LG GSLV70PZTM - фрижидер

GSLV70PZTM - фрижидер LG - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GSLV70PZTM LG во PDF формат.

📄 788 страници Македонски MK 💬 AI прашање
Notice LG GSLV70PZTM - page 449
Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : LG

Модел : GSLV70PZTM

Категорија : фрижидер

Преземете ги упатствата за вашиот фрижидер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GSLV70PZTM - LG и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GSLV70PZTM на марката LG.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GSLV70PZTM LG

Внимателно прочитајте ги овие упатства пред да започнете со монтажа. Тоа ќе ви ја направи монтажата поедноставна и ќе ви помогне да го монтирате производот правилно и безбедно. Ставете ги овие упатства во близината на производот по монтажата за идни консултации.

www.lg.com Авторско право © 2021-2022 LG Electronics Inc. Сите права се задржани. Погледнете во упатството за корисникот на веб-страницата на LG, за подетални информации. mk_main.book.book Page 1 Thursday, March 3, 2022 1:17 PMСОДРЖИНА Ова упатство содржи слики или содржина поинаква од моделот што сте го купиле. Ова упатство подлежи на ревизија од производителот. БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ПРОЧИТАЈТЕ ГИ СИТЕ УПАТСТВА ПРЕД УПОТРЕБА ....................................3 ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ...........................................................................................3 ВНИМАНИЕ ......................................................................................................10

  • Пред монтажа p. 12
  • Отстранување на вратите на фрижидерот или замрзнувачот p. 13
  • Поврзување на линијата за вода p. 15
  • Вклучување на напојувањето p. 17
  • Преместување на уредот поради релокација p. 17

Чистење............................................................................................................28 РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ Пред да го повикате сервисот.....................................................................30 mk_main.book.book Page 2 Thursday, March 3, 2022 1:17 PM3 БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ПРОЧИТАЈТЕ ГИ СИТЕ УПАТСТВА ПРЕД УПОТРЕБА Следните безбедносни упатства се наменети за да спречат непредвидени ризици или штети од небезбедно или неправилно користење на производот. Упатствата се поделени на 'ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ’

како што е опишано подолу. Безбедносни пораки ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ За да се намали ризикот од пожар, струен удар или повреди на лица при користење на производот, треба да се почитуваат основните безбедносни мерки, вклучувајќи ги следните. Техничка безбедност

  • Овој апарат може да го користат деца постари од 8 години и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности или со Овој симбол означува предмети и активности што може да предизвикаат ризик. Прочитајте го внимателно делот со овој симбол и следете ги упатствата за да избегнете

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Ова покажува дека непочитувањето на упатствата може да предизвика сериозна повреда или смрт.

Ова покажува дека непочитувањето на упатствата може да предизвика лесна повреда или мала штета на производот. mk_main.book.book Page 3 Thursday, March 3, 2022 1:17 PM4 БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА недоволно искуство и знаење, ако се под надзор или добиваат упатства за употреба на апаратот на безбеден начин и ги разбираат опасностите што можат да произлезат. Деца не смеат да си играат со апаратот. Чистењето и одржувањето не смеат да го прават деца без надзор.

  • Овој апарат не е наменет за употреба од страна на лица (вклучувајќи деца) со намалени физички, сетилни или ментални способности, или со недоволно искуство и знаење, освен ако се под надзор или ако добиваат упатства за употребата на апаратот од лице коешто е одговорно за нивната безбедност. Децата треба да бидат под надзор за да не се дозволи да си играат со
  • Деца на возраст меѓу 3 и 8 години може да ставаат или да вадат артикли од фрижидерот.
  • Овој апарат е наменет за употреба во домаќинства и за слични примени, како: - кујни за персонал во локали, канцеларии и други работни

- селски куќи со фа рма и од клиенти во хотели, мотели и други средини од резиденцијален тип; - објекти каде што се нуди појадок и преноќување; - кетеринг и слични немалопродажни примени.

  • Апаратот за ладење не е наменет да се користи како вграден
  • Овој апарат содржи мала количина на изобутанско средство за ладење (R600a), но тоа е исто така запалливо. При транспорт и монтажа на апаратот, треба да се внимава да не се оштетат делови од колото за средството за ладење.
  • Средството за ладење и гасот за изолација што се користат во апаратот треба да се фрлат според посебно пропишани Овој симбол ве предупредува за запалливи материјали што може да се запалат и да предизвикаат пожар ако не се грижите. mk_main.book.book Page 4 Thursday, March 3, 2022 1:17 PM5 БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА

процедури. Консултирајте се со сервисер или слично квалификувано лице пред да ги фрлите.

  • Не оштетувајте го колото за средство за ладење.
  • Ако кабелот за струја е оштетен или штекерот е лабав во отворот, не користете го кабелот и стапете во контакт со овластен центар
  • Не поставувајте повеќе преносни штекери или преносни кабли за напојување на задниот дел од уредот.
  • Безбедно вклучете го приклучокот за струја во штекерот откако комплетно сте ја отстраниле постојната влага или прав.
  • Никогаш не исклучувајте го апаратот од струја со тегнење на кабелот за струја. Секогаш цврсто фаќајте го приклучокот за струја и потегнете го во обратна насока од штекерот.
  • Отворите за вентилација во просторот каде што е сместен апаратот или во мебелот во кој е вграден не смеат да содржат никакви препреки.
  • Не чувајте експлозивни супстанции во апаратот какви што се конзерви со аеросол што содржат запаллив гас.
  • Не навалувајте го апаратот за да го влечете или туркате при
  • При позиционирање на уредот, погрижете се кабелот за снабдување со ел. енергија да не биде заглавен или оштетен.
  • Не користете механички уреди или други средства за да го забрзате процесот на одмрзнување.
  • Не користете фен за сушење коса за да ја исушите внатрешноста на апаратот и на ставајте свеќа во внатрешноста за да ги отстраните миризбите.
  • Не користете електрични апарати во фрижидерот.
  • Осигурете се да не дојде до заглавување на некој дел од телото, на пример раката или стапалото, додека се преместува апаратот.
  • Исклучете го кабелот за напојување пред да ја чистите внатрешноста или надворешноста на апаратот.
  • При чистењето, не прскајте вода или запалливи супстанции (паста за заби, алкохол, разредувач, бензен, запалливи течности, mk_main.book.book Page 5 Thursday, March 3, 2022 1:17 PM6 БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА абразивни супстанции итн.), во внатрешноста или надворешноста на уредот.
  • Не чистете го апаратот со четки, крпи или сунѓери со груби површини или коишто се изработени од метален материјал.
  • Само квалификуван персонал за сервисирање од Центарот за сервис на LG Electronics смее да го расклопува, поправа или модифицира апаратот. Стапете во контакт со Центарот за информации за клиенти на LG Electronics ако го преместувате или монтирате апаратот на друга локација. Ризик од пожар и запалливи материјали
  • Ако откриете протекување, избегнувајте отворен пламен или потенцијални извори на искри и проветрете ја неколку минути просторијата во која се наоѓа апаратот. За да избегнете создавање мешавина на воздух и запаллив гас во случај на протекување од колото за средство за ладење, големината на просторијата во која се наоѓа апаратот треба да одговара на количината на употребеното средство за ладење. Просторијата мора да има по 1 m² на располагање за секои 8 g од средството за ладење R600a внатре во апаратот.
  • Средство за ладење што избива во млаз од цевките може да се запали или да предизвика експлозија.
  • Количината на средство за ладење во вашиот апарат е прикажан на плочата за идентификација внатре во апаратот.
  • Овој апарат треба да го пренесуваат две или повеќе лица, коишто цврсто ќе го држат при пренесувањето.
  • Монтирајте го апаратот на цврст и рамен под.
  • Не поставувајте го апаратот во влажна или правлива просторија. Не поставувајте го и не чувајте го надвор, или во каква било просторија подложна на надворешни услови, како што е директна сончева светлина, ветер или дожд, или температури под нулата. mk_main.book.book Page 6 Thursday, March 3, 2022 1:17 PM7 БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
  • Не поставувајте го апаратот на директна сончева светлина и не изложувајте го на топлина од апарати за греење, како на пример, шпорети или греалки.
  • Внимавајте да не ја соголите задната страна на апаратот при
  • Монтирајте го апаратот на место од каде што може лесно да се исклучи приклучокот за струја на апаратот.
  • За време на склопувањето или расклопувањето внимавајте да не ви падне вратата на апаратот.
  • При склопувањето и расклопувањето на вратата на апаратот, внимавајте да не го продупчите, згмечите или оштетите кабелот
  • Приклучокот за струја не смее да биде вклучен со кабелот свртен нагоре и не дозволувајте апаратот да се потпира на приклучокот.
  • Не поврзувајте го приклучниот адаптер или некоја друга дополнителна опрема во приклучокот за струја.
  • Не модифицирајте го и не продолжувајте го кабелот за струја.
  • Проверете дали штекерот за струја е правилно заземјен и дали контактот за заземјување на кабелот за струја е оштетен или изваден од приклучокот за струја. За повеќе детали околу заземјувањето, обратете се во Центарот за информации за клиенти на LG Electronics.
  • Апаратот мора да биде опремен со кабел за струја, којшто има спроводник за заземјување и приклучок за заземјување. Приклучокот мора да биде вклучен во соодветен штекер којшто е правилно монтиран и заземјен во согласност со локалните законски регулативи и уредби.
  • Никогаш не вклучувајте апарат кој има знаци на оштетување. Ако се сомневате, консултирајте се со продавачот.
  • Не приклучувајте го апаратот во адаптер со повеќе штекери, којшто нема кабел за напојување (монтиран).
  • Апаратот треба да биде поврзан со посебна линија за струја, за којашто има засебен осигурувач. mk_main.book.book Page 7 Thursday, March 3, 2022 1:17 PM8 БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
  • Не приклучувајте го апаратот во мулти-штекер кој не е соодветно заземјен (пренослив). Во случај да користите соодветно заземјен мулти-штекер (пренослив), користете мулти-штекер со капацитет на напон на кабелот или повисок и користете го мулти-штекерот само за апаратот.
  • Отстранете ги сите материјали за пакување, како на пример, пластични кеси и стиропор, подалеку од децата. Материјалите од пакувањето може да предизвикаат задушување.
  • Не користете го производот за други намени (за чување медицински или експериментални материјали или за транспорт) освен за намената во домаќинства, односно за чување храна.
  • Ако навлезе вода во електричните делови на апаратот, исклучете го приклучокот за струја и стапете во контакт со Центарот за информации за клиенти на LG Electronics.
  • Исклучете го приклучокот од штекер кога има силна бура или грмотевици или кога не е во употреба подолг временски период.
  • Не допирајте го приклучокот за струја или контролите на апаратот со влажни раце.
  • Не превиткувајте го премногу кабелот за струја и не ставајте тешки предмети врз него.
  • Веднаш исклучете го приклучокот од струја и стапете во контакт со Центарот за информации за клиенти на LG Electronics ако откриете невообичаена бучава, мирис или чад што доаѓа од
  • Не ставајте ги рацете ниту метални предмети во внатрешноста од која излегува ладниот воздух, ниту на капакот или задната решетка од која се ослободува топлина.
  • Не применувајте прекумерна сила или притисок на задниот капак на апаратот.
  • Внимавајте на децата во близина кога ја отворате или затворате вратата на апаратот. Вратата може да го удри детето и да предизвика повреда. Не дозволувајте луѓето да се нишаат на mk_main.book.book Page 8 Thursday, March 3, 2022 1:17 PM9 БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА

вратите бидејќи така може уредот да се преврти и да предизвика сериозна повреда.

  • Избегнувајте ја опасноста од затворање на деца внатре во апаратот. Дете затворено во внатрешноста на производот може да се задуши.
  • Не ставајте животно во внатрешноста на производот. Животното може да се задуши.
  • Не ставајте тешки или кршливи предмети, садови со течност, запалливи супстанции, запалливи предмети (како свеќи, ламби итн.), или пак грејни тела (како решоа, греалки итн.) врз уредот.
  • Не ставајте друг електронски апарат (како на пример, греалка и мобилен телефон) во внатрешноста на апаратот.
  • Ако има протекување на гас (изобутан, пропан, природен гас

допирајте ја ниту машината, ниту приклучокот за струја и веднаш проветрете ја просторијата. Овој апарат користи гас како средство за ладење (изобутан, R600a). Иако користи мали количини гас, тој е сепак запаллив гас. Истекувањето гас при транспорт на апаратот, монтажа или работење може да предизвика пожар, експлозија или повреда ако се предизвикаат

  • Не користете и не чувајте запалливи или експлозивни супстанции (етер, бензен, алкохол, хемикалии, LPG, експлозивни спрејови, инсектициди, освежувачи на воздух, козметика итн.) во близина на апаратот.
  • При фрлање на апаратот, извадете ја заптивката од вратата, а оставете ги внатре полиците и корпите, и држете ги децата понастрана од апаратот. mk_main.book.book Page 9 Thursday, March 3, 2022 1:17 PM10 БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА

За да се намали ризикот од мали повреди на лица, неисправно функционирање или оштетување на производот или имотот при користење на овој производ, следете ги основните мерки на претпазливост, вклучително и следните:

  • По распакувањето, проверете го апаратот дали е оштетен од транспортот.
  • Почекајте барем 3 до 4 часа за да се осигурите дека разладниот круг е целосно ефикасен.
  • Не допирајте ја замрзнатата храна или металните делови во преградата на замрзнувачот со водени или влажни раце. Тоа може да предизвика замрзнатини.
  • Не ставајте стаклени контејнери, шишиња или конзерви (особено оние што содржат газирани пијалоци) во одделот за замрзнување, на полиците, или во кантата за мраз, што ќе бидат изложени на температури под замрзнување.
  • Каленото стакло на предната страна од вратата на апаратот или на полиците може да се оштети со удар. Ако е скршено, не допирајте го со раце.
  • Не бесете се на вратата на производот, просторот за чување храна, на полицата и не качувајте се на неа.
  • Не ставајте преголема количина шишиња за вода или други садови на страничните делови на корпите на вратите.
  • Не отворајте ја и затворајте ја вратата на апаратот со прекумерна
  • Ако е оштетена шарката на вратата на производот или ако не функционира правилно, престанете да го користите и стапете во контакт со Центарот за сервис на LG Electronics. mk_main.book.book Page 10 Thursday, March 3, 2022 1:17 PM11 БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
  • Не дозволувајте животни да го гризаат кабелот за струја или цревото за вода.
  • Никогаш не јадете замрзната храна веднаш откако сте ја извадиле од замрзнувачот.
  • Осигурете се да не дојде до заглавување на раката или стапалото додека ја отворате или затворате вратата на апаратот или вратата во врата.
  • Овој апарат е опремен со внатрешно LED-светло што не треба да се одржува. Не вадете го капакот или LED-светлото, во обид да го поправате или замените. Стапете во контакт со Центарот за информации за клиенти на LG Electronics.
  • Не чистете ги стаклените полици или капаци со топла вода кога се студени. Може да се распарчат ако се изложат на ненадејни температурни промени.
  • Не вметнувајте ги полиците наопаку. Полиците може да паднат.
  • За да го отстраните мразот од апаратот, стапете во контакт со Центарот за информации за клиенти на LG Electronics.
  • Исфрлете го мразот од корпата за мраз во замрзнувачот при подолг прекин на струја. mk_main.book.book Page 11 Thursday, March 3, 2022 1:17 PM12

Пред монтажа Димензии и дозволи Доколку растојанието помеѓу два производи во уредот е мало ќе се намали капацитетот за замрзнување и ќе се зголемат трошоците за електрична енергија. При монтажата на уредот, внимавајте растојанието до ѕидот да не е помало од 50 mm.

  • Можете да одредите каков тип на апарат е со помош на етикетата во внатрешноста на Амбиентална температура
  • Апаратот е дизајниран да работи во ограничен опсег на амбиентални температури, во зависност од климатската
  • Локацијата на апаратот, амбиенталната температура, фреквенцијата на отворањето на вратата итн. може да влијаат на внатрешните температури.
  • Климатската класа може да се најде на етикетата за оценување.
  • Апаратите оценети од SN до Т се наменети за употреба на собна температура помеѓу 10 °Си 43 °С. - Големина (mm) A913 B1 790 C735 D620 E691 F735 G1 180H1 635

Дополнителен прибор *1 Оваа функција е достапна само за некои

Црево за поврзување и штипка

Црево за поврзување и вентил

Отстранување на вратите на фрижидерот или замрзнувачот Ако влезната врата е многу тесна за да помине апаратот низ неа, извадете ги вратите на апаратот и внесете го странично. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

  • Исклучете го кабелот за струја, осигурувачот или ФИД-склопката пред да го монитирате, да ги отстранувате вратите или да го чистите апаратот. Во спротивно, може да дојде до смрт, пожар или струен удар. Отстранување на вратата од замрзнувачот

Линијата за довод на вода е поврзана со горниот десен дел на задната страна на апаратот. Држете го поврзувањето за довод на вода и нежно туркајте ја фланшата

да ја откачите линијата. Одвртете го капакот

Отстранете ги завртките од капакот на шарката, којшто се наоѓа на врвот на апаратот. Подигнете ја куката, којашто е лоцирана на страната на капакот на долниот раб, со помош на одвртувач со рамна глава.

Извлечете ја цевката

. Одвртете ја жицата за заземјување

. Исклучете ги сите кабелски приклучоци

  • Бројот на кабелски приклучоци може да варира зависно од моделот.

Свртете ја рачката на шарката во насока спротивна на стрелките на часовникот

Ослободете ја горната шарка

  • Кога ја подигнувате горната шарка за да ја ослободите од бравата, внимавајте вратата да не падне нанапред. Се препорачува двајца или повеќе да ја отстранат или вратат

Подигајте ја вратата од замрзнувачот додека да се ослободи од долната шарка.

  • Ставете ја вратата на површина што не може да ја изгребе, свртена со внатрешната страна Вадење на вратата од

Откачете ги сите кабелски приклучоци

  • Бројот на кабелски приклучоци може да варира зависно од моделот.

Ротирајте ја рачката на шарката во насока од часовникот

. Подигнете ја горната

надвор од бравата на рачката на

  • Кога ја подигнувате горната шарка за да ја ослободите од бравата, внимавајте вратата да не падне нанапред. Се препорачува двајца или повеќе да ја отстранат или вратат вратата.mk_main.book.book Page 14 Thursday, March 3, 2022 1:17 PM15

Подигајте ја вратата од фрижидерот додека да се ослободи од долната шарка.

  • Ставете ја вратата на површина што не може да ја изгребе, свртена со внатрешната страна Враќање на вратата на фрижидерот или замрзнувачот Вратете по обратен редослед од вадењето откако ќе го внесете апаратот во просторијата.
  • Прво поставете ја вратата на фрижидерот.
  • Расклопување/склопување на линиите за

Вметнете ја линиската

  • Нежно вметнете ја цевката додека не биде видлива само една од линиите. Повлечете ја цевката за да се осигурате дека е цврсто
  • Доколку крајот на цевката за вода е оштетен, оштетениот дел треба да биде отсечен за да се осигурате дека нема да протекува кога ќе ја вратите цевката.

Поврзување на линијата

Оваа функција е достапна само за некои Барања за довод на вода Поврзете го апаратот со снабдување за ладна вода со максимален доводен притисок што не надминува 1,0 MPa. Притисок на водата помеѓу 138 kPa и 827 kPa се препорачува за оптимална работа на диспензерот за вода. Ако фрижидерот е монтиран во област со низок притисок на водата (под 138 kPa), може да инсталирате пумпа која ќе го компензира нискиот Ако со вашиот довод на ладна вода е поврзан систем за филтрирање на водата според принципот на реверзибилна осмоза, притисокот на водата во системот треба да биде минимум 138 kPa.ПравилноНеправилноmk_main.book.book Page 15 Thursday, March 3, 2022 1:17 PM16

  • Исклучете го апаратот пред да вршите какви било работи за поврзување на линијата за вода. Во спротивно, може да дојде до струен
  • Линијата за вода поврзете ја само со довод на ладна вода. Во спротивно, може да дојде до дефект во филтерот за вода. Воден удар (тропање на водата во цевките) во водоводната мрежа во домот може да предизвика оштетување на делови во апаратот и да предизвика протекување на водата или поплавување.
  • Поврзете се само со доводот на водата за
  • Поврзувањето на линијата за вода мора да го направи квалификуван водоводџија и во согласност со локалната законска и прописи за квалитет на води.
  • Инсталацијата на линијата за вода не е опфатена со гаранцијата за апаратот. Поврзување на вода со

Отшрафете го металниот стегач со навои на задниот дел од апаратот и поставете го над едниот крај од цевката за вода.

Цврсто притиснете ја цевката за вода во доводниот вентил за вода и стегнете го Поврзување со чешмата за

Оваа функција е достапна само за некои

Притиснете го цревото за вода во отворот на поврзувачот на чешмата испорачан во дополнителниот прибор. Цевката треба цврсто да се држи додека го притискате конекторот на цевката.

Погрижете се гумената шајбна да е вградена внатре во конекторот пред да го стегнете на

  • Можеби ќе треба да купите посебен конектор или адаптер ако не се совпаѓа со чешмата тој што веќе е обезбеден.
  • Поврзете го вашиот апарат само со славина за вода која има сигурносен уред (согласно EN 1717) со цел да се избегне загадување на водата за пиење предизвикано од повратен
  • За посигурно, консултирајте се со вашиот монтер. Во случај ако славината за вода нема вентил кој спречува повратен тек (согласно EN 1717) треба да употребите дополнителен вентил за заштита од повратен тек помеѓу славината за вода и доводното црево, којшто mk_main.book.book Page 16 Thursday, March 3, 2022 1:17 PM17

ќе е во согласност со одредбата за вода за пиење во Германија. Проверка на поврзувањето со

Пуштете ја водата и вклучете го апаратот. Проверете ги сите места на поврзување за да видите дали протекува од некаде поради неправилно поврзани црева.

Притиснете го и држете го три секунди копчето Water Filter . Новиот филтер за вода е активиран.

Ставете чаша под диспензерот за вода за да проверите дали водата тече низ апаратот.

Проверете уште еднаш дали протекува од цревото за поврзување и од поврзувањата. Вклучување на напојувањето Поврзување на уредот По инсталирањето на уредот, поврзете го кабелот за струја со штекерот. Не приклучувајте и други апарати на истиот штекер.

  • По поврзување на кабелот за струја (или приклучокот) со извор на струја, почекајте 3 или 4 часа пред да ставите храна. Ако додадете храна пред целосно да се излади, храната може да се расипе.
  • За да го исклучите апаратот, извлечете го приклучокот за струја од штекерот. Преместување на уредот поради релокација Подготовка за релоцирање

Отстранете ја сета храна од апаратот.

Извадете го приклучокот за струја, вметнете го и фиксирајте го во куката за приклучокот на задната страна или на горниот дел од

Фиксирајте ги деловите како што се полиците или рачката за врата со самолеплива лента за да спречите тие да излезат додека го поместувате апаратот.

Преместувајте само ако сте повеќемина. Кога го пренесувате на подолги растојанија, држете го исправен.

По монтажата на уредот, вклучете го уредот во штекерот и вклучете го. mk_main.book.book Page 17 Thursday, March 3, 2022 1:17 PM18

Пред употреба Напомени за работењето

  • Имајте предвид дека може да се формира мраз ако вратата не е целосно затворена или ако влажноста е многу висока во текот на
  • Погрижете се да има доволно простор меѓу храната што се чува на полицата и корпата на вратата за да овозможите вратата целосно да се затвора.
  • Ако ја оставате вратата отв орена на подолги периоди, тоа може да предизвика значително покачување на температурата во преградите
  • Ако ладилникот е празен подолг период, исклучете го, одмрзнете го мразот, исчистете го, исушете го и оставете ја вратата отворена за да не се создаде мувла. Аларм за отворена врата Алармот се огласува 3 пати во интервали од 30 секунди доколку вратата е отворена и не е целосно затворена подолго од 1 минута.
  • Стапете во контакт со Центарот за информации за клиенти на LG Electronics ако алармот продолжи дури и откако ќе се затворат сите врати. Аларм за висока температура Алармот за висока температура е функција која ве предупредува кога температурата на замрзнувачот се зголемува доволно за да претставува проблем. LED дисплејот за температурата на замрзнувачот трепка и алармот се вклучува.
  • Овој аларм се вклучува во следните случаи: - Кога уредот е вклучен за првпат (според тоа, температурата на замрзнувачот е висока).- Кога в ратата на замрзнувачот е отворена долго време или често се отвора. - Кога долго време нема струја. - Во случај на ставање на поголемо количество топла храна во замрзнувачот. склучување на алармот - Притискајте го копчето за Freezer додека алармот не престане да ѕвони. Детектирање на дефекти Апаратот може автоматски да открива проблеми за време на работата.
  • Ако е откриен проблем, апаратот престанува со работа и се појавува код за грешка дури и кога ќе се притисне кое било копче. о на екранот се прикажува код за грешка, не исклучувајте го од струја. Веднаш стапете во контакт со Центарот за информации за клиенти на LG Electronics и пријавете го кодот.

о го исклучите од струја, сервисерот од Центарот за информации нема да може да го утврди проблемот. Предлози за заштеда на

  • За најефикасна искористеност на енергијата, нека бидат сите внатрешни делови (на пример, корпите, фиоките и полиците) на своите оригинални позиции. грижете се да има доволно простор меѓу храната што се чува. Ова овозможува ладниот воздух да циркулира рамномерно, а со тоа и сметките за струја да бидат пониски. mk_main.book.book Page 18 Thursday, March 3, 2022 1:17 PM19
  • Топлата храна може да ја ставите во фрижидер, само откако ќе се излади, за да спречите формирање роса или мраз.
  • Кога чувате некаков уред во замрзнувачот, поставете ја температурата на замрзнувачот пониска од температурата наведена на
  • Не поставувајте ја температурата на уредот пониско од потребното.
  • Не ставајте храна во близина на сензорот за температура на фрижидерот. Растојанието од сензорите треба да биде минимум 3 cm.
  • Имајте предвид дека покачување на температурата по одмрзнување има дозволен опсег, којшто е наведен во спецификациите. Ако сакате да го минимизирате влијанието што ова може да го има врз чувањето храна поради покачување на температурата , запечатете ја или врзете ја ќесата со храна во неколку
  • Системот за автоматско одмрзнување во апаратот, осигурува дека одделот ќе остане без создавање на мраз, во нормални работни

Ефикасно чување храна

  • Храната може да се замрзне или да се расипе ако се чува на погрешна температура. Поставете температура во фрижидерот којашто е правилна за храната што се чува во
  • Замрзнатата или оладената храна чувајте ја во затворени садови.
  • Проверете го рокот на траење и етикетата (упатства за чување) пред да ја ставите храната во апаратот.
  • Не чувајте храна долг период ако таа лесно се расипува при ниска температура.
  • Не ставајте незамрзната храна во директен контакт со веќе замрзната храна. Ако секој ден замрзнувате храна, тогаш можеби ќе треба да ја намалите количината што треба да се замрзне.

ја оладената или замрзнатата храна во фрижидерот или замрзнувачот веднаш по купувањето.

  • Чувајте го свежото месо и риба во соодветни садови во фрижидерот за да не дојдат во контакт или да капат врз друга храна.
  • Храната во фрижидерот и секоја друга храна може да се става врз фиоката за
  • Избегнувајте повторно замрзнување на храна која е целосно одмрзната. Повторното замрзнување на каква било храна што е целосно одмрзната ќе го влоши нејзиниот вкус и хранлива вредност.
  • Не преполнувајте го апаратот. Студениот воздух не може да циркулира правилно ако замрзнувачот е преполнет.
  • Изладете ја храната пред да ја

замрзнувачот. Ако ставите голема количина топла храна внатре, внатрешната температура на апаратот може да се зголеми и негативно да влијае врз другата храна во

  • Ако подесите многу ниска температура, храната може да замрзне. Не подесувајте температура пониска од потребната температура за правилно чување на храната.
  • Ако апаратот има оддели за ладење, не чувајте зеленчук и овошје со поголема содржина на влага во нив, бидејќи можат да замрзнат поради пониската температура.
  • Во случај на прекин на електричната енергија, јавете се во компанијата за електрична енергија, и прашајте колку време ќе трае прекинот. - Треба да избегнувате отворање на

додека е исклучено напојувањето. - Кога напојувањето ќе се врати во нормала, проверете ја состојбата на храната. Максимален капацитет на замрзнување

Express Freeze мора да биде вклучена 7 часа пред да ставите свежи производи во преградата за замрзнување.

  • За подобра циркулација на воздухот, вметнете ги сите внатрешни делови, односно корпи и полици. mk_main.book.book Page 19 Thursday, March 3, 2022 1:17 PM20
  • Максималниот капацитет на замрзнување на вашиот апарат е наведен на етикетата за моќноста во преградата на фрижидерот.
  • За максимален капацитет на замрзнување, препорачуваме да ја поставете температурата на замрзнувачот на најладната температура. Замрзнување максимална количина храна Ако треба да се складираат поголеми количества храна, тогаш сите фиоки на замрзнувачот треба да се извадат и храната да се стави директно на полиците на замрзнувачот, во одделот на замрзнувачот.
  • За да ги отстраните фиоките, прво отстранете ја храната од нив и потоа извлечете ги внимателно. Ако не го направите тоа, може да се повредите или да ги оштетите фиоките.
  • Формата на секоја фиока може да е различна, затоа вметнете ги во соодветната положба. Преграда со две ѕвездички
  • Корпата или фиоката со две ѕвездички (a) може да се користи за складирање мраз и храна на кратки периоди на температура меѓу -12 °C и -18 °C.
  • Преградите со две ѕвездички за замрзната храна се соодветни за складирање претходно замрзната храна, за чување или замрзнување сладолед и за правење коцки мраз.
  • Преградите со две ѕвезди да не се користат за замрзнување свежа храна. Прегради за чување храна Чување храна во делот на фрижидерот - Чувајте храна и други артикли. - Храната што содржи повеќе влага чувајте ја на предниот дел од полицата.
  • Фиока на фрижидерот - За складирање овошје и зеленчук за да останат свежи подолго.
  • Корпа на вратата - Чувајте мали пакувања храна, пијалоци и садови со сосови. Чување храна во делот на замрзнувачот
  • Полица на замрзнувач - За чување замрзната храна, како на пример, месо, риба и сладолед. - За брзо замрзнување прехранбени производи, чувајте ја храната на левата страна на горната полица. Ако треба да складирате повеќе храна, складирајте ја на полиците според редослед почнувајќи од најгорната. Прехранбените производи се замрзнуваат најбрзо во зоната
  • Фиока на замрзнувачот - За складирање замрзната храна на подолго - Долната фиока не претставува преграда рангирана со 2 ѕвездички согласно новата регулатива за енергетско означување (EU) 2019/2016.
  • Корпа на вратата на замрзнувачот - За складирање мали пакувања замрзната храна. Не ставајте тука сладолед или храна која ќе биде складирана подолго време. корпи најдолу не претставуваат преграда рангирана со 2 ѕвездички согласно старата регулатива за енергетско означување (EU) 2010/1060.
  • За повеќе информации околу другите прегради, одете на lg.com и преземете ги прирачници за корисници. mk_main.book.book Page 20 Thursday, March 3, 2022 1:17 PM21

Контролна табла Контролната табла може да се разликува од модел до модел. Контролна табла и функции *1 Оваа функција е достапна само за некои модели. Контролна Табла mk_main.book.book Page 21 Thursday, March 3, 2022 1:17 PM22

Fridge Притискајте го ова копче постојано за да изберете температура меѓу 1 °C и 7 °C.

  • Стандардната температура на фрижидерот е 3 °C.
  • Реалната внатрешна температура варира во зависност од статусот на храната, бидејќи наведеното подесување за температура е целната температура, а не реалната температура во

Non Plumbing свети кога резервоарот на диспензерот за вода е правилно монтиран.

Freezer Притискајте го ова копче постојано за да изберете температура меѓу -23 °C и -15 °C.

  • Стандардната температура на замрзнувачот е -18 °C.

Ултравиолетовата светлина се користи за одржување на отворот за вода чист. Функцијата за прочистување со ултравиолетова светлина работи автоматски 10 минути на секој час, а може да се активира и рачно во секое време. Притиснете го ова копче за да се активира рачно.

  • Оваа функција престанува да работи моментално со секое притискање на копчето Water

функцијата работи, а продолжува со работа по 1 час.

  • Оваа функција се вклучува автоматски во период од 10 минути секој час без притискање на
  • Кога функцијата за чистење со UV е активирана, засветува LED-сијаличката на контролната табла за диспензерот.

UVnano е збор составен од зборовите „UV“ (ултравиолетова светлина) и единицата мерка „nanometer“ (нанометар).

Wi-Fi Ова копче овозможува поврзување на уредот со домашна Wi-Fi мрежа. Погледнете ги паметните функции за информации околу првичното поставување на апликацијата LG ThinQ

Оваа функција може брзо да излади голема количина на храна, како што е зеленчук, овошје и

  • Оваа функција се вклучува и се исклучува секој пат кога ќе го притиснете копчето.
  • Оваа функција автоматски завршува по одреден период.

Express Freeze Со оваа функција може да се замрзне брзо голема количина мраз или замрзната храна.

  • Притиснете го копчето Express Freeze за да се активира функцијата во траење од 20 часа. Функцијата автоматски се исклучува по 20 часа.
  • Оваа функција се вклучува и се исклучува секој пат кога ќе го притиснете копчето.
  • Оваа функција автоматски завршува по одреден период.

Ice On/Off Притиснете и држете го копчето Ice On/Off три секунди за да го вклучите/исклучите автоматот

Lock Фукнцијата за заклучување ги оневозможува сите други копчиња на екранот.

  • За да ги заклучите копчињата на контролната табла, притиснете го и држете го копчето Lock 3 секунди додека не се вклучи индикаторската сијаличка и не се активира функцијата.
  • За да ја исклучите функцијата, притиснете го и држете го копчето Lock 3 секунди додека не се исклучи индикаторската сијаличка и не се деактивира функцијата.

Заменете го филтерот за вода кога ќе светне индикаторот.

  • За повеќе мраз, изберете го режимот 6 ICE . За попровиден мраз, изберете го режимот 3 ICE
  • За да го смените режимот Craft Ice

Craft Ice и ќе се појави моменталниот режим.

2) Притискајте на копчето

Craft Ice повеќепати за да го изберете посакуваниот режим Craft Ice

3) По 5 секунди неактивност, ќе се зачува последниот режим и приказот ќе се врати во нормала.

Изберете го посакуваниот режим на диспензерот со копчињата на контролната табла на диспензерот. Притиснете на прекинувачот на диспензерот со чаша или друг сад за да добиете коцки мраз, вода или издробен мраз.

  • За оптимално чување на храната, се препорачува зголемување или намалување од 1 °C на стандардната температура за секоја преграда.
  • Прикажаната температура е целната температура, а не актуелната температура во апаратот. mk_main.book.book Page 23 Thursday, March 3, 2022 1:17 PM24
  • Актуелната температура во апаратот зависи од следните фактори: собната температура, количината на храна и колку често се отвораат вратите, локацијата на апаратот. Поставувајте температура земајќи ги предвид овие фактори.
  • Ако дојде до контакт меѓу прст или кожа со контролната табла додека ја чистите, може да се активира функцијата на допреното ко
  • Апаратот има заземјено поврзување наменето само за функционални цели. Диспензирање на мраз и

Пред употреба на диспензерот за мраз и вода *1 Оваа функција е достапна само за некои

  • Ставајте вода за пиење само во автоматот за мраз или диспензерот за вода.
  • Не полнете го резервоарот за вода со друго освен вода и не полнете топла вода.
  • Чувајте ги децата настрана од диспензерот за да спречите да си играат или да ги оштетат контролите.
  • Фрлете неколку тури мраз (околу 20 коцки и 7 чаши вода). Ова е исто така потребно ако апаратот не се користел подолго време.
  • Исчистете го системот за диспензирање вода ако не бил користен 48 часа. Исплакнете го

стемот за вода поврзан со довод за вода ако не бил користен во последните 5 дена.

  • За да го исчистите системот за точење вода, оставете 5 минути да тече вода од диспензерот и потоа фрлете го мразот откако ќе се направи првите неколку пати.
  • Доколку во текот на диспензирање вода ја отворите вратата од замрзнувачот, водата ќе престане да тече. о ја отворите вратата на фрижидерот додека се диспензира вода, коцки мраз или кршен мраз, функцијата ќе се паузира. Кога ја затворате вратата, избраната ставка за претходно поставениот режим ќе продолжи да се применува. о оквирот на шолјата е мал, водата може да се разлее надвор од чашата или целосно да ја
  • Користете шолја со дијаметар од 68 mm кога истекувате вода, коцки мраз или кршен мраз.

Кога автома тот за мраз произведува помали коцки мраз, или коцките се залепуваат едни со други, количината вода што се испо во автоматот за мраз може да е мала поради недоволно вода во резервоарот на диспензерот за вода. Ако не се користи мраз често или температурата на замрзнувачот е превисока, коцките може да се залепат. менувањето на филтерот за вода нормално е да се диспензира млечна/ заматена во да. Тоа е воздух во водата, ќе се избистри за одредено време и е безбеден за роверете дали диспензерот е поставен правилно. Ако не е поставен правилно, може да дојде до протекување на вода од резервоарот во уредот. о нема доволно вода во резервоарот за вода на диспензерот, тоа мо же да влијае врз големината на коцките мраз и количината, а може и да не се создаде мраз. mk_main.book.book Page 24 Thursday, March 3, 2022 1:17 PM25

  • Причекајте најмалку 15 секунди за да го извадите резервоарот ако претходно сте диспензирале вода или мраз од диспензерот. Пред употреба на внатрешниот автомат за

Оваа функција е достапна само за некои

Автоматот за мраз произведува мраз нормално откако ќе поминат околу 48 часа од првичното инсталирање на апаратот.

  • По заменувањето на филтерот за вода нормално е да се диспензира млечна или заматена вода. Тоа е воздух во водата, ќе се избистри за одредено време и е безбеден за
  • Првиот мраз и вода што ќе бидат диспензирани може да содржат честички или миризби од линијата за снабдување со

или од резервоарот за вода.

  • Ако се исфрла безбоен мраз, проверете го резервоарот за вода и изворот на снабдувањето со вода. Ако проблемот продолжи да се јавува и понатаму, стапете во контакт со Центарот за информации за клиенти на LG Electronics. Не користете го мразот или водата додека не го решите
  • Не допирајте го отворот за мраз или автоматот за мраз со раце или со алат.
  • Диспензирајте мраз во чаша пред да ја наполните со вода или друг пијалак. Може да се прелее течноста ако мразот го ставите во чаша која е веќе полна со течност.
  • Никогаш не користете чаша што е екстремно тесна или длабока. Мразот може да се заглави во преминот за мраз, влијаејќи при тоа на работата на апаратот.
  • Држете ја чашата на соодветно растојание од отворот за мраз. Чаша што е многу блиску поставена до отворот може да го спречи исфрлањето мраз.
  • Ставете го мразот во кутијата за мраз ако одите на одмор или ако се случи подолг прекин на електричната енергија. Водата од истопениот мраз може да капе од диспензерот на подот. mk_main.book.book Page 25 Thursday, March 3, 2022 1:17 PM26 ПАМЕТНИ ФУНКЦИИ ПАМЕТНИ ФУНКЦИИ Апликација LG ThinQ Оваа функција е достапна само на моделите со Wi-Fi.Апликацијата „LG ThinQ “ Ви овозможува да комуницирате со уредот со помош на паметен Карактеристики на апликацијата LG ThinQ Комуницирајте со апаратот од паметен телефон со помош на практичните паметни функции. Smart Diagnosis
  • Ако искусите проблем додека ја користите апликацијата, опцијата за паметна дијагностика ќе ви помогне да го дијагностицирате проблемот.Подесувања
  • Ви овозможува да подесите различни опции кај апаратот и во апликацијата.
  • Ако го промените својот безжичен рутер, добавувачот на интернет услуги или лозинката, избришете го регистрираниот апарат од апликацијата LG ThinQ и повторно регистрирајте го.
  • Апликацијата подлежи на промени заради подобрување на апаратот, без да им се даде предупредување на корисниците.
  • Карактеристиките може да варираат во зависност од моделот. Пред користење на апликацијата LG ThinQ

Проверете го растојанието помеѓу апаратот и безжичниот рутер (Wi-Fi мрежата).

  • Ако е преголемо растојанието помеѓу апаратот и безжичниот рутер, доаѓа до слабеење на сигналот. Може да биде потребен подолг временски период за регистрација, или може да доведе до неуспешна инсталација. Исклучете ги Мобилните податоци или Ќелиските податоци на вашиот паметен телефон.

Поврзете го вашиот паметен телефон со безжичниот рутер.

  • За да ја потврдите Wi-Fi конекцијата, проверете дали свети индикаторот за Wi-Fi на контролниот панел.
  • Апаратот поддржува единствено 2,4 GHz Wi-Fi мрежи. За да ја проверите фреквенцијата на вашата мрежа, контактирајте го вашиот снабдувач со интернет услуги, или погледнете во упатството за вашиот безжичен рутер. LG ThinQ не е одговорен за било какви проблеми околу конектирањето на мрежата или какви и да било грешки, дефекти или грешки предизвикани од конектирањето на
  • Ако апаратот има проблеми околу конектирањето на Wi-Fi мрежата, можеби е предалеку од рутерот. Набавете Wi-Fi засилувач (засилувач на дострелот) за да ја подобрите јачината на Wi-Fi сигналот
  • Wi-Fi конекцијата можеби не се поврзува или можеби е прекината поради опкружувањето на домашната мрежа.
  • Мрежното поврзување можеби нема да работи правилно во зависност од провајдерот на интернет услугите.
  • Околното безжично поврзување можеби придонесува безжичниот мрежен сервис да работи бавно.
  • Апаратот не може да се регистрира, поради проблеми со преносот на безжичниот сигнал. Извлечете го кабелот од апаратот и почекајте околу една минута, пред повторно да се
  • Ако е овозможен заштитниот ѕид на вашиот безжичен рутер, оневозможете го или додадете исклучок во него.
  • Името на безжичната мрежа (SSID) треба да биде комбинација од англиски букви и броеви. (Не користете ги специјалните
  • Корисничкиот интерфејс (UI) на паметниот телефон може да варира, во зависност од мобилниот оперативен систем (OS) и производителот.
  • Ако безбедносниот протокол на рутерот е поставен на WEP , може да не успеете во подесувањето на мрежата. Ве молиме променете го на други безбедносни протоколи (Се препорачува WPA2

повторно регистрирајте го производот. Инсталирање на апликацијата LG ThinQ Побарајте ја апликацијата LG ThinQ на Google Play Store & Apple App Store преку вашиот паметен телефон. Следете ги инструкциите за преземање и инсталирање на апликацијата. Поврзување со Wi-Fi Кога го користите копчето Wi-Fi со апликацијата LG ThinQ апаратот може да се поврзе со домашната Wi-Fi мрежа. Индикаторот за Wi-Fi го покажува статусот на мрежната конекција на апаратот. Индикаторот за Wi-Fi свети кога апаратот е поврзан со Wi-Fi мрежата.

Првична регистрација на апаратот Извршете ја апликацијата LG ThinQ

ги упатствата во апликацијата за да го регистрирате апаратот.

Повторно регистрирање на апаратот или регистрирање на друг корисник Притиснете и држете го копчето Wi-Fi

траење од 3 секунди, за привремено исклучување. Стартувајте ја LG ThinQ апликацијата и следете ги инструкциите во неа за да го регистрирате апаратот.

  • За да ја оневозможите функцијата Wi-Fi, притиснете и држете го копчето Wi-Fi

секунди. Индикаторот за Wi-Fi ќе се исклучи. Известување за софтвер со отворен код За да го добиете изворниот код согласно GPL, LGPL, MPL и другите лиценци за отворен код со кои постои обврска за разоткривање на изворниот код содржан во производов и за пристап до сите споменати услови на лиценцата, известувања за авторски права и други релевантни документи, одете на https:// opensource.lge.com. LGE исто така ќе ви овозможи слободен код на CD-ROM за цена која ги покрива трошоците за таквото доставување (како на пр. трошоци за медиумот, пратката и манипулативни трошоци) по барање преку е-пошта на opensource@lge.com. Понудава има важност во период од три години по нашата последна испорака во врска со производов за секој што ги добива информацииве

Општи совети за чистењето

  • Ако рачно одмрзнувате, одржувате или го чистите апаратот додека има храна во замрзнувачот, тоа може да ја покачи температурата на храната и да придонесе нејзино расипување пред време.
  • Редовно чистете ги површините кои можат да бидат во контакт со храна.
  • Кога ќе ја чистите внатрешноста или надворешноста на апаратот, не бр ишете ја со груба четка, паста за заби, или некои запалливи материјали. Не користете средства за чистење кои содржат запалливи материи. Тоа може да предизвика промена на бојата или оштетување на апаратот. - Запалливи материи: алкохол (етанол, метанол, изопропил алкохол, изобутил алкохол итн.), разредувач, средство за белење, бензен, запаллива течност, абразиви итн.• По ч истењето, проверете дали кабелот за струја е оштетен. Чистење на надворешноста
  • Кога ги чистите надворешните отвори за вентилација на уредот со правосмукалка, тогаш треба да го исклучите од струја за да избегнете статичко празнење коешто може да ја оштети електрониката или да предизвика струен удар. Препорачано е редовно чистење на задните и страничните капаци со цел одржување на сигурната и економичната работа на ур
  • Одржувајте ги чисти отворите за воздух од надворешноста. Блокираните отвори може да предизвикаат пожар или оштетување на
  • Употребете чист сунѓер или мека крпа со умерен детергент во млака вода кога сакате да ја чистите надворешноста. Не користете абразивни или јаки средства за чистење. Исушете го уредот те мелно со мека крпа. Не користете контаминирани крпи кога ги чистите нерѓосувачките челични врати. Така се намалуваат дамките на површината. Чистење на внатрешноста
  • Кога вадите полица или фиока од апаратот, извадете ја целата храна што е складирана на полицата или фиоката, за да спречите повреда или оштетување на апаратот. Во спротивно, може да дојде до повреда поради тежината на складираната храна.
  • Извадете ги пол иците и фиоките и исчистете ги со топла вода, а потоа избрише вратете ги назад. довно бришете ја заптивката на вратата со влажна мека крпа.
  • Истечената храна и дамки на корпите од вратата треба да се чистат затоа што го намалуваат капацитетот на чување на корпата, па дури може и да ја оштетат. когаш не мијте ги пол иците или садовите во машина за миење садови. Деловите може да се деформираат поради топлина.
  • Системот за ав томатско одмрзнување во апаратот гарантира дека нема да се создава мраз во преградата во нормални работни услови. Не мора да се одмрзнува рачно. Чистење на капакот на кондензаторот Употребете правосмукалка со четка за да го исчистите капакот на кондензаторот и отворите. Не отстранувајте ја таблата што ја покрива издувната област на кондензаторот. mk_main.book.book Page 28 Thursday, March 3, 2022 1:17 PM29

Препорачуваме ова да се прави на секои 12 месеци за да се одржи оперативната ефикасност. mk_main.book.book Page 29 Thursday, March 3, 2022 1:17 PM30 РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ Пред да го повикате сервисот Корисничка поддршка и услуги Стапете во контакт со корисничкиот информативен центар на LG Electronics.

  • За да пронајдете информации за овластен сервисен центар на LG, одете на веб-страницата www.lg.com.
  • Апаратот треба да го расклопува, поправа или модифицира само квалификуван сервисен персонал во овластен сервисен центар на LG.
  • Минималниот гарантен период на овој фрижидер е 24 месеци.
  • Резервните делови наведени во Ре гулативата EU 2019/2019 се достапни во времетраење од минимум 7 години (само заптивките за вратите се достапни 10 години).
  • За да купите резервни делови, стапете во контакт со Центарот за информации за корисници на LG Electronics или одете на нашата веб-страница на www.lg.com.
  • Регулатива EU 2019/2019, која стапува на сила од 1 март 2021 година, е поврзана со класите на енергетска ефикасност според Регулативата 2019/2016.
  • За повеќе информации за енергетската ефикасност на апаратот, одете на https://ec.europa.eu и пребарајте со внесување на името на моделот (важечко од 1 март 2021 година).
  • Скенирајте го QR-кодот на енергетската етикета што сте ја добиле со апаратот и та ка ќе добиете врска до веб-страница со базата на податоци на EU EPREL со информации поврзани со работата на апаратот. Чувајте ја енергетската етикета како референца заедно со сите други документи испорачани со апаратот (важечко од 1 март 2021 година).
  • Името на моделот може да се пронајде на етикетата за моќноста на апар