ: Опасност од пожар – не чувајте предмети на површините за готвење.
- ВНИМАНИЕ: Готвењето без надзор на плоча со масти или масла може да биде опасно и може да резултира со пожар. Никогаш не обидувајте се да изгаснете пожар со вода. Наместо тоа, исклучете го апаратот и потоа покријте го огнот со капак или со влажна крпа.
- По употребата, исклучете го елементот на плочата со контролното копче и не се потпирајте на детекторот за сад за готвење (доколку моделот има таков детектор).
- ВНИМАНИЕ: Доколку површината е напукната, исклучете го апаратот за да избегнете можен струен удар (во зависност од моделот).
- Метални предмети, како што се ножеви, виљушки, лажици и капаци, не треба да се ставаат на површината на плочата, зашто може да се вжештат (во зависност од моделот).
- ВНИМАНИЕ: Проверете дали апаратот е исклучен пред да ја замените сијаличката, за да избегнете можен струен удар.
- Не користете абразивни средства за чистење или остри стругалки за метал при чистење на стаклената врата на рерната, зашто тие може да ја изгребат површината, што може да доведе до напукнување на стаклото.
Лица што го употребуваат апаратот
Внимание!
Апаратот и неговите достапни делови се вжештуваат во текот на употребата. Треба внимателно да се избегнува допирање на грејните елементи. Децата помали од 8 години треба да се држат настрана од апаратот, освен доколку не се под постојан надзор.
Децата треба да бидат под надзор, за да не си играат со апаратот.
Овој апарат може да го користат деца помали од 8 години и лица со намалени физички, сетилни и умствени способности или без искуство или знаење, доколку истите се под надзор или им се дадени упатства за користење на апаратот на безбеден начин и доколку се свесни за можните опасности.
Децата не смеат да си играат со апаратот.
Чистењето и одржувањето не смее да го вршат деца, освен доколку не се постари од 8 години и доколку не се под надзор.
Апаратот и неговиот струен кабел мора да бидат вон дофат на деца помали од 8 години.
Внимание:
- Лицата со пејсмејкери или вградени инсулински пумпи мора да проверат дали индукциската плоча влијае врз нивните импланти (фреквенцискиот опсег на индукциската плоча изнесува 20-50 kHz).
Опис на апаратот
Плочата
Плочата има режим на индукциско готвење. Индукцискиот кабел под стакло-керамичката плоча создава променливо електромагнетно поле, кое минува низ стакло-керамичката плоча и индуцира струење, кое создава топлина на дното на садот за готвење. Со индукциските рингли, топлината не се пренесува од греен елемент преку садот за готвење до храната што се приготвува, туку потребната топлина се создава директно во садот по пат на индукциски струења.
Предности на индукциската плоча
– Готвење со заштеда на енергија по пат на директен пренос на енергијата до садот (потребни се соодветни лонци/тави од материјал што се магнетизира). – Зголемена безбедност, со оглед на тоа што енергијата се пренесува единствено кога садот ќе се стави на плочата. – Крајно ефективен пренос на енергија помеѓу индукциската рингла и дното на садот за готвење. – Брзо загревање. – Ризикот од изгореници е мал, со оглед на тоа што површината за готвење се загрева единствено преку основата на садот; храната што се прелева при зовривање не се лепи за површината. – Брза, сензитивна контрола на доводот на струја.
РАБОТЕЊЕ
Садови за готвење на индукциски плочи
Садовите за готвење на индукциски плочи мора да се од метал и да имаат магнетски својства. Нивната основа мора да биде доволно голема.
Користете единствено садови со дно соодветно за индукција.
Соодветноста на сад за готвење се утврдува на следниот начин:
Соодветни садови за готвење
Емајлирани садови од челик со дебело дно
Садови од лиено железо со емајлирано дно
Садови од повеќеслоен челик што не 'рѓосува, термички челик што не кородира или алуминиум со специјално дно
Несоодветни садови за готвење
Садови од бакар, челик што не 'рѓосува, алуминиум, огноотпорно стакло, дрво, керамика и теракота
Спроведете го магнетскиот тест опишан подолу, за да бидете сигурни дека садот е соодветен за готвење со индукциска струја.
Магнетски тест:
Придржете магнет кон дното на вашиот сад за готвење. Доколку магнетот биде привлечен кон дното, може да го користите садот за готвење на индукциска плоча.
МАГНЕТ
Белешка:
Кога се користат садови соодветни за индукциско готвење од одредени производители, може да се јават звуци што може да му се припишат на дизајнот на таквите садови.
Внимавајте при готвење на храната по пат на крчкање, затоа што водата при крчкањето може незабележително да испари, што ќе ги оштети садот за готвење и плочата, а за тоа не се прифаќа одговорност.
| Рингла | Минимален дијаметар на тавата |
| 200mm | 120mm |
Никогаш не користете садови за готвење со изобличено дно. Вдлабнато или заоблено дно може да ја оневозможи заштитата од прегревање, па апаратот премногу да се вжешти. Тоа може да доведе до напукнување на стаклената површина и до топење на дното на садот за готвење. Штетите што произлегуваат од користењето несоодветни садови за готвење или од целосно испарување на водата при вриење не се вклучени од гаранцијата.

Регулирање на струјата
Јачината на греењето на ринглите може да се дотера на разни нивоа. Во табелата се дадени примери на начинот на кој се користи секое од можните дотерувања.
| Ниво на готвење: | Соодветно за: |
| 1 | Одржување на топлината на храната. Крчкање мали количини (најмала јачина на греење). |
| 2 | Крчкање. |
| 3-4 | Крчкање големи количини или печење поголеми парчиња месо додека не се целосно зготвени. |
| 5-6 | Печење, добивање сокови. |
| 7 | Печење |
| 8 | Печење (најголема јачина). |
Изгледот на апаратот може да се разликува од илустрациите.
- Рингла
- Контролен панел на допир
РАКУВАЊЕ СО ПЛОЧАТА СО СЕНЗОРСКИТЕ КОПЧИЊА

- ВКЛУЧУВАЊЕ/ИСКЛУЧУВАЊЕ
- Заштита од деца 3.Лиган за регулирање 4.Избор на функции
- Тајмер
- Екран
Упатство за работа со производот
Откако ќе го вклучите кабелот во штекер, се емитува звучен сигнал и индикаторот над копчето [Вклучи/Исклучи] почнува да светка, сигнализирајќи дека апаратот е приклучен на струја; овој режим се нарекува „стендбај“ (мирување). Ставете соодветен сад за готвење на средината од ринглата. Кога копчето [Вклучи/Исклучи] ќе се притисне еднаш, на екранот се појавува симболот [—
-]. Апаратот преоѓа во режим на бирање, а индикаторот над копчето [Вклучи/Исклучи] продолжува да свети. Притиснете ги соодветните копчиња за функциите за да почнете да работите. По готвењето, прекинете го работењето и префрлете го апаратот на режим „стендбај (мирување)“ со притискање на копчето [Вклучи/Исклучи].
Режим на готвење:
Јачина:
- Притиснете го копчето; индикаторот светнува и на екранот се појавува симболот [P8], означувајќи дека е вклучена автоматски поставена јачина. Јачината може да се менува со контролниот лизгач до саканото ниво на јачина.
- Има вкупно 8 нивоа на јачина (J1:400W, J2:600W, J3:900W, J4:1200W, J5:1400W, J6:1600W, J7:1800W, J8:2100W).
- За да изберете друг режим, притиснете го копчето [Функција] за да се префрлите на друг
„стендбај (мирување)“, или држете го копчето [Тајмер] притиснато за да се вратите на саканата јачина или температура на работа на апаратот.
- Пред да почнете да ја чистите плочата, исклучете ја и оставете ја да се излади.
- Не користете средства за чистење со пареа или под висок притисок за чистење на плочата за готвење, зашто тоа може да предизвика струен удар.
- При чистење, нежно минувајте со крпата преку сензорското копче. Во спротивно, плочата може случајно да се вклучи!
Стакло-керамичка плоча
Важно! Никогаш не употребувајте агресивни средства за чистење, како што се средства за грубо чистење, абразивни средства за чистење садови за готвење, отстранувачи на корозија и дамки, итн.
Чистење по употреба
Секогаш чистете ја целата плоча кога е извалкана. Се препорачува тоа да го правите по секое користење на истата. Чистете ја со влажна крпа и малку течно средство за миење. Потоа, исушете ја со чиста, сува крпа, за да бидете сигурни дека на површината на плочата не останал детергент.
Неделно чистење
Чистете ја целата плоча темелно еднаш неделно со комерцијални средства за чистење стаклокерамички плочи.
Ве молиме внимателно следете ги упатствата на производителот.
Кога се нанесува на плочата, средството за чистење ја прекрива со заштитен слој, кој е отпорен на вода и нечистотија. Целата нечистотија останува на слојот и може лесно да се отстрани. Потоа, истријте ја плочата со чиста крпа. Проверете да не останало средство за чистење на површината на плочата, затоа што тоа ќе реагира агресивно кога плочата ќе се затопли и ќе го смени изгледот на површината.
Видови нечистотии
Големите нечистотии и дамките (бигор и сјајни дамки со седефен изглед) најуспешно се отстрануваат додека плочата е се уште малку топла. Користете комерцијални средства за чистење за да ја исчистите плочата.
Продолжете како што е наведено во точка 2.
Најпрво натопете ја храната која претекла при вриењето со влажна крпа и потоа отстранете ја преостанатата нечистотија со специјална стругалка за стакло-керамички плочи. Потоа, повторно исчистете ја плочата како што е опишано во точка 2.

Изгорениот шеќер и стопената пластика мора да се отстранат веднаш, додека се уште топли, со помош на стругалка за стакло. Потоа, исчистете ја плочата повторно како што е опишано во точка 2.
Зрната песок кои може да се најдат на плочата кога лупите компири или чистите марула може да ја изгребат површината на плочата кога врз неа поместувате садови за готвење. Проверете да не останале зрна песок на плочата.
Промените на бојата на плочата не влијаат врз функционирањето и стабилноста на стакло-керамичкиот материјал. Тие промени на бојата не претставуваат промени на самиот материјал, туку остатоци од храна кои не биле отстранети и кои изгореле на површината.
Сјајни точки се јавуваат кога дното на садот за готвење се трие од површината на плочата, особено кога се користат садови со алуминиумско дно или несоодветни средства за чистење. Таквите точки тешко се отстрануваат со стандардни средства за чистење. Може да е потребно неколку пати да го повторите процесот на чистење. Со текот на времето, декорацијата ќе исчезне и ќе се јават темни дамки, како резултат на користењето агресивни средства за чистење и садови со изобличени дна.
ШТО ДА СЕ ПРАВИ ВО СЛУЧАЈ НА ПРОБЛЕМ?

Внимание
Доколку вашиот апарат е дефектен, ве молиме проверете дали можете самите да го решите проблемот со помош на ова упатство за користење.
Постојат одредени проблеми што може самите да ги решите, опишани подолу.
Осигурувачите често прегоруваат?
Обратете се до технички сервис или до електричар!
Не можете да ја вклучите индукциската плоча?
- Дали електричната инсталација (кутијата со осигурувачи) прегорела некој осигурувач? • Дали е плочата приклучена на извор на струја?
- Дали сензорските копчиња се делумно прекриени со влажна крпа, течност или метален предмет? Ве молиме отстранете ги.
- Дали користите несоодветен сад за готвење? Погледнете го делот за „Садови за готвење за индукциски плочи“.
Дали садовите за готвење што ги користите произведуваат звуци?
Ова се должи на технички причини; не постои ризик за индукциската плоча и садот за готвење.
Дали вентилаторот за разладување се уште работи откако ќе се исклучи?
Ова е нормално, со оглед на тоа што апаратот се лади.
Дали плочата произведува звуци (на потчукнување или напрснување)?
Ова се должи на технички причини и не може да се избегне.
Дали на плочата има капки или пукнатини?
Во случај на вашата стакло-керамичка плоча да се појават пукнатини или други дефекти, веднаш исклучете го апаратот. Веднаш исклучете ги осигурувачите и повикајте ја Сервисната служба.
Во случај на други грешки во работењето, ве молиме разгледајте ја следната табела пред да повикате сервисер. Подолу се дадени некои чести грешки и проверките што треба да се извршат.
| Симптоми | Што да се провери | Решение |
| Откако апаратот će се приклучи на струја и će се притисне копчето „струја“, истиот не реагира. | Да не е прекинат доводот на струја? | Почекајте струјата повторно да дојде. |
| Да не е прегорен осигурувачот или паднат прекинувачот на доводот на струја? | Внимателно проверете ги причините. Доколку проблемот не може да се реши, обратете се до нашиот Сервисен центар и побарајте да извршат проверка и поправка. | |
| Дали е кабелот правилно приклучен? | ||
| Греењето прекинува среде нормална работи и се слуша звучен сигнал. | Се користи несоодветен сад за готвење или не е ставен сад на плочата? | Заменете го садот;употребувајте садови соодветни за индукцискиот шпорет. |
| Садот за готвење не е ставен на средината на ринглата. | Ставете го садот за готвење на средината на включената рингла. | |
| Дали садот за готвење се загрева, но постојано го отстранувате од плочата? | Ставете го садот за готвење во зоната за греење. | |
| Апаратот не работи кога е включена ринглата. | Да не е садот за готвење празен или температурата превисока? | Проверете дали можеби апаратот се употребува неправилно. |
| Дали вентилот за довод / испуштање воздух е затнат или во него се насобрала нечистотија? | Одзатнете го вентилот за довод/ислуштање воздух. Почекајте апаратот да се излади, па потоа повторно включете го. | |
| Дали шпоретот работи повеće од 2 часа без да му се даде никаква наредба? | Сменете го режимот на работа или употребете ја функцијата тајмер. | |
| Се јавуваат ознаки за грешки во работењето | E0: Нема сад за готвење;E1: Низок напонE2: Превисок напонE3: Модулот на термисторот е отворен;E4: Модулот на термисторот е краток;E5: Термисторот кон изолираниот двополов транзистор е отворен;E6: Термисторот кон изолираниот двополов транзистор е краток;E7: Откажала заштитата на модулот на термисторот;E8: Прегреан термистор на перната;E9: Прегреан термисторот кон изолираниот двополов транзистор;EB: Внатрешен дефект | Доколку се јави сигнал E0 за грешка во работењето, проверете дали садот за готвење што го користите е соодветен за индукциско готвење или почекајте апаратот да се излади и потоа повторно включете го. Во случај на грешки означени со симболите E1–E8, ве молиме обратете се до Сервисниот центар заради проверка и поправка. |
Доколку со горните решенија/контроли не може да се реши проблемот, веднаш исклучете го апаратот од струја и обратете се до Сервисниот центар заради проверка и поправка. Забележете ја ознаката на грешката и пријавете ја во Сервисниот центар. За да избегнете секакви опасности и оштетувања на апаратот, не расклопувајте го и не поправајте го апаратот самите.
ГАРАНЦИЈА И ПОПРАВКИ
Доколку ви се потребни информации или имате проблем, ве молиме обратете се во Центарот за грижа за корисници на Горење (телефонскиот број ќе го најдете на глобалниот гарантен лист). Доколку во вашата земја не постои Центар за грижа за корисници, обратете се до вашиот локален дилер на Горење или до Сервисната служба за апарати за домаќинство на Горење.
Само за лична употреба!
Го задржуваме правото на какви и да е измени!