LG GBM22HSADH - фрижидер

GBM22HSADH - фрижидер LG - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GBM22HSADH LG во PDF формат.

📄 796 страници Македонски MK 💬 AI прашање
Notice LG GBM22HSADH - page 443

Преземете ги упатствата за вашиот фрижидер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GBM22HSADH - LG и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GBM22HSADH на марката LG.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GBM22HSADH LG

Внимателно прочитајте ги овие упатства пред да започнете со монтажа. Тоа ќе ви ја направи монтажата поедноставна и ќе ви помогне да го монтирате производот правилно и безбедно. Ставете ги овие упатства во близината на производот по монтажата за идни консултации.

www.lg.com Авторско право © 2023 LG Electronics Inc. Сите права се задржани. Скенирајте го QR кодот за да го видите прирачникот. mk-mk_main.book.book Page 1 Monday, July 24, 2023 1:02 PMСОДРЖИНА Ова упатство содржи слики или содржина поинаква од моделот што сте го купиле. Ова упатство подлежи на ревизија од производителот. БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ПРОЧИТАЈТЕ ГИ СИТЕ УПАТСТВА ПРЕД УПОТРЕБА ....................................3 ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ...........................................................................................3 ВНИМАНИЕ ......................................................................................................10

  • Пред монтажа p. 12
  • Нивелирање на уредот p. 13
  • Вклучување на напојувањето p. 13
  • Преместување на уредот поради релокација p. 14

Чистење............................................................................................................25 РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ Пред да го повикате сервисот.....................................................................27 mk-mk_main.book.book Page 2 Monday, July 24, 2023 1:02 PM3 БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ПРОЧИТАЈТЕ ГИ СИТЕ УПАТСТВА ПРЕД УПОТРЕБА Следните безбедносни упатства се наменети за да спречат непредвидени ризици или штети од небезбедно или неправилно користење на производот. Упатствата се поделени на 'ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ' и 'ВНИМАНИЕ' како што е опишано подолу. Безбедносни пораки ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

  • За да се намали ризикот од пожар, струен удар или повреди на лица при користење на производот, треба да се почитуваат основните безбедносни мерки, вклучувајќи ги следните. Техничка безбедност
  • Овој апарат може да го користат деца постари од 8 години и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности или со недоволно искуство и знаење, ако се под надзор или добиваат Овој симбол означува предмети и активности што може да предизвикаат ризик. Прочитајте го внимателно делот со овој симбол и следете ги упатствата за да избегнете

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Ова покажува дека непочитувањето на упатствата може да предизвика сериозна повреда или смрт.

Ова покажува дека непочитувањето на упатствата може да предизвика лесна повреда или мала штета на производот. mk-mk_main.book.book Page 3 Monday, July 24, 2023 1:02 PM4 БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА упатства за употреба на апаратот на безбеден начин и ги разбираат опасностите што можат да произлезат. Деца не смеат да си играат со апаратот. Чистењето и одржувањето не смеат да го прават деца без надзор.

  • Овој апарат не е наменет за употреба од страна на лица (вклучувајќи деца) со намалени физички, сетилни или ментални способности, или со недоволно искуство и знаење, освен ако се под надзор или ако добиваат упатства за употребата на апаратот од лице коешто е одговорно за нивната безбедност. Децата треба да бидат под надзор за да не се дозволи да си играат со
  • Деца на возраст меѓу 3 и 8 години може да ставаат или да вадат артикли од фрижидерот.
  • Овој апарат е наменет за употреба во домаќинства и за слични примени, како: - кујни за персонал во локали, канцеларии и други работни

- селски куќи со фарма и од клиенти во хотели, мотели и други средини од резиденцијален тип; - објекти каде што се нуди појадок и преноќување; - кетеринг и слични немалопродажни примени.

  • Апаратот за ладење не е наменет да се користи како вграден
  • Овој апарат содржи мала количина на изобутанско средство за ладење (R600a), но тоа е исто така запалливо. При транспорт и монтажа на апаратот, треба да се внимава да не се оштетат делови од колото за средството за ладење.
  • Средството за ладење и гасот за изолација што се користат во апаратот треба да се фрлат според посебно пропишани Овој симбол ве предупредува за запалливи материјали што може да се запалат и да предизвикаат пожар ако не се грижите. mk-mk_main.book.book Page 4 Monday, July 24, 2023 1:02 PM5 БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА

процедури. Консултирајте се со сервисер или слично квалификувано лице пред да ги фрлите.

  • Не оштетувајте го колото за средство за ладење.
  • Ако кабелот за струја е оштетен или штекерот е лабав во отворот, не користете го кабелот и стапете во контакт со овластен центар
  • Не поставувајте повеќе преносни штекери или преносни кабли за напојување на задниот дел од уредот.
  • Безбедно вклучете го приклучокот за струја во штекерот откако комплетно сте ја отстраниле постојната влага или прав.
  • Никогаш не исклучувајте го апаратот од струја со тегнење на кабелот за струја. Секогаш цврсто фаќајте го приклучокот за струја и потегнете го во обратна насока од штекерот.
  • Отворите за вентилација во просторот каде што е сместен апаратот или во мебелот во кој е вграден не смеат да содржат никакви препреки.
  • Не чувајте експлозивни супстанции во апаратот какви што се конзерви со аеросол што содржат запаллив гас.
  • Транспортирајте го апаратот само исправено и не навалувајте го.
  • При позиционирање на уредот, погрижете се кабелот за снабдување со ел. енергија да не биде заглавен или оштетен.
  • Не користете механички уреди или други средства за да го забрзате процесот на одмрзнување.
  • Не користете фен за сушење коса за да ја исушите внатрешноста на апаратот и на ставајте свеќа во внатрешноста за да ги отстраните миризбите.
  • Не користете електрични уреди во преградите за чување храна во апаратот, освен ако не се од видот препорачан од производителот.
  • Осигурете се да не дојде до заглавување на некој дел од телото, на пример раката или стапалото, додека се преместува апаратот.
  • Исклучете го кабелот за напојување пред да ја чистите внатрешноста или надворешноста на апаратот. mk-mk_main.book.book Page 5 Monday, July 24, 2023 1:02 PM6 БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
  • При чистењето, не прскајте вода или запалливи супстанции (паста за заби, алкохол, разредувач, бензен, запалливи течности, абразивни супстанции итн.), во внатрешноста или надворешноста на уредот.
  • Не чистете го апаратот со четки, крпи или сунѓери со груби површини или коишто се изработени од метален материјал.
  • Апаратот треба да го расклопува или поправа само квалификуван сервисен персонал во овластен сервисен центар на LG Electronics. Ризик од пожар и запалливи материјали
  • Ако откриете протекување, избегнувајте отворен пламен или потенцијални извори на искри и проветрете ја неколку минути просторијата во која се наоѓа апаратот. За да избегнете создавање мешавина на воздух и запаллив гас во случај на протекување од колото за средство за ладење, големината на просторијата во која се наоѓа апаратот треба да одговара на количината на употребеното средство за ладење. Просторијата мора да има по 1 m² на располагање за секои 8 g од средството за ладење R600a внатре во апаратот.
  • Средство за ладење што избива во млаз од цевките може да се запали или да предизвика експлозија.
  • Количината на средство за ладење во вашиот апарат е прикажана на плочата за идентификација внатре во апаратот.
  • Овој апарат треба да го пренесуваат две или повеќе лица, коишто цврсто ќе го држат при пренесувањето.
  • Монтирајте го апаратот на цврст и рамен под.
  • Не поставувајте го апаратот во влажна или правлива просторија. Не поставувајте го и не чувајте го надвор, или во каква било просторија подложна на надворешни услови, како што е директна сончева светлина, ветер или дожд, или температури под нулата. mk-mk_main.book.book Page 6 Monday, July 24, 2023 1:02 PM7 БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
  • Не поставувајте го апаратот на директна сончева светлина и не изложувајте го на топлина од апарати за греење, како на пример, шпорети или греалки.
  • Внимавајте да не ја соголите задната страна на апаратот при
  • Монтирајте го апаратот на место од каде што може лесно да се исклучи приклучокот за струја на апаратот.
  • За време на склопувањето или расклопувањето внимавајте да не ви падне вратата на апаратот.
  • При склопувањето и расклопувањето на вратата на апаратот, внимавајте да не го продупчите, згмечите или оштетите кабелот
  • Приклучокот за струја не смее да биде вклучен со кабелот свртен нагоре и не дозволувајте апаратот да се потпира на приклучокот.
  • Не модифицирајте го и не продолжувајте го кабелот за струја.
  • Проверете дали штекерот за струја е правилно заземјен и дали контактот за заземјување на кабелот за струја е оштетен или изваден од приклучокот за струја. За повеќе детали околу заземјувањето, обратете се во Центарот за информации за клиенти на LG Electronics.
  • Апаратот мора да биде опремен со кабел за струја, којшто има спроводник за заземјување и приклучок за заземјување. Приклучокот мора да биде вклучен во соодветен штекер којшто е правилно монтиран и заземјен во согласност со локалните законски регулативи и уредби.
  • Никогаш не вклучувајте апарат кој има знаци на оштетување. Ако се сомневате, консултирајте се со продавачот.
  • Отстранете ги сите материјали за пакување, како на пример, пластични кеси и стиропор, подалеку од децата. Материјалите од пакувањето може да предизвикаат задушување.
  • Не приклучувајте го апаратот во адаптер со повеќе штекери, којшто нема кабел за напојување (монтиран).
  • Апаратот треба да биде поврзан со посебна линија за струја, за којашто има засебен осигурувач. mk-mk_main.book.book Page 7 Monday, July 24, 2023 1:02 PM8 БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
  • Не користете штекер со повеќе приклучоци којшто не е правилно заземјен (продолжен кабел). Мора да е усогласен со техничките спецификации на апаратот и може да се користи само за апаратот.
  • Не користете го производот за други намени (за чување медицински или експериментални материјали или за транспорт) освен за намената во домаќинства, односно за чување храна.
  • Ако навлезе вода во електричните делови на апаратот, исклучете го приклучокот за струја и стапете во контакт со Центарот за информации за клиенти на LG Electronics.
  • Исклучете го приклучокот од штекер кога има силна бура или грмотевици или кога не е во употреба подолг временски период.
  • Не допирајте го приклучокот за струја или контролите на апаратот со влажни раце.
  • Не превиткувајте го премногу кабелот за струја и не ставајте тешки предмети врз него.
  • Веднаш исклучете го приклучокот од струја и стапете во контакт со Центарот за информации за клиенти на LG Electronics ако откриете невообичаена бучава, мирис или чад што доаѓа од
  • Не ставајте ги рацете ниту метални предмети во внатрешноста од која излегува ладниот воздух, ниту на капакот или задната решетка од која се ослободува топлина.
  • Не применувајте прекумерна сила или притисок на задниот капак на апаратот.
  • Внимавајте на децата во близина кога ја отворате или затворате вратата на апаратот. Вратата може да го удри детето и да предизвика повреда. Не дозволувајте луѓето да се нишаат на вратите бидејќи така може уредот да се преврти и да предизвика сериозна повреда.
  • Избегнувајте ја опасноста од затворање на деца внатре во апаратот. Дете затворено во внатрешноста на производот може да се задуши. mk-mk_main.book.book Page 8 Monday, July 24, 2023 1:02 PM9 БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
  • Не ставајте животно во внатрешноста на производот. Животното може да се задуши.
  • Не ставајте тешки или кршливи предмети, садови со течност, запалливи супстанции, запалливи предмети (како свеќи, ламби итн.), или пак грејни тела (како решоа, греалки итн.) врз уредот.
  • Не ставајте друг електронски апарат (како на пример, греалка и мобилен телефон) во внатрешноста на апаратот.
  • Ако има протекување на гас (изобутан, пропан, природен гас итн.), не допирајте ја ниту машината, ниту приклучокот за струја и веднаш проветрете ја просторијата. Овој апарат користи гас како средство за ладење (изобутан, R600a). Иако користи мали количини гас, тој е сепак запаллив гас. Истекувањето гас при транспорт на апаратот, монтажа или работење може да предизвика пожар, експлозија или повреда ако се предизвикаат
  • Не користете и не чувајте запалливи или експлозивни супстанции (етер, бензен, алкохол, хемикалии, LPG, експлозивни спрејови, инсектициди, освежувачи на воздух, козметика итн.) во близина на апаратот.
  • Апаратот има заземјено поврзување наменето за функционални
  • Поврзете се само со доводот на водата за пиење. - Поврзувајте само со довод на вода за пиење.
  • Наполнете само со вода за пиење. - Ако користите автомат за мраз или диспензер за вода, полнете го само со вода за пиење.
  • При фрлање на апаратот, извадете ја заптивката од вратата, а оставете ги внатре полиците и корпите, и држете ги децата понастрана од апаратот. mk-mk_main.book.book Page 9 Monday, July 24, 2023 1:02 PM10 БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
  • За да се намали ризикот од мали повреди на лица, неисправно функционирање или оштетување на производот или имотот при користење на овој производ, следете ги основните мерки на претпазливост, вклучително и следните:
  • По распакувањето, проверете го апаратот дали е оштетен од транспортот.
  • Почекајте барем 3 до 4 часа за да се осигурите дека разладниот круг е целосно ефикасен.
  • Апаратов не бара промени во инсталацијата или користењето поради надморската височина.
  • Не допирајте ја замрзнатата храна или металните делови во преградата на замрзнувачот со водени или влажни раце. Тоа може да предизвика замрзнатини.
  • Не ставајте стаклени контејнери, шишиња или конзерви (особено оние што содржат газирани пијалоци) во одделот за замрзнување, на полиците или во кантата за мраз што ќе бидат изложени на температури под замрзнување. Содржините може да се прошират кога се замрзнати, да го скршат садот и да предизвикаат повреда.
  • Каленото стакло на предната страна од вратата на апаратот или на полиците може да се оштети со удар. Ако е скршено, не допирајте го со раце.
  • Не бесете се на вратата на производот, просторот за чување храна, на полицата и не качувајте се на неа.
  • Не ставајте преголема количина шишиња за вода или други садови на страничните делови на корпите на вратите. mk-mk_main.book.book Page 10 Monday, July 24, 2023 1:02 PM11 БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
  • Не отворајте ја и затворајте ја вратата на апаратот со прекумерна
  • Ако е оштетена шарката на вратата на производот или ако не функционира правилно, престанете да го користите и стапете во контакт со Центарот за сервис на LG Electronics.
  • Не дозволувајте животни да го гризат кабелот за струја или цревото за вода.
  • Не јадете замрзната храна веднаш откако ќе ја извадите од замрзнувачот. Постои ризик за замрзнување или да ви се создадат пликови од замрзнатини. ПРВА ПОМОШ: веднаш ставете ја под ладна вода што тече. Не тргајте ја.
  • Осигурете се да не дојде до заглавување на раката или стапалото додека ја отворате или затворате вратата на апаратот или вратата во врата.
  • Овој апарат е опремен со внатрешно LED светло што не треба да се одржува. Не вадете го капакот или LED светлото, во обид да го поправате или замените. Стапете во контакт со Центарот за информации за клиенти на LG Electronics.
  • Не чистете ги стаклените полици или капаци со топла вода кога се студени. Може да се распарчат ако се изложат на ненадејни температурни промени.
  • Не вметнувајте ги полиците наопаку. Полиците може да паднат.
  • Ако се создаде мраз во преградата за замрзнувач, контактирајте со корисничката поддршка на LG Electronics. Не користете остри предмети за да отстраните мраз. Не користете спрејови, електрични уреди за греење, како фенови, чистачи со пареа или други извори на топлина за одмрзнување. Пластичните делови може да се изобличат.
  • Исфрлете го мразот од корпата за мраз во замрзнувачот при подолг прекин на струја. mk-mk_main.book.book Page 11 Monday, July 24, 2023 1:02 PM12

Пред монтажа Димензии и дозволи Премалото растојание до соседните предмети, може да резултира со деградација на способноста за замрзнување, и зголемени трошоци за електрична енергија. Дозволете да има над 50 mm простор до секој соседен ѕид, кога ќе го инсталирате апаратот.

  • Погледнете ја етикетата во апаратот за да утврдите за кој тип на апарат се работи.
  • Мерките во табелата погоре се приближни. Амбиентална температура
  • Апаратот е дизајниран да работи во ограничен опсег на амбиентални температури, во зависност од климатската
  • Локацијата на апаратот, амбиенталната температура, фреквенцијата на отворањето на вратата итн. може да влијаат на внатрешните температури.
  • Климатската класа може да се најде на етикетата за оценување.
  • Апаратите оценети од SN до Т се наменети за употреба на собна температура помеѓу 10 °Си 43 °С.

Модла за мраз Промена на вратите Оваа функција е достапна само за некои Дизајнот на вашиот апарат дозволува вратата да се постави да се отвора налево или надесно, во зависност како ќе биде поставен во вашата

  • Промената на вратата може да ја изврши само стручно лице од „LG Electronics“. Во спротивно, гаранцијата нема да ги покрива Нивелирање на уредот Приспособување на ногарката за нивелирање Ако уредот се чини нестабилен, или ако вратичките не се затвораат лесно, проверете дали е навален со помош на упатствата долу.

Свртете ја ногарката за нивелирање во насока на стрелките на часовникот за да ја подигнете страната на уредот, или обратно за да ја спуштите.

Отворете ги вратите и проверете дали се затвораат лесно.

  • Нивелирањето на вратите може да не е возможно кога подот не е рамен или пак е мек или има слаба конструкција.
  • Фрижидерот е тежок и треба да се инсталира на ригидна и цврста површина.
  • Одредени даски за под може да предизвикаат тешкотии при нивелирањето бидејќи може да се виткаат премногу. Вклучување на напојувањето Поврзување на уредот За да го вклучите апаратот, поврзете го кабелот за струја со штекерот. Не приклучувајте и други апарати на истиот штекер.
  • По поврзување на кабелот за струја (или приклучокот) со извор на струја, почекајте 3 или 4 часа пред да ставите храна. Ако додадете храна пред целосно да се излади, храната може да се расипе.
  • За да го исклучите апаратот, држете го копчето Power во траење од 3 секунди. mk-mk_main.book.book Page 13 Monday, July 24, 2023 1:02 PM14

Преместување на уредот поради релокација Преместување на апаратот

Отстранете ја сета храна од апаратот.

Извадете го приклучокот за струја, вметнете го и фиксирајте го во куката за приклучокот на задната страна или на горниот дел од

Фиксирајте ги деловите како што се полиците или рачката за врата со самолеплива лента за да спречите тие да излезат додека го поместувате апаратот.

Преместувајте само ако сте повеќемина. Кога го пренесувате на подолги растојанија, држете го исправен.

По монтажата на уредот, вклучете го уредот во штекерот и вклучете го. mk-mk_main.book.book Page 14 Monday, July 24, 2023 1:02 PM15

Пред употреба Напомени за работењето

  • Пред да ставите храна во апаратот, исчистете ја внатрешноста и надворешноста на апаратот со топла вода и умерена течност за чистење за да ги отстраните остатоците од производство.
  • Имајте предвид дека може да се формира мраз ако вратата не е целосно затворена или ако влажноста е многу висока во текот на
  • Погрижете се да има доволно простор меѓу храната што се чува на полицата и корпата на вратата за да овозможите вратата целосно да се затвора.
  • Ако ја оставате вратата отворена на подолги периоди, тоа може да предизвика значително покачување на температурата во преградите
  • Ако ладилникот е празен по

исклучете го, одмрзнете го мразот, исчистете го, исушете го и оставете ја вратата отворена за да не се создаде мувла.

  • Имајте предвид дека покачување на температурата по одмрзнување има дозволен опсег, којшто е наведен во спецификациите. Ако сакате да го минимизирате влијанието што ова може да

чувањето храна поради покачување на температурата, запечатете ја или врзете ја ќесата со храна во неколку Аларм за отворена врата Алармот се огласува 3 пати во интервали од 60 секунди доколку вратата е отворена или не е целосно затворена подолго од 2 минути. Алармот автоматски ќе прекине по 8 минути.

  • Стапете во контакт со Центарот за информации за клиенти на LG Electronics ако алармот продолжи дури и откако ќе се затворат сите врати. Детектирање на дефекти Ако индикаторот на панелот за приказ трепка еднаш во секунда во рок од 30 секунди од вклучувањето на фрижидерот, тоа покажува дека настанал дефект. Предлози за заштеда на
  • За најефикасна искористеност на енергијата, нека бидат сите внатрешни делови (на пример, корпите, фиоките и полиците) на своите оригинални позиции.
  • Погрижете се да има доволно простор меѓу храната што се чува. Ова овозможува ладниот воздух да циркулира рамномерно, а со тоа и сметките за струја да бидат пониски.
  • Топлата храна мо же да ја ставите во фрижидер, само откако ќе се излади, за да спречите формирање роса или мраз.
  • Кога чувате некаков уред во замрзнувачот, поставете ја температурата на замрзнувачот пониска од температурата наведена на
  • Не поставувајте ја температурата на уредот пониско од потребното.
  • Не ставајте храна во близина на сензорот за температура на фрижидерот. Растојанието од сензорите треба да биде минимум 3 cm. Ефикасно чување храна
  • Храната може да се замрзне или да се расипе ако се чува на погрешна температура. Поставете температура во фрижидерот којашто е правилна за храната што се чува во него.mk-mk_main.book.book Page 15 Monday, July 24, 2023 1:02 PM16
  • Замрзнатата или оладената храна чувајте ја во затворени садови.
  • Проверете го рокот на траење и етикетата (упатства за чување) пред да ја ставите храната во апаратот.
  • Не чувајте храна долг период ако таа лесно се расипува при ниска температура.
  • Не ставајте незамрзната храна во директен контакт со веќе замрзната хр

на. Не чувајте прекумерни количини свежа храна. - Ако сакате да замрзнете храна повеќе дена, складирајте само до околу 2/3 од максималниот капацитет на замрзнување.

  • Замрзнете ја храната во количини колку порција за побрзо замрзнување, полесно одмрзнување и обработка.
  • Ставете ја оладената или замрзнатата храна во фрижидерот или замрзнувачот веднаш по купувањето.

вајте го свежото месо и риба во соодветни садови во фрижидерот за да не дојдат во контакт или да капат врз друга храна.

  • Храната во фрижидерот и секоја друга храна може да се става врз фиоката за зеленчук.
  • Избегнувајте повторно замрзнување на храна која е целосно одмрзната. Повторното замрзнување на каква би ло храна што е целосно одмрзната ќе го влоши нејзиниот вкус и хранлива вредност. - Извадете само количина на храна што ви е потребна. Брзо консумирајте ја одмрзнатата храна. Храната може повторно да се замрзне само откако ќе се
  • Изладете ја храната пред да ја ставите во замрзнувачот. Ако ставите голема количина топла храна внатре, внатрешната температура на апаратот може да се зголеми и негативно да влијае врз другата храна во
  • Не преполнувајте го апаратот. Студениот воздух не може да циркулира правилно ако замрзнувачот е преполнет.
  • Ако подесите многу ниска температура, храната може да замрзне. Не подесув

температура пониска од потребната температура за правилно чување на храната.

  • Ако апаратот има оддели за ладење, не чувајте зеленчук и овошје со поголема содржина на влага во нив, бидејќи можат да замрзнат поради пониската температура.
  • Секогаш следете ги упатствата на производителот на храна за дозволеното времетраење на чу вање на замрзн

Не надминувајте го препорачаното време за чување на храната. - Обележете го датумот на складирање, дозволеното времетраење на складирањето и името на храната на пакувањето за да спречите да се надмине рокот за чување.

  • Во случај на прекин на електричната енергија, јавете се во компанијата за електрична ене ргија, и прашајте колку време ќе трае прекинот. - Треба да избегнувате отворање на вратата, додека е исклучено напојувањето. - Кога напојувањето ќе се врати во нормала, проверете ја состојбата на храната. - Доколку прекинот на електричната енергија трае подолго, особено во текот на летните месеци, следете ги овие упатства:

полнителна храна во апаратот за време на прекин на електричната енергија. - Доколку е најавен прекин на електричната енергија и се очекува да трае повеќе од 10 часа, подгответе малку мраз и ставете го во сад на горната полица на фрижидерот. - Поради зголемување на температурата во апаратот при прекин на електричната

ргија или друг дефект, рокот на траење и квалитетот на храната ќе се намали. Ако е потребно, обработете ја одмрзнатата храна и повторно замрзнете ја кога ќе ја зготвите. Максимален капацитет на замрзнување

  • За максимален капацитет на замрзнување, поставете ја температурата на замрзнувачот на најладната температура.
  • Функцијата Express Freeze

замрзнувачот да биде поставен на mk-mk_main.book.book Page 16 Monday, July 24, 2023 1:02 PM17

максимален капацитет за замрзнување. Функцијата е обично активна 52 часа, а потоа автоматски се исклучува.

Express Freeze мора да биде вклучена 24 часа пред да ставите свежи производи во преградата за замрзнување.

  • За брзо замрзнување прехранбени производи, складирајте ја храната во средната фиока на замрзнувачот. Во таа фиока прехранбените производи се замрзнуваат најбрзо.
  • За подобра циркулација на воздухот, вметнете ги сите внатрешни делови, односно корпи, фиоки и полици. Замрзнување максимална количина храна Ако треба да се складираат поголеми количества храна, тогаш сите фиоки на замрзнувачот (освен долната) треба да се извадат од апаратот и храната да се стави директно на долната фиока.
  • За да ги отстраните фиоките, прво отстранете ја храната од нив и потоа извлечете ги внимателно. Ако не го направите тоа, може да се повредите или да ги оштетите фиоките.
  • За да го подобрите циркулирањето на воздухот, вметнете ги сите фиоки.
  • Формата на секоја фиока може да е различна, затоа вметнете ги во соодветната положба. mk-mk_main.book.book Page 17 Monday, July 24, 2023 1:02 PM18

Карактеристики на производот Апаратот или деловите на апаратот може да се разликуваат од модел до модел. Внатрешност *1 Оваа функција е достапна само за некои модели. Тип 1 mk-mk_main.book.book Page 18 Monday, July 24, 2023 1:02 PM19

LED светилка LED светилките во внатрешноста на производот се палат кога ќе ја отворите вратата на фрижидерот.

Полица за вино За складирање шишиња вино или пијалаци. Може да се извади за чистење.

Полица на фрижидер За складирање храна на која и е местото во фрижидер, како и свежа храна.

  • Храната што содржи повеќе влага складирајте ја на предниот дел од полицата.
  • Висината на полицата може да се регулира преку вметнување на полицата во друг процеп со различна висина.
  • Бројот на полици се разликува од модел до моде

За складирање овошје и зеленчук за да останат свежи подолго. Во оваа фиока можете да постигнете пониска температура за складирање на риба, месо и друга лесно расиплива храна.

Капак на фиока за свежи работи Служи за контрола на температурата на фиоката за свежи работи и спречува загуба на влага на зеленчукот. Можете да ја прилагодите лизгачката лента на капакот на фиоката за свежи работи за да ги задржите различните нивоа на влажност во фиоката. Повлечете ја лизгачката лента налево за задржување на поголема влажност, што мо

задржи зеленчукот и ов ошјето свежи подолго, и надесно за задржување на помала влажност.

Фиока за свежи работи За складирање овошје и зеленчук за да останат свежи подолго.

Средна фиока За складирање замрзната храна на подолго време.

Долна фиока За складирање замрзната храна на подолго време.

Заптивка на врата на фрижидерот

Горна корпа на вратата За складирање мали пакувања храна, пијалоци и садови со сосови.

Долна корпа на вратата

За складирање мали пакувања храна, пијалоци и садови со сосови. mk-mk_main.book.book Page 20 Monday, July 24, 2023 1:02 PM21

Врата на замрзнувачот

Заптивка на вратата на замрзнувачот

  • Поради непрекинатото модифицирање на нашите производи, некои делови од вашиот фрижидер може да бидат малку различни од ова упатство за користење, но неговите функции и начините на користење остануваат исти.
  • За да добиете повеќе простор во замрзнувачот, можете да ги отстраните фиоките (освен долната фиока). За да ја искористите најдобро енергија на ов ој производ, ставете ги сите полици и фиоки на нивната првобитна положба, како што е прикажано на илустрацијата горе. mk-mk_main.book.book Page 21 Monday, July 24, 2023 1:02 PM22

Контролна табла Контролната табла може да се разликува од модел до модел. Контролна табла и функции

Копче за приспособување на температурата Притискајте го копчето

постојано за да ја изберете саканата температура меѓу 2 °C и 8 °C. Панелот за приказ ќе ги прикаже соодветните вредности според следната низа.

  • Кога ќе светне иконата Vacation

, се активира режимот за одмор. Проверете ги упатствата за режимот Vacation

  • За оптимално чување на храната, се препорачува зголемување или намалување од 1 °C на стандардната температура. Express Freeze Со оваа функција може да се замрзне брзо голема количина мраз или замрзната храна. Притиснете го копчето за Приспособување на температурата

во траење од 3 секунди за да влезете во режимот за брзо замрзнување.

  • Кога е избран режимот за брзо замрзнување, светлото ќе се запали и температурата на замрзнувачот ќе се постави на -24 ℃.
  • Брзото замрзнување автоматски се исклучува по 52 часа, а потоа поставката за температура на замрзнувачот ќе се врати на пр етходната поставка

Vacation Ако бидете отсутни подолг временски период, притискајте го копчето за приспособување на температурата

повеќепати додека не светне иконата за одмор.

  • Кога ќе се активира режимот за одмор, светлото ќе засвети. Температурата на замрзнувачот ќе биде поставена на -18 ℃, а температурата на фрижидерот на 15 ℃.
  • Во овој период не чувајте храна во фрижидерот.

Power Копчето POWER го запира ладењето на воздухот. Притиснете и задржете го копчето POWER во траење од 3 секунди за да ја прекинете функцијата за ладење. Кога функцијата е запрена, екранот е исклучен. Користете ја оваа функција за сервис или продолжен одмор. mk-mk_main.book.book Page 22 Monday, July 24, 2023 1:02 PM23

Автомат за мраз Оваа функција е достапна само за некои Користење на тацната за

Овде рачно се прави мраз. Наполнете ја модлата со вода до означеното

  • Наполнете само со вода за пиење.
  • Не превиткувајте ја тацната за мраз премногу силно бидејќи може да се скрши.
  • Доколку често ја отворате и затворате вратата од фрижидерот, може да биде потребно повеќе време за водата да се
  • Доколку ја преполните тацната за мраз, коцките мраз може да се залепат и потешко да се вадат.
  • Мразот може полесно да се отстрани ако истурите вода во тацната за мраз. Фиока на фрижидерот Вадење/враќање на фиоката на фрижидерот

Извадете ја содржината од фиоката. Држете ја рачката на фиоката и полека и целосно извлечете ја надвор, сė додека не запре.

Подигнете ја фиоката нагоре и извадете ја повлекувајќи ја надвор.

Вратете ја фиоката по обратен редослед од Корпа на вратата Отстранување/повторно местење на корпата на

Држете ги рабовите на корпата и подигнете ја нанапред за да ја извадите.

Повторно поставете ја корпата на вратата во обратен редослед од вадењето. mk-mk_main.book.book Page 23 Monday, July 24, 2023 1:02 PM24

Отстранување/повторно местење на полицата

Држете ги двете страни на полицата. Подигнете ја полицата и отстранете ја со

За повторно да ја поставите полицата, лизгајте ја полицата навнатре сè додека не влезе во рамката. Фиока на замрзнувачот Вадење/враќање на фиоката на замрзнувачот

Извадете ја содржината од фиоката. Држете ја рачката на фиоката и полека и целосно извлечете ја надвор, сė додека не запре.

Подигнете ја фиоката нагоре и извадете ја повлекувајќи ја надвор.

Вратете ја фиоката по обратен редослед од

Општи совети за чистењето

  • Ако рачно одмрзнувате, одржувате или го чистите апаратот додека има храна во замрзнувачот, тоа може да ја покачи температурата на храната и да придонесе нејзино расипување пред време.
  • Редовно чистете ги површините кои можат да бидат во контакт со храна.
  • Кога ќе ја чистите внатрешноста или надворешноста на апаратот, не бр ишете ја со

ба четка, паста за заби, или некои запалливи материјали. Не користете средства за чистење кои содржат запалливи материи. Тоа може да предизвика промена на бојата или оштетување на апаратот. - Запалливи материи: алкохол (етанол, метанол, изопропил алкохол, изобутил алкохол итн.), разредувач, средство за белење, бензен, запаллива течност, абразиви итн.• По ч

тењето, проверете дали кабелот за струја е оштетен. Чистење на надворешноста

  • Кога ги чистите надворешните отвори за вентилација на уредот со правосмукалка, тогаш треба да го исклучите од струја за да избегнете статичко празнење коешто може да ја оштети електрониката или да предизвика струен удар. Препорачано е редовно чистење на задните и страничните капаци со цел одржување на сигурната и економичната работа на ур
  • Одржувајте ги чисти отворите за воздух од надворешноста. Блокираните отвори може да предизвикаат пожар или оштетување на
  • Употребете чист сунѓер или мека крпа со умерен детергент во млака вода кога сакате да ја чистите надворешноста. Не користете абразивни или јаки средства за чистење. Исушете го уредот те мелно со ме ка крпа. Не користете контаминирани крпи кога ги чистите нерѓосувачките челични врати. Така се намалуваат дамките на површината. Чистење на внатрешноста
  • Пред да извадите полица или фиока од апаратот, извадете ја целата храна што е складирана на полицата или фиоката, за да спречите повреда или оштетување на апаратот. Во спротивно, може да дојде до повреда поради тежината на складираната
  • Извадете ги полиците и фиоките и исчистете ги со топла вода и у тергент, а потоа избришете ги и вратете ги назад.
  • Редовно бришете ја заптивката на вратата со влажна мека крпа.
  • Истечената храна и дамки на корпите од вратата треба да се чистат затоа што го намалуваат капацитетот на чување на корпата, па дури може и да ја оштетат. когаш не миј те ги полиците или садовите во машина за миење садови. Деловите може да се деформираат поради топлина.
  • Системот за автоматско одмрзнување во апаратот гарантира дека нема да се создава мраз во преградата во нормални работни услови. Не мора да се одмрзнува рачно. Чистење на капакот на кондензаторот Оваа функција е достапна само за некои Употребете правосмукалка со четка за да го исчистите капакот на кондензаторот и отворите. Не отстранувајте ја таблата што ја покрива издувната област на кондензаторот. mk-mk_main.book.book Page 25 Monday, July 24, 2023 1:02 PM26

Препорачуваме ова да се прави на секои 12 месеци за да се одржи оперативната ефикасност. mk-mk_main.book.book Page 26 Monday, July 24, 2023 1:02 PM27 РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ

РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ Пред да го повикате сервисот

Симптоми Можни причини и Решение Апаратот не лади или не замрзнува. Дали има прекин во снабдувањето со струја?

  • Проверете го напојувањето кај другите апарати. Машината е исклучена.
  • Правилно вклучете го приклучокот за струја во штекерот. Може да е изгорен некој осигурувач во вашиот дом, или пак да е активиран прекинувачот на колото. Или, апаратот е поврзан со излез за GFCI (Прекинувач на коло во случај на проблем со заземјувањето), а излезот на прекинувачот на колото бил
  • Проверете ја главната разводна кутија и заменете осигурувач или ресетирајте го прекинувачот на колото. Не зголемувајте го капацитетот на осигурувачи. Ако проблемот е појавен поради преоптоварување на колото, повикајте квалификуван електричар да го поправи.
  • Ресетирајте го прекинувачот на колото на GFCI. Ако проблемот продолжи, стапете во контакт со електричар. Ладењето или замрзнувањето е слабо. Дали температурата на фрижидерот или замрзнувачот е подесена на нејзиното најтопло подесување?
  • Подесете ја температурата на фрижидерот или замрзнувачот на Дали апаратот е изложен на директна сончева светлина или е во близина на предмет што загрева, како на пример, рерна или
  • Проверете ја околината каде што е монтиран производот и монтирајте го понастрана од предмети што загреваат. Дали сте ставиле топла храна без прво да ја изладите?
  • Треба прво да ја изладите топлата храна пред да ја ставите во фрижидерот или замрзнувачот. Дали сте ставиле премногу храна?
  • Одржувајте соодветно растојание меѓу храната. Дали вратите на апаратот се целосно затворени?
  • Целосно затворете ја вратата и проверете дали храната не ја блокира вратата.mk-mk_main.book.book Page 27 Monday, July 24, 2023 1:02 PM28 РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ

Кондензација и мраз Ладењето или замрзнувањето е

Дали има доволно простор околу апаратот?

  • Приспособете ја положбата на монтажа за да направите доволно простор околу апаратот. Апаратот има лош

Дали температурата на фрижидерот или замрзнувачот е подесена на „Топло“?

  • Подесете ја температурата на фрижидерот или замрзнувачот на

Дали сте ставиле храна со силен мирис?

  • Храната со силен мирис чувајте ја во затворен сад. Зеленчукот или овошјето може се расипале во фиоката?
  • Фрлете го скапаниот зеленчук и исчистете ја фиоката за зеленчук. Не чувајте зеленчук премногу долго во фиоката за зеленчук. Симптоми Можни причини и Решение Не излегува вода. Можеби е празен резервоарот за вода на диспензерот (Само модели без водоводна инсталација)
  • Наполнете го резервоарот за вода на диспензерот. Симптоми Можни причини и Решение Има кондензација во внатрешноста на производот или на дното од капакот на фиоката за зеленчук. Дали сте ставиле топла храна без прво да ја изладите?
  • Топлата храна првин нека се излади пред да ја ставите во фрижидерот или замрзнувачот. Дали сте ја оставиле вратата на апаратот отворена?
  • Иако кондензацијата ќе исчезне набрзо откако ќе ја затворите вратата на апаратот, можете да ја избришете и со сува крпа. Дали вратата на апаратот ја отворате многу често?
  • Кондензацијата може да се формира поради разлика во температурата со надворешноста. Избришете ја влагата со сува крпа и не отворајте ја вратата многу често. Дали сте ставиле топла или влажна храна внатре, без да ја затворите или ставите во сад?
  • Чувајте ја храната во покриен или затворен сад. Симптоми Можни причини и Решение mk-mk_main.book.book Page 28 Monday, July 24, 2023 1:02 PM29 РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ

Во замрзнувачот се формирал мраз. Вратите можеби не се затвораат правилно?

  • Проверете дали некоја храна во внатрешноста на производот ја блокира вратата и проверете дали вратата е цврсто затворена. Дали сте ставиле топла храна без прво да ја изладите?
  • Треба прво да ја изладите топлата храна пред да ја ставите во фрижидерот или замрзнувачот. Дали е блокиран отворот за влез или излез на воздухот од замрзнувачот?
  • Потрудете се отворот за влез или излез на воздухот да не биде блокиран за да може воздухот да циркулира во внатрешноста. Дали замрзнувачот е преполнет?
  • Одржувајте соодветно растојание меѓу храната.

кондензација се формирала во внатрешноста или на надворешноста на

Дали сте ја отворале и затворале вратата многу често или дали вратата на апаратот е неправилно затворена?

  • Мраз или кондензација може да се формира ако надворешниот воздух навлезе во апаратот. Не отворајте ги вратите премногу често. Дали е влажна околината каде што е монтиран апаратот?
  • Кондензација може да се појави на надворешноста на апаратот ако околината каде што е монтиран е многу влажна или ако е денот влажен, на пример, ако врне. Избришете ја сосема влагата со сува

Страната или предницата на апаратот е топла. Има цевки против кондензација вградени на овие површини на апаратот со цел да се намали кондензацијата околу површината на

  • Цевката за испуштање топлина со чија помош се спречува кондензација, е монтирана на предницата и на страната на апаратот. Може да почувствувате дека е особено жешка веднаш по монтажа на апаратот или во текот на летото. Бидете сигурни дека ова не е проблем, туку е нормална состојба. Има вода во внатрешноста или надворешноста на

Дали има истечена вода околу апаратот?

  • Проверете дали водата истекла од лавабо или од друго место. Дали има вода под апаратот?
  • Проверете дали водата е од одмрзната храна или од скршен или испуштен сад. Симптоми Можни причини и Решение mk-mk_main.book.book Page 29 Monday, July 24, 2023 1:02 PM30 РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ Делови и функции

производот не се затвора цврсто. Дали апаратот е навален напред?

  • Регулирајте ги предните ногалки за да ја подигнете малку предната

Дали полиците биле правилно поставени?

  • Ако е потребно, одново поставете ги полиците. Дали вратата сте ја затвориле употребувајќи прекумерна сила?
  • Ако примените прекумерна сила или брзина при затворање на вратата, вратата може да остане кратко отворена пред да се затвори. Погрижете се да не ја туркате вратата многу силно. Затворете ја без примена на сила. Тешко се отвора вратата на апаратот. Дали сте ја отвориле вратата веднаш откако сте ја затвориле?
  • Ако се обидете да ја отворите вратата на апаратот во рок од 1 минута откако сте ја затвориле, може да имате тешкотии со отворањето поради притисокот внатре во апаратот. Обидете се повторно да ја отворите вратата на апаратот по неколку минути, за да се стабилизира внатрешниот притисок. Светлото во внатрешноста на апаратот не се пали. Дефект на ламбичката
  • Затворете ја вратата и отворете ја одново. Ако ламбичката не светне, обратете се во Центарот за кориснички информации на LG Electronics. Не обидувајте се да ја вадите ламбичката. Симптоми Можни причини и Решение Апаратот е бучен и произведува абнормални звуци. Дали апаратот е монтиран на нестабилен под или на под кој не е
  • Монтирајте го апаратот на цврст и рамен под. Дали задниот дел од апаратот го допира ѕидот?
  • Приспособете ја положбата на монтажа за да направите доволно простор околу апаратот. Дали има расфрлено предмети зад апаратот?
  • Извадете ги расфрланите предмети зад апаратот. Дали има предмет над апаратот?
  • Тргнете го предметот од горниот дел на апаратот. mk-mk_main.book.book Page 30 Monday, July 24, 2023 1:02 PM31 РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ

Корисничка поддршка и услуги Стапете во контакт со корисничкиот информативен центар на LG Electronics.

  • За да пронајдете информации за овластен сервисен центар на LG, одете на веб-страницата www.lg.com.
  • Апаратот треба да го расклопува, поправа или модифицира само квалификуван сервисен персонал во овластен сервисен центар на LG.
  • Минималниот гарантен период на овој фрижидер е 24 месеци.
  • Резервните делови наведени во Ре

лативата EU 2019/2019 се достапни во времетраење од минимум 7 години (само заптивките за вратите се достапни 10 години).

  • За да купите резервни делови, стапете во контакт со Центарот за информации за корисници на LG Electronics или одете на нашата веб-страница на www.lg.com

Контролата на одмрзнување кликнува кога започнува и завршува автоматскиот циклус на одмрзнување. Контролата на термостатот (или контролата на апаратот кај некои модели) исто така кликнува на почеток и на крај на циклусот.

  • Нормално работење Бучава како

Апаратот не стои рамно на подот.

  • Подот е слаб или нерамен или ногарките за нивелирање треба да се прилагодат. Апаратот со компресор бил поместен за време на работењето.
  • Нормално работење. Ако компресорот не престане да ѕвечка по 3 минути, исклучете ја струјата и повторно вклучете ја. Бучава како

Моторот на вентилаторот на испарувачот го циркулира воздухот низ фрижидерот и преградите на замрзнувачот.

  • Нормално работење Воздух поминува над кондензаторот со помош на вентилаторот на кондензација.
  • Нормално работење Бучава како

Средството за ладење тече низ системот за ладење.

  • Нормално работење Бучава како пукање Собирање и ширење на внатрешните ѕидови поради промени во температурата.
  • Нормално работење Вибрирање Ако страната или задниот дел на фрижидерот се допира до ормар или ѕид, некои од нормалните вибрации може да предизвикаат
  • За да ја елиминирате бучавата, проверете дали страните и задниот дел се допираат до ѕид или ормар. Симптоми Можни причини и Решение mk-mk_main.book.book Page 31 Monday, July 24, 2023 1:02 PM32 РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ
  • Регулатива EU 2019/2019, која стапува на сила од 1 март 2021 година, е поврзана со класите на енергетска ефикасност според Регулативата 2019/2016.
  • За повеќе информации за енергетската ефикасност на апаратот, одете на https://ec.europa.eu и пребарајте со внесување на името на моделот (важечко од 1 март 2021 година).
  • Скенирајте го QR кодот на енергетската етикета што сте ја добиле со апаратот и так а ќе добиете врска до веб-страница со базата на податоци на EU EPREL со информации поврзани со работата на апаратот. Чувајте ја енергетската етикета како референца заедно со сите други документи испорачани со апаратот (важечко од 1 март 2021 година).
  • Името на моделот може да се пронајде на етикетата за моќноста на апар
Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : LG

Модел : GBM22HSADH

Категорија : фрижидер