ELITE 14 PRF0081870A - извлекувач ELICA - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот ELITE 14 PRF0081870A ELICA во PDF формат.
| Марка | ELICA |
| Модел | ELITE 14 PRF0081870A |
| Вид на производ | Кујнски аспиратор |
| Верзија | Вшмукувачка (надворешно одведување) или филтрирачка (внатрешно рециклирање) |
| Инсталација | Вградна |
| Контроли | Механички копчиња (стоп, брзина 1, 2, 3) |
| Број на брзини | 3 |
| Осветлување | Сијалица 3 W, грло E14, 230 V |
| Вид на филтер за масти | Метални, може да се мие (во машина за садови) |
| Филтер за јаглерод | Опционален, да се замени на секои 4 месеци најдоцна |
| Напон на напојување | 230 V ~ 50 Hz |
| Моќност на осветлување | 3 W |
| Дијаметар на приклучок | Еднаков на дијаметарот на приклучната прирабница (не е вклучено) |
| Минимално безбедносно растојание | 50 cm (електрично готвење) / 65 cm (гас или комбинирано готвење) |
| Вид на контрола | Копчиња со притисок |
| Вклучени додатоци | Филтер за масти, упатство за употреба |
| Одржување на филтри | Филтер за масти: месечно чистење; филтер за јаглерод: замена на секои 4 месеци |
| Безбедност | Исклучете пред чистење; не користете без филтер; не палете оган под аспираторот |
Често поставувани прашања - ELITE 14 PRF0081870A ELICA
Прашања на корисниците за ELITE 14 PRF0081870A ELICA
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот извлекувач во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник ELITE 14 PRF0081870A - ELICA и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. ELITE 14 PRF0081870A на марката ELICA.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК ELITE 14 PRF0081870A ELICA
Упатство за монтажа и ракување
Придржувајте се строго до упатствата дадени во овој прирачник. Ние одбиваме било каква одговорност за било каков проблем, штета или пожар предизвикан на апаратот како резултат на неследење на упатствата вклучени во овој прирачник. Аспираторот е наменет исклучиво за домашна употреба.
- Важно е да го зачувате ова упатство за да можете да го консултирате во било кој момент. Во случај на продажба, расходување или преместување, нека остане заедно со производот.
- Прочитајте ги внимателно упатствата: Овде има важни информации за инсталирањето, употребата и безбедноста.
- Не вршете електрични или механички измени на производот или на издувните канали.
- Пред да почнете со монтирање на апаратот, проверете да не се оштетени компонентите. Во спротивно, обратете се кај вашиот дистрибутер и не продолжувајте со монтирањето.
Забелешка: Додатоците означени со симболот "(*)" се факултативен додатен прибор кои се вклучени само во неколку модели, а ако не се вклучени во моделот треба да се набават.

Важни совети
- Пред било каква операција за чистење или одржување, исклучете го аспираторот од електричната мрежа со вадење на струјниот приклучок или со исклучување на домашниот мрежен прекинувач.
- За сите операции за монтажа и одржување да се користат работни ракавици.
- Овој апарат може да се користи од страна на деца од 8 години па нагоре и лица со намалени физички, сензорни или ментални способности, или ако немаат искуство или знаење, доколку се под надзор или имаат добиено инструкции за употреба на апаратот на безбеден начин и ги разбираат опасностите поврзани со него.
- Треба да се внимава децата да не си играат со апаратот.
- Чистењето и одржувањето не треба да го прават деца без надзор.
- Просторијата мора да биде доволно проветрена кога кујнскиот аспиратор се користи заедно со апарати кои согоруваат гас или други горива.
- Аспираторот мора редовно да се чисти како од внатрешноста така и од надворешноста (НАЈМАЛКУ ЕДНАШ МЕСЕЧНО), во секој случај потребно е да се постапува во согласност со упатствата за одржување.
- Ако не се следат упатствата за чистење на аспираторот и замена и чистење на филтрите, тоа може да доведе до ризик од пожар.
- Строго е забрането да се фламбира храната под самиот аспиратор.
- За замена на сијалицата, користете само тип на сијалица наведен во делот за одржување/замена на сијалицата во овој прирачник.
Употребата на отворен пламен е штетна за филтрите и може да предизвика ризик од пожар, па затоа мора да се избегнува во сите околности.
Секое пржење мора да се прави внимателно за да се спречи презагревање на маслото и пламнување.
ВНИМАНИЕ: Кога плочата за готвење е во функција, пристапните делови на аспираторот може да се загреат.
- Не поврзувајте го апаратот со електричното напојување додека монтажата не е целосно
завршена.
- Што се однесува до техничките и безбедносните мерки за исфрлање на пареа, важно е внимателно да се следат правилата дадени од локалните надлежни власти.
- Издувниот воздух не смее да се испушта во активен оџак за чад создаден од апарати што согоруваат гас или други горива.
- Не користете го или оставајте го аспираторот без правилно монтирани сијалици поради можниот ризик од електричен удар.
- Никогаш не користете го аспираторот ако решетката не е правилно монтирана!
- Аспираторот НИКОГАШ не смее да се користи како потпорна површина, освен ако тоа не е прецизно наведено.
- Користете ги само завртките за прицврстување што се испорачуваат со производот за монтирање, или ако не се испорачани, набавете го точниот тип завртки.
- Користете ја точната должина на завртките што е наведена во Упатството за монтирање.
- Во случај на сомневање, консултирајте се со овластениот центар за техничка поддршка или персонал со слични квалификации.
⚠️ ВНИМАНИЕ!
- Немонтирањето на завртки и уреди за прицврстување во согласност со овие упатства може да доведе до опасности од електрична природа.
- Да не се користи со програмер, тајмер, посебен далечински управувач или било која друга направа која се активира автоматски.
Овој апарат е обележан согласно Европската директива 2012/19/EC за Искористена Електрична и Електронска Опрема (Waste Electrical and Electronic Equipment - WEEE). Со правилно отстранување на овој производ помагате да се спречат потенцијалните негативни последици за околината и здравјето на човекот, што инаку би се предизвикале од несоодветното третирање како отпадок на овој производ.

Симболот ■ прецртана канта за губре на производот или на документите кои одат со производот, покажува дека тој апарат не смее да се третира како комунален отпад. Напротив би требало да се однесе до соодветното место за собирање за рециклирање на електрична и електронска опрема. Отстранувањето мора да се изврши во согласност со локалните прописи за животната средина за отстранување на отпаден материјал. За повеќе детални информации за третманот, поправањето и рециклирањето на овој производ Ве молиме контактирајте со Вашите локални власти, Вашата комунална служба или со продавницата од каде го имате купено производот.
Апаратот е дизајниран, тестиран и произведен според:
- Безбедност: EN/IEC 60335-1; EN/IEC 60335-2-31, EN/IEC 62233.
- Можности: EN/IEC 61591; ISO 5167-1; ISO 5167-3; ISO 5168; EN/IEC 60704-1; EN/IEC 60704-2-13; EN/IEC 60704-3; ISO 3741; EN 50564; IEC 62301.
- EMC: EN 55014-1; CISPR 14-1; EN 55014-2; CISPR 14-2; EN/IEC 61000-3-2; EN/IEC 61000-3-3.
Предлози за исправна употреба за да се намали влијанието врз животната средина
Вклучете го поклопниот аспиратор на минимална брзина на почеток на готвењето и оставете го да работи уште неколку минути по завршувањето на готвењето. Зголемете ја брзината само во случај на голема количина на чад и пареа и користете ја форсираната брзина во ретки ситуации. Заменете го филтерот (-рите) на активен јаглен кога е потребно да се задржи ефикасноста на намалување на мирис. Исчистете го филтерот за масти (-рите) кога е потребно да се задржи неговата ефикасност.
Користете максимален дијаметар на изводниот систем прикажан во овој прирачник да се оптимизира ефикасноста и да се намали бучавата.
Употреба
Аспираторот може да се користи во вид со надворешно исфрлање на издувниот воздух или со филтер во вид со кружно струење на воздухот.

Вид со надворешно исфрлање на
издувниот воздух
Пареата се исфрла нанадвор преку издувна цевка поставена на приклучната прирабница.
⚠️ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Издувната цевка не е испорачана и треба да се набави. Дијаметарот на издувната цевка треба да биде еднаков со дијаметарот на приклучниот прстен.
⚠️ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ако аспираторот е опремен со филтри со активен јаглен, тие треба да се отстранат.
Поврзете го аспираторот со цевките и отворите за издувување преку цевка со дијаметар еднаков на излезот за воздух (приклучна прирабница).
Користете цевка со минимална должина. Користете цевка со што е можно помал број на свиоци (максимален агол на свиок: 90°). Избегнувајте драстични промени во пресекот на цевката.
Внимание! Ако аспираторот е опремен со филтер со активен јаглен, истиот треба да се отстрани.

Варијанта со филтрирање
Всмуканиот воздух се ослободува од масти и мириси пред повторно да се врати во просторијата. За користење на аспираторот во оваа варијанта, потребно е да вградите дополнителен систем за
филтрирање со активен јаглен.
Внимание! Ако аспираторот не е опремен со јагленов филтер, истиот треба да се нарача и да се монтира пред употреба.
Монтажа
Најмалото растојание помеѓу плочата од шпоретот за садовите за готвење и долниот раб на аспираторот да не биде помало од 50 см за електричните апарати за готвење и 65 см за гасните или комбинираните апарати за готвење. Ако упатството за монтажа за плинските плочи од шпоретот прецизираат поголемо растојание, морате да се придржувате до тоа.

Приклучување на електрична енергија
Главното струјно напојување мора да одговара со оптегот покажан на етикетата за карактеристиките ставена внатре во аспираторот. Ако аспираторот оди со приклучник, поврзете го во штекерот во согласност со струјните прописи и позициониран на пристапно место дури и по монтажата. Ако не е снабден со приклучник (директна врска со електричното напојување) или ако приклучникот не е лоциран на пристапно место, дури и по монтажата, применете би-поларен прекинувач во согласност со стандардите кој обезбедува комплетно исклучување на електричното напојување под услови поврзани со преоптоварување на мрежата категорија III, во согласност со упатството за монтажа.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Пред (повторно) поврзување на колото од аспираторот со електричното напојување и проверувањето на функционалноста, секогаш проверете дали струјниот кабел е правилно монтиран.
Аспираторот е снабден со специјален кабел за напојување; во случај на оштетување на кабелот, побарајте помош од стручна техничка служба.
Вградување
Пред да се почне со монтирањето:
- Проверете дали купениот производ е со соодветни димензии за одбраниот простор за монтирање.
- Извадете го/ги филтерот/-те на активен јаглен ако се доставени (види го и соодветниот параграф). Тој/тие се монтира/-ат само ако сака да се користи аспираторот во варијанта со филтрирање.
- Проверете дали во внатрешноста на аспираторот (поради транспортот) нема материјал од опремата (на пример кесиња со завртки и навртки, гаранции и др.), ако има извадете го и зачувајте го.
Овој тип на аспиратор треба да се стави внатре во висечки елемент или во друг вид на куќиште.
Функционирање
Аспираторот се испорачува со командна табла со регулатор на брзините на издувување и регулатор за осветлението над плочата од шпоретот.

а. Прекинувач за вклучување/исклучување на светлото. б. Прекинувач за исклучување/брзина 1. в. Одбирање брзина 2. г. Одбирање брзина 3.
Одржување
Чистење
За чистењето исклучиво користете крпа навлажнета со течни неутрални детергенти. Не чистете со помош на алати или други инструменти.
Не користете производи кои содржат абразиви. Не користете алкохол!
Филтер за масти
Бр. 10-21
За собирање на масните состојки од пареата од готвењето.
Металниот филтер за масти треба да се чисти еднаш месечно со неагресивни детергенти, рачно или во машина за миење на садови на ниски температури и во краток интервал.
Со перењето во машина за миење на садови металниот филтер за масти може да ја изгуби малку бојата, но неговите карактеристики за филтрирање воопшто не се менуваат.
За да го извадите филтерот за масти, повлечете го забецот за откопчување.
Филтер со активен јаглен (само за варијанта со филтрирање)
Бр. 20
За собирање на непријатните мириси од пареата од готвењето.
Заситувањето на филтерот од јаглен настапува по повеќе или помалку продолжена употреба, во зависност од типот на готвење и редовноста на чистењето на филтерот за масти. Во секој случај, потребно е да се замени чаурата најмалку на секои 4 месеци.
Не може да се пере или обновува.
Извадете ги филтрите за масти.
Ставете по еден филтер на јаглен на страна и прикачете го на аспираторот.
Повторно монтирајте ги филтрите за масти.
Замена на сијалиците
Исклучете го уредот од струјното напојување.
Предупредување! Пред да ги допрете сијаличките проверете дали се изладени.
Извлечете ја фиоката.
Отстранете ја решетката за всмукување за пристап до делот за ламби.
Извадете ја оштетената ламба и заменете ја со нова (според следната табела)
| Ламба | Мо́к (W) | Штек-контакт | |
![]() | 3 | E14 | |
| Напон (V) | Димензии (mm) | ||
| 230 | 55 (Должина на Централната Светлина) | ||
| Код ILCOS D(во согласност со IEC 61231) | |||
| DRGSB/C/UB-3/27/1B-230-E14-55 | |||
Повторно монтирајте ја решетката.
Ако осветлението не работи, пред да повикате техничка помош, проверете дали сијалиците се добро ставени.
