SAMSUNG NK36C5703TM - кујнска аспиратор

NK36C5703TM - кујнска аспиратор SAMSUNG - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот NK36C5703TM SAMSUNG во PDF формат.

📄 124 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice SAMSUNG NK36C5703TM - page 69
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за NK36C5703TM SAMSUNG

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот кујнска аспиратор во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник NK36C5703TM - SAMSUNG и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. NK36C5703TM на марката SAMSUNG.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК NK36C5703TM SAMSUNG

МК Упатство за монтажа и ракување

SR Uputstva za montažu i upotrebu

МК - Упатство за монтажа и ракување

Симболи користени во овој прирачник

SAMSUNG NK36C5703TM - Симболи користени во овој прирачник - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Опасности или небезбедни дејства кои би можеле да доведат до повреда или смрт.

SAMSUNG NK36C5703TM - ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ - 1

ВНИМАНИЕ

Опасности или небезбедни дејства кои би можеле да доведат до електричен удар, повреда или оштетување на имот.

SAMSUNG NK36C5703TM - ВНИМАНИЕ - 1

ЗАБЕЛЕШКА

Корисни совети и упатства

Овие икони и предупредувачки символи служат за да се избегнат повреди, како ваши, така и на другите. Ве молиме следете ги во потполност. По читањето на ова заглавие, ве молиме да го чувате на безбедно место за можни идни навраќања.

Придржувајте се строго до упатствата дадени во овој прирачник. Ние одбиваме билокаква одговорност за билокаков проблем, штета или пожар предизвикан на апаратот како резултат на неследење на упатствата включени во овој прирачник. Аспираторот е наменет исклучиво за домашна употреба.

Аспираторот може да се разликува по изгледот од сликите во ова упатство, но сепак упатствата за употреба, одржувањето и упатствата за инсталирање остануваат исти.

  • Важно е да го зачувате ова упатство за да би можеле да го консултирате во било кој момент. Во случај на продажба, расходување или на преместување, нека остане заедно со производот.
  • Прочитајте ги внимателно упатствата: Овде има важни информации за инсталирањето, за употребата и за безбедноста.
  • Не вршете електрични или механички измени на производот или на издувните канали.
  • Пред да почнете со монтирање на апаратот проверете да не се оштетени компонентите. Во спротивно, обратете се кај вашиот дистрибутер и не продолжувајте со монтирањето.

SAMSUNG NK36C5703TM - ЗАБЕЛЕШКА - 1

Важни совети

  • Пред билокаква операција за чистење или одржување, исключете го аспираторот од електричната мрежа со вадење на струјниот приклучник или со ислучување на домашниот мрежен прекинувач.
  • За сите операции за монтажа и одржување да се користат работни ракавици.
  • Овој апарат може да се користи од страна на деца од 8 години па нагоре и лица со намалени физички, сензорни или ментални способности, или ако немаат искусство или знаење, доколку се под надзор или имаат добиено инструкции за употреба на апаратот на безбеден начин и ги разбираат опасностите поврзани со него.
  • Треба да се внимава децата да не си играат со апаратот.
  • Чистењето и одржувањето не треба да го прават деца без надзор.
  • Просторијата мора да биде довольно проветрена кога кујнскиот аспиратор се користи заедно со апарати кои согоруваат гас или други горива.
  • Аспираторот мора редовно да се чисти како од внатрешноста така и од надворешноста (НАЈМАЛКУ ЕДНАШ МЕСЕЧНО), во секој случај потребно е да се постапува во согласност со упатствата за одржување.

  • Ако не се следат упатствата во однос на чистењето на аспираторот и замената и чистењето на филтрите єе доведе до ризик од пожари.

  • Строго се забранува фламбирање на храната под самиот аспиратор.
  • За замена на сијалицата користете само од типот на сијалица наведен во делот одржување/замена на сијалицата во овој прирачник.

Употребата на отворени пламени е штетна за филтрите и може да предизвика ризик од пожар и поради тоа мора да се избегнува во сите околности.

Секое пржење мора грижливо да се направи со цел да се спречи да не дојде до презагревање на маслото и пламнување.

ВНИМАНИЕ: Кога плочата за готвење е во функција пристапните делови од аспираторот можат да се загреат.

  • Да не го поврзувате апаратот со електричното напојување сё додека монтажата не биде целосно комплетна.
  • Што се однесува до техничките и безбедносните мерки за примена за исфрлање на пареа важно е внимателно да се следат правилата дадени од локалните надлежни власти.
  • Издувниот воздух не смее да се предава во активен оцак за чад створен од апарати кои согоруваат гас или други горива.

⚠️ ВНИМАНИЕ! Немонтирањето на завртки и уреди за прицврстување во согласност со овие упатства може да доведе до опасности од електрична природа.

  • Да не го користите или оставате аспираторот без правилно монтирани сијалици поради можниот ризик од електричен удар.
  • Никогаш не користете го аспираторот ако ја немате правилно монтирано решетката!
  • Аспираторот НИКОГАШ не смее да се користи како површина за поддршка доколку не е прецизно наведено.
  • Користете ги само завртките за прицврстување обезбедени со производот за монтирање или ако не се обезбедени набавете го точниот тип на завртки.
  • Користете ја точната должна за завртките што се наведени во Упатството за монтирање.
  • Во случај на сомневање, консултирајте се со областениот центар за техничка поддршка или персонал со слични квалификации.

ВНИМАНИЕ! Да не се користи со програмер, тајмер, посебен далечински управувач или било која друга направа која се активира автоматски.

Овој апарат е обележан согласно Европската директива 2012/19/EC - UK SI 2013 No.3113 за Искористена Електрична и Електронска Опрема (Waste Electrical and Electronic Equipment - WEEE). Со правилно отстранување на овој производ помагате да се спречат потенцијалните негативни последици за околината и здравјето на човекот, што инаку би се предизвикале од несоодветното третирање како отпадок на овој производ.

SAMSUNG NK36C5703TM - Важни совети - 1

Симболот —— прецртана канта за губре на производот или на документите кои одат со производот, покажува дека тој апарат не смее да се третира како комунален отпад. Напротив би требало да се однесе до соодветното место за собирање за рециклирање на електрична и електронска опрема. Отстранувањето мора да се изврши во согласност со локалните прописи за животната средина за отстранување на отпаден материјал. За повеќе детаљни информации за третманот, поправањето и рециклирањето на овој производ Ве молиме контактирајте со Вашите локални власти, Вашата комунална служба или со продавницата од каде го имате купено производот.

Апаратот е дизајниран, тестиран и произведен според:
- Безбедност: EN/IEC 60335-1; EN/IEC 60335-2-31, EN/IEC 62233.
- Можности: EN/IEC 61591; ISO 5167-1; ISO 5167-3; ISO 5168; EN/IEC 60704-1;

EN/IEC 60704-2-13; EN/IEC 60704-3; ISO 3741; EN 50564; IEC 62301.

- EMC: EN 55014-1; CISPR 14-1; EN 55014-2; CISPR 14-2; EN/IEC 61000-3-2; EN/IEC 61000-3-3.

Предлози за исправна употреба за да се намали влијанието врз животната средина

Уклучете го поклопниот аспиратор на минимална брзина на почеток на готвењето и оставете го да работи уште неколку минути по завршувањето на готвењето. Зголемете ја брзината само во случај на голема количина на чад и пареа и користете ја форсираната брзина во ретки ситуации. Заменете го филтерот (-рите)на активен јаглен кога е потребно да се задржи ефикасноста на намалување на мирис. Исчистете го филтерот за масти(-рите) кога е потребно да се задржи неговата ефикасност. Користете максимален дијаметар на изводниот систем прикажан во овој прирачник да се оптимизира ефикасноста и да се намали бучавата.

Употреба

Аспираторот е осмислен за вшмукување на гасови и пареи од готвење и е наменет ислкучиво за домашна употреба.

Аспираторот може да се користи во вид со надворешно исфрлање на издувниот воздух или со филтер во вид со кружно струење на воздухот.

SAMSUNG NK36C5703TM - Употреба - 1

Верзија со извлекување

Пареата се исфрла на надвор преку една издувна цевка позиционирана на приклучната прирабница.

SAMSUNG NK36C5703TM - Верзија со извлекување - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!

Издувната цевка не е доставена и таа треба да се купи.

Дијаметарот на издувната цевка треба да биде еднаков со дијаметарот на прстенот за поврзување.

SAMSUNG NK36C5703TM - ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!

Ако аспираторот е снабден со филтри со активен јаглен, истите треба да се отстранат.

Поврзете го аспираторот со цевките и отворите за издувување низ сид со дијаметар еднаков со излезот на воздухот (приключна прирабница).

Употребата на издувни цевки и отвори за издувување низ сид со помал дијаметар їе предизвика намалување на брзината на всмукување и драстично зголемување на бучавата.

Поради тоа се одбива билкокава одговорност које е последица на тоа.

I Користење на цевка подолга од неопходниот минимум.

! Користење на цевка со што е можно помал број на кривини (максимален агол на кривината: 90°).

! Избегнувајте драстични промени на пресекот на цевката.

Ако сакате да ја користите опцијата за издувно, ве молиме отстранете го филтерот за јаглен на аспираторот.

SAMSUNG NK36C5703TM - ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! - 1

Варијанта со филтрирање

Всмуканиот воздухе се ослободува од мастите и се деодорира пред повторно да се уплати назад во просторијата. За користење на аспираторот во оваа варијанта потребно е да вградите дополнителен систем за филтрирање на база на активни јаглени.

Монтажа

- Најмалото растојание помеѓу плочата од шпоретот за садовите за готвење и долниот раб на аспираторот да не биде помало од 50см за електричните апарати за готвење и 65см за гасните или комбинираните апарати за готвење.

Ако упатството за монтажа за плинските плочи од шпоретот прецизираат поголемо растојание, морате да се придржувате до тоа.

*прверете ја локалната регулатива пред инсталација.

SAMSUNG NK36C5703TM - Монтажа - 1

Приклучување на електрична енергија

Главното струјно напојување мора да одговара со оптегот покажан на етикетата за карактеристиките ставена внатре во аспираторот. Ако аспираторот оди со приклучник поврзете го во штекерот во согласност со струјните прописи и позициониран на пристапно место дури и по монтажата. Ако не е снабден со

приклучник (директна врска со електричното напојување) или ако приклучникот не е лоциран на пристапно место, дури и по монтажата, применете би- поларен прекинувач во согласност со стандардите кој обезбедува комплетно ислучување на електричното напојување под услови поврзани со преоптоварување на мрежата категорија III, во согласност со упатството за монтажа.

⚠ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Пред (повторно) поврзување на колото од аспираторот со електричното напојување и проверувањето на функционалноста, секогаш проверете дали струјниот кабел е правилно монтиран. Аспираторот е снабден со специјален кабел за напојување; во случај на оштетување на кабелот, побарајте помош од стручна техничка служба.

Вградување

Пред да се почне со монтирањето:

  • Проверете дали купениот производ е со соодветни димензии за одбраниот простор за монтирање.
  • Извадете го/ги филтерот/-те на активен јаглен ако се доставени (види го и соодветниот параграф). Тој/тие се монтира/-ат само ако сака да се користи аспираторот во варијанта со филтрирање.
  • Проверете дали во внатрешноста на аспираторот (поради транспортот) нема материјал од опремата (на пример їесиња со завртки и навртки, гаранции и др.), ако има извадете го и зачувајте го.

Аспираторот оди заедно со парчиња за прицврстување пригодни за поголемиот дел од сидови/тавани. И покрај тоа потребно е да побарате објаснување од квалификуван техничар за да ви потврди за прикладности на материјалите според видот на сидот/таванот. Сидот/таванот треба да биде долвою цврст за да ја издржи тежината на аспираторот.

Забелешка: Додатоците означени со символот "(*)" се факултативен додатен прибор кои се включени само во неколку модели, а ако не се включени во моделот треба да се набават.

Одржување

Чистење

За чистењето ИСКЛУЧИВО користете крпа навлажнета со течни неутрални детергенти.НЕ ЧИСТЕТЕ СО ПОМОШ НА АЛАТ ИЛИ ДРУГИ ИНСТРУМЕНТИ.

Не користите производи кои содржат абразиви. НЕ КОРИСТЕТЕ АЛКОХОЛ! За сите дејства на одржување користете ракавици.

Филтер за масти

Fig. 11-28

За собирање на масните состојки од пареата од готвењето.

Металниот филтер за масти треба да се чисти еднаш месечно со неагресивни детергенти, рачно или во машина за миење на садови на ниски температури и во краток интервал.

Со перењето во машина за миење на садови металниот филтер за масти може да ја изгуби малку бојата но неговите характеристики за филтрирање воопшто не се менуваат.

За да го извадите филтерот за масти повлечете го забецот за откопчување.

Филтер со активен јаглен (Само за Варијанта со филтрирање) Бр. 27

За собирање на непријатните мириси од пареата од готвењето

Заситувањето на филтерот на јаглен настапува по повеќе или помалку продолжена употреба во зависност од типот на готвење и редовноста на чистењето на филтерот за масти. Во секој случај потребно е да се замени патронот најмногу на секои четири месеци (или кога системот за прикажување на заситеноста на филтрите - ако оди заедно со моделот што го имате- ја покажува оваа потреба).

НЕ може да се пере или обновува.

Монтирање

Прикачете го филтерот со активен јаглен прво од назад на металното јазиче од аспираторот а потоа од напред со двете копчиња.

Демонтирање

Извадете го филтерот со активен јаглен со вртење за 90° на копчињата што го прицврстуваат на аспираторот.

Купување на јаглен филтер

Jaglениот филтер може да се купи на веб-страната на Сервис Службата или во Сервис Центарот на Samsung. Посочете ги информациите кои се прикажани на последната страница од овој прирачник.

Светилки за замена и/или контролна опрема

Аспираторот е опремен со систем за осветлување базиран на технологијата на LED диода.

LED светилките гарантираат оптимально осветлување, имаат околу 10 пати подолг век од традиционалните светилки и овозможуваат заштеда на електрична енергија и до 90%.

За нивната замена обратете се на службата за техничка поддршка.

Функционирање
SAMSUNG NK36C5703TM - Светилки за замена и/или контролна опрема - 1

text_image T1 T2 T3 T4 T5 T6 T7 T8 T9 1 2 3 b 88 OFF Board L1

T1. ON / OFF Motor

Притиснете го копчето T1 за да ја активирате стандардната брзина (стандардна брзина: Ниска).

Притиснете го повторно, аспираторот се врака на stand-by.

T2. Ниска брзина

Притиснете го копчето Т2 за активирање на ниската брзина.

Т3. Средна брзина

Притиснете го копчето Т3 за активирање на средната брзина.

T4. Висока брзина

Притиснете го копчето Т4 за активирање на високата брзина.

Притиснете го копчето T5 за активирање на интензивната брзина (Boost) 5 минути.

T6. Вклучување / исклучување на тајмерот

Притиснете го копчето Тајмер за да го регулирате времето на работа.

Притиснете го копчето Тајмер 3 секунди, за да ја исклучите функцијата на тајмерот.

T7. ON / OFF

Притиснете го копчето за светлината да ги включите светлата Притиснете повторно за да ги ислучите.

T7. ON / OFF 3BYK

Притиснете 3 секунди. Звукот се ислучува (OFF). Притиснете 3 секунди. Звукот се включува (ON).

Поврзување (спојување) помећу аспираторот и плочата за готвење

Можно е да го поврзете (споите) аспираторот со компатибилна плоча на Samsung co Bluetooth технологија.

Откако ће се поврзете со компатибилна плоча за готвење, аспираторот автоматски ће се вклучи на "ниска брзина" секој пат кога ће ја вклучите плочата за готвење, за автоматски да се исклучи кога ће се исклучи плочата за готвење.

Понатаму, со поврзување на аспираторот со компатибилна плоча за готвење, можете да ја превземете и инсталирате апликацијата Smart Things на мобилниот уред и да ја користите за следните цели:

- Проверете ги и поставете ги аспираторот и светлата, работната брзина и програмiranото исключување на аспираторот (тајмер) и "апармот за време". За повеќе информации за "превземањето" и користењето на апликацијата Smart Things на Вашиот мобилен уред и како да го користите за контрола на вашиот аспиратор, посетете го:

• www.samsung.com.

T9. Bluetooth конекција (спојување помеѓу аспираторот и Самсунг компатибилната плоча)

  1. Притиснете го копчето Bluetooth на плочата. Индикаторот на копчето трепка за да го означи активирањето на процесот на спојување.

  2. Притиснете го копчето Bluetooth на плочата за готвење. Индикаторот на копчето останува запален за да го означи крајот на процесот на спарување, симболот "bt" свети на екранот.

T9. Bluetooth исклучување (Reset)

  1. Притиснете и задржете го 3 сек. копчето Т9 на аспираторот.
  2. На екранот се појавува "bt rt" за да се покаже дека е исклучен.

ЗАБЕЛЕШКА

За детален опис на постапката за поврзување, погледнете во упатството за употреба на компатибилната плоча за готвење Samsung.

Автоматско поврзување

Автоматско поврзување овозможува да работи беспрекорно и брзо, преку Bluetooth, Samsung компатибилната плоча за готвење и аспираторот, откако їе ги спарите двата уреди.

За да ја активирате функцијата, притиснете го копчето Auto Connectivity.

Притиснете повторно за да ја деактивирате функцијата и исключете го аспираторот од плочата за готвење.

Кога аспираторот и плочата за готвење се поврзани, секој пат кога ће се вклучи плочата за готвење, светлото "Low Speed" се вклучува автоматски на аспираторот.

Брзината и светлината автоматски се ислучуваат кога плочата за готвење се ислучува.

Можно е да се контролира аспираторот со апликацијата Smart Things како што е опишано погоре.

T8. Автоматско ON / OFF поврзување

  1. Притиснете го копчето Auto Connectivity за да ја активирате функцијата.
    2 Брзината на аспираторот и светлата се включуваат и ислучуваат според статусот на плочата за готвење како што е опишано погоре.
  2. Притиснете повторно за да ја деактивирате функцијата.
Икона за приказДалечински управувач од Smart Things AppАвтоматско поврзувањеФункција на аспираторот
XXO
OXO
OOO

Ресетирање на индикаторот за презаситеност на филтерот

• Притиснете го копчето T1 сё до звучниот сигнал.
- LED 1 (филтер за маснотии) или LED 2 (филтер со активен јаглен) ке престанат да трепкаат.

ON / OFF индикатор за презаситеност на филтерот со активен јаглен

  • Притиснете 3 секунди на копчето T2 и T3 за активирање (ON) на индикаторот за заситеност на филтерот со активен јаглен.
  • Притиснете 3 секунди на копчето T2 и T3 за да го исключите (OFF) индикаторот за заситеност на филтерот со активен јаглен.

NK36C5703T\*, NK24C5703T\*

Податоци определни според Регулативата (ЕС) NO 1275/2008.

Co ova, Samsung Electronics, изјавува дека уредот за радио опрема е во согласност со Директивата 2014/53 / EU. Целосниот текст на декларацијата за сообразност на ЕУ е допапна на следната интернет адреса: Официјалната Декларација за усогласност може да се најде на http://www.samsung.com, одете во Поддршка> Поддршка за производи за пребарување и внесете го името на моделот.

Решавање на проблеми

Дефект може да резултира од помали информации што можете да ги исправите со помош на следните инструкции. Немојте да се обидувате на понатамошни поправки ако следните инструкции не помагаат во секој конкретен случај.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Поправките на апаратот треба да ги врши само квалификуван сервисен техничар. Неправилно извршените поправки може да резултираат со значителен ризик за корисникот. Ако вашиот апарат треба да се поправи, ве молиме контактирајте го центарот за услуги на клиентите.

ПроблемМожна причинаРешение
Што треба да направам ако Аспираторот не работи?Осигурувачот во домот не е недопрен.Ако осигурувачите се активираат неколку пати, јавете се кај овластен електричар.
Копчето за напојување беше случајно активирано.Апаратот е правилно включен.
Контролната плоча е загадена со предмети или течност.Исчистете го контролниот панел.
Што да правам ако Bluetooth-поврзувањето не работи.Погледнете го упатството за употреба на компатибилна Samsung плоча.Само компатибилна Samsung плоча може да се поврзе со аспираторот преку Bluetooth
Аспираторот е поврзан со друг апарат.Активирајте го Bluetooth-отклучувањето (ресетирајте го спарувањето, Т9 за 3 сек.), а потоа повторно активирајте го процесот за поврзување со Bluetooth.
Bluetooth-поврзувањето (спарување) не е стабилно.Исклучете го кабелот за повеќе од 30 секунди. Потоа рестартирајте го апаратот. Потоа активирајте го прекинот на Bluetooth и повторно активирајте го процесот за поврзување со Bluetooth.

SR - Uputstva za montažu i upotrebu

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : SAMSUNG

Модел : NK36C5703TM

Категорија : кујнска аспиратор