AC0920 - Пречистувач на воздух PHILIPS - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот AC0920 PHILIPS во PDF формат.
Прашања на корисниците за AC0920 PHILIPS
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Пречистувач на воздух во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник AC0920 - PHILIPS и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. AC0920 на марката PHILIPS.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК AC0920 PHILIPS
Внимателно прочитајте го ова упатство за користење пред да го користите апаратот и зачувајте го за идни потреби.
Опасност
- Немојте да го чистите апаратот со вода, некоја друга течност или (запалив) детергент и внимавајте да не навлезат во апаратот за да се избегне опасност од струен удар и/или пожар.
- Немојте да прскате со запаливи материјали како што се инсектициди или парфеми околу апаратот.
Предупредување
- Пред да го приключите апаратот проверете дали напонот наведен на апаратот одговара на напонот на локалната електрична мрежа.
- Во случај на оштетување, кабелот за напојување треба да го замени компанијата Philips, односно сервисен центар овластен од Philips или лица со соодветни квалификации за да се избегне опасност.
- Немојте да го користите апаратот ако е оштетен адаптерот, кабелот за напојување или самиот апарат.
- Да се користи само со адаптерот што се испорачува со апаратот.
- Овој апарат може да го користат деца постари од 8 години и лица со ограничени физички, сензорни или ментални способности или лица со недостаток на искусство и знаење, под услов да се под надзор или да добиле упатства за безбедно користење на апаратот и да ги разбираат можните опасности.
- Децата не смеат да си играат со апаратот.
- Децата не смеат да го чистат и одржуваат апаратот без надзор.
- Немојте да го блокирате отворот за влез или излез на воздух, на пр. со поставување предмети на отворот за излез на воздух или пред отворот за влез на воздух.
- Внимавајте да не паднат надворешни предмети во апаратот преку излезот за воздух.
Внимание
- Препорачуваме лица коишто се алергични на прав, полен, миленичиња или мувла да не ги заменуваат филтрите сами или да преземат заштитни мерки, како што е носење на маска и ракавици. Овој апарат не е замена за соодветна вентилација, редовно чистење со правосмукалка или користење на аспиратор или вентилатор при готвењето.
- Секогаш поставувајте и користете го апаратот на суба, стабилна, рамна и хоризонтална површина.
- Оставете најмалку 20 см слободен простор околу апаратот и најмалку 30 см слободен простор над апаратот.
- Немојте да седите или да стоите врз апаратот. Не ставајте ништо врз апаратот.
-
Не поставувајте го апаратот директно под климатизер за да спречите капење вода врз апаратот поради кондензацијата.
-
Користете само оригинални филтри од Philips што се специјално наменети за овој апарат. Немојте да користите други филтри.
- Согорувањето на филтерот може да предизвика непоправлива опасност за лугето и/или да загрози други животи. Не користете го филтерот како гориво или за слична намена.
- Избегнувајте да го удирате апаратот (особено влезот и излезот за воздух) со тврди предмети.
- Немојте да ставате прсти или предмети во излезот или влезот за воздух за да спречите повреди или дефект на апаратот.
- Немојте да го користите апаратот ако сте користеле димни средства против инскти за внатрешна употреба или на места каде што има остатоци од масло, запален темјан или испарување на хемикалии.
- Немојте да го користите апаратот во близина на плински апарати, уреди за греење или камини.
- Секогаш исклучувајте го апаратот од штекер кога сакате да го преместите и исчистите и кога сакате да го замените филтерот или да извршите друг вид на одржување.
- Апаратот е наменет само за употреба во домакинства во нормални услови на работа.
- Немојте да го користите апаратот во влажни опкружувања или опкружувања со висока амбиентална температура, како на пример во бања или во просторија со големи температурни промени.
- Уредот не отстранува јаглероден моносид (CO) или радон (Rn). Toј не може да се користи како безбедносен уред во случај на несреći со процеси на согорување и опасни хемикалии.
Електромагнетни полиња (EMF)
Овој апарат е усогласен со важечките стандарди и прописи што се однесуваат на изложеноста на електромагнетни полиња.
Рециклирање

Овој символ означува дека производот не смее да се фрла со обичниот отпад од дома Kinствата (2012/19/EU).
Придржувајте се до законите во вашата земја за одделно собирање на електричните и електронските производи. Правилното фрлање помага во спречувањето на негативните последици по животната средина и човековото здравје.
Вашиот пречистувач на воздух
Ви честитаме за купувањето и добре дојдовте во Philips!
За да ја искористите целосната поддршка што ја нуди Philips, регистрирајте го вашиот производ на www.philips.com/support.
Преглед на производот

text_image
A B PHILIPS AeraSense C D E FA Контролна табла D Филтер (FY0900)
В Отвор за излез на воздух E Основа
Сензор за квалитет на воздух F Адаптер (КА2401А-2401000ЕУ)
Копчиња за контрола:
Копче за вклучување/исклучување Копче за вклучување/исклучување светло
Притиснете го(и) копчето(ињата) на апаратот во траење од 3 секунди:
Заклучување за деца Ресетирање на филтерот
Екран:
Режим на мирување Турбо режим

Индикатор за заклучување за деца Предупредување за чистење на филтерот
Предупредување за замена на филтерот
Подготовка за користење
Поставување на филтерот
Отстранете ја целата амбалажа од филтерот пред употреба.
Забелешка: Проверете дали пречистувачот на воздух е ислучен од штекер пред да го поставите филтерот.

1 Превртете го апаратот наопаку и ставете го на мека крпа.

2 Завртете ја основата во спротивна насока од стрелките на часовникот за да ја отстраните од апаратот. Извадете го филтерот од апаратот.

3 Отстранете ја целата амбалажа од филтерот за пречистување на воздух.

4 Вратете го филтерот во апаратот. Повторно поставете го подножјето и завртете го во насока на стрелките на часовникот за да го прицврстите.
Приклучување на напојувањето
ВНИМАНИЕ: Ризик од струен удар! При ислучување на адаптерот, секогаш влечете го приклучокот од приклучницата. Никогаш немојте да го влечете кабелот.

Поврзете го адаптерот за напојување со:
- Прво, адаптерот за напојување на апаратот.
- Потоа, сидниот штекер.
Користење на пречистувачот на воздух
Објаснување за бојата на светлото за квалитет на воздухот
Светлото за квалитет на воздух автоматски се вклучува кога їе се вклучи пречистувачот на воздух и засветуваат сите бои по ред. По приближно 30 секунди, сензорот за честички ја избира бојата што соодветствува на квалитетот на воздухот во зависност од воздушните честички.
Бојата на светлото за квалитет на воздухот се одредува според читањето на PM2,5.
PM2.5
Технологијата AeraSense прецизно ја открива и брзо реагира на дури и на најмалата промена на честички во воздухот. Таа ви нуди сигурност со повратни информации за PM2,5 во реално време.
Повекето загадувачи на воздухот во затворен простор спағаат во PM2,5 - што се однесува на загадувачки честички во воздухот помали од 2,5 микрометри. Вообичаени извори на ситни честички во затворен простор се чадот од тутун, готвењето и палењето свеки. Некои бактерии што се пренесуваат преку воздухот и најмалите спори на мувла, алергените од домашни миленици и алергенските честички од грини исто така спағаат во PM2,5.
Ниво на PM2,5 Боја на квалитет на воздух Ниво на квалитет на воздух
| ≤12 Сина Добро |
| 13-35 Сино-виолетова Средно |
| 36-55 Виолетово-црвена Ниско |
| >55 Црвена Многу ниско |
Вклучување и исклучување
Забелешка:
За оптимални перформанси на пречистување, затворете ги вратите и прозорците.
Погрижете се завесите да бидат подалеку од влезот или излезот за воздух.

1 Вметнете го приключокот на пречистувачот на воздух во приклучницата.
2 Повторно притиснете го копчето за напојување за да го включите пречистувачот на воздух.
- Пречистувачот на воздух ке даде звучен сигнал.
- При загревањето, на екранот će се прикаже .Потоа пречистувачот на воздух će го прикаже нивото на РМ2,5 откако će го измери квалитетот на воздух.
- Пречистувачот на воздух работи во автоматскиот режим со нивото на РМ2,5 прикажано на екранот.
3 Повторно притиснете го копчето за напојување за да го исключите пречистувачот на воздух.
Забелешка: Ако пречистувачот на воздух остане приключен во штекер по исклучувањето, тој će работи со претходните поставки кога повторно će се вклучи.
Можете да изберете Автоматски режим, Среден режим, Турбо режим или Режим на мирување со притиснување на копчето за промена на режим.

text_image
0.08 AАвтоматски режим (A): пречистувачот на воздух автоматски ја приспособува брзината на вентилаторот во зависност од квалитетот на амбиенталниот воздух.

text_image
0.08 SСреден режим (9): во Средниот режим, пречистувачот на воздух работи со средна брзина.

Турбо режим (☐): пречистувачот на воздух работи со најголема брзина.

Режим на мирување (С): пречистувачот на воздух работи тивко со мала брзина. Светлата на екранот се исклучуваат по 3 секунди.
Користење на функцијата за включување/исклучување светло

Можете да го допрете копчето за вклучување/исклучување светло за да ги включите, затемните или исключите сите светла и контролната табла.
- Контролната tabla е затемнета.

- Контролната табла е исклучена.
Поставување заклучување за деца

text_image
0:08 3s1 Притиснете го копчето во траење од 3 секунди за да го активирате заклучувањето за деца.
- На екранот се прикажува

text_image
0.08 3s2 Повторно притиснете го копчето во траење од 3 секунди за да го деактивирате заклучувањето за деца.
- ke исчезне од екранот.
Чистење и одржување
Забелешка:
Секогаш исклучувајте го апаратот од штекер пред да го чистите.
Никогаш не потопувајте го апаратот во вода или некоја друга течност.
За чистење на деловите на апаратот никогаш немојте да користите абразивни, агресивни или запаливи средства за чистење како што се белило или алкохол.
Никогаш немојте да го чистите филтерот со течности (вклучувајки и вода).
Не обидувајте се да го чистите сензорот за квалитет на воздух со правосмукалка.
Распоред на чистење
Зачестеност Метод на чистење
Кога е неопходно Избришете го пластичниот дел на апаратот со мека и сува крпа
Исчистете го капакот на излезот за воздух
Секои два месеци Исчистете го сензорот за честички со суво стапче со памучен врв

ke se prikaje на екранот Исчистете ја површината на филтерот
Чистење на куќиштето на пречистувачот на воздух
Редовно чистете ги внатрешниот и надворешниот дел на пречистувачот на воздух за да не се насобере прав.
1 Користете мека и сува крпа за да ги исчистите внатрешната и надворешната површина на пречистувачот на воздух.
2 Со сува и мека крпа може да се чисти и отворот за излез на воздух.
Чистење на сензорот за честички
Чистете го сензорот за квалитет на воздух секои 2 месеци за оптимално работење на апаратот.
Ако пречистувачот на воздух се користи во правливо опкружување, можеби ќе треба почесто да се чисти.
Ако нивото на влажност во просторијата е многу високо, на сензорот за честички може да се појави кондензација и светлото за квалитет на воздух може да покаже послаб квалитет на воздухот иако квалитетот на воздухот е всушност добар. Ако се случи тоа, исчистете го сензорот за квалитет на воздух.
1 Исключете го пречистувают на воздух и извадете го приключокот од приклучницата.

2 Отворете го капакот на сензорот за квалитет на воздух.

3 Исчистете го сензорот за честички со влажно стапче со памучен врв.
4 Темелно исушете ги сите делови со суво стапче со памучен врв.
5 Затворете го сензорот за квалитет на воздух.

Чистење на површината на филтерот

text_image
0.08Кога предупредувањето за чистење на филтерот ће прикажува на екранот, исчистете ја површината на филтерот со правосмукалка.
Забелешка: на лугето кои се алергични на прав, полен, домашни миленици или мувла им препорачуваме да не ги менуваат филтрите сами или да се заштитат со маска и ракавици.

1 Исключете го пречистувачот на воздух и извадете го приклучокот од приклучницата.

2 Превртете го апаратот наопаку и ставете го на мека крпа.

3 Завртете ја основата во спротивна насока од стрелките на часовникот за да ја отстраните од апаратот. Извадете го филтерот од апаратот.

4 Исчистете ја површината на филтрите со правосмукалка.

5 Вратете го филтерот во апаратот. Повторно поставете ја основата и завртете ја во насока на стрелките на часовникот за да ја прицврстите.

6 Вметнете го адаптерот на пречистувачот на воздух во приклучницата.
7 Притиснете го копчето ⏻ за да го включите апаратот.

8 Притиснете ги копчињата й изадржете ги 3 секунди за да го ресетирате времето за чистење на филтерот.
- По успешното ресетирање, предупредувањето за чистење на филтерот исчезнува од екранот.

9 Темелно измијте ги рацете откако їе ги исчистите филтрите.
Замена на филтерот
Објаснување за функцијата за блокирање на апаратот поради заштита од нечист воздух
Овој пречистувач на воздух е опремен со индикатор за замена на филтерот, што єе овозможи филтерот за пречистување на воздух да е во оптимална состојба кога работи пречистувачот на воздух. Кога филтерот треба да се замени, предупредувањето за замена на филтерот свети црвено.
Ако филтерот не се замени навреме, пречистувачот на воздух će престане да работи и автоматски će се блокира за да го заштити квалитетот на воздухот во просторијата. Заменете го филтерот најбрзо што можете.
Замена на филтерот
Забелешка:
Филтерот не се пере и не е за повекекратна употреба.
Пред да извршите замена на филтерот, секогаш исклучувајте го пречистувачот на воздух и извлекувајте го адаптерот од сидниот штекер.

Кога предупредувањето за замена на филтерот ☐е прикажува на екранот, заменете го филтерот (FY0900).
Забелешка: на лугето кои се алергични на прав, полен, домашни миленици или мувла им препорачуваме да не ги менуваат филтрите сами или да се заштитат со маска и ракавици.

1 Исключете го пречистувачот на воздух и извадете го приклучокот од приклучницата.

2 Превртете го апаратот наопаку и ставете го на мека крпа.

3 Завртете ја основата во спротивна насока од стрелките на часовникот за да ја отстраните од апаратот. Извадете го филтерот од апаратот. Фрлете го искористениот филтер.

4 Отстранете ја целата амбалажа од новите филтри.

5 Ставете го новиот филтер во апаратот. Повторно поставете го подножјето и завртете го во насока на стрелките на часовникот за да го прицврстите.

6 Вметнете го адаптерот на пречистувачот на воздух во приклучницата.
7 Притиснете го копчето за да го включите апаратот.

8 Притиснете ги копчињата й и задржете ги 3 секунди за да го ресетирате бројачот за работен век на филтерот.
- По успешното ресетирање, предупредувањето за замена на филтерот ке исчезне од екранот.

9 Темелно измијте ги рацете откако їе го замените филтерот.
Забелешка: немојте да го мирисате филтерот бидејки собира загадувачки честички од воздухот.
Ресетирање на филтерот

Филтрите можете да ги замените дури и пред да се прикаже предупредувањето за замена на филтерот ( ☐на екранот. Кога їе ги замените филтрите, потребно е рачно да го ресетирате бројачот за работен век на филтерот.
1 Притиснете го копчето за да го исключите апаратот. Исключете го апаратот од штекер.

2 Проверете дали апаратот е целосно ислучен, а потоа ставете го адаптерот за напојување во приклучницата.

text_image
0.083 Во рок од 15 секунди по включувањето, притиснете ги копчињата и задржете ги 3 секунди за да го ресетирате бројачот за траење на филтерот.

Складирање
1 Исключете го пречистувачот на воздух и извадете го приключокот од штекер.
2 Исчистете го пречистувают на воздух и површината на филтерот (погледнете го поглавјето „Чистење и одржување“).
3 Почекајте сите делови потполно да се исушат на воздух пред да ги складирате.
4 Ставете го филтерот во херметички затворена пластична кеса.
5 Складирајте ги пречистувачот на воздух и филтерот на ладно и суво место.
6 Секогаш темелно мијте ги рацете по ракувањето со филтерот.
Решавање проблеми
Во ова поглавје се опишани најчестите проблеми со кои може да се соочите при користење на апаратот. Ако не можете да го решите проблемот со помош на информациите наведени подолу, контактирајте со центарот за корисничка поддршка во вашата земја.
| Апаратот не работи правилно. Предупредувањето за замена на филтерот е включено, но не сте го замениле соодветниот филтер. Како резултат на тоа, апаратот сега е блокиран. Во тој случај, заменете го филтерот и ресетирајте го бројачот за траење на филтерот. | |
| Протокот на воздух од отворот за излез на воздух е значително послаб од претходно. | Површината на филтерот е нечиста. Исчистете ја површината на филтерот (погледнете го поглавјето „Чистење и одржување“). |
| Квалитетот на воздух не се подобрува и покрај тоа што апаратот работи долго време. | Проверете дали амбалажата е отстранета од филтерот. |
| Проверете дали филтерот (FY0900) е правилно поставен. | |
| Просторијата е голема или квалитетот на надворешниот воздух е слаб.За оптимални перформанси на пречистување, затворете ги вратите и прозорците кога работи пречистувачот на воздух. | |
| Постојат внатрешни извори на загадување. На пример пушење, готвење, темјан. | |
| Филтрите се на крајот од работниот век. Заменете го филтерот со нов. | |
| Апаратот испушта необичен мирис. При првите неколку употреби, апаратот може да испушта мирис на пластика. Тоа е нормално. Меѓутоа, ако апаратот испушта мирис на изгорено дури и по отстранувањето на филтерот, контактирајте со продавачот на производи од Philips или со овластен сервисен центар на Philips. Филтерот може да испушта мирис по одреден период на користење поради ансорбирањето на внатрешните гасови. Ви препорачуваме да го ставите филтерот на добро проветрено место неколку часа за да се намали мирисот. | |
| Апаратот е многу гласен. Тоа е нормално ако апаратот работи во Турбо режимот. | |
| Во Автоматскиот режим, апаратот će работи со поголема брзина кога квалитетот на воздухот е слаб. Кога го користите апаратот во спална соба навечер, изберете го Режимот на мирување. | |
| Ако нешто падне во отворот за излез на воздух, тоа може да предизвика и невообичаени гласни звуци.Веднаш исключете го апаратот и извадете ги надворешните предмети од него. | |
| Ако се слуша необичен звук, контактирајте со центарот за корисничка поддршка во вашата земја. | |
| Апаратот се уште покажува дека треба да го заменам филтерот, но јас веке го сторив тоа. | Можеби не сте го ресетирале бројачот за траење на филтерот. Вклучете го апаратот. Потоа допрете и задржете на 🚗 истовремено во траење од 3 секунди. |
| На екранот се прикажува код на грешка „E1“. | Моторот е неисправен. Контактирајте со центарот за корисничка поддршка во вашата земја. |
Гаранција и поддршка
Versuni нуди две годишна гаранција по купувањето на овој производ. Оваа гаранција не е важечка ако настане дефект поради неправилно користење или лошо одржување. Нашата гаранција не ги ограничува вашите законски права како потрошувач. За повеće информации или за активирање на гаранцијата, посетете ја нашата веб-страница www.philips.com/support.
Нарачување делови или додатоци
Ако треба да замените дел или сакате да купите дополнителен дел, контакрајте со продавачот на производи од Philips или посетете ја вебстраницата www.philips.com/support.
Ако имате проблеми со набавување на деловите, контактирајте со центарот за корисничка поддршка на Philips во вашата земја.