HBC561QB - Рачен миксер GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот HBC561QB GORENJE во PDF формат.
| Тип на производ | Потопен блендер |
| Марка | Gorenje |
| Модел | HBC561QB |
| Број на брзини | 2 (I и II) |
| Материјал на ногата | Нерѓосувачки челик |
| Капацитет на чашата | Околу 600 ml |
| Напојување | 220-240 V ~ 50 Hz |
| Моќност | 300 W |
| Тежина | 0,6 kg |
| Димензии (Д x Ш x В) | 6 x 6 x 40 cm |
| Должина на кабелот | 1,2 m |
| Основни функции | Мешање, емулзија, дробење мраз, пире, сосови, коктели |
| Максимална температура на храната | 80 °C |
| Време на континуирано работење | Максимум 30 секунди |
| Ниво на бучава | Lc < 72 dB(A) |
| Безбедност | Остри сечила, не потопувајте, исклучете пред чистење, користете под надзор |
| Одржување и чистење | Моторниот блок чистете со влажен сунѓер, ногата на блендерот се мие со вода, не ставајте во машина за садови |
| Гаранција | Меѓународна гаранција (видете ја картичката) |
| Употреба | Само за домашна употреба |
| Резервни делови и поправливост | Контактирајте овластен сервис по продажба |
| Содржина на пакувањето | Моторен блок, нога на блендерот, чаша, упатство за употреба |
Често поставувани прашања - HBC561QB GORENJE
Прашања на корисниците за HBC561QB GORENJE
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Рачен миксер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник HBC561QB - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. HBC561QB на марката GORENJE.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК HBC561QB GORENJE
МК Упатства за употреба....12
- Погонска единица
- Копче за вклучување и исклучување брзина I
- Копче за вклучување и исклучување брзина II
- Нога за мешање од челик што не 'рѓосува
- Бокал
Како да се употребува апаратот
Вашата стапчеста мешалка е наменета за употреба во домаќинството и не е предвидена за употреба во локали. Употребувајте ја за обработка на количества храна кои се вообичаени за домаќинство. Грижливо чувајте ги упатствата за употреба и, според потреба, предадете им ги на наредниот корисник. Пред првата употреба избришете ја мешалката и приклучоците со влажна крпа. Пред приклучување во мрежна приклучница апаратот најпрвин правилно составете го. Поголеми состојки пред обработка нарежете на 2 см големи парчиња. Жешки состојки, пред да ги сечкате или турите во бокалот, да се оладат (највисока температура 80° C).
Важни безбедносни предупредувања
Да би смалиле ризик од пожар, електричен удар и/или телесни повреди, при употреба на електрични апарати е потребно да се земат во обѕир некои основни безбедносни упатства, меѓу кои се и следниве:
- Внимателно прочитајте ги упатствата, и покрај тоа што апаратот веќе го познавате.
- За да спречете евентуален електричен удар, не потопувајте го апаратот, кабелот или втакнувачот во вода или друга течност.
Оваа опрема е означена согласно европската директива 2012/19/EU за отпадна електрична и електронска опрема (waste electrical and electronic equipment - WEEE). Директивата определува барања за собирање и постапување со отпадна електрична и електронска опрема, кои важат во целата Европска Унија.
- Апаратот ќе го исчистите така што надворешниот дел на куќиштето го избришете со влажна крпа.
- Кога апаратот не го употребувате, кога го составувате или раставувате и пред чистење, секогаш да го исклучите апаратот од електричната мрежа. Притоа никогаш не влечете за кабелот.
- Ако електричниот приклучен кабел или втакнувачот се оштетени, ако дошло до грешка при работењето на апаратот или ако тој паднал на подот, односно е на друг начин оштетен, немојте да го употребувате апаратот.
Целиот апарат вратете му го на најблискиот овластен сервисер, каде што ќе го прегледаат и, според потреба, ќе го поправат електричниот или механичкиот дел и ќе извршат потребни дотерувања.
- Ако за апаратот употребувате приклучоци или помагала кои не ги продава или не ги препорачува производителот на апаратот, може да дојде до пожар, електричен удар или телесни повреди.
- Не го пренаполнувајте апаратот.
- Внимавајте електричниот приклучен кабел да не виси преку работ на масата или друга работна површина и да не е во контакт со жешки површини.
- Не допирајте ги жешките површини, употребувајте ги рачките и копчињата.
- Не употребувајте го апаратот во близина на жешки површини (на пр. гасно или електрично решо или жешка рерна); исто така, не ставајте поединечни делови на апаратот во близина на овие извори на високи температури.
- Внимавајте да не го оштетите кабелот. Никогаш не го носете апаратот држејќи го само за кабелот и никогаш не го влечете кабелот кога сакате да го отклопите апаратот од електричната мрежа; тоа правилно ќе го направите така што ќе држите за втакнувачот.
- Ако употребувате продолжен кабел или разводник за електричен кабел, уверете се дека тој одговара на барањата на апаратот.
- Апаратот е наменет исклучиво за употреба во домаќинството.
- Не обидувајте се сами да го поправите апаратот. Однесете го во најблискиот сервисен центар или кај овластен дистрибутер.
- Овој апарат можат да го користат деца кои веќе наполниле 8 години, лица со намалени физички, сетилни или ментални способности, како и лица кои немаат доволно искуство и знаење, ако се под надзор или биле обучени како да го користат апаратот на безбеден начин и ги разбрале опасностите кои можат да се појават. Децата мора постојано да бидат под надзор за да се осигурате дека тие не си играат со апаратот.
- Чистењето и корисничкото одржување не треба да го изведуваат деца кои не наполниле 8 години и кои не се под надзор.
- Претпазливо постапувајте со острите сечила, особено при отстранување или празнење на садот, како и при чистење.
- Не допирајте ги сечилата на стапчестата мешалка, особено кога апаратот е приклучен на електричната мрежа. Сечилата се многу остри.
- Ако сечилата се заглават, исклучете го апаратот од електричната мрежа и дури потоа отстранете ја храната што ги попречува.
- При употреба или чистење на единицата за сечење или комбинираната плоча, бидете крајно претпазливи, бидејќи рабовите за
сечење се исклучително остри. Бидете особено претпазливи при нивно чистење и празнење на садот.
- Садот не е погоден за употреба во микробранова печка. • Ниво на бучава: Lc < 72 dB (A)
Употреба
Предупредување! Стапчестата мешалка не е погодна за подготовка на пире од компири.

- Целосно одмотете го приклучниот кабел.
- Приклучокот за мешање (4) приклучете го на погонската единица (1), така што ќе го вртите во насока на стрелката на часовникот, додека не се закачи.
- Во приложениот или друг сад ставете ги состојките.
- Фатете го апаратот и садот и притиснете го копчето за вклучување.
- За вклучување на апаратот, притиснете и држете го копчето за обична брзина (2,3).
ВНИМАНИЕ: Апаратот не смее да работи непрекинато повеќе од 30 секунди. Никогаш не вклучувајте го апаратот кога е празен.
Забелешка: мешалката најпрвин исклучете ја, а потоа извадете ја од храната.
ЧИСТЕЊЕ И НЕГА
Предупредување! Апаратот да не го потопувате во вода и да не го миете во машина за миење садови.
Ногата за мешање (4) избришете ја со влажна крпа или исчистете ја со четка под млаз вода.
Забелешка: При обработка на пример црвена зелка, пластичните делови може да се обојат црвено. Оваа облога можете да ја отстраните со неколку капки масло за јадење.

Апаратот по истекување на векот на траење не фрлајте го заедно со вообичаените отпадоци од домаќинството, туку оставете го на официјално собирно место за рециклирање. Со тоа ќе придонесете за зачувување на животната средина.
ГАРАНЦИЈА И СЕРВИС
За информации или во случај на тешкотии, обратете се до Центарот на Gorenje за помош на корисници во вашата држава (телефонскиот број ќе го најдете во меѓународниот гарантен лист). Ако во вашата држава нема таков центар, обратете се до локалниот продавач на Gorenje или до Одделението за мали апарати за домаќинство на Gorenje.
Само за лична употреба!
Си го задржуваме правото на измени!

Уредот е наменет за домашна употреба.
Само за лична употреба!