Mirka DEOS 663CV - мелница

DEOS 663CV - мелница Mirka - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот DEOS 663CV Mirka во PDF формат.

📄 208 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice Mirka DEOS 663CV - page 118
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за DEOS 663CV Mirka

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот мелница во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник DEOS 663CV - Mirka и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. DEOS 663CV на марката Mirka.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК DEOS 663CV Mirka

mk Упатства за ракување....118

Mirka DEOS 663CV - 1
Носете маска за лицето

Mirka DEOS 663CV - 2

Изјава за усогласеност

Mirka Ltd, 66850 Jeppo, Финскапод сопствена одговорност изјавуваме дека електричните орбитални брусилки на Mirka® DEOS 353, 383 & Delta 663 со 10.000 врт./мин. (видете ја табелата „Технички податоци“ за одделните модели) на кои се однесува оваа изјава се усогласени со следните стандарди или други нормативни документи: EN 62841-1:2015, 62841-2-4:2014, EN 55014-2:2015, EN 61000-3-2:2014, EN 61000-3-3:2013, EN 300 328 V2.1.1, EN 301 489-1 V2.1.1, EN 301 489-17 V3.1.1 во согласност со регулативите 2006/42/EC, 2011/65/EU, 2014/53/EU.
Jeppo 13.08.2020Место и датум на издавањеMirka DEOS 663CV - Изјава за усогласеност - 1КомпанијаMirka DEOS 663CV - Изјава за усогласеност - 2Stefan Sjöberg,главен извршен директор
Упатствата за ракување опфаќаат:Цртеж на расклопениот уред, листа на делови, изјава за усогласност, важно, предупредување, внимание, дополнителни безбедносни предупредувања, табела со технички податоци, информации за бучавата и вибрациите, правилна употреба на алатот, работни станици, како да започнете, упатства за ракување, Bluetooth, одржување, замена на потпорната подлога, штитник за подлога, дополнительно сервисирање, водич за отстранување проблеми, информации за исфрлање како отпад.Производител / ЗастапникMirka Ltd66850 Jeppo, Финска Тел. +358 20 760 2111Факс +358 20 760 2290www.mirka.comMirka DEOS 663CV - Изјава за усогласеност - 3

Превод на оригиналните упатства. Го задржуваме правото на измени на ова упатство без претходно известување.

Важно

Внимателно прочитајте ги овие безбедносни упатства и упатствата за ракување пред поставувањето, ракувањето или одржувањето на овој алат. Чувајте ги овие упатства на безбедно и лесно достаточно место.

Потребна опрема за лична безбедност

Mirka DEOS 663CV - Потребна опрема за лична безбедност - 1
Прочитајте го упатството за операторот

Mirka DEOS 663CV - Потребна опрема за лична безбедност - 2
Носете заштитни очила

Mirka DEOS 663CV - Потребна опрема за лична безбедност - 3
Носете заштита за уши

Mirka DEOS 663CV - Потребна опрема за лична безбедност - 4
Носете заштитни ракавици

Mirka DEOS 663CV - Потребна опрема за лична безбедност - 5
Носете заштитна маска за лице

Mirka DEOS 663CV - Потребна опрема за лична безбедност - 6

Предупредување: Потенцијално опасна ситуација која може да доведе до смртен исход или сериозни повреди и/или оштетување на имотот.

Внимание: Потенцијално опасна ситуација која може да доведе до помала или средно сериозна повреда и/или оштетување на имотот.

Внимателно прочитајте и придржувајте се на

  • Општите индустриски регулативи за безбедност и здравје, дел 1910, OSHA 2206, издавач: Superintendent of Documents; Government Printing Office; Washington DC 20402
    • Државни и локални регулативи

Mirka DEOS 663CV - Внимателно прочитајте и придржувајте се на - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

  • При употребата на овој алат секогаш носете ја потребната опрема за лична безбедност во согласност со упатствата на производителот и локалните/националните стандарди.
  • Електричната безбедност на алатот е гарантирана само кога се користат оригинални потпорни подлоги.
  • Не го користете електричниот алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови.
  • Прочитајте го листот со безбедносни податоци за материјалите (MSDS) за работната површина.
  • Користете го алатот со систем за вшмукување на прашината. Соодветниот уред за вшмукување прашина їе го намали количеството опасна прашина.
  • Не се истегнувајте премногу. Операторот мора секогаш да стои во безбедна положба, да има цврст стисок и цврсто да стои на цврсто тло.
  • Не носете широка облека или накит. Држете ја косата, облеката и ракавиците подалеку од подвижните делови. Подвижните делови може да ја зафатат широката облека, накитот или долгата коса.
  • Ако дојде до каква било физичка неудобност на раката/зглобот, престанете со работа и побарајте лекарска помош. Работните задачи што се повторуваат, движењата и прекумерната изложеност на вибрации можат да доведат до повреди на дланката, зглобот или раката.
  • Не ги користете електричните алати во средини во кои постои опасност од експлозии, како на пример во присуство на запалливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри кои можат да ја запалат прашината или испарувањата.

Mirka DEOS 663CV - ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ - 1

ВНИМАНИЕ

-Одржувајте го работниот простор чист и добро осветлен.
- Секогаш проверувајте дали предметот што го брусите е добро прицврстен на место.
- Секогаш исклучувајте го алатот од напојувањето пред да ја замените брусната хартија. Проверете дали брусната хартија е совершено центрирана и прицврстена за потпорната подлога.
- Држете ги децата и присутните лица на растојание кога користите електрични алати. Одвлекувањето на вниманието може да доведе до губење на контролата над алатот.
- Секогаш обрнувајте внимание на безбедноста при работењето. Никогаш немојте да носите, складирате или да го оставате алатот без надзор додека е поврзан со извор на напојување.
- Држете ги рацете подалеку од подлогата за време на употребата.

Mirka DEOS 663CV - ВНИМАНИЕ - 1

Дополнителни безбедносни предупредувања

  • Прочитајте ги сите упатства пред да го користите овој алат. Сите оператори мора да поминат целосна обука за правилна и безбедна употреба на овој алат.
  • Сето одржување мора да го извршуват обучени лица. Ако е потребно сервисирање, обратете се до овластениот сервис центар на компанијата Mirka.
  • Секогаш користете ги алатите со заштитен уред за диференцијална струја (RCD) со номинална диференцијална струја од 30 mA или помалку.
  • Приклучницата и конекторот за напојување се спојки што не се IEC апарати. Користете ислучиво кабел за напојување од компанијата Mirka. Кабел за напојување од компанијата Mirka можете да купите од продавачот на компанијата.
  • Редовно проверувајте го алатот, потпорната подлога, кабелот за напојување и спојките за знаци на истрошеност.
  • Секојдневно чистете ја или менувајте ја кесата за складирање прашина на системот за вшмукување на прашината. Прашината може да биде мошне запаллива. Чистењето или замената на кесата исто така обезбедува и оптимални перформанси.
  • Секогаш проверувајте дали спецификациите на електричниот алат одговараат на изворот на напојување (V, Hz).
  • Ако алатот почне да работи неисправно, веднаш престанете со користењето и договорете сервисирање и поправка.

Технички податоци

Mirka® DEOS 353CV 383CV Delta 663CV

Моїност 250 W 250 W 250 W
Напон 220–240 V AC 220–240 V AC 220–240 V AC
Број на вртежи5 000–10 000 врт./мин.5 000–10 000 врт./мин.5 000–10 000 врт./мин.
Орбитално движење 3,0 mm (1/8") 3,0 mm (1/8") 3,0 mm (1/8")
Големина на потпорната подлога81 × 133 mm (3 × 5")70 × 198 mm (3 × 8")100 × 152 × 152 mm (4 × 6 × 6")
Тежина0,97 kg (2,1 lbs)1,0 kg (2,2 lbs)0,97 kg (2,1 lbs)
Степен на заштитаIII

Информации за буката и вибрациите

Вредностите се измерени според EN 62841.

Mirka® DEOS353CV383CVDelta 663CV
Ниво на звучен притисок ( L_pA )69 dB(A)71 dB(A)68 dB(A)
Ниво на звучна мойност ( L_pA )80 dB(A)82 dB(A)79 dB(A)
Непрецизност во мерењето на звукот K3,0 dB3,0 dB3,0 dB
Вредност на емисиите на вибрации a_h^* 2,6 m/s ^2 2,6 m/s ^2 2,6 m/s ^2
Непрецизност во мерењето на емисиите на вибрации K*1,5 m/s ^2 1,5 m/s ^2 1,5 m/s ^2

Го задржуваме правото на измена на спецификациите без претходно известување. Понудата на модели може да се разликува во зависност од пазарот.

* Вредностите наведени во табелата се добиени од лабораториски испитувања во согласност со наведените прописи и стандарди и не се доволни за проценка на ризикот. Вредностите измерени на одредено работно место можат да бидат повисоки од наведените вредности. Стварните вредности на изложеност и ризик или штета кои може да ги искуси некое лице се поединечни за секоја ситуација и зависит од опкружувањето, начинот на кој лицето ракува со машината, видот на материјал што се обработува, дизајнот на работните станици, како и времето на изложеност и физичката состојба на корисникот. Компанијата Mirka Ltd не прифаќа одговорност за последиците кои можат да настанат поради употребата на наведените вредности наместо стварните вредности за изложеност за каква било индивидуална проценка на ризикот.

Натамошните информации за безбедноста и заштитата на здравјето на работното место можете да ги пронајдете на следните веб-страници:

https://osha.europa.eu/en (Европа) или http://www.osha.gov (САД)

Правилна употреба на алатот

Оваа брусилка е наменета за брусење на сите видови материјали, т.е. метали, дрво, камен, пластика, итн. со помош на брусна хартија наменета за таа цел. Не ја користете оваа брусилка за никаква друга намена, освен наведената, без да се посоветувате со производителот или неговиот овластен застапник. Користете само оригинални потпорни подлоги на компанијата Mirka кои се дизајнирани за оптимални перформанси. Другите потпорни подлоги можат да ги намалат перформансите и да ги зголемат вибрациите. Вентилациските отвори за ладење на кукиштето мораат во секое време да бидат чисти и слободни за да се обезбеди струење на воздухот. Поправките смее да ги извршува само овластен сервисен центар.

Работни станици

Алатот е наменет за употреба како рачен алат. Се препорачува алатот да го користите само кога стоите на цврсто тло. Алатот може да се користи во секаква положба, но пред секоја таква употреба операторот мора да биде во безбедна положба, цврсто да го држи алатот, стабилно да стои и да има предвид дека вртежниот момент на брусилката во случај на отпор може да ја придвижи брусилката во насока обратна од вртењето на работниот дел. Видете го заглавието „Упатства за ракување“.

Како да започнете

При отпакувањето на алатот проверете дали тој е цел, комплетен и неоштетен при транспортот. Никогаш не користете оштетен алат.

Пред употребата проверете дали потпорната подлога е правилно поставена и затегната. Поврзете го кабелот за напојување со брусилката. Поврзете го кабелот за напојување и приклучницата со заземјување (220–240 V AC, 50/60 Hz).

За да извлечете максимальна моćност од овој алат, се препорачува да го користите заедно со систем за вшмукување прашина на компанијата Mirka и производите за брусење на Mirka Net. Комбинацијата на брусилката, производите за брусење Net и системот за вшмукување прашина на компанијата Mirka ја сочинуваат основата на решенијата за брусење без прашина.

Кабелот за напојување на брусилката се поврзува на извор на мрежно напојување на предната страна на системот за вшмукување на прашината. Со поврзување на кабелот за напојување на брусилката со излезниот отвор на системот за вшмукување прашина, можно е да се користи функцијата за автоматско стартување на системот за вшмукување прашина.

Упатства за ракување

  • Алатот е наменет за употреба како рачен алат. Алатот може да се користи во секаква положба. Напомена! При стартувањето на брусилката може да се создаде несакана реакција поради вртежниот момент.
  • Осигурете се дека брусилката е исключена. Изберете соодветна брусна хартија и прицврстете ја за потпорната подлога. Проверете дали брусната хартија е центрирана на потпорната подлога. За оптимални перформанси препорачуваме овој алат да се користи со други производи и дополнителна опрема на компанијата Mirka.
  • Включете ја брусилката така што ќе го притиснете копчето за Вклучување/Исклучување прикажано на слика 1. LED-индикаторот на брусилката (десно) ќе светне зелено.
  • Сега можете да ја стартувате брусилката така што ње ја притиснете рачката.
  • Со менување на положбата на рачката можете да го прилагодувате бројот на вртежи меѓу 5 000 и максимальниот број вртежи во минута.
  • Максималниот број вртежи во минута можете да го прилагодите со притискање на копчињата rpm+ или rpm−, прикажани на слика 1. Бројот на вртежи во минута може да се прилагодува во чекори на 5 000, 6 000, 7 000, 7 500, 8 000, 9 000 и 10 000 врт./мин.
  • Алатот има два режими за контрола на брзината. Во стандардниот режим, бројот на вртежи може да се прилагодува линеарно со менување на положбата на рачката. Во другиот режим, бројот на вртежи е фиксиран на поставениот максимален број на вртежи кога алатот работи. Префрлувањето меѓу двата режими на контрола се врши со истовремено притискање на копчињата rpm+ и rpm−.
  • Пред брусењето, секогаш прво поставувајте го алатот на работната површина пред да го стартувате. Пред запирањето, секогаш отстранувајте го алатот од работната површина.
  • Кога ће завршите со брусењето, исключете ја брусилката со притискање на копчето за вклучување/ислучување. LED-индикаторот на брусилката (десно) ће се ислучи.

Bluetooth

Алатот е опремен со Bluetooth® технологија со ниска потрошувачка и може да се поврзе со апликација преку која се добива пристап до дополнителни функции на алатот. За повеće информации за функционалноста на апликацијата и за нејзината достатност во вашата земја, одете на www.mirka.com.

Активирајте Bluetooth на вашиот Mirka® DEOS на следниот начин:

  1. Поврзете го кабелот за напојување во струјниот приклучок.
  2. Притиснете и задржете го копчето грм+ додека го включувате алатот со помош на копчето за вклучување/исклучување.
  3. Светнува левиот LED-индикатор (зелено), која означува дека Bluetooth е активиран.
  4. Bluetooth се деактивира кога ќе го исклучите алатот од струјниот приклучок.

НАПОМЕНА! Доколку апликацијата не е инсталирана или не е достатна во вашата земја, Bluetooth не треба да се активира.

Ознаката со зоборот Bluetooth® и лого ознаките на Bluetooth® се регистрирани заштитни знаци во сопственост на Bluetooth SIG, Inc. и секоја употреба на овие ознаки од страна на Mirka Ltd се врши со лиценца. Другите заштитни знаци и заштитни имиња им припајаат на нивните соодветни сопственици.

Одржување

Mirka DEOS 663CV - Одржување - 1

Секогаш ислучувајте го алатот од напојувањето пред одржувањето! Користете ислучиво оригинални резервни делови од Mirka!

Замена на потпорната подлога

Потпорната подлога е зацврстена со 8 завртки.

A = 8 mm (само за 70 × 198 mm)

B = 16 mm

Отстранување

  1. Завртете го алатот наопаку.
  2. Отстранете ги 4-те завртки (А).
  3. Отстранете ги 4-те завртки (В).
  4. Отстранете ја потпорната подлога.

Mirka DEOS 663CV - Отстранување - 1

text_image A B A B B A B A a. PTKI. изајнирани да ја заштитат потпорната подлога од рано брусење со Net производите. Овие поволни

Поставување

  1. Поставете ја новата подлога.
  2. Поставете ги 4-те завртки (В).
  3. Поставете ги 4-те завртки (А).
  4. На крајот зацврстете ги сите 8 завртки.

Штитник за подлога

Штитниците за подлога на Mirka се дизајнирани да ја заштитат потпорната подлога од трошење при агресивно и континуирано брусење со Net производите. Овие поволни штитници за подлога кои се поставуваат помеѓу потпорната подлога и лентата за брусење треба редовно да се менуваат. Штитниците за подлога го продолжуваат работниот век на потпорната подлога.

Mirka DEOS 663CV - Штитник за подлога - 1

Mirka DEOS 663CV - Штитник за подлога - 2

Mirka DEOS 663CV - Штитник за подлога - 3

Понатамошно сервисирање

Сервисирањето мора да го извршуваат обучени лица. За гаранцијата на алатот да остане важечка и за да обезбедите оптимална безбедност и функционирање на алатот, сервисирањето мора да го извршува овластениот сервисен центар на компанијата Mirka. За да пронајдете локален овластен сервисен центар на компанијата Mirka, обратете се до службата за корисничка поддршка на компанијата Mirka или нејзиниот продавач.

Водич за решавање проблеми

Симптом Можно причина Решение
LED-индикаторот на брусилката (десно) наизменично свети црвено и зелено.Поврзано на мрежна приклучница со погрешен напон.Поврзете ја брусилката на мрежна приклучница која одговара на номиналниот напон на алатот.
LED-индикаторот (десно) не свети при вклучување на брусилката.Кабелот за напојување не е правилно приключен на брусилката или во приклучницата на електричната мрежа.Приключете го правилно.
При брусењето, LED-индикаторот на брусилката (десно) свети црвено, а бројот на вртежи на брусилката се намалува на 5000 врт./мин.Температурата во внатрешноста на брусилката е превисока. Преголемо долготрајно оптоварување.Смалете го оптоварувањето на брусилката извесно време и таа повторно ће забрза.
LED-индикаторот на брусилката (десно) свети црвено, а бројот на вртежи е благо намален.Преголемо краткотрајно оптоварување. Смалете го оптоварувањето и LED-индикаторот (десно) автоматски ће светне зелено.
Брусилката запрела, а LED-индикаторот (десно) свети црвено.Алатот е во безбедносен режим поради висока температура.Почекајте алатот да се олади.

Информации за исфрлање како отпад

Mirka DEOS 663CV - Информации за исфрлање како отпад - 1

ОПАСНОСТ

Упатства за исфрлање како отпад за старите уреди. Направете ги непотребните алати неупотребливи така што ќе им го отстраните кабелот за напојување. Само за државите на EU. Не ги фрлајте електричните алати заедно со кукниот отпад. Во согласност со европските директиви 2011/65/EU, 2015/863/EU и 2012/19/EU за исфрлање на електронска опрема и нивната примена во согласност со националните закони, електричните алати со поминат работен век мора одделно да се собираат и да се однесат во еколошки компатибилна институција за рециклирање.

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : Mirka

Модел : DEOS 663CV

Категорија : мелница