HBX1500VS - Рачен миксер GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот HBX1500VS GORENJE во PDF формат.

GORENJE HBX1500VS - Рачен миксер
📄 57 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice GORENJE HBX1500VS - page 12
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Вид на производПотопен блендер
БрендGorenje
МоделHBX1500VS
Нога за блендерНерѓосувачки челик
Главни функцииМешање, сечкање, матење, кршење мраз, пасирање
Контрола на брзинаПостепен регулатор + копче Турбо
Максимално време на континуирана работа30 секунди
Максимална температура на храната80 °C
Ниво на бучава< 72 dB(A)
Материјал на садот за сечкањеПластика за миење во машина за садови
Вклучени додатоциСад за сечкање, мателка, чаша
БезбедностНе го потопувајте моторниот блок
БезбедностМногу остри сечива, ракувајте внимателно
БезбедностСамо за домашна употреба
Чистење на моторниот блокВлажна сунѓерче, не потопувајте
Чистење на садот и ножот за сечкањеМашина за садови
Чистење на ногата на блендерот и капакотВлажна сунѓерче, исушете со крпа
ГаранцијаМеѓународна гаранција на Gorenje
УпотребаСамо за домаќинство
РециклирањеСелективно собирање на ОЕЕО

Често поставувани прашања - HBX1500VS GORENJE

Како да го составите потопниот блендер?
Прицврстете ја ногата на блендерот на моторниот блок. Составете правилно пред да го приклучите. Погледнете го упатството за повеќе детали.
Како да го користите универзалниот сечкач?
Ставете го садот за сечкање на стабилна површина, вметнете го ножот, ставете ја храната, ставете го капакот, вметнете го моторниот блок и заклучете. Притиснете на Вкл/Искл. Не надминувајте 30 секунди.
Која е максималната температура на храната за мешање?
Топлата храна треба да се излади на максимум 80 °C пред да се меша.
Може ли да се подготви пире од компири со овој блендер?
Не, овој блендер не е погоден за подготовка на пире од компири.
Како да го исчистите уредот?
Никогаш не го потопувајте моторниот блок во вода. Чистете го со влажна сунѓерче. Садот и ножот за сечкање може да се мијат во машина за садови. Ногата на блендерот и капакот се чистат со влажна сунѓерче.
Дали садот за сечкање може да се мие во машина за садови?
Да, садот и ножот за сечкање може да се чистат во машина за садови.
Кои додатоци се вклучени?
Уредот доаѓа со нога за блендер, сад за сечкање со нож и капак, мателка и чаша.
Дали уредот може да го користат деца?
Деца од 8 години можат да го користат под надзор, под услов да добиле безбедносни упатства. Децата не смеат да си играат со уредот ниту да го чистат без надзор.
Што да направите ако сечивата се заглавени?
Исклучете го уредот пред да ја отстраните храната што ги блокира сечивата. Ракувајте со сечивата внимателно бидејќи се многу остри.
Како да го рециклирате уредот на крајот на неговиот век?
Не го фрлајте уредот со домашниот отпад. Предадете го на депонија што обработува ОЕЕО. Контактирајте ја вашата општина или продавница за повеќе информации.

Прашања на корисниците за HBX1500VS GORENJE

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Вашата е-пошта останува приватна: се користи само за да ве известиме ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Рачен миксер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник HBX1500VS - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. HBX1500VS на марката GORENJE.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК HBX1500VS GORENJE

MK Упатства за употреба....12

EN Instruction manual 16

RO Instructiuni de utilizare....19

CS Návod k obsluze....23

  1. Погонска единица
  2. Soft/Touch копче за вклучување и исклучување / дотерување брзина
  3. Нога за мешање од челик што не ’рѓосува
  4. Наставка за сечкање
  5. Нож за сечкање
  6. Сад за сечкање
  7. Наставка за метле
  8. Метле
  9. Бокал

Како да се употребува апаратот

Вашата стапчеста мешалка е наменета за употреба во домаќинството и не е предвидена за употреба во локали. Употребувајте ја за обработка на количества храна кои се вообичаени за домаќинство. Грижливо чувајте ги упатствата за употреба и, спрема потреба, предадете им ги на наредниот корисник. Пред првата употреба избришете ја мешалката и прилучоците со влажна крпа. Пред приклучување во мрежна приклучница апаратот најпрвин правилно составете го. Поголеми состојки пред обработка нарежете на 2 см големи парчиња. Жешки состојки, пред да ги сечкате или турите во бокалот, да се оладат (највисока температура 80° C).

Важни безбедносни предупредувања

За да го намалите ризикот од пожар, електричен удар и/или телесни повреди, при употребата на електрични апарати потребно е да ги земете предвид некои основни безбедносни упатства, меѓу кои се и следниве:

  • Внимателно прочитајте ги упатствата, и покрај тоа што апаратот веќе го познавате.
  • За да спречите евентуален електричен удар, не потопувајте го апаратот, кабелот или приклучокот во вода или друга течност.

Оваа опрема е означена согласно европската директива 2012/19/EU за отпадна електрична и електронска опрема (WEEE). Директивата определува барања за собирање и постапување со отпадна електрична и електронска опрема, кои важат во целата Европска Унија.

  • Апаратот ќе го исчистите така што надворешниот дел на куќиштето ќе го избришете со влажна крпа.
  • Кога апаратот не го употребувате, кога го составувате или раставувате и пред чистење, секогаш исклучете го апаратот од електричната мрежа. Притоа никогаш не влечете за кабелот.
  • Ако електричниот приклучен кабел или приклучокот се оштетени, ако дошло до грешка при работењето на апаратот или ако тој паднал на подот, односно е на друг начин оштетен, не го употребувајте апаратот. Целиот апарат вратете му го на најблискиот овластен сервисер, каде ќе го прегледаат и според потреба ќе го поправат електричниот или механичкиот дел и ќе извршат потребни дотерувања.
  • Ако за апаратот употребувате приклучоци или помагала кои не ги продава или препорачува

производителот на апаратот, може да дојде до пожар, електричен удар или телесни повреди.

  • Не го пренаполнувајте апаратот.
  • Внимавајте електричниот приклучен кабел да не виси преку работ на масата или друга работна површина и да не е во контакт со жешки површини.
  • Не допирајте ги жешките површини, употребувајте ги рачките и копчињата.
  • Не употребувајте го апаратот во близина на жешки површини (на пр. гасно или електрично решо или жешка рерна); исто така не ставајте поединечни делови на апаратот во близина на овие извори на високи температури.
  • Внимавајте да не го оштетите кабелот. Никогаш не го носете апаратот така што го држите само за кабелот и никогаш не го влечете кабелот кога сакате апаратот да го исклучите од електричната мрежа; тоа правилно ќе го направите така што ќе држите за приклучокот.
  • Ако употребувате продолжен кабел или разводник за електричен кабел, уверете се дека тој одговара на барањата на апаратот.
  • Апаратот е наменет исклучиво за употреба во домаќинството.
  • Не обидувајте се сами да го поправите апаратот. Однесете го во најблискиот сервисен центар или кај овластен дистрибутер.
  • Овој апарат можат да го користат деца кои веќе наполниле 8 години, лица со намалени физички, сетилни

или ментални способности, како и лица кои немаат доволно искуство и знаење, ако се под надзор или биле обучени како да го користат апаратот на безбеден начин и ги разбрале опасностите кои можат да се појават. Децата мора постојано да бидат под надзор за да се осигурате дека тие не си играат со апаратот.

  • Чистењето и корисничкото одржување не треба да го изведуваат деца кои не наполниле 8 години и кои не се под надзор.
  • Претпазливо постапувајте со острите сечила, особено за време на отстранување или празнење на садот, како и за време на чистење.
  • Не допирајте ги сечилата на стапчестата мешалка, особено кога апаратот е приклучен на електричната мрежа. Сечилата се многу остри.
  • Ако сечилата се заглават, исклучете го апаратот од електричната мрежа и дури потоа отстранете ја храната која ги пречи.
  • При употреба или чистење на единицата за сечење или комбинираната плоча, бидете крајно претпазливи, бидејќи рабовите за сечење се исклучително остри. Бидете особено претпазливи при нивно чистење и празнење на садот.
  • Садот не е погоден за употреба во микробранова печка. • Ниво на бучава: Lc < 72 dB (A)

Употреба

Предупредување! Стапчестата мешалка не е погодна за подготвување компирово пире.

GORENJE HBX1500VS - Употреба - 1

  • Потполно одвијте го приклучниот кабел.
  • Приклучокот за мешање (3) приклучете го на погонската единица (1), така што ќе го вртите во насока на стрелката на часовникот, додека не се закачи.
  • Во приложениот или друг сад ставете ги состојките.
  • Фатете го апаратот и садот и притиснете го тастерот за вклучување.
  • За вклучување на апаратот притиснете и држете го копчето за обична брзина (2).

ВНИМАНИЕ: Апаратот нека не работи непрекинато повеќе од 30 секунди. Никогаш не вклучувајте го апаратот кога е празен.

Забелешка: мешалката најпрвин исклучете ја, а потоа дигнете ја од храната.

Универзална сецкалка

Предупредување! На месото пред режење да му ги отстраните жилите, коските и 'рскавицата. Универзалната сецкалка не е примерна за режење зрна од кафе или рен.

GORENJE HBX1500VS - Универзална сецкалка - 1

  • Садот за сецкање (6) ставете го на глатка, чиста работна површина и притиснете го надолу. • Ставете го ножот за сечкање (5).
  • Во садот ставете состојки.
  • Садот за сецкалката покријте го со наставка за сецкање (4), која ја завртете во спротивна

насока од стрелката на часовникот (ќе се слушне „клик“).

  • На наставката за сечкање (4) прицврстете ја погонската единица (1) (ќе се слушне „клик“).
  • Фатете го апаратот и сецкалката и притиснете го тастерот за вклучување (2).

Забелешка: Ако состојки се лепат на внатрешната страна од садот, ослободете го копчето да го исклучите апаратот и ги отстранете состојките од лопатката или додадете нешто течност.

ВНИМАНИЕ: Апаратот да не работи непрекинато повеќе од 30 секунди. Никогаш да не го вклучувате апаратот кога е празен.

Употреба на метлето

Пред да го приклучите метлето на главната единица, проверете дали апаратот е приклучен на електричната мрежа.

GORENJE HBX1500VS - Употреба на метлето - 1

  • Ставете го метлето (8) во наставката за мешање (7) и завртете го во насока на стрелките на часовникот (ќе се слушне „клик“).
  • Во садот додајте состојки.
  • Фатете го апаратот и сецкалката и притиснете го тастерот за вклучување (2).

ВНИМАНИЕ: Апаратот да не работи непрекинато повеќе од 30 секунди. Никогаш да не го вклучувате апаратот кога е празен.

ЧИСТЕЊЕ И НЕГА

Предупредување! Апаратот да не го потопувате во вода и да не го миете во машина за миење садови.

  • Апаратот избришете го со влажна и потоа со сува крпа.
  • Бокалот (9), метлето (8), садот за сечкање (6), ножот за сечкање (5) можете да ги измиете во машина за миење садови.

Наставката за сечкање (4), ногата за мешање (3), наставката за метле (7) избришете ги со влажна крпа или четка под вода што тече.

Забелешка: При обработка на пример црвена зелка, пластичните делови црвено ќе се обојат.

Оваа црвена облога можете да ја отстраните со неколку капки масло за јадење.

Околина

Овој симбол означува дека овој производ не треба да се исфрла заедно со останатиот отпад од домаќинството на територијата на ЕУ. За

GORENJE HBX1500VS - Околина - 1

да се спречи потенцијална штета на околината и човековото здравје од неконтролиран отпад, се препорачува одговорно да го рециклирате за да промовирате одржлива реупотреба на материјални ресурси. За да го вратите употребуваниот апарат, ве молиме да ги користите системите за враќање и собирање или контактирајте го продавачот од каде што сте го купиле производот. Тие можат да го однесат овој производ на безбедно рециклирање.

Гаранција и сервис

Доколку ви е потребна информација или имате проблем, ве молиме контактирајте го Горење центарот за грижа на корисници во вашата земја (телефонскиот број ќе го најдете во меѓународната гаранција). Доколку нема центар за грижа на корисници во вашата земја, обратете се до локалниот дилер на Горење или контактирајте го одделот за домашни апарати на Горење.

Само за лична употреба!

Го задржуваме правото на промени!

Си придржуваме право до измени!

GORENJE HBX1500VS - Гаранција и сервис - 1

Уредот е предназначен за домашна употреба.

Само за лична употреба!

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : GORENJE

Модел : HBX1500VS

Категорија : Рачен миксер