TCL NXTWEAR G - Мобилен телефон

NXTWEAR G - Мобилен телефон TCL - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот NXTWEAR G TCL во PDF формат.

📄 72 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice TCL NXTWEAR G - page 41
Погледни прирачник : Français FR Български BG Čeština CS Deutsch DE English EN Македонски MK Slovenčina SK Slovenščina SL Türkçe TR
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Тип на производПоврзани очила (smart glasses) за мобилен телефон
БрендTCL
МоделNXTWEAR G
Димензии (проценети)Околу 160 x 50 x 40 mm (склопени)
Тежина (проценета)Околу 85 g
НапојувањеПреку поврзаниот телефон преку USB-C (OTG)
ПоврзувањеUSB Type-C со алтернативен режим DisplayPort
Главни функцииПриказ на видео, подесување на осветленост, прекинувач за режим 2D/3D, ажурирање на фирмверот преку апликација Smart Glasses
ЧистењеЧиста, сува и мека крпа. Не користете хемикалии или силни детергенти
БезбедностНе користете при интензивни активности или при замор на очите. Прекинете ако има прекумерна топлина или вртоглавица. Не се препорачува за деца под 14 години без надзор на возрасни
Резервни деловиЗаменливи носни влошки, рамка за корективни леќи (да се купи одделно), предни украсни леќи
Работна температура0°C до 50°C
ПроизводителTCL Communication Ltd., Хонг Конг
УсогласеностДиректива 2014/30/ЕУ (CE)
Веб-сајт за поддршкаhttps://www.tcl.com/global/en/mobile-support.html

Frequently Asked Questions - NXTWEAR G TCL

Како да ги поврзете очилата NXTWEAR G со телефон?
Поврзете го кабелот на очилата со USB Type-C портот на вашиот телефон. Проверете дали телефонот поддржува алтернативен режим DisplayPort. Преземете и инсталирајте ја апликацијата Smart Glasses од веб-страницата на TCL за да ги користите напредните функции.
Како да ја подесите осветленоста на очилата?
Користете ја апликацијата Smart Glasses за да ја прилагодите осветленоста. Забележете дека максималната осветленост зависи од излезниот капацитет OTG на вашиот телефон.
Може ли да ги користам очилата ако носам очила за вид?
Да, очилата NXTWEAR G се компатибилни со корективни леќи. Купете рамка за корективни леќи кај вашиот оптичар, поставете соодветни леќи, а потоа магнетно прицврстете ја во внатрешноста на очилата.
Како да ги исчистите очилата NXTWEAR G?
Користете чиста, сува и мека крпа за бришење на очилата. Не користете хемикалии, средства за чистење или силни детергенти кои можат да ги оштетат леќите или материјалот.
Кои се важните безбедносни мерки?
Не користете ги очилата при ненадејни или интензивни активности. Прекинете веднаш ако почувствувате замор на очите, вртоглавица или ако очилата станат невообичаено топли. Не ги користете ако сте болни или под влијание на супстанции.
Дали очилата се водоотпорни?
Не, очилата NXTWEAR G не се водоотпорни. Не ги користете во вода или на дожд. Избегнувајте изложување на течности.
Како да ја смените носната влошка?
Изберете носна влошка соодветна на обликот на вашиот нос од приложените. Поставете ја на очилата со мало прилагодување на положбата и ширината. Избегнувајте чести прилагодувања за да не ја скршите.
Дали очилата работат со сите USB-C телефони?
Не, вашиот телефон мора да има USB Type-C порт со алтернативен режим DisplayPort (DP Alt Mode) за да прикажува содржина. Проверете ги карактеристиките на вашиот телефон за да ја потврдите компатибилноста.
Може ли да го ажурирам софтверот на очилата?
Да, апликацијата Smart Glasses овозможува ажурирање на фирмверот на очилата. Проверете дали ја имате најновата верзија на апликацијата.
Која е препорачаната работна температура?
Препорачаната температура е помеѓу 0°C (32°F) и 50°C (122°F). Не користете ги очилата надвор од овој опсег за да избегнете оштетување.

Прашања на корисниците за NXTWEAR G TCL

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Мобилен телефон во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник NXTWEAR G - TCL и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. NXTWEAR G на марката TCL.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК NXTWEAR G TCL

ВОДИЧ ЗА БРЗО ЗАПОЧНУВАЊЕ

3 перничиња за носот

TCL NXTWEAR G - 1

(1) Шарката има ограничена флексибилност. Внимавајте премногу да не ги раширите слепоочниците за да избегнете нивно оштетување.

Избирање на перниче за носот

Изберете перниче за носот што најдобро одговара на обликот на вашиот нос и монтирајте го на очилата.

TCL NXTWEAR G - Избирање на перниче за носот - 1

Можете малку да ги прилагодите положбата и ширината на перничето за носот, според она што вие го претпочитате.

TCL NXTWEAR G - Избирање на перниче за носот - 2

TCL NXTWEAR G - Избирање на перниче за носот - 3

Забелешка: Препорачливо е да избегнувате чести прилагодувања и енергични активности, што можат да предизвикаат кршење на перничето за носот.

Леки издадени на рецепт (ако се потребни)

Ако е неопходно, донесете ја рамката за корективни леки во вашата локална продавница за оптика за да купите соодветни корективни леки. Потоа, прикачете ги со магнет на внатрешната страна на очилата.

TCL NXTWEAR G - Леки издадени на рецепт (ако се потребни) - 1

Поврзување со мобилниот телефон

Поврзете го кабелот на очилата со USB тип-С конекторот на вашиот мобилен телефон.

TCL NXTWEAR G - Поврзување со мобилниот телефон - 1

Ако вашиот уред е опремен со USB тип-С со алтернативен режим DisplayPort, можете директно да ги поврзете очилата со уредот. Преземете ја и инсталирајте ја апликацијата Паметни очила од веб-страницата: https://www.tcl.com/global/en/mobile-support.html.

Апликацијата Паметни очила ги обезбедува следниве функции:

  1. Прилагодување на осветленоста
  2. Прекинувач за режим 2D/3D
  3. Ажурирање на фирмверот на производот

Совет: Максималната осветленост їе се прилагоди според излезниот капацитет на OTG на вашиот уред.

Носење на очилата

Кога ги ставате очилата, целосно раширете ги слепоочниците и навлечете ги на лицето од челото до ушите, како на илустрацијата подолу.

TCL NXTWEAR G - Носење на очилата - 1

  • Не свиткувајте ги слепоочниците кога се рашируваат кон надвор.
  • Осигурајте се дека слепоочниците се целосно раширени пред да ги носите за да избегнете штипнување на раçете или косата за време на оваа постапка.

Предупредување

За да ги користат очилата TCL NXTWEAR G, корисниците мора да го прочитаат целосното упатство за корисникот за да се запознаат со функциите на овој производ пред да го користат. Доколку овој производ не се користи на безбеден и одговорен начин во рамки на намената за која е предвиден, тоа може да резултира со лична повреда или оштетување на производот или друг имот.

Овој производ не е наменет за употреба од страна на деца под 14-годишна возраст без директен надзор од возрасно лице.

Одрекување од одговорност

Ви честитаме за купувањето на нашите очила TCL NXTWEAR G.

Може да има одредени разлики помеѓу описот во упатството за корисникот и работењето на телефонот, во зависност од изданието на софтверот на вашиот телефон и очилата или конкретните услуги на операторот.

TCL Communication Ltd. нема да сноси правна одговорност за таквите разлики.

Безбедносни информации

Користете ги само во безбедна средина.

За спречување можно оштетување на слухот, не слушајте звук со преголема јачина подолг временски период.

Не користете ги овие очила за време на ненадејна или интензивна активност.

Ако вашите очила се жешки на допир или се невообичаено топли, престанете да ги користите и дозволете им да се изладат.

Веднаш прекинете ја употребата на овие очила ако почувствувате напрегање на очите или вртоглавица.

Веднаш престанете да ги користите овие очила ако се оштетени.

Не изложувајте ги на течност.

Консултирајте се со вашиот лекар пред да ги користите овие очила. Не користете ги овие очила ако сте болни, уморни, под дејство на опијати/лекови или ако генерално не се чувствувате добро.

Не стискајте ги овие очила за време на употребата за да избегнете оштетување на очилата или да не предизвикате изобличување на леките што би можело да доведе до ризик од оштетување на лицетона личноста што ги носи.

Престанете да ги користите овие очила ако забележите отекување, чешање, иритација или други непријатности на кожата што доаға во допир со нив. Ако симптомите продолжувает, контактирајте лекар.

Не користете јаки хемикалии, средства за чистење или јаки детергенти за да ги чистите очилата, во спротивно тоа може да доведе до промени на материјалот, што їе влијае на здравјето на очите. Користете чисто, суво, меко крпче за бришење на очилата.

Престанете да ги користите очилата и исключете ги сите приклучоци или кабли со друга опрема пред чистење и одржување.

Не дозволувајте им на децата или домашните миленичиња да ги гризат очилата за да избегнете повреда или нефункционирање на очилата.

Не ставајте ги овие очила на директна сончева светлина, како што е инструмент таблата на автомобилот или первазот на прозорецот.

Не третирајте ги овие очила како обичен отпад од дома Kinството.

Почитувајте ги локалните прописи за овие очила и поддржете ги иницијативите за рециклирање.

Овие очила не се стандартно опремени со леки за очила издадени на рецепт, па корисниците на кои им се потребни корективни леки треба да си ги купат сами.

Овие очила не се водонепропустлив производ, па не користете ги на вода или дожд.

Производителот препорачува работен температурен опсег од 0°C (32°F) до 50°C (122°F).

Општи информации

  • Интернет-адреса: https://www.tcl.com/global/en/mobile-support.html. На нашата веб-страница, єе ги најдете нашите ЧПП (Често поставувани прашања) и апликацијата Паметни очила итн.
  • Производител: TCL Communication Ltd.
  • Адреса: 5/F, Building 22E, 22 Science Park East Avenue, Hong Kong Science Park, Shatin, NT, Hong Kong

Регулаторни информации

Со ова, TCL Communication Ltd. изјавува дека типот на производ TCL NXTWEAR G е во сообразност со Директивата 2014/30/EU.

Целосниот текст на изјавата за сообразност за ЕУ е достапен на следнава интернет-адреса: www.tcl.com/global/en/service-support-mobile/eu-doc.html

Дополнителни информации

Описот на дополнителната опрема и компонентите, вклучувајки го софтверот, кој овозможува производот да работи како што е предвидено, може да се најде во целосниот текст на изјавата за сообразност за ЕУ на следнава интернет-адреса: www.tcl.com/global/en/service-support-mobile/eu-doc.html

UPORABO

Vsebina
TCL NXTWEAR G - UPORABO - 1

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : TCL

Модел : NXTWEAR G

Категорија : Мобилен телефон