7185 Silk-épil 7 - брич BRAUN - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот 7185 Silk-épil 7 BRAUN во PDF формат.
| Тип на производ | Епилатор / Тример |
| Бренд | Braun |
| Модел | 7185 Silk-épil 7 |
| Напојување | Интегриран сет за кабел со безбеден многу низок напон (SELV) |
| Поставки за брзина | 2 брзини: I (екстра нежна) и II (екстра ефикасна) |
| Број на пинцети | 40 пинцети со Close-Grip технологија |
| SmartLight | Интегрирана светлина за подобра видливост |
| Масажен систем | Високофреквенциски масажен систем за нежна епилација |
| Вклучени капачиња | Капаче EfficiencyPro (брза епилација), капаче за потпазуви (опционално) |
| Глава за епилација | Ротирачка глава со 40 пинцети, отстранлива за чистење |
| Водоотпорност | Да, погодна за чистење под млаз вода (исклучена) |
| Метод на чистење | Чистење со четка со алкохол или плакнење под млаз вода |
| Безбедносни карактеристики | Исклучете од струја пред чистење; копчињата за заклучување спречуваат случајно стартување; не за споделување |
| Гаранција | 2 години од датумот на купување |
| Препорачана должина на коса | 2–5 мм за оптимална епилација |
| Области на употреба | Нозе, потпазуви, линија на бикини |
| Приспособување на кожата | Почетната непријатност се намалува со повторна употреба; избегнувајте иритирачки супстанции по епилација |
Често поставувани прашања - 7185 Silk-épil 7 BRAUN
Прашања на корисниците за 7185 Silk-épil 7 BRAUN
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот брич во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник 7185 Silk-épil 7 - BRAUN и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. 7185 Silk-épil 7 на марката BRAUN.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК 7185 Silk-épil 7 BRAUN
Нашите производи се создадени со цел да ги исполнат највисоките стандарди за квалитет, функционалност и дизајн.
Се надеваме дека вистински ќе уживате употребувајќи го Braun Silk·épil 7 епилаторот.
Ве молиме внимателно да го прочитате упатството пред да го употребувате апаратот, и да го сочувате упатството за понатамошни консултации.
Braun Silk-épil 7 епилаторот е дизајниран на начин што успева многу ефикасно да ги отстранува несаканите влакна, нежно и лесно. Неговиот веќе докажан епилационен систем ги отстранува влакната од корен, оставајќи ја вашата кожа мазна со недели. Влакната кои подоцна растат, растат меки и нежни, и се разбира никогаш нема да изгледате неиздепилирани.
Важно
- Од хигиенски причини не делете го овој апарат со други.
- Овој апарат оди во комбинација со специјален кабелски сет со интегриран Safety Extra Low Voltage адаптер. Не разменувајте и не манипулирајте со ниеден дел од овој апарат, затоа што така има ризик од електричен шок.
- Овој апарат може да се чисти под млаз вода. Предупредување: Исклучете го апаратот од струја пред плакнење на било која глава со вода.
- Овој апарат не е наменет за употреба од страна на деца или лица со намалени физички и ментални способности, освен ако не се под надзор на лицето кое е одговорно за нивната безбедност. Во принцип, ние советуваме да го чувате овој апарат подалеку од дофат на деца.
Децата треба да бидат надгледувани за да бидете сигурни дека не си играат со овој апарат.
- Кога апаратот е вклучен, истиот не смее да дојде во контакт со влакната на вашата глава, со трепките итн., за да се заштитите од која било можна опасност или пак повреда, како и со цел да го заштитите вашиот апарат од тоа да се заглави или оштети.
- Никогаш не ја употребувајте епилациската глава без заштитата наменета за неа.
Општи информации за епилирањето
Сите методи за отстранување на влакната од корен доведуваат до растење на поткожни влакна и иритација (на пример чешање, неудобност и зацрвенување на кожата) зависно од состојбата на кожата и влакната. Ова е нормална реакција и обично исчезнува брзо, но може да биде поинтензивно кога ги отстранувате влакната од корен првите неколку пати или доколку имате чувствителна кожа.
Доколку после 36 часа кожата сеуште е иритирана, ве советуваме да се консултирате со вашиот дерматолог.
Општо земено, реакцијата на кожата и чувството на болка исчезнуваат со постојана употреба на Silk·épil.
Во некои случаи воспалението на кожата се појавува доколку некоја бактерија навлезе во кожата (на пример, кога го лизгате апаратот по кожата). Длабинското чистење на епилациската глава пред употреба го минимализира ризикот од инфекција.
Доколку имате какви било сомнежи за употребата на овој апарат, ве молиме консултирајте дерматолог. Во следниве
случаи би требало да консултирате дерматолог пред да го употребите апаратот:
– егземи, рани, воспалени кожни реакции како на пример фоликулит (загноени фоликули на влакната), проширени вени, – околу младежите, – намален имунитет на кожата, на пример диабетис, за време на бременост, Рејнолдова болест, хемофилија, кандида или недоволен имунитет.
Неколку корисни совети
Доколку претходно не сте употребувале епилатор, или ако не сте се епилирале подолг временски период, можеби ќе треба да помине кратко време додека кожата се адаптира на епилација. Неудобноста која ќе ја почувствувате на почетокот, ќе се редуцира со континуираната употреба, заради тоа што кожата се адаптира на овој процес.
Епилацијата е наједноставна и поудобна кога влакната се од 2 до 5мм долги. Доколку влакната се подолги, ви препорачуваме најпрво да се избричите и да ги изделирате пократките влакненца, кои ќе подпораснат, што значи дека во овој случај, треба да се епилирате после првата или втората недела.
Доколку се епилирате првпат, препорачливо е да се епилирате од вечер, за да може да исчезне какво било црвенило за време на ноќта. За да ја опуштите кожата ви препорачуваме да нанесете хидратантна крема по епилацијата. Може да се случи влакната кои израснуваат меки, да не ја пробијат кожата и излезат на нејзината површина.
Редовната употреба на масажни сунгери (на пример по туширањето) или пак пилингот на мртвите фоликули го спречуваат внатрешното растење на влакната. Тоа се случува заради тоа што со пилингот се отстранува горниот слој на кожата и меките влакна можат да излезат на површината на кожата.
Опис:
1a Високо фреквентен систем за масажа 1b EfficiencyPro cap 2 Епилациска глава 3 Лампа («smartlight») 4 Систем за заклучување (4a) 5 Копче за ослободување 6 Специјален сет за приклучување 7 Глава за отстранување на влакната под пазувите (само за модел 7380)
Подготовки - пред употреба
- Вашата кожа мора да биде сува, односно на неа да нема нанесено масло или пак крема.
- Пред употреба, бидете сигурни дека епилациската глава е чиста.
- Осигурете се дека епилациската глава (2) е секогаш со потребниот додаток.
- За промена на додатоците, притиснете ги од надворешната страна и повлечете го делот.
- За промена на главите, притиснете го копчето за ослободување (5).
Како да се епилирате
Главата за епилирање (2) се одликува со новата технологија Close-Grip која обезбедува дополнителна ефикасност, особено кај кратките влакна. 40-те пинцети се секогаш во контакт со кожата за да ги
отстранат влакната што се мали како зрно песок. Благодарение на движењето, совршено се прилагодуваат на контурите на телото, за максимални резултати.
Високофреквентниот систем за масажа (1a) ефикасно ја омекнува вашата кожа за ултра нежна епилација.
Додатокот EfficiencyPro (1b) ви обезбедува контакт со кожата за максимални резултати, така што пинцетите ќе бидат оптимално позиционирани.
1 Вклучување
- Притиснете на едно од копчињата за ослободување и свртете го прекинувачот во насока на стрелките на часовникот за да ја одберете посакуваната брзина:
I = екстра ефикасно
II = екстра ефикасно
- Лампата индикатор веднаш светнува, штом апаратот е вклучен.
Обезбедува одлична светлина, со тоа што ги открива и најмалите влакна, со што ви дава подобра контрола за усовршена епилациска ефикасност.
2 Како да управувате со епилаторот
- Оптегнете ја кожата секогаш кога се епилирате.
- Осигурајте се дека областа која ја епилирате преку масажните ролери е во контакт со вашата кожа.
- Особините автоматски се адаптираат на контурите на вашата кожа.
- Управувајте со апаратот со бавни и континуирани движења без да правите притисок на кожата, движете се во правец обратен од правецот на растењето на влакната. Движете се во насока на копчето за вклучување / исклучување. Заради тоа што влакната можат да растат во различни насоки, може да биде од помош да го движите апаратот во различни насоки со цел да се постигнат оптималните резултати. Со тоа што масажните ролери прават пулсирачки движења, ја стимулираат и релаксираат кожата за понежна епилација.
ната можат да растат во различни насоки, може да биде од помош за движење на апаратот во различни насоки со цел да се постигнат оптималните резултати. Со тоа што масажните ролери прават пулсирачки движења, ја стимулираат и релаксираат кожата за понежна епилација.
- Доколку сте навикнати на чувството за време на епилирањето, и преферирате побрз начин за отстранување на влакната, прикачете го EfficiencyPro сар (1b), со што ќе го замените масажниот систем (1a).
3 Епилација на нозе
Епилирајте ги вашите нозе од долу нагоре. Кога се епилирате позади коленото, ногата нека ви биде право истегната.
4 Под пазувите и препоните
За таа цел, додатокот за пазуви (7) е дизајниран како дополнителен додаток кој може да се стави на епилационата глава (2).
Ве молиме имајте во предвид дека на почетокот овие места се особено чувствителни на болка. Затоа, Ви препорачуваме да ја користите „I“ брзина во текот на првите неколку епилациони процеси.
По неколкукратното користење на апаратот болката ќе исчезне. За да биде епилацијата поудобна, осигурајте се дека влакната ви се 2–5 мм долги. Пред да се епилирате темелно исчистете ја областа, со цел да го оттргнете од вас она што претходно сте го употребиле (на пример деодорант). Кога се епилирате под пазувите, држете ја раката крената за да може да ја истегнете кожата и за да можете
да го движите апаратот во различни насоки. Заради тоа што кожата може да биде почувствителна по епилирањето, избегнувајте да употребувате иритирачки препарати како на пример деодоранси со алкохол.
5 Чистење на епилациската глава
Пред чистењето, исклучете го апаратот. Редовното чистење на апаратот обезбедува подобра изведба.
Чистење на четката:
Темелно исчистете ги пинцетите од внатрешната страна на епилациската глава со четка која претходно сте ја натопиле во алкохол. Додека ја чистите главата, рачно вртете го и делот со пинцетите. Овој метод на чистење Ви обезбедува најдобри хигиенски услови за одржување на епилациската глава.
По секоја употреба со вода (мокра епилација), исчистете го апаратот под млаз вода.
Отстранете го капачето.
Поставете ја епилациската глава под млаз вода. Потоа притиснете го копчето за ослободување (6) со цел да ја отстраните епилациската глава (2).
Темелно истресете ги и епилациската глава и апаратот за да го исцедите остатокот од водата. Оставете ги двата дела да се исушат. Пред да ги споите, осигурајте се дека се комплетно суви.
За електричните спецификации, Ве молиме видете ја ознаката на полначот. Посебниот кабелски сет автоматски се адаптира на АС струен напон.
Ве молиме не фрлајте го апаратот во отпад по неговото користење. Можете да го доставите во Braun сервис центрите или на соодветните места кои се обезбедени во Вашата држава.

Предмет на промена без известување.
Гаранција
2 годишна гаранција за производот од датумот на купување. Во периодот на времетраењето на гаранцијата, доколку се појават дефекти на самиот апарат, бесплатно ќе ги отстраниме или поправиме/замениме истите во целост. Оваа гаранција важи во секоја држава каде апаратите се дистрибуирани од страна на Braun или нивниот назначен дистрибутер.
Оваа гаранција не важи доколку: апаратот е оштетен поради неправилно користење, при редовна употреба или појава на недостатоци кои незначително влијаат на вредноста на самиот апарат.
Гаранцијата престанува да важи доколку поправките се направени од страна на неовластени лица или не се користени оригинални Braun делови за нивна замена.
За да добиете соодветен сервис, во периодот на времетраењето на гаранцијата, доставете го или испратете го апаратот, заедно со сметката, до овластените сервисни центри на Braun.