B800E - миксер GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот B800E GORENJE во PDF формат.
| Тип на производ | Блендер со додаток за мелење кафе |
| Модел | Gorenje B800E |
| Потрошувачка на енергија | макс. 800 W |
| Напон | 220-240 V |
| Фреквенција | 50 Hz |
| Ниво на бучава | 72 dB(A) |
| Капацитет на блендер садот | 1,5 литри |
| Материјал на ножевите | Нерѓосувачки челик (отстранлив) |
| Контрола | Ротирачко копче со функција Pulse |
| Поставки за брзина | 3 брзини (1, 2, 3) плус Pulse |
| Безбедносна брава | Систем за заклучување спречува работа освен ако садот/мелницата за кафе не е правилно заклучена |
| Додатоци | Сад за блендер, мелница за кафе (макс. 40g зрна) |
| Макс. континуирана работа (блендер) | 1 минута |
| Макс. континуирана работа (мелница за кафе) | 30 секунди, потоа 60 минути одмор по 3 циклуси |
| Чистење на садот на блендерот | Само рачно миење; брзо чистење со топла вода и детергент со користење на Pulse |
| Чистење на основата на моторот | Избришете со влажен сунѓер; никогаш не потопувајте |
| Безбедно за миење во машина за садови | Не (деловите на блендерот само рачно миење) |
| Ракување со ножеви | Исклучително остри; внимателно при чистење |
| Димензии (прибл.) | Не е наведено; компактен дизајн за работна површина |
| Тежина (прибл.) | Не е наведено |
| Гаранција | Контактирајте го локалниот сервисен центар на Gorenje |
Често поставувани прашања - B800E GORENJE
Прашања на корисниците за B800E GORENJE
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот миксер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник B800E - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. B800E на марката GORENJE.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК B800E GORENJE
- Капак на отворот за додавање состојки/мерка Капак 2.
- Бокал на сечкалката (1,5 литар) Отстранливо сечило 4.
- Украсен обрач на куќиштето Куќиште 6.
- Втакнувач и приклучен кабел
- Копче за моментално работење Копче за управување 9. Подножје 10. Пластични ножиња 11.
- Капак за мелење кафе Сад за мелење кафе 13. Сечило за мелење 14.
Безбедносни предупредувања
- Пред употреба на апаратот внимателно прочитајте ги сите упатства.
- Пред составување или раставување на апаратот, пред чистење или кога апаратот не е под надзор, исклучете го од електричната мрежа.
- Деца да не го употребуваат овој апарат. Апаратот и приклучниот кабел да не бидат достапни на деца.
- Лица со намалени физички, сетилни и ментални способности или со недостаточно знаење и искуство можат да го употребуваат овој апарат под соодветен надзор или ако добиле соодветни упатства со оглед на безбедна употреба на апаратот и ако ги разбираат опасностите кои се поврзани со неговата употреба.
- Деца да не се играат со апаратот.
- Оштетен приклучен кабел смее да замени само производителот или овластен сервисер, односно друго стручно оспособено лице,
бидејќи во спротивно таква работа може да биде опасна.
- Бидете претпазливи кога постапувате со острите сечила, кога го празните садот и за време на чистење.
- Пред замена на додатоците или пред да се приближите до подвижните делови на апаратот, исклучете го апаратот и извадете го штекерот од електричната мрежа.
- Апаратот е наменет за употреба во домаќинства и слични средини, како што се:
- – кујни за персонал во продавници, канцеларии и други работни средини, – фарми, – хотели, мотели и други објекти за сместување, – објекти кои нудат ноќевање со појадок.
- Кога сечилата се во употреба, не приближувајте ги прстите до нив.
- Во мешалката, односно сечкалката, не сечкајте жешки состојки.
- Апаратот за време на употреба секогаш треба да биде на рамна површина.
- Погрижете се копчето за управување да биде во положба „0“ пред да го приклучите апаратот на електричната мрежа.
- Апаратот не смее да работи непрекинато повеќе од 1 минута.
- Ако апаратот го користите како мелница за кафе, не смее да работи непрекинато повеќе од 30 секунди. Ако апаратот го користите три пати последователно како мелница за кафе, пред следната употреба оставете го да се одмори приближно 60 минути.
- Внимателно прочитајте ги упатствата приложени кон апаратот и чувајте ги.
- Пред да го вклучите или исклучите штекерот од приклучницата, секогаш исклучете го напојувањето на приклучницата. Кога го исклучувате апаратот од електричната мрежа, држете го штекерот; не влечете го кабелот.
- Не користете го апаратот со продолжен кабел, освен ако кабелот не е прегледан и тестиран од соодветно квалификуван електричар или сервисер.
- Апаратот секогаш приклучувајте го на приклучница, односно мрежа, со напон (само наизменичен) како што е наведено на апаратот.
- Апаратот користете го само за предвидената намена.
- Апаратот не го ставајте на жежок гасен горилник или електричен грејач, ниту во близина на таков горилник или грејач, исто така не во загреана рерна. Апаратот не го ставајте на кој било друг апарат.
- Не дозволувајте да приклучниот кабел виси преку работ на масата или работната површина или да допира жешки површини.
- Не употребувајте електричен апарат со оштетен приклучен кабел, ако апаратот паднал на подот или друга површина или ако е како било оштетен.
- Никогаш не потопувајте го апаратот во вода или која било друга течност, ако тоа не е стриктно препорачано.
- Никогаш не допирајте ги сечилата, кога е апаратот вклучен.
- Бидете посебно претпазливи кога го празните или чистите бокалот на сечкалката, бидејќи сечилата се исклучително остри.
Овој апарат е означен според европскиот пропис 2002/96/E3 за електро и електронски апарати (waste electrical and electronic equipment - WEEE). Прописот ја дава рамката за враќање и искористување на старите апарати, важечко ширум Европа.
Употреба на сечкалката
- Наместете ја мерката (1) на капакот (2). Наместете го капакот на бокалот од сечкалката и притиснете го надолу (Слика 1). Бокалот на сечкалката ставете го на 2. куќиштето и завртете го во спротивна насока од стрелката на часовникот (Слика 2). Повеќе информации ќе најдете во заглавието Безбедносен систем за заклучување.

- Отстранете го капакот или мерката од бокалот на сечкалката и ставете состојки во бокалот.
Капакот со наместена мерка повторно 4. наместете го на бокалот на сечкалката и завртете го бокалот во спротивна насока од стрелката на часовникот, да се закачи. Повеќе информации ќе најдете во заглавието Безбедносен систем за заклучување. Содржината во бокалот да не го надмине означеното ниво, т.е. 1,5 литар.
- Со копчето за управување изберете сакана брзина на сечкање: 1, 2, 3 или моментално работење. При моментално работење (pulse) 6. сечкалката ќе работи додека го држите копчето за моментално работење. Тоа ви овозможува повеќе надзор при сечкање на пр. оревчиња и чоколада или при дробење мраз.
- Ако копчето го завртите во положба 1, 2 или 3, апаратот ќе работи непрекинато, додека копчето не го завртите назад во положба 0.
- Состојки можете во бокалот да додадете и за време сечкање. Тоа ќе го направите така да ја отстраните мерката од отворот за додавање состојки.
- По завршеното сечкање, завртете го копчето за управување назад на положба 0.
Употреба на мелницата за кафе
Во садот за мелење (15) додајте ја саканата количина кафе (најмногу 40 g).
- Наместете го капакот за мелење (14) на садот за мелење (15) и притиснете го надолу (Слика 3).
- Мелницата за кафе ставете ја на куќиштето и завртете ја во спротивна насока од стрелката на часовникот (Слика 4). Повеќе информации ќе најдете во заглавието „Безбедносен систем за заклучување“.

- Со копчето за управување изберете ја саканата брзина на сечкање: 1, 2, 3 или моментално работење.
- Колку фино ќе биде меленото кафе зависи од количината на кафени зрна и времето на мелење. При мелење кафе, земете ги во предвид следниве ограничувања во однос на количината и времето на мелење:
- 40 g: најмногу 15 до 30 секунди.
- Ако времето на мелење е пократко, кафето ќе биде погрубо мелено.
- При моментално работење (pulse), апаратот ќе работи додека го држите копчето за моментално работење. Тоа ви овозможува поголем надзор при мелењето.
Ако копчето го завртите во положба 1, 2 или 10
3, апаратот работи непрекинато, додека
копчето не го завртите назад во положба 0.
Безбедносен систем за заклучување
За поголема безбедност, оваа сечкалка и мелница за кафе е опремена со безбедносен систем за заклучување. Ако капакот и бокалот или мелницата за кафе не се правилно наместени, апаратот нема да работи.
Сечкалката правилно составете ја според следниве упатства:
- Куќиштето ставете го на маса; предниот дел да биде свртен кон вас. Бокалот на сечкалката ставете го на куќиштето, така што рачката биде на десна страна. Бокалот правилно е ставен кога стрелката на бокалот е непосредно над отворениот механизам за заклучување на куќиштето, односно подножјето со мотор.
- Завртете го бокалот на сечкалката надесно, додека чујно не се закачи. Двете стрелки на
куќиштето (подножјето со мотор) и бокалот мора да бидат порамнети една со друга. Бокалот на сечкалката така е правилно наместен.
- Наместете го капакот на сечкалката, така што завитокот е свртен кон вас.
- Завртете го завитокот надесно, додека не е непосредно над рачката на бокалот. Сечкалката сега е подготвена за употреба.
Мелницата за кафе правилно ќе ја составите според следниве упатства:
- Куќиштето ставете го на маса; предниот дел да биде свртен кон вас.
- Мелницата за кафе ставете ја на куќиштето, и завртете ја мелницата за кафе надесно додека чујно не се закачи. Двете стрелки на куќиштето (подножјето со мотор) и садот за мелење мора да бидат порамнети една со друга. Ако се, мелницата за кафе е правилно наместена. Мелницата за кафе сега е подготвена за употреба.
Водич за вашата сечкалка
| Работа | Вид храна | Препорачано дотерување | Препорачана постапка |
| Пенење | Млечен шејк, смути | 2, 3 | Употребите оладено млеко. Мешајте додека не достигнете сакана густина, односно текстура. |
| Сечкање | Оревчиња, чоколада, лук или билки | Моментално работење (pulse) | Сечкајте половина шолја состојки наеднаш, да бидат парчињата со еднаква големина. |
| Пенесто мешање | Путер или шејер | 2, 3 | Мешајте путер и шејер, додека не настане кремаста смеса. Препорачуваме да на половина од мешањето ја запрете сечкалката и го отстраните кремот од страните на бокалот. Не мешајте предолго. |
| Дробење | Трошки од леб, трошки од колачиња | 2, 3 | Искршите ги на парчиња и сечкајте додека не настанат трошки. |
| Дробење мраз | Мраз | 1, 2, 3, моментално работење | Додајте 1/4 шолја вода. За дробење мраз употребите кое боло дотерување или па 3 до 4-пати едноподруго притисните го тастерот за моментално работење (pulse). |
| Приготвување емулзија | Преливи за салата | 1, 2 | Мешајте додека не настане хомогена смеса. За време мешање можете да додавате масло низ отворот за долевање, односно додавање состојки во капакот. |
| Шејер во прав | Кристален шејер | 2, 3 | Дробите приближно 20 секунди за грубо мелен шејер во прав и уште натамошни 10 секунди за фино мелен шејер во прав. |
| Мешање | Течно тесто | 1, 2 | Состојките мешајте ги само толку да настане хомогена смеса. Не мешајте предолго. |
| Пире | Супи, зеленчук, овощје | 2, 3 | Мешајте, додека не настане глатка смеса. |
ВНИМАНИЕ! Времето за сечкање или мешање може да се менува со оглед на количината состојки во бокалот; наведените траења се само како основа.
Прирачни совети за употреба на апаратот
- Ако во сос за месо настанат грутчиња или ако сос врз основа на јајца се сплеска, можете да ги спасите со кратко мешање во сечкалката.
- Храна која имате намера да ја додадете во сечкалката, нарежете ја на коцки (со страница приближно 2 до 3 сантиметри); така смесата ќе биде порамномерна.
- Никогаш не го наполнувајте бокалот на сечкалката преку означеното ниво.
- За ефикасно мешање, односно сечкање суви состојки, можеби ќе морате да го прекинете работењето на апаратот и состојките со лопатче да ги истружите од страниците на бокалот и да ги вратите на дното.
- Кога приготвувате пире од зеленчук или овошје, варено или сурово, нарежете ги состојките на мали парчиња, за да го олесните работењето на апаратот.
- Кога мешате различни состојки, најпрвин додајте течност, а потоа суви состојки.
- Секогаш уверете се дека во овошјето нема коски и дека во месото нема коски, бидејќи тие можат да ги оштетат сечилата.
- Во сечкалката не мешајте жешки течности. Почекајте жешките течности да се оладат, пред да ги додадете во сечкалката.
- Кога приготвувате пире од топли состојки, секогаш овозможете проветрување на бокалот на сечкалката. Тоа ќе го направите така што откако ќе ја задвижите сечкалката, ќе ја отстраните мерката од капакот на бокалот.
Нега и чистење
Метода на брзо чистење
Наполнете ја сечкалката до половина со 1. топла вода и мала количина детергент. Притиснете го тастерот за моментално 2. работење и држете го 1 до 2 секунди, а потоа пуштете го. Повторете 3 до 4 пати.
- Потоа отстранете го бокалот и исплакнете го под славина.
- Садот и капакот на мелницата исчистете ги со четка, четче или сува крпа.
- Капакот на мелницата можете да го измиете и во ладна или млачна вода.
Темелно чистење
- Одвртете го склопот на сечилото од дното на бокалот, така што ќе го завртите дното на сечилото во спротивна насока од стрелката на часовникот.
- Отстранете го гумениот дихтунг од склопот на сечилото.
- Измијте го капакот на бокалот, мерката, гумениот дихтунг, склопот на сечилото и бокалот во вода со малку детергент.
Внимание: при чистење на сечилата бидете претпазливи, бидејќи се многу остри.
Забелешка: Не мијте ниеден дел на сечкалката во машина за миење садови.
Чистење на куќиштето
Куќиштето го чистите со влажен мек сунѓер и малку детергент, потоа избришете го куќиштето.
Забелешка: Никогаш не го потопувајте куќиштето на апаратот (со моторот) во вода.
Чување
- Приклучниот кабел намотајте го и чувајте го во за тоа наменетата фиока на дното од куќиштето.
- Апаратот чувајте го на ладно и суво место.
За информации или во случај на проблеми, посетете ја веб-страницата или обратете се до центарот за помош на корисниците на Gorenje во вашата држава (телефонскиот број ќе го најдете во меѓународниот гарантен лист). Ако во вашата
држава нема таков центар, обратете се до локалниот продавач на Gorenje или до одделението на Gorenje за мали апарати за домаќинство.
Го задржуваме правото на промени!

Употреба на кафемелачката
Само за лична употреба!
gorenje