HBX1000XE - миксер GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот HBX1000XE GORENJE во PDF формат.
| Вид на производ | Блендер |
| Бренд | Gorenje |
| Модел | HBX1000XE |
| Моќност | 1000 W |
| Капацитет | 1.5 L (стаклен сад) |
| Поставки за брзина | Променлива брзина со пулсна функција |
| Материјал на сечилото | Нерѓосувачки челик |
| Материјал на садот | Стакло |
| Димензии (ВxШxД) | 400 x 200 x 200 mm |
| Тежина | 4.5 kg |
| Напон | 220-240 V, 50/60 Hz |
| Должина на кабел | 1.0 m |
| Безбедносни карактеристики | Неплолзачки ногарки, механизам за безбедносно заклучување |
| Чистење | Стаклениот сад е безбеден за машина за садови; избришете ја основата со влажна крпа |
| Достапни резервни делови | Заменски сад, склоп на сечило, капак, заптивен прстен |
| Поправливост | Поправка од овластен сервисен центар |
Често поставувани прашања - HBX1000XE GORENJE
Прашања на корисниците за HBX1000XE GORENJE
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот миксер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник HBX1000XE - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. HBX1000XE на марката GORENJE.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК HBX1000XE GORENJE
Упатства за употреба МК
Инструкции за употреба BG
Návod na obsluhu PL
MK Упатства за употреба....12
EN Instruction manual 16
RO Instructiuni de utilizare ....19
CS Návod k obsluze....23
- Погонска единица
- Soft/Touch копче за вклучување и исклучување
- Soft/Touch копче за ТУРБО работење
- Коче за дотерување брзина
- Нога за мешање од челик што не орғосува
- Наставка за сечкање
- Нож за сечкање
- Сад за сечкање
- Наставка за метле
- Метле
- Бокал
Како да се употребува апаратот
Вашата стапчеста мешалка е наменета за употреба во домаќинството и не е предвидена за употреба во локали. Употребувајте ја за обработка на количества храна кои се вообичаени за домаќинство. Грижливо чувајте ги упатствата за употреба и, според потреба, предадете им ги на наредниот корисник. Пред првата употреба избришете ја мешалката и приклучоците со влажна крпа. Пред приклучување во мрежна приклучница, апаратот најпрвин правилно составете го. Поголеми состојки пред обработка нарежете на 2 см големи парчиња. Жешки состојки, пред да ги сечкате или турите во бокалот, да се оладат (највисока температура 80 °C).
Важни безбедносни предупредувања
За да смалите ризик од пожар, електричен удар и/или телесни повреди, при употреба на електрични апарати е потребно да се земат во обѕир некои основни безбедносни упатства, меѓу кои се и следниве:
- Внимателно прочитајте ги упатствата, и покрај тоа што апаратот веќе го познавате.
- За да спречите евентуален електричен удар, не потопувајте го апаратот, кабелот или втакнувачот во вода или друга течност.
Оваа опрема е означена согласно европската директива 2012/19/EU за отпадна електрична и електронска опрема (waste electrical and electronic equipment - WEEE). Директивата определува барања за собирање и постапување со отпадна електрична и електронска опрема, кои важат во целата Европска Унија.
- Апаратот ќе го исчистите така што надворешниот дел на куќиштето го избришете со влажна крпа.
- Кога апаратот не го употребувате, кога го составувате или раставувате и пред чистење, секогаш да го
исклучите апаратот од електричната мрежа. Притоа никогаш не влечете за кабелот.
- Ако се електричниот приклучен кабел или втакнувачот оштетени, ако дошло до грешка при работењето на апаратот или ако тој паднал на подот, односно е на друг начин оштетен, да не го употребувате апаратот. Целиот апарат вратете му го на најблискиот овластен сервисер, каде што ќе го прегледаат и според потреба поправат електричниот или механичкиот дел и ќе извршат потребни дотерувања.
- Ако за апаратот употребувате приклучоци или помагала кои не ги продава или препорачува производителот на апаратот, може да дојде до пожар, електричен удар или телесни повреди.
- Не го пренаполнувајте апаратот.
- Внимавајте електричниот кабел да не виси преку работ на масата или друга работна површина и да не е во контакт со жешки површини.
- Не допирајте ги жешките површини, користете ги рачките и копчињата.
- Не користете го апаратот во близина на жешки површини (на пример, гасни или електрични шпорети или жешки рерни); исто така, не ставајте поединечни делови на апаратот во близина на овие извори на високи температури.
- Внимавајте да не го оштетите кабелот. Никогаш не го носете апаратот држејќи го само за кабелот и никогаш не го влечете
кабелот кога сакате да го исклучите апаратот од електричната мрежа; тоа правилно ќе го направите држејќи го приклучокот.
- Ако користите продолжен кабел или разводник, уверете се дека одговара на барањата на апаратот.
- Апаратот е наменет исклучиво за употреба во домаќинството.
- Не обидувајте се сами да го поправите апаратот. Однесете го во најблискиот сервисен центар или кај овластен дистрибутер.
- Овој апарат можат да го користат деца кои наполниле 8 години, лица со намалени физички, сетилни или ментални способности, како и лица кои немаат доволно искуство и знаење, ако се под надзор или биле обучени како да го користат апаратот на безбеден начин и ги разбрале опасностите кои можат да се појават. Децата мора постојано да бидат под надзор за да се осигурате дека не си играат со апаратот.
- Чистењето и корисничкото одржување не треба да го изведуваат деца кои не наполниле 8 години и кои не се под надзор.
- Претпазливо постапувајте со острите сечила, особено за време на отстранување или празнење на садот, како и за време на чистење.
- Не допирајте ги сечилата на стапчестата мешалка, особено кога апаратот е приклучен на електричната мрежа. Сечилата се многу остри.
- Ако сечилата се заглават, исклучете го апаратот од електричната мрежа и дури потоа отстранете ја храната која ги пречи.
- При употреба или чистење на единицата за сечење или комбинираната плоча, бидете крајно претпазливи, бидејќи рабовите за сечење се исклучително остри. Бидете особено претпазливи при нивното чистење и при празнењето на садот.
- Садот не е погоден за употреба во микробранова печка. • Ниво на бучава: Lc < 72 dB (A)
Употреба
Предупредување! Стапчестата мешалка не е погодна за подготовка на пире од компири.

- Целосно одмотете го приклучниот кабел.
- Приклучокот за мешање (5) приклучете го на погонската единица (1), така што ќе го вртите во насока на стрелката на часовникот додека не се закачи.
- Во приложениот или друг сад ставете ги состојките.
- Фатете го апаратот и садот и притиснете го копчето за вклучување.
- За вклучување на апаратот, притиснете и држете го копчето за обична брзина (2) или копчето за турбо брзина (3). При употреба на копчето за обична брзина, можете да ја дотерате брзината со избирачот за брзина (4). При повисока брзина, времето за обработка е пократко. За да изберете друга брзина, завртете го избирачот
за брзина (3) на саканото ниво, пред или додека го притискате копчето за обична брзина (2). При употреба на копчето за ТУРБО брзина (3), апаратот работи со највисока брзина. Во овој случај, брзината не може да се дотера со избирачот за брзина.
ВНИМАНИЕ: Апаратот не смее да работи непрекинато повеќе од 30 секунди. Никогаш не вклучувајте го апаратот кога е празен.
Забелешка: Исклучете ја мешалката најпрвин, а потоа извадете ја од храната.
Универзална сецкалка
Предупредување! Пред сечење на месото, отстранете ги жилите, коските и 'рскавицата. Универзалната сецкалка не е погодна за сечење зрна кафе или рен.

- Садот за сецкање (8) ставете го на мазна, чиста работна површина и притиснете го надолу. Потоа, ставете го ножот за сечкање (7).
- Во садот ставете ги состојките.
- Садот за сецкалката покријте го со наставката за сецкање (6), која ќе ја завртите во спротивна насока од стрелката на часовникот (ќе се слушне „клик“).
- На наставката за сечкање (6) прицврстете ја погонската единица (1) (ќе се слушне „клик“).
- Фатете го апаратот и сецкалката и притиснете го тастерот за вклучување (2) со употреба на копчето за дотерување брзина (4) или копчето за ТУРБО работење (3).
Забелешка: Ако состојките се лепат на внатрешната страна од садот, ослободете го копчето за да го исклучите апаратот и отстранете ги состојките од лопатката или додадете малку течност.
- ВНИМАНИЕ: Апаратот да не работи непрекинато повеќе од 30 секунди. Никогаш да не го вклучувате апаратот кога е празен.
Употреба на метлицата
Пред да ја приклучите метлицата на главната единица, проверете дали апаратот е приклучен на електричната мрежа.

- Ставете ја метлицата (10) во наставката за мешање (9) и завртете ја во насока на стрелките на часовникот (ќе се слушне „клик“).
- Во садот додајте ги состојките.
- Фатете го апаратот и сецкалката и притиснете го тастерот за вклучување (2) со употреба на копчето за дотерување брзина (4) или копчето за ТУРБО работење (3).
ВНИМАНИЕ: Апаратот да не работи непрекинато повеќе од 30 секунди. Никогаш да не го вклучувате апаратот кога е празен.
ЧИСТЕЊЕ И НЕГА
Предупредување! Апаратот да не го потопувате во вода и да не го миете во машина за миење садови.
- Апаратот избришете го со влажна, а потоа со сува крпа.
- Бокалот (11), метлицата (10), садот за сечкање (8) и ножот за сечкање (7) можете да ги миете во машина за садови.
- Наставката за сечкање (6), ногата за мешање (5) и наставката за метлица (9) избришете ги со влажна крпа или четка под млаз вода.
Напомена: При обработка на на пример црвена зелка, пластичните делови може да се обојат во црвено. Оваа обвивка можете да ја отстраните со неколку капки масло за јадење.
ЖИВОТНА СРЕДИНА
По истекот на работниот век, не фрлајте го апаратот заедно со обичниот домашен отпад, туку оставете го на официјално собирно место за рециклирање. На тој начин ќе придонесете за зачувување на животната средина.
ГАРАНЦИЈА И СЕРВИС
За информации или во случај на проблеми, обратете се до сервисниот центар на Gorenje во вашата земја (телефонскиот број ќе го најдете во меѓународната гарантна картичка). Ако во вашата земја нема таков центар, обратете се до локалниот продавач на Gorenje или до одделот за мали апарати за домаќинство на Gorenje.
Само за лична употреба!
Го задржуваме правото на измени!

Апаратот е наменет за домашна употреба.
Само за лична употреба!