SAMSUNG UE65KS8000L - Телевизор

UE65KS8000L - Телевизор SAMSUNG - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот UE65KS8000L SAMSUNG во PDF формат.

📄 228 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice SAMSUNG UE65KS8000L - page 156
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Тип на производ 4K SUHD Smart TV
Модел UE65KS8000L
Бренд Samsung
Големина на екран 65 инчи (163 см)
Резолуција 3840 x 2160 (4K UHD)
Технологија на екран SUHD (Quantum Dot LED)
Платформа на Smart TV Tizen OS
Димензии (со држач) 1453.6 x 908.8 x 293.5 мм
Димензии (без држач) 1453.6 x 839.4 x 57.4 мм
Тежина (со држач) 25.3 кг
Тежина (без држач) 20.7 кг
Потрошувачка на енергија (типична) 200 W
Потрошувачка на енергија (standby) <0.3 W
HDMI влезови 4
USB порти 3
Ethernet порт 1
Безжична поврзаност Wi-Fi 802.11ac, Bluetooth 4.2
Аудио излез 40W (4.1ch)
Одржување и чистење Избришете со мека, сува крпа. Не користете течни или абразивни средства за чистење.
Безбедносни мерки Чувајте подалеку од влага и извори на топлина. Обезбедете соодветна вентилација.
Резервни делови и поправливост Резервни делови достапни преку сервисните центри на Samsung. Индекс на поправливост: 7/10.
Општи информации Објавен во 2016. Поддржува HDR (HDR10, HLG).

Frequently Asked Questions - UE65KS8000L SAMSUNG

Како да го поврзам мојот Samsung UE65KS8000L со Wi-Fi?
Одете на Поставки > Општо > Мрежа > Отворете ги мрежните поставки. Изберете ја вашата Wi-Fi мрежа и внесете ја лозинката.
Како можам да го ажурирам фирмверот на мојот телевизор?
Одете на Поставки > Поддршка > Ажурирање на софтвер > Ажурирај сега. Вашиот телевизор ќе провери за ажурирања преку интернет.
Што треба да направам ако екранот на телевизорот е празен, но звукот работи?
Обидете се да го исклучите телевизорот и да го откачите од струја 30 секунди. Ако тоа не помогне, проверете го HDMI влезот или пробајте друг извор.
Како да го ресетирам мојот Samsung телевизор на фабрички поставки?
Одете на Поставки > Општо > Ресетирање > OK. Внесете го вашиот PIN (стандардно е 0000) и потврдете.
Може ли да го монтирам овој телевизор на ѕид?
Да, поддржува ѕидно монтирање VESA 400x400 мм. Користете соодветни завртки и осигурајте се дека ѕидот може да ја издржи тежината.
Дали UE65KS8000L поддржува Dolby Vision?
Не, поддржува HDR10 и HLG, но не Dolby Vision.
Како да го променам режимот на слика?
Притиснете го копчето Поставки на далечинскиот управувач, потоа изберете Слика > Режим на слика. Изберете од Standard, Dynamic, Natural или Movie.
Кои се опциите за аудио излез?
Можете да го користите оптичкиот дигитален аудио излез, HDMI ARC или Bluetooth за безжични звучници или звук барови.
Како да овозможам титлови?
За време на репродукција, притиснете го копчето Поставки, потоа изберете Титлови/Затворени титлови и изберете го вашиот јазик.
Што треба да користам за чистење на екранот?
Користете мека, сува микрофибер крпа. Нежно бришете со кружни движења. Не користете вода, алкохол или хартиени крпи.

Прашања на корисниците за UE65KS8000L SAMSUNG

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Телевизор во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник UE65KS8000L - SAMSUNG и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. UE65KS8000L на марката SAMSUNG.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК UE65KS8000L SAMSUNG

SAMSUNG UE65KS8000L - 1
Кабел за One Connect

SAMSUNG UE65KS8000L - 2
16p.

SAMSUNG UE65KS8000L - 3
26p.

SAMSUNG UE65KS8000L - 4
Капаче на терминала

Предупредување! Важни безбедносни инструкции

(ве молиме прочитајте ги безбедносните инструкции пред да започнете да го користите вашиот телевизор.)

ВНИМАНИЕ

Овој символ посочува дека во внатрешноста има висок напон. Опасно е да доағате во каков било контакт со внатрешните делови на овој производ.

SAMSUNG UE65KS8000L - ВНИМАНИЕ - 1

Овој символ означува дека со овој производ се испорачува важна литература во врска со неговото функционирање и одржување.

SAMSUNG UE65KS8000L - ВНИМАНИЕ - 2

Производ од класа II: Овој символ означува дека на производот не му е потребно безбедносно заземјување.

SAMSUNG UE65KS8000L - ВНИМАНИЕ - 3

АС напон: Овој символ означува дека номиналниот напон означен со ваков символ е наизменичен (АС) напон

SAMSUNG UE65KS8000L - ВНИМАНИЕ - 4

DC напон: Овој символ означува дека номиналниот напон означен со ваков символ е еднонасочен (DC) напон.

SAMSUNG UE65KS8000L - ВНИМАНИЕ - 5

Внимание, погледнете во инструкциите за користење: Овој символ му наложува на корисникот да погледне во прирачникот за користење за дополнителни информации поврзани со безбедноста.

Приклучните места и отворите на ормарот и на задната или на долната страна се наменети за вентилација. За да се обезбеди сигурно функционирање на овој уред, но и да се заштити од прегревање, овие приклучни места и отвори никогаш не треба да бидат блокирани или покриени.

- Не го поставувајте овој уред во затворен простор, како што се полици за книги или вградени ормари, освен ако не овозможите соодветна вентилација.

- Не го поставувајте овој уред во близина или над радијатор или грејни тела или, пак, на места каде што їе биде изложен на директна сончева светлина.

- Не по ставувајте садови (вазни итн.) кои содржат вода врз овој уред, бидејки тоа може да предизвика пожар или електричен удар. Не го изложувајте овој уред на дожд и не го поставувајте во близина на вода (во близина на када, лавабо, кујнско лавабо или корито за алишта, во влажен подрум или во близина на базен итн.). Доколку овој уред случајно се навлажни, исключете го кабелот и веднаш обратете се кај областениот дилер.

Овој уред користи батерии. Во вашата заедница можеби постојат еколошки регулативи според кои треба правилно да ги отстраните овие батерии. Ве молиме обратете се кај вашите локални власти за да добиете информации за отстранување или рециклирање. Не ги оптоварувајте сидните приклучоци за струја, продолжителните кабли или адаптерите со надминување на нивниот капацитет, бидејки тоа може да предизвика пожар или електричен удар.

Каблите за напојување треба да се постават на начин со кој ке се избегне нивното газење или приклештување со предмети кои се поставени врз или до нив. Обрнете посебно внимание на приклучоците на краевите од кабелот, сидните приклучоци за струја и местата на кои излегуваат од уредот.

За да го заштитите овој уред од удар од гром или да го заштитите кога долг временски период не се користи или надгледува, извадете го кабелот од сидниот приключок за струја и исключете ја антената или кабелскиот систем. На тој начин će спречите оштетувања на уредот предизвикани од удар од гром и промени во напонските водови.

Пред да го поврзете кабелот за АС напојување со приклучокот на DC адаптерот, проверете дали ознаката за напон на DC адаптерот одговара со локалното електрично напојување.

Никогаш не вметнувајте метални предмети во отворените делови на овој уред. Тоа претставува опасност од електричен удар.

За да избегнете електричен удар, никогаш не допирајте ја внатрешноста на овој уред. Само квалификуван техничар смее да го отвора овој уред. Приключете го кабелот за напојување дури откако ње го прицврстите уредот. Кога го исклучувате кабелот за напојување од сиден приклучок за струја, секогаш влечете за приклучокот на кабелот за напојување. Никогаш не исклучувајте го со влечење на самиот кабел. Не допирајте го кабелот за напојување со влажни раце.

Ако овој уред не работи нормално - поточно, ако од него се слушаат невообичаени звуци или излегува некоја миризба - веднаш исключете го од напојување и обратете се кај областениот дилер или сервисен центар.

Не заборавајте да го извлечете кабелот за напојување од приклучокот за струја ако уредот нема да се користи или ако излезете од домот на подолг временски период (особено кога деца, постари луғе или луғе со посебни потреби қе останат сами во домот).

- Насобраниот прав може да предизвика електричен удар, истекување на струја или пожар, бидејки поради правта кабелот за напојување може да создаде искри и топлина или изолацијата може да ги изгуби своите својства.

Обратете се во овластен сервисен центар за да добиете повеќе информации доколку планирате да го инсталирате телевизорот на место со многу прав, високи или ниски температури, голема влажност, хемиски супстанци или на места каде што ќе се користи во период од 24 часа како на аеродроми, железнички станици итн. Во спротивно може да предизвикате сериозни оштетувања на телевизорот. Користете само соодветно заземјени приклучоци и штекери.

- Неправилното заземјување може да предизвика електричен удар или оштетување на опремата. (само опрема од класа I.) За да go исключите целосно овој уред, извадете го неговиот кабел од сидниот штекер. Обезбедете лесен пристап до сидниот штекер и приклучокот за напојување.

Галантеријата (батерии итн.) треба да се складира на безбедно место кое не е на дофат на децата.

Не го испуштајте или удирајте производот. Ако производот е оштетен, исключете го кабелот за напојување и обратете се во сервисен центар. За да го исчистите уредот, исключете го кабелот за напојување од сидниот штекер и избришете го производот со мека и сува крпа. Не користете никакви хемикалии како восок, бензен, алкохол, разредувачи, инскетициди, освежувачи на воздух, лубриканти или детергенти. Овие хемикалии можат да го оштетат надворешниот изглед на телевизорот или да ги избришат испечатените ознаки на производот.

Не изложувајте го уредот на капки или прскање.

Не фрлајте ги батериите во орган.

Не ги расклопувајте, прегревајте, или правете краток спој на батериите.

Постои опасност од експлозија доколку батериите што сте ги користеле во далечинскиот управувач ги замените со батерии од погрешен вид. Заменете ги само со ист или еквивалентен вид.

* Броевите и сликите од овој прирачник за користење служат само како референца и може да се разликуват од вистинскиот приказ на производот. Дизајнот и спецификациите на производот може да се променат без претходно известување.

Јазиците од Заедницата на независни држави (руски, украински, казакстански) не се достапни за овој производ, бидејки тој е произведен за корисници во регионот на ЕУ.

Што има во пакетот?

Проверете дали следните елементи се испорачани со вашиот телевизор. Доколку недостасуваат некои елементи, обратете се кај вашиот локален продавач.

Далечинска контрола на Samsung Smart & Батерии (AA Kабел за напојување x 2)

Водич со регулативи Картичка за гаранција (не е достатна во некои локации)

Прирачник за користење Ткаенина за чистење

SAMSUNG UE65KS8000L - Што има во пакетот? - 1

One Connect
SAMSUNG UE65KS8000L - Што има во пакетот? - 2
2EA

SAMSUNG UE65KS8000L - Што има во пакетот? - 3
Кабел за One Connect

SAMSUNG UE65KS8000L - Што има во пакетот? - 4
Држач за кабли

SAMSUNG UE65KS8000L - Што има во пакетот? - 5
1EA 2EA

SAMSUNG UE65KS8000L - Што има во пакетот? - 6
Капак за приклучоците

  • Боите и формите на елементите се различни за секој модел.
  • Каблите кои не се испорачуваат со овој производ може да се купат одделно.
  • Отворете го пакетот и проверете дали има какви било дополнителни елементи скриени зад или во пакувањето.

Можно е да ви наплатат дополнительно во следните ситуации:

(a) Ако повикате инженер кој їе утврди дека нема дефект на производот (т.е., во случај кога не сте го прочитале прирачникот за користење).
(b) Ако го донесете уредот во сервисен центар, каде што їе се утврди дека не постои дефект на производот (т.е., во случај кога не сте го прочитале прирачникот за користење).

Пред да ве посети техничкото лице, їе бидете известени за сумата на административните трошоци.

SAMSUNG UE65KS8000L - Што има во пакетот? - 7

Предупредување: Екраните може да се оштетат од директен притисок, при неправилно ракување со нив. Ви препорачуваме да го подигнете телевизорот за рабовите, како што е прикажано.

Не го допирајте овој екран!

Користење на контролното копче на телевизорот

Вклучете го телевизорот со помош на копчето ТВ-контролор на долната страна на телевизорот, а потоа користете ја функцијата Контролно мени. Функцијата Контролно мени се појавува кога Ѽе го притиснете копчето кога телевизорот е включен. За повеće информации во врска со користењето, погледнете ја slikата подолу.

Контролно мени : Исклучи : Кан. горе : Канал долу +: Гл. горе -: Глас. долу : Извор TВ-контролор / Сензор за далечинскиот управувач Притиснете: Премести Притиснете и задржете: Избери TВ-контролор се наоға на долната страна на телевизорот.

Поврзување на мрежа

Со поврзување на телевизорот во мрежа добивате пристап до услуги на интернет, како што е Smart Hub, како и софтверски ажурирања.

Мрежна врска - безжична

Поврзете го телевизорот на интернет преку стандарден рутер или модем.

Приключок за LAN на сидот Безжичен IP рутер или модем со DHCP сервер LAN кабел (не се испорачува)

Мрежна врска - жична

Задна плоча на телевизорот

SAMSUNG UE65KS8000L - Мрежна врска - жична - 1

Поврзете го телевизорот на вашата мрежа преку LAN кабел.

  • Телевизорот не поддржува брзини на мрежата кои се пониски или еднакви на 10 Mbps.
  • За поврзување користете Cat7 кабел (*STP тип).
    * Shielded Twist Pair

Далечинска контрола на Samsung Smart

(Напојување): Притиснете за вклучување или исклучување на телевизорот. (Гласовно препознавање): Ја активира функцијата Гласовна интеракција. Притиснете го копчето, изговорете гласовна команда, а потоа отпуштете го копчето за да ја активирате функцијата Гласовна интеракција. Ако го притиснете само еднаш, тогаш се појавува водичот за функцијата Гласовна интеракција. 123 (Нумерички копчиња): Кога ље го притиснете, на екранот ље се појави лента за броеви. Изберете ги броевите, а потоа изберете Готово за да ја внесете нумеричката вредност. Се користат за менување канали, внесување PIN код, внесување поштенски код итн. - Ако го притиснете и задржите 1 секунда или подолго, тогаш ље се појави менито на функцијата TTX. EXTRA (дополнително): Притиснете го додека гледате содржини за да се прикажат дополнителни информации од операторот за содржини. 4 копчиња во боја (Бои): Користете ги овие копчиња во боја за да пристапите до дополнителни опции кои се карактеристични за функцијата која се користи. Копчиња за насока: Овозможува поместување на означувањето и ги менува вредностите кои ги гледате во менито на телевизорот. Избери: Овозможува избирање или активирање на означениот елемент. Ако го притиснете додека гледате некоја содржина, тогаш ље се прикажат детални информации за програмата. Ако го притиснете повторно, тогаш ље можете да изберете или да активирате која било од функциите што ље се прикажат. (Врати): Овозможува враćање на претходното мени. Ако го притиснете и задржите 1 секунда или подолго, функцијата што се користи ље се исклучи. Ако го притиснете додека гледате некоја програма, тогаш ље се прикаже претходниот канал. (Repr./Пауза): Кога ље го притиснете, се појавуваат контролите за репродукција. Со помош на овие контроли можете да ги контролирате медиумските содржини што се репродуцираат. (Smart hub): Овозможува враćање на Прв екран. VOL (Јачина на звук): Поместете го копчето нагоре или надолу за да ја прилагодите јачината на звукот. За да го исключите звукот, притиснете го копчето. Ако го притиснете и задржите 1 секунда или подолго, тогаш ље се појави менито на функцијата Кратенки за пристапност. CH (Канал): Поместете го копчето нагоре или надолу за да го промените каналот. За да го погледнете екранот на функцијата Водич, притиснете го копчето. - Ако го притиснете и задржите 1 секунда или подолго, тогаш ље се појави екранот на функцијата Список со канали.

Поставување батерии во Далечинска контрола на Samsung Smart

За да го користите Далечинска контрола на Samsung Smart, отворете го задниот капак во насока на стрелката и вметнете ги батериите како што е прикажано на сликата. Проверете дали позитивните и негативните полови се поставени во правилна насока.

- Се препорачуваат alkalни батерии за подолг работен век.

SAMSUNG UE65KS8000L - Поставување батерии во Далечинска контрола на Samsung Smart - 1

Впарување на телевизорот со Далечинска контрола на Samsung Smart

SAMSUNG UE65KS8000L - Впарување на телевизорот со Далечинска контрола на Samsung Smart - 1

Koga за прв пат ће го включите вашиот телевизор, Далечинска контрола на Samsung Smart автоматски ће се впари со телевизорот. Ако Далечинска контрола на Samsung Smart не се впари со телевизорот автоматски, насочете го кон сензорот за далечинскиот управувач на телевизорот, а потоа притиснете ги истовремено копчињата 🚫️ и 🚫️на Далечинска контрола на Samsung Smart и задржете 3 секунди или подолго.

e-Manual

Поставув. > Поддршка > Отвори e-Manual

Вградениот e-Manual содржи податоци во врска со најважните функции на вашиот телевизор.

- Печатената верзија на е-Manual може да ја преземете и погледнете на веб-страницата на Samsung.

Прикажување на e-Manual:

Користење на копчињата во e-Manual

SAMSUNG UE65KS8000L - e-Manual - 1ПребарувајИзберете некој елемент од листата со резултати за да ја вчитате соодветната страница.
SAMSUNG UE65KS8000L - e-Manual - 2Индекс Изберете клучен збор за да отидете до потребната страница.
SAMSUNG UE65KS8000L - e-Manual - 3Отворена страницаИзберете тема од листата на неодамна гледани теми.
SAMSUNG UE65KS8000L - e-Manual - 4Проб. сегаПристапете до предложеното мени и обидете се да ја користите функцијата директно од таму.
SAMSUNG UE65KS8000L - e-Manual - 5Поврзи Пристапете до тема наведена на страницата со теми на e-Manual.

Почетно поставување

Прозорецот за почетно поставување ќе се појави при првото активирање на телевизорот. Следете ги инструкциите на екранот за да завршите со процесот за почетното поставување. Овој процес можете рачно да го извршите подоцна во менито 📄 > ⚙️ Поставув. > Систем > Започнете со поставувањето.

Решавање на проблеми и одржување

Решавање на проблеми

Ако имате проблем со телевизорот, најпрво погледнете ја оваа листа на можни проблеми и решенија. Или, пак, разгледајте го делот за решавање проблеми во е-Manual. Ако не можете да примените ниту еден од овие совети за решавање проблеми, посетете ја интернет страницата "www.samsung.com" и кликнете на Поддршка или обратете се во центарот за поддршка кој е наведен на задната корица од овој прирачник.

  • Овој TFT LED екран се состоит од подпиксели за чие создавање е потребна софистицирана технологија. На екранот, сепак, може да се појават неколку светли или темни пиксели. Овие пиксели нема да имаат никакво влијание на перформансите на уредот.
  • За да го доведете вашиот телевизор во оптимална состојба, надградете го со најновиот софтвер. Искористете ја функцијата Ажурирај сега или Автоматско ажурирање во менито на телевизорот (☐ >Поставув. > Поддршка > Ажурирање на софтверот > Ажурирај сега или ☐ >Поставув. > Поддршка > Ажурирање на софтверот > Автоматско ажурирање).

Телевизорот не може да се вклучи.

  • Проверете дали АС кабелот за напојување е добро приключен во телевизорот и сидниот приклучок.
  • Проверете дали сидниот приключок за напојување функционира и дали индикаторот за напојување на телевизорот е включен и свети непрекинато во црвена боја.
  • Обидете се да го притиснете копчето за напојување на телевизорот за да проверите дали има проблем со далечинскиот управувач. Доколку телевизорот се вклучи, погледнете го делот “Далечинскиот управувач не функционира” подолу.

Нема слика/видео/звук или се репродуцира изобличена слика/видео/звук од надворешниот уред или, пак, на телевизорот се прикажува "Слаб или никаков сигн." или не може да се пронајдат канали.

  • Проверете дали уредот е правилно поврзан и дали сите кабли се целосно вметнати.
  • Исключете ги и повторно приключете ги сите кабли кои се поврзани во телевизорот и надворешните уреди. Ставете нови кабли, доколку е можно.
  • Потврдете дека е избран соодветниот влезен извор (In >Извор).
  • Извршете тест за самодијагноза за да утврдите дали телевизорот или уредот го предизвикува проблемот. 📂 > ⚙️ Поставув. > Поддршка > Самодијагноза > Започнете со тест на сликата или Започнете со тест на звукот).
  • Ако резултатите се нормални, рестартирајте ги поврзаните уреди со тоа што ќе ги исключите и повторно ќе ги включите каблите за напојување на секој уред. Ако проблемот не се отстрани, погледнете го водичот за поврзување во прирачникот за користење на поврзаниот уред.
  • Ако телевизорот не е поврзан со кабелски или set-top box приемник, активирајте ја функцијата Авто. преб. канали за да пребарувате канали (n) > ⚙️ Поставув. > Емитување > Авто. преб. канали).

Далечинскиот управувач не функционира.

  • Проверете дали индикаторот за напојување на телевизорот трепка кога єе го притиснете копчето за вклучување на далечинскиот управувач. Ако не трепка, заменете ги батериите на далечинскиот управувач.
  • Проверете дали поларитетот (+/–) на батеријата е поставен во точната насока.
  • Обидете се да го насочите далечинскиот управувач директно кон телевизорот на оддалеченост од 5 ft. до 6 ft. (1,5-1,8 m).
  • Ако вашиот телевизор ви бил испорачан со далечински управувач (далечински управувач со Bluetooth), прво треба да го впарите далечинскиот управувач со телевизорот. (Ве молиме погледнете во е-Manual.)

Далечинскиот управувач од кабелскиот или set-top box приемник не го вклучува и ислучува телевизорот и не ја прилагодува јачината на звукот.

- Програмирајте го далечинскиот управувач од кабелскиот или set top box приемник да функционира со телевизорот. Погледнете го прирачникот за користење на кабелскиот или set-top box приемник и пронајдете го кодот за вашиот телевизор од SAMSUNG.

Поставките на телевизорот се губат по 5 минути.

- Телевизорот е во режимот Режим за малопродажба. Променете го режимот Режим на користење во Домашен режим. (Н) > ⚙️ Поставув. > Систем > Експертски поставки > Режим на користење > Домашен режим).

Прекини во Wi-Fi врската

  • Проверете дали телевизорот е поврзан во мрежа ( meaning > ⚙️ Поставув. > Мрежа > Статус на мрежата).
  • Проверете дали точно сте ја впишале лозинката за Wifi.
  • Проверете го растојанието помеѓу телевизорот и модемот/рутерот. Растојанието не треба да надминува 15,2 m.
  • Намалете ги пречките на тој начин што нема да ги користите или їе ги исключите безжичните уреди. Исто така, проверете дали има пречки помеѓу телевизорот и модемот/рутерот.

(Јачината на Wi-Fi сигналот можат да ја намалат уреди во дома Kinството, безжични телефони, сидови од камен, камини итн.)

Еден кат Пове́ке ката
SAMSUNG UE65KS8000L - Прекини во Wi-Fi врската - 1

Уред за зголемување на безжичниот опсег

- Обратете се кај вашиот оператор на интернет услуги и побарајте да ја ресетира вашата мрежа за да овозможи повторна регистрација на Мас адресата на вашиот нов модем/рутер и телевизорот.

Проблеми со апликации за видео (Youtube итн.)

  • Променете го DNS серверот во 8.8.8.8. Изберете 📂 > ⚙️ Поставув. > Мрежа > Статус на мрежата > IP поставки > DNS-поставка > Внесете рачно > DNS сервер > внесете 8.8.8.8 > OK.
  • Извршете ресетирање со избирање на 📄 > ⚙️ Поставув. > Поддршка > Самодијагноза > Ресетирај ја функцијата Smart Hub.

Што претставува Remote Support?

Услугата Remote Support od Samsung ви нуди поддршка лице-во-лице со техничар од Samsung koј може далечински да ви помогне:

• Дијагностика на вашиот телевизор
- Прилагодување на поставувањата на телевизорот наместо вас
- Ресетирање на вашиот телевизор на фабрички вредности
- Инсталирање на препорачани ажурирања на фирмверот

Како функционира Remote Support?

Дозволете му на некој сервисер од Samsung да го поправи вашиот телевизор далечински:

  1. Javete се во контактниот центар на Samsung и побајте далечинска поддршка.
  2. Отворете го менито на вашиот телевизор и одете во делот за Поддршка.
  3. Изберете Далечинско управување, а потоа прочитајте ги и согласете се со договорите на услугата. Кога ће се појави екранот за PIN, кажете му го PIN бројот на агентот.
  4. Потоа агентот ке пристапи на вашиот телевизор.

Еко сензор и осветленост на екранот

Функцијата Еко сензор автоматски ја прилагодува осветленоста на телевизорот. Оваа функција ја мери светлината во вашата соба и автоматски ја оптимизира осветленоста на телевизорот за да ја намали потрошувачката на енергија. Ако сакате да ја исключите оваа опција, одете во > Поставув. > Систем > Еко решение > Еко сензор.

  • Ако екранот е премногу темен додека гледате телевизија во темно опкружување, за тоа може да биде одговорна функцијата Еко сензор.
  • Не го блокирајте сензорот со какви било предмети. Ова може да предизвика намалување на осветленоста на сликата.

Избегнувајте прикажување фотографии на екранот (како фајлови со слики во јрег формат) или елементи од фотографии (како лого ознаки од телевизиските канали, ленти за известувања за берзата или новости на дното од екранот итн.) или, пак, програми во панорамски или 4:3 формат на слика на екранот. Ако постојано прикажувате фотографии, тоа може да предизвика заостанати слики на LED екранот и да го намали квалитетот на сликата. За да го намалите ризикот од овој несакан ефект, следете ги препораките наведени подолу:

  • Избегнувајте прикажување на иста фотографија во долги временски периоди.
  • Обидете се секоја слика да ја прикажете на цел екран. За најдобро усогласување користете го менито за поставување на форматот на сликата на телевизорот.
  • Намалете ги светлината и контрастот за спречување на појавата на заостанати слики.
  • Употребувајте ги сите функции на телевизорот кои се дизајнирани да го намалат задржувањето на сликите и горењето на екранот. Погледнете во е-Manual за деталите.

Грижа за телевизорот

  • Ако на ТВ екранот била залепена некоја налепница, на тоа место може да се појават нечистотии откако їе ја отстраните налепницата. Ве молиме исчистете ги нечистотиите пред да започнете да гледате телевизија.
  • Надворешниот дел и екранот на телевизорот може да се изгребат при чистење. Не заборавајте внимателно да го избришете надворешниот дел и екранот со мека крпа за да не направите гребнатини.
  • Не прскајте вода или каква било течност директно на телевизорот. Секоја течност која їе навлезе во производот може да предизвика неисправност, пожар или електричен удар.
  • Исключете го телевизорот, а потоа внимателно избришете ги дамките и отпечатоците од прсти на екранот со ткаенина од микрофибер. Исчистете ја надворешноста на телевизорот или екранот со мека ткаенина од микрофибер натопена со мало количество на вода. Потоа, отстранете ја влагата со сува ткаенина. Не употребувајте голема сила врз површината за време на чистењето бидејки така можете да го оштетите екранот. Никогаш не користете запаливи течности (бензен, разредувач итн.) или средство за чистење. За тврдокорни дамки, испрскајте мало количество средство за чистење екрани на ткаенината.

SAMSUNG UE65KS8000L - Грижа за телевизорот - 1

Инсталација на телевизорот

Монтирање на телевизорот на сид

SAMSUNG UE65KS8000L - Монтирање на телевизорот на сид - 1

Ако го монтирате телевизорот на сид, придржувајте се строго до инструкциите кои ги препорачува производителот. Доколку не го монтирате правилно, производот може да излезе од лежиштето и да падне, поради што ќе предизвика сериозни повреди на деца или возрасни и сериозни оштетувања на производот.

За моделите кои се испорачуваат со адаптери за монтирање на сид, инсталирајте ги како што е прикажано на сликите подолу пред да го инсталирате комплетот со сиден носач.

- Погледнете го упатството за монтирање кое се испорачува со комплетот со сиден носач од Samsung.

Компанијата Samsung Electronics не е одговорна за оштетувањата на производот или повредите кај вас или другите лица, доколку изберете сами да го монтирате сидниот носач.

Носач за монтирање на SID Адаптер за монтирање на SID TB C Носач за монтирање на SID TB C

Забелешки и спецификации на комплетот со сиден носач VESA

Sидниот носач може да го инсталирате на цврст сид кој е поставен нормално на подот. Пред да го прицврстите сидниот носач на површини кои не се изработени од гипс картон, обратете се кај најблискиот продавач за да добиете дополнителни информации. Ако го поставите телевизорот на таван или сид кој е косо поставен, тој може да падне и да предизвика сериозни повреди.

Големината на телевизорот во инчиСпецификации на отворите за завртки VESA (A * B) во милиметриC (mm)Стандардни заврткиКоличина
49 ~ 75 400 X400 11 M8 4

A B

SAMSUNG UE65KS8000L - Забелешки и спецификации на комплетот со сиден носач VESA - 2

Не вршете инсталирање на сидниот носач додека телевизорот е включен. Тоа може да предизвика лични повреди како последица на електричен удар.

Не употребувајте завртки со поголема должна од стандардната или завртки кои не ги исполнуваат VESA стандардите за спецификација на завртки. Завртките кои се премногу долги можат да ја оштетат внатрешноста на вашиот телевизор.

  • За сидните носачи кои не се во согласност со VESA стандардите за спецификација на завртките, должината на завртките може да се разликува во зависност од спецификациите на сидниот носач.
  • Не прицврстувајте ги завртките премногу. На тој начин производот може да се оштети или, пак, да падне и да ве повреди. Компанијата Samsung нема да сноси одговорност за овој вид на несреći.
  • Компанијата Samsung не одговара за оштетувањата на производот или личните повреди кога се употребуваат сидни носачи кои не ги исполнуваат VESA стандардите или спецификациите за монтирање или во случаи кога корисникот не го следи упатството за инсталирање.
  • Не го монтирајте телевизорот со закосување над 15 степени.
  • За монтирање на телевизорот на сид секогаш се потребни две лица.

Подредување на каблите со водичот за кабел

SAMSUNG UE65KS8000L - Подредување на каблите со водичот за кабел - 1

Покривање на приклучоците со капакот за приклучоците

SAMSUNG UE65KS8000L - Покривање на приклучоците со капакот за приклучоците - 1

  • Пред да ги покриете приклучоците со капакот за приклучоци, уредете ги каблите приклучени во телевизорот.

Обезбедување на соодветна вентилација за вашиот телевизор

При инсталирање на вашиот телевизор, одржувајте растојание од најмалку 10 см помеѓу телевизорот и останатите објекти (сидови, страните на комодата, итн.) за да овозможите соодветна вентилација. Доколку не одржувате соодветна вентилација, тоа може да предизвика пожар или проблем кај производот кој єе настане поради зголемување на неговата внатрешна температура.

Ако за инсталацијата на телевизорот користите држач или сиден носач, строго ви препорачуваме да користите делови обезбедени само од компанијата Samsung Electronics. Користењето делови од друг производител може да предизвика неправилна работа на производот или може да дојде до повреда предизвикана од неисправност на уредот.

Инсталација со држач Инсталација со сиден носач
10 cm 10 cm 10 cm 10 cm 10 cm 10 cm 10 cm

Прикачување на телевизорот со држачот

Проверете дали ја имате сета прикажана галантерија, а потоа составете го држачот следејки ги понудените инструкции за составување.

Мерки за безбедност: Прицврстување на телевизорот за сид

SAMSUNG UE65KS8000L - Мерки за безбедност: Прицврстување на телевизорот за сид - 1

Внимание: Повлекувањето, туркањето или качувањето на телевизорот може да предизвика пагање на телевизорот. Особено внимавајте вашите деца да не се држат за телевизорот и да не го дестабилизираат. Ова движење може да доведе до превртување на телевизорот, предизвикувајки сериозни повреди или смрт. Придржувајте се до сите безбедносни мерки кои се наведени во безбедносниот леток кој се испорачува со вашиот телевизор. За дополнителна стабилност и безбедност, може да го купите и инсталирате системот против пагање како што е опишано подолу.

SAMSUNG UE65KS8000L - Мерки за безбедност: Прицврстување на телевизорот за сид - 2

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не поставувајте го телевизорот на нестабилно место никогаш. Телевизорот може да падне и да предизвика сериозни повреди или смрт. Многу повреди, особено кај децата, можат да се избегнат со преземање неколку едноставни мерки на претпазливост, како на пример

  • Користење ormани или масички кои ги препорачува производителот на телевизорот.
  • Користење само мебел што може безбедно да го држи телевизорот.
  • Проверување дали телевизорот виси на работ од мебелот на кој е поставен.
  • Да не го поставувате телевизорот на висок мебел (на пример, ormани или полици) без да го прицврстите и мебелот и телевизорот на соодветна подлога.
  • Да не го поставувате телевизорот на ткаенини или други материјали што можат да се стават помеѓу телевизорот и мебелот на кој е поставен.
  • Да ги поучите децата за опасностите од качување врз мебелот за да го достигнат телевизорот или неговите копчиња.

При користење и преместување на телевизорот, важат истите мерки на претпазливост наведени погоре.

Мерки со кои ње спречите пагање на телевизорот

  1. Ставете ги завртките во еден пар носачи, а потоа добро прицврстете ги на сидот. Проверете дали завртките се цврсто прикачени на сидот.

- Може да ви бидат потребни дополнителни материјали како типли, во зависност од типот на сидот.

  1. Ставете ги завртките во вториот пар носачи, а потоа прицврстете ги завртките во телевизорот.

- Завртките може да не бидат испорачани со производот. Во тој случај, ве молиме купете завртки со следните спецификации.

  1. Поврзете ги носачите прицврстени за телевизорот со носачите прицврстени на сидот со издржлива и цврста жица, а потоа силно прицврстете ја жицата.

  2. Поставете го телевизорот блиску до sidот за да не може да падне наназад.

  3. Поврзете ја жицата така што носачите прицврстени за sidот да се наогаат на иста висина или пониско од носачите прицврстени за телевизорот.

SAMSUNG UE65KS8000L - Мерки со кои ње спречите пагање на телевизорот - 1

Спецификации и други информации

Спецификации

Резолуција на екранот 3840 x 2160
Услови за заштита од опкружувањето
Работна температура10°C до 40°C (50°F до 104°F)
Работна влажност10% до 80%, без кондензација
Температура на чување-20°C до 45°C (-4°F до 113°F)
Влажност на чување5% до 95%, без кондензација
Вртење на држачот (лево / десно) 0°
Име на модел UE49KS8000 / UE49KS8002 UE55KS8000 / UE55KS8002
Големина на екран (дијагонала)49 инчи (123 cm)55 инчи (138 cm)
Звук(излез) 60 W
Димензии (Ш x В x Д)
Тело1094,2 x 635,8 x 42,5 mm1230,9 x 712,3 x 40,8±3,0 mm
Со држач1094,2 x 718,5 x 354,2 mm1230,9 x 799,5 x 376,2±3,0 mm
Тежина
Без држач15,0 kg17,7 kg
Со држач17,1 kg19,9 kg
Име на модел UE65KS8000 / UE65KS8002 UE75KS8000 / UE75KS8002
Големина на екран (дијагонала)65 инчи (163 cm)75 инчи (189 cm)
Звук(излез) 60 W
Димензии (Ш x В x Д)
Тело1448,9 x 835,8 x 40,8 mm1682,8 x 970,7 x 49,9 mm
Со држач1448,9 x 929,9 x 414,1 mm1682,8 x 1071,1 x 438,9 mm
Тежина
Без држач26,6 kg41,7 kg
Со држач28,8 kg46,0 kg

- Дизајнот и спецификациите можат да бидат променети без претходно известување.

- За да добиете информации во врска со напојувањето и да дознаете повеće за потрошувачката на енергија, погледнете ја налепницата залепена на производот.

- Типичната потрошувачка на енергија се мери според IEC 62087.

Намалување на потрошувачката на енергија

Кога єе го исключите телевизорот, тој преминува во режим на подготвеност. Кога е во режим на подготвеност, продолжува да троши мало количество на енергија. За да ја намалите потрошувачката на енергија, исключете го кабелот за напојување кога не планирате да го користите телевизорот подолг временски период.

DOLBY. DIGITAL PLUS

dts Premium Sound | 5.1

DIVX. HD

rovi guide

SAMSUNG UE65KS8000L - Намалување на потрошувачката на енергија - 1

HDMI

Со ова, Samsung Electronics, изјавува дека овој телевизор є во согласност со неопходните услови и останатите поважни потточки на Директивата 1999/5/EC.

Официјалната декларација за еднаквост може да се најде на интернет страницата http://www.samsung.com, одете во Поддршка > Пребарување на поддршка за производ и внесете го името на моделот.

Оваа опрема може да се користи само во затворени простории.

Оваа опрема може да се употребува во сите држави на ЕУ.

SAMSUNG UE65KS8000L - HDMI - 1

Правилно депонирање на овој производ (Отпадна електрична и електронска опрема)

(Применливо во држави со посебни системи за справување со отпадот)

Оваа ознака на производот, приборот или литературата означува дека производот и неговиот електронски прибор (на пр. полначот, слушалките, USB кабелот) не треба да се отстрануваат заедно со останатиот отпад од домајинството на крајот од нивниот работен век. За избегнување на можна штета врз околината или човечкото здравје предизвикана со неконтролирано фрлање отпад, Ве молиме да ги одвоите овие предмети од другите видови отпад и одговорно да ги рециклирате заради унапредување на еколошки оправдано повторно користење на материјалните ресурси.

Физичките лица можат да се обратат или во продавницата каде што го купиле овој производ или во службите на локалната самоуправа, за детали каде и како да извршат рециклирање на производот на начин безбеден по околината.

Деловните корисници можат да се обратат до својот снабдувач и да ги проверат одредбите и условите во договорот за набавка. Овој производ и неговиот електронски прибор не треба да се мешаат со друг комерцијален отпад.

SAMSUNG UE65KS8000L - HDMI - 2

Правилно отстранување на батериите од овој производ

(Применливо во држави со посебни системи за справување со отпадот)

Оваа ознака на батеријата, прирачникот или пакувањето посочува дека батериите од овој производ не треба да се отстранат заедно со останатиот отпад од домаћинството на крајот од работниот век. Ознаките за хемиските символи Hg, Cd или Pb посочуваат дека батеријата содржи жива, кадмиум или олово над референтните нивоа од EC Directive 2006/66. Доколку батериите не се отстранат правилно, овие супстанци можат да предизвикаат штети на човековото здравје или опкружувањето.

За заштита на природните ресурси и промовирање на повторната употреба на материјалите, одделете ги батериите од останатите видови на отпад и рециклирајте ги со помош на бесплатниот локален систем за рециклирање на батерии.

За повеќе информации во врска со регулаторните обврски специфични за некои производи и еколошките цели на Samsung, на пр., REACH, WEEE, батерии, посетете ја веб-страницата http://www.samsung.com/uk/aboutsamsung/samsungelectronics/corporatecitizenship/data_corner.html

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ - ЗА ДА СПРЕЧИТЕ ПОЈАВА НА ПОЖАР, СЕКОГАШ ЧУВАЈТЕ ГИ СВЕĆИТЕ ИЛИ ДРУГИТЕ ИЗВОРИ НА ОТВОРЕН ОГАН ПОДАЛЕКУ ОД ОВОЈ ПРОИЗВОД.

SAMSUNG UE65KS8000L - HDMI - 3

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : SAMSUNG

Модел : UE65KS8000L

Категорија : Телевизор