SMK150E - кафемашина GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот SMK150E GORENJE во PDF формат.
| Тип на производ | Експрес за кафе под притисок |
| Модел | SMK150E |
| Марка | Gorenje |
| Димензии (шир. x дла. x вис.) | 25 x 30 x 33 cm |
| Тежина | 3,5 kg |
| Напојување | 220-240 V, 50 Hz |
| Моќност | 1050 W |
| Капацитет на резервоарот за вода | 1,2 l |
| Притисок на пумпата | 15 bar |
| Функции за варење | Espresso, cappuccino, latte macchiato |
| Систем за пенење на млеко | Парна млазница со регулација |
| Автоматска програма | Да, со регулација на моќноста и температурата |
| Филтер за вода | Вграден, заменлив |
| Функција против капење | Да |
| Дисплеј | LED |
| Контролен панел | Допирни копчиња |
| Материјал на куќиштето | Пластика, нерѓосувачки челик |
| Лесна монтажа и чистење | Да, извадлив сад за кафе и фиока за капење |
| Функција за самочистење | Програма за испирање и одкаменување |
| Безбедност | Автоматско исклучување по 30 мин, блокирање од прелевање |
| Достапни резервни делови | Да: филтри, заптивки, садови |
| Гаранција | 2 години |
Често поставувани прашања - SMK150E GORENJE
Прашања на корисниците за SMK150E GORENJE
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот кафемашина во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник SMK150E - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. SMK150E на марката GORENJE.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК SMK150E GORENJE
Упатства за употреба МК
Инструкции за употреба BG
МК Упатства за употреба .....8
EN Instruction manual ....10
BG Инструкции за употреба ..... 16
1. Проширен капак со безбедносен прекинувач. 2. Куќиште. 3. Сад. 4. Нож. 5. Копче за вклучување и исклучување / дотерување брзина.
Општи упатства за безбедност
Ве молиме внимателно да ги прочитате сите информации бидејќи содржат важни упатства за безбедност, употреба и одржување на апаратот. Упатствата за употреба грижливо чувајте ги и по потреба посредувајте му ги на друг корисник. Апаратот одговара на признатите технички правила и
важечки прописи за безбедност на електричните апарати. Поправки на електричните апарати смее да врши само стручњак. Нестручното поправање може да биде мошне опасно за корисникот. Производителот не одговара за евентуална штета предизвикана поради неадекватна употреба или погрешно ракување. Корисникот на апаратот задолжително мора да ги почитува следниве предупредувања:
- Не вклучувајте го апаратот ако е расипан;
- За да осигурате безбедно работење на апаратот при приклучувањето и вклучувањето земете ги во предвид податоците на натписната табличка;
- Во случај на дефект исклучете го апаратот од електричната мрежа (извадете го приклучокот на приклучниот кабел од штекерот);
- Овој апарат можат да го користат деца кои веќе наполниле 8 години, лица со намалени физички, сетилни или ментални способности како и лица кои немаат доволно искуство и знаење ако се под надзор или биле обучени како да го користат апаратот на безбеден начин и ги разбрале опасностите кои можат да се појават. Децата мора постојано да се под надзор за да се осигурате дека тие не си играат со апаратот.
- Чистењето и корисничкото одржувањето не треба да го изведуваат деца кои не наполниле 8 години и кои не се под надзор.
- При тоа не влечете го приклучниот кабел, туку повлечете го приклучокот;
- Не влечете го приклучниот кабел преку остри рабови и не го употребувајте за пренесување на апаратот;
- Не влечете го приклучниот кабел преку жешки места за готвење или преку отворен оган;
- Поправките и другите посегнувања во апаратот препуштете му ги на стручњак или на сервисната служба.
- Не дозволувајте им на децата да ракуваат со апаратот;
- Апаратот чистете го само со сува или влажна крпа. При тоа задолжително извадете го приклучокот на приклучниот кабел од штекерот.
Апаратот никогаш не го потопувајте во вода;
- Отслужените апарати онеспособете ги за евентуална понатамошна употреба. Извадете го приклучокот на приклучниот кабел и отсечете го кабелот. Потоа отстранете го апаратот на пропишан начин. • Ниво на бучава Lc < 80 dB (A)
Овој апарат е означен според европскиот пропис
Прописот ја дава рамката за враќање и искористување
на старите апарати, важечко ширум Европа.
Упатства за безбедност при употреба на апаратот
- Мелницата за кафе е наменета за мелење кафе.
- Мелницата ќе почне да работи веднаш по правилното наместување на капакот, во кој е вграден безбедносен прекинувач.
- Кога мелницата не ја употребувате или кога ја чистите, прекинете го доведувањето на електрична енергија до апаратот (извадете го приклучокот на приклучниот кабел од штекерот).
- Апаратот не бара посебно одржување. Во случај мелницата или приклучниот кабел да се оштетат, поправката нека ја изврши стручно лице.
Капацитет
Во садот ставете сакано количество кафе (најмногу 60g). На садот ставете го капакот со прекинувач. Прекинувачот притиснете го надолу. Колку фино или грубо е кафето сомелено, зависи од количеството кафени зрна и времето за мелење.
Чистење
Пред чистењето извадете го приклучокот на приклучниот кабел од штекерот! Садот и капакот на мелницата чистете ги со четка или со сува крпа. Куќиштето можете да го избришете со сува крпа.
Сервисна служба
Доколку апаратот се расипе, на располагање ви е стручно оспособен продавач односно нашата сервисна служба. Апаратот можеме веднаш да го провериме со современите дијагностички апарати и по потреба веднаш да го поправиме.
ЖИВОТНА СРЕДИНА
Не го фрлајте апаратот во нормален домашен отпад, туку во официјална колекција наменета за рециклирање. Со ова, вие помагате да се зачува животната средина.
ГАРАНЦИЈА И СЕРВИС
Ако ви требаат информации, или ако имате проблем, ве молиме контактирајте го Gorenje центарот за грижа на корисници во вашата земја (види телефонски број во меѓународната гаранција). Ако вашата земја нема таков центар, контактирајте го вашиот локален дилер или Gorenje, Gorenje делот за мали апарати за домаќинство. Не е за комерцијална употреба!
GORENJE ВИ ПОСАКУВА ГОЛЕМО ЗАДОВОЛСТВО ПРИ УПОТРЕБАТА НА ВАШИОТ АПАРАТ! Го задржуваме правото до промени.


Само за лична употреба!