TKM8961B - кафемашина BEKO - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот TKM8961B BEKO во PDF формат.
| Тип на производ | Машина за турско кафе |
| Бренд | Beko |
| Модел | TKM8961B |
| Номинална моќност | 1100 W вкупно; Индукционо греење: 2 x 525 W = 1050 W |
| Напон | 220-240 V AC, 50-60 Hz |
| Капацитет на резервоарот за вода | 1.5 L |
| Поставки за големина на чаша | Мала (60 ml), Средна (70 ml), Голема (80 ml) по порција |
| Максимален број порции | 3 порции по саксија (вклучени две саксии) |
| Зони на греење | Две независни индукциони зони (лево и десно) |
| Контролна табла | Допрински копчиња за 1/2/3 порции по страна, прилагодување на големина на чаша, вклучување/исклучување |
| Автоматски систем за мешање | Да, за постојана пена |
| Безбедносни карактеристики | Заштита од прегревање, автоматско исклучување, сензори за откривање, индикатори за грешки |
| Режим на мирување | По 3 минути неактивност |
| Материјали во контакт со храна | Да |
| Вклучени додатоци | 2 саксии за кафе, лажичка за мерење |
| Чистење | Рачно миење на саксиите; отстранување на камен со лимонска киселина; бришење на надворешноста со влажна крпа |
| Отстранување камен | Користете кристали лимонска киселина растворени во врела вода, оставете да отстои 10 минути |
Често поставувани прашања - TKM8961B BEKO
Прашања на корисниците за TKM8961B BEKO
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот кафемашина во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник TKM8961B - BEKO и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. TKM8961B на марката BEKO.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК TKM8961B BEKO
Прво прочитајте го упатството!
Ви благодариме што го избравте овој уред на Веко. Се надеваме дека ќе постигнете најдобри резултати со уредот, којшто е произведен со врвна и висококвалитетна технологија. Од таа причина, внимателно прочитајте го целото упатство и целата друга придружна документација пред да го користите уредот и зачувајте го за идна потреба. Ако го дадете уредот на други, дајте им го и упатството. Следете ги упатствата и обрнете внимание на сите информации и предупредувања во упатството.
Следните симболи се користат низ разните поглавја на ова упатство:

Важни информации и корисни совети за употреба.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Предупредувања за опасни ситуации во однос на безбедноста по животот и имотот.

Одговара за контакт со храна.

Предупредување за струен удар.

Функционално заземјување

Класа на заштита од струен удар.

Овој производ е произведен во еколошки и најсовремени простории.
- Контролен панел
- Лева преграда, копче за варење 3 дози кафе
- Лева преграда, копче за варење 2 дози кафе
- Лева преграда, копче за варење 1 доза кафе
- LED индикатор за вода
- Десна преграда, копче за варење 1 доза кафе
- Десна преграда, копче за варење 2 дози кафе
- Десна преграда, копче за варење 3 дози кафе
- Мала, средна и голема доза - копчиња за одредување големина на шолја
- Резервоар за вода (1,5 литри)
- Кабел за струја
- Копче за вклучување/исклучување
- Површина за загревање десна преграда
- Површина за загревање лева преграда
- Гезвиња за варење кафе - 2
- Сензор за варење кафе на десна преграда
- Сензор за варење кафе на лева преграда
- Лажички за мерење кафе
Технички податоци
Моќност: Вкупна номинална влезна моќност: 1.100 W
Влезна моќност за индукциско загревање:
2 X 525 W = 1.050 W
Напон: 220-240 V AC ~, 50-60 Hz
Класа на електрична изолација: ||

Правата за технички и дизајнерски модификации се задржани.
Вредностите што се наведени на ознаките видливи на вашиот уред или во другите испечатени документи доставени со него, претставуваат вредности добиени лабораториски во согласност со релевантните стандарди. Овие вредности може да варираат според искористеноста на уредот и околните услови.
Важни упатства за безбедноста и животната средина
Ова поглавје содржи безбедносни упатства што ќе ви помогнат да се заштитите од лична повреда или штета по имотот. Непочитувањето на овие упатства значи поништување на сите видови на гаранција.
1.1 Општа безбедност
- Овој уред е усогласен со меѓународните безбедносни стандарди.
- Не употребувајте го уредот надвор и во бањата.
- Не преземаме одговорност или гарантни побарувања за штети предизвикани со погрешна употреба или неправилно ракување со уредот.
- Никогаш не обидувајте се да го расклопите уредот или да ги отстраните деловите монтирани на него.
- Употребувајте само оригинални делови или делови препорачани од производителот.
- Секогаш користете го уредот на стабилна, рамна, чиста и сува површина што не се лизга.
- Не ставајте никакви други состојки освен кафе и шеќер во гезвињата за варење кафе.
- Не пијте го свареното турско кафе директно од гезвињата за варење.
- Машината за турско кафе е направена да работи на температура меѓу 4 и 37 °C и на релативна влажност од 80%.
- При првото користење, може да видите пареа и да почувствувате мирис од грејните елементи како резултат на технологијата употребена за нивно производство. Тоа е нормално. Исчезнува по неколку варења.
- ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не поместувајте го уредот и не отстранувајте го гезвето додека кафето се вари.
- Не поместувајте го уредот додека е загреан или кога има кафе во гезвето.
Важни упатства за безбедноста и животната средина
- Гезвето за варење кафе и грејните површини се загреваат за време на употребата. Поради таа причина, не допирајте ја грејната површина или гезвето за време и по употребата (додека не се излади).
- ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Кога варите кафе, може да се појави жешка пареа над гезвето. Избегнувајте да ги допирате тие делови за да ги избегнете ефектите на жешката пареа.
- Избегнувајте да ги допирате жешките површини и држете го гезвето само за рачката.
- Уверете се дека уредот е исклучен пред да го преместите.
- Основата (површината со црно стакло) врз која се става џезвето за варење кафе, се загрева додека работи. Затоа, не допирајте ја додека е во употреба и додека уредот не се излади.
- Заради дополнителна заштита, уредот треба да биде приклучен во штекер поврзан со осигурувач од максимум 30 mA за заштита од превисока струја.
- Приклучувајте го во заземјен штекер.
- Ако се оштети кабелот за струја, веднаш престанете да го користите за да спречите некаква опасност и повикајте го производителот, сервисниот агент или квалификувано лице да го замени.
- Не користете го уредот ако самиот уред или кој било дел е оштетен. Повикајте овластен сервис.
- Не употребувајте го уредот со продолжен кабел.
- Не потопувајте го уредот, кабелот или приклучокот за струја во вода или други течности.
- Не допирајте го уредот или приклучокот за струја со влажни или мокри раце.
Важни упатства за безбедноста и животната средина
- Поставете го уредот така што приклучокот ќе биде секогаш лесно пристапен.
- Спречете оштетување на кабелот за струја со тоа што нема да го притискате, превиткувате или триете од остри рабови. Држете го кабелот за струја понастрана од жешки површини и отворен пламен.
- Погрижете се да нема опасност од ненамерно повлекување или сопнување од кабелот за струја додека уредот се употребува.
- Исклучете го уредот од струја пред да го чистите и никогаш не чистете го додека е во употреба.
- Не влечете го кабелот за струја со цел да го исклучите од штекер и не виткајте го кабелот околу самиот уред.
- Напонот во вашиот дом треба да биде во согласност со информациите што се наоѓаат на плочката на уредот.
- Не употребувајте го уредот во или близу места каде што има запаливи материјали или каде што околината е запалива.
- Не употребувајте го уредот веднаш до или во близина на извори на топлина (плотна, скара, грејач, шпорет итн.).
- Држете го уредот понастрана од извори на пареа и избегнувајте да го употребувате во средина што содржи преголема пареа.
- Не употребувајте го џезвето за варење кафе со какво било друго грејно тело (плотна итн.) освен со уредот.
- Не ставајте ништо врз уредот (шолји, џезвиња итн.).
- Овој уред не одговара за комерцијална употреба. Наменет е да се употребува за лични потреби: -во дуќани, канцеларии и кујни во други работни средини, -на фарма,
Важни упатства за безбедноста и животната средина
-од гости во хотели, мотели и други резиденцијални места -во места за преспивање и служење појадок. - Уредот може да се користи само за варење кафе. - Ве советуваме крајно да внимавате кога го употребувате во близина на деца и лица со ограничени физички, сензорни или ментални способности. - Овој уред може да го употребуваат деца коишто се на возраст од 8 години или постари и луѓе чиишто физички, перцептивни или ментални вештини се намалени или коишто се неискусни или без познавања за уредот, сè додека се надгледувани или информирани и ја разбираат безбедната употреба на уредот и опасностите што произлегуваат од тоа. Деца не треба да си играат со уредот.
- Задачите за чистење и одржување на производот не треба да се даваат на деца над 8-годишна возраст, освен ако се под надзор на постари лица.
- Ако го чувате пакувањето за идна употреба, чувајте го понастрана од деца.
- Чувајте го уредот подалеку од дофат на деца под 8-годишна возраст.
- Надгледувајте ги децата за да спречите да си играат со уредот.
- Производот содржи само функционално заземјување.
- Ако имате пејсмејкер, консултирајте се со производителот пред да го употребувате уредот.
- Чистете го и грижете се за уредот во согласност со делот „Чистење и одржување“ во ова упатство.
Важни упатства за безбедноста и животната средина
- ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ако површината за варење кафе е оштетена (напукната, скршена итн.), веднаш исклучете го производот од штекер и не употребувајте го за да спречите струен удар, а потоа стапете во контакт со овластен сервис.
- Не полнете го резервоарот за вода со каква било друга состојка (млеко, млеко во прав) освен со вода.
- Не надминувајте ја ознаката за максимално ниво на вода на резервоарот.
- Кога варите кафе, не мешајте го кафето со лажичка или каков било друг предмет и не нарушувајте го процесот на варење.
- Не оставајте метални предмети (како прибор за јадење) врз жешките површини за варење бидејќи може да се загреат.
- Не употребувајте го уредот со надворешен тајмер или систем за далечинска контрола.
- Уредот не може да се употребува како вграден и не е наменет да се употребува во некаков орман. Не ставајте ја машината за кафе во орман додека таа работи.
1.2 Усогласеност со директивата за WEEE и исфрлање на производот

Овој производ не содржи штетни или забранети материјали како што е наведено во „Регулативата за супервизија на отпадни електрични и електронски уреди“ издадена од Министерството за животна околина и урбанизација. Производот е усогласен со директивата за WEEE за електричен и електронски отпад. Производот е направен од висококвалитетни делови и материјали што може да се рециклираат и користат повеќекратно. Затоа, не исфрлајте го уредот со домашниот и другиот отпад кога ќе му помине работниот век. Однесете го во собирен центар за рециклирање на електрични и електронски уреди. Стапете во контакт со локалните власти за да ве информираат околу собирните центри во вашиот регион. Помогнете во заштитата на животната средина и природните ресурси со рециклирање на употребените производи.
1
Важни упатства за безбедноста и животната средина
1.3 Информации за пакувањето

Пакувањето на производот е изработено од рециклирачки материјал согласно националните закони. Не фрлајте го материјалот од пакувањето заедно со домашниот или друг отпад. Однесете го во центрите за собирање материјали од пакувања посочени од локалните власти.
2 Употреба
2.1 Првична употреба

Прочитајте го целото упатство за употреба пред да го употребувате производот.
Погрижете се уредот да е исправен и на рамна, чиста и сува површина што не се лизга.

Поставете го производот исправено на рамна, чиста и сува површина.
Полека извлечете го гезвето за варење кафе (15) од својата позиција.
Рачно измијте ги резервоарот за вода (10) и гезвето за варење кафе (15) и избришете ги.

За да сварите вкусно кафе, гледајте внатрешноста на гезвето (15) да е сува и чиста.

Погрижете се да нема капки вода под гезвето за варење (15) кога подготвувате кафе. Во спротивно, може да слушате звуци кога капките ќе дојдат во контакт со површината за варење.

Вметнете го приклучокот (11) во штекер. Притиснете го копчето за вклучување и исклучување (12) на позиција „On“ (I) - Сите копчиња на контролниот панел (1) ќе станат бели.
Отворете го капакот на резервоарот за вода. Полека повлечете го и отстранете го додека ја држите рачката.
Наполнете го резервоарот за вода (10) до некое ниво меѓу ознаките за минимум и максимум. Вратете го капакот и затворете го.
2 Употреба

Ако сакате, можете да го наполните резервоарот за вода (10) и без целосно да го отстранувате. Повторете го истиот процес кога уредот ќе ве предупреди дека водата е истрошена (5).
За да ја наполните пумпата и системот со вода, испуштете го воздухот од системот:

Ставете го гезвето за варење кафе врз грејната површина (14) во левата преграда. Притиснете го копчето за варење кафе во левата преграда за 3 дози кафе (2).

Штом ќе заврши пумпањето вода, притиснете го и држете го истото копче 3 секунди за да го завршите процесот на варење кафе.

Земете го гезвето (15) и истурете ја водата во мијалникот.

Така се гарантира правилна работа на пумпата во уредот.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Повторувајте го овој процес и откако ќе го отстраните/ставите резервоарот од/на место и пред да варите кафе.
За да ја приспособите количината вода согласно големината на шолјата за кафе:
| Мала шолја за една доза Во просек 60 милилитри. | |
| Средна шолја за една доза Во просек 70 милилитри. | |
| Голема шолја за една доза Во просек 80 милилитри. |
2 Употреба

Ставете го гезвето за варење кафе (15) врз грејната површина во левата преграда (14). Притиснете го копчето за варење кафе во левата преграда за 1 доза кафе (4).

Штом ќе заврши пумпањето вода, притиснете го и држете го истото копче 3 секунди за да го завршите процесот на варење кафе, а потоа сипете ја водата од џезвето (15) во шолја.

Ако имате премалку или премногу вода во шолјата, притиснете го копчето за приспособување на големината за да изберете мало, средно или големо кафе (9). Можете да го притиснете копчето за приспособување големина (9) за да ги менувате нивоата. Штом се вклучи LED сијаличката за посакуваната големина на шолја, завршете го процесот.

LED сијаличката за големина ќе го прикаже нивото на коешто е поставен уредот. Повторете го процесот за приспособување на количината кога ќе употребите шолја со поразлична големина.
2.2 Варење кафе

Ставете ја посакуваната количина кафе и шеќер (максимум за 3 дози) во џезвето за варење кафе (15).

Поставете го џезвето (15) на место за да се свари кафето. Малку притиснете го копчето што се наоѓа во преградата во којашто сте го ставиле џезвето (15) и ќе се прикаже бројот на дози врз основа на количината кафе што сте ја додале. - Сијаличката на избраното копче ќе засвети во бела боја.

Штом заврши процесот на варење кафе, ќе слушнете звук за предупредување и LED сијаличката од копчето за варење кафе ќе трепка во бела боја. Штом LED сијаличката смени нијанса на бела боја, полека извлечете го џезвето за варење (15) од преградата и сипете кафе во шолја.
2 Употреба

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
- Внимавајте да не ви се истури кафе врз грејната површина (13-14). Ако капне кафе врз грејната површина, избришете со малку влажна крпа пред да се исуши.
- Не користете го џезвето за варење кафе со друг уред освен со оваа машина за варење кафе! (на пример, плотна итн.)
- Уредот нема да почне да работи ако џезвето (15) не е правилно поставено во позиција.
- Целосно вметнете го џезвето назад во исправена позиција. Во спротивно, производот нема да работи.

- Времето потребно за варење кафе е меѓу 1 и 1 и пол минута за 1 лице, 1 и пол до 2 и пол минути за 2 лица и 2 до 3 и пол минути за 3 лица.
- За да сварите повкусно кафе, извадете го џезвето за варење (15) од позиција порано!
- Истурете го кафето во шолја со брз потег за да спречите кајмак и талог да останат во гезвето (15).
- Ако сакате да го откажете процесот на варење од каква било причина, притиснете и држете го соодветното копче за варење во траење од 3 секунди.
2.3 Количини
Овој уред е лесен за користење и наменет е за варење турско кафе. Можете да подготвите турско кафе коешто одговара на вашиот вкус со помош на табелата за количини. Следните количини се дадени само информативно. Можете да ги приспособувате согласно личниот вкус.
- Додајте доволно кафе за едно, две или три лица со помош на лажичката за мерење, посакуваната количина шеќер и потребната количина вода во гезвето за избраната големина на шолја (препорачаната големина е 65 милилитри).
- Овие количини се за една доза во средна шолја. Можете да ја користите лажичката за мерење што сте ја добиле со производот со цел да ја измерите количината кафе. За вкусно кафе со повеќе кајмак, употребете свежо мелено кафе за правење турско кафе.
| Препорачани количини на сostoјки за варење кафе | ||||
| Без шеќер Со малку шеќер | Со средна количина шеќер | Благо | ||
| Кафе | 1 мера | 1 мера | 1 мера | 1 мера |
| Шеќер | - | 1/2 коцка шеќер / 1/2 лажичка шеќер во гранули | 1 коцка шеќер / 1 лажичка шеќер во гранули | 2 коцки шеќер / 2 лажички шеќер во гранули |
*Овие количини се за една доза. *Можете да подготвите максимум 3 дози во едно гезве. *Препорачуваме да употребувате коцки шеќер со цел полесно приспособување на количината шеќер.
2 Употреба
2.4 Режим за мирување
Ако не правите ништо на уредот во период од 3 минути, ќе испушти предупредувачки звук (бипкање) и ќе премине во режим на подготвеност. Ако го притиснете копчето за варење кафе или копчето за приспособување големина на шолја, ќе слушнете предупредувачки звук и уредот ќе се вклучи за работа.
2.5 Известувања
Производот е подготвен за варење кафе
LED сијаличката за избраната големина на шолја е постојано бела. LED сијаличките на копчето за варење кафе се со поинаква нијанса на бела.
Варење кафе
LED сијаличката на избраното копче за варење кафе е постојано бела.
Процесот на варење кафе е готов.
LED сијаличката на избраното копче за варење кафе трепка во бела боја.
Грешка поради надминато ниво.
LED сијаличката на избраното копче за варење трепка во црвена боја.

Почекајте.
Не поместувајте го џезвето.
Отстранете го џезвето и турете кафе во шолја пред да послужите.
Исклучете го производот. Извадете го џезвето. Употребете влажна крпа за да ја исчистите основата на џезвето, грејната површина (проверете да е изладена) и стаклото на сензорот. Можете повторно да го вклучите производот за да сварите друго кафе. Стапете во контакт со овластен сервис ако грешката се појави повторно.
2 Употреба
Грешка поради надминато ниво.
LED сијаличката на избраното копче за варење трепка во црвена боја.
Грешка со џезвето за варење кафе 1.
LED сијаличката на копчето за варење кафе од соодветната преграда трепка во црвена боја.
Грешка со џезвето за варење кафе 2.
LED сијаличките на копчињата за варење кафе постојано светат во црвена боја.
Нема вода
Индикаторската LED сијаличка свети постојано во црвена боја

Исклучете го производот. Извадете го џезвето. Употребете влажна крпа за да ја исчистите основата на џезвето, грејната површина (проверете да е изладена) и стаклото на сензорот. Можете повторно да го вклучите производот за да сварите друго кафе. Стапете во контакт со овластен сервис ако грешката се појави повторно.
Исклучете го производот. Извадете го џезвето. Употребете влажна крпа за да ја исчистите основата на џезвето, грејната површина (проверете да е изладена) и стаклото на сензорот. Можете повторно да го вклучите производот за да сварите друго кафе. Стапете во контакт со овластен сервис ако грешката се појави повторно.
Исклучете го производот. Извадете го џезвето. Употребете влажна крпа за да ја исчистите основата на џезвето, грејната површина (проверете да е изладена) и стаклото на сензорот. Можете повторно да го вклучите производот за да сварите друго кафе. Стапете во контакт со овластен сервис ако грешката се појави повторно.
Наполнете го резервоарот со вода до максималното ниво. (Ако нема вода, ќе се исклучат копчињата за варење кафе и нема да можете да изберете ништо).
3 Чистење и одржување
3.1 Чистење

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
- Со оглед дека уредот се загрева за време на варењето, почекајте да се излади кога ќе сакате да го исчистите.
- Никогаш не употребувајте бензин, растворувачи, абразивни средства за чистење, метални предмети или тврди четки кога го чистите уредот.
- Никогаш не потопувајте го апаратот, неговиот кабел за напојување или приклучокот за струја во вода или некоја друга течност.
- Употребувајте сува крпа за да ги избришете капките вода што се појавуваат врз стаклото на сензорот (16-17) по неколку варења кафе.
- Не мијте го џезвето (15) во машината за садови.

Ставете го копчето за вклучување и исклучување (12) на уредот во позиција „Off" (0). Исклучете го уредот од струја. Почекајте да се излади.

Употребете влажна крпа и мала количина средство за миење садови за да ја исчистите надворешната површина на уредот.

Отстранете го резервоарот за вода (10) од уредот. Измијте го под вода што тече со малку средство за миење садови. Потоа, вратете го.

Измијте го џезвето на рака. Потоа, исушете го. Откако ќе биде суво, вратете го во

3 Чистење и одржување
3.1.2 Отстранување бигор
За навремено да ги исчистите дамките (наслагите) што може да се појават во џезвето без да ја оштетите површината на внатрешноста, истурете една лажичка кристали лимонска киселина во џезвето и ставете зовриена вода што ќе исполни 1/3 од џезвето. Почекајте 10 минути. Откако ќе поминат 10 минути, можете да го исплакнете џезвето (15) и повторно да го употребувате.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ако не го правите ова почесто, внатрешноста на резервоарот ќе биде покриена со бигор и нема да функционира резервоарот.
3.2 Чување
- Доколку немате намера да го користите уредот подолго време, складирајте го внимателно.
- Гледајте уредот да е исклучен од струја, да е изладен и целосно сув.
- Чувајте го уредот на ладно и суво место.
- Држете го уредот и кабелот за струја понастрана од дофат на деца.
3.3 Ракување и транспорт
- За време на ракувањето со уредот и неговото транспортирање, носете го во неговото оригинално пакување. Пакувањето го заштитува од секакви физички оштетувања.
- Не ставајте тешки работи врз уредот или врз пакувањето. Уредот може да се оштети.
- Доколку ви падне на земја, може да престане да работи или да биде трајно оштетен.
4 Технолошки карактеристики на уредот

Автоматски систем за мешање што се грижи кафето да биде пенливо и идеално конзистентно

Технологија што овозможува да направите кафе со најдобра конзистентност.

Дополнителен безбедносен систем што ја елиминира потребата да внимавате дали кафето е готово
5 Пред да повикате овластен сервис

Прво, проверете дали уредот е вклучен во струја.

Проверете дали има прекин или оштетување на кабелот.

Проверете дали има доволно вода во резервоарот за вода и дали е ставен на место.

Исчистете го стаклото за детектирање ниво.
Најпрво прочитајте го овој прирачник!
Почитуван купувачу,
Ставете ја посакуваната количина кафе и шеќер (максимум за 3 дози) во џезвето за варење кафе (15).

Поставете го џезвето (15) на место за да се свари кафето. Малку притиснете го копчето што се наоѓа во преградата во која што сте го ставиле џезвето (15) и ќе се прикаже бројот на дози врз основа на количината кафе што сте ја додале. - Сијаличката на избраното копче ќе засвети во бела боја.

Штом заврши процесот на варење кафе, ќе слушнете звук за предупредување и LED сијаличката од копчето за варење кафе ќе трепка во бела боја. Штом LED сијаличката смени нијанса на бела боја, полека извлечете го џезвето за варење (15) од преградата и сипете кафе во шолја.
2 Употреба

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
- Внимавајте да не ја извалкате површината за греење (13-14). Ако истурите кафе на површината за греење, избришете ја со благо влажна крпа пред да се исуши.
- Не употребувајте го лончето за кафе со ниту еден друг уред за готвење, освен со овој апарат за кафе! (Горилник итн.)
- Уредот нема да започне со работа ако лончето за кафе (15) не е правилно поставено на основата.
- Вметнете го лончето во исправена положба целосно назад во предвидената основа. Во спротивно, вашиот производ нема да работи.

- Времето за готвење за 1 лице е 1-1,5 минути, за 2 лица 1,5-2,5 минути и за 3 лица 2-3,5 минути.
- За вкусно кафе, извадете го лончето за кафе (15) од лежиштето без чекање!
- Брзо прелијте го кафето во шолји за да избегнете таложење на пена и остатоци во лончето за кафе (15).
- Ако сакате да го прекинете процесот на подготвување кафе од било која причина, притиснете и задржете 3 секунди на избраното копче за подготвување кафе.
2.3 Количини
Овој уред, едноставен за употреба, е дизајниран за готвење турско кафе. Со помош на количините наведени во табелата можете да подготвите кремасто турско кафе кое одговара на вашиот вкус. Следните количини се наведени само во информативни цели. Можете да ги прилагодите според вашиот личен вкус.
*Овие количини се за една доза. *Можете да подготвите максимум 3 дози во едно џезве. *Препорачуваме да употребувате коцки шеќер со цел полесно приспособување на количината шеќер.
2 Употреба
2.4 Режим на мирување
Ако на уредот 3 минути не се изврши ниту едно дејство, тој ќе даде звучно предупредување (краток звучен сигнал) и ќе се префрли во режим на мирување. Ако притиснете на копчето за почеток на подготвување кафе или на копчето за прилагодување на големината на шолјата, ќе слушнете звучно предупредување и уредот ќе излезе од режимот на мирување.
2.5 Известувања
Производот е подготвен за подготовка на кафе
Прочитајте го целото упатство за употреба пред да го употребувате производот.



