Edge 50 Ultra - смартфон MOTOROLA - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот Edge 50 Ultra MOTOROLA во PDF формат.
Прашања на корисниците за Edge 50 Ultra MOTOROLA
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот смартфон во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник Edge 50 Ultra - MOTOROLA и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. Edge 50 Ultra на марката MOTOROLA.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК Edge 50 Ultra MOTOROLA
Пред да го користите телефонот, прочитајте ги правните, безбедносните и регулаторните информации испорачани со производот.
Внимание: заштитниците за екран може да ја намалат чувствителноста на екранот на допир на вашиот телефон. Не користете заштитници за екран подебели од 0,5 mm.
Звучник
Предна камера
Слушалка
Сензор за
близина
(под екранот)
Копчиња за
јачина на звук
/
Копче за напојување
Сензор за отпечатоци
Фиока
за SIM-
картичка
USB-C®/Полнач/
Приклучок за слушалки
Звучник
Забелешка: слушалките ке мора да имаат USB-C-приклучок за да можете да ги користите. Ако користите слушалки со приклучок од 3,5 mm, ке ви биде потребен адаптер за да можете да го поврзете приклучокот од 3,5 mm во USB-C. Слушалките и адаптерот можеби се продаваат посебно.
Отпорност на вода, прскање и прав. Отпорноста на вода, прскање и прав се тестирани според стандардите IP68 во контролирани лабораториски услови. Издржува потопување во свежа вода до 1,5 метри во траење од 30 минути. Отпорноста ће се намали како резултат на вообичаеното абење. Не е предвиден да работи додека е потопен во вода. Не изложувајте го уредот на вода под притисок или на други течности освен свежа вода. Немојте да полните влажен телефон. Не е водоотпорен. За повеće информации во врска со водоодбивниот дизајн и одржувањето на телефонот, повлечете нагоре и допрете Поставки > Помош.

text_image
Ултра широко камера/ Макро камера Микрофон Главна камера Објектив ToF¹ Телефото камера NFC-точка на допир Микрофон Микрофон Блиц Сензор за светло Површина за безжично полнење² МикрофонОбјектив „Time-of-Flight“.
Безжично полнење: полнете го телефонот со помош на безжичен полнач компатибилен со Qi (се продава посебно). Вашиот телефон може безжично да полни друг уред компатибилен со Qi. Повлечете нагоре од почетниот екран и допрете Поставки > Батерија > Споделување на напојувањето, а потоа допрете го прекинувачот за да го включите.
Ставете ја картичката и включете го телефонот
1 Вметнете ја алатката за SIM-картичката во дупчето на фиоката за да ја извадите фиоката. Проверете дали ја користите точната големина на SIM-картичка и немојте да ја отсекувате SIM-картичката.
2 Вметнете ја SIM-картичката со златните контакти нагоре, а потоа внимателно турнете ја фиоката во отворот.

text_image
1 Nano SIM 2Опција за eSIM: телефонот може да има eSIM (вградена SIM-картичка) покрај физичката SIM-картичка. Контактирајте со вашиот давател на услуги за подетални информации ако сакате да ја активирате и користите eSIM-картичката.
Поврзување со 5G: потребен е пакет за 5G-услуга и покриеност со 5G-мрежа; достаточно само во одредени области; уредот не е компатибилен со сите 5G-мрежи. Контактирајте со вашиот давател на услуги за повеće детали.
3 Притиснете и задржете го копчето за напојување ⏻ за да го включите телефонот, а потоа следете ги инструкциите за да започнете. За да го исключите телефонот, притиснете ги копчињата за напојување и зголемување на јачината на звукот ⏻ + 📄+ истовремено.
Скенирајте со апликацијата Камера за да погледнете видеа со објаснувања.

Добијте одговори, ажурирања и информации:
- Помошта е тука: повлечете нагоре од почетниот екран и допрете Поставки > Помош за да дознаете како да го користите телефонот и за да добиете поддршка.
- Добијте повеќе: преземете софтвер, прирачници за користење и друго на www.motorola.com/mymotoedge.
- Преземете апликации: допрете Play Store за да прелистувате и преземате апликации.
Правни информации. Овој прирачник содржи важни правни, безбедносни и регулаторни информации што треба да ги прочитате пред да го користите производот. За да ги прочитате сите правни информации, повлечете нагоре од почетниот екран и допрете Поставки > а потоа напишете Правни информации или посетете ја веб-страницата www.motorola.com/device-legal.
Полнење и безбедно користење на батеријата. За да спречите можни изгореници и повреда, батеријата во телефонот треба да ја отстранува само сервисен центар одобрен од Motorola или друго квалификувано лице.
Ако телефонот не реагира, притиснете и задржете го копчето за напојување сё додека екранот не се затемни и телефонот не се рестартира. За најголеми брзини на полнење, полнете го телефонот со полнач USB-C Power Delivery (PD) од 125 W на Motorola (можеби се продава посебно) и со кабелот PD од Motorola што е включен во пакувањето. Може да се користат други компатибилни полначи и кабли за полнење на уредот. Меѓутоа, употребата на такви полначи/кабли не се препорачува и може да резултира со помали брзини на полнење. Не полнете го телефонот на температури под -20 °C (-4 °F) или над 45 °C (113 °F). Полначите што не ги исполнуваат важечките национални стандарди може да бидат небезбедни и да предизвикаат бавно полнење или оштетување на производот. За да ги погледнете важечките стандарди и да дознаете повеće, отворете го делот „Правни информации“ во овој прирачник или посетете ја веб-страницата www.motorola.com/device-legal.
Предупредување за слушање со голема јачина на звук. За да спречите можно оштетување на слухот, немојте да слушате со голема јачина на звук подолги периоди. Кога јачината на звукот на слушалките ќе го достигне прагот на голема јачина на звук, їе се прикаже предупредување. Допрете OK за да го отфрлите или почекајте од една до пет секунди, а потоа притиснете го копчето за зголемување на јачината на звук за да го отфрлите предупредувањето и да овозможите повторно прилагодување на јачината на звукот.
Фрлање и рециклирање. Ако ви треба помош за одговорно рециклирање на производите и пакувањата, посетете ја веб-страницата www.motorola.com/recycling.
Ласер од класа 1. Овој уред е класифициран како ласер од класа 1 и е безбеден за нормално користење во согласност со IEC60825-1:2007 и IEC60825-1:2014. Овој уред
е усогласен со 21 CFR 1040.10 и 1040.11, освен за отстапувањата во согласност со Известувањето за ласер 50, со датум од 24 јуни 2007 година. Не обидувајте се да го модифицирате или расклопувате.
Екстремна топлина или студ. Не користете го телефонот на температури под -20 °C (-4 °F) или над 45 °C (113 °F). Не чувајте/транспортирајте го телефонот на


Оградувања од правна одговорност. Одредени функции, услуги и апликации зависит од мрежата и може да не бидат достапни во сите области; може да важат дополнителни одредби/трошоци. Спецификациите на производот и други информации во овој прирачник се верува дека се точни во времето на печатење или објавување. Motorola го задржува правото да ги коригира или менува информациите без претходно известување.
Арбитража. Вашето купување е регулирано со обврзувачка клаузула за арбитража. За повеќе информации и за тоа како да се откажете, погледнете го правниот прирачник што се испорачува со телефонот.
Информации за SAR (на е-ознаката). За да ги погледнете вредностите за специфична стапка на апсорпција (SAR) за овој телефон, повлечете нагоре од почетниот екран и допрете Поставки > Q, а потоа напишете Регулаторни ознаки, внесете *#07# со подлогата за бирање или посетете ја веб-страницата www.motorola.com/sar.
Поддержани фреквенции и мокност (модел ХТ2401-1). Во зависност од локацијата и достатноста на мрежата, овој телефон може да работи на следните фреквенции.
| Оперативен режим | Фреквенциски опсег MHz/Појас | Максимална номинална мокност на емитирање dBm |
| Bluetooth 2.400 - 2.483,5 EIRP од 20 dBm | ||
| Wi-Fi 2.400 - 2.483,5 EIRP од 20 dBm | ||
| Wi-Fi 5.150 - 5.250 EIRP од 23 dBm | ||
| Wi-Fi 5.250 - 5.350/5.470 - 5.725 EIRP од 20 dBm | ||
| Wi-Fi 5.725 - 5.850 EIRP од 14 dBm | ||
| Wi-Fi 5.945 - 6.425 EIRP од 23 dBm | ||
| GNSS 1.559 - 1.610/1.164 - 1.215 Нема | ||
| NFC 13,56 -18,47 dBuA/m на 10 m | ||
| UWB 6.489,5 и 7.987,2 0 dBm | ||
| WPT 100 - 205 KHz | -2,08 dBuA/m на 10 m | |
| GSM | 2/3/5/8 | 33/30 |
| UMTS | 1/2/4/5/8 | 24 |
| LTE | 1/2/3/4/5/7/8/12/13/17/18/19/20/25/26/28/32/38/39/40/41*/42/43/66 | 23/(26*) |
| 5G | n1/2/5/7/8/20/26/28/38/40/41/66/71/75/77*/78* | 23/(26*) |
Авторски права и заштитни знаци. MOTOROLA, стилизираното лого М, MOTO и групата ознаки на MOTO се заштитни знаци или регистрирани заштитни знаци на Motorola Trademark Holdings, LLC. Google, Android, Google Play и други поврзани ознаки и логоа се заштитни знаци на Google LLC. USB Type-C® и USB-C® се регистрирани заштитни знаци на USB Implementers Forum. Сите други имиња на производи или услуги се сопственост на нивните соодветни сопственици. © 2024 Motorola Mobility LLC. Сите права се задржани.
ID на производ: motorola edge 50 ultra (модел XT2401-1) Број на прирачник: SSC8E30260-A